Author |
Topic Search Topic Options
|
user8642
Senior Member
Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2041
|
Quote Reply
#1 Topic: Пристаништа и воден транспорт Posted: 22-Mar-2021 at 00:56 |
Вест од пред некој ден, изјавил министер нешто. Еве гледам дека последен пат пред оваа вест, во оваа тема е постирано пред 7 години. Значи и тогаш се давале изјави и ништо не се направило. Нема причина да веруваме само на збор дека баш овој пат нема да биде исто. Нема нема..., и ќе се даде некоја изјава, и толку, пак штурци неколку години.
ЌЕ СЕ ГРАДАТ ПРИСТАНИШТА ВО СТРУГА И ПОГРАДЕЦ, МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА ЌЕ СЕ ПОВРЗАТ СО БРОДСКА ЛИНИЈА
17 март 2021
Охрид, (САКАМДАКАЖАМ.МК)
ЌЕ СЕ ГРАДАТ ПРИСТАНИШТА ВО СТРУГА И ПОГРАДЕЦ, МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА ЌЕ СЕ ПОВРЗАТ СО БРОДСКА ЛИНИЈАЗа новата линија ќе се набават два еколошки брода со сончеви колектори (Фото: СДК.МК)
Струга и Поградец ќе добијат пристаништа, со што конечно ќе профункционира долги години најавуваната бродска линија што ќе ги поврзува овие градови на Охридското Езеро. Тоа, според министерот за локална самоуправа, Горан Милески, ќе значи подобрување на туристичката понуда. „Тоа е стратешки проект што го имаме со албанската страна. Со зголемување на туристичката понуда ќе се привлекуваат и поголем број туристи“, вели Милески. Одредени се локациите за изградба на пристаништата во Струга и Поградец, а според најавите, целиот проект предвидува и набавка на еко-бродови. „За оваа линија ќе се набават два брода со сончеви колектори, па нема да го загадуваат езерото. Дел од средствата за целиот проект се од ИПА фондовите“, најави Милески. Во Струга нема пристаниште, додека во Охрид долго време се најавува санација на постоечкото и негова доградба. Туристичките работници ја поддржуваат идејата за воведување неколку бродски линии. Велат дека треба да се работи на зголемување на туристичката понуда, која со години е иста. Бродската линија Охрид-Поградец првпат се воспостави во 2014 година, кога беше кажано дека тоа е историски момент за двете држави, но за кратко време беше укината поради слаб интерес. Во минатото, пак, ваква линија имало до 1948 година, кога бродот „Корзика“ пловел на релација Охрид-Поградец и Охрид-Струга.
https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ke-se-gradat-pristanishta-vo-struga-i-pogradets-makedonija-i-albanija-ke-se-povrzat-so-brodska-linija/ |
Edited by user8642 - 22-Mar-2021 at 00:57
|
 |
daci92
Senior Member
Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
|
Quote Reply
#2 Posted: 22-May-2014 at 00:03 |
ОД 15 ЈУНИ
Стартува бродска линија Подградец-Охрид-Струга

По неколкугодишното
одлагање, ветената бродска линија Подградец-Охрид-Струга, конечно ќе
стартува од 15 јуни. Ова го соопшти албанскиот министер за транспорт и
врски, Едмонд Хаџинасто за време на посетата на Подградец, каде одблиску
се запознал со подготовките за престојната туристичка сезона, но пред
се со текот на работите околу изградбата на потребната пристанишна
инфраструктура за закотвување на бродот.
- Оваа водна линија која ќе стартува оваа туристичка сезона, ќе даде
нов импулс за развој на туризмот во Поградец. Реконструкцијата на
пристаништето се прави со цел да се воспостави бродската линија со
Охрид, но јас сум убеден дека ќе даде еден целосно нов импулс за сите
туристички услуги во Подградец и за сите други оператори кои ќе бидат
заинтересирани, - изјави Хаџинасто.
За разлика од Хаџинасто кој не сакаше да го аргументира доцнењето на
ставањето во функција на водната линија од Подградец кон Охрид,
градоначалникот на Подградец, Артан Шкмби, за тоа ја обвини претходната
влада, која поради „разните бирократии со години не ги подржувала
локалните власти од двете држави да ја реализираат оваа идеа“.
- Според договорот меѓу министерствата за транспорт и врски на
Македонија и на Албанија, бродската линија ќе функционира до 15
септември, ќе го олесни патувањето не само на жителите од Подградец,
туку и на оние од Охрид и Струга, - изјавил Шкмби.
Според него се очекува функционирањето на бродската линија во
Подградец да донесе многу туристи, кои се сместени во Охрид или Струга а
имаат желба барем на неколкучаса или на еден ден да дојдат во нивниот
град. (В.Т.)
#http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=9C625F7573249D4CBC94138621A0D165
|
 |
ovaj_stariov
Senior Member
Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
|
Quote Reply
#3 Posted: 12-Jun-2011 at 16:15 |
Шест плажи во Охрид добија мостови на подарок од Т-Мобиле
Платформите се поставени на плажите Потпеш, Немо, Кадмо, пред хотел „Тино“, пред ресторанот „Рибар и Вила Милан“ во Трпејца и пред ресторанот „Мариј Блаж“ во Радожда. На истите овие локации, рекреативците и туристите ќе можат да се приклучат на интернет, со што ќе им биде овозможено бесплатно и неограничено да се информираат за најновите случувања. |
http://www.inpress.com.mk/default.asp?ItemID=DC06EDA8F0AACA40B1E8262C5D7A07BB
|
build.mk, гради форумска историја
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#4 Posted: 12-Jun-2011 at 14:21 |
А за какви платформи всушност станува збор?
|
 |
Batec
Newbiе
Joined: 21-May-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#5 Posted: 12-Jun-2011 at 05:05 |
Abe parkinzi ne postojat vo ohrid vo afrika go nema ova Ova dibeci vaka go vodat gradot.Urbaniot haos e nadvor od kontrola Da e zapocneme akcijata za predvremeni lokalni izbori
|
 |
goce11
Newbiе
Joined: 11-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#6 Posted: 11-Jun-2011 at 17:21 |
Здраво! Денеска слушнав дека во Охрид се поставени платформи од Т-мобиле. Дали некој знае од каде може да се набават такви платформи?
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#7 Posted: 04-Apr-2011 at 12:49 |
Ќе се гради марина за спас на Охридското езеро
 Со
цел да се избегне загадувањето на Охридското езеро локалната самоуправа
на Охрид планираат изградба на марина за безбедно опслужување на
пловните објекти како и замена на конвенционалните мотори. Првичната
заложба на локалната самоуправа беше таа да се изгради кај каналот
Студенчишта, на што се спротистави Министерството за животна средина.
Локалната самоуправа како нова локалција сега го предлага заливот кај
стадионот Грашница во населбата Воска. -Има и работни верзии за
проектот, кои ги имаме доставено до Министерството за животна средина,
до Хидробиолошкиот завод и Капетанијата, за да дадат свое мислење во
однос на идејата за изградба на марината на нова локација кај стадионот
Грашница.-изјави Бранко Арнаудоски, раководител на секторот за туризам и
заштита на животната средина.Со изградбата на марина се предвидува
дислокација на сите пловни објекти од каналот Студенчишта, но според
екологистите за ефикасна заштита на езерото мора да се размислува за
замена на конвенционалните мотори. -Треба да се користат мотори
со обновливи извори на енергија. На тој начин би се избегнала опасноста
од загадување на езерото, смета Зороски.Во последните три години на
Охридското Езеро се случија три посериозни еколошки инциденти, но ниту
еднаш не беше откриен причинителот на загадувањето. http://www.kapital.com.mk/MK/makedonija/26731/kje_se_gradi_marina_za_spas_na_ohridskoto_ezero.aspx
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#8 Posted: 26-Jan-2011 at 01:53 |
Бродовите ќе се вадат на суво со автодигалка
Сопствениците
на бродовите "Кристина" и "Александрија" сами ќе ги креваат пловните
објекти со автодигалка кај каналот. Ќе се креваат на два пати, најпрвин
задниот дел, па предниот. Сето тоа на сопствен ризик од несакани
последици или евентуални оштетувања на 30-тонските пловила
Ќе
остане ли Охридското Езеро и оваа сезона без бродови? По
повеќемесечната забрана за пловење и немањето услови да се исполнат
барањата на овластената компанија "Биро Веритас" за технички преглед на
пловните објекти, охридските бродари ќе понудат решение за надминување
на кризата. Сопствениците на бродовите "Кристина" и "Александрија" сами
ќе ги креваат пловните објекти со автодигалка кај каналот. Ќе се креваат
на два пати, најпрвин задниот дел, па предниот. Сето тоа на сопствен
ризик од несакани последици или евентуални оштетувања на 30-тонските
пловила. Потоа ќе ги повикаат претставниците на "Биро Веритас" да
извршат технички преглед, по што конечно ќе отпочне постапката за
добивање сертификат за исправност на бродовите за пловидба. -Сега
ние ќе направиме еден обид на два пати да ги крениме бродовите
"Кристина" и "Александрија" со тоа што сакаме да успееме тие да извршат
целосен преглед од долната страна. Но, доколку временските прилики не го
дозволуваат тоа, наредниве денови ова би го одложиле за следната недела
- вели сопственикот на бродот "Александрија", Зоран Гилески. Според
него, овластената "Биро Веритас" поставила барање да може да го види
бродот на суво, а ова било единствениот начин да се реализира тоа со
оглед на условите кои ги има Охрид. Нив, како што вели Гилески, начинот
на кревање не ги интересира.
Останатите сопственици на бродовите пак, не пројавиле интерес .Според
Гилески, секој посебно си бара начин да си го реши проблемот. -Целата
оваа работа што ја правиме во овие студени зимски денови е нешто да се
фати од следнава сезона. Секој посебно си бара начин да си го реши
својот проблем. Секој сопственик си знае што сака и што има намера да
направи, дали му се исплатува, или не. Тоа е индивидуална работа - смета
Гилески.
Сепак и покрај ваквите напори, проблемот на бродарите и понатаму
останува актуелен. Инфраструктура на Охридското Езеро за вадење на
бродовите, нема. Бродарите остануваат на своите барања законот да се
промени со што ќе се зголеми конкуренцијата на компаниите кои би вршеле
преглед на бродовите, како и изградба на соодветно место за технички
преглед. -Ние едноставно сакаме во иднина да може и други
класификациони куќи да бидат присутни тука и да се изгради
инфраструктура. Сега ќе ги подигнеме бродовите на ваков начин, но има и
потешки и поголеми бродови кои не можат да се креваат. Доколку државата
сака да има бродови на езерото, ќе мора да има и инфраструктура. Ако
пак, решат дека не треба, тогаш нека кажат - вели Гилески
Од друга страна, проблем за бродарите е и набавување на опремата
пропишана според европските директиви која е многу скапа, но и тешко
достапна.
http://vecer.com.mk/?ItemID=1E440BFC90DDFF43BD3C1BFF46ECA69F
|
|
 |
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#9 Posted: 29-Sep-2010 at 19:43 |
Наскоро ќе се градат приватни марини во Охрид26 септември 2010, 10:42 Извор: Ohrid news
Охрид
Заинтересирани приватни инвеститори кои би вложиле во изградба на
марини на охридското крајбрежје има, но се чека на одобрение од
надлежните министерства.
Како што јавува локалниот портал Охрид њуз повикувајќи се на
Локалната самоуправа, надлежни за издавање на дозвола за градба на
марини се Министерството за животна средина и Министерството за
транспорт и врски.
Од страна на локалните власти веќе се предвидени неколку локации на кои би се граделе марини според европски стандарди.
Тоа се градското пристаниште, кај мостот пред хотел Палас, кај
Грашница, во каналот, но се предвидува нивна изградба и кај Пештани и во
Св. Наум, јавува Охрид њуз.
Потребата од изградба на марини, во кои би се чувале глисери и чамци,
станува се поголема со зголемувањето на бројот на пловни објекти.
Се надеваме дека наскоро ќе ја добиеме согласноста од надлежните
министерства, со цел марините да се изградат во што пократок период,
велат од Локалната самоуправа.
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#10 Posted: 16-Aug-2010 at 19:30 |
ВЛАДАТА ЌЕ ИЗНАЈМУВА ПРЕКУОКЕАНСКИ БРОДОВИ Македонска флота или знаме под наем?Владата планира да формира трговска поморска флота и за тоа веќе донела одлука, а сега се разгледуваат можностите за реализација на овој проект. Идејата е да се изнајмуваат бродови што би пловеле под македонско знаме и под поволни услови би пренесувале стока како за домашната економија, така и за потребите на други држави. Во Министерството за транспорт е формирана работна група што работи на анализата на економската исплатливост и на можните држави од кои би се изнајмувале бродовите. Идејата е добра и исплатлива и може поволно да се одрази врз македонската економија, велат стопанствениците. - Идејата е стара и датира уште од осамостојувањето и е добро ако се реализира. Како деловна заедница, се уште немаме доволно информации за тоа што се планира. Сето тоа треба да има подлога во добра економска анализа, која би го оправдала проектот - вели Љубица Нури од Стопанската комора на Македонија. Луѓето што се занимаваат со превоз на стока и на услуги велат дека искуствата од другите држави се поволни и можат да се искористат при реализацијата на ваков проект. - Државата нема ниту кадар ниту, пак, искуства во тој сектор, но тоа не значи дека не е можно да се реализира идејата. Доволно е да се консултираат државите што веќе работат на тој принцип, како Швајцарија - вели Зоран Аризановски од Здружението на шпедитери. Според него, бизнисот со бродовите што би тргувале под македонско знаме, во основа, е исплатлив бидејќи сега компаниите сами или преку шпедитерските организации изнајмуваат бродови за превоз на суровините и на своите производи. - Работиме и за фирми од Косово и од Јужна Србија, што би подразбрало и користење на македонските бродови за превоз на суровините и на производите за нив - вели Аризановски. Од друга страна, познавачи на поморската трговија велат дека, во услови кога државата нема пари, а проектот планира да го реализира со јавно-приватно партнерство, постои веројатност тоа партнерство да се сведе на обично „изнајмување“ на македонското знаме за потребите на приватни транспортни компании. Од компаниите од металската индустрија и рударството, кои 80 проценти од транспортот на стоката го вршат преку бродскиот сообраќај, велат дека, во основа, идејата е добра и би била поволност за нив. - Ако компаниите, кои сега изнајмуваат бродови од други држави, би добиле поволна цена од домашната флота, нема причина зошто да не ги користат нејзините услуги. Во такви услови многу би им се олесниле работите - вели Александар Панов, директор на „Макстил“. Само од оваа фирма годишно со бродови се превезуваат меѓу 300.000 и 400.000 тони. Тука се и „Фени“, „Скопски легури“, „Силмак“ како и рудниците „Бучим“, „Тораница“ и „Злетово“. Економистите велат дека бизнисот е исплатлив, но само ако бродовите што би се изнајмиле, би биле добро искористени. Според нив, не е важна цената под која би се изнајмиле, туку какви ефекти ќе се добијат од нивната експлоатација. Доколку државата има веќе добра анализа за тоа, може да пристапи кон реализација на идејата, велат тие. Но, велат, за да функционира овој проект државата треба да обезбеди и патно и железничко поврзување до пристаништата што ќе ги користи. Коридорот 8 се уште е тесно грло, додека Коридорот 10 не овозможува брз транспорт на стоката до државата и надвор од неа, што, пак, покрај цената на бродскиот превоз, би било поволност кога би се нуделе услугите за државите од соседството. Стопанствениците и економистите даваат еднаков третман на четирите пристаништа што и се достапни на Македонија: Солун, Драч, Бар и Бургас. - Солун и натаму е најблиската дестинација и во делот на транспортот е најевтина. Но, поволни се и другите пристаништа. Бургас и Бар даваат можност за закотвување на големи бродови, потешки од 50.000 тони, додека Драч, иако најблиско пристаниште, се уште нема капацитет за прием на големи бродови - вели Зоран Аризановски . Проблем, според стопанствениците, е тоа што до пристаништата во Драч и во Бургас немаме железничка врска, ниту, пак, патиштата се добро организирани. Затоа пред да се почне со реализација на проектот треба добро да се разгледаат сите можности. И според македонските капетани на бродови идејата е остварлива. - Светот познава силни трговски флоти, кои функционираат на ваков начин. Многу бродови пловат под панамско или либериско или малтешко знаме. Добро е да се направи обид - вели Горан Устијаноски, поручник за пловидба. Неофицијално, владиниот план предвидува флотата да се формира на основа јавно-приватно партнерство, а во почетокот би имала десетина бродови. Холандија и Грција веќе биле во опција како земји од каде што би се изнајмиле бродовите. Извори од министерството велат дека веќе се разговарало со турски офицери за пловидба, кои понудиле опрема и кадар. |
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2096&ArticleID=146589
Edited by Cloverstack - 16-Aug-2010 at 19:31
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#11 Posted: 14-Jun-2010 at 13:38 |
Заплови најголем брод во
Охридското Езеро
Бродот "Александрија -
2" е долг околу 28 метри, а широк 6 метри, и е за неколку метри подолг
и поширок од бродовите кои досега пловеле во Охридското Езеро
Во Охридското Езеро завчера заплови најголемиот брод од
охридската бела флота - бродот "Александрија - 2". Пуштањето на бродот,
изграден во Охрид, од дрвената санка во вода траеше повеќе часови
бидејќи овој нов брод тежи повеќе од 60 тони. Сопственици на бродот
се Зоран и Живко Гилески, кои поседуваат и друг брод "Александрија - 1". Најголемиот
брод е долг околу 28 метри, а широк 6 метри, и е за неколку метри
подолг и поширок од бродовите кои досега пловеле во Охридското Езеро.
Неговата изградба почна во април минатата година. Новиот брод
може да прими околу 200 патници или педесетина патници повеќе од
најголемите бродови од охридската флота. Конструктор на бродот е
Мартин Ѓуричек, бродоградежен инженер од Војводина, Србија.
http://vest.com.mk/?ItemID=AD01FF8C974F5E4C84D5E998A772BC92 |
|
 |
ovaj_stariov
Senior Member
Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
|
Quote Reply
#12 Posted: 18-Apr-2010 at 01:19 |
Дојран сериозно се враќа во игра за туристичка дестинација во земјава.
Видете има и видео.
Се гради пристаниште во Дојран
Дојран ќе добие пристаниште за глисери, чамци, кајчиња. Марината се гради на потегот меѓу градската и струмичката плажа.
Машините работат секој ден се спрема за сезона.
Повеќе погледнете од репортажата е на Сузана Мицева. |
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=59550
|
build.mk, гради форумска историја
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#13 Posted: 08-Mar-2010 at 15:33 |
интересно тоа би можело без проблем да се направи со преносници, а за вакво нешто најиделано место е (мислам партизан ја викаа) населбата отаде тврдината кон струга... не дека не е изводливо и на други локации, но на друго место во охрид вакво нешто ептен ќе узурпира непотребно простор! ама кој бе лсл, тие од готово прават вересија пример со биљанини извори или марината, а не па нешто трето, иако реално попрво нешто вакво да истераат него да се одважат да ги стокмат постојните канали!
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#14 Posted: 08-Mar-2010 at 04:46 |
26°33'34.06"N 81°59'36.65"W Што мислите, колку би можело во Македонија да се склопи нешто вакво. Дали во Охрид може да се направи некоја ваква елитна населба. Се работи за населба каде освен улична мрежа има и паралелна каналска мрежа и куќите имаат два пристапа еден со глисер друг со автомобил. Малку се тешки за оддржување каналите, но пред се мислам колку нешто вакво би можело да се смести во Охрид, и колкава би била заинтересираноста? Колку би можеле нешто вакво да се спроведе особено после ваквите сериозни проблеми со водостојот и пред се поради променливиот водостој кој не е фиксен како море. Или евентуално да се реши со тоа што би можело да има повеќе влезови иако не би требало, не ни мислев на нешто толку обемно, но да се реши со систем на базен со две брани кој би се користел за влез излез при вакви ситуации, а во рамки на услови до горна граница да си стојат цело време отворени. Вакво решение е особено погодно пошто има реки што би полнеле ваков базен за помалку од минута. Или па само една преграда која во вакви ситуации ќе се затвори и да се прекине сообраќајот, со оглед на тоа што се работи за крајкотрајни ситуации и не би било воопшто проблем. Сметам дека треба да се размисли ваквиот предлог и после планираната марика да се иде и на вакво решение.
Edited by lslcrew - 08-Mar-2010 at 04:53
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#15 Posted: 01-Feb-2010 at 13:50 |
Немавме нишка за водостопанство? Никаде не ја најдов!
Дрим голта бротчиња
ПОНЕДЕЛНИК, 01 ФЕВРУАРИ 2010 11:14
Поради обилните снежни врнежи во изминатиот период, но и наглото топење на снегот, водостојот на Охридското езеро е на највисоката кота, поради што во Дрим истекуваат големи количества вода.
Портите на испустот кај Струга деновиве се широко отворени, а речната струја влече се со себе.
Едно помало бротче вчера речиси беше проголтано од реката. За среќа отворите на истекот на Дрим се премали, па бротчето не “отплови“ кон Албанија. |
Тера ТВ
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#16 Posted: 21-Oct-2009 at 00:20 |
Паднато дрво 10 дена го блокира каналот Билјанини Извори

Големо дрво
што пред десетина дена се урна во каналот Билјанини Извори на
педесетина метри од мостот, се' уште не е отстрането, а каналот е
блокиран. Поради тоа сообраќајот во каналот е прекинат, а
кајчињата и глисерите не може да влезат и да се паркираат во
внатрешноста на каналот. Тие што се таму не може да испловат.
Во
ЈП „Охридски комуналец“ се запознаени со овој проблем, но велат дека не
можат да преземат мерки затоа што немаат директна надлежност за чистење
на каналот Билјанини Извори. Ингеренциите за езерскиот сообраќај се во
рамките на Охридската капетанија, која е надлежна за одржување на
каналот.
- Охридската капетанија со нас нема склучено договор за
чистење на каналот, ниту има побарано таква услуга. Нашето претпријатие
работи со годишна програма на активности, па парите за работењето ни се
однапред планирани. Ние и самоволно би го решиле овој проблем, но не
сме во можност да трошиме дополнителни средства за извршување работи,
кои не се наша надлежност - изјави Сашо Алче, директор на „Охридски
комуналец“.
Дрвото падна поради силниот ветер, кој пред десетина
дена дуваше во Охрид. При паѓањето дрвото под себе поклопи и неколку
кајчиња.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E991DD7664485A469A5536CE05DAB74D |
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#17 Posted: 02-Oct-2009 at 13:21 |
Originally posted by UrbanFreak
Јас незнам кој им е критериумот на нашиве новинари, па брод од 28 метри им е џиновски  |
Ако не е кајче тогаш е џин
|
|
 |
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#18 Posted: 02-Oct-2009 at 09:35 |
Јас незнам кој им е критериумот на нашиве новинари, па брод од 28 метри им е џиновски 
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#19 Posted: 02-Oct-2009 at 08:39 |
ОТКАКО ИЛИНДЕН НЕСЛАВНО ЗАМИНА ВО ИСТОРИЈАТА
Во Охрид се прави џиновски брод
Капацитетот на бродот ќе биде 200 патници, Тој се изработува во каналот Билјанини извори и е со должина 28 метри а ширина 6 метри
Џиновски брод од следната сезона ќе заплови во водите на Охридското Езеро. Новиот пловен објект започна да се гради минатата година а сопствениците најавуваат дека до почетокот на летото бродот ќе биде комплетно готов. Капацитетот ќе биде за 200 патници, со најголема ширина и должина во однос на останатите бродови кои ги има Охрид.
Овој огромен брод со должина 28 метри а ширина 6 метри се гради во каналот Билјанини Извори според проект изработен од бродоградежниот инжињер Мартин Ѓуричик од Србија. кој моментално ги надгледува активностите врз бродот. - По направениот проект бевме во Турција кај наш пријател бродоградител инжињер и даде позитивно мислење исто така бевме и во Бугарија каде стручните лица дадоа зелено светло. Бродот се гради според сите стандарди, сакаме да влезиме во сигурна инвестиција велат инвеститорите и сопственици на бродот Живко и Зоран Гилевски. Бродот има челична кострукција а моторите се веќе набавени и се од Англиско производство од типот Перкинс.
|
По направениот проект бевме во Турција кај наш пријател бродоградител инжињер и даде позитивно мислење
|
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#20 Posted: 15-Sep-2009 at 17:39 |
Патниците бараат појаси за спасување
По несреќата од 5 септември кога потона бродот "Илинден" и со
себе однесе петнаесет животи, бродскиот сообраќај на Охридското Езеро
се нормализира, но со видоизменети навики кај патниците.
Зоран
Гилески, сопственик на бродот "Александрија" изјави дека бродовите
повторно нормално пловат и нема откажувања на претходно закажаните тури
и крстарења, но ја нагласува забележливата нелагодност кај патниците. -
Малку има страв. Во саботата возевме група од Бугарија, сите побараа
елечиња и ги ставија на нив. Досега не било случај, кој што барал
добивал, ама сега масовно се бара, изјави Гилески. |
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=BF4FF5D0C409454AA721D9BA82539324
|
 |