build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Рудници и рудни богатства

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 13>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 03-Nov-2011 at 11:18

„Еуромакс“ откри нови концентрации на злато и бакар во Иловица


http://img.plusinfo.mk/large_pics/2011/11/03/EurOmax-Intercepts-Gold-at-Ilovitza.jpg

Канадската компанија „Еуромакс Рисорсис,“ која истражува бакар и злато во месноста Иловица, северно од границата со Грција и на околу 20-ина километри источно од Коридорот 10, објави дополнителни резултати од најновите дупчења, кои покажуваат добар континуитет во минерализацијата и конзистентни концентрации.


Во првата дупка, резултатите вклучуваат 345 метри бакар со концентрација од 0,24 отсто и злато во износ од 0,32 грама на том, како и 153 метри концентрации на бакар од 0,3 отсто и злато во износ од 0,45 грама на тон.


Во втората дупка, која се наоѓа на јужниот квадрант од наоѓалиштето, се откриени 413,6 метри сулфидна минерализација до нивото од 0,19 отсто бакар и 0,20 грама злато на тон. Резултатите од третото дупчење ќе бидат објавени во декември.


„ЕуроМакс“ го презеде наоѓалиштето  од друга меѓународна рударска компанија, чие име не е наведено, но која има право да си го поврати по извршените испитни дупчења, при што може да преземе 70 отсто од него или целосно да се откаже од сите права. Ако се одлучи на извршување на опцијата за поврат на наоѓалиштето, тогаш треба да откупи 70 отсто и двојно да ги покрие трошоците за дупчење од „Еуромакс“, кои досега изнесуваат 3 милиони долари. Во тој случај, „Еуромакс“ ќе поседува 30 отсто од наоѓалиштето до завршувањето на физибилити студијата.


Канадската компанија во регионов работи на три наоѓалишта во Македонија, Србија и Бугарија.

http://www.plusinfo.mk/vest/21250/Euromaks-otkri-novi-koncentracii-na-zlato-i-bakar-vo-Ilovica

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 26-Oct-2011 at 19:01

Австралиската „Пела Рисорсис“ ќе бара антимон кај Крива Паланка


http://plusinfo.cfd.mk/large_pics/2011/10/26/pela-resources-04.png

Австралиската фармацевтска компанија „ФармАуст,“ со седиште во Субиако, Западна Австралија, ја извести Австралиската берза дека филијалата во Македонија, „Пела Рисорсис,“ која е во нејзина целосна сопственост, неодамна поднесе апликација до македонското Министерство за економија за вклучување на елементот антимон (ознака во системот на елементи – Sb, атомски број 51) на листата на суровини за истражување на локацијата Лука Река (или Лучка Река, притока на Пчиња), на крајниот североисток на земјата на границата со Србија и Бугарија.


Големината на областа, за која „Пела Рисорсис“ има добиено лиценца за истражување на скапоцени и основни метали, е со површина од 29,33 километри квадратни во општина Крива Паланка и е добро сервисирана со пристапни патишта, електрична енергија од националната мрежа и големи количества на вода. Границата со Србија ја дефинира северната маргина на областа, а граничниот премин со Бугарија е на 20 километри на југоисток.


Откако апликацијата ќе биде одобрена, „Пела Рисорсис“ ќе започне истражувања во напуштениот рудник за антимон, Крстев Дол, кој се наоѓа во реонот за кој компанијата веќе има добиено лиценца.


Апликацијата беше поттикната од неодамнешниот светски интерес за наоѓалишта на антимон, се вели во соопштението на компанијата до Австралиската берза. Цените на антимонот за купување на лице место во Кина се зголемени драматично годинава и носат приходи од 13.600 до 14.200 долари за тон антимон со стандарден квалитет.


Рудникот за антимон, Крстев Дол, сега веќе напуштен, се наоѓа во рамките на областа за која компанијата веќе има добиено концесија, бил оперативен во периодот од 1970-79 година, кога се произведувала руда со концентрација од 2,32 отсто антимон. Концентратот бил произведуван на лице место со флотација. Стапките на производство биле скромни по западни стандарди и најголем дел од изнајдените резерви (чиј обем не е рангиран според најновите светски рударски стандарди) не биле ископани кога операциите престанале во 1979 година заради намалените цени на светските пазари.


Во моментов, Кина снабдува три четвртини од вкуното светско количество на антимон, додека остатокот пристигнува од Русија, Јужна Африка, Таџикистан и Боливија, изјави извршниот претседавач на „ФармАуст,“ Брајант Мекларти во соопштението на компанијата до Австралиската берза.


Инаку, антимонот е токсичен хемиски елемент, има сива боја и форма на металоид, а во природата се наоѓа, пред се, како сулфиден минерал стибнит. Иако употребата на антимонот е ограничена заради неговата токсичност, неговите соединенија се од фундаментално значење во хемијата – истакнат пример е развојот на суперкиселините кои се добиваат од антимон пентафлуорид.


Исто така, соединанијата кои содржат антимон се ретарданти на оган (спречуваат појава на пожари) и се дел од многу комерцијални приозводи, како и производи за домашна употреба.


Некои легури се употребуваат во одбраната и се користат во зрната на куршумите за зголемување на густината на нивниот врв. Нова апликација на антимонот е и неговата употреба во микроелектрониката.


Пораширена упореба во последно време е кај новите автомобили, кај кои се употребува пластика во шасијата наместо железо. Таа пластика се меша со антимон за да се спречи евентуален пожар. Кога шасијата е од метал, тоа не е потребно, зашто металот не гори, но елементите од пластика можат да се запалат во одредени случаи и затоа тие се мешаат со антимон.

http://plusinfo.cfd.mk/medium_gal/2011/10/26/pela_map.png
  • http://plusinfo.cfd.mk/small_gal/2011/10/26/pela_map.png
  • http://plusinfo.cfd.mk/small_gal/2011/10/26/pela-resources-05.png
  • http://plusinfo.cfd.mk/small_gal/2011/10/26/pela-resources-07.png
  • http://plusinfo.cfd.mk/small_gal/2011/10/26/pela-resources-09.png
  • http://plusinfo.cfd.mk/small_gal/2011/10/26/pela-resources-14.png
  • http://plusinfo.cfd.mk/small_gal/2011/10/26/big-image-01.jpg
  • http://plusinfo.cfd.mk/small_gal/2011/10/26/big-image.jpg

http://www.plusinfo.mk/vest/20337/Avstraliskata-Pela-Risorsis-kje-bara-antimon-kaj-Kriva-Palanka
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 17-Oct-2011 at 11:26
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 02-Sep-2011 at 15:15

Чист бакар „Made in Macedonia“

Рудникот „Бучим“ направи сефте

бучим
Рекордната цена на бакарот и на златото на светските берзи на метали го поттикна рудникот „Бучим“ на нови инвестиции и истражувања. Доколку започнатите геолошки истражувања ги потврдат очекуваните резерви, руската компанија “Солвеј“, која е сопственик на “Бучим“ и на “Саса“, ќе отвори рудник за бакар кај Пехчево, како и во месноста Боров Дол во близината на Радовиш, за што вкупно би требало да бидат инвестирани околу 170 милиони евра.
“Со инвестицијата во вредност од 11 милиони евра се отвораат нови работни места и се воведува нов технолошки процес за оксидната бакарна руда. На овој начин годишно дополнително ќе произведуваме и ќе извезуваме по две-три илјади тони бакар, и тоа како готов производ“, вели Николајчо Николов, заменик-директор на рудникот “Бучим“ од Радовиш.

Поради светската економска криза и постојаните осцилации на цените на металите на берзите во светот, рудниците во Македонија во текот на 2008 и 2009 година се соочуваа со сериозни проблеми во своето работење. Меѓутоа, кон крајот на 2009. тие се стабилизираа, а лани значително се зголемија. Инаку, металската индустрија на светско ниво во 2010 година забележа пораст од 9,2 отсто, со што целосно се надомести падот во 2009.

Ваквите позитивни движења на металите на светските берзи имаа влијание и врз домашните рудници кои го зголемија своето производство и учеството во вкупниот извоз, кое се движи околу 50 проценти.
Во 2009 година вкупното производство на “Бучим“ изнесуваше шест милиони тони, во 2010. - 14,5 милиони, а во 2011 се очекува тоа да изнесува 15,5 милиони тони. Со максимална искористеност на капацитетите во рудникот може да се произведуваат од 4,2 до 4,3 милиони тони руда годишно.  

Најголемиот рударски капацитет, рудникот за бакар “Бучим“ кој во 2009 година поради кризата имаше прекин во работењето, сега работи со полн капацитет и има зголемен обем на производство. Патем, цената на бакарот на светските берзи се движи од 9 до 10 илади долари за тон, а за време на кризата таа изнесуваше 2.700 долари за тон.

Од друга страна, по подолг застој, на почетокот на 2011 година беа доделени 300 концесии за детални геолошки истражувања, кои ќе овозможат отворање на нови рудници. Експертите сметаат дека ова е добро за Македонија, бидејќи во последните 20 години не е отворен ниеден рударски капацитет. Како резултат на доделените концесии, за две-три години може да очекуваме отварање на нови рудници, посебно за бакар, за кој се доделени три концесии.  

“Доколку цената на светските берзи остане на ова ниво може да се очекуваат нови вложувања во рударството. Перспективата на македонското рударство треба да се гледа токму во зголемување на вложувањата и во интензивен развој на производството. Од новите вложувања во рударството интерес ќе имаат не само општините, туку и економијата во целост“, вели Николов.

Почнувајќи од 2005 година, со рестартирање на рудниците за бакар, олово и цинк, рударското производство во Македонија почна постепено да се стабилизира. Најголемо влијание врз заживување на овој сектор и подобрување на производствените резултати имаа странските директни инвестиции.

Расте цената, расте производството

Во 2009 година вкупното производство на “Бучим“ изнесуваше шест милиони тони, во 2010. - 14,5 милиони, а во 2011 се очекува тоа да изнесува 15,5 милиони тони. Со максимална искористеност на капацитетите во рудникот може да се произведуваат од 4,2 до 4,3 милиони тони руда годишно.  

Најголемиот рударски капацитет, рудникот за бакар “Бучим“ кој во 2009 година поради кризата имаше прекин во работењето, сега работи со полн капацитет и има зголемен обем на производство. Патем, цената на бакарот на светските берзи се движи од 9 до 10 илади долари за тон, а за време на кризата таа изнесуваше 2.700 долари за тон.

http://www.time.mk/read/NONE/a95c23cfbf/index.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 28-Aug-2011 at 16:47

Во рудникот за бакар и злато „Бучим“ во Радовиш, денеска се одржа централната манифестација по повод Денот на рударите, при што беше отворена новата фабрика за лужење и производство на катоден бакар.

bucim-radovis-.jpg500

Новата фабрика во која што се инвестирани 11 милиони евра во пробна работа ја пуштија вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и извршниот директор на рудникот „Бучим“ Василиј Борутскиј.

Тој истакна дека со отворањето на новата фабрика, освен што ќе се добијат економски бенефиции, се вложува многу и во заштита на животната средина бидејќи, како што рече, се решава проблемот со отпадните води.

-   Во оваа нова фабрика ќе се преработува еден милион оксидна руда, а ќе се произведува од 2.000 до 3.000 тони катоден бакар. Да напоменам дека во оваа фабрика исто така имаме вработување на 60 до 70 работници од кои веќе 50 почнаа со работа во нашиот Комбинат, вели Борутскиј.

Вицепремиерот Зоран Ставрески смета дека  сигурни услови за работа и реални плати се добра основа за развој на рударството.

-  Во Република Македонија постојат околу 100 рудници во кои се вработени над 8.000 лица, додека рударството зафаќа скоро третина од индустриското производство во земјава. Професијата рудар, според сите истражувања, е една од најтешките во светот. Сигурни услови за работа и реални плати се основа за развој на оваа гранка, рече Ставрески.

Тој додаде дека последните податоци за раст на индустријата од 8,6 отсто на годишно ниво кај него влеваат голема доза на оптимизам бидејќи, како што рече, и покрај економската криза која му се случи на светот, набргу македонската економија и индустрија може да очекуваат подобри времиња. Првите седум месеци годинава, додаде, забележан е раст од косоро 10 насто во рударството.

Денеска  министерот за економија Вељон Сарачини на најдобрите рудари од целата земја им додели признанија. Тој посочи дека во подготовка е нов закон за минерални суровини.

http://www.kurir.mk/makedonija/ekonomija/40577-Otvorena-nova-fabrika-za-proizvodstvo-na-bakar-vo-Bucim
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 23-Aug-2011 at 15:41

Рудникот за бакар и злато „Бучим“ од Радовиш на 28 август, Денот на рударите пробно ќе ја пушти новата фабрика за лужење и производство  катоден бакар.

bucim-240
Заменик менаџерот на рудникот „Бучим“, Николајчо Николов вели дека новата фабрика ќе се пушти во пробно производство, а првото добивање на готов производ, односно на катоден бакар ќе се произведе до крајот на годината.

- Инвестицијата е вредна 11 милиони евра и очекуваме со сегашната цена на бакарот, кој на светските берзи изнесува 9 000 долари по тон да се исплати за три до четири години. Годишно во новата фабрика за лужење и производство на катоден бакар ќе се произведува околу7 2 500 тони катоден бакар, вели Николов.

Тој додава дека во новата фабрика ќе се преработува оксидната руда од рудното тело „Вршник“, кое е во рамките на концесиското подрачје на „Бучим“.

Во новата фабрика за лужење и производство на катоден бакар ќе се вработат 65 работници.

- Имавме голем интерес за вработување во новата фабрика еве за 47 слободни места конкурираа 540 кандидати. Во рудникот „Бучим“ просечната плата на вработените е 440 евра, вели Николов.

Тој додава дека во тек е монтирањето на современата опрема за лужење и производство на катоден бакар во новата фабрика.

http://kurir.mk/makedonija/vesti/40105-Bucim-na-Denot-na-rudarite-ja-otvara-novata-fabrika
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 15-Aug-2011 at 13:51

Бучим отвора фабрика за катоден бакар

На 28. август, Денот на рударите, раководството на радовишкиот рудник Бучим ќе ја пушти во употреба фабриката за лужење бакар, како и за производство на катоден бакар.

“Речиси една година ја градиме фабриката, во која инвестиравме 11 милиони евра. Планираме да вработиме околу 60 луѓе. Според првичните проценки, планираме годишно да произведуваме околу 2.500 тони бакар, кој целосно ќе биде наменет за извоз. Веќе имаме и склучено договори за извоз”, вели Николајчо Николов, заменик-генерален директор во Бучим.

Од Бучим веќе ги прават деталните геолошки истражувања на локалитетот Боров дол кај Радовиш. Покрај Боров дол, Бучим доби и концесија за истражување на локалитетот Кадиица кај Пехчево. Двегодишните истражувања треба да покажат дали ќе никнат рударски окна за ископување бакарна руда. Со можното отворање на две нови рудни наоѓалишта векот на работа на радовишки Бучим ќе се зголеми за 20 години. Двете концесии Бучим го чинеле 200.000 евра, но Николов додава дека оваа инвестиција е неспоредлива со придобивките кои ги очекуваат доколку откријат нови наоѓалишта на бакарна руда.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/72241/buchim_otvora_fabrika_za_katoden_bakar.aspx?iId=2310
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 12-Aug-2011 at 10:43

Еуромакс Рисорсис“ откри нови наоѓалишта на злато и бакар во Иловица


http://plusinfo.cfd.mk/large_pics/2011/08/11/ilovitza_looking_north_NOANIM.jpg

Канадската компанија „Еуромакс Рисорсес“ која веќе 6 години го истражува рудното наоѓалиште Иловица во југоисточна Македонија, на само 20 километри источно од автопатот кон Грција, ги објави резултатите од последните три дупчења, извршени во изминатите неколку месеци.


Според нив, при првото дупчење на длоабочина од 187 метри, откриени се наслаги на бакар во износ од 0,29 отсто и злато во износ од 0,46 грама на тон. При второто дупчење, на слична длабочина од 187,4 метри се откриени се наслаги на бакар во износ од 0,23 отсто и наслаги на злато во износ од 0,39 грама на топ. Третото дупчење на длабочина од 162 метри покажало наоди од 0,18 отсто бакар и 0,25 грама злато на тон. Сите три дупчења се вршат на исток од досегашните.


- Овие три дупчења претставуваат проширување на наоѓалиштето и тоа за дополнителни 150 метри во источна насока – изјави д-р Квинтон Хених, технички советник на компанијата, кој додава оти е јасно дека наслагите продолжуваат во источна насока. Ова значи, додава тој и дека нашата истражувачка програма за дупчење сега има зголемена површина од 20 до 25 отсто.


Дополнителни дупчења ќе бидат извршени на длабочина од 4 илјади метри кои ќе обезбедат дополнителни податоци.


Иловица е наоѓалиште на бакар и злато, дел од пошироко вакво наоѓалиште во Македонија и Грција, кое го вклучува и наоѓалиштето Скоуриес во Грција каде се откриени 4 милиони унци (околу 124,4 тони) злато и 800 илјади тони бакар. Месноста Иловица е лсено достапна и се наоѓа на само 75 километри од солунското пристаниште.


Примероците од материјалите извадени од под површината на земјата се тестирани од страна на лабораторијата „Еуротест Контрол“ во Софија, која има ИСО9001 сертификат и која строго ги спроведува меѓународните стандарди, се вели во соопштението на „Еуромакс Рисорсис.“


Според прелиминарната студија на компанијата, на локацијата Иловица се смета дека е можно постоење на наслаги од над 725 илјади тони бакар, над 82 тони злато и над 15 ијлади тони молибден. Проектот Иловица се однесува на истражувачка концесија со големина од 5 километри квадратни.


Компанијата, исто така, е во процес на поднесување на барање за концесија за експлоатација, која би можела да биде доделена до крајот на годинава или на почетокот од идната година.


Канадската компанија е фокусирана на истражување на скапоцени и основни метали во Југоисточна Европа и работи на различни проекти во Бугарија, Србија и Македонија.

http://www.plusinfo.mk/vest/11256/Euromaks-Risorsis-otkri-novi-naogjalishta-na-zlato-i-bakar-vo-Ilovica
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 05-Aug-2011 at 22:40
Originally posted by axel

<span id="Articleing" ="WB_DNEVNIK_Nadnaslov">СТРАНСКА ИНВЕСТИЦИЈА ВО КОЧАНСКО</span>


<span id="ArticleTitle" ="WB_DNEVNIK_Naslov">Германец отвора рудник на Осогово</span>



<span id="ArticleSummary" ="WB_DNEVNIK_Podnaslov">Пред
отворањето на рудникот, германскиот инвеститор деновиве ја заврши
реконструкцијата и тампонирањето на патот меѓу селата Рајчани и
Спанчево, долг 8,5 километри, по кој досега можеа да минуваат само
теренски возила и трактори</span>


По три месеци, кај кочанското село Пантелеј ќе почне да работи рудник
за габро, кој треба да вработи педесетина луѓе од овој пасивен
осоговски крај. Инвеститор е Германецот Гинтер Капраун, кој во
Македонија дојде пред три години и отвори канцеларија на неговата фирма.
Германскиот бизнисмен досега во Германија увезувал габро од
Јужноафриканската Република, а во иднина ќе користи таков камен од
Осогово.- Три години баравме локација за рудник во Македонија и
одлучивме да го градиме тука, кај Пантелеј. Рудата овде е со извонреден
квалитет, овде е најубавиот камен. Не се лажам, бидејќи целиот живот го
работам ова. Габрото има одлични карактеристики и се употребува за
производство на асфалт, бетон, за изградба на патишта, на авионски писти
- вели Капраун. На локацијата каде што по три месеци ќе биде
отворен рудникот веќе има донесено од Германија машини за преработка на
рудата, а се ангажирани и десетмина работници.- Во рудникот
вкупно треба да работат околу 50 работници. Задоволен сум од досегашната
соработка со македонските власти и со локалните самоуправи на општините
Кочани и Чешиново-Облешево. Одлично сум прифатен и веќе стекнав многу
пријатели во Македонија, па се надевам на долга и успешна соработка -
истакнува искусниот германски бизнисмен, кој е влезен во осмата деценија
од животот.За потребите на рудникот и за транспорт на
преработеното габро, германската фирма инвестираше и во санација и
тампонирање на пат долг 8,5 километри и широк 6 метри од кочанското село
Рајчани до селото Спанчево, во општината Чешиново-Облешево, по кој
досега можеше да се оди само со трактор или со теренско возило. Со тоа и
на жителите на неколку осоговски села им се овозможува излез на
магистралата Штип - Кочани по многу пократок пат отколку досега, кога
мораа да кружат преку Кочани.- Се надеваме дека со заеднички
сили овој пат наскоро и ќе го асфалтираме. Вакви инвестиции, како оваа
со рудникот и патот на господинот Капраун, се добредојдени во овој
најпасивен крај на нашата општина и се надеваме дека ќе ги има уште -
рече градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски, кој, заедно со Гинтер
Капраун и со градоначалникот на Чешиново-Облешево, деновиве свечено го
отвори реконструираниот пат.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=9BB24848E2B3454E9FF2D23C0AE64C26


Ова ми е многу позната ситуација , иде Германец да ивестира во Македонија , пред да почне да работи се најдобро , тука се веднаш огромен број пријатели, луѓе кои ти го прават интересен престојот во Македонија и се е како еден прекрасен сон, секако додека не почнеш со работа е тука почнува хоророт наречен Македонска Администрација и Македонски фирми со кои ќе соработува човекот. Да се надеваме дека работите се смениле во мегувреме но од тоа што го имам со совои очи видено и слушнато ретки се позитивните примери за вакви помали странски инвеститори во Македонија.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 05-Aug-2011 at 21:11
Рудник за јаловина   LOL
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 05-Aug-2011 at 15:17

Крајбрежјето на Охридското Езеро меѓу најзагадените области во Албанија

Во Студијата за идентификација на најзагадените подрачја во Албанија, реализирана од страна на УНДП, стои дека во земјата дури девет подрачја го добиле овој неславен епитет. 

Како што јави дописникот на МИА од Тирана, меѓу најзагадените се три зони во периферијата на Тирана, како и области каде што постојат рудници, Корча, Прењас, Берат, Решен и градот Елбасан каде работи турската компанија за железо и челик „Курум“ односно некогашнот металуршки комбинат.

Меѓу најзагадените области е и делот од крајбрежјето на Охридското Езеро, кај ископот на рудникот за црвен камен.

При презентацијата на студијата координаторката на ОН во Албанија, Гулден Туркуз-Кослет изразила голема загриженост и поради фактот што Албанија нема специфична легислатива кога стаува збор за загадени подрачја.

Најавена е реализиација на рехабилитационен план за намалување на степенот на загаденост на овие подрачја каде „луѓето продолжуваат да живеат и да работат“.  
http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2038&Itemid=125


Ѕид за одбрана на Охридското Езеро од рудникот за јаловина во Албанија

Со ѕид ќе се заштитува Охридското Езеро од загадувањето кое го предизвикува рудникот за јаловина во Албанија. Од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро, информираат дека по бројни конуслтации и преговори, постигнат е договор за заштита на езерото од опасниот отпад што го произведува рудникот.

- Билатералниот секретаријат за Охридското Езеро одамна ја има идентификувано јаловината од рудниците на албанскиот дел на брегот на Охридското Езеро како проблематичен појас. Но,токму како резултат на залагањата на Билатералниот секретаријат албанската страна изминативе години презеде активност за остранување на голем дел од јаловината од брегот на езерото и изградба на непропустен зид како одбрана од евентуално излевање на јаловината во езерото. Секретаријатот организираше и заеднички мерења на квалитетот на водите на езерото во тој појас каде е утврдено дека нема прекумерно загадување од аспект на присуство на тешки метали во водите, изјави Дејан Пановски, македонски претставник во Билатералниот секретаријат..

Тој истакна дека согласно студијата на УНДП и препорака на меѓународни донатори ќе се инвестира во финална дислокација на јаловината и во ремедијација на појасот кој на крајот треба да заврши како најуредената плажа на албанската страна на езерото.

- Како Секретаријат задоволни сме што уште едно жешко прашање околу заштитата на езерото е идентификувано, сензибилизирана е и меѓународната заедница и ќе биде и решено, додаде Пановски.
http://ohridnews.com/index.php?mod=1&id=21068

http://www.eurosaiwgea.org/Environmental%20audits/Water/Documents/2007-Albania-Conservation%20of%20Lake%20Ohrid.pdf

The mines pollute the environment through the mining activity itself, which assembles metals on the site, through the discharge of untreated wastewater from the extraction and production process, through the railways tracks that moved the minerals down the mountain and along the shore, and as a result of the runoff from the huge mineral - rich stockpiles of residues that remain at the sites. At the Albanian side near to the Lake Ohrid, there are 10 mines and one enrichment plant [5]. Thus, to ensure consistent high quality, the water quality should be monitored. Chemical analyses for the metals Fe, Ni, Co, Cu and Cr were done on the mineral residuals from the mining activity, the surface waters and streams running through the mine sites. All of these chemical elements can reach the lake through rainwater and runoff, through surface water and groundwater discharge to the lake, and through the air [9]. Analysis of the residues themselves showed that they still contained significant amounts of the target minerals. The high concentrations measured in the residues, the streams running through the mining areas, have occurred because the residue piles were exposed on the ground at these sites. http://scindeks.nb.rs/article.aspx?artid=1450-59591001023B&redirect=ft

http://www.envsec.org/publications/Identification%20and%20verification%20of%20environmental%20hot%20spots.pdf [1][2][3]


Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 03-Aug-2011 at 17:13

СТРАНСКА ИНВЕСТИЦИЈА ВО КОЧАНСКО

Германец отвора рудник на Осогово

Пред отворањето на рудникот, германскиот инвеститор деновиве ја заврши реконструкцијата и тампонирањето на патот меѓу селата Рајчани и Спанчево, долг 8,5 километри, по кој досега можеа да минуваат само теренски возила и трактори

По три месеци, кај кочанското село Пантелеј ќе почне да работи рудник за габро, кој треба да вработи педесетина луѓе од овој пасивен осоговски крај. Инвеститор е Германецот Гинтер Капраун, кој во Македонија дојде пред три години и отвори канцеларија на неговата фирма. Германскиот бизнисмен досега во Германија увезувал габро од Јужноафриканската Република, а во иднина ќе користи таков камен од Осогово.

- Три години баравме локација за рудник во Македонија и одлучивме да го градиме тука, кај Пантелеј. Рудата овде е со извонреден квалитет, овде е најубавиот камен. Не се лажам, бидејќи целиот живот го работам ова. Габрото има одлични карактеристики и се употребува за производство на асфалт, бетон, за изградба на патишта, на авионски писти - вели Капраун.

На локацијата каде што по три месеци ќе биде отворен рудникот веќе има донесено од Германија машини за преработка на рудата, а се ангажирани и десетмина работници.

- Во рудникот вкупно треба да работат околу 50 работници. Задоволен сум од досегашната соработка со македонските власти и со локалните самоуправи на општините Кочани и Чешиново-Облешево. Одлично сум прифатен и веќе стекнав многу пријатели во Македонија, па се надевам на долга и успешна соработка - истакнува искусниот германски бизнисмен, кој е влезен во осмата деценија од животот.

За потребите на рудникот и за транспорт на преработеното габро, германската фирма инвестираше и во санација и тампонирање на пат долг 8,5 километри и широк 6 метри од кочанското село Рајчани до селото Спанчево, во општината Чешиново-Облешево, по кој досега можеше да се оди само со трактор или со теренско возило. Со тоа и на жителите на неколку осоговски села им се овозможува излез на магистралата Штип - Кочани по многу пократок пат отколку досега, кога мораа да кружат преку Кочани.

- Се надеваме дека со заеднички сили овој пат наскоро и ќе го асфалтираме. Вакви инвестиции, како оваа со рудникот и патот на господинот Капраун, се добредојдени во овој најпасивен крај на нашата општина и се надеваме дека ќе ги има уште - рече градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски, кој, заедно со Гинтер Капраун и со градоначалникот на Чешиново-Облешево, деновиве свечено го отвори реконструираниот пат.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=9BB24848E2B3454E9FF2D23C0AE64C26
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #173 Posted: 17-Jul-2011 at 09:29

Рудник што живот значи

 

Бакарот од пехчевска Кадиица излегува на површина гарантирајќи економска ренесанса на Малешевијата. Сиромашната малешевска општина Пехчево чека да завршат геолошките истражувања што ги врши „Кадиица метал“.

 

Истражувањата на „Кадиица метал“, фирма од семејството на руски „Солвеј“, се основа за почеток на експлоатација на рудното богатство, што ќе значи нови работни места и економска перспектива за крајниот исток на Македонија.

И 24-годишниот Сашко Стојановиќ, кој во моментов работи како таксист, се надева дека рудникот ќе го врати животот и ќе го сопре иселувањето на младите:

„Со градежништво и такси се вози тоа е, слабо за друга работа, има иселување... Рудникот дава многу надеж“, вели Стојановиќ.

Старт на подобар живот?

Во Пехчево, со околу 6000 илјади жители, има повеќе невработени од вработени. Крајниот%20исток%20на%20Македонија%20ќе%20се%20развие,%20доколку%20почне%20експлоатација%20на%20бакарКрајниот исток на Македонија ќе се развие, доколку почне експлоатација на бакар Евиденцијата вели дека вработени се само 1000 лица, а невработени - 1500. Сиромашна е понудата за вработување на младите. Бомекс, Напредок, Фагус и една конфекција - тоа се фирмите кои ги хранат пехчевските семејства. Бенефитот од природното рудно богатство веќе го чувствува буџетот на општината. На сметката на општина Пехчево се инкасирани 120 илјади евра, пари од концесијата за геолошки истражувања, кои претставуваат половина од буџетот на сиромашната општина. Општината ги искористи за решавање на инфраструктурните проблеми, вели градоначалникот Јован Станоевски:

„Ова, не само за Пехчево, туку и за Малешевијата и за Истоков, ќе биде една каписла, подем што треба да го подобри животот на луѓето“, проценува Станоевски.

Истражувањата ќе завршат за една година

Бакарот на Кадиица е детектиран уште пред 10 години. Геологот проф. Марин Александров, кој ги вршел првите геолошки истражувања, е убеден дека тука има 250 милиони тони бакар во форма која е многу лесна и економична за добивање:

„Моите проценки се дека начинот на добивање на овој тип на бакар е четирипати поевтин од бакарот во Бучим и рудникот кој овде ќе никне ќе биде меѓу 10-те наголеми фирми во Македонија“, оценува проф. д-р Марин Александров.

Николајчо Николов, управник на „Кадиица метал“, вели:

„Очекуваме дека ќе се утврди големо количество рудни богатства и нашиот план е овде да се развие нова технологија - подземно лужење, да нема деградирање на просторот. Бучим е отворен рудник, главно сите рудници на бакар се отворени, а овде треба да биде внатре во самиот рудник, од каде ќе се добива готов бакар.“

Истражувањата треба да завршат во 2012 година, по што ќе се започне со постапката за отворање рудник. Русите од „Солвеј“ најавуваат инвестиција од над 100 милиони евра, а во зависност од применетата технологија за експлоатација, ќе има најмалку 100 директни вработени. Во моментов се  вршат геолошки истражувања на бакар и во месноста Боров Дол, во атарот на Штип и Конче.

http://www.time.mk/read/6297900fac/e3ed9fc0fc/index.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #174 Posted: 15-Jul-2011 at 13:03


Бакарот од Кадица ќе ја подобри националната економија

Петок, 15 Јули 2011 11:53
Е-пошта Печати PDF

Министерството за економија очекува експлоатацијата на бакарот од Кадиица-Пехчево значително да влијае не само на регионалната, туку и на националната економија. Вчера, претставници од сектор за минерални суровини беа на терен каде се извршуваат геолошките истражувања, а остварија и средба со градоначалникот на Пехчево, Јован Станоевски и директорот на „Кадиица – метал“ Николајчо Николов. Раководителот на секторот, Ејуп Љатифи, го истакна значењето на проектот за испитување на Кадиица и изрази задоволство од досегашниот тек на активностите и од поддршката што ја дава општината за поинтензивни истражувања на терен. Директорот на Кадиица, Николајчо Николовски, потенцираше дека во текот на 2011 предвидено е да се комплетираат сите хидро геолошки истражувања, а до крај на 2012 да биде готов елаборатот за детални геолошки истражувања, кој ќе биде основа за добивање концесија за експлоатација.

- Да видиме какви се точно потенцијалите и каква технологија треба да направиме, рече Николачјо Николовски. Според Николовски, сите испитувања ќе бидат завршени во предвидениот рок, во многу поголем обем од првично предвидените.

http://www.time.mk/read/NONE/c494f32f6d/index.html
Back to Top
S.P.Q.R. View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 212
  Quote S.P.Q.R. Quote  Post ReplyReply #175 Posted: 07-Jul-2011 at 00:56
Рудникот за мермер во близина на Прилеп Сивец

01. Влезот од магистралниот пат М5

02.

Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #176 Posted: 06-Jul-2011 at 15:39

ПРОБИШТИП - минеролошка збирка - http://volanskopje.blogspot.com/2007/07/blog-post_21.html


http://www.kralemarko.org.mk/default-mk.asp?ItemID=79B3E2604C8ED6488A3E24AF79C3A4AC

РЕТКА ЗБИРКА ЧУВАНА ПОЛОВИНА ВЕК ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ

Лава од Везув во ПробиштипВулканска лава од Везув, аметист од Бразил, амазонит од Мариово, но и ретки примероци од рударски алатки што ги користеле Римјаните во јами во кратовско-пробиштипски крај, се само дел од импресивната збирка во просториите на Домот на културата во Пробиштип.Збирката, која со години беше недостапна за пошироката јавност, од неодамна може да ја видат сите заинтересирани. Неа ја сочинуваат примероци на минерали и стари рударски алатки и таа е единствена во Македонија.Ретката колекција од над 250 експонати грижливо е собирана педесетина години. Има кристализирани минерали, вулкански камени топки, вулканска лава, репрезентативни експонати од откопани стари, но добро зачувани рударски алатки, дрвени шлемови, карбитни ламби, секири, кожени торби и корита и друго. Збирката скоро половина век била зад затворени врати и достапна само за привилегирани поединци дојдени во посета на рудникот "Злетово", каде што била правена и чувана. Од декември лани, со ликвидирањето на рудникот "Злетово", минералошко-рударската збирка и е отстапена на локалната власт на Пробиштип. Од почетокот на годинава до минатиот месец збирката ја посетиле околу 1.000 граѓани. - Постојано има барања за поединечни и организирани групни посети. Може да се посети секој работен ден. За поединечни посети влезницата е 20, а за организирани 10 денари - велат во локалната власт во Пробиштип.На простор од околу 150 квадратни метри има примероци од кристализирани минерали извадени од македонските рудници, амазонит донесен од мариовскиот крај, аметист од Бразил, вулкански камени топки, лава од вулканот Везув во Италија, но значајно место е посветено и на раритетните примероци од рударски алатки што ги користеле старите Римјани во кратовско-пробиштипски крај.Посебно впечатливи со разновидната форма се репрезентативните примероци на кристализиран калцит, барит или кварцит од рудникот "Злетово", откопани пред 30-40 години, кога од него олово-цинковата руда се експлоатирала на длабочина од 100 до 150 метри.- Во "Злетово", пред рудникот да престане со работа, се работеше на ниво 350, на кое можноста да се наиде на репрезентативни примероци од овој вид минерали беше вистинска реткост. Колку подлабоко ќе се навлегува во јамите толку се помали шансите да се откопа вреден примерок од споменатите минерали. Ако се има среќа да се наиде на ваков примерок, потребна е голема трпеливост и прецизност при откопувањето за да може неоштетен да се изнесе на површината - вели дипломираната геолошка инженерка Дивна Стојановска, раководителка на рударско-минералошка збирка во Пробиштип. Таа вели дека калцитот и баритот, иако поради структурната форма имаат и повпечатливи форми, мошне ретко на површината се изнесуваат неоштетени поради што ја губат естетска вредност. - Додека пристапот до галенитот и свалеритот е поедноставен, па и оштетувањата при вадењето и транспортот се незначителни - вели Стојановска.Иако оваа единствена збирка постои веќе половина век, надлежните институции ја "откриле" дури пред неколку години.Пред две години, во време на стечајната постапка и ликвидацијата на рудникот, збирката без надомест им била преотстапена на институциите кои пак не покажале интерес за нејзино преземање.

- Сега се изработува посебна веб-страница за неа, а веќе работиме и посебен проект за таа да прерасне во посебна музејска поставка - велат во локалната власт.





МИНЕРАЛИТЕ И КРИСТАЛИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА - http://my.opera.com/macedonians/blog/show.dml/1732969

тука се набројани повеќето, но има доста и кои не се...


http://www.johnbetts-fineminerals.com/jhbnyc/mineralmuseum/gallery2.php?init=&loc=Macedonia

http://www2.arnes.si/~ljprirodm1/makedonija.html

http://www.mindat.org/loc-14522.html

<p align="center">



http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=373&PID=160489#160489

~

еве и битолци имале брдо за сечење, баш ме интересира какви се минерали крие Баирот
односно каменот во Облаковска т.е. Снеговска Планина ~ Снеговски Вис
http://fokus.mk/bitola-ne-smee-da-stane-chernobil-graganite-na-protest-protiv-noviot-kamenolom/



Edited by Max - 25-Sep-2016 at 19:39
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #177 Posted: 03-Jul-2011 at 12:02

Бакарот го враќа оптимизмот во Пехчево

Најдоцна за еден месец во геолошките истражувања
ќе се вклучи бугарската фирма „Геопс“

Иван Бојаџиски



ШТИП - Бугарски „Геопс“ се вклучува во процесот на геолошки истражувања на месноста Кадиица над Пехчево каде што руската компанија „Солвеј“ планира да отвори нов рудник за бакар. На врвот Кадиица, за најмногу еден месец, ќе биде инсталирана уште една нова и моќна машина за дупчење. Договор за ова во Пехчево потпишаа Васил Андреев, сопственик на „Геопс“ и Николајчо Николов, управител на „Кадиица метал“.

Николов вели дека не биле задоволни од темпото со кое изминатиот месец се извршуваат дупчењата на овој локалитет поради што морале да ангажираат нова фирма.

„Сакаме да останеме доследни на ветувањето и до есен идната година да го завршиме процесот на геолошките истражувања, а потоа, ако резултатите бидат поволни, и да го отвориме рудникот. Тоа беше нашиот голем мотив да потпишеме договор со ‘Геопс‘, која е една од водечките компании за ваков вид работи во југоисточна Европа и која има своја фирма ќерка во Македонија. Сега сме сосема убедени дека работите во однос на истражувањата на рудното богатство ќе ги завршиме на време и дека во 2014 година ќе можеме да јавиме добра вест дека кај Пехчево започнал со работа новиот рудник за оксиден бакар“, изјави Николов.

Васил Андреев појаснува дека „Геопс“ е компанија со дваесет моќни дупчалки и 200 вработени кои извршуваат геолошки истражувања во многу држави во југоисточна Европа.

„Во Македонија наши машини работат на истражувањата во атарот на Иловица кај Струмица.Вакви истражувања имавме за ‘Фени‘ и ‘Силекс‘, а десет наши машини се во Србија, за истражни потреби на рудникот „Бор“. Со македонските фирми секогаш сме остварувале одлична соработка. На теренот на Кадиица дупчевме и за американската компанија „Фелпс доџ“ која овде беше присутна во периодот 2002 – 2005 година. Како прв човек на „Геопс“ давам гаранција дека на време и со висок квалитет ќе ги завршиме истражните работи на овој локалитет“, вели Андреев.

Со посебна клаузула во договорот бугарската компанија е обврзана со ништо да не ја наруши животната средина каде што доминираат непрегледни шуми од бор и бука. Договорено е до крајот на оваа година да се направат дупчотини од вкупно 7.000 метри, а до есента 2012 година да се стигне и до конечните 20.000 метри.

Сите живеат во надеж дека геолошките истражувања ќе ги потврдат предвидувањата на геолозите дека тука може да никне профитабилен рудник за бакар.

Марин Александров, доктор на геолошки науки, поранешен главен геолог во рудникот „Саса“, е сигурен дека ќе се утврдат доволни количини на рудни резерви со средна содржина на бакарот од 0,20 проценти, што во услови на цените кои овој метал ги има на светските берзи е гаранција за профитабилно работење.

Голем оптимист е и Николајчо Николов. „Нашите очекувања се дека на овој простор ќе бидат утврдени рудни резерви помеѓу 150 и 250 милиони тони бакарна руда од кои може да се добие помеѓу 300 и 500 илјади тони бакар. Тоа говори дека рудникот ќе може да работи и да го развива пасивното пехчевско подрачје во наредните триесет години“, вели Николов.

Инаку, во новиот рудник кај Пехчево „Солвеј“ е подготвен да инвестира сто милиони евра и да отвори близу 200 работни места што за Пехчево и околината ќе значи нов, голем импулс во вкупниот економски развој и силно ќе влијае на подобрување на социјалната положба на луѓето.

Железото остана во јамите

Во Пехчево постојат траги од старо рударење. Од 1960 до 1965 година се вршени истражувања на потенцијалите на железна руда. Благој Ајтарски, долгогодишен директор на РИОМ „Црвена ѕвезда“ (денес „Бомекс“) вели дека тогаш биле утврдени рудни резерви од 8 милиони тони од прва „а“ класа.

„И од Пехчево се гледаат отворените јами од каде што се вадеше рудата, а дел од неа се однесе во скопска железарница за испитување на квалитетот. Сепак, инвестицијата за тоа време беше прескапа и Пехчево не доби рудник. Сега, кога новите технологии се далеку напреднати, можеби треба да се види што е и со железната руда на овој наш простор“, вели Ајтарски.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5785A7A8DFF4234AA8CDCBA467E97EA6
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #178 Posted: 12-Jun-2011 at 12:46

Репортажа - „Саса“ обезбеди работа за уште 15 години


Дека рудникот значи живот за овој крај сведочат и мноштвото новоизградени куќи и отворени дуќани во Македонска Каменица, каде што економијата до пред само неколку години беше целосно замрена

 
 
%20  

Во буџетот на Македонија од рудникот по разни основи се слеваат над 250 милиони денари

Топол јунски ден во „Саса“. Со нашите домаќини од окното на рудникот стигнуваме на хоризонт 850. Овде, во утробата на Осоговието, во темнината се забележуваат светилките на рударите, бревтаат машините со кои се откопува рудата и се полнат вагоните за транспорт до флотацијата. Група дупчачи, минери и подградувачи од прва смена се договараат за следниот зафат со кој „челото“ на овој хоризонт ќе се помести за уште неколку метри подлабоко во планината.

- Производството го обновивме во 2005 година како нова компанија по меѓународниот тендер и влегувањето на „Солвеј“ како странски основач на новата фирма, рудникот „Саса“ - вели генералниот директор Александар Крихтин. Извршена е целосна модернизација на работењето во рудникот и воведена е нова технологија за вадење и преработка на оловноцинковата руда. Инвестициите во нова и најсовремена рударска опрема овозможија капацитетите за производство и преработка да се зголемат речиси двапати. Така, во 2009 година остварено е рекордно производство од 870.000 тони оловноцинкова руда.

Ни претставува чест што ја продолжуваме долгогодишната традиција на рударење во овој крај, продолжува Крихтин. Познати ни се и резултатите што „Саса“ ги има постигнато од почетокот на шеесеттите години на минатиот век. Овде наидовме на искусни и обучени рудари и многу сме им благодарни што ја прифатија поканата да се вклучат во рестартирањето на производството со целокупното свое знаење и искуство. Резултатите што ги постигнавме во овие пет години се должат и на нивната подготвеност да ги прифатат сите промени во организацијата на вкупното работење, производството и преработката на рудата, како и на брзото обучување за ракување со новата механизација и другите техничко-технолошки средства. Исто така, многу сме охрабрени и од интересот на младите за вработување во „Саса“. Нашите рудари и другите вработени во „Саса“ и желбата на нивните деца да ја продолжат семејната традицијата на работење во рудникот се, всушност, нашиот најголем капитал, истакнува Крихтин.

Петгодишниот јубилеј на „Саса“ претставува една мошне успешна приказна за странската инвестиција во нашиот најголем рудник од Македонска Каменица. Рударите и нивните семејства не треба да се грижат за својата иднина. Имено, со новата инвестициска програма и добиената концесија со одлука на Владата на Македонија за проширена експлоатација на нова површина од 0,84 квадратни километри, во „Саса“ е обезбедена работа за следните 10-15 години. Без тоа рудникот ќе требаше да се затвори за 4-5 години. А од рудникот егзистираат над 700 директно вработени и над 160 од други компании со кои тој соработува. Се разбира, бенефит имаат и градот и целата општина. Квартално на име концесиски надомест во касата на општината се слеваат помеѓу 21 и 24 милиони денари. Дека рудникот значи живот за овој крај сведочат и мноштвото новоизградени куќи и отворени дуќани, каде што економијата до пред само неколку години беше целосно замрена.

- Кога луѓето земаат редовно плата, добро е за сите. Порано кога рудникот не работеше, немаше од што да се живее, вели месното население. А рударските плати не само што не се воопшто лоши, туку и во услови на економска криза растеа просечно годишно за околу 5 отсто. Во „Саса“ просечната нето-плата е над 420 евра месечно, додека за оние што работат во јама и постигнуваат натпросечни норми вкупните примања се и многу повисоки. Покрај грижата за што подобри и побезбедни услови за работа во јамите, зголемувањето на платите и грижата за стандардот на рударите спаѓаат меѓу најзначајните директни социјални ефекти на управување со рудникот, по рестартирањето и доаѓањето на новиот инвеститор.
Од групацијата „Солвеј“, која е сопственик на рудникот, велат дека досега во основни средства инвестирале над 35 милиони евра. Јубилејот ќе го одбележат со почнување нов инвестициски циклус од 16 милиони евра за реализација на проширената концесија од 0,84 квадратни километри, што Владата на рудникот му ја издаде во 2010 година. Овие средства ќе бидат искористени за нови детални геолошки истражувања, вложувања во капитални објекти и подготовки за почнување со експлоатација на новото рудно поле.

- Веќе се почнати работите за изградба на 6.000 метри капитални објекти (тунели, ходници). Под земја не само што се вади руда туку и се ѕида, подградува, бетонира. Со еден збор, се работи за големо градилиште на кое се ангажирани над 100 рудари, техничари и инженери - вели Борче Гоцевски, главен инженер на рудникот.

Оваа инвестициска програма се планира да заврши до 2013 година. Рудникот „Саса“ произведува концентрат со 73 отсто содржина на металот олово и 51 отсто на цинк и тоа сепарирано, што влијае значително врз неговиот квалитет. Во рудата се наоѓа и мало количество сребро, од околу 260-360 грама во еден тон концентрат на олово.

Рудникот „Саса“ како одговорен стратегиски инвеститор исклучително големо внимание посветува на задржување на постојниот ритам на производство на руда и оловен и цинков концентрат.

- Во 2010 година Владата донесе одлука со која на рудникот му даде проширена концесија за експлоатација. Направивме детални геолошки истражувања и во моментов во тек се комплексните подготовки за експлоатација. Нејзиниот почеток ќе се синхронизира со новата дозвола за проширени детални геолошки истражувања за уште 0,84 квадратни километри. Одлуката од Владата, која е целосно во согласност на Законот за минерални суровини, ја очекуваме наскоро. Дозволата за нови детални геолошки истражувања и утврдување рудни резерви ќе создаде можности за повторно проширување на концесијата за експлоатација - вели Максим Прохоров, директор за развој и инвестиции во „Саса“.

Со проширувањето на концесијата добиваат сите. За нејзина реализација ќе бидат инвестирани дополнителни 18 милиони евра. Се очекува дека рудникот ќе има потврдени геолошки резерви за работа на подолг период, средствата од концесијата редовно ќе се слеваат во буџетите на општината и државата. Рударите ќе имаат обезбедено сигурна работа за подолго време, а од зголемените буџетски приходи ќе може да се создадат работни места и во други сектори. За реализација на веќе добиената и очекуваната дозвола ќе бидат инвестирани вкупно 34 милиони евра, што ќе претставува силен поттик за многу гранки и во локалната и во економијата на Македонија. Сегашните цени од над 2.000 американски долари за тон метал олово и цинк се стабилни и овозможуваат полесно да се инвестира и во натамошни развојни цели, додава Прохоров. Со новата инвестициска програма се планира да се задржи годишното производство од 750 до 800 тони сува руда.

Проширувањето на геолошките истражувања во рамките на добиената концесија за експлоатација ја гарантира иднината на рудникот. Очекуваат стабилно производство кое, според Гоцевски, ќе го достигне врвот во 2019 година со над 830.000 тони руда. Исто така, се очекува натамошен пораст на платите и подобрување на стандардот на рударите. Зголемен прилив на средства ќе има и во буџетот на општината. Со последните законски измени државата на име концесиски надомест наплатува 2 отсто од вредноста и количеството метал во концентратот. Од надоместокот, дури 78 проценти одат на сметка на општината. Од друга страна, со оптимализацијата на производството и високите финансиски перформанси на вкупното работење, од „Саса“ во 2010 година во буџетот на државата по разни основи се слеале над 250 милиони денари.

За ваквата планирана развојна динамика на „Саса“ исклучително големо значење има веќе реализираната целосна реконструкција на флотацијата во која се автоматизирани сите технолошки процеси и со тоа спаѓа меѓу најмодерните во овој дел на Европа. Зголемени се капацитетите за производство на оловен и на цинков концентрат, а воведен е и затворен круг на технолошка вода, што влијаеше за значително намалување на трошоците на производство и повисоки еколошки стандарди. Со високиот квалитет на своите концентрати „Саса“ ги снабдува производителите на обоени метали во земјите на Европската Унија и на тој начин активно придонесува за економското интегрирање на Македонија во неа. Потврда на високиот квалитет на производите на европскиот и меѓународниот пазар е имплементацијата и добивањето на стандардот ИСО 9001.

Во „Саса“ посветуваат големо внимание на заштита на животната средина, за што досега директните инвестиции изнесуваат над 3 милиони евра.

- Секоја година се трошат 150.000 евра за одржување на јаловиштата, при што особено е значајно дека изградбата на новото се остварува според највисоки еколошки стандарди. Старото јаловиште, познато како извор на сериозна еколошка катастрофа во 2003 година, веќе е санирано со средства на „Саса“ и на Министерството за животна срдина и просторно планирање. Со континуираното пошумување од страна на „Саса“ и во рамките на акцијата Ден на дрвото, старото јаловиште веќе изгледа како култивирана полјана со млада шума. Преку најсовремено опремената лабораторија се врши постојано набљудување на животната средина, кое покажува дека нема податоци за загриженост - истакнува директорот Прохоров.

Лабораторијата се користи и за пошироки потреби во регионот и државата, а веќе доби акредитација и од Бирото за метрологија на Република Македонија. Рудникот располага со еколошки сертификат ИСО 14001, а при крај е реализацијата и на програмата за добивање А-интегрирана еколошка дозвола.

Менаџментот на рудникот посветува исклучително големо внимание на создавање максимално безбедни услови на јамската работа. Освен квалитетните средства и опрема за лична заштита при работата, се остваруваат перманентни обуки со сите вработени во јамите, со цел да се зголеми чувството на одговорност и грижа за самозаштита. Во согласност со законските одредби, лиценцирана странска компанија секоја втора година прави обуки за безбедност. Стручните лица во рудникот за безбедност на јамско работење, заедно со инженерите и раководителите на производство, секој четврток во неделата реализираат обуки во зависност од видот на работата и степенот на квалификацијата.

„Саса“ е општествено одговорна компанија и во локални и во рамките на целата држава. Рудникот ги поддржува културните, уметничките, спортските и другите општествени активности во Македонска Каменица. Донираше 50.000 евра за изградба на црквата во градот и 15.000 евра за нејзината камбана. Рудникот учествува во изградбата и на новиот плоштад, а деновиве со 40.000 евра го поддржа и почетокот на реконструкцијата на градскиот базен во Македонска Каменица. Вложува и за подобрување на животот, здравјето и на стандардот не само на вработените туку и на нивните семејства.

Во овие пет години доделени се средства за околу 200 барања од поединци и донации и спонзорства во Македонска Каменица и државата. Рудникот има богата соработка со Рударско-геолошкиот факултет во Штип преку многубројни проекти за процеси поврзани со вадење и преработката на рудата. Исто така, многу плодна соработка се остварува и со Градежниот факултет од Скопје, кој ги изработи проектите за изградбата на новото јаловиште, како и системот на негово континуирано набљудување.

- За проектираниот развој во наредните 15 години многу сме заинтересирани за отворање средно стручно училиште за обука на специјализирани кадри во рударството. Оптимализацијата на производството во овој период бара обучени кадри, кои ќе ракуваат со уште посовремената опрема и механизација, а нивното базично образование и перманентната едукација ќе влијаат не само за зголемување на продуктивноста туку во прв ред ќе придонесат за полесна и побезбедна работа во јамите - истакнува директорот Прохоров.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=610111848493&id=9&prilog=0&setIzdanie=22302
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #179 Posted: 27-May-2011 at 18:55
КОМПАНИИ / ПАЗАРИ / ФИНАНСИИ

Под Иловица лежат една милијарда тони бакар?!

Катерина Попоска


Зошто се одолговлекува значајна инвестиција?!

Денеска истекува концесијата за деталните геолошки истражувања под планината Огражден во Струмица што ги врши американско-македонската фирма ФЕЛПС Доџ Вардар од 2002 година. Неофицијално, бушотините, длабоки и до 850 метри, покажале дека Иловица лежи на една милијарда тони бакарна руда. Целта на истражувањето е да се види дали е рентабилно да се отвори можеби најголемиот рудник за бакар во Југоисточна Европа.

Сега американско-македонската корпорација треба да достави до Министерството за економија елаборат со резултатите од деветгодишното истражување на терен. Врз основа на тие податоци ќе се знае дали под Огражден ќе се отвора рударско окно за ископ на бакарна руда. Според најавите, со завршното истражување, ФЕЛПС Доџ Вардар требаше да направи бушотини во најдлабокиот дел од планината, да ги сублимира резулатите и да ги испрати до Министерството, а тоа, пак, да донесе конечна одлука - дали и каде точно треба да се отвори рударско окно.

“Концесијата за деталните геолошки истражувања на локалитетот Иловица, која ја има ФЕЛПС Доџ Вардар, истекува денеска. Оваа корпорација законски има 180 дена да ги достави резултатите од истражувањето. Доколку тоа не се случи во законскиот рок, до кога корпорацијата може да побара и концесија за експлоатација на рудните резерви, сe се враќа во рацете на државата. Во меѓувреме, корпорацијата има право, доколку сака, и да ги продаде резултатите до кои дошла, во случај да реши дека не е заинтересирана да отвори рудник во Иловица“, објаснуваат од Министерството за економија.

Ништо не сакаат да коментираат ниту во претставништвото на ФЕЛПС Доџ Вардар во Скопје. Не сакаат да откријат какви било детали од досегашното истражување на терен. Тврдат дека договорот ги обврзува на тајност на податоците. Сепак и да се донесе одлука за отворање на рудникот, тоа најрано би се склучило во 2012 година.

Мештани од општина Босилово објаснуваат дека екипите на американско-македонската фирма деновиве не се на терен. Геолошкото испитување на падините над струмичкото село Иловица, според мештаните, открило лежиште на бакар со задоволителен процент злато. Некои сметаат дека се работи за наоѓалиште со двојно поголеми количества бакарна и златна руда споредено со ископот во радовишки Бучим.

Се зборува за резерви дури и до 900 милиони тони бакарна руда и повеќе од 100 милиони тони златоносна руда.

Од општината Босилово единствено велат дека истражувањата треба да продолжат, но ни тие не знаат кога. Последен пат екипите на американско-македонската фирма на терен биле пред неколку недели. Мештните велат дека фирмата најверојатно подготвува физибилити студија за влијанието на отворањето рудник во Иловица врз животната средина.

“Во југоисточна Македонија ова е заспана мечка која треба да се разбуди. Ова ќе придонесе за целокупен развој на економијата. Со години се зборува дека во Иловица има огромни наоѓалишта на бакарна и златна руда. Но, селаните велат и дека се откриле и количества на ураниум“, изјавуваат жители на Иловица.

 Иако и бугарската фирма Еуромакс покажа интерес за ископувања во Иловица, од Министерството за економија велат дека концесија добила само ФЕЛПС Доџ Вардар и тие се единствените кои засега може да ископуваат во Огражден.

Никој не зборува зошто се одолговлекува оваа исклучително надежна приказна за македонската економија. Ниту во ФЕЛПС Доџ Вардар, ниту во Министерството за економија, ниту во општината објаснуваат зошто доцнат последните истражувања на терен ако се знае дека можеби се работи за наоѓалишта со големи количества бакарна и златна руда.

http://daily.mk/cluster3/34bd7e6b8dafa135187353da73dfe1cd/748707
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #180 Posted: 21-May-2011 at 16:23
Не постирајте вакви вести, да не разбере некој, па да го укради цел бакар и да го продаде за старо железо!

Инаку добра вест, само ме интересира што е тоа лужење, и како тоа ќе влијае на природната средина.

Нема врска, еве најдов:

„Бучим“ произведува сулфидна бакарна руда, која се преработува по пат на флотација, по што се добива бакарен концентрат, а новата фабрика ќе биде за преработка на оксидната руда, која досега не се преработуваше и како историски отпад стоеше во кругот на рудникот.

- Имаме и ново рудно тело „Вршник“, каде што има околу 7 милиони тони оксидна руда и 7 милиони тони сулфидна руда. Оксидната руда се наоѓа над сулфидната руда и треба да се извади и за да не се фрла, разработивме технологија за лужење. Што значи растварање на бакарот, односно оксидната руда е растворлива со вода и тоа го објаснува бојата на водите, кои излегуваат од рудникот, појасни Николов.

Тој додава дека со помош на електролиза се добива чист катоден бакар, кој како готов производ ќе се продава на светските берзи. Отварањето на новата фабрика и новиот начин на производство на катоден бакар е технологија, која за првпат ќе се примени во земјата.

Новата инвестиција на „Бучим“ ќе донесе искористување на рудниот отпад, кој со години се зголемува, а од аспект на заштита на животната средина водите на Меденска река нема да бидат обоени со боја на бакар.


http://kurir.mk/republika/opstini/24464-Rudnikot-Bucim-ke-otvori-fabrika-za-luzenje-ruda

Edited by гитардемон - 21-May-2011 at 16:25
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 13>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.227 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.