build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Разно

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 34>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 12-Jan-2010 at 15:17
И што сега?!

Брановите ги голтнаа плажите кај Лагадин

Зго­ле­му­ва­ње­то на водостојот на Охридското Езеро, кое сега се наоѓа на 693,75 метри (нормалната точка е 693,17 метри), ги голтна плажите кај Лагадин. На капалиштата водата одзеде и до три метри од брегот.
По­ка­чу­ва­ње­то на нивото на Езерото ја зголеми и ударната сила на бра­но­ви­те, кои деновиве беа предизвикани од силните ветрови. Бра­но­ви­те, високи и до два метра, ги искршија платформите на плажите кај Ла­га­дин, а ги оштетија и потпорните ѕидови..
"Ла­ни инвестиравме во подигнувањето на потпорни ѕитчиња. Сега го­ле­ми­те бранови ги подјадоа во долниот дел. Секој момент може да се ур­нат. Ќе мора повторно да вложам во нивно саниирање", вели кон­це­си­о­нер на една од плажите кај Лагадин.
По­ма­ли или поголеми штети претрпеа речиси сите концесионери крај бре­гот.

http://vest.com.mk/?ItemID=04D495ABDE8C8B46BE4828033CFA4411
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 23-Jan-2010 at 17:41
Поставени канделабри со светилки во паркот во УЗ Баби

kandelabri-park-babi-07122009-1.jpgШтип, 7 декември 2009 - Конструкцијата на забавниот парк во УЗ Баби продолжува и понатаму. По поставувањето на пешачките патеки и садењето на 26 стебла на цреши во знак на сеќавање на Тоше Проески минатиот викенд поставени се и канделабри.

Долж тротоарот и пешачката патека поставени се 15-тина канделабри. Сите се опремени со штедливи светилки во функција на заштеда на електричната енергија.

Оставен е простор и за поставување на клупи за одмор, како и нов сет на детски лулашки со што ќе се заокружат работните активности околу утврдување на инфраструктурата.

kandelabri-park-babi-07122009-2.jpg
ЈП Исар треба да ги постави и клупите на просторот кој е испланиран за оваа намена. Со тоа најголемиот дел од работата е завршен. Со реализирањето на проектот, УЗ Баби ќе добие еден од најголемите забавно-рекреативни паркови во Штип.
 kandelabri-park-babi-07122009-3.jpg  kandelabri-park-babi-07122009-4.jpg
 
 
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 27-Jan-2010 at 15:11

Се бара чаре за прекопите на улиците

На средбата на Координативното тело на скопските градоначалници договорено е решавање на повеќе градежни, комунални и административни проблеми

Во иднина, фирмите не ќе може лесно да се извлечат за оставени прекопи по скопските улици и тротоарите. На вчерашната средба на Координативното тело на градоначалници бил разгледуван предлог-договор што ќе ги обврзува тие што прават прекопи да ги вратат нештата во првобитната состојба.

- Со градоначалниците на скопските општини разгледувавме предлог-договор, чиј модел треба конечно да биде усвоен. Ќе разговараме и со големите компании што ги прават прекопите. Моделот на договорот, кој конечно ќе биде усвоен, понатаму ќе го применуваат сите општини и Градот - изјави скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

Тој информира дека во предлог-договорот е предвидено фирмите и претпријатијата или компаниите што ги прават прекопите на улиците претходно да мора да имаат одобрение за тоа, како и проект, елаборат, но и банкарска гаранција ако не ја вратат улицата или тротоарот каде што е прекопот во првобитната состојба. Надзорот над спроведување на тој договор ќе го вршат општините, односно Градот.

Како што истакна Трајановски, на вчерашната средба на Координативното тело на градоначалници било дискутирано и за собирањето на комуналниот смет. Тој најави дека во таа насока Градот веќе распишал оглас за набавка на 35 возила за собирање смет.

- Преговараме со една од банките за набавка на дополнителни возила. Очекуваме 35-те возила да ги набавиме до крајот на годината и со тоа да ги опфатиме и руралните делови што досега не беа опфатени со границите на Генералниот урбанистички план за град Скопје, потенцира Трајановски. Тој информира дека на средбата одредени скопски општини се заинтересирале да купат возила за собирање смет, со тоа што ќе му ги донираат на јавното претпријатие „Комунална хигиена“.

Трајановски исто така најави дека со градоначалниците било договорено решенијата за данок на имот годинава да се дистрибуираат преку Македонски пошти.

- Разговараме со Македонски пошти да бидат опфатени што поголем број од корисниците, не само од Скопје, туку и во другите градови во Македонија. Врз основа на тоа, Македонски пошти ќе може да ни дадат грант за дистрибуцијата на решенијата за данок на имот. Сметаме дека оваа година ќе почнеме навреме онака како што е предвидено според законот и дека на тој начин ќе имаме поголем прилив на финансиски средства - нагласи Трајановски.

Новина што произлегла од средбата е тоа што локалите од годинава ќе мора да поседуваат одобрение за користење музика и соодветно на тоа да плаќаат комунална такса.

- Подготвени се предлог-решенија што ќе ги доставиме до градоначалниците на општините, по што конечно ќе заземеме став како да се регулира тоа - рече Трајановски.

Тој најави дека деновиве бил одржан состанок со сите сектори за урбанизам на општините и Секторот за урбанизам на Град Скопје, со претставници од Министерството за транспорт и врски за да се договорат сите детали за издавањето на одобренијата за користење на летните тераси, односно урбаната опрема на кафулињата и рестораните.

- Оваа година ќе нема проблем со тоа. Се' ќе биде регулирано навреме и според законските прописи - истакна Трајановски.

Градоначалниците на скопските општини биле информирани и за тоа кои покрупни проекти Градот има намера да ги реализира годинава, што се во интерес на општините или се на нивната територија. (А.П.)

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=BAEF894DEAF0EB4AA07449BBD9FA277F


Edited by Cloverstack - 27-Jan-2010 at 15:12
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 30-Jan-2010 at 01:14
Чистка за кршовите од паркинзите


Комуналната инспекција од Општина Гази Баба и полициската станица Гази Баба деновиве започнаа заедничка акција за отстранување на паркираните возила од тротоарите, зелените површини и велосипедските патеки на целата територија на Општината.

Во првата фаза на оваа акција ќе се оставаат известувања на непрописно паркираните возила, со цитирани делови од Законот за безбедност на сообраќајот на патишта и Законот за јавна чистота, каде што е наведена забраната за паркирање и застанување на тротоарите, зелените површини и велосипедските патеки со моторни возила, од причина што на тој начин дирекно се загрозува безбедноста на пешаците и велосипедистите, а и животната средина.

Следната фаза ќе биде за сите оние кои не ги почитуваат наведените Закони, односно ќе се применуваат казнените одредби.
Оваа акција е позитивно прифатена од страна на сите жители од подрачјето на Општина Гази Баба.

http://vecer.com.mk/?ItemID=945413B4C0689941B09B9D5D62BC5B3B

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 07-Feb-2010 at 20:11

Одрон на земјиште и карпи зад Музејот - Робевци во Охрид

Земјиште и камења вчера попладнето се одронаа во стариот дел на Охрид, непосредно зад Куќата на Робевци, најрепрезентативниот примерок на старата градска архитектура во градот.

Станува збор за десетици тони материјал – карпи, земја, но и дел од потпорниот ѕид изграден на северната страна од Музејскиот комплекс - Робевци.
 
Директорката на Националната установа „Завод и музеј – Охрид“, Тања Паскали-Бунташеска денеска истакна дека во текот на оваа година била предвидена санација на задниот потпорен ѕид и обезбедување на просторот, за што преку Министерството за култура веќе биле обезбедени 1,5 милиони денари.
 
- Санцијата беше предвидено да заврши пред почетокот на престојната туристичка сезона. Проектот беше во завршна фаза, меѓутоа се случи тоа што се случи. Постојната состојба е веќе измената. Ние ќе мора да го преработиме проектот и тоа ќе го направиме во најскоро време, појасни Бунташеска, изразувајќи увереност дека Министерството за култура ќе обезбеди дополнителни средства за целосно обезбедување на просторот.
 
Покрај деструктивните сили на природата, ерозивноста на земјиштето предизвикана од обилните врнежи од дожд и снег, таа дополнителна причина за одронот гледа и кај човечкиот фактор, пред се сопствениците на станбените објекти лоцирани непосредно над Музејскиот комплекс.
 
- Жителите кои живеат на горното плато над Музејот треба да се свесни за состојбата во која се наоѓаат. Веројатно е нарушена статичката стабилност на дел од нивните станбени објекти, за што и самите имаат вина заради изведување одредени недозволени градежни зафати, предупреди Бунташеска.

http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/odron-na-zemjishte-i-karpi-zad-muzejot-robevci-vo-ohrid


Edited by lslcrew - 07-Feb-2010 at 20:12
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 07-Feb-2010 at 20:41

не ми се верува дека проблемот е само од претоварениот убанизам, посекако и тој има улога, но во осна се повеќе фактори! прво механизацијата што се ангажира таму има големи вибрации, порано граделе со кољски коли и на раце носеле камен, а сега имаш механизација која само да помине раздрмува се наоколу, исто голем фактор се и концертите во амфитеатарот, бидејќи истиот е во дупка а децибелите директно тука во брдото дрмаат, слично на муабето со кло што го теравме за хавзи пашините конаци http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=68&PID=26432#26432 плус тука не тераат акустилни концерти туку прилично озвучени егзибиции, главна локација за концерти на охридско лето е амфитеатарот!

јасно плус фактор е најверојатно геолошки неизмапираната околина, која се покрива и почнува да се истражува штом се случи некоја заврзлама, па ајде ако ова не е обрзувачки за приватните објекти, за се што е под заштита на државата или е во нејзино владиние мора да има и ваква ревизија! ова незнам дали е случај и тука, а ако е посекако некој треба сноси одговорност бидејќи навреме не е предупредено за можните опасности!

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 07-Feb-2010 at 22:01
Ја би сакал некој што има познавања од геологија да ми објасни. Колку истражувања се опасни по ваквите свлчишта. Има ли опасност со бушотините да се погоди некоја слба точка, или како да ја наречам, па да има некакви одрони?
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 07-Feb-2010 at 22:46
Неминовност се бушотините, без испитување на тлото на таков терен (или било кој) неможе да се дознае какво тло е испод а со тоа и соодветна подлога за градба, тиа вибрации не би можеле да ја „растресат“ почвата, како и 90 dB јачина на концертите која не е концентрирана на едно место туку широко распространета во анфитеатарот.

Секако тешката и константна механизација може да го поремети горниот слој, но претпоставувам дека најголем проблем е самото градење на куќите над оваја локација.

Или како е наведено човечкиот фактор, кој гради без норми и стандарди, кој за жа жал уште од JUS ги има но потполно се заборавени.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 09-Feb-2010 at 05:59

Кавадарци ќе прави урбан ред

Локалната власт на Кавадарци најавува средување на урбаниот хаос во градот, во кој во изминатите педесетина години нелегално се изградени многу куќи, но и згради на државни институции и производствени хали. Ваквата состојба ја потврди и градоначалникот Александар Панов. Тој вели дека некои од сопствениците на дивоградбите дури барале општината да им обезбеди и инфраструктура за нелегалните објекти.

- Наша заложба е со ниту една постапка локалната самоуправа да не го поттикнува дивото градење. Имајќи ја предвид економската криза на сите што едвај преживуваат, а имаат диви градби, им овозможувавме легализацијата да ја платат на рати. Вакво олеснување нема за тие што профитираат од нелегалните објекти - објаснува Панов.

Лани биле донесени 50 решенија за уривање, а било реализирано само едно. Но, и тоа уривање било насочено кон помалку вредните објекти како тераси, гаражи и тенди. Со тоа само се сакало да се покаже сериозноста дека нема да се толерираат дивоградби. Се најавува уривање таму каде што има екстремно нарушување на урбанизацијата.

Градоначалникот Панов откри дека цели населби, како тие на Тиквешкото Езеро и браната Моклиште, се со дивоизградени објекти. Бројот на дивоградбите е над 2.000. Постапката за легализирање ќе почне со населбите Брушани и Ново Брушани. Но, како што велат од локалната власт, имало и дивоградби што биле во зоната забранета за градење крај самото езеро и тоа ја усложнувало целата постапка.

Легализацијата или уривањето ќе го почекаат новиот Закон, кој треба да ја регулира ова проблематика. Додека се чекаат законските решенија, Панов тврди дека нема амнестија за никого од сопствениците на дивоградби. Тој тврди дека за дивоградбите нема партиски или каков било друг клуч при бележењето кои од нив треба да се уриваат.

- Мили ни се луѓето, мил ни е електоратот, но најмило ни е Кавадарци - е девизата на Панов.

Нему му е криво што некои од производствените објекти кои може да се легализираат мора да чекаат законски процедури.

- Со еден потег за легализација општината ќе добие 500.000 евра. Со тие пари Кавадарци ќе може да изгради инфраструктура. Да не зборуваме за тоа колку луѓе би можеле да се вработат во тие производствени хали. Ако погоните произведуваат, ќе имаат корист и граѓаните и општината - вели Панов.

Тој е дециден дека е против ново дивоградење и либерален за старите диви градби таму каде што постои можност за легализирање. Таму каде што немало можност ќе се урива, оти нема друго решение за тој што градел на место каде што е проектирана улица.

Светлана Дарудова

Забрзано се уредува Луда Мара

Забрзано се уредува коритото на реката Луда Мара. Деновиве се работи и по снег и по студ дури и во недела. Извори во општината потврдуваат дека уредувањето на реката е забрзано оти се планира да завршат до недела, кога градот на виното го слави Свети Трифун. Дознаваме дека за празникот на лозарите биле поканети и претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски, како и претставници на странските мисии во земјава.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=59AAE362E15C5B468E2CD4BCA803B8DE
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 09-Feb-2010 at 06:01
Поставување на мобилни санитарни кабини
Општина Гази Баба активно се вклучува во спроведувањето на Законот за јавна чистота. На својата територија, во зависност од потребите, постави мобилни тоалетни кабини.
- Минатата година беа поставени по две тоалетни кабини на Плоштадот во Автокоманда и во Паркот Ченто. Деновиве се поставија по две тоалетни кабини до Спортската сала во населбите Автокоманда и Железара, на претпоследна автобуска постојка - велат од Општината.
Општината и во иднина, на местата каде што има потреба, ќе продолжи со поставување на мобилните санитарни кабини.

http://vecer.com.mk/?ItemID=552BD0DFF3C1784D83A5AAD2E23698B1
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 11-Feb-2010 at 16:52
ПРОГРАМА ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО СКОПЈЕ
На екран ќе гледаме колку ни е загаден воздухот

Роза Петкова


Екран поставен во центарот на градот ќе ни покажува колку штетни материи има во воздухот кој секојдневно го дишеме. Оваа активност е дел од програмата за работа на Секторот за заштита на животната средина, а Град Скопје наредниот месец ќе распише јавна набавка за уредот. Градските власти велат дека екранот ќе се монтира заедно со мерната станица и ќе дава податоци за присуството на азот, јаглерод диоксид, сулфур и на други отровни гасови во атмосферата. Истовремено ќе ја покажува и температурата, влажноста на воздухот, притисокот и брзината на движење на ветрот. Сите овие информации ќе може да се следат на видно поставени екрани и на веб-локаторот на Градот, а за нив ќе се потрошат пет милиони денари од буџетот или нешто повеќе од 80 илјади евра.
- Локацијата за станицата се уште не е точно утврдена, но една од посигурните е во паркот „Жена - борец“ - велат во Одделението за односи со јавноста. Сличен екран, кој покажува податоци за воздухот, освен оние за штетните материи, пред извесно време на истата локација постави и Управата за хидрометеоролошки работи, но тој ретко кога функционира или дава погрешни информации.
Покрај оваа, нова мерка со која Градот ќе ја штити природата е и поставувањето на обележувачи во парк-шумите кои се под негова надлежност. Откако се изгради половина Водно, а дивоградби никнаа и во Гази Баба, дури сега градските власти физички ќе ги исцртуваат границите на овие два локалитети, за да ги одвојат од урбанизираните делови. - Обележувањето на двата локалитети е за првпат физичко пренесување на границите од топографските карти. Обележувањето на граничните области во парк-шумите ќе се врши по целата граница. Подготовката за распишувањето на јавната набавка е во тек и истата треба да биде објавена идниот месец. Со неа ќе се утврди формата на обележувачите кои ќе бидат поставени, а потоа за нив ќе се грижат чуварските служби на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ - велат од Одделението. За оваа активност ќе се потрошат еден милион денари.
Исто така, Градот ќе даде предлог до Министерството да се прогласи еколошки коридор Водно-Сарај-Матка, како појас на заштитените локалитети на подрачјето на Скопје.
Меѓу другото, надлежните од Градот констатирале дека Скопје е прекумерно бучен, па затоа планираат да подготват и елаборат за влијанието на бучавата врз квалитетот на животната средина.
Задача на Секторот е да направи и годишно набљудување на површинските и на подземните води во скопскиот регион, пред се на изворот Рашче и на бунарското подрачје Нерези-Лепенец. Градот се уште не го реализирал проектот со кој треба да се регулира дел од коритото на Вардар, во близина на Рашче, за да не дојде до мешање на надојдените води на реката со изворските. „Во повеќе наврати водите на Вардар претставуваа многу сериозна закана за изворот „Рашче“ и со максимални залагања на вработените на ЈП „Водовод и канализација“ и АРМ, беше спречена можната еколошка катастрофа“, стои во програмата на Секторот. Иако е изработен главен проект за коритото на Вардар во должина од 5,5 километри, неговата реализација се планира по 2011 година.
Сите активности кои се вклучени во програмата на Секторот ќе чинат вкупно околу 80 милиони денари.

Ќе се вади азбестот

Градските власти дури годинава ќе почнат да го отстрануваат азбестот, а први ќе бидат некои од средните училишта. За реализирање на првата фаза ќе се потрошат 20 милиони денари, а изведувачот ќе се избира со јавна набавка и ќе мора да поседува сертификати за постапување на азбест.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1941&ArticleID=133682
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 19-Feb-2010 at 21:38

Киосците се враќаат на тротоарите

Градските власти ги утврдија правилата според кои во иднина на јавните површини ќе се поставуваат само типизирани киосци, со ист облик и боја

По неколку години забрана на тротоарите и на другите јавни површини ќе се поставуваат нови киосци, согласно новиот Правилник за времени објекти и урбана опрема, усвоен на последната седница на Советот на Град Скопје. Според одредбите, времените објекти, за разлика од порано, ќе бидат типизирани, со ист облик и боја. Дејноста може да опфати продажба на весници, цигари, готови производи, но во никој случај сендвичи. Потребата за донесување на овој Правилник ја наметна Законот за градбата, кој пред една година ги врати „во живот“ забранетите времени објекти.

Тие, според објаснувањата на градската власт, ќе се поставуваат откако претходно граѓаните ќе поднесат барање и проект. Стандардите велат дека привремената, но и урбаната опрема, како што се клупи, канти, рекламни паноа и друго, не смеат да го попречуваат или отежнуваат користењето на станбените и деловните згради и на другите објекти.

- Времените објекти и урбаната опрема со својот изглед и форма не смеат да го намалат естетскиот и општиот изглед на околината. Со вршењето на дејноста не смее да се создава нечистотија, недозволена бучава и лоша миризба. Тие не смеат на никаков начин да бидат трајно прицврстени за подлогата, а нивното поставување и отстранување треба да се одвива на брз и лесен начин и без оштетување на подлогата - се вели во Правилникот.

Видот и бојата на времените објекти ќе ги утврди Градот со проект. За таа цел ќе биде распишан конкурс за избор на идејно решение, како што имаше и конкурс за унифициран изглед на идните тезги.

- Во понатамошна постапка ќе биде утврдено на кој начин и од каде граѓаните ќе може да ги купат новите киосци - информираа од одделението за односи со јавност во Градот.

Предвидено е времените објекти да бидат монтажно-демонтажни од лесна конструкција, со капацитет до 16 квадратни метри, наменети за продажба на весници, билети за јавен превоз, вода и безалкохолни пијалаци, сувенири, лотарија, кондиторски и слични производи, без подготовка на храна.

Урбаната опрема, која ќе се поставува краткотрајно по повод манифестации, презентации и изложби, предвидено е да се отстранува од јавната површина секојдневно по завршувањето на работното време. Шанковите, летните тераси и натстрешниците не смеат да ја надминуваат површината утврдена со елаборат. Столовите и масите на летните тераси не смеат да се покриваат со најлони, а чадорите и тендите мора да бидат од ист материјал и боја.

Одобренијата за урбана опрема и за вршење дејност ги издава градоначалникот на Град Скопје, ако таа се поставува на јавна површина за која е надлежен Градот. Тој може да издаде дозвола што се однесува за јавна површина која ја одржува некоја скопска општина, но за тоа претходно мора да има склучен договор меѓу двата субјекта на локалната самоуправа. Имателот на одобрението не може да го пренесе правото на вршење дејност или закуп на трето лице.

Поставувањето нови времени објекти пред десетина години беше укинато поради хаосот што тие почнаа да го создаваат на јавните површини. Во киосците почна да се продава се' и сешто, а секоја година тие легално се ширеа, односно ги окупираа тротоарите со фрижидери за сокови, за сладоледи и со апарати за кафе, благодарение на разни злоупотреби од државни службеници. Сендвичарниците надвор распостилаат столови и маси, а за дополнителен профит поставуваат огромни рекламни паноа што им висат на пешаците над главите.

Според старите закони и правилници, постојните трафики ќе останат на своите места се' до реализација на урбанистичкиот план.

Јорданка Ивановска

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=A08A0E6DA1D57F4AB505886133C72FAA
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 26-Feb-2010 at 01:00

Гробиштата ќе се прошират

Со измените на детаљниот план е овозможено гробиштата во Бутел да се прошируваат во фази, а за почеток нови гробни места ќе има на површина од 6,65 хектари

Градските гробишта „Бутел“ конечно ќе може да се прошират, со што ќе се реши проблемот со недостигот од нови гробни места, кој е изразен во последните години. Советот на Општина Бутел вчера ги усвои измените на детаљниот урбанистички план за гробиштата, со кои е предвидено проширувањето да се одвива во фази. Станува збор за површина од 6,65 хектари, десно од улицата Лазо Трповски, веднаш кај старите гробишта.

Според Слободан Невенов, раководител на Секторот за урбанизам во Општина Бутел, ова се прави по барање на Градот Скопје и по иницијатива на претпријатието за погреби и придружни активности, АД „Бутел“, поради ургентната потреба од нови гробни места.

- Постапката за подготвување на овој урбанистички план е почната по барање на АД „Бутел“ и на Градот. Инаку, веќе постои детален план на гробиштата со површина од 28 хектари, која го опфаќа просторот спроти капелата, минува покрај големиот паркинг и излегува на големиот пат за Чучер-Сандево. Но, поради тоа што се јавуваат нерешени имотно-правни односи, односно има сопственици на дел од земјиштето како резултат на денационализација, решивме тој план да се реализира во три фази. Ова е првата, почетна фаза, со која ќе се даде можност за побрзо проширување на градските гробишта - вели Невенов.

Невенов вели дека почнале со овој дел со површина од 6,65 хектари, бидејќи за него веќе се познати сопствениците на одредени парцели, а во другите делови на земјиштето се' уште тече постапката за денационализација.

Според Драган Гроздановски, претседател на Управниот одбор на АД „Бутел“, со проширувањето на гробиштата на површина од 6,65 хектари ќе се реши проблемот со гробни места за наредните пет години, а со вкупното проширување од 28 хектари проблемот со гробните места ќе биде решен за 25 до 30 години.

Гроздановски тврди дека со проширувањето нема да има потреба за изградба на нова инфраструктура, бидејќи ќе се користи постојната.

- На само 100 метри од новиот дел на гробиштата се наоѓа старата инфраструктура. Таму се капелите и ладилниците што ќе се користат и за новиот дел. Нема да биде проблем ниту спроведувањето вода, бидејќи водоводни цевки веќе постојат за старите гробишта. Единствено што ќе треба да се направи, ќе биде оградата и уличките, односно патеките меѓу гробните места и пристапните патишта - вели Гроздановски.

Тој додава дека Градот Скопје ќе треба да биде главниот инвеститор за уредување на просторот, пред се на изградбата на пристапните улици, но истакна дека и АД „Бутел“ ќе даде свој придонес.

- Можеби ние како претпријатие ќе ја финансираме оградата, а ќе помогнеме и во некои други работи. Сепак треба да седнеме на маса со градските власти и детаљно да се договориме за сето тоа - смета Гроздановски.

Од Градот се' уште немаат прецизни податоци за начинот на уредување на новите гробишта во Бутел.

- За тоа ќе се размислува дополнително. Сега првично се усвоени само измените на ДУП „Гробишта Бутел, нов дел, прва фаза“. Потоа, треба да се изработи проект, за да се види како сето тоа би изгледало - вели Неделчо Крстевски, портпарол во Градот Скопје.

Наскоро ќе се прошируваат и гробиштата во Камник и во Ѓорче Петров. За Камник градските власти информираат дека се откупени пет хектари земјиште, а набрзо ќе бидат откупени уште пет, додека во Ѓорче Петров купувањето нови парцели е при крај.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=DC41CC3CF01FFB4DA89D04379B263D45
Back to Top
Cifra View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 25-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 85
  Quote Cifra Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 27-Feb-2010 at 01:05


Наместо да се губат огромни корисни површини со бескрајно ширење гробиштата, треба да се овозможи и да се стимулира кремирање
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 27-Feb-2010 at 01:12
За овозможување мислам дека е овозможено, ама за стимулирање дај ти се молам ќе го кремираат баш тој што ќе им спомне кремирање Веројатно можат да се направат гробишта во сосема друг дел од градот, со некоја повластена цена за кремирање во Бутел, како начин да си ги задржи приходите. Ама ова што е преголемо, преголемо е. А и уште се шири.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 16-Mar-2010 at 00:50

Зошто нема министерство за урбанизам?


Наредната влада да се избори за министерство за урбанизам и јавни работи и министерство за екологија, во спротивно и понатаму ќе владее хаос во просторот. Но можеби тоа е во нечиј интерес?

%20

Се зборува дека напролет ќе има вонредни парламентарни избори. Независно дали ќе има или не, уште отсега треба да се размислува за Законот за органите на управата, во кој не постои зборот урбанизам! Нема министерство за урбанизам, ама затоа има хаос во урбанизмот, цутење на бесправната градба и слично.

Многу поисправно би било, наместо Министерство за транспорт и врски, да стои: Министерство за урбанизам и јавни работи. Урбанизмот подразбира планирање на просторот (изработка на просторни, генерални, урбанистички и детални планови), а под поимот јавни работи се мисли на работи од областа на сообраќајот (патен, железнички, авионски и воден) и телекомуникации. Ако вака се постават работите, многу еминентни лица што доаѓаат од странство не би се потсмевале што го немаме наведеното министерство или што тој важен ресор е под капата на некое друго министерство!

Еве уште еден посликовит пример. Замислите нешто да се гради или доградува на просторот околу Ајфеловата кула во Париз и за тоа да одлучува не Владата на Франција, туку општината! Мислам дека цела Франција ќе стане на нозе. А кај нас, за централниот градски простор, кој всушност е државен простор на Македонија, одлучува општината. Зошто? Затоа што во Министерството за транспорт и врски нема урбанисти (стратези), кои ќе даваат насоки како да се решат некои суптилни проблеми во тој простор. А за да биде трагедијата уште подраматична, Владата тие работи му ги преотстапила на Министерството за култура. Значи, од аспект на културата се решаваат проблемите на толку важен простор, што претставува незамислива работа!

Тука веднаш треба да се нагласи една работа: никој не бара министерот да е архитект-урбанист. Тој се поставува по заслуга од партијата. Но ако не е тоа, тој мора да биде опкружен со урбанисти што ќе го владеат просторот. Сé друго е импровизација!

Во наведениот закон постои уште еден апсурд: Министерство за екологија и просторно планирање. Ако просторната економија претставува основа при изработката на Просторниот план на државата, а тој е највисокиот акт на државата, по Уставот, и ако Просторниот план е збир на одделни активности, почнувајќи од демографија, па стопанство и завршува со екологија, сосема е нелогично периферниот елемент – екологија, да е напред, па потоа да следува просторно планирање. Како да нема корелација меѓу нив!

Но тука има уште еден поголем проблем: се прекршуваат два од петте основни методолошки принципи на планирањето, а тоа се принципот на комплексност и интегралност и принципот на долгорочност. По првиот принцип, не се овозможуваат ординација и субординација. Со други зборови, не се тргнува од горе па надолу, односно не се следи изработката на просторен план – основен (генерален) урбанистички план – детални планови или обратно. Значи, заради поделеноста на планирањето - просторното да е во едно, а урбанистичкото во друго министерство место, се јавува антагонизам меѓу министерствата на штета на планирањето.

По вториот принцип, не може да се постигне континуирано планирање. Во таа смисла може да се рече дека не можат перманентно да се следат остварувањата на плановите, како и да се извршат корекции врз основа на новите согледувања на развојните процеси, што не биле можни да се забележат во моментот на донесувањето на плановите. Значи целокупното планирање треба да биде на едно место, во едно министерство.

Како општ заклучок може да се каже дека наредната влада уште на почетокот на нејзиниот мандат да се избори во законот, меѓу другото, да стои: Министерство за урбанизам и јавни работи; Министерство за екологија.

Ако новата влада не се избори за тоа, и понатаму ќе владее хаос во просторот, нема да се знае кој што гради и како гради, ќе цути бесправната градба и слично. Но можеби тоа е во нечиј интерес?

Авторот е поранешен државен секретар при Министерството за урбанизам

 
Автор: арх. Васил Василевски
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=31510104459&id=13&prilog=0&setIzdanie=21934
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 16-Mar-2010 at 01:14
Многу сериозно прашање се спомена за што оддамна сум размислувал. Всушност и ова е последица на лошота административна поделба и раководење. Треба владата најгорното ниво да одлучува (вцртува) за прашања од државно значење, инфраструктура, урбани простори од државно значење како админсутративен кварт, па да речеме еве и државен плоштад, сега се наметна судскиот кварт, дипломатски кварт и слично. Градот за она од градско значење, општините за она од општинско значење. Кај нас се е испревртено испретурено. За оние интересните домени се поклопуваат ингеренциите, кој како сакал си препишувал ингерениции, додека за некој домен неможеш да најдеш под чиви ингеренции е да си завршиш работа.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 16-Mar-2010 at 01:25


Ионака и сега владата одлучува. Мислам текстот е повеќе во правец да има тело кое навистина стручно и суштински ќе се занимава со тие работи, наместо да се импровизира како сега... Но доколку би имало такво министерство без притоа да го поставиме на вистински основи (тоа е сржта на проблемот како и во највеќе ситуации - многу форма, малку суштина), тоа попрво ќе се претвори во моќна алатка за злоупотреби, отколку што ќе придонесе за некакво средување на работите. Значи мислам дека проблемот ни е многу подлабок, отколку дали имаме или немаме министерство за урбанизам и планирање.
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 16-Mar-2010 at 02:18
Previous
 
Ова за да има од кого да се бара оставка кога ќе се пласира нешто како ск 2014 LOL Ко што кажа и clover.. и сега владата одлучува, ама еднаш искача коце, еднаш г-дин тинекс, еднаш грујо итн и си ја делат "вината". Нема конкретен одговорен со кого би се пресметале Gunz


Edited by SkyBoy - 16-Mar-2010 at 02:21
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 20-Mar-2010 at 00:16
ОПАСНО РЕНОВИРАЊЕ ВО ПОДЗЕМНАТА ПОСТОЈКА ВО ГТЦ
 
Им висат над глава 'рѓосани прачки додека чекаат автобус
Надлежните од Трговскиот, поради реновирање, ги извадиле старите плафони во подрумот, но заборавиле да постават нови, па сега од внатрешноста зјаат железа, прачки и кабли за инсталација

Железни прачки, кабли за инсталација и цевки висат над автобуската постојка во подземниот премин на Градскиот трговски центар. Граѓаните што секојдневно тука ги чекаат автобусите број 50 и 57, стравуваат дека некое железо може да им падне врз глава.
"Како можеле да ги извадат старите плафони и со денови да не постават нови. Па оваа постојка е многу фреквентна, постојано е преполна со луѓе. Железата кои висат се стари, 'рѓосани и дотраени, и многу лесно може да се откачат и да повредат некого", вели скопјанка која секојдневно чека автобус во на оваа постојка во ГТЦ.
Ваквата состојба трае веќе подолго време, а почна откако надлежните од ГТЦ, во рамките на реновирањето, решиле да ги извадат старите плафони во подрумот, но заборавиле да постават нови.
Од Градскиот трговски центар вчера не добивме одговор зошто работата е оставена до половина завршена и зошто со денови дозволуваат кабли и прачки да висат врз граѓаните. Од таму кусо ни одговорија дека директорот на ГТЦ Аго Абазовски е на службен пат и оти никој друг не може да коментира место него. (А.А.)
фото.Д.Перковски
http://www.vest.com.mk/?ItemID=752E93ECBB98C2419EB66521C89F2746



Edited by SkyBoy - 22-Mar-2010 at 23:22
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 34>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.387 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.