![]() |
![]() |
![]() |
Деловни објекти (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 910111213 18> |
Author | |
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Огномет од банка ги исплаши жителите на Карпош
Силен огномет ги исплаши вчера жителите на скопската општина Карпош. Од противпожарната единица на Скопје за Телма изјавиле дека се работи за огномет организиран од Прокредит банка, која вчера имала прослава кај Сити Мол во Карпош 4. За прославата биле затворени и улици околу трговскиот центар. Огнометот траел половина час и бил многу силен. Некои од станарите се симнале пред влезовите на зградите исплашени од бучавата. http://plusinfo.mk/vest/69822/ognomet-od-banka-gi-isplashi-zitelite-na-karposh ![]() |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() Ќе поминам деновиве да ја сликам зградава, многу ми се допаѓа... Во меѓувреме, вака изгледа: ![]() фото: фокус.мк |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Навистина не гледам што е смешно тука. Вистината е дека огнометот се слушаше на голема област, не беше најавен никаде, а доколку и не го гледаш дека е огномет, си претпоставуваш се во глава дека може да се случува, особено кога гледаш дека и по 20 минути се уште не прекинува. |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
![]() се надевам кажа 21-ви век саркастично... |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Деловен објект „Прокредит банка“ во Скопје: Отвореноста е новата сигурност што еден објект треба да ја покаже
Општата слика за архитектонското творештво во Македонија, глобално не може да предизвика некоја позитивна перцепција. Сепак, поединечно, дел од архитектите прават напори во архитектонскиот израз да ја потенцираат современета димензија на архитектурата и претставата за неа. Ова нè водеше нас, во „Радиус архитекти“, и при конципирањето на деловниот објект на „Прокредит банка“. ![]() Во денешно време, првата слика која ни се појавува кога ќе се спомне деловен објект изграден во Република Македонија, е сликата на едноволуменски објект со „предна“ и „задна“ фасада, конципиран со длабоки канцеларии распоредени по еден долг, слабо осветлен централен ходник. Во последните 20 години, оваа типологија на административни згради е доминантна, и на некој начин ја отсликува македонската транзициска архитектура. Длабоките, мрачни и тесни канцеларии ја нагласуваат монотоноста на осумчасовното канцелариско работење, а долгите ходници без визури ги „гетоизираат“ вработените во сопствените простори – коцки. ![]() ![]() ДИНАМИЧНОСТ И ДОСТАПНОСТ Оваа „затвореност“ е уште повидлива кога станува збор за банка како деловен објект, која традиционално е објект од затворен тип. Со ваква типологија не само што не се обезбедуваат хумани услови за работа на вработените, туку во градското јадро ваквите градби претставуваат здодевни и одбивни места. Како објекти, банките традиционално имаа една конзервативна амбиција да покажат доминација, сигурност, традиција, недостижност, но со промените што настанаа во банкарското работење во последната декада, тие веќе добиваат современа димензија, според која не се претставуваат како недостапни, туку сакаат клиентите да ги доживуваат како отворени и поблиски до нив. Сликата на бавна администрација со многу сложени процедури се менува во слика на динамичност, достапност и отвореност. Овие три принципи ги зедовме како главна визија при проектирањето на објектот на „Прокредит банка“. ![]() ![]() Целта на ваквата визија е да се добијат хумани услови за работа на корисниците на објектот. Под корисници на објектот ги подразбираме вработените во банката, зашто тие се оние што половина од својот активен ден го поминуваат во тој простор. Меѓутоа, иако клиентите на банката се посетители во објектот и во него се задржуваат кратко време, архитектонското решение мора и ним да им понуди привлечно место за посета, со пријатна атмосфера додека се во него. ![]() Под динамичност не подразбираме простор кој формалистички отсликува динамика, туку ви овозможува динамиката да ја доживеете кога се движите низ него – да ви се отвораат нови погледи во различни насоки и по хоризонтала и по вертикала. ![]() Под достапност не мислиме на физичка достапност за лица со посебни потреби. Тоа се стандарди за кои не треба да се дискутира, и архитектурата не би требало да се цени по тие стандарди. Нив секој објект треба да ги има. Под достапност подразбираме објект кој нема да ве застрашува со својата појава, објект кој ќе биде човекомерен. Овој аспект се испреплетува со отвореноста, што во нашето практикување е водечката идеја на нашиот мисловен процес. Отвореноста на самиот објект кон надворешноста и отвореноста на внатрешниот простор кон другите делови од објектот. ![]() ![]() ![]() Отвореноста е новата сигурност што еден објект треба да ја покаже. Во минатото, сигурноста се покажуваше со физичка затвореност, но во дигиталната ера физичкото е сведено на минимум. Сигурноста веќе не е физичка, туку таа се добива преку довербата. Отвореноста значи постоење на меѓусебна доверба ‒ доверба меѓу вработените и доверба меѓу банката како институција и нејзините клиенти. ![]() ![]() За да се имплементираат овие принципи, од другата страна на процесот на проектирање ви се потребни партнери со кои ќе делите исти или слични визии. За наша среќа, нашиот партнер од другата страна, „Прокредит банка“ ги има истите начела во своето работење, со што овие визии за објектот можеа да се реализираат. ДИСПОЗИЦИЈА И ОТВОРЕНОСТ НА ОБЈЕКТОТ Контекстот на локацијата и нејзиниот планиран развој во голема мера ја одредија диспозицијата на објектот и ориентацијата на просториите, како и нивната разместеност во самиот објект. Локацијата е ограничена со улици од северната и од источната страна и со соседни парцели од јужната и западната страна. ![]() ![]() Зададената површина за градење се протега по оската исток-запад, што значи дека објектот би требало да има доминантна ориентација кон југ и север. Но, во непосредна близина (на растојание од 12 м) долж јужната страна на локацијата е планирано да се изгради шеесетметарски објект. Во тој случај, деловите од објектот, кои би биле ориентирани кон југ, би имале недоволно природно осветлување и лоши визури. Со цел да се пропушти природната светлина низ објектот, како и да се отворат визури кон надворешноста, произлезе концепт на објект составен од три волумени кои се издигнуваат од аголот на двете улици кон внатрешноста на локацијата. Овие три волумени во голема мера претставуваат и три програмски целини. Во јужниот дел се сместени експозитурата и салите за обуки и тренинг, простории кои не се користат во текот на целиот работен ден. Во североисточниот волумен се сместени влезниот хол и менаџерските канцеларии. Во највисокиот волумен се сместени поголемиот дел од административните простории. ![]() Со издигнувањето на овој волумен се отвори можност за негова ротација, нормално на подолжната оска на површината за градење, со што се избегна јужната ориентација, која е блокирана со високиот соседен објект. Со оваа ротација, овој дел се ориентира кон исток и запад. На овој начин, поголемиот дел од канцелариите добиваат поголема природна осветленост и широки визури. Водени од идејата за отвореност и динамика на објектот, посебно внимание му посветивме на централниот простор, кој внатрешно ги поврзува овие три волумени. Централниот простор претставува влезен хол кој се протега по три висини, каде што се испреплетуваат хоризонталните и вертикалните комуникации. Дополнителна динамика и осветлување на овој дел му дава и лантерната над холот која, заедно со рамните зазеленети проодни тераси, на централниот простор му даваат повеќе отворен отколку затворен карактер. ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ФЛЕКСИБИЛНОСТ Идејата за креирање на отворен објект е надополнета со употребата на транспарентните стаклени ѕидови помеѓу просториите и ходниците ‒ галериите. На овој начин, секој вработен има поглед кон целиот објект. Не се чувствува изолирано, туку како учесник во една целина. ![]() ![]() ![]() Динамиката и флексибилноста на работењето на самата банка и неговото приспособување кон новонастанатите општествено-економски потреби, бара простор кој и самиот ќе биде приспособлив. Во денешно време, промените во моделите на бизнис-работењето се толку чести, што потребата од флексибилност и приспособливост на просторот се покажа уште при самата изградба. Затоа, при изработка на проектот, за да се обезбеди флексибилност на внатрешните простории, користевме проектантски модул од 115 см, што претставува половина потребен простор за еден вработен. На овој начин е овозможена флексибилност на преградните ѕидови за некој иден развој на објектот. Модулот е потенциран и на надворешните ѕидови кои, всушност, се обвивка која е независна од внатрешниот функционален распоред. ![]() Удобноста на еден објект во денешно време е незамислива без употреба на современи технологии и материјали. Објектот е проектиран со високо ниво на енергетска ефикасност, со употреба на материјали за топлинска и звучна изолација и технолошки системи за заштеда на енергија, кои се управувани со менаџмент-систем. Материјалите што се користени во изградбата на објектот се еколошки, што беше и едно од главните барања на тимот на „Прокредит банка“. ![]() ![]() ![]() „Радиус архитекти“ беа ангажирани и за комплетното ентериерно уредување на објектот. Изборот на употребените материјали и колоритот на ентериерот беше направен во согласност со стандардите што претходно ги поставивме во ентериерната обработка на сите експозитури на „Прокредит банка“ во Македонија. ![]() ![]() Истиот израз го користевме и во ентериерот на деловната зграда. Минималистичките линии, со доминација на белата боја и со употреба на материјали со дрвена структура, заедно со зеленилото во објектот, даваат смирен и релаксиран простор за работа. Деловен објект „Прокредит банка“, Скопје Проектанти: „Радиус архитекти“, Скопје Година: 2016 Површина: 6.000 м2 Локација: ул. Манапо / бул. Илинден, Скопје, Р. Македонија http://www.porta3.mk/deloven-objekt-prokredit-banka-skopje-n-otvorenosta-e-novata-sigurnost-shto-eden-objekt-treba-da-ja-pokazhe/ |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() Одлична мала зграда, камо среќа да имавме повеќе вакви пристапи и да се оформеше некој убав деловен блок во градов. |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
Улица авгханистанска во
чаир ![]() |
|
![]() |
|
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
Карпош некаде
![]() |
|
![]() |
|
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
Афгханистанска чаир (не знам дали е реновација)
![]() |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Bitno go pogodile imeto na ulicata. Uste Plasticarska da ja pekrstat vo Mumbajska i taman ke bide.
|
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Една добра вест - зградава што повеќе години стоеше празна и недовршена, во меѓувреме станала седиште на компанијата Анхоч
![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Lokacija moze li za zgradata. Ako nisto drugo barem ne e cudoviste,
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Во близина на полициската станица во нас. Пролет
координати на гугл мапс 41.990185, 21.440045 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
мене ми е многу мило за зградичето што се гради до Тифани, изгубивме едно парче историја од градов, ама барем се заменува со нешто поквалитетно, а не со чудовиште како Тифани
ми се допаѓа тоа што голата фасада онму каде што се лепенките е од цигла и фактот дека предната фасада е од целосни стаклени панели, нешто што веќе одговара на тој регион... ако навистина има зелен покрив, уште подобро ...се надевам дека ќе се држат до рендерите и нема да заврши трагично како 99% од случаите |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
xnx ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Apr-2009 Online Status: Offline Posts: 1943 |
![]() ![]() |
se slagam so tebe, i mene mi e krivo sto starive objekti koi se spomen na edno vreme ne se zastiteni so zakon. objektov nema da ima mnogu otstapuvanja od renderot, delot so ciglata ostanuva, a fasadata ke bide razigrana so 2 tipa na staklo i roletni vo boja i zelenilo
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 910111213 18> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |