![]() |
![]() |
![]() |
Интернет и телекомуникации |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1718192021 28> |
Author | ||
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
![]() ![]() |
|
Слаб сигнал - затоа имаш дропови, а за А1 и Оne се е средено (ако на тоа мислиш), Велиа шаховски изигра, си го убаци Хедис во игра и сите среќни
![]() |
||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
||
![]() |
||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
|
да слаб сигнал но од нивна страна верувам, и иако користам собна антена KN-DVBT-IN70 http://www.logingelectronics.com.mk/products/product.aspx?id=63064 сепак вакво нешто не смее да има во скопје! а за ова кавгата сега топката се стркала на друга страна
![]()
Edited by Max - 17-Apr-2010 at 00:13 |
||
![]() |
||
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
![]() ![]() |
|
Јасно кај нив е проблемот (во Лептокарија и во нивниот салон стои укочена слика или со дроп)
![]() А другиве играчи сега пробуват нешто да играат но кајмакот отиде кај Велија |
||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
|
јасно ми е дека се чувствуваат изиграно откако бум се договори со а1, но незнам што бараат сега овие за возврат, велат нерасчистени деловно-техничките услови се посреди, но ми изгледа на чист рекет! ај ако има некој абер нека ми ги појасни кои се тие нерасчистени деловно-технички односи!? ако е за сигналот мислам тоа лесно и брзо може да се надмине, но ова дефинитивно е завист, она зошто бум да дистрибуира пакети преку гранапчињата на хедис... Edited by Max - 13-May-2010 at 17:57 |
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Не сум детално запознаен со случајов но она што до сега знам мислам дека има некој аномалија во законот или можеби сум во грешка.Од една страна законот пропишува дека операторот е должен да ги обезбеди како дел од пакетот сите канали кои и онака се фаќаат со терестријална антена, а од друга страна се бара операторот да склучи договор со телевизиите да ги пренесува. Така да има оставено простор за уцена. Или нека се обезбеди законски сите оператори да имаат непречен пристап до сигналот на сите локални и национални канали и бесплатно да го редистрибуираат или нека не се бара од нив од ги пренесуваат задолжително. Вака се ставени во нерамноправна положба. И сега додека другиве не играа на таа карта, една телевизија изигра, другите се осетија измамени и сосема легитимно постапија. Правилата и лошиот систем го уништија бум.
|
||
![]() |
||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
|
да недореченоста и двосмисленоста во законите кај нас е императив, сепак доколку пресече власта и конечно го укине терестријалниот сигнал, ќе ги прашам што клечки ќе кршат телевизииве, ама сега им се може, но мислам дека со нив не е иста ситуацијата како со а1, а1 мислам немаше склучено договор па затоа и бум мораа да ја прекинат, додека овие сега сакаат склучените договори под уцена да ги раскинат небаре не биле претпоставувам исполнети одредени услови од истите...
|
||
![]() |
||
Radioamater ![]() Newbiе ![]() Joined: 06-May-2009 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
гледам на пазар3 продаваат ресивери од ОНЕ. Па како може тоа, тие ресивери ги должат и тие не се нивни туку ги имаат само на користење, на некој му е јасно?
|
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Две интересни понуди на телекомуникацискиот пазар. Особено оваа на VIP. Исклучително добар начин за привлекување корисници. Веќе неколку месеци се спремам да киднам одкако е воведен Number Portability, а и онака на VIP е комплетно бесплатно.
Edited by lslcrew - 14-Sep-2010 at 01:12 |
||
![]() |
||
Swimmer ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 09-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 294 |
![]() ![]() |
|
![]() Ја прочитав веста уште завчера и се мислам што да правам.. имам чувство дека Вип имаат најдобра понуда моментално, 1000 минути бесплатни во мрежата, што му доаѓа по околу поласаат бесплатен разговор во денот, што никако не е за потценување, арно ама проблемот е што малку луѓе се претплатници на ВИП.
Во однос на ОНЕ, договорот за пост-пејдот ми истекува во Ноември и во однос на промоцијата истата директно ме засега и веќе добив некое писмо со промотивна понуда од 3000 денари (или да земам производ од нивните салони или 6 месеци по 500 денари да добивам на сметка гратис разговори).
И ја би некако повише за ВИП. Од Оне и немам што посебно да купам, а во однос на нивниве промоции сум голем скептик. Не дека нема да се реализираат, ама ќе ви пукне џигер додека тоа се случи.
Сличен случај имав со интернетот со Оне, го утнаа износот на промотивниот бесплатен период, наместо 4 излезе 2 месеци, ама пошто ги држев за муда (по грешка ми дале документ, потпишан, со печат све, за 4 наместо за 2, а ако беше за 2 немаше да го продолжам), па им искочи интерен проблем, и додека они тоа го решат пројдоа 4-5 месеци, а во меѓувреме ништо од бесплатниот интернет, све си платив. Ај тоа, ама ради нивнава грешка ме убедуваа да не ги плаќам доспеаните сметки (пошто нереално е да плаќам сметки у фаза на бесплатен промотвен интернет), демек тоа ќе се покриело, и не ги плаќав, оти така ми рекоа. И ме исклучија
![]() ![]() И после 5-6 месеци конечно ми одобрија износ од 4 месеци, и ми кажаа дека по грешка ми дале 4, требало 2, а јас им реков дека го чекам денот на истекување на договорот, пошто налет нивните промоции на сето малтретирање и нервози.
![]() Е да, ќе заборавев, требаше да ми вратат некои 500 денари, нов/стар договор, поклопување на неколку дена и двојно плаќање од мене. Ми побараа трансакциска за да ми ги вратат средствата и ми рекоа за недела дена ке се среди. После месеципол се јавувам, не за 500 денари дека немаше да преживеам, ама ми е на ум дали се заврши и тоа, кога сум у град да претрчам и за тоа у банка/банкомат. Ништо. Пак по 2 месеца, ме фати инат, абе викам нели за недела дена беше работава, пак ништо, и на крај им реков, ви ги поклонувам, неморате да се трудите да ми ги исплаќате. И така не сум ги ни добил. Очигледно им се нашле.
![]() Така да, визави новава промоција (во однос на продолжување на договор за постпејд), со задоволство ќе ја поклонев на lslcrew на пример, да можеше.
![]() ![]() ![]() Има ли некој слично искуство и баш би сакал да чујам за ВИП.
Ако ништо друго кој припеј кој постпејд бар со најблискиве ќе се исповрземе преку ВИП и ќе збориме малтене гратис. А забележувам се повеќе броеви на луѓе со кои контактирам на ВИП. Порано ми беше чудно, мислев никад нема да се пробие операторов, ама од лански 11 на сегашни 17 % пазарен удел, со силна конкуренција, воопшто не е малку.
Друга интересна ствар ми е што, сеуште важи она.. " ме боли .. ако си заминеш", демек еден корисник, помалце или повеќе ништо не мења. Арно ама јас ако се тргнам од Оне кон Вип, Вип автоматски ќе добие минимум + 3 претплатника кои ги носам со себе. Тоа е - 1 за Оне и + 3 за Вип. Па нека се замислат како се понашааат. Инаку операторите/ките во кол центарот, незнаат што е емпатија и повремено се "понашаат".
ете изјадов гомна за сите пари, нејќев да критикувам, ми беше повише за размена на искуства во однос на ВИП.
~~~
ТРИ ГОДИНИ НА МАКЕДОНСКИОТ МОБИЛЕН ПАЗАР
Тој нагласи дека трендот на зголемување на довербата во Вип оператор на домашниот пазар е потврден и преку искористувањето на услугата преносливост на броеви, во којашто Вип е апсолутен лидер. Имено, од почетокот на услугата, што стартуваше од септември 2008 година, дури 72 проценти од вкупниот број на пренесени броеви, мигрирале во мрежата на Вип оператор. Тој нагласи дека во фокусот на компанијата остануваат услугите во мобилната телефонија. За раководството на Вип одлуката на Агенцијата за електронски комуникации за намалување на големопродажните цени меѓу операторите што стапи во сила од почетокот на месецов, е за поздравување. |
||
![]() |
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Ќе видиме како ќе се покаже. Нешто слично предходно на два пати се појави на Македонскиот пазар. Се појави едно време Roamfree со седиште во странство како виртуелен оператор што нуди меѓународни разговори, што според некој шпекулации и не беше баш со чисти сметки и искрени намери да се занимава со телекомуникации, а едно време и имаше Космофон еден обид да протне паралелен бренд, далеку од виртуелен оператор, Frog што не се покажа како нешто посебно атрактивно, а и се погоди пред купувањето и ребрендирањето во One, па и тоа пропадна. Како ќе биде со овој сега допрва ќе видиме. Не очекувам некој посебен пазарен удел и после подолго време. Еве на пример Vip денеска објави дека дури овој квартал е првиот позитивен од кога се на Македонскиот пазар и од денеска почнуваат допрва треба да ги извадат парите што досега ги вложиле, а веќе три години се тука со силна позадина, силен маркетинг и силна понуда. Значи не викам дека нема да опстојат, но со мал пазарен удел.
|
||
![]() |
||
Djole88 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-May-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 611 |
![]() ![]() |
|
Кај нас за жал нема толкав пазар и куповна моќ за 4ти оператор. Добри беа примерите со Frog и Roamfree. Првото пропадна поради немање интерес кај граѓаните, а за разлика од нас во Бугарија функционира турбо. Roamfree беше одличен проект, но исто така пропадна поради немањето интерес кај нашите „бизнисмени“. Реално тоа беше само за побогата класа и за луѓе што се долго во странство и што често телефонираат дома. А со Skype и FB ретко кој го прави тоа во 21ви век
Инаку за ВИП точно е дека работеа со загуби, а тоа е повторно истата причина, недоволен број корисници. Еве за споредба, ONE објави раст од 21% од прошла година Една година „Оне“ расте и се развива Заклучно со септември 2010, „Оне“ има вкупно 643,426 корисници, што претставува раст од 21 отсто споредено со истиот период лани Со раст и развој во сите сегменти од своето работење, телекомуникацискиот оператор „Оне“, сопственост на „Телеком Словенија“, групацијата заокружи една година од работењето на македонскиот телекомуникациски пазар. Со големо искуство, континуирани инвестиции, иновативни и развојни проекти, „Оне“ се етаблираше како технолошки лидер на македонскиот пазар, кој прв пат ја понуди 3-Г услугата, прв лансираше пристап до безжичен Интернет, стана прв алтернативен оператор во фиксна телефонија и прв оператор што лансираше безжична дигитална телевизија – Бум ТВ. Во изминатата година „Оне“ успешно го реализираше спојувањето на трите компании („Космофон“, „Германос“ и „Он-нет“) и ја оптимизираше ефикасноста, што доведе до уште подобри резултати во целокупното работење. Тоа не предизвикало, пак, намалување на бројот на вработените, туку прераспоредување на дел од нив на други работни места поради воведените нови услуги. Заклучно со септември 2010 година, „Оне“ има вкупно 643,426 корисници со што бележи раст од 21 отсто споредено со истиот период лани. Преку инвестициите за изградба на најсовремена сопствена мрежа, „Оне“ обезбедува покриеност на 99,5 отсто на населението со квалитетен и непречен сигнал во мобилната и во фиксната телефонија, а како резултат на инвестициите во развој на најсовремената дигитална мрежа низ целата земја, „Оне“ овозможи покриеност на 92 отсто од населението во Македонија со сигналот на првата дигитална безжична телевизија Бум ТВ и ја зацврсти својата позиција на технолошки лидер на пазарот. Заклучно со 30 септември 2010 година, Бум ТВ има 40 илјади активни корисници, со што преставува најбрзорастечка платформа за дистрибуција на ТВ-сигнал во Македонија. „Растот во сите сегменти е најдобар доказ дека сме на вистинскиот пат и претставува дополнителен мотив да продолжиме да работиме во интерес на корисниците, посветени на спроведувањето на компаниската политика да креираме и да нудиме услуги достапни за сите, без финти и скриени трошоци, притоа збогатувајќи го животот со комуникација и забава”, истакна вчера генералниот извршен директор на „Оне“, Клавдиј Годнич. Супериорниот телевизиски пакет од најпопуларните македонски и странски ТВ-канали, кои безжично се пренесуваат со одличен квалитет на сликата и звукот секаде во Македонија – Бум ТВ станува уште поатрактивен со воведување на новата услуга за паузирање, снимање и премотување. Со ПВР корисниците самите можат да одберат време и одложено да ги проследат омилените ТВ-серии, фудбалски натпревари, музички емисии... |
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Пазарот по некои прашања нема врска големината на државата и со бројноста на населението. За мобилните оператори е така. Вип не работеше во минус заради недоволен број корисници туку заради еднократни трошоци што ги има секој оператор кога доаѓа на некој пазар. И помали држави од Македонија имаат поголем број оператори, не е тоа ништо пропорционално на колку население иде еден оператор.
|
||
![]() |
||
NorthWind ![]() Infraction Group ![]() Joined: 28-Sep-2010 Location: Neighborhood Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
Поголема глупост немам слушнато..
|
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Поголема неифромираност нема слушнато. |
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Еве енциклопедиски објаснето што е виртуелен оператор, за технички нема нешто посебно ниту ќе објаснувам да не замарам. Колку само низ нормален свет далеку има отидено пазарното општество па дури и она што ние го знаеме како класичен оператор се разцепува, па има опслужувачи мрежни (кои обичните граѓани не ни ги интересира) и фирми потоа кои во некоја форма на виртуелни оператори ги препродаваат услугите. Како да речеме сега тмобајл да реши дека нема да се мафта со продажба и ќе си најде три четири вакви виртуелни да му го препродаваат "производот" и ќе водат конкуренција, а позади некаде во некое подрумче инжењери ќе си ја работат мрежата и по некој економист за сметките. Далеку сме ние од тоа, но дефинитивно неможе никој да ме убеди дека големината на пазарот е пресудна дали ние ќе имаме четврт оператор. Зашто воопшто да се обидуваме да го модерираме тој процес, крај краева да оставиме процесот како во нормална држава сам да се одвива па да си покаже пазарот, едноставно да го планираме пазарот предиктивно, нема да ни успее. Можноста е отворена, па кој сака нема повели да се проба. Никогаш целта на ваквите виртуелни оператори не е да прераснат во некои големи играчи паралелно со класични оператори, но сериозно придонесуваат со квалитетот и цените на услугите.
http://en.wikipedia.org/wiki/Mobile_virtual_network_operator Еве и листа. http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_mobile_network_operators_of_Europe |
||
![]() |
||
NorthWind ![]() Infraction Group ![]() Joined: 28-Sep-2010 Location: Neighborhood Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
Можда не бев доволно прецизен на што алудирам. Може ли да објасниш кои се тие прашања, каде не е битен пазарот визави бројот на потрошувачи/големина на држава, како сакаш, иако логично, поголемите држави имаат поголем број на население, па со тоа претставуваат и поголем пазар, со тоа се поинтересни за инвестици, иако на тоа влијаат и други фактори, логично претпоставуваат и поголема куповна моќ, но не мора да значи. Но те молам информирај ме, како тоа за пазарот нема врска големината на државата/бројноста на населението, фактори што ја одредуваат големината на пазарот (како што реков и куповната моќ игра улога и уште пар фактори). Без оглед дали се работи за препродавање или дистрибуција, тој производ/услуга некаде треба да заврши, некој да го користи, за тоа да плати и од тоа некој да профитира. Колку треба да произведеш и продадеш за да профитираш, т.е. колкав редовен минимум број на купувачи ти се потребни на определен временски период, да речеме месечно, за да 1. можеш да ги покриеш трошоците (па биле и минимални), 2. за да оствариш профит, 3. За да се пробиеш на пазарот, зголемиш удел, постанеш лидер. Originally posted by lslcrew Пазарот по некои прашања нема врска големината на државата и со бројноста на населението. |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1718192021 28> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |