![]() |
![]() |
![]() |
Јавна чистота |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2930313233 34> |
Author | ||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Тетово и ѓубрето
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Не е тајна дека јавната чистота во Македонија не е на завидно ниво. Тоа е особено одлика на ова поднебје во последните 30-тина години, односно од осамостојувањето па наваму. Може само да погодуваме на што се должи таквиот поразителен и незапирлив надолен тренд во последно време. Урбаните средини, со чесни исклучоци, од ден на ден сè повеќе и повеќе тонат во ѓубре кое е расфрлано околу контејнерите, улиците, булеварите, тротоарите, парковите, плоштадите. Тоа е присутно и на автопатиштата, излетничките места, автокамповите, плажите, а планинарите алармираат и за сѐ повеќе ѓубре присутно на некои од пофреквентните планинарски патеки. Ваквата тенденција, освен со домашното воспитување, сигурно има врска и со општата ерозија на институциите, со нивниот недоволен ангажман и со општото нивно ниско ниво на ажурност и бирократските вртлози на „ненадлежност“, а коренот на сето тоа веројатно има тесна врска со митото и корупцијата; партиските, фамилијарните и рамковните вработувања; и секако со слабите механизми на контрола коишто и самите се дел од системот на институции, и кои едноставно се вклопиле во институционалното сивило. Загрижувачки е што поведението на граѓаните можеби има врска и со сѐ поголемиот нивен револт кон државата, предизвикан од различни побуди, најчесто од економска природа, револт кој практично ја намалува или целосно ја уништува очекуваната љубов кон татковината, ја кине нишката на припадност, а сето тоа, меѓу мноштвото други негативни реперкусии, води и кон неводење грижа за тоа каде џебниот, личниот или домашниот отпад ќе биде фрлен или оставен. Кога на ваквото тажно граѓанско поведение во кое на мнозинството граѓани едноставно „не им е гајле“ за јавната чистота ќе се додаде недоволната функционалност на институциите кои директно се задолжени за собирањето отпад, како и нефункционалноста на оние институции кои регулираат одредени аспекти кои се однесуваат на казнувањето, контролата, па и на образованието на граѓаните, се добива тоа што ѝ се случува на Македонија, а особено на урбаните ткива. Секако, сликата за јавната чистота не е секаде иста. Одредени градови, обично тоа се помалите во државата, може да се пофалат со солидно ниво на јавна чистота, од кое може да извлечеме заклучок дека тамошните локални самоуправи си ја вршат работата, а граѓаните по инерција се подисциплинирани во тој поглед. За жал, сликата во некои од поголемите градови е тажна. Од тоа што го гледам на социјалните мрежи, како и низ разговори со пријатели, колеги и познаници од други градови, стекнувам впечаток дека можеби најтрагична е ситуацијата во мојот роден град Тетово. Тетово, градот под Шара, град со специфична структура на население, град во северозападна Македонија недалеку од метрополата, град во прилично развиен регион со солидни економски потенцијали, од некогаш чист, добро уреден град со чист воздух, од некогаш зелена оаза со многу зеленило опишувано уште од странските патеписци кои поминувале тука во XVIII и XIX век, последниве деценија-две е практично непрепознатлив за сите оние кои го паметат од, на пример, 70-тите или 80-тите години на минатиот век. Состојбата со јавната чистота во градот е навистина тажна. Причините за тоа секако се истите кои ги опишав погоре, а важат за целата држава. Летаргијата на институциите, слабата локална самоуправа, измешана со отсуството на домашно воспитување и/или отсуството на чувство за припадност, го доведе Тетово на едно ниво кое е мачно за опишување. Секојдневната слика на градот е до толку трагична што веќе смета на окото и на најголемите рамнодушници. Контејнерите низ градот наменети за домашен отпад се преполнуваат до пладне, а кога ќе се исполни нивниот капацитет, граѓаните продолжуваат да фрлаат ѓубре до нив, па во вечерните часови кога се акумулира ѓубрето од целиот ден, насекаде каде што има вакви контејнери се создаваат мини-депонии кои чекаат да поминат комуналните служби навечер. Функционални корпи за џебен отпад има премалку низ градот и претежно може да се забележат само во централното градско подрачје, и притоа неправилно се користат. Ѓубре може да се сретне и на тротоарите низ градот или на улиците: мнозинството од жителите, особено децата, едноставно не водат грижа дали лименката од сокот кој штотуку го испиле ќе го пуштат веднаш од рака на тротоар или ќе го донесат до првата корпа или до дома. Трагично е што ова поведение го гледаме и на самите улици или булевари кога неретко, од отворен прозорец од автомобил во движење ќе излета ѓубре. За сликата да биде полоша придонесуваат кучињата-скитници кои барајќи храна дополнително го растураат ѓубрето од контејнерите и корпите, го влечат по тротоарите, неретко го носат и до средишните булеварски зеленила во кои често го поминуваат денот. Секако, енормниот нивен број и ваквото нивно однесување е исто така мешавина од институционален проблем и отсуство на морал и домашно воспитување кое подразбира дека штом си се одлучил да поседуваш миленик, не може по неколку месеци, кога ќе порасне, туку-така да го оставиш на улица. Како архитекти, неминовно е да го потенцираме и проблемот со капацитетот на домашните контејнери. Во деталните урбанистички планови ретко кога се обрнува внимание на фактот дека секое зголемување на населението во даден плански опфат, освен што повлекува низа други работи, повлекува и да се реши комуналниот проблем, односно да се зголеми капацитетот на постоечките контејнери со цел да одговори на потребите на новопланираниот број на жители. Едноставно е недозволиво да го оставите истиот број на точки за одлагање домашен отпад, и тоа со истиот капацитет, а во меѓувреме неколку пати се зголемил бројот на жители во дадениот опфат. Не знам зошто надлежните не водат грижа и не го санкционираат и овој аспект кој задолжително мора да се реши при планирањето, но практично секогаш е заборавен од нашите добропознати „врвни“ планерски бироа кои редовно ги добиваат општинските тендери за изработка на плански документации. Забележлив е и друг проблем со кој се соочува Тетово, а е сличен со проблемот кој се јавува и во туристичките места. Тоа е „шпицот“ на туристичката сезона или во Тетово тоа е периодот од годината во кој се присутни голем број печалбари кои живеат надвор, а дошле во татковината на одмор. Тогаш мака мачат комуналните служби да се изборат со зголемената фреквенција на луѓе. Веќе бевме сведоци на една екстремна ситуација која го погоди Охрид летово, кога во неможност да се патува надвор поради пандемијата на Ковид-19, огромен број на домашни туристи во само неколку дена се слеа во градот, а градските служби едноставно не можеа благовремено да се изборат со динамиката на создавање ново и ново ѓубре. Можеби не толку екстремна, но таква е ситуацијата со ѓубрето во Тетово во летните месеци. Службите кои и онака имаат недоволно вработени – и обично тоа се возрасни луѓе пред пензионирање; кои се погодени од редовното доцнење на платата и неретко заостанување на неколку плати, и тоа во ситуација кога општината магично наоѓа пари за сите други вработени (од кои огромен дел не ни одат на работа и/или немаат работни задачи) освен за градските хигиеничари; кои се осакатени со стара механизација и застарени методи на работа, во летните месеци се дополнително оптоварени со поголемото создавање ѓубре поради зголемената фреквенција на луѓе. Сублиматот на сето ова е една состојба во која е Тетово, која е самоодржлива налик на теоретските „perpetuum mobile“ машини. Може да дискутираме до вечноста и назад за тоа кој е повеќе виновен: дали некултурата на граѓаните или нефункционалноста на општината и воопшто на државата, и пак нема да дојдеме до заеднички консензус бидејќи тоа би било исто како да дискутираме за тоа дали јајцето е постаро или кокошката. Сепак, кога ваквата перпетуална спирала која врти надолу носејќи нѐ во еколошки амбис би била личност, не би ѝ било важно кој придонесува повеќе за нејзиното постоење, дали граѓаните или општината, важно ѝ е да постои. И според законите на физиката, вакво перпетуално движење, теоретски, може да се прекине само со извонредна надворешна сила. Во случајов, таква сила може да произлезе единствено од институциите. Сметам дека за да почне да се средува хаосот со ѓубрето во Тетово најпрво мора да постои силна политичка волја. Притоа е потребна кадровска консолидација и координација на неколку нивоа и на различни институции: од општински сектори надлежни за просторно планирање, преку комунални служби, па сè до инспекторатите, полицијата и евентуални редарски служби. Конечно, да не го заборавиме и учеството на образовниот систем чија едукативна улога е неопходна за стекнување квалитетни животни навики и формирање нормална цивилизирана личност од најрана возраст на поединецот. A сосем нормално е возрасен човек да не фрла ѓубре како сака и каде сака – тоа не е одлика на особена личност – туку е одлика на сосем нормална цивилизирана личност. Само кај нас очигледно нормално е спротивното, штом мнозинството се однесува на тој нецивилизиран начин. Автор: Бошко ВИДОЕСКИ, дипл. инж. арх https://www.porta3.mk/tetovo-i-gjubreto/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Преполни контејнери насекаде низ Тетово – градот се гуши во смет
https://telma.com.mk/2021/05/22/преполни-контејнери-насекаде-низ-тет/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
КАФЕАНИТЕ И МАРКЕТИТЕ ГИ ПРЕПОЛНУВААТ КОНТЕЈНЕРИТЕ ОТИ НЕМААТ СОПСТВЕНИ, ШИЛЕГОВ ВЕЛИ ЌЕ ИМ ВОВЕДЕ РЕД ВГОДИНА
![]() Кафулињата, кафеаните и маркетите низ Скопје немаат сопствени контејнери за одлагање на отпадот, па го фрлаат во оние наменети за домаќинствата. Поради тоа контејнерите се преполни, а навечер откако ќе затворат локалите, ѓубре и картонски кутии стојат околу садовите. Градоначалникот Петре Шилегов вели дека градската администрација има разработен оперативен план за овој проблем, но не успеале да го реализираат поради пандемијата на ковид-19 и лошата финансиска состојба на ЈП „Комунална хигиена“. Најавува дека догодина ќе бидат купени контејнери за угостителските објекти и маркетите, а ќе биде воведена и повисока цена за нив за подигнување на отпадот. „Во планот за јавни набавки во 2020 имавме предвидено и набавка на канти за отпад од 240 литри, со цел да ги дадеме на рестораните и на помалите маркети бидејќи големите супермаркети веќе користат посебни садови. Овие контејнери се дупло поголеми и ќе може да се одлага три вида на отпад односно ќе се врши селекција. Но, набавката моравме да ја одложиме поради пандемијата. Не сме во финансиска можност ниту годинава да ги набавиме, туку наредната година. Со тоа ќе го решиме проблемот особено за оние делови од градот каде се сконцентирирани повеќе ресторани и кафулиња“ вели Шилегов. На кејот 13 Ноември кој во моментов се реконструира повеќе нема да има контејнери односно на сите локали ќе им бидат поделени канти. Така е сега решено како што објаснува Шилегов одлагањето на отпадот на објектите од левата страна на Вардар кај Јавното обвинителство. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/kafeanite-i-marketite-gi-prepolnuvaat-kontejnerite-oti-nemaat-sopstveni-shilegov-veli-ke-im-vovede-red-vgodina/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
НОВИ 37 КОМУНАЛНИ ВОЗИЛА ЌЕ ГО ЧИСТАТ СКОПЈЕ
Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ денеска промовираа пет нови специјални комунални возила кои се дел од 37-те различни возила што ги набави ова јавно претпријатие согласно со договорот склучен на крајот на минатата година. На денешната промоција на новите комунални возила присуствуваа градоначалникот Петре Шилегов и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани. - Ова се пет од 37-те возила кои допрва треба да пристигнат во нашиот град, за кои ЈП „Комунална хигиена“ спроведе постапка за јавна набавка, а договорот е склучен кон крајот на минатата година. Овие пет специјализирани возила се наменети за собирање и транспорт на отпад од корпите за џебен отпад, за индивидуалните канти од домаќинствата, како и за контејнерите од 1,1 кубен метар. Вредноста на петте возила изнесува 38 милиони денари со вклучен ДДВ. Ќе имаме уште 32 нови возила кои ќе ги претставиме кон крајот на месецот како што ќе пристигнуваат, и тоа 5 возила кои се наменети за контејнери од 1,1 и од 5 м3; 10 возила кои се наменети за контејнери од 5 м3; 5 возила за контејнери до 1,5 м3; 5 возила - самоподигнувачи со носивост од 7 тони; 10 цистерни за миење улици и 2 кипери со капацитет од по 16 м3. Сите овие возила ќе бидат испорачани до крајот на месецот, а вкупната вредност изнесува околу 200 милиони денари со вклучен ДДВ - рече градоначалникот Шилегов, на денешната промоција на новите комунални возила. Тој нагласи дека Градот Скопје пред околу 2,5 години започна со воведување нови стандарди во третманот на комуналниот отпад како политики што ги водат најсовремените европски градови. Набавени беа нови 540 контејнери со капацитет од 3.200 литри и 30 контејнери за селектирање отпад од 2.200 литри. Градот набави 4 нови комунални возила за третман на овие контејнери. Набавени беа и 950 корпи за џебен отпад што беше зголемување за една половина од дотогашните 1.750 корпи. Дополнително беа набавени и 12 електрични машини за вакуумско чистење, 10 електрични возила за чистење и миење на јавни површини и 10 возила за миење на тротоарите. Овие возила се технолошки најсовремени машини коишто се на електричен погон и не го загадуваат воздухот во нашиот град. - Градот Скопје нема да престане со инвестирање во овој тип ресурси во јавните претпријатија, напротив, ќе ги унапредуваме процесите внатре во претпријатијата, за да го подигнеме нивото на сервис кон граѓаните. Соочени сме и со фактот дека ќе мораме да го зголемиме инспекцискиот надзор и казнената политика. Сакам да ги повикам скопјани да го чувствуваат нашиот град како заеднички дом, зашто нема човек што не сака да живее во поуреден и почист град – додаде Шилегов. ![]() ![]() https://www.facebook.com/CityofSkopje |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
КУПИВМЕ ЃУБРАРКИ И ЦИСТЕРНИ, СЕГА ЌЕ ПРАВИМЕ РЕЦИКЛАЖНИ ДВОРОВИ ВО СЕКОЈА ОПШТИНА, ВЕЛАТ ОД СКОПСКА „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“
Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ од денеска има пет нови камиони за собирање на ѓубрето низ Скопје, а до крајот на наредниот месец ќе бидат испорачани уште 32 возила. Покрај ѓубрарки, возниот парк на претпријатието ќе биде обновен и со автоцистерни, камиони, самоподигнувачи и кипери со што, како што велат надлежните, ќе се заокружи обновувањето на возниот парк. „Претпријатието го наследивме во очајна состојба, со стари возила, но и недоволен број. Пред две години купивме нови контејнери и нови возила за подигнување на ѓубрето од нив. Со оваа набавка е заокружен тој процес и сега ќе се фокусираме на други проекти. Приоритет во работењето ќе ни биде отворање рециклажни двовори за селекција на отпадот во сите скопски општини, сега имаме само два“, вели директорот на директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Абдусамед Шабани. Покрај ѓубрарки и метларки, наредниот месец ќе стигнат и нови цистерни за миење на улиците, со што претпријатието ќе има вкупно 20 вакви возила, по две за секоја општина. „Наследивме осум цистерни за миење на улиците од кои едно возило беше неисправно. Мандатот ќе го завршиме со 20 прскалки и сериозно ќе влијаеме во подигнување на јавната хигиена во нашиот град. Сите возила се технолошки најнапредни, со цел да влијаеме врз хигиена и да не го загадуваат градот“, рече градоначалникот Петре Шилегов. Набавката на 37 возила за потребите на „Комунална хигиена“ чини 200 милиони денари со вклучен ДДВ (околу 3,2 милиони евра). https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/kupivme-gubrarki-i-tsisterni-sega-ke-pravime-retsiklazhni-dvorovi-vo-sekoja-opshtina-velat-od-skopska-komunalna-higiena/ |
||
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
Edited by user8642 - 25-Jun-2021 at 19:41 |
||
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Тетовци се жалат дека се дават во ѓубре, градоначалничката Арифи не гледа толку црно на состојбата
https://360stepeni.mk/video-tetovtsi-se-zhalat-deka-se-davat-vo-gubre-gradonachalnichkata-arifi-ne-gleda-tolku-tsrno-na-sostojbata/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Ѓубре и натаму се фрла од балкони и тераси! “Комунална хигиена”: Оваа се запира само со казни
![]() Дел од граѓаните продолжуваат да фрлаат смет насекаде освен во контејнерот. Новите контејнери покриени со капаци се скоро празни додека околу нив куп ѓубре. Граѓаните сметаат дека сето тоа е поради ниското ниво на воспитание. Ги гледам, фрлаат од балкон, а не во контејнер, полесно му е така, го мрзи да оди до таму“. „Мислам дека е семејна едукација. Децата и возрасните немаат култура“. Кабастиот отпад пак се фрла на зелените површини и контејнерите, и покрај тоа што е забрането со закон. Скоро во секоја општина е истата слика, контејнери полни со градежен шут, стар мебел, кади и друг дел од покуќнината. „Го фрлаат мебелот на погрешни места, можеби немаат пари за да платат камион за да ги фрлат на вистинското место. Културата е под ниво, сето тоа зависи од нас, од граѓаните. Ако не работиме сами, ако не се поправиме, никој нема да дојде да ни го поправи тоа“. „Контејнери и корпи за отпадоци се поставени, но тие се уништени. Општо земено, културата е многу ниска. Не верувам дека казните играат улога, никој не ги плаќа казните“. Од јавното претпријатие „Комунална хигиена“ велат дека ова појава може да се спречи само со парични глоби. „Оваа се запира само со казни. Се случува во текот на денот да интервенираме два или три пати, особено на некои локации каде што откако ќе поминат екипите што исчистиле, повторно околу контејнерите имаме неконтролирано фрлање отпад. Според статистичките податоци што ги имавме, во понеделник по викендот има над 600 тони ѓубре, што е голема количина“, изјави Абдулсамед Шабани, директор на ЈП “Комунална хигиена” Според директорот Шабани, институцијата што тој ја води нема право да изрекува глоби. Сепак, нејзината еко- патрола изрекла над илјада забелешки во рок од една година. https://alsat.mk/mk/gubre-i-natamu-se-frla-od-balkoni-i-terasi-komunalna-higiena-ovaa-se-zapira-samo-so-kazni/ |
||
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
Edited by user8642 - 15-Aug-2021 at 11:17 |
||
![]() |
||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
|
![]() Ништо шокантно тука. Сарај и Арачиново се спремни за префрлање во Авганистан. Талибанците еве нека дојдат и тука, таман ќе се вклопат. |
||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Скапаниот зеленчук во контејнерите шири зараза и смрдеа
![]() Поради несоодветно складирање на органскиот отпад, исцедоците од гниењето и скапувањето на овошјето и на зеленчукот, создаваат „вирчиња“ по јавните површини, од кои се шири неподнослива смрдеа. Расфрлани остатоци од домати, лубеници, скапани пиперки и друг вид овошје и зеленчук – ова е сликата што секојдневно може да се види во близина на садовите за складирање отпад. Како резултат на тоа, секоја година во лето се шири неподнослива смрдеа од контејнерите, но и од индивидуалните канти за отпад. И не само тоа, непријатна миризба се шири и од расфрланите остатоци од храна, манџи, месо, но и недојадени салати, кои несоодветно складирани, а потоа фрлени во контејнер на температури повисоки од четириесет Целзиусови степени, претставуваат сериозна закана од ширење бактерии. Хигиената на јавните површини е исклучително важна, но во време на светска пандемија, на неа треба дополнително да се внимава. За жал, поради несоодветно складирање на органскиот отпад, појавата на исцедоци од гниењето и скапувањето на овошјето и на зеленчукот, создаваат „вирчиња“ по јавните површини, од кои исто така се шири неподнослива смрдеа. За жал, и покрај многубројните апели на надлежните институции околу правилниот начин на складирање на ваквиот тип храна, особено во летниот период поради високите температури, сепак дел од граѓаните и понатаму расипаната недојадена храна ја фрлаат директно во контејнер. Поради несоодветното складирање отпад, проблем се јавува и поради истекувањето на органскиот отпад кога тој се префрла од контејнерите во камионите за ѓубре. При претурањето се исцедува целата количина на течност, по што остатоци се цедат во текот на движењето на возилото за собирање на отпад. ЈП „Комунална хигиена“ апелира до граѓаните соодветно да се складира ваквиот отпад во овој период од годината. -Наша препорака до граѓаните во летниот период е органскиот отпад да го одлагаат соодветно спакуван, со што ќе се отстрани можноста за создавање исцедоци во садовите за одлагање отпад и негово протекување од возилата наменети за транспорт на отпадот – апелираат од ова јавно претпријатие. Освен со неправилното одложување отпад во садовите за таа намена, несовесното население од година во година фрла сè поголеми количини ѓубре и на места што не се дозволени за таа намена, создавајќи притоа огромен број диви депонии. -Како резултат на несовесното одлагање на отпадот на јавни површини од поединци и правни субјекти, на територијата на нашиот град секојдневно се создаваат нови диви депонии, додека ЈП „Комунална хигиена“ континуирано работи на нивното расчистување, така што во текот на 2020 година екипите на Претпријатието отстранија 9.000 метри кубни отпад од диви депонии – објаснуваат од ЈП „Комунална хигиена“. Оттаму велат дека во текот на 2020 година, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ собраа и транспортираа вкупно 158.476 тони комунален отпад од домаќинствата во урбаниот и руралниот дел на градот. Количеството на подигнат отпад во 2020 во однос на 2019 година е зголемено за 4.713 тони, односно 3,07 отсто. Во 2019 година биле собрани и транспортирани вкупно 153.763 тони комунален отпад. Количеството собран и транспортиран отпад во 2019-та во однос на 2018 година е зголемено за 1.118 тони, односно 0,73 отсто. -Можеме да заклучиме дека количеството подигнат и транспортиран отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, секоја година сè повеќе се зголемува – велат од ова јавно претпријатие. https://www.slobodenpecat.mk/skapaniot-zelenchuk-vo-kontejnerite-shiri-zaraza-i-smrdea/ Edited by stef4o - 20-Aug-2021 at 14:04 |
||
![]() |
||
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Убаво е да се има станица за кабаст отпад, уште поубаво е да се празни редовно
![]() Во јуни годинава жителите на Аеродром се израдуваа дека ќе се воведе макар и минимален ред во фрлањето на кабастиот отпад. Станицата за собирање на таков вид отпад кој ја нагрдува населбата во близина на спортската сала на почетокот нависитина ја имаше таквата функција. Но, како што одминуваше времето, таа се поретко се празнеше а се повеќе отпад се трупаше во неа. Така е и во изминатиот период. Станицата е преполна а веќе со недели никој не доаѓа да ги собере фрлените фотељи, плакари, ормани, врати, прозорци… Ако нешто не се преземе аеродромци наскоро ќе добијат нова депонија во срцето на населбата. Надлежните општински власти кои во јуни се пофалија со оваа идеја треба да побрзат да се расчисти оваа депонија. Или, веќе заборавиле на неа? https://skopskoeho.mk/ubavo-e-da-se-ima-stanitsa-za-kabast-otpad-ushte-poubavo-e-da-se-prazni-redovno/ |
||
![]() |
||
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
|
I ovaa niska ima pogresen naslov. Vistinskiot naslov e vsunost "Javna necistota"
![]() |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
од фб
![]() ![]() ![]() |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Со овие возила и уште една цистерна, која ќе пристигне до крајот на годината, го зголемуваме капацитетот на општинските служби за одржување на хигиената и возилата ќе бидат во функција во текот на цела година, со дополнителна опрема за чистење на улиците во зимските месеци.
![]() ![]() https://www.instagram.com/opstinacentar/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
„ПАРКИНЗИ ОПШТИНА ЦЕНТАР“ ЌЕ БИДЕ ПРЕТПРИЈАТИЕ И ЗА ЧИСТЕЊЕ И МЕТЕЊЕ НА УЛИЦИТЕ И ПАРКОВИТЕ
Јавното претпријатие „Паркинзи Општина Центар“ (ПОЦ) ќе има нова дејност за одржување на јавната хигиена низ општината. Со тоа, покрај одржување на паркиралиштата и казнување за неправилно паркирање, претпријатието ќе ги чисти и мете улиците, парковите и плоштадите низ Центар. Градоначалникот Горан Герасимовски вели дека веќе разговарал со директрот на ПОЦ Васко Кичевски за првичните постапки кои треба да се направат во претпријатието, за да се одвои и зајакне секторот јавна хигиена во посебен нов сектор. Првично, треба да се дефинира новата структура на претпријатието и постапките за префрлање на хигиеничарите кои се вработени и механизацијата во ПОЦ. Потоа ќе се направи структура за потребните одделенија, број на координатори, поделба на општината на реони и проценка на потребните капацитети. Со ваков пристап, ќе бидеме сигурни дека ќе располагаме со доволно ресурси и прецизен план на работа за да ја одржуваме општината чиста. Анализата за структурата на новиот сектор ќе започне да се прави наредната недела, а по одлука на Советот ќе се започне со нејзино спроведување“, вели градоначалникот Герасимовски, и додава дека очекува тоа да профункционира наредната година откако ќе се предвиди буџет за дополнителната дејност. За успешно функционирање на претпријатието потребно е да се набави и соодветна механизација. До крајот на февруари треба да се набави нова цистерна за чистење на улиците, а ќе се набават и три метларки и дополнително една помала за чистење на пешачките зони. Герасимовски вели дека ќе се формираат и таканаречени маалски патроли, кои ќе бидат задолжени за грижа и заштита од уништување на јавното добро и урбаната опрема. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/parkinzi-opshtina-tsentar-ke-bide-pretprijatie-i-za-chistene-i-metene-na-ulitsite-i-parkovite/ |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Паркингот спроти Ист Гејт ми се чини не е исчистен едно десет години
![]() ![]() |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2930313233 34> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |