![]() |
![]() |
![]() |
Именување на улици и објекти |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 15> |
Author | ||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() Posted: 25-Jan-2025 at 19:21 |
|
ТЕТОВСКИОТ СОЈУЗ НА БОРЦИТЕ ОД НОБ ГО ПРЕДУПРЕДИ КАСАМИ ДА НЕ ГИ ЧЕПКА ИМИЊАТА НА АНТИФАШИСТИТЕ ОД УЛИЦИТЕ ВО ТЕТОВО
Општинската организација на Сојузот на борците од НОБ од Тетово остро реагира и го предупредува градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами дека со најавената промена на имињата на улиците и отстранувањето на имињата на борците НОБ и антифашистичката војна, лесно може да ја отвори пандорината кутија и да дојде до меѓу национална нетрпеливост. Градоначалникот Касами пред неколку месеци најави дека е формирана комисија која треба да им даде имиња на поголем број улици во Тетово, кои сега се водат под бројка, но и промена на имиња на улици кои се уште од времето на Југославија. Борците од Тетово, но и граѓаните од македонска националност велат дека на листата ќе се најдат имиња на Албанци кои учествувале во конфликтот од 2001 година како и имиња кои немаат никаква поврзаност со Македонија и Тетово. „Почитуван Билал Касами, како градоначалник на Општината, вие по Устав, закон и здрав разум, сте градоначалник во служба на сите граѓани кои живеат во општината за која сте добиле чест и доверба да ја предводите. Определувањето на имињата на улиците не е инструмент со кој можете политички да профитирате, туку е отворање на пандорината кутија од која може да излезат големи непријатности за сите. Вашата најава за промена на постоечките и определување на нови имиња дека одлучува Советот на Општината и дека верувате во политички консензус, а притоа велите дека доколку владејачката ВМРО-ДПМНЕ или која било друга македонска партија одлучи да не биде дел од процесот значи дека истите се согласиле сите улици во градот да бидат именувани според албански личности. Дополнително, додавате дека за предметната одлука воопшто не е потребно Бадентерово мнозинство. Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти во ч. 4, стр. 2 експлицитно пропишува дека Одлуката за определување на име на улица, плоштад, мост и на друг инфраструктурен објект на подрачјето на општината ја носи Советот со мнозинство гласови, при што мора да има мнозинство гласови од присутните членови на Советот кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинско население во општината“, се вели во соопштението испратено од Сојузот на борците од Тетово до градоначалникот Касами. Комисијата за промена на имињата на улиците сè уште не излегла официјално да ги претстави кои улици ќе бидат преименувани и кои имиња ќе добијат, но меѓу граѓаните на Тетово постои загриженост дека при изгласувањето на промената на имињата нема да се почитува Бадентеровиот принцип и дека советниците од македонска националност ќе бидат надгласани во Советот. „Сојузот на борци во оваа прилика јавно апелира до членовите на Советот на Општина Тетово навреме, јавно да излезат со свој став против какво било преименување на улиците кои носат имиња на национални дејци од антифашистичкото минато на македонскиот народ и народностите, меѓувековните борби за државност, како и на нашите сојузници од антифашистичката коалиција, како и против какво било именување на улици и инфраструктурни објекти со имиња на личности, настани и датуми кои слават фашистичка, терористичка, милитаристичка или радикална личност, односно група“, додаваат од Сојузот на борците од Тетово. Во 2007 година беше направена првата промена на имињата на улиците во Тетово. Тогаш името на градскиот плоштад и главната сообраќајница, кои го носена името Маршал Тито беа променети во плоштад и булевар Илирија, улицата ЈНА во Дервиш Цара, улицата 29 Ноември во Мехмет паша Дерала, а нови имиња добија и повеќе други улици. Но, оваа промена сè уште не е званично одобрена од надлежните државни органи, па сега кога Општината испраќа соопштенија ги користи новите имиња на улиците, но во офоцијалните документи како што се лична карта, пасош, возачка дозвола и други документи уште стојат старите имиња на улиците. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/tetovskiot-sojuz-na-bortsite-od-nob-go-predupredi-kasami-da-ne-gi-chepka-iminata-na-antifashistite-od-ulitsite-vo-tetovo/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
ВО СКОПЈЕ СЕ МЕНУВААТ ИМИЊАТА НА УЛИЦИ КАКО ЧОРАПИ – ЗАСПИВАШ НА ЕДНА СЕ БУДИШ НА ДРУГА УЛИЦА Мајка Тереза ги спои Водно и Чаир
Најголемата светска хуманитарка, светицата Мајка Тереза, ги спои Водно и Чаир. Една од најрепрезентативните улици во Скопје, улицата „Водњанска“, пред неколку години беше преименувана во „Мајка Тереза, а од пред два дена и во скопската општина Чаир главната улица „Христијан Тодоровски-Карпош“ замина во историјата и го доби името „Мајка Тереза“! За потсетување, со одлука на Советот на Град Скопје, од 24 јуни 2012, сменети се имињата на неколку улици, мостови и други инфраструктурни објекти, меѓу кои и името на „Водњанска“ во „Мајка Тереза“. Но, за скопјани, таа остана „Водњанска“, па на 30 март 2021 година, градските власти ѝ го вратија препознатливото име. Вакво често менување на имињата на улиците создава хаос и проблеми кај жителите, кои неретко велат: „Како тргнале овие, не знеш на која улица ќе легнеш, а на која ќе се разбудиш!“ Најголемата светска хуманитарка, светицата Мајка Тереза, ги спои Водно и Чаир. Една од најрепрезентативните улици во Скопје, улицата „Водњанска“, пред неколку години беше преименувана во „Мајка Тереза“, а од пред два дена и во скопската општина Чаир главната улица „Христијан Тодоровски-Карпош“ замина во историјата и го доби името „Мајка Тереза“! – Со гордост објавуваме дека отсега главната улица во Чаир ќе го носи името на оваа голема албанска личност – напиша вицепремиерот Изет Меџити на својот фејсбук-профил. На ова реагираа од Левица, од каде што велат дека продолжува системското бришење на антифашизмот во Чаир со тоа што се преименува улицата што го носеше името на народниот херој Христијан Тодоровски-Карпош. – Функционери на Вреди, и тоа вицепремиерот и поранешен градоначалник на Чаир, Изет Меџити, и сегашниот градоначалник на Општината, Висар Ганиу, го обелоденија преименувањето на булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош” во „Мајка Тереза“. За ситни политички поени и за продолжување на проектот на ДУИ за целосно бришење на антифашистичкото минато од оваа скопска општина, сега на ред дојде и овој булевар, кој го поврзува северниот дел од градот до централното градско подрачје. Претходно, на овој тренд на преименување подлегнаа и улиците што ги носеа имињата на чаирските народни херои како Цветан Димов, како улицата „Втора македонска ударна бригада“ преименувана во „Адем Демачи“ и паркот на НОБ, кој стана Парк Украина, во кој сега стои и биста на некогашниот американски претседател Вудро Вилсон, меѓу другите, реагираа од Левица. Граѓаните на Скопје во изминатиов период доживеаја редица стресови со менувањето на имињата на улиците. Велат дека ваквите потези се веќе неиздржливи, бидејќи кому како ќе му текне, така менува, па тие што живеат на тие улици се соочуваат со редица проблеми, од вадење нови лични документи, од нови тапии во Катастарот, и згора на сè, сето тоа претставува дополнителен трошок, кој паѓа на товар на жителите на тие улици, а не на градските власти. За потсетување, со одлука на Советот на Град Скопје, донесена на 24 јуни 2012, Градот Скопје ги смени имињата не неколку улици, мостови и други инфраструктурни објекти, меѓу кои и името на „Водњанска“ во „Мајка Тереза“. На 30 март 2021 година, пак, мнозинството од Советот на Град Скопје гласаа за листата за промена на имињата на улици, мостови, булевари… со која некои од улиците си ги вратија старите имиња, преку кои беа познати повеќе децении, а новите не беа прифатени во јавноста. И така една од најпознатите улици во Скопје, „Водњанска“, го враќа старото име, кое беше променето пред неколку години во „Мајка Тереза“, а скопјани и натаму ја нарекуваа таа улица „Водњанска“. Или „Ленинова“, која беше преименувана во „Аминта Трети“ или „Железничка“ во „Јордан Мијалков“. И тие две улици си го вратија старото име. https://www.vecer.press/%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5-%D1%81%D0%B5-%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D1%9A%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%83%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B8/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
И официјално плоштадот кај мини маркет ќе го носи името на големиот охридски уметник Вангел Наумовски
![]() Иницијативата за тоа ја покрена Лајонс клубот „Лихнидос“ од Охрид, а предлогот наскоро ќе биде ставен на дневен ред на седница на Советот на Општина Охрид, што го има последниот збор. https://www.ohridnews.com/i-oficzi%D1%98alno-ploshtadot-ka%D1%98-mini-market-%D1%9Ce-go-nosi-imeto-na-golemiot-ohridski-umetnik-vangel-naumovski/ Edited by Џоле - 18-Apr-2024 at 07:09 |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Иса Болетини или Љуба Ивановиќ?
ЌЕ СЕ ВРАЌААТ ЛИ СТАРИТЕ ИМИЊА НА УЛИЦИТЕ ВО СКОПСКАТА ОПШТИНА БУТЕЛ? Голема врева се крена неодамна кога граѓаните беа принудени при вадењето лични документи да го докажат точното име на улицата, барајќи потврди од градските власти за новото име на улицата на која живеат. Тоа беше и сѐ уште е битка што граѓаните ја водат со институциите, бидејќи личните документи мора да ги сменат. Само што се смири вревата околу овој скандал, кој им се удри од глава на некои од жителите на градот, прашањето повторно се актуализира – овој пат од страна на градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, кој од Градот бара враќање на старите имиња на улиците. БАРАЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ ЗА ВРАЌАЊЕ НА СТАРИТЕ ИМИЊА НА УЛИЦИТЕ ВО ОПШТИНАТА Пред само еден месец како бомба одекна во јавноста информацијата дека во Скопје се сменети имињата на 485 улици. Од нив, како спорни беа детектирани 185 улици. Од жителите на тие 185 улици, МВР бараше уверение од Град Скопје за утврдување на моменталната состојба со името на улицата за надминување на проблемите што беа воочени веднаш по примената на имињата на новите улици. Па, така, жителите на една од спорните улици беа принудени да поднесуваат барање за уверение до Град Скопје со кое ќе го докажат точното име на улицата на која живеат. Сите овие лавиринтски егзибиции беа предизвикани затоа што од стара улица се создадени две-три нови улици со нови имиња, а немаат прецизна разграничувачка меѓусебна граница, па нејасно е за вработените на МВР на која улица живее подносителот. И како што рекле старите, секое чудо за три дена, така и ова се заборави. Граѓаните што имаа потреба од уверение си поднесуваа, па дури потоа вадеа лични документи. Сега проблемот за жителите на 38 улици во Бутел повторно се актуализира. Како што информира градоначалникот на оваа скопска општина Дарко Костовски, поднел барање до Град Скопје за враќање на старите имиња на улиците. – Поднесов иницијатива до Град Скопје со барање за враќање на старите имиња на 38 улици во општината Бутел. Целосната ингеренција за враќање на старите имиња ја имаат градоначалничката на Град Скопје и Советот на Град Скопје. До мене како градоначалник и до Општина Бутел изминатиот период пристигнаа голем број иницијативи од граѓани. Барањата на граѓаните се и мои барања. Во минатото од страна на поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, и Советот на Град Скопје беше донесена одлука за промена на улиците. Своеволно, без никаква консултација со граѓаните, за свој личен интерес беше донесена таа одлука – напиша Костовски на Фејсбук. ОБВИНУВАЊА СО ЕТНИЧКИ ПРЕДЗНАК Од ДУИ обвинија дека Костовски намерно сакал да ги смени имињата, за да нема улици со албански имиња, на што тој истакна дека не е негова иницијатива, туку на околу деведесетина потпишани граѓани, меѓу кои има и Албанци. – Од вкупно 38 улици, 18 се со албански имиња, што значи тезата дека станува збор само за албански улици се поништува. Покрај тоа што советниците на ДУИ и Алтернатива ја имаа на увид граѓанската иницијатива, сепак тие одлучија грубо да ги лажат сограѓаните Албанци дека станува збор за менување улици само со албански имиња – рече тој. Костовски додаде и дека Општина Бутел е мултиетничка општина и со вакви несериозни и лажни обиди за добивање политички поени нема да постигне ништо ниту ДУИ ниту која било друга партија. ГРУПА ГРАЃАНИ: „САМО ДА НЕ ТРЕБА ПАК ДА МЕНУВАМЕ ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ“ И сѐ ќе беше во ред доколку меѓу тие 38 улици за кои градоначалникот бара враќање на старото име не беше една од 185-те спорни улици за кои граѓаните лутаа од шалтер до шалтер за да ја добијат фамозната потврда од градските власти. Една од спорните улици е Иса Болетини, поранешна Љуба Ивановиќ, чии жители велат дека изоделе трнлив пат за да добијат нови лични документи. Издвојуваме еден од групата граѓани како карактеристичен пример. Имено, тој е жител на оваа улица што пред еден месец поднесе барање за уверение, а кое го чекаше речиси цел месец. Живее во Швајцарија, а во Скопје живее неговата стара мајка. Тогаш тој дојде со сопругата за да извади нови лични документи, а сега веќе е вратен во Швајцарија. Тој вели дека воопшто не му е грижа како ќе се вика улицата на која се води како жител, сѐ додека таа остане со непроменето име. – Јас не можам да доаѓам и постојано да менувам лични документи. Ниту пак можам да ја шетам мајка ми, која има 90 години, да оди да зема потврди. Надлежните нека одлучат што ќе прават, само тоа никако да не биде пак по наш грб. Доста плаќавме ние за туѓи одлуки – вели тој. За граѓаните е спорно тоа што секако се принудени да ги менуваат личните документи поради Преспанскиот договор, но сега тоа не мора да се прави постојано. – Да, и јас сакам да се врати старото име на нашата улица. Така било кога растел тука татко ми, сакам така и да остане. Убава е идејата на градоначалникот, меѓутоа само ако не треба повторно да ги менуваме документите, односно да си се врати старото име кога документот ќе истече – вели З.Б., жителка на оваа улица во Бутел. ЕКСПЕРТСКО МИСЛЕЊЕ Професорот Борче Давитковски од Правниот факултет „Јустинијан Први“, кој предаваше во областа на јавната администрација и административното право, неодамна во изјава за „Нова Македонија“ истакна дека никој не го почитува законот иако постои. – Во согласност со Законот за општа управна постапка, кога еден граѓанин вади лична карта, МВР е должно по службена должност да се обрати кај сите органи, дали кај Град Скопје или кај општините, министерствата или каде било, за информации, а тие, пак, се должни да ги достават бараните информации. Никој не го почитува законот. Тоа е нов закон од 2015 година, а се применува од 2016 година. За овој проблем има решение, надлежните да не ги шиканираат граѓаните – вели професорот. Според него, срамно е ова што ни се случува, бидејќи низ многу обврски минуваат граѓаните и со промената на името на земјата, па тие мора да ги менуваат сите документи на сопствен трошок. – Ете како органите на власта нѐ третираат како граѓани. За нив народот постои само кога треба да гласа… А во други околности – не. Ако некој менува имиња на улици „како чорапи“, тоа значи дека треба потребните финансиски средства во целост да ги обезбедат надлежните општини и да ги покријат. Некои држави имаат имиња на улици стари дури 300 години, кај нас постојано се менуваат… Какво е тоа самоволие – се прашува професорот Давитковски. https://novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/isa-boletini-ili-ljuba-ivanovikj/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
![]() |
||
Љубе ![]() Newbiе ![]() Joined: 25-May-2023 Location: Ѓорче Петров Online Status: Offline Posts: 1 |
![]() ![]() |
|
4 јули, ден на борецот. Да не беше прогласом можеби немаше да биде 11 Октомври. Ленин е прв политичар кој сакал Македонија да биде цела но како Советска па почнал преговори со Тодор Александрв по Првата Светска војна но како посебна држава, а не во рамките на СССР. ВМРО на Тодор Александров го собрало целото наоружување на Бугарската војска која се распаднала. Тодор Александров бил против Советска Република Македонија но сватил дека само таква може да биде цела. На жалост по смрта на Ленин Сталин ги прекинал преговорите.
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Carpe diem
|
||
![]() |
||
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
За политичкиот дел е друга приказна, македонците уште се заглавени некаде во минатото кадешто сметаат дека само македонците имаат право да го обликуваат јавниот простор. А не дека немало и таква шанса, само што таа шанса ја изгубија и постојано ја губат зашто не си ги подредуваат на време политиките со тој што го владее просторот. |
||
![]() |
||
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
|
![]() Ova e samo dokaz za istorisko-politickoto lutanje na denesniot Makedonec, koj za zal e zaslepen od deceniskite lagi i manipulacii so sto denes ne e vo sostojba da si gi definira vistinskite heroi i nastani od minatoto. Sremskiot front e klanica za Makedoncite koi bea prakani nepotrebno da ginat. Namesto da im dademe pocest i kolektivno sekavanje na zrtvite (npr. ulicata moze da se narece po nazivot na makedonskata voena edinica), nie znacanje mu davame na istoriskiot nastan koj nepotrebno i somnitelno odnese okolu 2000 makedonski borci vo smrt. |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Жителите бараат да се врати старото име „Сремски фронт“ на улицата „Исмаил Кривца“
Жителите на улицата „Сремски фронт“ во Општина Ѓорче Петров, која сега го носи името „Исмаил Кривца“, бараат враќање на старото име на улицата, откако во 2021 година го смени поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов. За таа цел, тие се организираат со петиција, која ја потпишале 110 домаќинства. Советничката Марија Андоновска, на седницата на Советот на Град Скопје посветена на советнички прашања, во името на жителите, побара од сегашната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, да се смени името на улицата. – Жителите не се согласуваат со одлуката за промената на името, бидејќи веќе постои улица со исто име во Општина Чаир – истакна Андоновска. https://www.vecer.press/жителите-бараат-да-се-врати-старото-им/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
|
Тука се слагам потполно, со тоа што не сме единствени (а па најмалку први) конструктори на континуитет. На балканското поднебје, еден пример за основоположник на фантастичната дисциплина на креирарање милениумски котинутиет на народите е Консантитнос Папаригопулос, „таткото“ на „грчката“ историја.
Хахах, прајслес ![]() |
||
![]() |
||
JovanOdGjorche ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Oct-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 518 |
![]() ![]() |
|
Друже ова е уметничко дело. Секако дека Кондовски го нема видено Климета како изгледал во живо па да го прикаже на платно во р реална слика, а за придавските форми во македонскиот јазик, си имаш правопис, граматика, ќе си видиш кои форми ги имаме.
Секоја држава, народ, етникум си има свои приказни со херои и личности кои ги величи и моделира за да влезат во некоја рамка на пропагандата која ја шират. Не мораш да одиш далеку, еви ви го и Скендербег, на некои слики е претставен како венецијански трговец (да ги задоволи католиците) а во некои е ко воин со бела брада на коњ (да го задоволи „воениот“ муслиманскиот дел), исто е и со Гоце, Алекс, Ахмети, Заев, Грујо. |
||
And something, somewhere was lost in 1938...
|
||
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
Могуче да бил или грк или бугар, точно не знам. Во тоа време во Охрид сеуште има голема грчка "заедница", што би се рекло во денешни политички термини. "Македонец" е појава од втора половина на 19ти век па навака, добива на популарност, денес сме посебен народ, не е тука ништо спорно. Ниту па е толку страшно што ете не сме посебна биолошка раса Homo Sapiens Macedinucus изолирана од почетокот на светот навака, како што тоа впрочеми сите балкански народи се заглупени да мислат дека се до толку есенцијални/афтентични, до степен да се посебна биолошка гранка.
У суштина тоа е и небитно во муабетов, неговото етничко потекло, битно е дека е направен обид да биде прикажан како цивилен функционер искористувајќи го неговото географско потекло од денешната Република Северна Македонија, тогашна СРМ во состав на СФРЈ. Приказ кој е нетипичен и авангарден по критериумите на таа идеологија, приказ непознат надвор од познатите традиционалните црковни прикази. Македонија има такви појави да се обидува ретроактивно да надополнува тоа што мисли дека и фали, да додава некој виртуелен континутитет. Нешто што не проаѓа пред целиот свет, ама за домашна употреба врши работа. А и у Југославија проаѓало пред другите сојузни народи, зашто ете морало да ја толерираат и Македонската лажна приказна заради мир у куќа. Па така оваа политика г-дин Климент Охридски го седнува на биро, Никола Карев на коњ, Тоше Проевски на икона, Груевски/Заев у псевно-народна песна. Све е тоа еден исти циркус! Edited by user8642 - 01-May-2022 at 11:15 |
||
![]() |
||
Phiko ![]() Senior Member ![]() Joined: 24-Aug-2020 Online Status: Offline Posts: 209 |
![]() ![]() |
|
Извини, ама не рикаше ти пред некоја недела за говор на омраза кога некој ги спомна источните соседи? Ти сега ова што го правиш што е? И како што знам јас ова е форум за градежништво, урабанизам и слични теми, а не за такви како тебе да шират пропаганда. 30 Сребреници ти платија барем? |
||
![]() |
||
Marxentric ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Apr-2020 Location: Paionia Online Status: Offline Posts: 334 |
![]() ![]() |
|
Јасно, тој бил блгар со преизме на -ски, исто како и ти, исто како и Кирил и Методиј, исто како и Исус. Нек одат подалеку со договорот кој претстои, па и Кришна нека го закотват како блгар и еднаш засекогаш да се замолчи простата маса, за типови како тебе да цветаат! |
||
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
Отсекогаш бил Охридски како географско потекло, нема тука дилеми. Ниту Охридов, ниту Охридовиќ. Комунистите ништо не измислиле, туку у случајов го искористиле зборот "Охридски" како да е тоа некое презиме, а не ознака за географско потекло. Тоа е идејата на сликата, да се прикаже како функционер, со цивилна фаца, без ореол, и со Име+Презиме во формат поствоено-Македонски.
Edited by user8642 - 28-Apr-2022 at 17:08 |
||
![]() |
||
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
|
Фала на инфото, баш се думав дали беше Кондовски.
Паметен лик си, ама ова ти е тешко бламаге ![]() Edited by hcitrS - 28-Apr-2022 at 08:57 |
||
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
Ич да не се секираш, тоа прашање ќе се затвори еднаш за секогаш согласно историската вистина, со договорот кој претстои! И нема веќе никогаш да може да биде тема за партиско-политичко поткусурување на глупи народни маси.
|
||
![]() |
||
Marxentric ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Apr-2020 Location: Paionia Online Status: Offline Posts: 334 |
![]() ![]() |
|
Не бе требало по форматот на твоите финансиери да му дадат име и презиме, Климент Охридов ![]() |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 15> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |