![]() |
![]() |
![]() |
Клинички центар Скопје |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1415161718> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
КЛУЧ НА РАКА НА ЕДЕН ИЛИ НА ПОВЕЌЕ ОПЕРАТОРИ - Владата го забрзува проектот за новиот Клинички
Владата се реши да го забрза колку што може повеќе проектот за новиот Клинички центар. Локацијата е избрана, се знае и отприлика колку многу пари ќе ја чини државната каса, а во собраниска процедура се најде и законско решение за овој проект, кое ќе се носи по скратена постапка. Наречен како предлог закон за реализација на проектот „Нов Универзитетски клинички центар“ за изградба и ставање во употреба на комплекс на градби, Владата во него навела бројни детали за тоа како ќе тече целата постапка, почнувајќи од тоа кому ќе му биде доверена изградбата, на каков начин, па до самата изградба и до тоа како потоа клиниките ќе се префрлаат постепено во новиот објект во близина на Ѓорче Петров. А пред неколку дена и премиерот Зоран Заев откри дека во телото „За татковината со љубов“, се разговарало и за новиот клинички. ЗА НОВИОТ КЛИНИЧКИ РАСПРАВАЛО И ТЕЛОТО „ЗА ТАТКОВИНАТА СО ЉУБОВ“ „Иницијативата е во согласност со отворениот пристап на оваа Влада за инклузивен процес кога се во прашање важни, стратешки прашања од интерес на граѓаните и државата... Еве, како најнова понуда е да разговараме за Законот за Клиничкиот центар, на пример, и подготвени сме да ги слушнеме мислењата на сите за да постигнеме најдобро и најефикасно решение за еден ваков стратешки објект во јавното здравство“, рече премиерот Заев. Од Владата во предлог законот велат дека нивни стратешки приоритет е изградба на достапен, квалитетен и долгорочно одржлив систем на здравствена заштита, кој ќе обезбеди високо стандардни услови за работа на медицинскиот кадар, погодни услови за специјализација, и ставање на граѓаните во центарот на здравствениот систем. Тоа, како што објаснуваат, ќе се обезбеди со преместување на комплексот клиники „Мајка Тереза“ на greenfield локација. Како цели што се настојува да се постигнат се подобрување на ефективноста и ефикасноста на здравствениот систем, групирање на сите постоечки служби во една зграда со интегриран капацитет кој ќе понуди соодветна циркулација, функционална поврзаност и континуитет на пружањето на здравствените услуги, клиничка непосредна поврзаност и прегрупирање на клучните услуги во еден ист кампус. Дополнително, стратешка цел е интеграција на наставата и истражувањето во рамки на кампусот, притоа не нарушувајќи го комфорот на посетителите. Меѓу другото, власта очекува дека со овој закон ќе постигне и оптимизација на трошоците или другите ресурси кога ќе го гради новиот клинички, преку посебни услови и постапки за доделување на договорите за јавна набавка на стоки, услуги и работи за потребите на новиот клинички центар. Скратената постапка се предлага бидејќи не се работело за обемен и сложен закон. „Со овој закон се уредуваат постапката и условите за реализација на проектот Нов Универзитетски клинички центар - за изградба и ставање во употреба на комплекс на градби како градби од значење за државата. Ако со овој закон не е поинаку уредено, се применуваат одредбите од Законот за јавни набавки, Законот за експропријација, Законот за урбанистичко планирање, Законот за градење и Законот за општа управна постапка“, се вели во предлог законскиот текст. ПРЕФРЛАЊЕТО НА КЛИНИКИТЕ ЌЕ ОДИ ПОСТЕПЕНО И ВНИМАТЕЛНО Проектот ќе се состои од градење и ставање во употреба на комплексот на градби во новиот клинички центар, и тоа ќе опфати планирање, проектирање и подготвка на техничка документација, изградба, управување со изградбата и градежните работи, како и опремување. Но, со законот ќе биде опфатено и планирањето на преместувањето на клиничкиот центар, управувањето со трансферот, потоа со процесот на паралелна работа на болничката инфраструктура, обуката на персоналот, како и одржување на објектот и опремата. Всушност, со законот се сака да се осигури дека ќе оди добро постепеното ставање во функција на новите градби, но и ставањето вон функција на градбите од стариот постоечки комплекс клиники „Мајка Тереза“, како и обезбедување на паралелно работење и целосна оперативност преку двата комплекса на градби. „Комплексот на градби во рамки на проектот Нов Универзитетски клинички центар ќе се гради на локација која е поставена во северо-западниот дел од Скопската котлина, во западниот дел од општината Ѓорче Петров и јасно дефинирана со Обиколницата на Град Скопје, како главна инфраструктурна и геостратешка референца за просторот“, се вели во предложениот закон. ДРЖАВАТА ЌЕ БИДЕ ИНВЕСТИТОР И ДРУГ НЕМА ДА МОЖЕ ДА СТЕКНЕ ПРАВО НА СОПСТВЕНОСТ Решавањето на имотно-правните односи на земјиштето предвидено за изградба кои се наоѓаат на Локацијата, ќе биде на товар на земјава како инвеститор. На комплексот на градби ниту едно трето лице нема да може да стекне право на сопственост. Постапките за јавни набавки на стоки, услуги и работи за реализација на проектот ќе ги спроведува Министерството за здравство, кое ќе биде договорен орган. Тоа ќе ги спроведува постапките за јавни набавки согласно Законот за јавни набавки, освен ако поинаку не е уредено со овој закон. Интересно е дека во законот се наведува дека постапките за јавни набавки ќе може да се спроведат или како единствена постапка за доделување на договор за јавна набавка по принцип на „клуч на рака“ на еден економски оператор, или, пак, на група економски оператори како генерален изведувач. Договорот за јавна набавка по принцип „клуч на рака“ е комбиниран договор за набавка и ќе биде доделен преку спроведување на постапка со конкурентен дијалог како единствена постапка за јавна набавка согласно Законот за јавни набавки, се вели во законот. „Cо договорот за јавна набавка по принцип клуч на рака се обврзува генералниот изведувач да ги изврши збирно сите работи потребни за изградба и употреба на определена целосна градба или определен целосен комплекс од градби...“, се вели во предложениот закон. Во оваа постапка ќе се дозволи поднесување на групна пријава од име на повеќе економски оператори кои претходно учествувале со поединечни пријави во фазата на претквалификација. Под групна конечна понуда се подразбира една единствена понуда доставена од име на повеќе економски оператори, оценети како способни кандидати. Натаму во законот се опишува како ќе тече постапката со еден, а како би течела со понуда од двајца способни кандидати, и какви рокови ќе им бидат дадени. Министерот за здравство, Венко Филипче, пред неколку месеци откри дека е почната постапка за изградба на нов Клинички центар. Тој најави дека се планира првиот од четирите блока на центарот да биде завршен во наредните четири години. „Верувам дека првиот блок дефинитивно ќе биде завршен во следните четири години. Тоа ќе овозможи дел од сегашните клиники да се преселат и да почнат со работа. Како ќе бидат завршени следните блокови ќе се празнат и клиниките според стратегијата“, потенцираше министерот Филипче, и дополни дека едни од најкритичните и тие на кои им треба многу внимание се клиниките каде има операциони сали и интензивна нега. Што значи дека први би се преселиле хируршките клиники и операционите сали, и сè што е поврзано со хируршка интервенција. Во однос на финансирањето, Филипче посочи дека сè уште се работи на финансискиот модел, а проценката е дека новиот клинички би чинел околу 450 милиони евра. Кон крајот на минатата година, пак, министерот рече дека фазата на евалуација е завршена, па останати се две компании - германската Vamed и француската Bouygues construction. https://faktor.mk/kluch-na-raka-na-eden-ili-na-povekje-operatori---vladata-go-zabrzuva-proektot-za-noviot-klinichki |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Германската Vamed и француската Bouygues construction треба да дадат една понуда за изградба на новиот клинички центар - Филипче ја повика опозицијата да не блокира
Министерот за здравство Венко Филипче, ја повикува опозицијата во Собранието да ги повлече 2.000 амандмани со кои е блокиран Законот за изградба на нов Универзитетски Клинички Центар. „Во повеќе наврати досега и за време на собраниските комисии и на седниците за пратенички прашања Филипче и Владата и понудија на опозицијата собраниска комисија којашто ќе ја водат опозициски пратеници и ќе го контролираат процесот на градење, изведба и секој аспект од проектот за Клинички центар. Министерството за здравство ќе биде отстрана, и ќе и биде поддршка на опозицијата. Целата постапка за новиот Клинички центар е јавна и транспарентна, доколку опозицијата не ги прифати овие предлози ќе биде јасно дека воопшто не станува збор за нивна недоверба или желба за унапредување на проектот, туку едноставно стратегија за блокади и некоструктивност која веќе предолго трае“, смета Филипче. Процесот за изградба на Клинички центар почна пред две години, втората фаза се одолговлечи поради ковид кризата. Процесот започна со таканаречен конкурентен дијалог, аплицираа 5 компании, за втората фаза останаа две - германската Vamed и француската Bouygues construction, едната која има искуство во градежниот дел, а втората искуство во менаџирањето и опремувањето на болниците. Законот треба да ја регулира идејата двете компании да имаат можност, да дадат една единствена понуда, а независен финансиски ревизор да каже дали е таа соодветна, од причина што ќе биде една понуда мора да се контролира цената. Од огромен интерес на граѓаните е нов Клинички центар што ќе служи во следните децении и ќе даде интегриран тип на здравствена услуга. Министерот им укажува на пратениците од опозицијата дека поддршката на Законот за нов Клинички центар ќе покаже дека партиите можат заедно да направат нешто што е од голема важност за граѓаните и нивното здравје. https://faktor.mk/germanskata-vamed-i-francuskata-bouygues-construction-treba-da-dadat-edna-ponuda-za-izgradba-na-noviot-klinichki-centar---filipche-ja-povika-opozicijata-da-ne-blokira |
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Како една понуда е подобро и ќе се контролира цената? Еве не знам, ама да земеш покрив да менуваш дома, па ќе се распрашаш кај 2-3 мајстори за цена.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Инфраструктурата ќе ја набилда цената на Клинички центар над 500 милиони евра
Повеќе од 15 години ова е главна тема во медиумите, се појавува во сите изборни програми на кандидатите, но наместо по толку најави, сликања, потпишувања договори, поништени тендери, конечно да се изградеше, целиот процес повторно е вратен од почеток. Сегашната власт најави дека проектот ќе чини околу 500 милиони евра, но како што дознаваме, тука не се предвидени трошоците за инфраструктура, вода, гас, електрична енергија… Во моментов, целиот процес е закочен во Собранието со 2.000 амандмани од опозиционерите https://fokus.mk/fokus-express/infrastrukturata-ke-ja-nabilda-tsenata-na-klinichki-tsentar-nad-500-milioni-evra |
|
![]() |
|
Vire ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Aug-2021 Online Status: Offline Posts: 416 |
![]() ![]() |
Катастрофално би било ако пак почне да се Скопјанизира Македонија односно само во Скопје да се гради. Многу попаметно би било Битола,Штип,Тетово,Охрид,Струмица..да добијат нови болници што ОЧАЈНО му требаат,посебно сега во пандемија,а и општо за понатаму.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Изборот на самата локација е доста лош,предалеку е од град и можеби најблиску само за жителите на Ѓорче,нема никаква конекција и пристап,од Лисиче до таму би се патувало по саат време.
Можеше да се искористи локацијата на Ист Гејт или низа други локации кои стојат празни или се има намера да се претворат во станбени блокови а се многу поблиску од избраната опција. Ова се знаеше дека ќе повлече многу средства за соодветна инфраструктура и сигурно уште низа на други "непредвидени работи" би излегле при текот на изградбата па ќе стигнеме до цифри блзиу милијарда евра што говори дека при ваква здравствена,економска и енергетска криза проектов изгледа уште долго ќе остане на хартија или евентуално во некоја децениска почетна фаза. Точно дека треба да се дисперзираат услугите преку изградба на болници низ другите градови но ниту тоа не се планира ниту па се има намера да се довршат работите во Штип и Кичево. Исто така можеби треба да се направи реновирање на постоечкиот Клинички во Скопје со барем 100-200 милиони евра кредит бидејќи овие 500 може многу лесно да одат нагоре а крајниот производ да не го видиме ни по 15 години. Само ќе се надеваме на ново а постојното од ден на ден се повеќе пропаѓа. |
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Локацијата е многу лоша. Не треба да си експерт за да сфатиш дека локацијата е несоодветно избрана. Локацијата треба да е блиску до центарот на градот, а не надвор од градот и тоа ниту во рамки на градот што е опфатен со обиколницата.
|
|
![]() |
|
FT ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 22-Jun-2010 Location: Kocani Online Status: Offline Posts: 574 |
![]() ![]() |
Можеби стварно попаметно ќе е да се обноват постојниот Клинички и повеќе болници низ државата. Ама обнова а не 'реконструкција'.
|
|
![]() |
|
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
Па и со изградба на подземен булевар итн., стариот клинички ќе биде подостапен. И кога веќе најосновната инфраструктура за новиот кој би бил на сред нива, ќе чини тешки милиони, можат тие пари да се пренаменат за на пример рушење и експропријација на некои од зградите што се околу клинички. Исто така, за брз трансфер од подалеку може конечно да се оформи хеликоптерска служба која би била од корист и за Дирекцијата за заштита и спасување која иако го носи терминот 'за сапасување' во називот - не располага со никаква опрема за спасување.
Edited by hcitrS - 04-Nov-2021 at 23:34 |
|
![]() |
|
Blagh ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 10-Feb-2013 Online Status: Offline Posts: 41 |
![]() ![]() |
Посоодветни локации: 1. Касарна Илинден - веднаш до секундарен булеварски прстен и Никола Карев (урбан автопат) 2. Институт за Лозарство во Бутел - веднаш до обиколница, поврзан со голем булевар Х.Т. Карпош 3. Старата локација кај Злокуќани - со оваа цена на чинење излегува дека е исти трошоците за откуп на приватното земјиште (4) Можеби Расадник
Edited by Blagh - 05-Nov-2021 at 00:38 |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Кога локацијата кај Бардовци се замени со локација што е вон паметот, целосно се срушија надежите дека проектов ќе се прави како што треба! Доволна е една брза анализа на пристапноста на новата локација (над Кондово) и веќе работите стануваат кристално јасни за секој што има 2 грама мозок. Не само што локацијата е премногу одалечена од грото население на главниот град, туку достапна е практично само преку автопат и реално е отсечена од било каква форма на сегашен или иден јавен превоз (градски автобуски превоз, БРТ, приградска железница...). ![]() Ова носи интересни импликации не само за пациентите, туку и за целиот медицински и останат персонал, за студентите, за посетителите на хоспитализираните итн... Целата таа маса луѓе фактички ќе има избор едиинствено помеѓу користење на личен автомобил (доколку го има) или такси превоз. Ова би требало да биде повеќе од доволно таа локација да се прешкрта уште при прелиминарното разгледување. Бардовци е 90875696325924570 пати подобра опција по апсолутно сите критериуми. Единствена „предност“ на локацијата над Кондово е што таму најдоа доволно голема државна парцела за воопшто да не се замараат со експропријација. Налетав на овој коментар што перфектно ја сублимира ситуацијата:
Edited by Cloverstack - 05-Nov-2021 at 00:57 |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Сите 4 локации звучат солидни сами по себе, и секако неспоредливо се подобри од онаа над Кондово. Бр.1 и веројатно Бр.2 го исполнуваат и „условот“ да не треба експропријација. Инаку конкретно за касарната Илинден имаше разни планови но со време згаснаа... Можеби оваа држава реши сепак да ја зачува касарната? Edited by Cloverstack - 05-Nov-2021 at 01:12 |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Постојниот клинички има два големи проблеми. Првиот голем проблем е недоволниот капацитет на околната сообраќајна мрежа, а едноставни решенија нема (поради урбанистичките и практичните ограничувања во тој реон). Сепак, со многу пари и со спремност за порадикални градежни зафати, сигурно може да се дојде до добро решение. Вториот голем проблем е одвоеноста и раштрканоста на клиниките. Тој проблем не може да се реши со никакви реконструкции, обнови, доградби, топли ходници, и слично. Ако се задржи сегашната локација (што секако има низа предности), повторно не можеме да избегаме од фактот дека треба да градиме нов клинички центар и темелно да го реорганизираме просторот таму. Не некаква крпеница како еден претходен проект (што со години го трубеше Груевски и фала богу не го почна), туку нешто далеку посериозно и поскапо. Реално многу малку од постојните објекти и внатрешна инфраструктура би можело квалитетно да се инкорпорира и искористи. Edited by Cloverstack - 05-Nov-2021 at 01:55 |
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
![]()
Слободна Европа |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
![]() Рендерот супер изгледа, ама... Овој концепт предвидуваше најголем дел од клиниките (и други пропратни елементи) да си останат расфрлани и отсечени. Новиот објект воглавно ќе ги примеше интерните клиники и физички требаше да биде поврзан само со постоечката хирургија, со новата гинекологија и со онкологија. Толку. Според мене тоа не е ни приближно добро решение. Барем да беше испроектиран како прв модул и да беа зацртани решенија за понатамошно планско ширење на блокот, заради инкорпорирање на сите преостанати клиники и објекти... Но таква работа во ниту еден момент не беше спомната. Исто така, сообраќајниот проблем едноставно беше ставен под тепих. Но има и друга работа што не треба да се заборави, а тоа е фактот дека овој проект, и покрај сите фанфари, никогаш реално не се приближи до точка на реализација. Тргни од статијата што ја цитираш - објавена е во август 2013 по повод официјалното претставување на проектот и со изјава од министерот за здравство Никола Тодоров дека изградбата ќе почнела во прв квартал од 2014. До моментот кога ДПМНЕ падна од власт не се фрли ниту една лопата. Но затоа во својство на технички министер и буквално два-три дена пред да му заврши мандатот, на крајот на мај 2017 Тодоров потпиша договор вреден 72 милиони евра за изградба на новиот објект. Тоа во најдобар случај може да се толкува како сопка за новата власт што доаѓаше. Значи објективно, вољја и посветеност за да се реализира овој проект немаше ниту од власта што го измисли, односно ДПМНЕ. Имаше само театар. Edited by Cloverstack - 05-Nov-2021 at 20:58 |
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
Може да е така, имаше доволно време Тодоров да го заврши, но како и со сите проекти се влечкаа. Сепак обезбеди кредит, а новите можеа да го подобрат проектот и да го тераат.
Доколку од корен се реновираат и отсечените објекти, заедно со катните гаражи и цела дворна површина освежена, би добиле нешто пристојно и функционално. Сообраќајно треба да се изанализира во однос на Лимак и големиот кружен, како на пример проширен влез и 2х2 од кај Мала станица и проширување и можеби мини клучка кај Водњанска. |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Токму оставање на отсечени објекти е проблемот со кој мислам дека не смее да се направи компромис. Исклучок за ова се стоматолошката клиника, судска медицина и психијатрија. Се друго мора да биде една целина. Не можам никако да прифатам дека пациенти со секакви проблеми, вклучувајќи и тешко болни пациенти, ќе продолжат да ги тркалаат од една клиника во друга, под отворено небо, во разноразни колички и носилки. Некогаш и на -20 степени, некогаш на 45 степени, некогаш при дожд, при снег, низ вирови, низ сообраќај... а дистанците знаат да бидат стварно импресивни. Притоа тоа значи ангажман на болничари за да ги тркалаат сите тие болни наваму-натаму, а понекогаш е потребна и придружба од доктор. Ако е животозагрозувачка состојба треба да се организира и ангажира возило и возач (барем претпоставувам дека ваквите случаи не ги тркалаат под отворено небо). Тоа значи „утовар-истовар“ на критично болен, плус губење драгоцено време, плус возилото може дополнително да подзаглави во внатрешниот сообраќај. Пациентите се најкритична категорија што се тркала наваму-натаму, но не се единствена. Лабораториски примероци и слично, медицински персонал, студенти и професори... Ние сме се навикнале на цел тој циркус и неефикасност, па затоа не ни боде до толку очи. Јас не знам на друго место да постои ваков дисперзиран клинички центар и тоа ептен многу кажува. -------------------------- Инаку не сум во принцип против задржување на постојната локација, само сум против лошото решение што одеше во пакет со неа. Постојната локација има и предности и маани, сепак една огромна предност е што со останување на клиничкиот центар таму, тој вреден простор ќе се заштити од пополнување (уништување) со стандардните урбано-мафијашки помии. Но предуслови за нов клинички да градиме на старата локација, според мене мора да бидат овие два: 1. Сообраќајниот проблем не смее да се игнорира и да се става под тепих. Потребна е спремност за порадикални и скапи решенија. 2. Потребна е темелна реорганизација на целиот простор и изградба на поголем нов објект кој нема да остави отсечени круцијални клиники и во кој ќе се сместат и сите други нужни работи. Во врска со вторава точка, дури не би инсистирал по секоја цена дека објектот мора целосно да се изгради одеднаш. Прифатливо би било да се испроектира за квалитетна фазна реализација и клиниките да се инкорпорираат една по една, како што ќе напредува реализацијата на проектот. Клучно е раштркани клиники да не бидат третирани како крајно „решение“, како во проектот од 2013 година. Ќе се впуштам малку и во груба математика, чисто колку да илустрирам: Ако за проектот од 2013 (62.000 m2) беа потребни 72 милиони евра за градежни работи со клуч на рака, да речеме дека отприлика 3 пати поголем објект може да ги прими и преостанатите клиники и тоа ќе чини околу 210 милиони евра. Да додадеме и замашни 40 милиони евра за соодветни сообраќајни решенија што сеопфатно ќе го решат проблемот со пристапноста. Вака испаѓа дека за ~250 милиони евра можеме да добиеме комплетно и квалитетно решение. Скапо е, ама за катастрофалната локација кај Кондово се калкулира со повеќе од двојно поголема сума! Edited by Cloverstack - 06-Nov-2021 at 01:17 |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Размислувајќи на темава, постојната локација на клиничкиот центар мислам дека има уште една скриена предност. Но под услов да се елиминираат отсечените клиники! Со тоа станува можна нивна пренамена. Тука пред се ги имам на ум: - Инфективната клиника - Детската клиника - Клиниката за кардиологија Сите три се големи и квалитетни објекти, а од градежен аспект се во солидна состојба. Една опцја е пренамена во студентски домови. Најголем дел од квадратурата на посочените објекти секако има сместувачка функција, па барем еден од трите ваљда би бил адекватен за евтина и квалитетна трансформација во студентски дом. Друга опција е нудење на овие објекти на приватни здравствени организации (под закуп или на продажба). Како што Жан Митрев функционираше во воената болница, а сега изгради посебен објект што е практично во дворот на болницата, и како што Ремедика функционира во Железара. |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
И кога веќе пишав цели романи, не смеам да испуштам да спомнам нешто и за медицинскиот кадар ![]() Џабе би ни бил и најдобриот клинички центар на планетата, ако не е доволно и квалитетно екипиран. Џабе би ни била и најсовремената медицинска технологија и апарати на планетата, ако нема кој содветно да ја ракува. Со оглед дека веќе долги години наназад потфрламе во продукција на медицински кадар (и квантитативно и квалитативно), а од друга страна постојниот кадар масовно ни се одлева кон запад (од медицински сестри до доктори субспецијалисти), јасно е дека и на ова поле ни треба сериозен и квалитетен „проект“. |
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Со изолиран клинички центар, надвор од градот, надвор од опфатот на скопската обиколница, сигурно не се оди кон овозможување подобри услови за продуцирање квалитетни кадри во медицината. |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1415161718> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |