![]() |
![]() |
![]() |
Објекти од културата (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2728293031 34> |
Author | |
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Што тоа има ново во Македонија на тема урбан простор и комунални активности... жално... клавир од плексиглас го тргнале од кружен тек
![]() |
|
![]() |
|
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
Ами политичарите се бедни битија по природа, а ако некој се смета себеси за новинар тогаш не треба да подлегнува на нивната мизерија и да троши време на вакви глупости.
СДК се доста наапани на претходната гарнитура и одат во друга крајност понекојпат. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ПРИВРШУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА БИТОЛСКИОТ ОФИЦЕРСКИ ДОМ
![]() ![]() Офицерскиот дом во Битола, по својата архитектонска убавина наречен уште и битолски Версај, почнува да го добива новиот лик со реставрацијата која интензивно се изведува. Се реставрира фасадата, внатрешноста, концертната сала, се заменува дограмата со нова, но налик на претходната која изобилуваше со различни форми, објектот се поврзува за уличната канализациона мрежа, ќе биде спроведен и посебен сообраќаен режим и на крај хортикултурно ќе се уреди. „Нема да се изгуби она што како традиција сме го имале во градот и многу им значи на битолчани. Ова ќе биде дом на уметноста, во него ќе има низа културни настани, отворен за настани на невладини организации, на бизнис заедницата, но и за музејски поставки кои ќе бидат флексибилни зашто градот изобилува со археолошки наоди кои ни се наоѓаат во подрумските простории на нашиот Музеј, артефакти кои ни битолчани ги немаат видено“, рече градоначалничката Наташа Петровска. Таа денес заедно со вицепремиерката Мила Царовска извршија увид во реставрацијата на објектот во што се вложени 58 милиони денари (околу 950 илјади евра) обезбедени од Светска банка, во соработка со ЛРЦП и поддршка на Владата, а Општината обезбеди 2 милиони денари (околу 33 илјади евра) дополнително за канализациона мрежа. Планирано беше инфраструктурните зафати да завршат во ноември, но врз рокот влијание има и специфичноста на објектот и пандемијата со КОВИД-19. Сепак од Општината најавија дека наскоро објектот ќе биде готов и ставен во функција. „Ова е објект кој има своја историја и душа и може да привлече многу туристи. Интенција како Влада ни е да инвестираме во локален и регионален развој со што се придвижува локалната и регионалната економија. Овие објекти, нивното одржување, пласирање, создавање на историја за нивното минато, може да привлече и домашно и меѓународни туристи кои понатаму ќе ја придвижат економијата локално“, рече Царовска. Офицерскиот дом е граден во времето на Абдул Керим паша, на почетокот на 20 век. Последните десетина години ги помина запуштен и руиниран. Во повеќе наврати беше префрлувана надлежноста врз него на повеќе министерства и институции, а објектот сè повеќе пропаѓаше. Владата на ВМРО-ДПМНЕ објави иоглас за негова продажба по почетна цена од 900.000 евра. Но, битолчани излегоа на протест и тогашниот премиер Никола Груевски ја стопираше продажбата, а објектот го пренесе во надлежност на Општина Битола. Реставрацијата на објектот ја започна градоначалничката на Битола од редовите на СДСМ Наташа Петровска, што беше и нејзино предизборно ветување. Ж. ЗДРАВКОВСКА https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/privrshuva-rekonstruktsijata-na-bitolskiot-ofitserski-dom/ Edited by stef4o - 12-Jun-2020 at 15:37 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
НАСКОРО БИТОЛА ЌЕ СЕ ГОРДЕЕ СО РЕКОНСТРУИРАН И ФУНКЦИОНАЛЕН ОФИЦЕРСКИ ДОМ
Постепено и надворешно стануваат видливи, големите реконструктивни зафати кои се во тек во Офицерскиот дом во Битола. Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, заедно со Мила Царовска, заменичка на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, извршија увид во објектот, кој за неколку месеци, повторно ќе стане место со кое битолчани ќе се гордеат, а за чие културно – историско значење, ќе раскажуваат посетителите ширум светот. „Сакам да нагласам дека, покрај оние 58.000.000, 00 денари, кои што беа обезбедени преку Светска банка и во соработка со ЛРЦП и поддршка на Владата на Република Северна Македонија за реставрација на Офицерскиот дом, општината со 2.000.000,00 денари, обезбеди дополнително современ систем на канализација, со кој домот ќе го приклучи до уличната канализациона мрежа. Воедно, сакам да кажам дека и за улицата „Македонска фаланга“, која што се наоѓа во близина на овој објект, проектот за реконструкција е целосно завршен, се наоѓа на ревизија, што значи дека ќе следуваат зафати на контролирано регулирање на сообраќајното решение кое што ќе го имаме за овој дел од градот. Самиот овој комплекс, покрај овие инфраструктурни зафати кои досега ги кажав, предвидуваат зафати на хортикултурно партерно уредување, кои што треба да дадат навистина едно сосема поинакво по изглед место во нашиот град, во делот на можноста да имаме место каде што навистина ќе уживаме и во погледите, меѓутоа и во одморот кој што ќе го имаме тука и во можноста да ги следиме настаните кои ќе бидат. Се ова претставува нешто што на градот ќе му даде поинаква слика и сосема поинаква душа, без да се изгуби она што како традиција сме го имале во минатото, а што исклучително им значи на битолчани“, изјави градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска. Петровска информираше дека е определена и функционалноста на објектот кој ќе биде Дом на уметноста, исполнет со културни настани, отворен за невладини организации и нивните настани, за бизнис заедницата, културните настани, но и за музејски поставки. Вицепремиерката Царовска, очекува, дека токму ваквата приказна, исполнета со историја и култура, ќе отвори нови можности за привлекување на туристи: „Наша интенција како Влада е да инвестираме во локален и регионален развој, а со тоа инвестирање, ја придвижуваме локалната и регионалната економија. Овие објекти и нивното одржување, создавањето на приказни за нивната историја, навистина може да привлече и домашни и меѓународни туристи, кои што понатаму ќе ја придвижат економијата локално. Владата во партнерство со ЕУ и Светска банка, инвестираше 960.000 евра, што е завидна сума и во очекување сме од наредната година, тој да стартува и со своја програма и да им понуди на битолчани и граѓаните од нашата држава, културни содржини, уметнички содржини и понатаму да биде распростртанет и во регионот, како културен споменик на нашата држава“, изјави Царовска. ![]() http://www.bitola.gov.mk/ |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Над 5.000 посетители за две години во Спомен-собата на Киро Глигоров
На 3 мај се одбележаа 103 години од раѓањето на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров. Во Штип, родното место на Глигоров, веќе четири години функционира општинскиот Мултимедијален центар. Со одлука на Советот на Општина Штип, во декември 2017 година, истиот беше именуван во чест на Киро Глигоров. Половина година подоцна, беше отворена и Спомен-соба на Глигоров, како еден вид на музејска поставка. ![]() Она што може да се види, е резултат на дарежливоста на неговото потесно семејство, кое отстапи поголем дел од неговите лични предмети и подароци, со што беше овозможено да се оформи Спомен-собата. ![]() Лоцирана е на приземјето на Мултимедијалниот центар, а предметите може да се поделат на три категории: лични документи, ордени и признанија и лични предмети. Личните документи и фотографии на Глигоров, сè она што тој го имал за себе и го чувал сиот свој живот, вклучително и легитимациите од времето на бугарската окупација, партизанските евиденции како и поствоените идентификациски документи. Тука влегуваат и неговите говори и осврти на повеќе теми, вклучително и неговата мелодија „Ленка“, за која малкумина знаат, а самиот Глигоров ја напишал. ![]() Во вториот дел, се содржани речиси сите ордени, признанија, пофалници и подароци кои Глигоров ги добил и примил во текот на неговиот политички ангажман. Овде може да се видат ордени од португалскиот крал, австриската влада и одликувања од држави како што се Того и Малезија. Голем дел од поставката е посветена токму на неговите одликувања како државник, а меѓу другото може да се видат и различни подароци, кои ги добивал на приемите за време на посета на странски држави или како домаќин во Македонија. Во последниот дел од поставката, може да се види неговото работно биро, и клавирот на неговата сопруга Нада, кои се отстапени на Мултимедијалниот центар. При посетата на Спомен-собата, може да се погледне и изложба на фотографии, од неговите детски денови, преку средби со светските државници, сè до фотографии со најблиските членови на семејството и внуците, како и филм посветен на животот и делото на Киро Глигоров. ![]() На самиот крај, може да се види највисокото државно одличие, кое Глигоров го добил, „Орден на Република Македонија“, како и неговата книга „Македонија е сè што имаме“. Секој посетител може да се потпише во Спомен-книгата и да добие флаер, со основните информации за Спомен-собата и за претседателот Глигоров. Откако е отворена Спомен-собата, досега ја посетиле над 5 000 посетители. Голем дел од нив се и ученици, дури и од соседните општини, како Кочани и Пробиштип, кои ја посетиле во рамките на отворената настава. ![]() Меѓу посетителите се и голем број на домашни и странски политичари, министри од Владата, бивши премиери и странски амбасадори. Највисок претставник кој ја посетил Спомен-собата е поранешниот шеф за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, а делегации од Грузија, Израел, Чешка и други земји, како дел од работните посети во Мултимедијалниот центар, исто така ја посетиле и Спомен-собата на Глигоров. Мултимедијалниот центар и Спомен-собата официјално беа отворени на 19 јули 2018 година. Спомен-собата е осмислена и реализирана од страна на Кирил Панајотов, советник за јавни дејности во Општина Штип, и долгогодишен пријател на Глигоров. Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ е изграден на локација на некогашното летно кино во Штип, преку проектот „Вмрежување на мултимедијални центри во прекуграничниот регион – Креатива“ кој беше финансиран преку ИПА- програмата за прекугранична соработка на ЕУ. Почна да се гради во 2014 година во месноста Суитлак. Носител на проектот беше Центарот за развој на Источниот плански регион со седиште во Штип и народното читалиште „П. Р. Славејков – 1938“ од село Брезница, Општина „Гоце Делчев“ од Бугарија. ![]() Вредноста на проектот е 448.840 евра, од кои Општина Штип доби 300.000 евра (половина се инвестиција на локалната самоуправа), а бугарската страна 148.000 евра. Градежните активности преку тендерска постапка ги реализираше штипската фирма „Актива“. Освен Спомен-собата на Глигоров, Центарот содржи и нова сала за проекции (мала киносала), сала за состаноци и едукација и друго. Во овој Мултимедијален центар е сместена дирекцијата и одговорните за културните настани во градот како што се „Штипско културно лето“, „Макфест“ и други. https://www.porta3.mk/nad-5-000-posetiteli-za-dve-godini-vo-spomen-sobata-na-kiro-gligorov/ |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
Шубав е светот пред избори. Ова е ситуацијата во моментот на тој нивен „увид“: ![]() ![]() Освен што е изваден паркетот, јас не гледам никаква промена, само скелиња наредени. Не верувам ни за година дена од сега да биде нешто готово, ама ај. А дури постои и ризик да го „чуваат“ и за следните зибори, т.е. локални, па така ќе се влечка уште бааги. Ај да не кобам ептен, нека, од нејзина уста - во божји уши, можеби стварно ќе го завршат пред да измине годинава. Edited by hcitrS - 19-Jun-2020 at 14:06 |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Владата го прифати барањето да се изгради нов дом за „Танец“
novatv.mk Edited by Staro Skopje - 27-Jun-2020 at 12:33 |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Palace of Culture-Bogovinje -Tetovo
![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/projektimMbikqyrje |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Финансиската полиција да истражи како се потрошени милиони за Албанскиот театар
Прес конференција во сала каде капе од таванот. По потрошени 10, 5 милиони евра за реконструкција на Албанскиот театар, објектот не е функционален. Иако се чека само на технички прием на зградата – документ кој го издава Министерството за транспорт, в. д. директорот на установата Илбер Муртези вели дека театарот не е подготвен таму да има претстави. Повика, институциите да истражат како се потрошени над 10 милиони евра за нефункционален објект. Ако има правна држава, нека се занимаваат со нашиот театар и мислам дека е веќе крајно време без разлика на изборите и пандемијата да се преземат брзи чекори“, рече Илбер Муртези, в. д. директор на Албански театар. Муртези увидел дека лани им биле префрлени 5 милиони денари за свечено отворање на театарот. Биле предвидени претстави, кои јавноста не ги видела. Муртези побарал ревизија на тендерската постапка да направи Министерството за култура. Добил одговор дека тие се надлежни само за годишната програма за работа. „Мора преку вас да побарам, финансиска полиција да се занимава со ова и да видиме што да направиме во иднина“, додава Муртези. Албанскиот театар започна да се реконструира во 2014 – та година. Досега потрошени се 10, 5 милиони евра. Санацијата ја започна фирмата „Ламоне Мореда“, но набрзо банкротираше. Продолжи „Шенција“. Реконструкцијата заврши а претставниците на фирмата ги снема. Иако според договорот „Шенција“ објектот трба да го одржува следните две години, Муртези тврди дека не може да ги пронајде сопствениците на фирмата кои се од Италија. Тендерската постапка за Албанскиот театар ја истражуваше и веќе згаснатото СЈО. https://alsat-m.tv/mk/финансиската-полиција-да-истражи-как/ |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() Една мала фото тура од вечерва: ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Се фалеа, но театарот и натаму затворен – Муртези: Отворањето на албанскиот театар одложено поради пандемијата
https://tv21.tv/mk/se-falea-no-teatarot-i-natamu-zatvoren-murtezi-otvoraneto-na-albanskiot-teatar-odlozheno-poradi-pandemijata/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/hysniismaili1/videos/205047407507606 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Реконструкција на официрски дом Битола
![]() ![]() https://www.facebook.com/OpstinaBitola |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Нов театар, стари проблеми – албанскиот театар не е во функција, капе вода од кровот
https://tv21.tv/mk/nov-teatar-stari-problemi-albanskiot-teatar-ne-e-vo-funktsija-kape-voda-od-krovot/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Финансиска полиција ќе ја истражува обновата на албанскиот театар
https://telma.com.mk/2020/08/03/финансиска-полиција-ќе-ја-истражува-о/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Кралска гробница на локалитетот „Павла Чука“, оставена на забот на времето ?!
https://alfa.mk/kralska-grobnica-na-lokalitetot-pavla-chuka-ostavena-na-zabot-na-vremeto/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ОД ОБИЛНИОТ ДОЖД СЕ СРУШИ КУЌАТА НА ТАПАНАРЕВИ ВО ВЕЛЕС, ЗАШТИТЕНА КАКО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО
![]() Вчера околу пладне, од обилните врнежи во Велес се сруши половината од објектот познат како куќата на Тапанареви, која е напуштена и празна повеќе години, а поради нејзината архитектура беше заштитена со закон. Куќата е во стариот дел на градот, во месноста Долни дуќани. „Ова е куќата на Тапанареви, во неа не живеше никој со години. Поројниот дожд влијаеше преку влагата да се сруши еден дел. Беше оставена на забот на времето. Добро е што никој не настрада кога падна, а имаше минувачи. Жално е што во слична состојба се и други неколку куќи во ова маало“, рече жител на овој дел од Велес. Во листата Споменици на културата за град Велес прогласени од државата, оваа куќа е заведена под бр.4-831-03/44. Подолу од неа, на 50-тина метри според истата листа се пет куќи заштитени од државата, но две се во очајно лоша состојба, таа на Шоптрајанови и на Настеви. Државата не дозволува интервенции на нив, бидејќи се заштитени, а времето ги уништува. Често на ова реагираа сопствениците на куќите кај Варналиите. Голем недостиг е што Велес нема Конзерваториски центар како во други градови, а повеќето обиди на велешани да добијат ваква институција не минаа. Стручните лица велат дека државата мора да се грижи за овие староградски бисери, не само декларативно туку во пракса. Старата архитектура е дел од нашето културно наследство. Овие куќи се обележје на своето време, но и од денешен аспект, може многу да се научи од нив. Архитектурата од овој период, не само во Македонија, туку и пошироко на Балканот, е доста специфична. Жално е што голем дел од овие куќи во старите градски јадра се оставени да пропаѓаат и покрај тоа што се прогласени за културно наследство. Ова само го покажува односот на државата кон она што има историска и културна вредност“, вели архитектот Ана Теова од Велес. Лани, во пожар до темел изгореа две куќи од старото градско јадро кај Варналиите, при што смртно настрада и сопственикот на едната од нив, Миле Паунов. Во мај 2012, исто така во пожар изгоре куќата на Габерови во месноста Дворови. Управата за заштита на културното наследство, досега ништо не стори за нивна обнова. Во писмениот документ, извештајот по извршениот увид зимава од страна на Националниот конзерваториски центар на двете куќи кај Варналиите, е запишано дека треба да се започне со процедура за изработка на идејно решение за делумна реконструкција на двете опожарени куќи, бидејќи имало фото и архитектонска документација за нивниот надворешен изглед. Досега нема информации дека нешто се презема за обнова на изгорените куќи кај Варналиите и на Габерови. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/od-obilniot-dozhd-se-srushi-kukata-na-tapanarevi-vo-veles-zashtitena-kako-kulturno-nasledstvo/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Реконструкцијата на Албанскиот театар во Скопје, како пругата кон Бугарија – БЕСКРАЈНА!
https://alsat-m.tv/mk/реконструкцијата-на-албанскиот-теат/ ------------------------------------------------------ Сите проекти на Министерство за култура се фалични,трули со милиони грешки при изградба,сите фирми кои градат пропаѓаат банкротираат неможе крајот да им се најде. 1.МНТ им прокиснува,и со тек на време ќе јаде се повеќе пари а го нижеа и бројни скандали при изградбата 2.Албанскиот театар еве го прокиснува а уште не е ни пуштен во употреба а фирмата изведувач е веќе во стечај 3.Турскиот театар остана карабина и прашање е дали некогаш ќе се заврши бидејќи изгледа им снема пари а се појави и некаков судски спор 4.Споменикот на Мајка Тереза на плоштад остана градилиште за кое едно време се засилија дека ќе се урива но ете го стои нечепнато. Уште колку ли вакви проекти ќе протуркаат полни со криминал и фушерај кои за 5-10 години ќе бидат тотално нерентабилни(повеќе ќе јадат пари за санации одошто заработување) |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Домот на културата во Илинден
![]() ![]() ![]() http://ilinden.gov.mk/dom-na-kultura |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2728293031 34> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |