![]() |
![]() |
![]() |
Скопје 2014 |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 7891011 329> |
Author | |||||||||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||||||||
Немам време да одговорам на се но...
Никогаш не сум бил импресиониран од концепти од овој тип кои не преставувале ништо друго туку израз на фрустрираност и комплексираност, но истовремено и супериорност. Со таква ретроградна основа, Германиа според планот кој многу убаво го познавам не нуди ништо друго туку непотребна мегаломанија. Ако се ослободиме пак од баластот на Хитлер, на пример аутобанот е едно достигнување кое може да го сметам за импресивно со оглед на неговото ефективно влијание врз развојот на Германија и поставувањето на стандарди за проекти од ваков тип пошироко. Чисто за евиденција, аутобанот е постар од Хитлер но во негово време е изградена една импресивна мрежа чија вистинска функција подоцна за жал се покажува.
Лајпциг и Дрезден се познати по своите интегрални градски јадра кои се идентификувани како светско културно наследство. Скопје пак може да се пофали со 2-3 згради кои ги сметаме за клучни а кои и во свое време имале прилично дискутабилна естетика според рецензиите кои сум ги прочитал. Сепак... Дали ние го реконструираме стариот изглед во моментов?
Американците се познати како земја на екстремен кич меѓу другото. Иако Вашингтон е далеку од непријатен град, не сум слушнал до сега некој да оди таму специјално за да го види конгресот или меморијалниот центар на Линколн. Но секако огромен број луѓе одат во Њујорк да ги видат облакодерите кои во голема мерка биле чудо во времето кога биле градени.
Каква врска имаат корените со модернизмот? Со што ќе се гордеат нашите потомци ако се што им оставиме се бледи копии и имитации на архитектура на одамна изумрени империи?
Ултрамодерни? Зарем е ултрамодерно да се бара почитување на законски процедури и елементарна јавна расправа за најбитниот заеднички простор во земјава? ![]()
Дали некој тука ја брани тековната состојба на градот? Дали некој тука се залага за статус кво? Што е тоа душа на градот? Овие 10на нови згради на кејот? Тие се спасот тие ќе ја направат душата?
Велиш дека го следиш форумот. Доколку е тоа вистина би требало досега да ги приметиш жестоките критики искажани за помалку или повеќе секој од овие објекти поединечно.
Никој ниту се бунел ниту за црква ниту за џамии како такви, но секако дека ќе има критики доколку се градат преку узурпација на јавен простор и во комплетна спротивност со урбаното окружување.
Одговорот на ова прашање барај го на друг форум кој се занимава со (античка) историја. Овој форум е за архитектура, градежништво, урбанизам и развој. Edited by pbanks - 05-Feb-2010 at 23:17 |
|||||||||
![]() |
|||||||||
gorco ![]() Senior Member ![]() Google Maps: Regional Expert Joined: 22-Oct-2009 Online Status: Offline Posts: 642 |
![]() ![]() |
||||||||
Здраво момци.... баш кога има жешка тема... мене ми паѓа ВИН
![]() Ќе кажам неколку работи и јас во врска со оваа работа. НИКАКО - ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ -Триумфална Арка - шо ли освоил и Гујо и Вангел Божиновски (човече ова е цело проект на човекот кој го наградија со најгрд проект на светско ниво) -Куполи на Собрание -Целиот ред одвратно наредени згради - буквални сите различен стил, од Уставен суд до мостот кај МНТ. УБАВА ИДЕА - премногу натрупана. Идејата со споменици е ТОП - само што очигледно е дека или Вангел/Гујо сака да се прослави со единствен град во свет со толку споменици на толку мал простор или некој тука воопшто нема смисла за просторно уредување. -Споменикот на Алексадар Македонски е интересен како објект - со тоа што големината не е потребна до толку. -Лавовите на мост Гоце Делчев и така и така..., исто и четирите споменици на на почеток/крај од Камени мост. -Споменикот на паднатите херои ми се чини високиот во Жена парк доколку се постави само тој би допринело за паркот и за просторот , но никако било кој од 3-4 дополнителни околу него. Сите останати споменици - би било дефинитивно поубаво да се наместат во поширокиот дел на центарот на Скопје (имаме улица Македонија, Мито Хаџивасилев Јасмин, Даме Груев, Васил Аџиларски, Партизанска, Кочо Рацин и ред други улици и плоштади на кои би можеле вакви споменици да се лоцираат). Едноставно нема поента на исто место да стои Александар Македонски, покрај него Самоил седнат на столче џанам се ѕвери уствари кој ли бил типов... и истовремено да го глеа Јустинијан (историски и хронолошки исто така МЕЈК НО СЕНС) ![]() Не видов дека еден од споменициве ќе се изгради на Црвена Општина... за жал... ниту пак дека ке го урбанизираат и средат тој плоштад. Никола Карев - претседателот на владата на Крушевскара Република на коњ - некако ми е апстрактно?! ДОБРА ИДЕЈА Освен стариот театар, музејот на холокаустот и ВМРО-Македонска борба, доколку обновата на според мене грдите, никакви, бездушни фасади околу плоштадот (освен Ристичева и 2-3 згради кои се прилепени до неа), се направи стилски и модерно (некоја комбинација од нивниот барок и модерн ајџес) - би се согласил со таа идеја. Исто така сум дефинитивно за Офицерскиот дом и хотеливе (исто доколку не забегуваат со барочно здание туку наликуваат на нешто измеѓу тој стил и зградата позади на Те-ХОУМ. Црквата ај ќе речам чим ја запнал НЕК му со среќа - ама стварно не мораше толку да е габаритна... можеше да е малку помала за поубаво вклопување во просторот. (инаку мојот официјален став е дека постои Св. Димитрија). И да го срушат ЛУМИКС обавезно!!! И да нека го прават ЈУЖЕН БУЛЕВАР од Катланово до ГЛумово, нека ја направат Првомајска до КЈУБЕ... нека ја спојат Крушевска република со Јужниот... и партизанска со 4 ЈУЛИ... Па после би рекол се од ова - само на кого да му се објасни ова? На човекот што ја изгради Куќата на Мајка Тереза ? Кој знае он што глеа низ неговите очи... |
|||||||||
![]() |
|||||||||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
||||||||
требаше анкетава да има пофлексибилна опција како: се сложувам, половично, и не се сложувам! вакa приморам сум да гласам позитивно! инаку реално на ваква анкета ниту моит да и се верува, ниту пак истата нешто ќе промени, но ајде ете чисто колку да не биде монотоно па и јас гласав! ~ а александар мислам никому не му пречи, бар на оние што се на македонистичките позиции, а тоа се 90% од македонците, само незапознаен или доволно неосвестен македонец може да каже немаме право да се поистоветуваме со него, или пак да ескивира демек ете тоа грците би ги распалило... не е спорно дека алекс е ок, спорно е како истиот ќе дојава на плоштад! и јасно колку истиот ќе се вклопи во него во ваква форма со се' столбот од фонтаната! |
|||||||||
![]() |
|||||||||
Anti-NGO ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 16-Jul-2009 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||||||||
За кикирики...
Кон мене е наменето ова. И добро, ок, човекот барем има мислење и делумно навредува (сенилна баба, фанатик, непрофесионалец) ама ај ќе поминат преку тоа и ќе се фокусирам на аргументите.
Прво, не одговори на основните прашања, а тоа се
1. Дали се Германците се глупави и назадни што ги реконструираа Лајпциг и Дрезден со предвоени планови?
2. Дали Американците се глупави и назадни што ги градат своите владини институции, универзитети и сл. во антички стил?
3. И конечно, дали баш ние се најдовме да заговараме откажување од своите корени во името на некаков модернизам?
- Какво откажување од корени најде ти во модернизмот? Според тебе, македонската армија не треба да има модерно оружје, туку треба да носи копја? Да не мешаме баби и жаби. Прво, јас не велам дека не треба да се градат модерни зданија. Сите досегашни градби беа "модерни" и гледаме на што личат. На што личи МНТ, Комерцијална банка и сл.? Зашто не гледате дека ова се единствените градби во Скопје што ќе бидат во некој историски стил и вие сакате да ги нема и тие.
4. И дали тоа не е доказ дека сме дрво без корен, дека нашиот идентитет е нејасен и затоа се правиме ултрамодерни?
- Дрвото се суши од луѓе не многу различни од тебе. Пропагираш фанатизам, што не те води во професионлани води. АКо македонците во минатото биле иновативни во своето време, современите македонци треба да бидат во денешницата. Што значи дека ако македонците само ги копираат своите предци, тоа кажува дека малку затапиле, а не напреднале! Јас мислам дека дрвото се суши од квази-модернисти и квази-глобалисти. Не пропагирам фанатизам, тоа е само вградниот комплекс на помала вредност на Македонецот кој мисли дека ќе го компензира со анационалност и квази-модернизам.
И пак кажувам, имаме доволно "модерни" зданија и гледаме на што личи Скопје. Кажи што е вредно сега во центарот - поштата, МНТ, Комерцијална Банка, МЕПСО, ЕВН, Лумикс, кафичи насекаде? Зарем е тоа модерно и добро за тебе?
5. На што личи Скопје моментално, без душа, небаре градот на гревот е, само коцкарници, кладилници и кафичи и кинески ѕидови? Тоа ли е модерно за вас? Тоа ли е прогрес?
- Овде мешаш теми! Душата не е во столбовите од неокласицизам, и никој овде не даде пример за душата на коцкарниците! Кинескиот ѕид е исто грев на урбана неморалност, но ако го споредиш по неколку века, ќе се знае гревот од кое време е! Муабетов ти е како на сенилна баба, што не го слуша соговорникот! Не се согласувам дека сум сенилна баба, туку дека поставувам релевантни прашања. А која е сенилна баба, види ти од начинот на твоите одговори. Душата Е во стиловите и градбите инаку зашто сите сакаат да одам во Рим, Парис, Барселона и се сликаат на катедрали и слично. Кај ќе се слика сега странец, до Лумикс, до Поштата, МЕПСО или МНТ? До кладилници, кафичи? За нас е најубаво значи статус кво, така?
6. Зашто никој од вас не се буни за Влајко, Лумикс, Кинески Ѕид, Тифани, Дебар Маало?
- Кој дал пофална критика за Влајко и сличните објекти? Ако знаеш што е урбанизам, ќе видиш дека Лумикс не е урбанистичка грешка, иако и јас мислам дека тој простор можеше и без него( сепак тој објект има најпрогресивно и авангардно обликување во она што е постоечки градежен фонд) Па добро, не е со таква жестина бунењето како против новиот план. Каде се младите архитекти да се бунат кога се градеше Кинескиот ѕид, Тифани, Влајко, целиот урбан хаос. Каде беше Архибригата тогаш и ваквите гласови на разум? Ме сфаќаш дека проблемот е принципиелен и затоа и многу што не го одобруваат планот во целост сепак го поддржуваат.
7. Зашто се буните за црква, а не ви сметаат 1000 џамии во Центар и Чаир итн? Зарем не сте отишле до Охрид да видите колку нови џамии од сериско производство има?
- Не се буниме за црква, се буниме за објект на тоа место, било каков, тоа е загушување на пешачка артерија замислена и утврдена пред 80 години. Џамиите ми пречат бидејќи нивниот број е нереален, само нема кој тоа да го стави во дискусија бидејќи веднаш темата ќе добие меѓуетнички извештерен карактер. А што не се каже дека на местото на ГТЦ и порано си постоела црква и дека непотребно е срушена, зашто не била оштетена од земјотресот. Па какво е тоа злосторство да се руши црква? Сепак е ова доминатно ПРАВОСЛАВНА држава, па тоа мора да има своја персонификација на плоштадот како на многу други плоштади. А за шетање имаш кеј и слично. Пробај да шеташ во Дебар-маало, да те видам....
А за џамиите демек да не ги возбодуваме комшиите, така? Да се пикнеме во дупка и да се правиме дека не постојат, така? Е, Македонче, во своја држава се плашиш? Ген, тоа е...
8. Зошто ви смета Александар?
- Кому му смета Александар? На повеќето не им пречи, им пречи стилот, непропорционалните димензии, и перењето пари преку цената за тој споменик. Да не си кажуваме приказни. На тие како тебе им пречи Александар и се подбиваат со тоа, а со тоа и со своето потекло. Димензиите се соодветни за таков човек. Ако се сеќавам добро, еден од аргументите за неменување на името на аеродромот беше што големината на аеродромот е несоодветна за таков војсководец. А сега димензиите биле преголеми. А за перење пари, не се секирај. Досега се испраа и се испокрадоа толку многу пари што ова е само 0,0000001% од тоа. А парите ќе се вратат со тоа што народот ќе почне да верува во својата држава, да работи чесно, професионално... Не знам како да ти објаснам.
|
|||||||||
![]() |
|||||||||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||||||||
Се сложувам дека нема ништо да промени. И мислам дека не се сложувам со поставување на меѓу опција бидејќи мислам дека се работи за принципиелно прашање.
Не издржа срце јуначко а |
|||||||||
![]() |
|||||||||
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
||||||||
@AntiNGO дали имаш претстава какво било Скопје пред 1963? Колку од објективе и споменициве кои се форсираат постоеле било кога во Скопје? Само 3. Театарот, офицерски дом и Народна Банка. Дали воопшто знаеш кога се тие градени? 30тите години од мениатиот век од Српските власти во СХС. Па дајте да не се лажеме како мали деца, каква е таа традиција, старо Скопје, обнова како предвоена Германија? СЕво ова е беден и патетичен аргумент. Дајте подобро.
|
|||||||||
![]() |
|||||||||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
||||||||
Бидејќи разговорот за потеклото на Александар не е на овој форум, и неговото место во нашата историја, сепак неговото место во нашите плоштади може да се дискутира тука. Штом тој никогаш не стапнал во Скопје, зошто да биде во Скопје. Зошто Грците не го сакаат во Атина? Бидејќи не стапнал таму како пријател. А во Скопје стапнал? Постоело Скопје тогаш воопшто?
Не сакам насилни одговори, кажете зошто сметате дека треба да биде во Скопје, штом нема допирни точки античката империја со Скопје. Исто така, никој сериозно не се осврна на оправданоста на носењето на ГУП ДУП и сл. по партиска наредба, на трошењето на државни пари за нешто кое што е спротивно на уставот (изградба на верски објект од државни пари). Имајте предвид дека оваа област не била населена во 10000 пне, немало крапински човек доттука, да не треба сега да ископаме и по некоја пештера да надокнадиме за тој период? Чисто онака, нè заебале крапинците не дошле доттука, па да средиме работа. Историјата е од минатото, затоа се вика историја. Историја од XVIII век не се прави со градби од XXI век. Edited by гитардемон - 06-Feb-2010 at 00:02 |
|||||||||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|||||||||
![]() |
|||||||||
Anti-NGO ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 16-Jul-2009 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||||||||
Мојот аргумент за предвоена Германија беше во насока дека тој класичен стил сепак вреди. А не дека треба да се возобнува предвоено Скопје, зашто тоа е обична турска паланка (како и денес).
За аргументот со српските власти се согласувам, и јас истото го кажувам дека е трагедија најголемите и најпрепознатливите градби во Скопје да се од српско време, а имајќи 60 години македонска држава.
И сега не сфаќам? Значи, ние треба да измислиме топла вода, односно некој нов убер-модерен стил за да градиме и тоа ќе биде ОК, така? И тогаш автоматски сме Европјани и слично, авангарда на 22 век. Мислам дека е тоа заблуда, како што е заблудата дека кога ќе бидеме во ЕУ ќе тече мед и млеко.
Јас од сите тие што критикуваат само, не слушнав што требало да се изгради и како тоа треба да изгледа и во каков стил.
Еден главен аргумент дека треба да се гради во некој си неоткриен убер-модерен стил е дека не се гради така никаде веќе. Да, не се гради, точно. Ама зашто веќе просторот е пополнет со таков стил. Ако е толку тоа лошо, зошто на Запад не го срушат се тоаи не почнат од нула? Не е дека немаат пари или се приврзани кон некоја историска вредност или слично? Значи вреди и му дава шмек на градот.
И сега сите велат дека сме пропуштиле историски период на класицизам, барок и слично кога се градело така во Европа и дека треба директно да се телепортираме во 22 век и да градиме оригинални градби во стил што ние ќе го откриеме. А пресконување на историски периоди видовме како завршуваат кога Русија од феудализам влезе во комунизам во името на убер-модернизам.
Мислам дека тоа ментална оставштина од комунизмот на негирање на се претходно и почеток од нула. Не за џабе народот рекол, ако не падне снег во јануари ќе падне во јуни. И подобро така, отколку да си замислуваме дека паднал во јануари. Тоа е исто како неизживеан човек влегува во брак. Истиот е подложен на искушенија, ма колку и да се замислува дека е проживеан.
|
|||||||||
![]() |
|||||||||
leonid23 ![]() Senior Member ![]() ![]() БАНИРАН Joined: 30-Nov-2009 Location: Strumitza Online Status: Offline Posts: 579 |
![]() ![]() |
||||||||
Еве на оваа фотографија , која не сум ја сретнал на форумов се гледа дека и пред земјотресот стоеле коњаници на камниот мост секако тоа биле туѓи херои! Зошто неби стоеле Гоце и Даме на истото место ?
![]() Edited by leonid23 - 06-Feb-2010 at 01:55 |
|||||||||
![]() |
|||||||||
mitatos ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1739 |
![]() ![]() |
||||||||
leonid do nekade ima smisla toa sto ti go kaza, ama sto da kazeme za drugite 100 spomenici ???
A za komentarite i tockite na Antigo nema da komentiram. Edited by mitatos - 06-Feb-2010 at 02:13 |
|||||||||
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
|||||||||
![]() |
|||||||||
La Linea ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
![]() ![]() |
||||||||
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=2E61C03E3E833A43A31B705D89A88727 |
|||||||||
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|||||||||
![]() |
|||||||||
leonid23 ![]() Senior Member ![]() ![]() БАНИРАН Joined: 30-Nov-2009 Location: Strumitza Online Status: Offline Posts: 579 |
![]() ![]() |
||||||||
за другите 100 споменици кажи што сакаш но факт е дека веќе ги има .
Не знам веќе што друго би се кажало , но мислам оти доволно се коментираше на оваа тема , сите прашања и одговори и различни мислења се потрошени
p.s
И немој после да викаме дека мунданата астрологија не е вистинита
![]() Македонија е во шестата куќа (Девица) ( во шестата куќа спаѓаат министерството за здраство , внатрешни работи , и за одбрана )
Сега веќенемам сомнение дека е така
![]() ![]() |
|||||||||
![]() |
|||||||||
alexgizh ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
![]() ![]() |
||||||||
Гитар, уште како млад Александар бил испратен на север да скроти неколку востанија на Пајонците и некои Тракиски племиња. Така што, најверојатно поминал низ тоа што денес го нарекуваме Скопје ![]() Поентата е во тоа што, ако алудираме на континуитет од антиката до денес, Скопје е денешен главен град на Македонија како институција, а не географска местоположба. Таа институција со текот на времето го менувала местото. Од Ајга, преку Пела, па доаѓа периодот на римското ропство, па да речеме дека се сели во Преспа, па во Охрид, па турско ропство (овдека дефакто би бил Солун, ама никогаш официјално), и до 1945 кога Скопје за влакно ја тепа Битола ![]() Секако, ова горе споменатово, ќе повторам, според тезата на континуитет. |
|||||||||
![]() |
|||||||||
kitkiritki ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 05-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||||||||
За Anti-NGO
Со своето излагање покажуваш многу за сенилноста и дефинитивно непрофесионалноста како и фанатичноста. За жал немам доволно време да посветам на форумов, и тоа беше единствената причина што постојано го посетувам, но не влегував во дискусии. Бидејќи конечно се обелодени целата работа околу централното градско подрачје, како и дефинитивното значајното место во македонскиот интернет простор на овој блог, одлучив да влезам во кратка дискусија и се разбира, кога ќе постои можност ќе бидам повеќе активен. НО, една работа ти не можеш да свариш и тоа е толку очигледно, постојаното поставување погрешни прашања во однос на целото дејствување како и тврдоглавоста. Спомнуваш реконструкција на Дрезден и Лајцпиг, а забораваш дека тоа се случува веднаш по војната, ако сакаш пример тука е и Варшава целосно обновена. Тоа значи на живи и реални остатоци, за разлика од тука што само два објекти од старо Скопје се несреќно влезени. Знаеш ти што е веродостојна реконструкција? Не би рекол. Ова е далеку од автентичноста, бидејќи стариот театар не е ниту ист во димензиите, ниту е поставен на истите темели (влезот на театарот беше од страната на скопската тврдина), ниту пак постои детален проект од неговиот ентериер. Да не разговараме за градежните материјали, нема воопшто никаква врска со тоа што било!!! Офицерскиот Дом исто така, само лаичко фасадирање, ништо повеќе од тоа, со додадена купола измислени парадни скали кон плоштадот. Каде се остатоците од тие објекти, и каде е временската дистанца од нивното постоење - половина век! Модернизмот во Скопје и постмодернизмот кој ти целосно го навредуваш е доведен во сива состојба, заради македонскиот несвест за потребното одржување на она кое го градиме. Поштата, Мнт и ред други објекти за жал твоето непознавање во сверата архитектура не ги вреднува. Сакал ти или не тоа се најинтересните објекти во СКопје кои се признати во светот. Имаат свои аномалии заради промената на проектите во текот на изведбата и тоа токму од власта што тогаш беше на нивото на редуцирана диктатура. Не се залажувај за обнова на црквата Св. Константин и Елена, со овој проект, бидејќи тоа е само случајно измислен квази-аргумент кој се користи да се истера тоа што некој го замислил за Скопје. Никој не го пере комунизмот за катастрофалниот однос кон црковните објекти, и тоа е грешка во минатото, што во никој случај не го переш со ова! Гледам поставуваш прашања за Вашингтон, и тоа го комбинираш со прашања дали се глупави? Тотално некоректен пристап и знаење!! Вашингтон е пријатен град, но неговите објекти исто така спаѓаат во доменот на еклектиката дури и за тоа време, и тоа не е неговата вредност. Неговата вредност е во урбанизмот, кој како наука е врзан за архитектурата, но е сосема поинаква тема. Еден урбанист може да создаде прекрасен план, меѓутоа архитектонското проектирање ако е погрешно, тоа не паѓа на теретот на планот! Ако ја споменуваш Америка, град кој најчесто е спомнат како град кој има многу вредни објекти во архитектурата, тоа е Чикаго, и тоа токму во крајот на 19 и почетокот на 20тиот век, кога почнува прогресивноста да го напушта класичниот израз и полека да ги чисти проектите од декорации и непотребни сттолбови. Тогаш почнува и челичната конструкција на голема врата да влегува во тој град и се создаваат одлични дела и примери за светската архитектура. Околу почитта кон делото на Александар Македонски, можеш ти да говориш дека јас не го познавам, но тоа е далеку од вистината, тоа е она што твоите уши сакаат да го чујат или очите да го прочитаат. Ти, според твоите допуштања толку цврсто да браниш теории со кои не си запознаен, претставуваш само еден лаик кој упорно не разбира дека неговиот лик не мора да биде споменик со висина од преку 20тина метри, не мора да биде изведен во стилот кој го вреднуваш. Многу гнасен чин во ова делување тотално контролирано од власта, е тоа што се обидуваат од вистинските патриоти да претстават предавници ( и не говорам за политички партии, аман од вас обоените). Пред јавноста некој упорно ги карикира нашите протести, бидејќи некој ја злоупотребува историјата како изговор за нивниот непрофесионален начин на резимирање како се гради споменик во 21 век. И тука некој упорно со партиските четки обојува професионални мислења. Архитектите имаат проблем со реални и конкретни моменти од нивната професија, кои тука се омаловажени. Кој за оваа тема( архитектура и урбанизам) има повеќе право да зборува, луѓето кои животот го посветиле на тоа или луѓето што имаат политичка позадина. И уште нешто, за џамиите отвори тема, па да го видиш моето мислење, а не твојата конструкција за моето мислење. Не сакав да навлегувам во друга тема, затоа и го спомнав така кратко, а ти воопшто не прочита меѓу редови. Таа тема бара оделна дискусија, и не и прилега воопшто споредбата, како што не и прилега на ИВЗ да бара џамија покрај секоја црква. Не забележуваш дека постапуваш провокативно на ист начин, како што тоа го прават тие??? Спомнав многу работи, кои, мислам добро го објаснија моето мислење уште во мојот прв пост на страна 6. Околу навредливите зборови, извини ако нешто премногу ја разигра твојата суета, но заклучив дека треба да ти ги посочам за да се обидеш да сватиш каде е грешката во твојата дискусија но попусто. Повторно извини, ако тоа воопшто нешто менува од твојот пристап кон начинот на кој го апсорбираш и читаш тоа што јас го пишувам! < = < = |
|||||||||
![]() |
|||||||||
kitkiritki ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 05-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||||||||
Околу темата, коректно поставена - Дали во Скопје може да стои споменик на Александар Македонски? Одговорот е дефинитивно, без разлика дали Александар воопшто стапнал овде или дали тогаш Скопје влегувало во таа империја! Доколку велиме дека имаме врска со Македонците од тоа време, тогаш каде е проблемот, најславниот нивен крал да не може да се постави во современета држава. или поточно да се изразам,во новата престолнина на македонците?
![]() п.с без злоупотреби < = < = |
|||||||||
![]() |
|||||||||
kitkiritki ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 05-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||||||||
А да морав уште ова - јас не сум против инвестирање во градењето! Злоупотребата е следна -- Не може споменик на лав висок 5 м излеан во бронза, да чини 1.200.000 евра. Со тие пари ќе беше излеан во злато со се постаментот. Некој го злоупотребува моментот, да се изразам сватливо --- Досега овие претходнициве ништо не градеа, сега ние кога градиме никој нема да примети дека пуниме и ќеси од страна. Тоа е тотално изигрување на народот преку емотивната врска со неговата историја!< = < =
|
|||||||||
![]() |
|||||||||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
||||||||
прво да нема забуни Александар е Македонец, а сите племиња кои го негувале хилиолатрискиот култ на овие простори се обединили во едно Кралство а подоцна и Царство - Македонија! аналогно на тоа современите Македонци имаат право со идентификување на античките корени, тоа што истите тие корени немајќи свои сакаат и други да ни ги присвојат тоа е сосем друга работа, впрочем не е ни проблем доколку се сметаат истите за Македонци слободно нека се идентификуваат со Македонската Историја и Нејзините Јунаци, Легенди, Културно и Духовно Наследство итн. впрочем ние од секогаш сме биле како народ космополити и никому ништо не сме му бранеле, што не било случај со другите заедници кои имале претежно безусловен робовладетелски систем... а за тоа дека тука во неолитот и палеолитот немало луѓе тоа малку си грешка, да имало големо катлановско езеро како остаток од некогашното море на овие простори, но воедно имало и автохтони култури, население кое уште тогаш го имало сонцето за симбол! за тоа доказ е печатот од Говрлево кој го откри заедно со Магна Матер и Адамот - проф.др. Милош Билбија http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=373&PID=15282#15282 истиот овој печат на симпозиум во љубљана светската наука кога и прв пат пре неја е претставен го датира помеѓу 7 и 14000 год пред Христа, па така и тезата дека тука тогаш немало племиња кои подцна се идентификуваат како Пајонци воопшто не ти држи... нејсе, иако е, еве да претпоставиме дека науката лаже и е во заблуда како што веруваш гитар ти според изнесеното, ете дури и да не е така сепак ние денешните Македонци црпиме директно културни и духовни влијаниа од античките Македонци а тоа со право ни остава простор со нив и да се идентификуваме! а доколку некој се срами од своето минато или смета дека истото по него е погубно, ок тоа е негова работа, но сепак вистината за науката треба да им ја остави на историчарите, а ако тие историчари кај нас велат дека Македонскиот Корен на овие простори е нераскинлив континуитет, негледам зошто некој тоа и да го отфрла, повикувајќи се на конструкциите на некои романтичари од 19 век со кои некои држави сеуште живејат, а преку нив на други уште им наметнуваат асимилаторски јарем... ~ инаку што е до коњаниците, сметам дека пиедесталите на повеќето им се промашени, ар онака како на рендерите што изгледаат, воопшто недолично за такви монументи, ајде ќе разберев за промашените вакви комбинации со ова модерните скулптури, но ова веќе навистина не мие јасно! исто лавот тој за пред мостот е само за во золошка, истиот требаше да биде седнат со што би симболизирал исто како и во антиката што го користеле тој момент Македонците да означи дека тој односно тие владејат со оваа територија! ова сега вака како што е извајан дури ни за во золошка нема да го биде а не па за во централно градско подрачје на една престолнина! некој добро си поиграл мајтап со власта, но и тие кутрите сакаат а незнаат како иако знаат зошто, некој рече оваа замисла била на вангел, не вангел целосно е исклучен од овој муабет да се прауваше тој ви гарантирам далеку подостоиствен муабет ќе имавме на маса, иако сега оправдано или не застанува зад иницијативата на оваа власт, слично како и јас што ја оправдувам бидејќи истата се труди да го потикне Македонизмот! но никаде во свет грандизност и префинетост не се брка по тендери, туку се оди бескомпромисно скапо и со идеите и со изведбата, а капак не се бара кое дело ќе победи на конкурс туку се ангажира елитата и највичните мајстори со здружени сили надополнувајќи се да изведат нешто вонвременско, а не нешто безвременско! потоа најпроблематичен момент мислам дека ќе биде ова со бурмали џамијата, не заради тоа што ќе ја нема, него бидејќи заради еден објект голем број сограѓани ќе се чуствуваат отфрлено, тука влегуваат и голем број Македонци Муслимани, Албанци, Турци па и Роми, ова сеуште мислам има време да се корегира, но воедно за да биде и естески и функционално правично и Цркавата мора да се помести на местото на латис т.е. стара нбм! а доколку некој смета дека локацијата е премала со што нема да се сложам, ете може со се неа и метропол да се турне, значи она лепенката до типо, и пријатно трајно решен проблем! од спротива би се сместила и џамијата и офицерскиот иако нешто местата ќе им бидат изместени а на џамијата и маркичката помала со иста големина како и Црквата! знам дека ова многу нема да сакаат да го одобрат но лим влеташ во стапица единствено чаре за да излезеш од неа не е на сила да ја тераш работата туку да најдеш со лезет чаре како да се избавиш, а ова поинаку дефинитивно не е изводливо! |
|||||||||
![]() |
|||||||||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
||||||||
кикирики дека леењето не чини толку тоа не сум сигурен а дека со таа пара уште и во бронза да го излиеш споменикот тоа нема шанса, нешто посекако има муфте но тоа не мисе верува да е ни повеќе од 10% од вредноста на споменикот, е сега дали муфтето го зел посредникот или допрва треба некој да го добие повратно тоа времето ќе каже, ама баш ништо не останало тајно кога е посреди заврзлама! инаку да ги лееја тука негде во близина да цената посекако ќе беше за третина па и пола поефтина него во италија, па што ако мајстори и извикани леарници, кога ние не сме ангажирале проверени и истакнати наши академски скулптори, туку на тендер сме избрале изведувачи!?! а за другото немам сега време потака! |
|||||||||
![]() |
|||||||||
kitkiritki ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 05-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||||||||
Рушење на Метропол? Тоа ќе биде уште еден катастрофален потег! Тие објекти се дефинитивно споменици на модерната во Скопје и имаат вредност, донекаде ве разбирам за таквите ставови, но се во крајност неисправни! Градењето на џамија е тотално спорно од секаков аспект на архитектурата во тој простор, и претставува некоректна игра на муслиманската верска заедница. Околу познавањето на македонската историја, сметам дека доволно ја познавам. Печатот го познавам одамна и запознаен сум и со праисторијата. Инаку не знам колку знаете Вангел е еден од одличните познавачи на тој периот. Жално е што е лош архитект кој не умее споменот и трагата од минатото како иснпирација да ги претвори во современа македонска архитектура! Секое делување во еден простор започнува со анализа на околината и пред се почит на постојното. Рушењето на Метропол е злостор, тој еднсотавно треба да биде реставриран.< = < =
|
|||||||||
![]() |
|||||||||
Cartman ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 30-Mar-2009 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||||||||
Градот убав пак ќе рикне Законот не дозволувал да и' се помогне на неготинката Панда Ѓорѓиева, која живее во лифт, спие на картони и аргатува по туѓи куќи за корка леб. Вака Центарот за социјални работи јаобјасни својата „немоќ“ пред македонската правна држава. Но, за мегаломанијата со дискутабилна естетика издиктирана од политиката, презентирана во спотот „Скопје 2014“, нема ни законски ни морални пречки. Васко Попетревски http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D607A4F35BB10744AD7809437CB4352D |
|||||||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 7891011 329> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |