![]() |
![]() |
![]() |
Aquapura Prespa |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 23456 8> |
Author | |||||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
||||
Урбан институциите онакви какви што се повторно им излегле максимално во пресрет на инвеститорите, а штом нешто се јави како куршлус без разлика што произлегол од некоја институција, со мала компензација брзо и лесно ќе го затвореле од страна на инвеститорите доколку тоа и го сакале! во случајов нечија парцела која тој некој ја имал во владение... смешно е неликвидноста инвеститорите да си ја правдаат со некакви системски пречки, абе ајде вложуваат милиони, та нешто им застанало напат, не тоа е тоа сакаат и да земат но и да се распостелат кога ним им се сака! тоа така не ја бива! еве за инфо за парцелите со кои ја развлекоа, кај израелците ете не по нивна вина, но очигледно со нивни благослов, а кај португалциве не по нивна вина ама ете банката не ги благословила навреме да си ги завршат обврските...
~
~
колку сакаат нека глумат жртви овие инвеститори иако озбилни гледаат што подолго да ја развлечат тука за да изманеврираат квалитетно онаму каде неможат и несмејат! затоа и потребно е притисок од државата чисто за да ете се решат да седнат на маса и инвестициите да отпочнат, или пријатно ниту ќе бидат први ниту единствени кои за бадијала би добиле атрактивни локации! да е уште посмешно сончев град кој е така речи во забитачина чини 100 милиони евра, а ова на најатрактивниот дел од преспанското езеро и воопшто поатрактивното слободно туристичко место во мкд, со екстра опции и за летен и за зимски и за рурален туризам, ќе го лапнат португалциве за инвестиција од 50 милиони евра... инвеститорите како што кажува алмеида во писмото понапред очекувајќи подобри економско-политички шпекулации за регионов, тактизираат наголемо, но тоа незначи дека ако некоја интеграција е одложена а тие влетале со инвестиција, дека таа инвестиција можат да си ја тераат како нив им се сонило! имаме јасни прописи и освен ако навистина не станува збор за нешто стратешко воопшто не треба да се тера со молење, а особено не доколку и самите тие инвеститори недвосмислено укажуваат дека ја заглавиле како во случајов со португалците! Edited by Max - 02-Mar-2010 at 20:42 |
|||||
![]() |
|||||
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
||||
@max
Нити јас, нити инвеститорите се убедени дека институциите им излегле максимално во пресрет. Па дали ти воопшто читаш што погоре напишав. Какво излегување во пресрет е да ти продадат парцела која е помала од онаа што си ја платил? Какво излегување во пресрет е 4 години чекање за градежна дозвола, ангажман на тимови адвокати? Дај ти се молам, залажувај се себеси дека се е во ред, но фактите поинаку зборуваат. Нема потреба сега ние тука да се убедуваме, факт е дека за ТАВ државата можше да чека да се консолидира финансиски додека за Аквапура, инвестиција политички донесена од претходната гарнитура, не важат истите услови.
Додека нема да можеме самите да си погледнеме и да си ги признаеме грешките, само сомнителни инвеститори ќе доаѓаат без никакви резултати. Само напред со тие прикаски за мали деца. Edited by UrbanFreak - 02-Mar-2010 at 22:23 |
|||||
![]() |
|||||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
||||
јас не ја правдам државата во смисла дека таа е целосно чиста, туку дека посекако може да им излезе во пресрет на инвеститорите, кои заради свои калкулации користат даден институционален зицер за да ја одолговлечат инвестицијата, а особено бидејќи ги стрефи во сред светска еконсмка криза, кога банките и баш не одобруваат со лезет кредитирање на зелени инвестиции и особено тешко за на балкан! фактички се најдоа во небрано а својата ликвидност најдоа да си ја оправдуваат со институционални бариери, абе ајде кој луд не би сакал прилив на зелени инвестиции, но сепак не е во ред на здрав ум некој да те прави мутав, бар да бидат искрени и некако но да глумат лудило тоа не ја бива! навистина е наивно да веруваш дека некој што е спремен да инвестира 100 или 50 милиони евра дека проблем му се 1 милион евра за нешто што им застанало напат набрзина да се среди! и повторно не велам дека државата треба да тера инает туку напротив да им удри заушка на заспаните инвеститори! |
|||||
![]() |
|||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||
![]() Да потсетам од каде тргна муабетов:
И после толку многу постови и изнапишани редови и барање на оправдувања за нас самите, се уште не слушнав како е можно оваа Македонија да е магнет само за лоши инвеститори. Всушност дури и да е навистина така, сепак треба да си го побараме проблемот во себе, затоа што магнет за лоши инвеститори не се станува случајно. Крајниот заклучок е секако ист - вака веќе не оди. Некои работи мора темелно да ги смениме. Edited by Cloverstack - 03-Mar-2010 at 02:40 |
|||||
![]() |
|||||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
||||
на пример конечно бирање страна односно или запад и промена на името или исток и зачувување на името! секој вакум колку и да изгледа привлечно сепак е вакум! без силна гравитација нормално е да имаме само пишман инвестиции или ситни поткусурувања кои би не држеле кон овој или оној правец! дури смешна ми е и инвестицијата на тав од тој аспект, но ете мора да прифатиме дека морковите се за јадење! сепак, трпение-спасение! ех зошто ваков бисер од атракција да се даде за бедни 50 милиони нечија инвестиција, за волку мал залак државата тука комотно може да истера елитен комплекс со сови средства а истиот сетне да биде приступачен за сите во недоглед! сепак се продава прилично атактивно место во државава! и иако аквапура е бренд, во светов има еден куп брендови, а зошто да не извадиме и домашен бренд!? сепак ова е завршена работа само што треба тактизирањето на инвеститорите да го осуетиме и да им дадеме до знаење дека сепак ова е правна држава! |
|||||
![]() |
|||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||
Max, продолжуваш со бизарни оправдувања за нашите неуспеси во привлекување на инвеститори и за односот кон тие што дошле... Во секој случај, со првиот дел од муабетот те молам оди на некој друг форум.
|
|||||
![]() |
|||||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
||||
хе хе не е до толку баук шпекулација, јасно е како ден дека сме во вакум! бар дпдека имаше надеж дека ќе влеземе во отан имаше и најави за инвестиции сега ама нема ни И од нив иако многу веруваат дека тоа е последица на светската економска криза, иако и јас како "реална" причина ја наведувам погоре оваа приказна! нема такво нешто како неспособна администрација! кажи зошто тогаш србија пример е преполна инвестиции, а ниту законодавство им е наштимано, катастар и да не говорам, организиран криминал на сите нивоа, па ете пак имаат милијарда годишно!?! и тие би можело да се рече дека се во вакум само што нивниот е натежнат на друга страна, додека нашиов е ја тера в лево! како и да е овие смешни оправдувања на инвеститорите дека административно ја заглавиле се во најмала рака несериозни, а реално земено се терање мајтап при здрав памет! штета не ги зачував кај мене на сметка тоа договорот што беше објавен на маклајф од зоран, може ќе извлечевме некоја точка од контекст доколку таква и постоела! му го скинаа сајтот на чоекот, па и ето договорот испари од нет! абе ако не превземат нешто поскоро ќе се кајат португалците што ќе им скубне ваква прилика од рака, но и навистина би ми било жал отешево заедно со добар дел од галичица да се фрли во неповрат на некој кој ем ќе акне астрономски цени за смештај ем ќе го окупира поубавиот дел од северозападниот дел од планината и крајбрежјето на езерото! |
|||||
![]() |
|||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||||
AquaPura е португалска, односно европска компанија, поточно ЕУ компанија. Ваквите компании во Македонија почнаа да добиваат во последно време "специфичен" третман и им се праќа пораката ако планираат да го фаќаат овој двомилионски пазар каков таков, нека го фаќаат. Ако не, нека не не матљаат веќе со приказни како не сме биделе те безбедносно те политички сигурна држава. Државата ја заложувавме во интерес да што повеќе европски компании го завземат пазарот, што сега не се почитува. Ете затоа се и украински и кинески автобуси, турски аеродроми, израелски трговски, затоа беше најавата за зона за исклучиво кинески компании, затоа беше затворен клириншки долг со Русија и слично. Затоа е овој спор, делумно затоа беше и со евн, макар што тамо многу посуштински проблемот па ионака ќе се јавеа спорови. Е сега ако треба да прогласиме дебакл по политички прашања во интерес на инвестциско пакетче, тогаш дијаметрално се разликуваме во приоритети и ставови. Сепак и проблемот не е толку во фирмите пошто они работат според препораки на домашните влади, може би повеќе од невнимание, него ли од мотиви да тераат политика, но од наш аспект тоа изгледа така и имаме слободно право да го перцепираме како такво. Многу е полесно да си организиран во рамки на сопствениот континет и јас сум повеќе за тоа, ама сега кога таква е ситуацијата, светот е малку поширок. Затоа од овој судски спор не гледам начин да излеземе во загуба. Или ќе има инвестиција, или ќе ја нема, ама ќе остане простор за друга. Вака со вакво статус кво, ништо не добиваме, мора да се реагира.
Edited by lslcrew - 03-Mar-2010 at 08:48 |
|||||
![]() |
|||||
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
||||
|
|||||
![]() |
|||||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
||||
непобитен факт е дека имаа, имаат и ќе имаат инвестиции, доволно е дека берзата им е тсабилна, а тоа дека имаат екстра трошоци тоа е сосем друга работа која се должи токму на закржлавеното законодавство и јаловото судство т.е. елитниот криминал! ако бегаат инвеститорите од нив зошто токму сега фијат отвара погон!?! ако е за бегање ќе избегаа први итаљаниве! се е до лобирање и бркање врски, ложи, пријатели итн. еве сега нивни милијардер ќе го спасува јат, речиси сите европски банки влегоа на нивниот пазар иако сеуште ништо не е чисто во банкарскиот сектор... кај нас дополнителен фактор е што сме мал пазар и плус со струен кадар веќе почнуваме да потфрлуваме наголемо особено во техничките науки! затоа и повеќе од потребно е вртење кон туризмот и земјоделието, она буквално културен и рурален туризам и органско земјоделство! а за ова добредојдени се неколку инвестиции како аквапура, но и тие треба да се свесни што добиле на тацна и да не глумат лудило туку да земат да инвестираат! администрација е проблем само ако си сиромав, та сетне кога ќе се појави некој со тапија наму каде си се намерачил да инвестираш да ја заглавиш околу измените на дупоите, но да имаш милионска инвестиција и истата да ја ставиш во лер бидејќи од принцип несакаш да платиш промена на дуп по итна постапка, што и не е толку скапо ниту пак е нешто особено проблематично, тоа е дефинитивно инвестициски башибозук! |
|||||
![]() |
|||||
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
||||
Не се согласувам со тебе и со твоите размислувања. Како македонец кој моментално живее во Србија избегавам да правам споредби бидејки не е благодарно а и се разлкуваме како земји. Србија е поголема и е на подобра географска положба, но има катастрофално управување со државата. За инвестициите, имаа, тоа е точно но ке видиме дали ке имаат и во иднина. Понаа да ги одбегнуваат, имаат стабилна берза но нестабилна валута, странските банки не инвестираат во економијата туку шпекулираат со своите лласмани, тоа со ЈАТ е шарена лажа шо викаат овде, тешко дека ке го продадат, тој милијардер е сомнителен тип. Фијат е светла точка, но и тој договор не е до крај јасен, изгледа дека ке работи како лон компанија со многу малку корист за државата.. русите доста инвестираат во енергетскиот сектор, но.... Но тоа се нивни проблеми, ние не можеме да си дозволиме нефункционална администрација, баш затоа шо сме малечки мора да бидеме ефикасни. Тоа со земјоделиет е извикано, не сум експерт, но јас мислам дека теба да се бараат инвестиции во индустријата и услужниот сектор, земјоделството и туризмот не можат да кренат многу. Лошата Администрација е секогаш проблем и не можеме да се извлећеме од сиромаштијата ако таа не е средена. ако веке треба да бараме примери, тогаш подобро да се угледаме на Словачка или Естонија.... |
|||||
![]() |
|||||
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
||||
Берзата не им е ништо постабилна отколку нашата. Впорочем Македонската берза го имаше најголемиот раст до крајот на Октомври 2010 кога беше речиси 4,000, па сега со корекција се врати на 2.700. Споредено со истиов период лани кога беше околу 1,800 тоа е раст за околу 50%. Белградската берза пак почна со 416 индексни поени за да го достигне врвот исто така во Октомври со вредност од 896 за сега да застане на 700. Значи раст од 68% од лани. И двете берзи стануваат поликвидни во овој период.
![]()
Се сложувам горе долу со констатацијата дека има далеку подобри инвестиции во Србија, но немој да заборавиш дека нивната државна администрација па и Катастар ако сакаш е далеку далеку подобра од нашата. Имав прилика да држам обука на службениците од македоснките и од српските Катастри преку една шведкса комапнија, и можам да ти кажам дека има ОГРОМНИ разлики во стручноста, организираноста и ефикасноста. Да не заборавиме до пред 10тина години немавме ни фактултет за Геодезија, па целиот геодетски кадар ни е дипломиран во Србија, Хрватска или Бугарија.
А за болдираниот дел, сосема си конфузен и далеку од реалноста. Израелците се пред откажување од инвестицијата Сончев град, а верувај се работи за 3 тиот најбогат Израелец поради тромоста и непрецизноста на нашата администарција. Токму добивањето градежни дозволи беше една од главната причина зошто до денес има само 3 Туш Маркети во Македонија наместо 16, колку што се отворија во Босна во истиов период. Само за потсетување, сопственикот на Туш, Мирко Туш е најбогатиот Словенец и еден од најбогатите луѓе во Југоисточна Европа.
|
|||||
![]() |
|||||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
||||
да не е развлекуваме премногу нашата берза тресна од земја и никако да се крене, со исклучок на банките и уште две три компании се друго е во аут и нема изгледи дека ќе се оправи набрзо! катастарот поприлично ни е среден но проблем е пеглањето на пописниот и премерниот катастар http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=433&PID=45766#45766 проблем кој го имаат сите на балканов, а особено грците и хрватите пред кои сме светлосни години понапред! србите може се стручни тоа не е спорно но ситуацијата на терен воопшто не им е чиста! ~ инаку јасно е дека се јавил некаде некако административен проблем, но сега со регулаторната гилотина за истиот бар брзо се добива одговор, а оној кој сака да инвестира не верувам дека нешто ќе му застане напат! такви смешни оправдувања како власта ме блокира се далеку од ум за секој кој сака да влезе на некој пазар! како што спомнав вложува 100 милиони па нешто му запнало за врата или се некој друг му е крив! а за туш и сите останати кои се попишманија пред се фактор е слабиот и мал пазар а не бирократски бариери смешно но вистинито освен во скопје каде и да плукнеш друга трговска инвестиција тоа е во најмала рака ризична инвестиција а реално промашена проекција! еве да ги ставиме настрана геополитиката и светската еконосмка криза, во тој случај да и навистина би барал проблем само кај администрација но во случајов денес има толку фактори кои одат контра тоа, да навистина е патетично да говориме дека кај нас инвестициите заглавуваат заради бирократски опструкции, да тоа беше до пред некое време реалност, но сега сметам дека веќе не е до толку килава работата, напротив и таква каква што е администрацијата, поприлично е стегната во однос на тоа каква распашана команда беше! јасно е дека може постојано да се подобруваат условите но никако тоа не е фактор за некој инвеститор да се распостели тука! па ако сега нема отворен простор за брзо ревидирање на дуп незнам кога имало!?! еве јас за моја маркица со слични проблеми за нецел месец се си средив иако ме уверуваа дека ќе ја заглавам! но пак ќе потенцирам оној кој сака да ескивира ќе си најде начин и оправдување за тоа, па макар имал цела империја, капак и секој нема исти мотиви кога инвестира неможе се да се гледа од призма на гол профит! сепак во случајов со аквапура и да е тоа случај посекако ете во писмото алмеида јасно укажува дека ја заглавиле економски во кризава со нивните проекции, и сега кога некој им закачи заушка оп институционално ги кочел некој... |
|||||
![]() |
|||||
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
||||
Сите светски и регионални берзи треснаа после септември 2008, нашата дури и помалку отколку многу други, вклучувајќи ја и српската. Те молам немоја вака паушално да ги оценуваш работите. ЈАс пробав и графикон да ти прикажам да ти покажам дека воопшто не ни е понестабилна берзата од српската, а ти со неаргументирани муабети пробуваш да докажеш нешто.
Исто и за катастарот, незнам какви ти се тие пописен и премерен катастар? Те убедувам дека такво нешто не постои. Постојат Катастар на недвижнини кој како доказ на сопственост издава имотен лист и постои пописен лист, кои важеше за катастарот на земјиште, нешто како Имотен лист, но со недифинирани права на сопственост. Премер пак е нешто сосем друго. Расчисти со терминологијата и не се расфрлај кога не ти е позната.
~
Ако викаш така, целиот свет е крив, ние сме правите. Незнам кога си побарал помош од регулаторната гиљотина, но таа освен убав проект на хартија остана заглавена токму во државната администрација. Значи одговорот и за тебе е повторно: НЕМА ИНВЕСТИТОРИ И АКО ПРОДОЛЖИМЕ ВАКА НЕМА НИ ДА ГИ ИМА!
|
|||||
![]() |
|||||
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
||||
Kako uspea, jas sum zaglaven tri godini/ Ocigledno za ist problem ima razliciti resenija za razlicni luge. za mene nasata administracija e katastrofa, ne pametam nekogas da bila polosa (a nitu podobra) |
|||||
![]() |
|||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||||
Мах линкот што го посочи до статијата од вест всушност е грешка во самата вест. Не се работи за пописен, туку описен!
Edited by lslcrew - 03-Mar-2010 at 16:19 |
|||||
![]() |
|||||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
||||
пописен, описен, земјишна книга како сакате кажете го, јас ја цитирав информацијата од нет, и тоа е факт дека во секое време може да ти излезе некој со постара тапија, иако во меѓувреме државата него не го внела во катастарска евиденција! затоа постои суд ќе си покренеш барање сетне во зависност од пресудата или државата те обештетува со обврзници доколку во меѓувреме земјата веќе државата ја продала некому или бараш друга обештета доколку не си задоволен... ~ а за берзата урбан да не ја влечеме тука продолжи ја во економски вести, мислам ти укажав дека не сме исправени сеуште, ти не го гледај мби10 во глобала (кај нас банките се најстабилни затоа не даваат ни кредити) но и таму ете зик не се оправи откако тресна, другите берзи треснаа но се исправија! кај нас и градежниот сектор такаречи рикна! единствено банките, алкалоид и топлификација се одржаа колку толку сите други иако со пораст во нето добивката од 2008 наваму постајоно се во опаѓање на вредноста на акциите! ~ а за светот не тој воопшто не е крив што ни е сакаме да се напоиме а да не се наквасиме! кажав погоре кога ќе се одлучиме да го промениме името и влеземе во отан и еу, тогаш ќе потече од кај нив мед и млеко! ова да го направивме уште на почеток и го изменаџиравме во пакет со знамето и уставот или пак тие адути тогаш да не ги продадовме брзо ќе ја завршевме работата и без промена на името, но сега веќе доколку сакаме да останеме свои на своето, во тој случај мора да свртиме друга страна од каде и ќе потечат инвестиции! како што кажав администрацијата секогаш може да се подобрува, а што е за регулаторна гилотина бар јас врз основа на тоа завршив се брзо и педантно, но мораш истото и да го нагласиш и истата гилотина важи за одговор на недоумица, додека за промена на дуп законскиот рок во кој мораат да ти одговорат на доставеното барање за промената(во кое барање и ќе си поднесеш и проект од архитект) е месец дена, во меѓувреме доколку нешто е спорно те повикуваат на корекции и доработка и тоа е тоа! а кој сака да глуми жртва секогаш има телевизии кои се жедни за сензации! исто имајте наум дека доста глават кога се обраќаат кај архитекти кои немаат увид во подземниот катастар, та обично вцртуваат во барањето промени на дуп кои нема да поминат, затоа обраќајте се кај урбанистички студија како ИНПУМА и ич глава да не ве боли! администрацијата била лоша, не и народот е неписмен или и инвеститорите си бараат причина да ескивираат! |
|||||
![]() |
|||||
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
||||
Ne deka sakam da glumam zrtva, no so nasata administracija maka macam. POsebno katastarot e ocaj. A seriozni investitori ne doagaat ako postoi haos vo drzavata. Kako sto veli Max nie sme mal pazar i nasa mozebi edinstvena konparativna prednost treba da bide dobra i efikasna administracija. Si imal sreka sto brzo ti bil resen predmett, no site sto gi znam maka si macat, pa mislis deka nekoj portugalec ili bilo koj bi sakal so toa da gubi vreme. Ne e vazno tolku8 toa sto sme mali, tuku pogolem problem prestavuva partizirana, korumpirana, nepismena administracija. Edinstvena zemja koja moze da si dozvoli korupcija i pak da napreduva e mozebi Kina, no toa e druga prikazna.
|
|||||
![]() |
|||||
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
||||
|
|||||
![]() |
|||||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
||||
абе кој хаос сте пробале ли да градите надвор па вака да споредувате!? дури и америка па неоди се ко песна! инвеститорот си отишол оти не добил градежна дозвола, тоа ни во цртан филм не може да помине, јасно дека секаде има мрзливи, подмитливи, заспани... административци, но ако имам милионска инвестиција без проблем се се завршува, која е таа општина што не би сакала да лапне комуналии во изобилие!?! а дека во општина некој глави, да, сегде ќе ја заглавиш доколку чекаш тие да ти објаснат кој пат да го фатиш! за тоа укажав тука е урбанистичко студио кое за совет не наплаќа, но за проектот ќе си наплати, проблем е кога човек сака се сам да збрка а ниту закони знае ниту пак реално е кадарен за повеќе од поднесување молби и прашалници! незнам кај си ја заглавил со општината ненад, но сметам дека ако се е законски чисто нема што да те глават! патем после недобиен одговор во рок од 5 дена (значи одговор на прашање) имаш право да се обратиш до министерство! ~ како и да е аквапура ја заглавија по нивна вина, тоа и го истакнуваат во дописот до ресенчани и отворено, а заради што и им закачи власта заушка за да стават до знаење на што се' и до каде се! за сончев град незнам дали и колку државата ќе бара ревидирање или раскин на договорот, тоа не ми се верува особено не бидејќи сепак куршлузот е буквално системски! па најверојатно бидејќи ете не се синхронизирани меѓусебно судовите, катастарот и следствено и министерството, може да се случи и ние да плаќаме за тоа пенали, иако лично и тоа би го прифатил бидејќи сред запуштено место ќе никне убава населба! Edited by Max - 03-Mar-2010 at 19:12 |
|||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 23456 8> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |