![]() |
![]() |
![]() |
Автопат Демир Капија - Смоквица |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1415161718 42> |
Author | ||
Мартин ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-Jan-2009 Online Status: Offline Posts: 366 |
![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
|
ОК, фино.
Значи од 33,5 км делницата ќе се скрати на 28,5. А постоечкиот пат станува локален. 5km помалку ![]() Edited by alexsend - 02-Jun-2013 at 19:21 |
||
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Датум:
23.06.2013, 17:33 ИНТЕНЗИВНО СЕ ПРОБИВА ТУНЕЛОТ НА АВТОПАТОТ KОН СМОKВИЦА Македонец и Грк ја тресат Демиркаписката Kлисура Гоце не знае грчки, а Сотирис не знае македонски, но двајцата одлично го знаат минерскиот јазик и одлично се разбираат, па велат дека работата оди без проблем и прецизно се следат инструкциите и планот за минирање на инженерот Спиридон Магларас Светлана Дарудова На автопатот работат 350 градители На изградбата на оваа делница од автопатот работат околу 350
работници од сите профили. Во моментов Демир Kапија претставува едно
големо градилиште. Таму работат луѓе од гратчето, но и од селата
Смоквица, Миравци, Давидово и други. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F6CA8983E4FC324C9273C905436DECA3 |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Изградба на автопатот Демир Капија - Смоквица: Студентски „десант“ на најголемото инфраструктурно градилиште
Изградбата на автопатот започна во август минатата година, и е заеднички македонско- грчки потфат чија реализација се очекува да биде околу 270 милиони евра. Со него, освен поморското поврзување на Македонија, ќе се овозможи побрз и побезбеден транспорт на луѓе и стока од Централна Европа до Грција, или до Турција и Блискиот Исток, бидејќи ќе се надоврзе на автопатот "Виа Игнација" што ги поврзува западните брегови на Грција со нејзините источни краеви. Запознавањето со активностите на делницата започна недалеку од Демир Капија, во канцелариските простории кои се наоѓаат во кругот на сместувачките капацитети за околу 300 работници на фирмата "АКТОР" од Грција, која е реализатор и главен носител на работите.
Должината на трасата изнесува околу 28 километри, а започнува на крајот од релативно новиот автопат Неготино– Демир Капија и завршува на почетокот од постоечката делница на автопатот Смоквица - Гевгелија. Таа најпрвин оди покрај Демир Капија, после што во два наврата ја премостува реката Вардар, во меѓувреме поминувајќи низ тунели со должини од околу 1,2 километри и висина 5,2 метри. Автопатот ќе има по две ленти со широчина од 3,5 m, a двата правци на автопатот физички ќе бидат одвоени со средна разделна лента од 3 m.
За поврзување на урбаните места со идниот автопат се предвидени два патни јазли: еден за село Миравци, а другиот за врска со село Смоквица. Покрај нив, се предвидени уште неколку патни премини за локални патишта. Предвидената брзина е 110 km/h, и според неа се дефинирани елементите на патот што минува низ рамничарско–ридски и планински предели, заради што дел од придружните објекти се диктирани од теренските услови и просторните ограничувања.
Пред заминување, одговорниот инженер за безбедност, Никос Константелиас, кој во текот на целата посета постојано ја придружуваше групата, ги запозна присутните со правилата за однесување и опасностите на градилиштата, како и вообичаените мерки за безбедност, после што беше поделена ХТЗ опрема: заштитни флуоресцентни елеци и шлемови, а за кои континуирано беше укажувано дека е обврзно да се носат. Освен по високите температури, демиркаписката клисура е позната и како простор каде свој дом наоѓаат и неколку животински вида, меѓу кои најпознати се мршојадците. Ненарушувањето на нивниот мир, особено во сезоната на размножување, беше еден од еколошките услови поставен пред градежниците. Тоа подразбира темпирано користење на експлозивни средства за потребите на изградбата на тунелите. Сепак, се очекува тие да предизвикаат одрони на растреситата карпеста маса во површинските предели, па за да не доспеат на коловозот, каде сообраќајот и онака е веќе со контролиран застој, неопходно е да се постават силни заштитни челични мрежи на повисоките делови, но не во онаква форма каква е вообичаена на македонските патишта. Разликата, освен во непристапноста на теренот и капацитетот за прием на масивни одронети карпи кои со голема брзина паѓаат од голема височина, се состои во тоа што тие мрежи се поставени нормално на површината на косината, а за таа цел се потпрени на неколку челични столбови прицврстени во карпестата косина. Токму нивната реализација се одвива на исклучително специфичен начин, и тоа не само за локални услови, бидејќи е неопходна хеликоптерска поддршка, заради што задачата за спроведување беше доделена на специјализираната фирма "GEOBRUGG" од Швајцарија.
Студентите со деталите ги запозна претставникот на компанијата за Република Македонија, Вјекослав Будимир, и благодарение на него тие имаа исклучително ретка можност да ја видат демонстрацијата на одвивање на работите. Имено, со хеликоптерот се врши транспорт на материјал, опрема и рачна механизација за потребите за бушење на дупнатини во кои ќе се постават челичните столбови, достава и "придржување" на столбовите при нивното поставување, како и пренос на плетените мрежи кои се поврзуваат за челичните столбови и на друг материјал потребен за вбризгување во дупнатините. Сепак, предизвик се ограничувањата: максимална транспортирана маса е до 150 kg, а можен временски термин за работа е само наутро и околу два часа, бидејќи потоа започнуваат појаки ветрови на повисоките делови.
Вакви мрежи со столбови се поставени над северниот портал на постоечкиот тунел, како и над јужните портали на новопроектираните, кои во моментов се изведуваат (два тунели, посебно за секоја насока на движење). Заради минерските активности и потенцијалната опасност од внатрешни одрони, истовремено и постоечкот тунел се зајакнува со анкери, арматурна мрежа и прскан бетон. Изградбата на новите тунели се врши со машини во погодните зони, и повремено со експлозив, а што ќе биде речиси стандардно за подлабоките делови. За подграда се користат анкери, ременати, арматурна мрежа, прскан бетон и финална бетонска облога, кои се подготвени во локалната бетонска база. Воедно, на сличен начин се стабилизирани и влезните портали. Тунелите, како впрочем и сите останати конструкции, активности и мерки за безбедност, ги почитуваат европските стандарди со излези за случаи на итност, современ систем на вентилација, осветлување, SOS ормарчиња, SOS телефони и видео надзор кој ќе се контролира од посебен центар во Неготино. За премостување на реката и суводолиците се предвидени вкупно шест мостови со различни меѓусебни должини, како и со различни распони.
Притоа, вкупната должина на мостовските конструкции е 2,3 километри, а најдолгиот ќе биде 660 метри, кој ќе биде и најдолг мост во Република Македонија. Инаку, дел од столбовите за едниот од мостовите преку Вардар се лоцирани во водотекот, па заради олеснување на нивната изведба, а за која потреба, освен заштита на градежна јама се неопходни и многу пумпи со голем капацитет за црпење на подземна вода која е обилна благодарение на реката, одлучено е тој да се препроектира и столбовите од коритото на реката да се "преселат" на брегот, со што е обезбедена значителна финансиска заштеда. Трасата на автопатот потоа продолжува кон село Удово и село Миравци после кои, во повисоките предели, е изградена бетонска база со дробилка и сепаратор за гранулат и армирачки погон на "АКТОР", како и паркинг-простор за механизацијата и придружни лаборатории за контролно испитување на и онака квалитетните градежни материјали.
Попатно има можност да се видат активности на неколку објекти: потпорни ѕидови, пропусти, насипи, армирана земја итн. Во близина на локалитетот, но на безбедна оддалеченост е и магацинот за експлозивните материи. На целиот овој простор, освен за безбедноста на вработените, се води особена грижа и за заштита на природната средина, па сите непотребни или неискористени течности од бројните возила се складираат во станици, а се одржува и "хигиена" на самите возила не дозволувајќи тие да излезат од базата или да се вклучат на коловоз со прашливи гуми. Имајќи предвид дека добар дел од проектот е ограничен со еколошки барања, може да се наведе уште еден куриозитетен еколошки податок, поврзан со пропустите: во одредени делови на трасата се внимавало нивната висина и широчина да бидат доволно големи за да може да помине мечка. На таков начин, "џентлеменски" е водено сметка поврзувањето на народите и економиите да не биде на штета на незасегнатите, нешто што, за жал, неретко се случува помеѓу државите.
На крајот од увидот во реализацијата на сложените работи, како од технички и безбедносен аспект, така и од еколошки и археолошки, компанијата "АКТОР" организираше и ручек, а воедно и остави отворена покана за нови посети на автопатот за чија изградба претстојат уште три и пол години, на што студентите од Градежниот факултет од Скопје искрено се заблагодаруваат.
http://porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=3513&Itemid=122 |
||
![]() |
||
mitatos ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1739 |
![]() ![]() |
|
Само што влегов на гоогле мапс да ги видам сателитските снимки на оваа делница,мислам дека со 300 мил евра ќе направеја 60 км ,а не да изградат цел нов автопат од 28 км, не викам дека инвестицијата е промашена или нешто такво, но велам дека со тие пари ќе можевме да направиме повеќе од тоа.
|
||
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Online Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
мислам дека околу парите нема што многу да се интервенира.ние го правиме проектот,а на тендер фирмите се натпреваруваат со најниски цени.неможиме ние да ги натераме да бидат поевтини.можиме само во проектот да скратиме нешто,да биди поевтино а со тоа и понеквалитетно.наместо тунел-превој....
|
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Напредува
изградбата на автопатската делница Демир Капија - Смоквица. 80% од
трасата веќе е пробиена, а на 5 километри од истата е поставен и
тампонскиот слој. Согласно предвидената динамика тече и пробивањето на
двете цевки од првиот тунел кој ќе биде со вкупна должина од околу 1200
метри. -Станува збор веќе на пробиеност на
тунелите од двете делници, односно од двете цевки од тунелите и во
едниот и во другиот правец од 550 метри од вкупно километар и двеста. Се
очекува да се заврши некаде до октомври, ноември месец, значи до крајот
на оваа година тој тунел, вели Љупчо Георгиевски – директор на ЈП за
државни патишта Првиот човек на јавното
претпријатие за државни патишта вели дека е задоволен од текот на
активностите и динамиката на изведувањто на градежните работи бидејќи
досега се завршени над 20% од предвидената работа за реализација на
проектот. -До сега се почитува динамиката и мислам
дека има добра прогрес. До крајот на годината се планира да се завршат
некаде околу 7, 5 километри. Тоа е од делот на последниот на последниот
мост до Смоквица и најверојатно веќе наредната година ќе почне со
асфалтирање на тие 7,5 километри. После тоа за пробивање има уште еден
тунел со иста должина, значи после овој тунел кој што е на делот на
Демир Капија продолжува со мост. На целат траса се предвидени да
постојат шест моста од кои што на три веќе е отпочнато со работа, додаде
Георгиевски Во моментов на изградбата на
автопатот Демир Капија - Смоквица работат 150 машини, бројка која за
еден месец треба да биде зголемена на 350. Вкупната должината на целата
траса изнесува 28,2 километри, а нејзината комплетна реализација треба
да заврши за 3 години.
http://www.sitel.com.mk/mk/80-od-trasata-probiena-od-delnicata-demir-kapija-smokvica |
||
![]() |
||
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
|
На 1-ви јуни имаа пробиено 500 метри од тунелите, 45 дена подоцна 550
![]() |
||
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Online Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
можеби до 1 јуни едната цевка била помалку пробиена,а се известило само за цевката која е повеќе пробиена.сега двете цевки се по 550 метри пробиени.
како што се кажа на минирањето работат двајца минери,еден наш и еден грк.вероватно од нивното темпо зависи и брзината на пробивањето. прво со бушилица се бушат неколку десетици дупки од по неколку метри во хоризонтала,се полни со експлозив и се минира,после тоа се расчистува каменот со механизација. пошто се двајца минери треба да се земи и човечкиот фактор-годишен одмор,и тие се луѓе и сакаат малку да се разладат. се на се битен е вкупниот биланс,што ќе се сработи за една година |
||
![]() |
||
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
|
Најверојатно тогаш била пробиена само едната цевка, а за овие 45 дена пробиле дополнителни 500м од втората, само така има логика.
Значи во моментов двете цевки од првиот тунел се пробиени до пола. Би требало почетокот на октомври да ги комплетираат. |
||
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Online Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
и јас тоа го мислев(кажав)
|
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Дечки, имате ли некои нови фотографии од изградбата на автопатот Демир Капија-Смоквица? Сигурно некој застанал да услика пар фотографии додека бил на одмор надоле. Претпоставувам дека во моментов се одвиваат поинтензивни градежни активности.
|
||
![]() |
||
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
|
Иако пред еден месец пишуваше дека биле пробиени 80% од трасата јас градежни активности видов само на 2 места(пред два дена го возев).
1.кај Демир Капија (за тунелите и една машина до коритото на Вардар за ископување темели за мост) 2.кај Смоквица ископување за патот/пробивање на траса. Сем овие две позиции друго ништо не видов, којзнае може и не се гледа... |
||
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Бојан ќе се обидам да одговорам на твоето барање иако се работи за фотографии направени во движење сепак колку толку се гледа еден дел од автопатот кој досега мислам дека не е разработен овде на форумот. Имено се работи на делницата која се наоѓа во подножието на Кожув над селото Миравци. Ние се движевме по локалниот пат Миравци Петрово а цел но беше Белиот Рај (омилено место за бањање и совежување кај околното население и пошироко) автопатот го сече овој пат и токму од таму се направени овие фотографии. Фотографиите се од недела 28 Јули и покрај тоа што беше неработен ден се работеше и тоа интензивно со тешка машинерија. Господата на подолната слика мислам дека се работници а може и да се некој локални каубојци. Како и да е фотографијата ми прави ептен кејф. |
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Online Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
Култузин,за белиот рај мислиш на езерото во близина?ако мижиш напиши координати каде е сликано,за да можиме колку толку да ја видиме трасата на јужниот дел од оваа делница.Мислам дека слабо знаеме каде ќе поминува трасата
|
||
![]() |
||
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
|
Чудно е како за проект вреден четврт милијарда евра немаме детално обележана траса
![]() Дел по дел може ќе успееме приближно да ја составиме. |
||
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Незнам точно Ѓоко отприлика овде: +41° 18' 0.26", +22° 24' 56.19" Белиот Рај не е езеро туку е (види фотографии) |
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Online Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
Кој би рекол во најсувиот дел од македонија да постои ваков природен рај.Кај нас во западот ги имаме еден куп,ама ми е чудно за овој дел
|
||
![]() |
||
gorco ![]() Senior Member ![]() Google Maps: Regional Expert Joined: 22-Oct-2009 Online Status: Offline Posts: 642 |
![]() ![]() |
|
Во Македонија има еден куп преубави места. Жално е што никој не прави маркетинг на истите или пак средување на инфраструктурата до нив. Но да не забегуваме од темава, Е-754 и Демир Капија - Смоквица.
|
||
![]() |
||
elnino ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Mar-2010 Location: kavadarci Online Status: Offline Posts: 129 |
![]() ![]() |
|
сабајле се вратив од демир капија и ми кажаа дека се урнал дел од тунелот....срека немало работници таму, се мисле на новиот тунел. сега грците викнале специјална екипа од франција да истражува која сигурно ке ги забави тунелите. подетално ако разберам од некој стручен ке кажам
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1415161718 42> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |