![]() |
![]() |
![]() |
Железници (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1516171819 69> |
Author | ||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||||||||
Либерализација не мора под дифолт да значи и приватизација. Одвоени процеси се. Меќутоа секако за приватизација предуслов е либерализаицја, а не да повториме грешки.
А ова предлогов на странски оператори. Чекај малку сега, зборуваш за сдж и бдж. Мислиш за сите компании што оперираат во Србија и во Бугарија, така? Пошто нели и тамо треба да е либерализиран пазарот, па да може да има нормална соработка по хоризонтала. Така да не гледам причина да треба посебни државни договори или којзнае какви напори да една приватна компанија што оперира во Македонија да си оперира и во Бугарија. Да се работеше за исклучително по една државна компоанија од секоја држава па во тој случај да имаше меќудржавни договори. Баш затоа ни треба либерализација и кај нас и во цел комшилук, за да не ни требаат вакви импровизации со договори и крпеници туку да имаме ефективен систем регионално. |
||||||||||
![]() |
||||||||||
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
![]() ![]() |
|||||||||
Да не мешаш нешто ! Либерализација и во регионот не значи кој каде сака да вози и иде. Погоре некаде веќе спомнав, вагони да локомотиви повторно со меѓу договор.
Земи пример од авио, секој може да оперира ако предходно добие дозвола и се регистира по постојните правила, или просто РЕД И ПОРЕДОК. Edited by Vladimir P - 12-Mar-2010 at 15:36 |
||||||||||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
||||||||||
![]() |
||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||||||||
Па да да секако договор, само што договорите не се на ниво приватна фирма со странска држава, него држава со држава за соработка не на нивните државни железнички компании него на ниво на соработка меѓу два железнички пазари и сите домашни компании што тие ги опфаќаат.
|
||||||||||
![]() |
||||||||||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
|||||||||
лсл па размислувам од аспект на регионално развозување, пример возовите што и така сообраќаат до граница потоа да си продолжат нормално до крај по нашите траси! е сега колку тоа би било рентабилно за нивните компании незнам бидејќи и кај нив на големо се субвенционира патничкиот сообраќај!
а за ова либерализација-трансформација-приватизација во право си затоа укажувам што имаше наведено лани власта дека сега приоритет е опоравување на компанијата а потоа и продажба на истата, односно се разгледува кој модел би бил најидеален дали партнерство или целосна продажба... ова го укажуваат доста упатени во проблематиката!
|
||||||||||
![]() |
||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||||||||
Види тоа така да, ама ако сакаме да си упукаме у нога. На странските компании да им обезбедиме дополнителен пазар во никој случај без притоа на нашите компании да им го прошириме пазарот не доаѓа в предвид. затоа либерализацијата е пожелно да се одвива паралелно и регионално.
Може би тој модел што го предлагаш е погоден да речеме за Хрватска каде што нејзините градови железнички се поврзани преку Босна како на пример Книн или слични случаеви. |
||||||||||
![]() |
||||||||||
zookisk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Dec-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 334 |
![]() ![]() |
|||||||||
Извадок од денешна статија...
Во Министерството за транспорт и за врски велат дека со либерализацијата на железничкиот сообраќај се дава пристап до железничката инфраструктура на странски превозници, кои дозволата ја имаат добиено во земјата во која се регистрирани и таа се признава во Македонија. За да оперира во Македонија предвидено е странскиот превозник да добие сертификат за сигурност, кој ќе го издава Управата за сигурност во железничкиот систем. Ова е дел од новата и подобрена законска регулатива во областа на железниците, која е усогласена со директивите на Европската унија за современ транспортен систем и“8211; вели Драган Симоновски, портпаролот на Министерството. За еден месец домашната фирма „Делта реил карго“ ќе почне со работа. За товарниот превоз, фирмата веќе склучила договори со други компании за да им превезува суровини и готови производи. Прво, превозот ќе се врши со изнајмени возови, само за потребите на клиентите, а подоцна ќе се воспостават линии и со сопствени вагони. |
||||||||||
![]() |
||||||||||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
|||||||||
значи тоа е тој модел кој го предложив сега комотно можат србите и грците да влетаат доколку тоа им е рентабилно! од овој аспект се наметнува јасна недоумица колку МЖ-Транспорт ќе биде конкуретна и дали воопшто ќе успее да го издржи притисокот од конкуренцијата! затоа и најдобро е што поскоро да се продаде бар одлучувачки пакет на надворешен инвеститор... инаку на ХЖ конекцијата со босна преку книн но линкот е во аут, од војната наваму босна сеуште инфраструктурно се нема опоравено на тој потег! инаку ваквиот модел е погоден за секаде бидејќи релано тешко е да одржуваш рентабилност на мал пазар, какви што се балканскиве, а уште потешко бидејќи сеуште патничката железничка услуга е на ниво од 19 век |
||||||||||
![]() |
||||||||||
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
![]() ![]() |
|||||||||
Продаде, либерализација, ... Повторно го заборавате патничкиот сообраќај, ај да не се повторувам, секаде во светот ....
|
||||||||||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
||||||||||
![]() |
||||||||||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
|||||||||
да во светот па и тука истиот ќе се субвенционира, муабетот е зошто државата сеуште да ја шлепа врз свои плеки нерентабилноста на компанија општо! но доколку се приватизира мж-транспорт, јасно е дека секој кој ќе инвестира во патничкиот сообраќај од активните играчи на пазарот ќе биде подеднакво субвенциониран од државата во некоја форма! може и треба железницата да остане под капа на државата доколку сакаме ефтини билети, сепак доколку влетаат почесто и попатно по пругиве комшиските жтп-а МЖ ќе има силна конкуренција заради што и досегашната нерентабилност дополнително ќе се зголемува, а заради што доколку е сеуште во државни раце во недоглед дека ќе ја тераме со изветреана услуга, што од друга страна се одразува врз популаризацијата на патничкиот превоз... |
||||||||||
![]() |
||||||||||
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
![]() ![]() |
|||||||||
|
||||||||||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
||||||||||
![]() |
||||||||||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|||||||||
Мислам дека е најсоодветно место да се постави овде:
Според податоците на Државниот завод за статистика за четвртото тримесечје од 2009 година, товарниот железнички сообраќај е намален за 7,2% во однос на 2008 година. Истовремено и патничкиот железнички сообраќај во четвртото тримесечје од 2009 година е исто така намален за 7,2% во однос на четвртото тримесечје од 2008 година. Единствен позитивен податок е тоа што во 2009 година се превезени 1.523.000 патници, што претставува зголемување во однос на вкупниот број на патници од 2008 година. Најалармантен останува и понатаму меѓународниот патнички железнички сообраќај со превезени само 23.000 патници во текот на цела 2009 година. Сите овие показатели треба да загрижуваат, а особено, натамошното намалување на товарниот сообраќај. Извор: Државен завод за статистика, http://stat.gov.mk/pdf/2010/8.1.10.04.pdf |
||||||||||
![]() |
||||||||||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|||||||||
Новиот број на неделникоt "Глобус" објавува текст за влегувањето на приватни фирми во железничкиот товарен сообраќај со наслов "Возовите во рацете на домашни капиталисти".
Интегралниот текст може да го прочитате на http://www.globusmagazin.com.mk/WBStorage/Files/15309.pdf. Има неколку интересни елементи за дискусија во овој текст: 1.Контрадикторности изнесени од новата компанија: ..."новата компанија најавува инвестиции во делот на реконструкција и модернизација на вагоните и локомотивите со кои сега располага МЖ, а кои се надвор од употреба"... за потоа да следи ..."главно бизнисот ќе го води со... нови, модерни вагони и локомотиви од производителот Сименс од Германија"! 2. Нови моменти за сопствениците на компанијата: "Досегашното искуство на монопол на ваков вид услуги ни говори дека најкомпетентни да отворат паралелна компанија се токму лица од Македонски железници. Особено, што анонимни извори од оваа средина истакнуваат дека финансиската и воопшто работната атмосфера во МЖ во последно време е катастрофална"... |
||||||||||
![]() |
||||||||||
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
![]() ![]() |
|||||||||
Дај боже да не сум во право,
но се ова ми мирише на една нова „транзициска“ ујдурма од некој транзициски тајфуни за брз црн профит. |
||||||||||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
||||||||||
![]() |
||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||||||||
Edited by lslcrew - 23-Mar-2010 at 14:34 |
||||||||||
![]() |
||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||||||||
Ова сега за сега не ми изгледа како што јас замислувам либерализација, пред се поради тоа што можно е да се вистинити претпоставките дека внатрешни кругови сакаат да приватизираат тоа што има треба од имотот на МЖ-транспорт, по примерот на многу компании кај нас.
Втора работа која се коси со она што јас поназад во нишкава го објаснувам како либерализација е ова.
За каква соработка зборат за меѓу МЖТ и ДРК?! ДРК да не си "приватизира" и некоја ложилница па после како знак на добра воља за соработка да го остави МЖТ да маневрира на нејзин терен?! Или па втора опција, ДРК да не маневрира бесплатно на МЖТ терен? Како што веќе една товарна утоварна станица е приватизирана уште пред многу години во пакет со друга фирма. |
||||||||||
![]() |
||||||||||
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
![]() ![]() |
|||||||||
На кратко коментар на делови од текстот кој е толку нелогичен и прозирен дали од незнаење на фирмата што го дала интервјуто или од слободното интерпретирање на новинарот.
- Маневарски операции - потрена огромна инфра структура (ранжирна станица) и неколку маневарски локомотиви. - Царински формалности - потрена огромна инфра структура (складиште) и голема администрација. - Одржување на локомотивите - потрена огромна инфра структура (депо со работилници магацини ...) и секоко мајстори и работници - Одржување на вагоните - исто ко предходното Па сега соберете ги трошоците за купување - изнајмување на земја, дозволи, изградба на објекти, инфраструктура, возен парк, кадри .... СО САМО 500.000.- ЕУР. нека биде само и почетен капитал. И велат се откажуваме да не биде на штета на државата.
Е ова веќе ме забринува, да се договориме да собереме се на кило старо железо, и потоа истите да ни ги направите за 1 денар.
Дали само ќе се вртат фиктивни пониски понуди за обарање на вистинската цена, од страна на самите клиенти.
Па нели ке се модернизираат старите од МЖ, и се знае ли или знаат колку чини една Сименс локомотива, почнува од само 3.000.000,- ЕУР !!!??? Но да причекаме па ќе се отвори Иначе имаат и своj Facebook -> Delta Rail Cargo |
||||||||||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
||||||||||
![]() |
||||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|||||||||
Се приклучувам кон забелешките и сомнежите. Таинственоста на целава работа му доаѓа како потврда дека нешто смрди. Луѓе со чисти сметки и чисти намери не настапуваат вака:
|
||||||||||
![]() |
||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||||||||
![]() |
||||||||||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|||||||||
Македонски железници најавија штрајк
Македонската јавност нема да биде изненадена ако наскоро се случи тешка железничка сообраќајна несреќа, затоа што постојат сите основни предуслови за такво нешто, со оглед на влошената безбедност во сообраќајот. Ова беше истакнато на денешната прес конференција на Синдикатот на машинскиот персонал на Македонски железници АД „Транспорт“, на која беше најавено дека од денеска започнува процес за организирање на штрајк, што ќе стапи во сила доколку во следните денови не се одржат преговори со надлежните. Според претседателот на синдикатот, Ристо Пејовски, одроните што се случија на пругата Скопје-Кичево, не се случајност, туку е последица на тоа што вработените, кои се задолжени за одржување на безбедноста на пругите, биле испратени на принуден одмор. „Што се однесува до безбедноста на локомотивите, најдобар показател е тоа што кај нас локомотивите не се осигурани, а мерило за нивна техничка исправност е дали е таа осигурана“, рече Пејовски. Тој се пожали дека и минималното животно осигурување кое што претпријатието е должно да го плати за секој машиновозач не се подмирени, а не се води грижа ниту за заштитни средства за работа, како што се облеката, чевлите и помошните помагала. Пејовски укажа дека безбедноста на сообраќајот нема цена, бидејќи таа е најзначајна и за вработените и за граѓаните. „Јавноста во Македонија нека не биде изненадена доколку се случи тоа што се случи во Хрватска и во Црна Гора каде што имаше слизнување на вагони со човечки жртви. Одговорно укажуваме на недостатоците и неисправностите на возилата. Ако одговорните не ги засега оваа ситуација, нека не ве чуди ако се случи нешто и во Македонија“, рече Пејовски, додавајќи дека за инвестиции во безбедноста не смее да се штети. Покрај ова, синдикатот на машинскиот персонал на железницата бара на оваа група на вработени да им се уважи правото на бенефициран работен стаж. Пејовски истакна дека за овие состојби синдикатот му укажал на раководството на претпријатието и на ресорното министерство, но засега нема конкретни резултати. „Вработените во железница донесовме одлука од денеска започнуваме процес за организација на штрајк, доколку во следните денови немаме директни и конкретни разговори, кои ќе дадат резултат, ние ќе го започнеме штрајкот“, изјави Пејовски. Воедно, вработените во железница сметаат дека им припаѓа правото и на акции од компанијата, бидејќи со години давале придонес во издигање на инфраструктурата. „Ние сме акционерско друштво со државен капитал, во кое владата се декларира дека е стопостотен сопственик и треба да бидеме обесштетени со одреден процент на капиталот од компанијата“, изјави машиновозачот Зоран Цветановски, додавајќи дека вработените би требало да добија околу 30 отсто од акциите на компанијата. Синдикатот на машинскиот персонал на Македонски
железници АД „Транспорт“ сепак изрази надеж дека раководството на
компанијата, која брои околу 1.500 вработени, во наредните денови ќе
излезе во пресрет на нивните барања. Izvor: http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=121390 Навистина очекуван потег, само беше прашање на време кога ќе излезат железничарите со ваква реакција. |
||||||||||
![]() |
||||||||||
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
![]() ![]() |
|||||||||
Edited by Vladimir P - 29-Mar-2010 at 07:31 |
||||||||||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
||||||||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1516171819 69> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |