![]() |
![]() |
![]() |
Паркови (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 7891011 27> |
Author | ||
David ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Feb-2020 Online Status: Offline Posts: 211 |
![]() ![]() |
|
Извини вака,ама да ставаш цвеќиња и зеленило на распаднати комунистички згради е ко да ти е дупната пола глава а ти да ставаш ханзапласт. ![]() Тоа може да помине во новиве гулабарници во стар аерод. расадник,итн итн...ама оваа твоја идеја сум ја видел и во кафулиња,цел излог посипан со пластични цвеќиња,карши супер тинекс јужен булевар,и во карпош на партизански одреди малку после силбо,дури и во градски ѕид,и можам да ти кажам дека изгледаше траги-комично ама без преудицирање и во вистинска смисла на зборот тажно и смешно во исто време,за жал вистината дека уште живееме(барем според архитектура и изглед на главниот град)во комунизам а ни се сака убаво,фенси,вајби капиталистичко е таа. Затоа ме нервира ваков муабет да стајме цвеќиња,саксии,да затскриеме,да поминеме поефтино,да затскриеме со чкарт фасада,да исфарбаме....не иде така веќе,луѓево гледаат како е сегде а како е кај нас а одговорот им го дале токму комунистите што во поглед на планирање простор биле светлосни години пред овие шарлатани сега,треба само старото да се замени во ново квалитетно ете да има ќар и инвеститорот повисоко без да се чепка останатиот простор. |
||
![]() |
||
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
|
сепак ова не ја решава потребата од Паркови, а нив може и треба постојно да се планираат токму врз постојните паркинзи кои мора урбаните скопски општини да смогнат сили да ги спуштаат под земја, кога веќе биле умни да даваат онакви печурка-стаил градежни дозволи, во секој случај оние кои купувале Станои во таквите нови урбани-затки од комиблокои, чунки сами треба да се помират со фактот дека ја помогнале градежната мафија па нека се возат сега до најблискиот парк ... од овој аспект феномен е Мичурин, но може ќе им се посреќи да добијат некаков нов Парк до Нова Железничка [7] доколку таму го отпишат булеварот, но конечно таквиот Парк на ангро ќе биде користен од сите кои чекаат превоз кај Транспортен Центар ... веројатно за о.Аеодром во ситни саати некое инстант чаре за набутаните нови комиблокои ет постојните паркилуња да тераат тук таму и скалесто со Дендро Жардињери како би се добило што повеќе Зеленило на дадена затната со бетон Микролокација ... Edited by Zelenikovo - 07-Jul-2020 at 04:08 |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
![]() помислив на тоа дека инвеститор можеби би избегнувал земјиште кое дополнително мора да го плаќа на жителите, ама па од друга страна добро познато ни е дека за трошни баракички се лапаат и по неколку станчиња, а нешто друго освен станбен објект, тешко да се гради на таква локација |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
На најголем дел од новите згради прво им недостасуваат тераси во вистинска смисла на зборот. А таму кадешто има тераси (до пред неколку години воглавно се градеа згради со солидни тераси), наместо борови никнаа соби ![]() ![]() Значи реално, не е вината само кај инвеститорите. Луѓето масовно го купуваат ѓубрето што се гради. И после му се посеруваат и го прават уште поголемо ѓубре. Ако е таква ситуацијата со објектот во кој живеат, можеш да замислиш каков е односот спрема околниот простор. Се надевам дека сепак не сме предалеку од точката кога ќе почнат да се градат вистински критериуми за вредност на недвижност. |
||
![]() |
||
carver91 ![]() Senior Member ![]() Joined: 09-Mar-2015 Online Status: Offline Posts: 166 |
![]() ![]() |
|
Треба да има герилска акција или барем иницијатива да има повеќе цвеќиња и дрвја на покривите ... започнете со некои студентски домови, побарајте дозвола. Треба да се соочиме со инвеститорите, но истовремено да сториме нешто за да изгледа Скопје поубаво ... особено во нови згради им недостасува цвеќе и мали борови на нивните тераси..засадимо повеќе зимзелени борови и други повеќегодишни дрвца
Edited by carver91 - 06-Jul-2020 at 21:46 |
||
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
Вероватно го преценувам капацитетот на иднивидуалецот во Македонија па сеуште верувам дека може да се најде формално правен начин да се зачува зеленилото. Може и така е како што викаш, 90% ќе го продадат својот дел и би си го уништиле трајно квалитетот на живеење за еден телевизор или фрижидер. Ама барем тогаш нема да може да зборат.
Кога ќе видиш од друга страна и приватизацијата на општествените компании, кои не беа ни приватни ни државни, доживеаја некоја судбина како парковиве. И сечии и ничии, и кој стигне ќе ги зграби во прв момент. Незнам, можда и не заслужуваме како заедница да управуваме определен простор во форма на држава кога неможе еден парк да се зачува пред налетот на мафијата, што ќе се дофати да се разграба како мршојадци. Можда не сме дораснати како заедница да цениме држава и независност. Или па едноставно не си ја цениме сопствената природна околина на неколку стотина метри од нас макар и која држава било тоа? Незнам, а ме разочаруива ситуацијата! Или па друг пример сличен, пред само неколку месеца штрајкуваа жителите во МаџирМаало кои викаа дека не сакаат да ИМ се вцртуваат булевари, како да на нив ИМ се вцртуваат, си го присвоија, него сакале станови за децата. Тука и друго прашање се отвара во однос на планирањерето дека градот планира и ги држи луѓето во лимбо ситуација, ниту да можат ефективно да го стопанисуваат својот имот, ниту па градот им го откупува со години. Ама во Кисела Вода примеров е типичен пример за криминал, на рампа траса на улица продадоа за зграда, овде општински објект сакаат да продадат. Мене стварно ме оптеретува прашањево како да изнајдеме законски решенија кои ќе бидат применливи во Македонија со сите свои специфики соодветни на политичката ситуација, а закони кои ќе го подигнат квалитетот на живеење и да го спречат ова создавање вакви чиреви. Очигледно сегашниве решенија не го спречуваат урбаното дивјаштво и не го подигаат квалитетот на живеење. Можда некакви експропријациони фондови кои ќе создаваат бришан простор површини како претходница на инвеститорите. Нешто мора да се направи, ама очигледно овој сегашен "општествен" статус ги става зелените површини во позиција на плен. Па и објектите што ги спомена, што за 50 години пак ќе правиме уште една школка?! |
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Така ќе ги снема парковите уште побрзо ![]() Борбата за зеленилото кај најголемиот дел од народот кај нас засега се карактеризира со формална декларативност, површност, и пред се лицемерие. Нели ги слушна реакциите на жителите на Дебар-маало по повод ревизијата на ДУП-от? Друг добар пример се којзнае колку полураспаднати колективни станбени згради (сигурно троцифрена бројка) кои со креативен „урбанизам“ добија проширување на маркичката и веднаш станарите се договорија тие згради со чаури и крпеници да пораснат во сите три димензии до максимално дозволените нови габарити, а практично без исклучок тоа се правеше и се прави на сметка на околното зеленило и дрвја. И ти мислиш дека некој парк ќе преживее ако околните жители можат да лапнат 200-300-500 евра за сметка на тој така „заштитен“ парк. Не 50%+1, туку 90% согласност ќе видиш до другиот ден сабајле. Edited by Cloverstack - 06-Jul-2020 at 20:21 |
||
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
Нема друг начин да се осигура иднинанта на зеленилото во Скопје освен да се префрли топката на поле на имотно-правни односи. Ако претпоставиме дека има 2000 куќи секоја со свој соптвеник куќа во оваа населба. И на имотниот лист на секој куќа има еднаков дел соственост во парков 1/2000, за вакви работи ќе мора согласност од половина сопственици за да се екпропреира и прораде државново земјиште. Кога неможеме јавна површина да ја оддржиме друг начин нема. Гомнари во институциите мислат дека измислиле топла вода и дека нив први им текнало да го зграбат паркчето и дека се попаметни од сите, па уште се доволно безобразни и храбри да почнат постапка за вакво нешто. Друго решение јас неможам да видам. Ова треба да важи принцип за многу комунални јавни површини, дали со локално значење како оваа или со пошироко значење. Во институциите комунални веќе немам доверба, барем да е приватна делена сопственост па да биде сигурност дека паркот ќе остане парк.
Овој пример е криминал невиден, од една страна вцртале паркинг кој очигледно морале заради зградата, од друга страна е зградата, па малку беше па и од трета страна уште една зграда никако да се уклопи во просторот. Планираат општинската зградичка која е месна заедница сега да ја продадат. Па џабе ли е тој празен расадник на 100 метра од тука?! Нели целиот опфат е за инивидуално домување, како тогаш згради протнати во опфатот?! Зашто едноставно не ја избришат зградата, а на сите куќи да дозволат уште еден прат? Што мора да е тука? Ова е криминал од редот на Кинески Ѕид покрја стадион! Кисела Вода ги живее времињата кои Центар ги живееше со Аларова. Edited by user8642 - 06-Jul-2020 at 18:12 |
||
![]() |
||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
|
На Изабела се мисли. Тука е планирана инвазија на уште еден бетонски демон.
![]() ![]() ![]() извор Edited by Staro Skopje - 06-Jul-2020 at 17:15 |
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
![]() |
||
David ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Feb-2020 Online Status: Offline Posts: 211 |
![]() ![]() |
|
На Трум Љум и Елена Лука 10 катните нео-комунистички ѕидови друже...никакви висококатници. |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Можеби делот околу бараките каде моментално се гради станбениот објект Изабела(пишуваа дека се гради врз детско игралиште или парк незнам точно како беше) во околина само тоа е активно градилиште и она на Трим И Љум(ама нема логика за тоа да пишуваат)
|
||
![]() |
||
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
|
На која површина се мисли овде?
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Петиција за проширување на опфатот на интервенција на паркот во населба 11 Октомври-бараки
Група на граѓани, жители на населбата 11 Октомври – бараки, ја иницираат оваа петиција со цел да укажат на властите дека сегментарно се третира запуштената полјанка, воедно барајќи истата целосно да биде вклучена во проектот за дефинирање на новиот парк. Поради ситуацијата со Ковид – 19, петицијата ќе собира потписи online, како би се почитувале мерките за заштита. Се повикуваат сите жители на населбата, општината но и сите поддржувачи на идејата за зелено Скопје да ја подржат оваа иницијатива. Истата можете да ја потпишете на следниов линк >>> , додека текстуалното образложение го пренесуваме во продолжение: — „Во тек е реализацијата на паркот во 11 Октомври-бараки, на дел од просторот на таканаречената полјанка. Населбата со реализацијата на измените во урбанистичкиот план со кој се пренамени парковска површина во градежно земјиште за изградба на станбени висококатници ( чија изградба е во тек ), нема друга алтернатива за рекреација, освен полјанката покрај пругата. Впрочем овој простор е единствена возможна површина во пошироки рамки за дефинирање на спортско-рекреативна целина. Група на граѓани, жители на населбата 11 Октомври – бараки, ја иницираат оваа петиција со цел да укажат на властите дека сегментарно се третира запуштената полјанка, воедно барајќи истата целосно да биде вклучена во проектот за дефинирање на новиот парк. Поради ситуацијата со Ковид – 19, петицијата ќе собира потписи online, како би се почитувале мерките за заштита. Се повикуваат сите жители на населбата, општината но и сите поддржувачи на идејата за зелено Скопје да ја подржат оваа иницијатива. Истата можете да ја потпишете на следниов линк >>> , додека текстуалното образложение го пренесуваме во продолжение: — „Во тек е реализацијата на паркот во 11 Октомври-бараки, на дел од просторот на таканаречената полјанка. Населбата со реализацијата на измените во урбанистичкиот план со кој се пренамени парковска површина во градежно земјиште за изградба на станбени висококатници ( чија изградба е во тек ), нема друга алтернатива за рекреација, освен полјанката покрај пругата. Впрочем овој простор е единствена возможна површина во пошироки рамки за дефинирање на спортско-рекреативна целина. Затоа почнатите активности на само еден дел од полјанката ( 40%) како граѓани на оваа населба сметаме дека треба да се прошират на целата територија, опфаќајќи реконструкција и на спортските игралишта кои се во одмината состојба. Фотографии од првата фаза на зазеленување во еден дел од полјанката Воедно сметаме дека оваа интервенција треба да ги опфати и следните точки: -Санација на улиците и пристапите кон паркот од страната на населбата, кои се уништени од механизацијата која учествува во реализацијата; -Урбанистички да се дооформи просторот како целина, наместо парцијално; -Да се предвиди урбана опрема, особено канти за одложување на измет на миленици, бидејќи жителите на пошироката околина ги рекреираат своите кучиња во овој дел од населбата, додека детските игралишта остануваат небезбедни за игра по здравјето на децата; – Да се предвиди план за оддржување на паркот од страна на екипа на Паркови и зеленило, како истиот би останал во употреблива состојба. Новата населба во делот на „Пелагонија“ ![]() ... ![]() ... ![]() https://marh.mk/peticija-za-proshiruvanje-na-parkot-vo-naselba-11-oktomvri-baraki |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Го збогатуваме Аеродром со ново зеленило. Во паркот во Мичурин почнуваме со садење на 570 садници, со што ќе ја надминеме бројката од 5 000 дрвја.
![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/marinzlatko/ |
||
![]() |
||
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
|
ко што тргнале изгледа ќе ја рушат и фонтаната та затоа ќе да е напумпана цената, интересно е што старата опрема комотно може да ја донираат другде, но тоа треба да се знае каде, пр. од спротива го преслекоа Детското Забавно Катче, но старата опрема некако чудно ја беа исфрлиле понадвор можеби за да се надене некој та да си ја тужи на мала врата општина, бреј уште вака што не ваделе партиски-камен од општински-буџет, којзнае за се’ има првпат, иако она што е воочливо дека така некое Дете додека им текне на надлежните да дислоцираат старите Љуљашки може и навистина да се повреди!!! битно еден месец така си стојат, си мислев ќе ги префарбуваат и вратат, но чирба дојсоа нова опрема, а старио пак партер то софти-плочките исфрелени наоколу чиниш остаиле локалците да си ги приберат по дома за на Тераса ... Келепурлук Ноу, Без Осет 100%, но не се ни sds криви што за сето ова и советниците од дпмн им дреме, просто си го имаат нати го дајми го на сите нивоа чекајќи на својтно време за општинска ротација! ќе беше Убо да ги ставаат на Увид пред Јавност ваквите промени, претходните тоа маркетиншки убо го спинуваа, ама повторно никој не можеше да им даде забелешка, евентуално тука на форумов што ги есапевме, ама напразно чисто колку да си исфураме притисоко, но којзнае може биле некаде извадиле Рендери Финансиска Конструкција Тендери, незнам не ми е општинскио сајт букмаркиран! него ако ја рушат фонтана, нека внимаваат утре оние понив нивната да не им ја сардисаат, можеби осигурувајќи ја од непогода истата, а доколку ја остават фино би било в среде да закачат некоја левитирачка скулптура, чунки бидејќи до Нова Железничка Парк та изборни вовчина да вртат кругчина ... |
||
![]() |
||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
|
![]() Добро, како може една обична обнова на блоковско зеленило (т.н. парк) да вреди 500.000 евра. Па нели треба малку усул со крадење? (Јавни набавки) Edited by ehrlich - 02-Jul-2020 at 14:29 |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Паркот „Бојмија“ се гради во полн ек
Почнаа градежните активности на паркот „Бојмија“. Жителите од овој дел на Аеродром ќе добијат нов современ парк со детско игралиште, терен за мал фудбал, простор за рекреација со фитнес-справи на отворено, нова урбана опрема, клупи, канти за отпадоци, чешма за пиење вода и фонтана. ![]() ![]() ![]() ![]() http://www.aerodrom.gov.mk |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
По подолго време, паркот во населба Триангла е комплетно обновен.
Засадени се преку 30тина дрвца, обновен тревниот дел, направена е реконструкција а дел од урбаната опрема е комплетно заменета. Во наредниот период ќе се постави нова табла и обрач за кошарка и комплетно ќе се зацврсти и обезбеди детското игралиште. ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/jkpgazibaba2007/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Обнова на парк во нас.Железара
![]() ![]() https://www.facebook.com/opstinagazibaba/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
И ова го нарекуваат парк...нула креативност па барем некои цветни аранжмани да ставеа на тревникот колку-толку да разбие монотонија.Секако дека е позитивно средувањето на локацијата но по некое дрвце и клупа не се на одмет
Локацијата е во Мичурин ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/NLP-Aerodrom- |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 7891011 27> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |