![]() |
![]() |
![]() |
Социјални згради и населби |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 10> |
Author | |||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||||||
Па има неколку начини. Едниот е да нема воопшто одкупување, туку на користење се додека во важност е статусот на социјален случај. Станарското право да се губи одреден период (година) после губење на статусот, односно вработување, стекнување пензија или друг извор на средства. Период е разбирливо поради период на ситуирање. Или па одкупувањето да иде на долги децениски периоди при тоа што додека не е комплетна сопственоста неможе да се има купо-продажни дејствија.
|
|||||||
![]() |
|||||||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
||||||
Започнаа геомеханичките испитувања на почвата за К1-колективната станбена зграда за социјално ранливи групиВо согласност со програмата на Владата на РМ за изградба на станови за млади брачни парови, социјално необезбедени и други категории на граѓани за 2010 година, Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија, на 19 Јули 2010 година ги започна подготвителните активности за изградба на една колективна станбена зграда во Пробиштип. Од страна на ГЕИНГ од Скопје беа изведени 3 дупнатини со длабочина од 10 метри во почвата со цел да се извршат геомеханичките истражувања за носивоста на почвата и другите карактеристики кои се од голема важност за фундирањето на зградата и за изработка на потребната техничка документација. Станува збор за станбениот блок К1 во Урбанистичката единка 27, на ул.“Христијан Тодоровски Карпош“. Според досегашните активности, општина Пробиштип прибави информации за положбата на сите подземни и надземни инсталации како и податоци од Комисијата за одлучување по барања за денационализација со седиште во општина Штип. Работите поврзани со изградбата на оваа зграда се одвиваат под раководство на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор ПЕ Штип.Според Деталниот урбанистички план за УЕ 27, на дел од КП.бр.1005/1 предвиден е панел од 2 згради со височина од нивото на заштитниот тротоар до венецот од П+4+Пк. паркирањето на возилата за зградата е решено делумно во рамките на парцелата а делумно на јавното паркиралиште. Пристапот е од ул.“Х.Т. Карпош“, од паркиралиштето за јавна употреба. Изградбата на зградата треба да започне во 2011 година. http://www.probistip.gov.mk Edited by Makedonij - 13-Aug-2010 at 18:49 |
|||||||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|||||||
![]() |
|||||||
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Ќе се урбанизира Тенеки Мале Во едно од најпознатите маала во Кавадарци, наместо шупите од тенекија и куќарки од картони, се планира населба со нови куќички за социјално загрозени семејства Тенеки Мале, едно од најпознатите маала во Кавадарци населено со
Роми, ќе се урбанизира. Оваа информацијата ни ја потврди и
градоначалникот Александар Панов, кој вели дека на тоа место, според
урбанистичкиот план, се предвидени други содржини. |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Во Кавадарци ќе се градат куќи за социјалните семејства
Кавадарци, 6 јануари 2011 (МИА) - Во Кавадарци ќе се градат социјални куќички кои треба трајно да го решат проблемот со социјалните семејства во градот, информира денеска на прес-конференција градоначалникот Александар Панов. Според него, во дивата ромска населба која се наоѓа веднаш под Шумарското училиште во Кавадарци од ден на ден се зголемува бројот на дивоградбите. - Ова е една од моите обврски, зашто тоа не е само обична дива населба туку населба во која најчесто се дојденци во Кавадарци, а не староседелци. Го почитувам правото на сите граѓани да имаат слобода на движење и да живеат таму каде што сакаат, но на урбанизиран простор, кој е во нивна сопственост, рече Панов. Тој смета дека решение за овој проблем е дислоцирање на населбата и упати апел граѓаните да престанат со дивото градење на објекти овде. - Се надевам дека со помош од државата проектот ќе го реализираме во наредниот период. Една од најадекватните локации за таква населба е токму просторот каде сега има неколку ромски семејства кои изградиле објекти на диво, додаде Панов. Кавадаречкиот градоначалник потенцира дека на ваквите
куќички ќе имаат право социјалните случаи од градот, но и сегашните
жители на ромската населба кои ќе ги исполнуваат условите за живеење во
нив. бн/сс/16:04 |
|||||||
![]() |
|||||||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
||||||
Се гради социјална зграда во БеровоВо насока на овозможување на социјалните семејства за обезбедување на свои семејни домови, Владата на Република Македонија преку Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на РМ,започна со изградба на колективни станбени згради во повеќе градови во Македонија кои ќе се продаваат по многу ниски цени, со што оние семејства кои имаат ниски месечни примања ќе можат да си овозможат купување на свое живеалиште. ![]() ![]() ![]() Во тој контекст во Берово започна изградба на колективна станбена зграда која се наоѓа на ул.„Моша Пијаде бб, на парцела која зафаќа површина од 1030 м2, која се предвидува да биде изградена за околу 15 месеци или некаде до мај 2012 година. Зградата урбанистички е проектирана како објект со различна катност т.е две ламели со приземје и 3 ката и една ламела со приземје и 4 ката, како и подрумски простор во кој ќе бидат сместени подрумските боксови за сите станари. Покрај тоа во приземјето на зградата се предвидени и просторија за домар, како и простор со трокадеро со чистачка. Во зградата се предвидени околу 50 станови, еднособни и двособни со површина од 35 до 48 м2 за стан. Изведувач на објектот е Друштвото за проектирање, градежно занаетчиски работи, трговија и услуги ДЕЛТА ИНВЕСТ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје.http://berovo.gov.mk Edited by Makedonij - 24-Feb-2011 at 19:33 |
|||||||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|||||||
![]() |
|||||||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
||||||
Првите 24 стана на „Хабитат“ ќе бидат готови во мај годинава
![]() Во населбата Тунел 2 во Велес при крај е работата на изграбта на првите 24 станови, за семејства со ниски лични примања, што ги гради Aмериканската невладина и непрофитабилна организација „Хабитат Македонија". Покрај изградбата досега вградена е водоводната, електричната и канализационата инсталација. Поставен е паркет, врати, прозорци. Се уредуваат санитарните јазли, се малтарисуваат просториите и се вршат подготовки за фасадно уредување на просторот меѓу зградите и асфалтирање на улицата до населбата. Од Хабитат велат дека поради временските прилики 24-те станови, не биле завршени навреме. Наместо кон крајот на минатата, клучевите идните сопственици, се очекува да ги добијат во првата половина на мај годинава. „Работите сега се одвиваат според планот. Проблеми со финансии нема. Првите 24 стана ќе бидат готови и веднаш по нивното предавање, ќе почна изградбата на другите седум згради со 32 стана. Моментално на градилиштето, покрај работниците од ГП „Ива Инжинеринг" и идните сопственици на становите, во завршните работи учествуваат и 26 ученици од Интернационалното училиште од Дизелдорф", вели Лилјана Алчева, програмски директор во „Хабитат Македонија". Во изградбата на четирите станбени згради досега работеа осумнаесет тимови, со над 250 волонтери од САД, Канада, Норвешка, Шведска и други Европски земји. Тие оствариле вкупно 11.195 работни часови. Покрај нив, во изградбата, со вложени 5.195 часови, учествуваа и идните сопственици на солидарните станови. Од Хабитат велат дека од почетокот на јуни се очекува да почне изградбата на вторите седум згради со 32 стана. Имињата на сопствениците на социјалните станови, што треба да бидат готови до крајот на оваа или почетокот на идната година, се познати. Преку конкурс беа избрани, кои заедно со над 200 волонтери од повеќе земји, ќе учествуваат во изградбата на становите. Американската непрофитабилна организација „Хабитат" во Велес, во населбата „Тунел 2", до крајот на 2012 година ,треба да изгради единаесет згради со 90 солидарни станови. Според Алчева основната цел на „Хабитат", е елиминирање на супстандарното домување во Република Македонија преку обезбедување едноставни, пристојни и пристапни домови за семејства со ниски примања. Становите во Велес, кои идните сопственици, по поволни услови, ќе ги отплаќаат во наредните 20 години, се први солидарни станови што ги гради оваа Американска организација кај нас. Инаку, за изградбата на единаесетте станбени згради, со деведесет станови, „Хабитат" , ја обезбеди комплетната финансиска конструкција во висина од 2,7 милиони долари. Таа ќе се простира на површина од 10.000 метри квадратни. Земјиштето, на кое се градат становите, „ Хабитат" го доби, преку јавен тендер, на долгогодишно користење од Министерството за транспорт и врски. Во Американската невладина организација велат дека оваа инвестиција од 2,7 милиони долари, по вредност е мала, меѓутоа е многу голема бидејќи е од невладина организација и поради тоа што покрив на главата обезбедува на 90-семејства со ниски лични примања.http://www.lisica.m |
|||||||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Во Прилеп ќе се градат социјални станови
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=33011813439&id=9&prilog=0&setIzdanie=22244 |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Кавадаречката убавица се` уште невселена Социјалката или Убавицата, како што граѓаните ја викаат зградата со социјални станови во Кавадарци, готова е повеќе од една година, но нејзините станари сe` уште не можат да се вселат поради незавршени правни процедури Прашината е единствениот станар во зградата со социјални станови во
Кавадарци, која е готова повеќе од една година. Многу кавадарчани
секојдневно вртат околу новоизградениот објект на местото од стариот
терминал во градот, со погледи свртени кон прозорците од триесетте
стана. Секој од нив потајно се надева дека ќе биде еден од среќниците на
кои оваа зграда ќе им го смени животот на подобро. |
|||||||
![]() |
|||||||
oWl ![]() Newbiе ![]() Joined: 07-Apr-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||||||
Овие згради се наоѓаат во Брусничката населба: 41° 1'42.90"N 21°18'20.95"E
1. ![]() 2. ![]() 3. ![]() 4. ![]() 5. ![]() |
|||||||
![]() |
|||||||
oWl ![]() Newbiе ![]() Joined: 07-Apr-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||||||
6.
![]() 7. ![]() 8. Рампите на втората зграда се завршени, што не е случај и со првата зграда ![]() 9. ![]() 10. ![]() |
|||||||
![]() |
|||||||
JOE ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2010 Location: Bitola Online Status: Offline Posts: 226 |
![]() ![]() |
||||||
http://www.youtube.com/v/WyR96Zf8eMo?f=user_uploads&app=youtube_gdata&autoplay=1
Еве и видео со изјави и за наредните планови за изградба на станови Edited by JOE - 01-Jun-2011 at 18:35 |
|||||||
![]() |
|||||||
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
За струмичани ќе се градат 41 социјален стан
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=92711848413&id=10&prilog=0&setIzdanie=22391 |
|||||||
![]() |
|||||||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
||||||
Во Општина Велес становите кои ги градеше фирмата Хабитат се готови
Во Општина Велес становите кои ги градеше фирмата Хабитат се готови, откако е завршена и последната фаза, односно е приклучена електрична енергија, и до крајов на месецов се очекува да се вселат првите 24 семејства. Од тоа дали велешани се заинтересирани ќе зависи дали Хабитат ќе гради нови станови, откако првите четири згради се готови и се очекува да бидат населени. Директорот на компанијата Зоран Костов смета дека овој проект е успешен, додаде дека во Хабитат ја разгледуваат можноста покрај изградените четири згради со 24 стана, да бидат изградени уште седум објекти со многу повеќе станови. Во моментов сите 24 домови се подготвени за вселување, и се очекува првите 7-8 семејства да се вселат до крајот на месец март. Тоа е за првата фаза која вклучува четири објекти со 24 стана. Втората фаза која вклучува седум објекти со многу повеќе станови, е во фаза на преразгледување од повеќе причини, вели Зоран Костов, извршен директор на „Хабитат". Пред да започнат со изградбата на седум нови објекти, во компанијата
ќе мора да го идентификуваат интересот кај граѓаните за купување станови
и дали тие имаат економска моќ, но и да ги продолжат преговорите со
Општината Велес којашто сега е надлежна за земјиштето каде ќе бидат
новите згради. Очекуваат да има голем интерес затоа што условите се
многу поволни. |
|||||||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|||||||
![]() |
|||||||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||||||
Новите социјални згради во Штип...
![]() ![]() |
|||||||
За сè има вторпат
|
|||||||
![]() |
|||||||
Danndy ![]() Senior Member ![]() Joined: 03-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 410 |
![]() ![]() |
||||||
Торта.
|
|||||||
Traveling.
|
|||||||
![]() |
|||||||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||||||
Без шлаг
![]() |
|||||||
За сè има вторпат
|
|||||||
![]() |
|||||||
maci ![]() Newbiе ![]() Joined: 09-Aug-2011 Online Status: Offline Posts: 14 |
![]() ![]() |
||||||
цитирам:Новите социјални згради во Штип...
ги гледам на сликите со балконите извадени надвор,нели имаше закон дека не треба да се градат вакви згради со балконите надвор? туку да се прават балконите-терасите внатре,вградени. грешка сум или не? |
|||||||
![]() |
|||||||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||||||
При крај изградбата на социјалната зграда во Демир Хисар
Дваесет и четири социјално загрозени семејства од Демир Хисар наскоро ќе го решат станбеното прашање откако ќе ги добијат на користење новоизградените станови во првата социјална зграда во овој град, која ќе биде предадена идниот месец ![]() Оваа социјална зграда е дел од програмата на Владата за изградба на социјални станови низ нашата земја. - Новоизградениот објект располага со 24 станбени единици, со просечна големина од 35 квадратни метри. Со доделувањето на овие станови, 24 социјално загрозени семејства трајно ќе го решат станбеното прашање. Зградата почна да се гради во април, а изведувач на работите е компанијата „Виа Вевчани“ од Струга - рече секретарот на општината Демир Хисар, Љупчо Ангеловски. Инаку во наредните десетина дена ќе се заврши партерното уредување на кругот на станбената зграда, ќе се инсталира и лифтот, по што објектот ќе биде целосно завршен. За овие станови има голем интерес, бидејќи добар дел социјално загрозени семејства од Демир Хисар сѐ уште го немаат решено станбеното прашање. http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1223141131486&id=9&prilog=0&setIzdanie=23354 |
|||||||
За сè има вторпат
|
|||||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 10> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |