![]() |
![]() |
![]() |
Индустриски објекти и зони (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2829303132 35> |
Author | |
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Oфицијално пуштен во употреба „Центарот за контрола на квалитет“ на Алкалоид АД Скопје
фото: нивната фејсбук страница |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Navigator ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
![]() ![]() |
ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА НОВАТА ФАБРИКА НА „КРАНФИЛД ФАУНДРИ“ ВО ПРОБИШТИП, ИНВЕСТИЦИЈА ВРЕДНА 15 МИЛИОНИ ЕВРА
Во индустриската зона Неокази во Пробиштип денеска е поставен камен-темелникот на новата фабрика за производство на делови за монтажна, железничка и автомобилска индустрија на фирмата „Кранфилд Фаундри“. ![]() Инвестицијата вредна 15 милиони евра ќе се простира на површина од 8.000 метри квадратни, ќе зафаќа простор од 80.000 метри квадратни, а предвидува вработување на околу 280 лица. Финализацијата се очекува напролет во 2017 година. На поставувањето на камен-темелникот на новата фабрика присуствуваа премиерот Емил Димитриев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлески, државниот секретар за животна средина и просторно планирање Соња Лепиткова, заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски, како и градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски. - Во новата индустриска зона Неокази во Пробиштип инвестираме два милиони евра од кои 1,5 милиони за донесување електрична енергија до самата зона, а 300 илјади евра за изградба на комплетна инфраструктура, бидејќи во оваа зона планираме да донесеме и други инвеститори кои ќе градат нови фабрики, рече премиерот Димитриев. Фабриката на „Кранфилд Фаундри“ е првата инвестиција во новата индустриска зона во Неокази. Слободни се уште 14 хектари за кои треба да се најдат нови инвеститори. Во интерес на граѓаните на општина Пробиштип во која е развиена базичната индустрија на нивно барање, се поставени, како што посочи градоначалникот, инструменти за мерење на квалитетот на воздухот кои 24 часа он-лајн ќе ги покажуваат резултатите. Цел текст |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Vladata ne podrzuvala domasni firmi tvrdenje na politickata lesinarija vo Makedonija. A sto e ako ne podrska vo dvorot da ti donesat eden kup stranski firmi a so toa da ti ovozmozat direkten kontakt i moznost za sorabotka. NO problemot e sto za da se dojde do toj stepen treba da se RABOTI, treba da se bide konkurenten namesto da se zivee na grbot na subvenciite i politickite odluki. Zatoa ogromno bravo za firmi kako AKTIVA koi ja iskoristija moznosta da se bide dobavuvac na firmi za koi vo bliskoto minato mozevme samo da sonuvame.
„Актива“ ќе отвори втора фабрика од септември нови 120 вработувања После одлуката на „Ван Хул“ за изградба на уште еден објект и зголемување на производството на автобуси на годишно ниво за повеќе од двојно, од 400-500 автобуси на 1000 до 1200 автобуси, се јавува и потребата за проширување на капацитетите на „Актива Аутомотив“. Компанијата „Актива Аутомотив“ пред две години започна производство на шасии за потребите на белгиската компанија „Ван Хул“ за производството на автобусите што оваа компанија ги произведува во Република Македонија. За таа цел, „Актива Аутомотив“ изминатиов период ангажира 120 до 140 лица. Во моментов, после одлуката на „Ван Хул“ за изградба на уште еден објект и зголемување на производството на автобуси на годишно ниво за повеќе од двојно, од 400-500 автобуси на 1000 до 1200 автобуси, се јавува и потребата за проширување на капацитетите на „Актива Аутомотив“. За таа цел, компанијата од септември го стартува и својот втор објект за кој ќе бидат инвестирани 5-6 милиони евра и со кој ќе се отворат 100 до 120 нови работни места во Штип. Инвестицијата ја најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој рече дека фабриката од септември ќе почне со градба на втора фабрика. „Актива“, според неговите информации, добила уште една линија за преработка на лим, која што досега „Ван Хул“ ја увезувал од Белгија, така што тоа е можност за дополнително проширување и отворање нови работни места во Македонија. – Деновиве бев информиран дека компанијата „Актива“ од Штип, која меѓу другото работи за „Ван Хул“ и е негов партнер во изработката на делови за автобуси Скопје веќе добива нова нарачка од „Ван Хул“. Од неодамна „Ван Хул“ почна да гради втора фабрика во Скопје, така што и „Актива“ од септември ќе почне да гради втора фабрика, веројатно во близина на Штип, каде што е нивната прва фабрика. Тоа е одлична вест, рече Груевски вчера во интервју за ТВ Сител. Директорот на „Актива“ Иле Николов денеска изјави дека благодарение на оваа странска инвестиција која пред три години дојде во Македонија и на економската политика на Владата за привлекување на странски инвестиции, имаше голема доверба во нашата компанија Актива и го додели изградбата на нивната фабрика во Скопје. -Благодарение на такват добрата соработка со белгиската компанија Ван Хул се јави идејата за понатамошна соработка, а тоа е дел од производството да се работи во Актива. За кратко време успеавме да ја изградиме нашата фабрика и успешно да ги произведуваме овие делови коишто се пласираат во нивната фабрика во Скопје и Белгија, а како комплетни склопови се произведуваат комплетни автобуси коишто заминуваат за европскиот и американскиот пазар. Во текот на оваа година белгиската компанија Ван Хул најави нивно проширување за да се дуплираат капацитетите, а во тек е изградба на нов производен капацитет од 32.000 квадрати, каде капацитетот на автобусите ќе се зголеми од 450 до 500 на годишно ниво, на 1000-1200 автобуси. Сето тоа проширување се побара да исто и нашата компанија Актива Штип ги зголеми капацитетите и нашиот капацитет кој е околу 9-10.000 квадрати со 120-140 вработени и произведуваме за потребите на 400-500 автобуси, а наредната година мораме нашиот капацитет да го дуплираме за да одговориме на нивните барања, па во фаза сме на подготовка и во септември ја најавуваме нашата нова фабрика која ќе биде околу 12.000 квадрати, за производство на шасиските делови на автобусите, а ќе инсталираме и нова линија за анодизација и галванизација на алуминиумски лимови, кои се потребни за изработка на автобусите, рече Николов. Тој додаде дека благодарение на новите проширувања може да најават и нови вработувања од 100 до 120 вработени, кои го крајот на оваа година и наредната година ќе бидат реализирани за да можеме да го заокружат и нивниот капацитет за да се одговори на ова барање што е од страна на белгиската компанија како нивен стратешки партнер во овој момент. -Инвестицијата ќе биде 5-6 милиони евра и финансиски затворена со дел од кредитните линии од Комерцијална банка која е исто така наш стратешки партнер во делот на финансирањето, дел од Европската банка за обнова и развој којшто перманентно се присутни во нашиот развој. Дел ќе биде од наши сопствени средства, рече Николов. Градоначалникот Илчо Захариев изјави дека Штип последните години доживува неверојатен економски бум, бројот на невработени драстично се намалува. -Актива е типичен пример за виталноста на штипското стопанство и македонската економија во целост. Кога креативниот дух, стручноста, компетентноста и способноста, но и фамилијарноста ќе тргне да се развива во еден правец, тоа покажува какви фабрики и какви гиганти можат да никнат во Штип и Македонија. Актива е пример како со својот квалитет и производство се наметна на европскиот пазар. Стандардите се големи, критериумите се силни, конкуренцијата е многу јака и вие да се наметнете со својот квалитет значи дека навистина сте на европско ниво. Тоа е предноста на Актива и затоа странскиот партнер е задоволен и инвестира во нови погони во Македонија, па и во Штип. Морам да кажам дека Актива е пример за вработување во нашиот град, со својата развојна компонента во наредните години ќе ја намали невработеноста во нашиот град за 20%. Една компанија колку многу може да вложи во нашиот град е примерот на Актива и кога стручната компонента, грижата за вработените и хуманите услови на вработените, заработките се многу битни, ги мотивираат луѓето да доаѓаат да работат во оваа фабрика. Јас се надевам дека од септември ако во прашање е стандардот на Актива, тие за 6 месеци градат фабрика од 20.000 метри квадратни, јас верувам дека за 6 месеци фабриката ќе биде готова и над 120 лица ќе најдат вработување во новите погони, рече Захариев. Тој додаде дека до Актива расте нов погон, тоа е компанијата Семак фешн, присутна долги години во Штип. -Се надевам дека за месец дена ќе почне да работи и тој погон. Во близина на Актива, благодарение на креативноста и заложбите на Актива правиме нова индустриска зона од 350 хектари, каде ќе дадеме шанса на патот за Радовиш и Струмица да никнат нови фабрики по многу поволни услови. Интензивно се работи деталниот урбанистички план и се надевам дека сите оние кои се заинтересирани ќе можат по 1 евро за метар квадратен да си купат своја парцела, а ние како општина мораме да им помагаме, да биеме креативни и во функција на самото стопанство. Не смееме да имаме бирократски процедури кои ќе не кочат, да ги кочиме со донесувањето на ДУП-овите, не смееме да ги кочиме со изградбата на комуналната инфраструктура и издавањето на одобренијата за градба. За мене, кога ќе дојде некој инвеститор да гради, да вработи макар и еден човек мора да биде максимално испочитуван и Штип се покажа дека може да го направи тоа навистина брзо. Така да, сите оние процедури се завршуваат за релативно кратко време, на крај никнуваат фабрики, Штип се гради. Од 12.000 невработени сега бројот е околу 2000. Се надевам дека до крајот на мојот мандат ние во Штип ќе немаме невработен, туку сите ќе можат да бидат вработени во стопанските капацитети кои се градат, заклучи Захариев. http://tocka.com.mk/1/204606/aktiva-ke-otvori-vtora-fabrika-od-septemvri-novi-120-vrabotuvanja |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
ОТВОРЕНА СУШИЛНИЦА ЗА СЛИВИ НА „АГРОМАКС“
Компанијата „Агромакс“ пушти во пробна работа нова сушилница за овошје во своите погони во Берово. Инвестицијата е вредна 10 милиони денари, а половина од средствата се обезбедени преку програмата ИПАРД и Агенцијата за рурален развој. Новиот капацитет ќе се користи за сушење на модри сливи и е прв од таков вид во овој регион. Компанијата „Агромакс“ на годишно ниво преработува 500 тони свежа слива. Според Габриела Арсова-Милошевска, сопственичка на компанијата, со инвестицијата започнува процесот на создавање прва македонска брендирана сушена слива, финално обработена со нова современа технологија, по теркот на европските произведувачи на сушено овошје. Дневниот капацитет на сушилницата е 2,5 тони сушена слива. „Ова е голема можност за регионот, да се создаде македонски бренд и да се овозможи откуп на големи количини сливи. Со тоа ќе се избегне досегашната практика да извезуваме суровина која ќе се враќа како готов производ“, рече Арсова-Милошевска. http://utrinski.mk/?ItemID=04F41DAD2CA30940AAC88222D1F0B99C |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Navigator ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
![]() ![]() |
„Грозд“ од Струмица гради нов производствен погон
![]() Нов погон за производство на негазирана вода и ледени чаеви е идниот проект на струмичката фабрика за производство на алкохолни и безалкохолни пијалоци „Грозд“. Во Струмица денеска беше поставен камен-темелникот на новиот индустриски објект, кој треба целосно да се заврши до декември годинава. Во него ќе бидат инсталирани две производствени линии, а асортиманот на производи ќе се пласира на странските пазари. Со инвестицијата од близу три милиони евра ќе се отворат околу 100 нови работни места. „Ова е нов почеток за нас. Многумина не прашуваа зошто инвестираме токму сега. Ние тоа го правиме зошто инвестицијата во било која фирма или поединец е единствен начин како да се опстане. Развојот е единствен начин да опстои некоја фирма“ изјави извршниот директор на „Грозд“ Васе Митев. Со пуштањето во употреба на погонот е предвидено да се започне со производство на негазирана вода за пиење, додека втората производствена линија ќе биде за газираниот пијалок „Струмка“, ледени чаеви и други производи. АД „Грозд“ од Струмица опстојува веќе седум децении на македонскиот пазар. Најпознатите брендови на компанијата „Струмка“ и „Струмичка мастика“, заедно со останатите производи, се извезуваат на пазарите во Европа, Австралија и во Северна Америка. |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Објектот на Пекабеско, изграден пред некоја година во населба Ѓорче Петров (во близина на паркингот на ЈСП)
![]() фотографијата е преземена од нивната фејсбук страница |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Navigator ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
![]() ![]() |
Отворена фабриката за вода во Гари, инвестиција од 14 милиони евра
Во близина на дебарското село Гари денеска е отворена фабриката за производство на флаширана вода за пиење „Maya“ на хрватската компанија Мали Лошињ. Почетната инвестиција изнесуваше 300.000 евра, а проценетите 7,7 милиони достигнаа 14 милиони евра за 3,5 години, колку што траеше процесот на реализација. ![]() Фабриката е лоцирана покрај регионалниот пат Бошков Мост – Извор, пет километри пред еколошки чистото село Гари, каде што се наоѓа концесијата. Моментниот број од 25 вработени, според најавите на инвеститорот, треба да се зголеми за многу кратко време, а дневното производство на флаширана вода може да достигне и до 200.000 литри за осумчасовна смена. ![]() Цела вест |
|
![]() |
|
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
Како слаткар и адвокат од Хрватска ќе флашираат вода во Македонија
Како Македонија им додели концесија за извор за вода од 30 години во селото Гари, дебарско, на хрватски инвеститори и колку се тие навистина хрватски, ова е приказната која денеска осамна на хрватскиот медиум „Тпортал“ кој ја истражува оваа инвестиција. Нивното истражување открива дека хрватсските инвеститори постојат само на хартија во централниот регистар на Македонија, додека вистинските пари се руска инвестиција. Во 2013 тогашниот минстер за економија од ДУИ, Ваљон Сарачини, објави дека на хрватската компанија „Мали Лошињ“ ќе и додели концесија за експлоатација на вода во изворот во близина на селото Гари, дебарско, на самата граница со националниот парк „Маврово“. Инвеститорот од Хрватска 30 години ќе може да ја експлоатира водата, да ја флашира и да ја продава под брендот „Маја“. Минатиот месец фабриката беше и свечено отворена и пуштена да работи, а македонските власти рекоа дека вкупната инвестиција изнесува 14 милиони евра. Произведената вода во оваа фабрика е првенствено наменета за извоз, кој е веќе дефиниран, главно во соседните земји, Арапските земји, Хрватска и Русија. Порталот „Тпортал“ открива дека сопственици на фабриката не се Хрватите чии имиња стојат во официјалните документи, туку Руси. На отворањето на инвестицијата во Гари дојде цел врв на ДУИ, а институциите не споменуваа дека парите се руски, а не хрватски. Целата статија прочитајте ја овде. |
|
![]() |
|
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
Пак ќе го повторам своето, русково влијание веќе преминува во отворена агресија на верско, културно, образовно, спортско, економско и секакво друго поле. Факт, кој воопшто не ме радува.
|
|
![]() |
|
Kid_A ![]() Senior Member ![]() Joined: 24-Nov-2014 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 452 |
![]() ![]() |
Далеку подобро руско влијание отколку турско/албанско ![]() http://m.tportal.hr/biznis/445922/Kako-su-slasticar-i-odvjetnik-iz-Malog-Losinja-izgradili-punionicu-vode-u-Makedoniji.html Русите имаа шанса да бидат бог и батина во славјанските земји и во земјите од азискиот дел на бившата СССР, но сеуште чекорат со многу ситни кораци. Западот убедливо им ги презема сите тие економски територии. |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Нова германска фабрика Костал во Охрид. Фото: Миа.мк
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Navigator ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
![]() ![]() |
![]() Германската „Костал“ официјално стартуваше со производство во Охрид Германската компанија „Костал“ и официјално стартуваше со производствени активности за технолошко напредни и иновативни производи во областа на автомобилската индустрија. Станува збор за „браун-филд“ инвестиција со производствена линија што ќе функционира во рамки на поранешните производствени капацитети на „ЕМО“ кај Охрид. ![]() Претседателот на „Костал групацијата“ Андреас Костал на денешната свеченост со која беше означен стартот на производствената инвестиција, истакна дека прагматичноста и интелигенцијата кои ја детерминираат економската политика на Република Македонија била една од причините за нивната одлука да отворат своја филијала во Охрид. – Навистина имавме одлична поддршка од Владата и државните институции во реализирањето на овој проект. Единствено преку таква поддршка беше можно за помалку од една година да дојдеме до степен на почеток на производство. „Костал“ во македонските филијали за наредните десет години планира да известира 30 милиони евра, и на подолг рок, независно автоматизацијата на производствениот процес, да креира 800 работни места, рече тој притоа поздравувајќи ги поволностите што преку реформските политики Република Македонија им ги нуди на странските инивеститори. ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
Robbi-MKD ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 25-Oct-2008 Location: GER, Dortmund Online Status: Offline Posts: 100 |
![]() ![]() |
Аирлија работата...да ни се множат!!!
![]() |
|
Не си глуп кога нешто незнаеш, туку кога се правиш дека знаеш сe´!
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Веројатно оваа вест е за тука:
Нов магацински комплекс на Нептун ![]()
https://www.neptun.mk/index.php?route=news%2Fnews&news_id=240 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Pa ne bas. Bi trebalo da ima niska "logisticki centri".
|
|
![]() |
|
Robbi-MKD ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 25-Oct-2008 Location: GER, Dortmund Online Status: Offline Posts: 100 |
![]() ![]() |
Информации за новата инвестиција во жел. индустрија во Македонија!
![]() Чешки „Локо Транс“ ќе инвестира 20 милиони евра во Македонија и ќе отвори 600 работни места Чешкиот железнички гигант „Локо Транс“ планира да отвори регионален
логистички центар во Македонија. Компанијата со седиште во Брно, Чешка,
донесе стратешка одлука за инвестирање во земјава. Во овој момент,
компанијата е во фаза на разгледување на опции за купување на земјиште
за изградба на регионален логистички центар, кој треба да ги опслужува
сите соседни држави.http://lider.mk/2016/11/09/loko-trans-ke-investira-vo-makedonija/Edited by Robbi-MKD - 09-Nov-2016 at 16:18 |
|
Не си глуп кога нешто незнаеш, туку кога се правиш дека знаеш сe´!
|
|
![]() |
|
avijacijamk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Jan-2013 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 364 |
![]() ![]() |
Видео од новата фабрика во С.Гари која се вика Maya
https://www.youtube.com/watch?v=Zrv9sI9fJJ8 |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Убаво штета што нема ресторан во објектот. |
|
![]() |
|
Navigator ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
![]() ![]() |
„Амфенол“ почна со градба на трета фабрика во Кочани- 400 нови директни вработувања
Американската компанија за производство на автомобилски делови „Амфенол“ која веќе има две фабрики и три производствени погони, почна со градба на трета фабрика во Кочани. ![]() Проширувањето на инвестицијата на „Амфенол“ ја најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при обраќањето на собирот во спортскиот центар „Борис Трајковски“ на почетокот од месец ноември. Груевски најави дека „Амфенол“ почнува со градба на нов погон за автомобилски делови во Кочани. -Амфенол веќе има две фабрики и три погони во Кочани. Градбата на третата фабрика и четврт погон треба да заврши во средината на 2017-та и да отвори нови директни 400 работни места. Со сите нивни фабрики постоечки и новата Амфенол ќе достигне 2.500 нови вработувања, рече Груевски. На својот трети роденден, „Амфенол“ денеска започна со градба на новата трета фабрика и притоа им врачи благодарници на дел од своите вработени. -Би сакал да ви се заблагодарам за целото залагање. Се надевам дека во иднина ќе можеме да славиме и поголеми јубилеји, изјави претставник на раководниот тим. Амфенол е светски бренд кој произведува автомобилски и комуникациски делови, железничка опрема и производи за авиоиндустријата. Инвестицијата во Македонија се фокусира само во делот на автоиндустријата. |
|
![]() |
|
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
Во периодот од 2007 до 2015 година земјава потрошила вкупно 159 милиони евра буџетски пари за привлекување или поддршка на странските директни инвестиции. Вкупниот износ на исплатени плати во овие странски компании е 92,1 милион евра. За целиот период фирмите оствариле нето-добивка од вкупно 235 милиони евра. Просечната плата во компаниите во зоните е 261 евро, пониска од државниот просек. Ова се резултатите од истражувањето што го направи Институтот за општествени и хуманистички науки од Скопје, околу трошоците и ефектите што ги донесоа СДИ, но и висината на платите и работничките права во тие фирми. Тие се сублимирани во Студијата „Политики за привлекување на СДИ во Македонија 2007-2015 година“, која вчера ја презентираше истражувачот Бранимир Јовановиќ.
Анализирани се 25 фирми кои имаат добиено државна помош. Бројот на вработени во овие 25 фирми во 2015 изнесува 12.600 лица. Околу три четвртини од нив се вработени во три фирми и тоа „Дрекслмајер“ со 5.730 вработени, „Кромберг и Шуберт“ со 2.265 и „Џонсон Контролс“ со 1.773. Следуваат „Ван Хоол“ со 668 работници и „Џонсон Мети“ со 613. „Кога средствата кои државата ги исплатила за поддршка на странските фирми, 159 милиони евра, ќе се подели со вкупниот број на вработени, 12.600, се добива дека државата издвојува околу 12.580 евра за едно работно место“, се вели во студијата. Ова истражување открива дека просечната плата во фирмите во 2015 била 261 евро, што е значајно пониско од државниот просек од 360 евра. Платата е највисока во „Џонсон Мети“ и изнесува 517 евра. Потоа, следуваат „Ки сејфти системс“, „Ендава“, „Маркарт“ и „Кемет електроникс“ со просечна плата во распонот 440-473 евра. Натпросечни плати имаат уште „Ван Хоол“, 409 евра и „Вистеон Електроникс“ со 373 евра. Најниски се платите токму во трите фирми кои вработуваат најмногу. „Кромберг и Шуберт“ има просечна плата од 239 евра, во „Дрекслмајер“ е 235 евра, а во „Џонсон Контролс“ е 200 евра. Работните услови и работничките права, пак, биле анализирани преку интервјуа со вработени во петте најзначајни странски фирми, односно „Дрекселмајер“, „Кромберг и Шуберт“, „Џонсон Контролс“, „Џонсон Мети“ и „Ван Хоол“. „Сите анализирани фирми вработуваат со договори на определено време, што генерира страв од губење на работата кај работниците, што има дисциплинирачки ефект. Работниците сметаат дека работата е тешка, нормите се високи и дека платата не е сразмерна на трудот. Во ниедна од фирмите нема синдикат“, се вели во студијата. Цел текст во Утрински |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2829303132 35> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |