![]() |
![]() |
![]() |
Битолски сообраќај (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 18> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() Posted: 01-Sep-2024 at 18:03 |
СЕ РАБОТИ НА ИЗГРАДБА НА АТМОСФЕРСКА И МЕШОВИТА КАНАЛИЗАЦИЈА НА ВЛЕЗОТ ВО БИТОЛА ОД ПРИЛЕП
Проектот за Реконструкција со доградба на коловоз на дел од улица „8 Септември“ во Битола, од бензинска пумпа „Лукоил“ до граница на ГУП на Град Битола, се одвива согласно предвидената динамика. Деновиве изградена е атмосферска канализација со ПЕ канализациони цевки во должина од 350 метри и се врши ископ на земја за изградба на мешовита канализација во вкупна должина од 732,3 метри. Согласно проектната документација, изградбата на новата атмосферска канализација ќе биде во вкупна должина од 2178 метри и ќе се гради на три надолжни краци. Проектот вклучува и реконструкција на водоводна линија која се состои од два цевководи и тоа еден транзитен цевковод во должина од 822,5 метри кој предвидува замена на челичната цевка Ф450 мм со нова цевка и секундарна водоводна цевка со профил ф 110 мм и должина 822,5 метри. Со реконструкција на постоечкиот коловоз со доградба согласно ДУП се планира да се добие вкупна ширина на профилот на улицата од 27,5 метри. Градската магистрална улица ќе биде со попречен профил составен од два коловози (источен и западен) секој со по две сообраќајни ленти со широчина од 7 м (секоја сообраќајна лента со ширина од 3,50 метри), разделно зеленило меѓу нив со широчина од 2.50 како и обострани тротоари со велосипедски патеки и зелен појас – дрворед со широчина од по 5.50 метри. На реконструираниот влез во градот ќе биде поставено и ново улично осветлување во должина од 1313 метри. Со реализација на сите проектни фази, Битола ќе добие влез во градот, каков што и доликува. ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/profile.php?id=61564991887583 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ СТАВИ КАМЕН-ТЕМЕЛНИК ЗА ИЗГРАДБА НА ВЛЕЗОТ ВО БИТОЛА, НО ДОПРВА СЛЕДИ ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА НА ПРИВАТНОТО ЗЕМЈИШТЕ
![]() Приватни сопственици на земјиште кое е опфатено со трасата за изградба на нов булеварски влез за Битола побарале судски увид на лице место, за да обезбедат докази со цел да бидат обесштетени од Општината. Судскиот увид на лице место бил извршен на први август, или шест дена откако на 26 јули започнаа градежните зафати на влезот на кои камен-темелник стави и премиерот Христијан Мицкоски. Изградбата почна, а експропријација на дел од трасата допрва ќе следи. „Увидот на лице место од страна на судот беше направен во две постапки за обезедување на доказ, кои се однесуваат на утврдување на надоместок за експропријација на земјиште опфатено со трасата, а по предлог на приватни сопственици“, изјавија од Основниот суд во Битола за САКАМДАКАЖАМ.МК. При нашата посета на терен, на први август и повторно на 5 август, на местото кое е означено за реконструкција не затекнавме поголеми градежни зафати. Премиерот Мицкоски на ставањето камен-темелник рече дека очекува „брзо да се заврши овој влез, со што ќе биде заокружена една целина“ и најави дека „до крајот на оваа година и следната околу 14, 15 милиони евра ќе бидат инвестирани во проекти овдека во Битола, надвор од буџетот којшто го има самата Општина“. Од Општина Битола на нашето прашање дали станува збор за недозавршена експропријација и како тоа ќе се решава откако почна реконструкцијата на патот, ни одговорија дека реализацијата се одвива фазно, согласно утврдената динамика во проектната документација. Во оваа фаза, велат дека се работи на изградба на атмосферска канализација, а паралелно Општината ги спроведува потребните правни процедури за обесшетување на сопствениците на земјиштетио на дел од трасата. Од Општина Битола велат дека пред почнувањето на работните активности на терен, завршени се потребните постапки за првата фаза од проектот – реконструкција со доградба на коловоз на дел од улица 8 Септември во Битола, од бензинската пумпа „Лукоил“ до границата на Генералниот урбанистички план (ГУП) на Град Битола. „Во оваа фаза се работи на изградба на атмосферска канализација, а активностите во должина на трасата се одвиваат непречено. Паралелно, Општината ги спроведува потребните правни процедури со сопствениците на земјиште на дел од трасата, што поради јавен интерес е потребно да биде завршено за реализација на последната фаза од проектот, односно реконструкција со доградба на коловозот согласно деталниот урбанистички план. Во овој контекст и судскиот увид не е извршен на местото на кое беше поставен камен-темелник и каде што моментално се работи, туку на делот кој е поврзан со финализирање на проектот, после завршувањето на реконструкција на водоводна линија, мешовита канализација и изградбата на нова атмосферска канализација, до кога согласно законската регулатива ќе бидат комплетирани и правните постапки од последната фаза на проектот“, се вели во одговорот од Општина Битола. Според најавата, делницата ќе опфаќа не само нов коловоз туку комплетен булеварски влез со ширина од 27,5 метри, ширина на двата коловози од по 7,5 метри, со урбано уредена површина која ќе ги разделува двата коловози со пешачки и велосипедски патеки од 5,5 метри од по страните. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/premierot-mitskoski-stavi-kamen-temelnik-za-izgradba-na-vlezot-vo-bitola-no-doprva-sledi-eksproprijatsija-na-privatnoto-zemjishte/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
nikolakoco ![]() Groupie ![]() Joined: 26-Dec-2021 Online Status: Offline Posts: 58 |
![]() ![]() |
Пред неколку дена е започнато со туркање на објекти од Лукоил (Г. Оризари) па кон излезот кон Прилеп. Па конечно се започнува со работа на булеварскиот влез на Битола.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЗА ДВА МЕСЕЦА СЕ ДЕФОРМИРАШЕ АСФАЛТОТ НА НОВИОТ КРУЖЕН ТЕК ВО БИТОЛА, А СПОМЕНИКОТ НА ВОЈВОДАТА ТУРУНЏЕВ УШТЕ ГО НЕМА
![]() Споменикот на војводата Александар Турунџев никако да стигне до новиот кружен тек што кај старата Ветеринарска станица го изгради Општина Битола. Иако улицата беше асфалтирана во ноември, а во јануари беше констатирано дека има деформации на асфалтот, таа уште не е коригирана. Изведувач е компанија од Демир Хисар, а вредноста на договорот изнесува 11,7 милиони денари, плус анекс од 2,2 милиона денари. Од Општината велат дека изведувачот нема да биде исплатен додека не ги отстрани недостатоците. „На кружниот тек се констатирани деформации на вториот слој асфалт и истиот треба да се извади и да се нанесе нов слој. Службите во Општината одржаа состанок со изведувачот, на кого му е даден рок за отстранување на недостатоците. Тој нема да биде исплатен за завршената работа додека не бидат отстранети“, соопштија од Општината за САКАМДАКАЖАМ.МК. Градоначалникот Тони Коњановски рече дека ќе бара одговорност од сите изведувачи кои направиле пропусти. „Нема да дозволам неодговорност и непродуктивно трошење на ниеден општински денар. Секој изведувач мора да гарантира и да изврши квалитетна работа, затоа што во спротивно, штетите нема да бидат на товар на граѓаните и општината, туку на изведувачите“, рече Коњановски. На седница на Советот одржана деновиве имаше бурна дискусија за инстраструктурните зафати. „Можеме да го видиме згрешениот кружен тек за кој ни се смее цела Македонија. Можеме да видиме дека се склучувани анекси, зашто очигледно, состојбата на терен не се совпаѓала со состојбата предвидена со проектот. Битола има нова населба која досега се викаше Недопирливи, а отсега може да се вика Недопраени“, рече Габриела Илиевска од Поинаку, претседателка на Советот. Советниот од Пoинаку, Иван Чулакоски, на 7 февруари го објави записникот од извршениот технички преглед на кружниот тек, направен на 26 јануари, добиен преку барање за слободен пристап до инфорамции. Во записникот пишува недостатоците со асфалтот да се отстранат кога ќе има поволни временски услови за да не дојде до повторување на оштетувањата. До денес корекцијата не е направена. За да се направи кружниот тек беа исечени повеќегодишни дрвја, а дел од возачите коментираат дека премините се тесни. Сличен проект планираше и ексградоначалникот Владимир Талески во 2017, но се откажа поради протестите на граѓаните кои се спротивставија на сечата. Тогаш се изработи споменикот на војводата Турунџев, кој остана во општинскиот двор. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/za-dva-mesetsa-se-deformirashe-asfaltot-na-noviot-kruzhen-tek-vo-bitola-a-spomenikot-na-vojvodata-turundhev-ushte-go-nema/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
JOE ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2010 Location: Bitola Online Status: Offline Posts: 226 |
![]() ![]() |
Оваа улица насушно му требаше на градот и доста време се издолжи.Се прави можеби 7-8 години во разни фази (каналот,затрупувана стариот и пренасочување на настрана, дислокација на далноводи и укопвање под земја, нова канализација со поголем капацитет за новата населба и проширување на улицата до димензии ма булеваро.Ќе ја растерети партизанска за минимум 30%.
Штета што улицата значително се стеснува кај студентскиот дом и не се спојува со соодветна раскрсница со Партизанска и треба вртење лево за 90 степен |
|
![]() |
|
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
https://www.bitola.gov.mk/%d0%b7%d0%b0%d0%bf%d0%be%d1%87%d0%bd%d0%b0-%d0%b0%d1%81%d1%84%d0%b0%d0%bb%d1%82%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%b5%d1%82%d0%be-%d0%bd%d0%b0-%d1%83%d0%bb%d0%b8%d1%86%d0%b0-%d0%ba%d1%80%d1%83%d1%88%d0%b5/ Edited by Théoden - 30-Mar-2024 at 23:42 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ИСЕЧЕНИ ДРВЈАТА КАЈ ВЕТЕРИНАРНОТО ВО БИТОЛА ЗАРАДИ ИЗГРАДБАТА НА КРУЖЕН ТЕК
![]() Исечени се повеќегодишните дрвја кај поранешната Ветеринарна станица во Битола, на местото каде што ќе се гради новиот кружен тек со споменикот на Александар Турунџев. Кружниот тек ќе биде на крстосницата на улиците Прилепска и Баталјон Стив Наумов. Сличен проект пред шест години планираше да реализира тогашниот градоначалник Владимир Талески, но се откажа по противењето на околните жители да се сечат дрвјата. При денешната сеча, жителите кои ги затекнавме пред зградите не сакаа да зборуваат со новинарите. Од Општина Битола соопштија дека заради непречено спроведување на градежните работи, на просторот каде ќе биде изграден новиот кружен тек, неопходно беше отстранување на постоечките дрвја, поради што ЈП Комуналец годинава засади 867 нови садници на повеќе локации низ градот, а во 2022 исто така засади 452 декоративни и 10 листопадни дрвја. Од Општината велат дека со кружниот тек ќе се растовари сообраќајот, ќе се зголеми безбедноста и ќе се намали аерозагадувањето. Општина Битола неодамна преку писмено соопштение извести дека е подготвена за реализацијата на голем инфраструктурен проект. За него се предвидени 11.790.640 денари (193.289 евра), во што се вклучени канализациона мрежа, коловоз и улично осветлување. По завршувањето на овој проект ќе се промени и режимот на сообраќајот во овој дел на градот. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/isecheni-drvjata-kaj-veterinarnoto-vo-bitola-zaradi-izgradbata-na-kruzhen-tek/?fbclid=IwAR1Ixv1yV7biiOGN7hHE8Gk4-Dui2VrAvWGQTtlzR_ebEVqsLhB1KaZYyr4 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ОПШТИНА БИТОЛА ПЛАНИРА ДА ИЗГРАДИ КРУЖЕН ТЕК СО СПОМЕНИК НА АЛЕКСАНДАР ТУРУНЏЕВ КАЈ ВЕТЕРИНАРНАТА СТАНИЦА
![]() Споменикот на Алексанадр Турунџев, по шест години поминати во општинскиот двор, ќе биде поставен на кружниот тек кој Општина Битола наскоро планира да го гради кај поранешната Ветеринарна станица, како што беше и првично замислен, но владата на ексградоначалникот Владимир Талески во 2017 се откажа поради протестите на околните жители. Сегашната локална власт одново актуелизира ваков проект, кој исто како и претходно предвидува кружен тек на крстосницата меѓу улиците Прилепска и Баталјон Стив Наумов во Битола, а над кого ќе биде поставен споменикот на војводата висок 3 метри, за кој пред шест години Општината плати 28.000 евра. ![]() Од Општина Битола преку писмено соопштение известија дека се подготвени за реализација на голем инфраструктурен проект, предвиден за оваа градежна сезона. Согласно подготвената проектна документација и склучениот договор со изведувачот, наскоро ќе започнат работните активности. Предвидени се 11.790.640 денари (193.289 евра), во кои е вклучена канализациона мрежа, коловоз и улично осветлување. Со завршувањето на овој проект, ќе се промени и режимот на сообраќај во овој дел на градот, а на кружниот тек ќе биде поставен и споменикот на Александар Турунџев. Прв ваков проект во 2017 најави поранешниот градоначалник Владимир Талески. Но, се откажа од негова реализација откако се побуни месното население зашто тој предвидуваше да се сечат дрвјата од паркот пред зградите кои ги штитат од прашина и издувни гасови од сообраќајот. И покрај издаденото решение за сеча на комуналните служби, одлуката не се спроведе на дело. На локалната власт предводена од Талески инфраструктурниот подем во Битола ѝ се состоеше од четири кружни текови за кои Општината даде многу пари, а беа украсени со филџан, клавир да ја отсликува музичката традиција токму во периодот кога тогашната државна власт се обидуваше да го продаде Офицерски каде е сместена најакустичната сала за концерти, па пајтон и креација слична на лампион. Турунџев требаше да се постави на петтиот кружен тек, но со промената на власта, СДСМ не го изгради текот, а споменикот остана во општинскиот двор. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-bitola-planira-da-izgradi-kruzhen-tek-so-spomenik-na-aleksandar-turundhev-kaj-veterinarnata-stanitsa/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
ИЗВОР: Портал Апла Или јас сум премногу наивен, или самиот факт што воопшто ова е тема на разговор во предизборието е успех невиден. Успеале да се соберат да разговараат специјално на оваа тема (затоа и ја ставив и сликата) колку толку ветува нешто. Од една страна сосем се слагам дека подземен паркинг е гаранција дека уште 50 години луѓето ќе одат во центарот со кола (за дистанци помали од 1 километар), ама па од друга страна паркинг таму мора да има, од проста причина што нема друга локација каде да се изгради во радиус од 1 километар. |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
Во оваа видео снимка од седница на советот на Општина Битола (точно на timestamp-от кој го линкував) еден од членовите на тимот кој ја изработи новата сообраќјна студија за град Битола, објаснува зошто и како, и одговара на прашања. Мислам дека многу ретко досега имаме јавно излагање и анализа зошто и како е избрано одредено сообраќајно решение не само во Битола, туку во цела држава. Кој сака да гледа 1.5-2.0х брзина, нема да погреши. Edited by гитардемон - 14-Dec-2020 at 22:32 |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
Ами и Битола имаше доста лоши идеи (коишто останаа недовршени и на крајо на ништо не личат, ко "булеварот" кај Симпо на пр., или Стара Болница зградитр) ама самата големина на стариот град едноставно придонесе да остани доста од органскиот развој (највероватно базиран на средновековен модрл со некои мали изблици во 19 век, како широк сокак и кејот).
Според мене најголрма трагедија му се има случено на Штип во повоениот период, едно многу симпатично старо јадро како Велес/Охрид е срушено за израдба на онаа несрќна идеа Ванчо Прке со бедни згради и една шитрока улица која иди од и води кон никаде. Илјадакратно порадо би живеел во "отоманска паланка" отколку бездушна тага како Аеродром, Мичурин.. |
|
![]() |
|
JovanOdGjorche ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Oct-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 518 |
![]() ![]() |
Треба да се заштитат старите градби а не да се рушат! Сите градови во Македонија имале одлични мали, живи, компактни маала и улички кои за време на СФРЈ се уништиле! Пример е Куманово каде центарот е уништен со подигање на „коцки“ кои денес се распаѓаат! Битола е редок пример за Македонија каде она што вреди, сѐ уште е на своето место!
|
|
And something, somewhere was lost in 1938...
|
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Јас баш си ја сакам Битола, токму поради сокаците и тоа е еден од ретките градови каде што да можам да работам, веднаш би прифатил, не би се мислел воопшто.
Споредбава со Париз и Битола е една голема утка и нема врска едното со другото, бидејќи по таа аналогија, 90% од италијанските градови треба да се срушат за да има булевари. |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Боље да се изнаредат стентони и чифлиганевци отколку да си остане како резерват на отоманска империја со примеси на нео-феудално урбано дивјаштво.
|
|
![]() |
|
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
Да бе, нема поуба идеја, Париз на 21-от век ќе биди Битола. Ко ќе се наредат надалеку познатите интелектуални грамади, со естетски рафинирани вкусови, како Стентони, Цилевци, Чифлигановци и слично, ќе добиеме град-бонбона, нема да ти се верува колку е убав, урбанистички оптимум. Руши си кај тебе пред куќа, вакви слаби трамповски идеи не давај во јавност уште ќе те прочита некој советник па ни исчезна градо. Среќа има барем Закон за заштита на старото јадро, не дека се почитува нешто ептен, ама се надевам дека претставува некаков браник против дебармализација на градското јадро. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
БИТОЛА НАПРАВИ СТУДИЈА ДА МУ СТАВИ КРАЈ НА КАБАДАЈЛУКОТ ПРИ ПРЕМИНУВАЊЕТО НА ШИРОК СОКАК КАЈ „ЕПИНАЛ“
Една од најфреквентните сообраќајници во Битола која го кочи сообраќајот, делот од улицата Димитар Илиевски-Мурато што минува кај хотел „Епинал“, односно го сече Широк Сокак, ќе стане пешачка зона и во иднина нема да минуваат возила. Ова се предлага со сообраќајната студија и идејниот сообраќаен проект што денес ги усвои Советот на Општина Битола, а се однесуваат на централното градско јадро. Токму оваа делница е показател на кабадајлукот во Битола. Семафор не е поставен, а возилата чекаат да поминат пешаците кои се шетаат низ Широк Сокак и ги пропуштаат еден по еден, па се создава долга колона возила и сообраќајот се одвива тргни-застани. Воедно, и голем дел од битолчани со возилата секојдневно минуваат од таму, дел поради потреба, но и оние кои се шетаат или одат на кафе, па бараат паркинг што е можно поблиску до кафулето. Теренската анализа покажа дека дури 50 проценти од дневниот проток се автомобили кои транзитираат. „Помалку од 50 проценти од возилата се на резидентни жители на централното подрачје и ја користат таа улична мрежа за да пристапат до дома. Во оние 50 проценти покрај резидентното население спаѓаат и оние кои одат со автомобили на Широк Сокак за изведување на одредени работни задачи, прошетки и слично. Останатите 50 проценти се транзит кои поминуваат низ градот, а целта на патување не им е центарот на градот“, рече Дарко Спасеновски од експертскиот тим на студијата. Студијата чиј инвеститор е Општина Битола преку проекти ќе треба да се спроведе во следните десет до 20 години. Таа содржи две варијанти. Во првата предвидени се трансформација на паркиралиштето пред Центарот за култура во плоштад, сообраќај на улица Виенска само за жителите и посетители со сместувачки капацитети, затворање за сообраќај на моторни возила на дел од улицата Пеце Матичевски и Димитар Илиевски-Мурато на потег од влез за хотел Епинал до зграда на поранешна ЈАТ и трансформација во пешачка зона и други измени. Во втората заријанта е запазена првата само со дополнувања. Таа содржи и воведување на еднонасочен сообраќај на улици во делот кај Митрополијата и Пиварата, контра велосипедски ленти на улици со еднонасочен сообраќај, затворање за сообраќај на потег од улица Јорго Османо до булевар Први Мај и трансформација во пешачка зона, односно спојување со Широк Сокак. Отстранување на уличното зонско паркирање на улиците Цар Самуил и Борка Левата. Ќе има и трансформација во пешачка зона на кракот кај училиштето Кирил и Методиј до крстосница со улица Никола Тесла. „Заложбата во сообраќајната студија ни беше да обезбедиме најголем простор за пешаците, па за велосипедистите, јавниот превоз, па потоа сè останато. Се потрудивме да добиеме еден урбан град кој ќе го подобри квалитетот на живот, ќе го намали загадувањето во централното градско подрачје и ќе биде основа за понатамошен развој на градот“, рече Спасеновски. Славчо Димовски, исто така експерт вклучен во проектот рече дека деталните и генералните урбанистички планови во Битола се стари, а и плус има промени во законската регулатива со староградско јадро па имаат потешкотии при планирањето и реализирањето на било кои идеи. „Со сообраќајната студија се даваат насоки , тие не се решенија кои се спроведуваат утре, туку се насоки кои треба да се разработат со законски предвидени проекти“, рече Димовски. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/bitola-napravi-studija-da-mu-stavi-kraj-na-kabadajlukot-pri-preminuvaneto-na-shirok-sokak-kaj-epinal/ |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
За Битола единствена сообраќајна стратегија што се признава, е некаква форма на страегијата за Париз од 18ти век кога се вцртуваат нови булевари и се руши околу бескомпромисно да се пробијат коридори и да се оформат нови градежни линии. затоа денес Париз е Париз. Она "село во град" меѓу центарот и верото мора да биде конечно заменето со нов урбанизам и архитектура и без да слушаме душегрижнички коментари за "духот и традицијата на градот". Има широк сокак, има чаршија има кејот на Драгор и доста е.
|
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
ПРИСТАП ДО СТУДИЈАТА (СТР. 124 ПА НАТАМУ): ТУКА |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
stratus ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 755 |
![]() ![]() |
Еден пример како изгледаат Битолските сокаци денес. А имаат многу потенцијал
https://www.google.mk/maps/@41.0279141,21.3333674,3a,75y,26.86h,97.9t/data=!3m6!1e1!3m4!1s-78iTNEJmT32M-9VmWSQ6A!2e0!7i13312!8i6656?hl=en Edited by stratus - 09-Dec-2020 at 15:06 |
|
![]() |
|
stratus ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 755 |
![]() ![]() |
Добра вест, но ова е само студија, далеку од некква реализација, така што не би се залетувал.
![]() Плоштадот "Гоце Делчев", да се направи целосно пешачка зона е стара и убава идеја, но неговата реализација треба да оди во насока на подземна улица и подземен паркинг, нешто налик на центарот на Струмица. Паралелно со та мора да се најде локација во непосредна близина на овој плоштад за изведување на катна гаража, бидејќи проблемот со паркирање е моментално еден од најголемите во Битола па и во сите останоати градови во Мк, што недоволно се третира. Исто така мислам дека имаше слична иницијатива пред 10-тин години. Делот на отстранување на зонско паркирање и секакво движење на возила околу Саат Кулата исто така е потребен. Со што целиот тој дел кај плоштадот Магнолија и паркот околу саат кулата и галеријата ќе стане една целина. Тука има потеба и на отстранување на неколку времени објекти "трафики" се до коритото на река Драгор. Околу едносмерните улици. За тесните улици во битолското старо Јадро (сокаци) мора да има добро разработен план. Не само која улица е еднонасочна, во кој правец туку и точно да се означи кој дел е за автомобили, кој за пешаци, велосипедисти или паркирање. Бидејќи се работи за старо јадро и рушењето не е посакувано и можно, смеам дека возилата и велосипедистите мора да го делат коловозот со некакво ограничување од 30км/ч. Да има задолжително на едната страна лента за паралелно паркирање, а на другата мал тротоар за пешаци. Овие улици се широки 5-6м, не гледам како е возможно да се изведи тука и велосипедска и колона за возила (камо пак и дво-смерна), а да не се наруши паркингот. Воопшто не сакам, лента обележна за велосипеди а да се користи за паркинг. Во овие улици најголем проблем е паркингот, а потоа потребите на пешаците, велосипедистите и на крај автомобилите што се дивжат. Зборуваме за голем број на куќи кои се лепенки и немаат свој двор или паркинг, па станарите се приморани да паркираат на улица. Дефинитивно, една лента паркинг, со тоа што тој што не е станар ќе плаќа скапо зонско. Во овој дел би одел и чекор потаму, дека не мора сите овие улици да се асвалтирни, туку дека е возможна и комбинација со павер елементи кај некои со што би добиле поголема "амбиенталност", бидејќи Битола не е само Широк Сокак, и овие улички имаат доста атрактивни стари куќи. Патем многу европски стари јадра на градови со големина како Битола се така решени, треба само волја а не некакви којзнае какви студии. ![]() ![]() Edited by stratus - 09-Dec-2020 at 14:59 |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 18> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |