![]() |
![]() |
![]() |
Скопски сообраќај (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 154155156157158 159> |
Author | |||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
||
IMO, поарно да ги заврши прво тековните (кои не се малку) отколку да почнува нов (колку да се рече дека почнала нешто). |
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА БЛЕДСКИ ДОГОВОР ВО КАРПОШ 3
Сервисната улица Бледски договор, која се наоѓа на територија на Општина Карпош, поточно во населбата Карпош 3, пред неколку дена започна да се реконструира. Обновата на овој коловоз се најде во договорените страни помеѓу Министерството за транспорт и врски и Општина Карпош, како дел за Тендер 5 -„Градежни работи за подобрување на инфраструктурата на локалните патишта за избрани општини согласно изработени основни проекти – Дел 2“. Изведувач на градежните активности е “БАУЕР БГ ДОО,, Скопје. Предвидено е градежниот зафат да заврши за околу 180 денови ![]() ![]() https://www.facebook.com/photo?fbid=649166440577175&set=pcb.649166907243795 |
|||
Carpe diem
|
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
Козара остана со дупки, чека градежниците да ја завршат Ленинова
![]() Помина 10 јули, денот кога според последната најава од Општина Центар требаше по третпат да биде асфалтирана улицата Козара во Капиштец, во рок од неполна година. Но на улицата работите не се променети. И понатаму има оштетувања и дупки на асфалтот по вторпат поставен во декември минатата година, „збогатени“ со сечења на асфалтот што веројатно дополнително се прават како подготовки за ново асфалтирање. Реконструкцијата на улицата започна на крајот од јули 2022 година и ја изведуваше компанијата „Гама градба“. Улицата беше во очајна состојба, со многу оштетен асфалт, поради постојаните копања и прекопувања за поставувања инсталации, но и поради тешките товарни возила и механизација што се движеа по улицата во изминатите години, кога на Козара истовремено се градеа неколку згради. Изградбата на нови објекти на местото на некогашните куќи сѐ уште трае. И кога започнуваше реконструкцијата и сега остана нејасно зошто беше потребно да се прави реконструкција на Козара и да се трошат општински пари, кога на оваа улица сѐ уште се гради, а според најавеното, обновата би чинела нешто повеќе од 8 милиони денари со вклучен ДДВ, односно околу 130.000 евра. Реконструкцијата ја најави екс градоначалникот Саша Богдановски, со образложение дека тоа го барале жителите, а започна во мандатот на Горан Герасимовски. ![]() Но градежните работи не одеа како што се планираше и жителите во изминатата година видоа сѐ и сешто – од затрупани сливници и шахти со асфалт, до нерамен асфалт под нивото на шахтите, за после второто асфалтирање да посведочат и на оштетувања на коловозот кои се појавија по првиот пообилен дожд. Не верувам дека некогаш ќе се поправи улицата, не верувам. Ај што со месеци правеа, асфалтираа, па пак асфалтираа, па дупки се отворија, сега е ужас повторно. Се изнаголтавме прашина летово – вели една од жителките на улицата. По реакциите и револтот на жителите насочени кон Општина Центар, во чија надлежност е оваа улица, оттаму пред неколку месеци најавија и трето асфалтирање, кое доколку не е успешно на фирмата немало да и бидат исплатени договорените пари за реконструкцијата. Излеговме на терен, констатирано беше дека асфалтот не е квалитетен и, според договорот, укажано беше да се повтори постапката односно да се асфалтира од почеток, меѓутоа и вториот асфалт не беше во ред. Затоа Општината нема да исплати средства по таа основа, па сега бараме начин да направиме нова набавка и да се јави друг изведувач, а постапката ние со него на суд да ја продолжиме. Ништо не исполни согласно договорот и друг начин освен неплаќање и продолжување на судска постапка немаме – објасни тогаш Герасимовски. Сепак, работата не заврши на суд и на „Гама градба“ ѝ се даде и трета шанса на Козара. Во февруари пак истата фирма започна да ја реконструира и улицата Ленинова, на потегот од булеварот Партизански одреди до булеварот Митрополит Теодосија Гологанов. Од Центар велат дека таму се завршени околу 80 отсто од целосната реконструкција, која во согласност со рокот за изведба, треба да биде готова заклучно со 7 август. Веднаш штом започна обновата на Ленинова, побаравме одговор дали ќе се чека „Гама градба“ да ги заврши работите на оваа улица, па да се врати на Козара. Оттаму ни одговорија дека фирмата паралелно ќе работи на двете улици, но тоа не се случи. Како што стојат работите, сепак ќе се почека да заврши реконструкцијата на Ленинова, а потоа жителите на Козара ќе мора да истрпат уште едно асфалтирање, со надеж дека ќе биде последно. https://www.slobodenpecat.mk/kozara-ostana-so-dupki-cheka-gradezhnicite-da-ja-zavrshat-leninova/ |
|||
Carpe diem
|
|||
![]() |
|||
vladegf ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Dec-2009 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 638 |
![]() ![]() |
||
Кретените немаат абер ни Ленинова да ја завршат. Тротоарите се неквалитетно направени, бекатонот веќе се двои. На улицата 3 месеци не се работи.
|
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
(ФОТО) ОПШТИНА ЦЕНТАР НЕ ЈА БОЛАТ ШАХТИТЕ НА ЛЕНИНОВА Уште неколку дена ќе возиме слалом
![]() ![]() На Општина Центар не ѝ се брза да ја асфалтира улицата Ленинова. Иако се завршени тротоарите и подземната инфраструктура, со недели улицата стои со издигнати шахти. Граѓаните се револтирани од одолговлекувањето на градежните работи. Сообраќајот се одвива бавно, зашто возилата избегнувајќи ги шахтите, чекаат за да се разминат. Од Општина Центар велат дека асфалтирањето на улицата Ленинова е во тек. „Завршниот слој асфалт ќе биде ставен до крајот на јули и со текот на асфалтирањето ќе се нивелираат и шахтите“, додаваат од Општината. Улицата Ленинова почна да се реконструира на 15 февруари годинава, на потегот од крстосницата со булеварот Партизански одреди до улицата Митролополит Теодосиј Гологанов. Со проектот за реконструкција, како што информираа од Општина Центар, требаше да се постави нов горен и долен слој на асфалт, целосно да се заменат водоводната и атмосферска канализациска мрежа, да се реконструираат старите и оштетени тротоари и да се воведе резидентен паркинг по цела должина на улицата, со нова урбана опрема и еколошки ефикасно ЛЕД улично осветлување. – Со оваа реконструкција им излегуваме пресрет на граѓаните, кои со години бараа Општината да го реконструира овој дел од улицата Ленинова. На крајот, граѓаните ќе добијат нова и квалитетно изведена улица, со нова атмосферска и водоводна канализација, нови тротоари и еколошки ефикасно ЛЕД улично осветлување. Воведувањето резидентен паркинг на овој потег на жителите значително ќе им ги олесни секојдневието и ќе придонесе кон намалување на сообраќајниот хаос кој се создава во овој дел, особено во попладневните часови – рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски најавувајќи ја реконструкцијата во февруари. Планирана беше нова велосипедска патека од едната страна на улицата, нови рабници, осветлување, нови канделабри. Каблите кои се испреплетени во дивите костени треба да бидат спуштени подземно и во договор со ЈП „Паркови и зеленило“ крошните на дрвјата да бидат искроени за да не ја попречуваат светлината од канделабрите и да не удираат во фасадите на зградите. По насока на претпријатието старите и исушени дрвја ќе бидат отстранети, најави Герасимовски. Улицата Ленинова е долга 510м, а на неа треба да биде поставен нов асфалт од 4000 м2. Ќе има нови пешачки патеки од 4100м2 со нова урбана опрема од клупи и канти за отпадоци. За побезбеден сообраќај на две места на коловозот ќе има подигнувања т.н. бариери за намалување на брзината. https://plusinfo.mk/foto-opshtina-centar-ne-a-bolat-shahtite-na-leninova-ushte-nekolku-dena-e-vozime-slalom/ |
|||
Carpe diem
|
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
ЗАПОЧНУВА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА ,,СЛАВЕЈКО АРСОВ” ВО НАСЕЛБАТА ВОДНО
Општина Центар врз основа на воспоставената меѓуопштинска соработка со Град Скопје, започнува со реконструкција (рехабилитација) на улица ,,Славејко Арсов” (со краци) и улица ,,Столтенбергова”. ,,На овој потег на улицата ,,Славејко Арсов” ќе биде поставен нов асфалт со должина од 5800 м2, и нови рабници со вкупна должина од 250 метри. Заедно со поставувањето на новиот асфалт долж овој потег на улицата, ќе бидат нивелирани и 38 шахти” истакна Герасимовски. Општина Центар во следниот период ќе започне со реконструкција и на улицата ,,Столтенбергова”. Општина Центар силно вложува во инвестиции во инфраструктурата со цел да се зголеми безбедноста на пешаците и возачите, но и да се нормализира одвивањето на сообраќајот. ![]() ![]() https://www.facebook.com/OpstinaCentar |
|||
Carpe diem
|
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
ул.808 во Гази Баба кај Европа/Пивара со години во исклучително лоша состојба дупки,отворени шахти а деновиве дополнително уништена од прекопи веројатно на Водовод
![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/groups/145337166272043 |
|||
Carpe diem
|
|||
![]() |
|||
Bridgeburner ![]() Groupie ![]() Joined: 17-Jan-2023 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 97 |
![]() ![]() |
||
Многу лесно може да се поврзе оваа улица со Клучката на Триангла и би се добило едно добро транспортно решение да се избегне гужавата кај автокоманда.
Доволно е само да се напраив надвозник над пругата или пак подвозник. Нарачан е детален урбанистички план за тој дел на Маџари од страна на Лидл на 8ми авуст , ќе видиме што ќе се нацрта . |
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
Градот Скопје започна со градежните работи за реконструкција на улица „808“ во општина Гази Баба, која е под надлежност на градот, со што се исполнува уште едно ветување за реализација на проект од програмата За модерно Скопје. Реконструкцијата на оваа улица која е во катастрофална состојба е повеќедецениско барање од страна на граѓаните кои се движат во овој дел од градот. Улицата „808“ е една од пофреквентните сообраќајници која се наоѓа во индустриска зона, каде се движат и голем број на товарни возила. Минатиот месец на оваа локација се изврши целосна реконструкција на водоводната и атмосферската мрежа. Покрај работа на коловозот на површина од 9.200 метри и должина од 1.000 метри, се изведуваат соодветно пешачка и велосипедска патека од двете страни на коловозот. Реконструкцијата се врши на потег од крстосницата со улица 16 Македонска Бригада (кај централната база на Противпожарната бригада) до крстосницата со булеварот Киро Глигоров. Градежните работи на улица „808“ ги изведува јавното претпријатие “Улици и патишта Скопје”. ![]() ![]() https://www.facebook.com/photo?fbid=623932236470601&set=pcb.623932353137256 |
|||
Carpe diem
|
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
Испакнатини на асфалтот на Кузман Јосифовски-Питу само 9 месеци по реконструкцијата
![]() Подигнат е асфалтот на булеварот Кузман Јосифовски-Питу кај комплексот банки. Оваа сообраќајница Град Скопје ја реконструираше пред 9 месеци, но за кратко време се појави испакнатини на асфалтот. „При реконструкција целиот фокус беше на коловозот, а немаше скоро никаква промена и подобрување на условите за движење на пешаците и велосипедистите. Градежниот зафат чинеше милиони од буџетот на Град Скопје, жителите се жалеа за долгиот рок на изведбата бидејќи стоеше раскопан со недели, а само 9 месеци по завршувањето на реконструкцијата веќе се појавија колотрази на коловозот покрај рабниците. Овие испакнатини освен што го загрозуваат движењето и безбедноста на оние кои се движат на коловозот, собираат и вода која потоа автомобилите и автобусите ја прскаат на пешаците и велосипедистите“, велат од здружението „На Точак“. https://091info.mk/2023/08/23/испакнатини-на-асфалтот-на-булеарот-к/ |
|||
Carpe diem
|
|||
![]() |
|||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
||
Сеоски БРТ!
![]() |
|||
![]() |
|||
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
||
На автобуските постојки треба да има посебна подлога од бетон со челични влакна
|
|||
![]() |
|||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||
ул. Ленинова
![]() ![]() ![]() https://www.vecer.press/%d1%83%d0%bb%d0%b8%d1%86%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d0%b1%d0%b8-%d0%bc%d0%be%d0%b4%d0%b5%d1%80%d0%b5%d0%bd-%d0%b8-%d0%b5%d0%b2/ |
|||
За сè има вторпат
|
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
Фото: Пропадна булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“, асфалтот се стопи како путер за 8 месеци по реконструкција
![]() Буџетот за реализација на реконструкцијата чинеше 17 милиони денари. На постапката на јавна набавка учествувале 11 компании, со што се постигнала заштеда на градскиот буџет од над 40 отсто, која ќе била искористена за реализација на друг проект, рекоа од Град Скопје По само 8 месеци од помпезно завршената реконструкција на булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“, од Железничката станица до Народна банка, голема дупка може да се забележи на коловозот. Минатата недела некој умен ја „украси“ со цвеќиња за да може да биде забележлива од подалеку, но ако набргу не се санира, таа секојдневно ќе пропаѓа сè повеќе, па некое возило ќе заглави со тркалата. Кога лани во декември беше пуштен во употреба, од Град Скопје се пофалија дека булеварот ги исполнувал сите светски стандарди. Буџетот за реализација на реконструкцијата чинеше 17 милиони денари. На постапката на јавна набавка учествувале 11 компании, со што се постигнала заштеда на градскиот буџет од над 40 отсто, која ќе била искористена за реализација на друг проект. И самата реконструкција на булеварот која траеше со месеци ги стресираше граѓаните, кои се наголтаа прав измешана со ПМ-честички, бидејќи и на тротоарите беше невозможно да се оди пеш или да се вози велосипед, бидејќи возилата се движеа по раскопаниот асфалт. https://www.slobodenpecat.mk/foto-propadna-bulevarot-kuzman-josifovski-pitu-asfaltot-se-stopi-kako-puter-za-8-meseci-po-rekonstrukcija |
|||
Carpe diem
|
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
ТРЕТПАТ СЕ КОПА УЛИЦАТА КОЗАРА ВО СКОПСКИ КАПИШТЕЦ ОТИ Е НЕКВАЛИТЕТНО АСФАЛТИРАНА, НЕМА КАЗНИ ЗА ФИРМАТА
![]() Улицата Козара во скопски Капиштец утрово пак почна да се раскопува. Со машини се корне асфалтот бидејќи е неквалитетно изведен и улицата не може да добие технички прием. „Изведувачот има налог да ги поправи грешките при изведување. Сега се работи во делот од улицата каде имаше недостатоци“, велат од Општина Центар. Ова е трето раскопување на улица која почна да се прави пред години, за време на мандатот на ексградоначалникот Саша Богдановиќ и уште не е завршена. Изведувачот, фирмата „Гама градба“, најпрво лани при поставување на првиот слој асфалт ги асфалтираше и шахтите. По реакцијата на жителите, го корнеше асфалтот. Потоа, во ноември беше поставен втор слој долж целата улица. Но, само две недели по асфалтирањето фирмата по налог на Општината почна да го корне асфалтот оти улицата беше несоодветно изведена. Пролетва асфалтот пак почна да се рони, но не се санираа грешките оти истата фирма доби нов тендер од Општина Центар за реконструкција на Ленинова и машините беа префрлени таму. Пред неколку недели заврши реконструкцијата на Ленинова и сега фирмата почна да ја поправа Козара. Казни за фирмата изведувач нема. Тендерот за реконструкција на Козара чини 130.000 евра, а беше склучен и дополнителен договор од 22.000 евра. „Гама градба“ за реконструкција на улицата Ленинова доби 670.000 евра. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/tretpat-se-kopa-ulitsata-kozara-vo-skopski-kapishtets-oti-e-nekvalitetno-asfaltirana-nema-kazni-za-firmata/ |
|||
Carpe diem
|
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
(Фото) Не помина ни цела година, а булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“ стаса за нова реконструкција !?
![]() ![]() ![]() https://24info.mk/2023/09/21/не-помина-ни-цела-година-а-булеварот/ |
|||
Carpe diem
|
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
Од утре ќе се вади калдрмата пред Националната арена во Градски парк
Јавното претпријатие „Улици и патишта“ на Град Скопје за утре најавува почеток на градежни работи за реконструкција на дел од улица Столтенбергова кај Градскиот стадион. „Ќе се реконструира делот кој е со вградена камена коцка, кој ќе се отстранува и ќе се замени со асфалтна маса. Реконструкцијата ќе се изведува етапно и поради изведба на активностите ќе биде затворен дел по дел од улицата до завршување на градежните активности . На целиот потег кој е предвиден за реконструкција ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација“, известува скопското претпријатие. https://faktor.mk/od-utre-kje-se-vadi-kaldrmata-pred-nacionalnata-arena-vo-gradski-park |
|||
Carpe diem
|
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
Град Скопје започна со реконструкција на улицата „Столтенбергова“ во Градскиот парк
![]() https://www.facebook.com/photo/?fbid=698281205664496&set=pcb.698281385664478 |
|||
Carpe diem
|
|||
![]() |
|||
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
||
Прочитајте ја само оваа изјава:
Овие изгледа се решени да ги избришат најбитните булевари и да ги заменат со кокошарници. ![]() Видете што е негово решение за сообраќајниот хаос:
„Само уште една лента брат, верувај, ќе нѐ среди...“
![]() |
|||
![]() |
|||
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
||
1. Да не се искористи веќеизградена подземна сообраќајница во центарот на градот.
2. Да се додава нова сообраќајна лента. Некои луѓе стварно не живеат во 21 век. |
|||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 154155156157158 159> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |