|
![]() |
|
Состојби во градежништвото и архитектурата |
|
Post Reply
|
Page <1234 6> |
| Author | ||
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
Quote Reply
#21 Posted: 22-Feb-2010 at 05:12 |
|
|
|
||
![]() |
||
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
Quote Reply
#22 Posted: 02-Mar-2010 at 19:39 |
|
|
весела математика и ажурна администрација или позитивен притисок од инвеститорите! како и да е на арно е!
Edited by Max - 29-Jun-2011 at 14:10 |
||
![]() |
||
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
Quote Reply
#23 Posted: 05-Mar-2010 at 05:11 |
|
|
||
![]() |
||
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
Quote Reply
#24 Posted: 05-Mar-2010 at 19:48 |
|
http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=18667&Itemid=106 Edited by гитардемон - 05-Mar-2010 at 19:50 |
||
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||
![]() |
||
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply
#25 Posted: 06-Mar-2010 at 00:40 |
|
|
Пад во градежништвото Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2010
се издадени 154 одобренија за градба, што е за 34,7 отсто помалку во
споредба со истиот месец лани. |
||
![]() |
||
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
Quote Reply
#26 Posted: 06-Mar-2010 at 12:17 |
|
|
со СК-2014 оваа месечна статистика ќе биде како од шала надмината земено годишно, затоа два текста погоре стои и поентата дека градежништвото ќе билда БДПто, единствено е дискутабилно дали тоа бидање ќе биде пеглање или набивање БДП!?
|
||
![]() |
||
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
Quote Reply
#27 Posted: 06-Mar-2010 at 14:05 |
|
|
Е и Кинезите ја прават таа финта веќе години години уназад. Затоа имаат трговски центри поголеми од Скопје со едвај 2 продавници внатре, и автопати без возила на нив. Ама тоа е за мала шминка на БДП-то, а кај нас Скопје 2014 ќе биде цело БДП бидејќи толку и се случува во државава нешто!
Edited by гитардемон - 06-Mar-2010 at 14:06 |
||
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||
![]() |
||
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply
#28 Posted: 06-Mar-2010 at 15:13 |
|
Градежништвото навистина ќе го билдаше БДП-то и тоа долгорочно доколку приоритет им беше даден на навистина продуктивни проекти. Вака повеќе БДП-то ќе го билда градежништвото отколку обратно. Со триумфални капии, куполи, „барокна“ завеса за МНТ и слични срања, бруто домашниот производ сигурно нема да порасне, напротив такви проекти се камен околу вратот на нашата економија која ионака слабо плива. Барем финансискиот аспект не остава простор за преголема субјективност. Добар процент од Скопје 2014 е тотално непотребен трошок и перверзија е доколку се претставува како позитивен економски фактор. |
||
![]() |
||
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
Quote Reply
#29 Posted: 06-Mar-2010 at 16:12 |
|
|
и навистина е фактор, жкаков тоа времето ќе покаже, сепак не е само СК-14 посреди, тука е сеуште и стадионот и патиштата и најверојатно и хидросистемите итн. како и да е сите држави го крчкаат истиот рецепт, ништо ново, само што ние дури сега го фаќаме таквиот ритам како правило! ~ туку се разочарав од саем на градежништво, лани незнам, но преклани беше каде каде подобар! сега беа најавени 300 фирми, но освен 50тина ништо друго не видов, кога домашниве во голема мера изостануваат што е пак со странски! се на се колку традицијата да се одржи, ниту чув за некоја трибина или презентација, ниту пак видов некоја програма, ниту имаше нешто особено новитети, а од оние кои изложуваа подготвени само за поздрав на своите партнери и ништо повеќе! имаше еден новитет додуша кој се издвои од останатите, а се друго чуено видено и потпросечно промовирано! ме изненади хот хот што не изложуваат, исто големиве домашни градежни компании изостанаа како и досега, но ајде годинава нека се вадат на кризата иако тоа не треба да биде изговор! |
||
![]() |
||
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply
#30 Posted: 06-Mar-2010 at 16:34 |
|
|
||
![]() |
||
krale
Senior Member
БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
Quote Reply
#31 Posted: 06-Mar-2010 at 17:07 |
|
|
Во време на криза, инвестирањето во градежништво е рецепт стар уште од Гоелмата Депресија во 1920-тите години. Класичен рецепт употербуван на сите страни да се изврши „електрошок“ врз заспана економија. Добро е што тоа се користи и кај нас, и не мислам дека станува збор за недоговорна инвестиција - па дали некој знае што спонзорирал првиот ваков план за време на депресијата? Меѓу другото и цели одреди на чистачи, чија задача била да чистат, тоа што и онака било чисто, ама ете, да не седат дома да имаат некоја работа. Тоа е неодговорно, можеби, но неопходно да се зачува социјалниот мир и да се мрдне економијата и потрошувачката.
|
||
![]() |
||
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply
#32 Posted: 06-Mar-2010 at 17:32 |
|
![]() Добро Крале, кога ќе ти кризира домашниот буџет, а во исто време ти пукнала цевка во купатило и ти прокиснува покривот, ти оди купи рококо масичка и една кинеска вазна за да ја ставиш врз нејзе. Економијата треба да се стимулира со навистина продуктивни инвестиции, а листата на такви инвестиции кои ни се ужасно потребни е многу долга. Ама ете ние најдовме да ја „раздвижуваме“ економијата со барок... Edited by Cloverstack - 06-Mar-2010 at 17:37 |
||
![]() |
||
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
Quote Reply
#33 Posted: 06-Mar-2010 at 17:59 |
|
|
не е неодговорно, токму на место си е! грешката е што единствено во недостаток на пополно чекмеџе, тунелот под плоштад е оставен за подобри времиња можеби скоро со нова проекција итн. впрочем циклично мора да се почне од центар и естетски и нфраструктурно па потоа се гради се одоколу! ако веќе се размислува за освежување прво на ликот на градот тоа дефиниитвно тера по тој редослед! некој ќе рече популистички пристап бидејќи главен акцент е ставен на шминката а не на инфраструктурата, но за се има простор и време, а особено што централната власт овие проекти кои ги финансира се повеќе од општ карактер како инвестиции за цела држава, додека инфраструктурното вложување како ск-лрт, тунел под плоштад, примарна скопска сообраќајна мрежа се нешта кои тераат како локален пакет, заради чие финансирање доколку тоа не оди преку градот туку на централно ниво дефинитивно ќе повлече нервоза и револт кај останатите општини во државава! се надевам дека за инфраструктурните проекти во скопје самиот град ќе смогне сили да најде чаре за да ги реализира, дали со приватно пратнерство, заеми од страна или пак лизинг опција не е ни толку битно, важно тоа декларативно како некаква гаранција може да го подржи централната власт, но истата мислам дека нема да се одважи и да го покрие од државниот буџет или на негов грб да ја тера со заеми... во секој случај и со воие проекти сега што се тераат годинава мислам бар во кондиција ќе се одржат компаниите ако ништо друго, но посекако ќе имаат и голем макроекономски но и микроекономски ефект! интерсено но пополека цел свет ја тера кон социјализам, па и ова е една форма на интервенционизам, а особено бидејќи на тендерите се форсираат домашни компании, што не беше случај и порано! има уште една позитивна појава а тоа е медиумската раздвиженост која не дозволува да се угушиме во апатија и иако во лер сепак владее позитивна атмосфера дека работите се движат, што земено берзански е многу битен момент, иако доста медиуми намерно или не свесно билдааат песимистички проекции кои сепак не се ништо повеќе од сензационалистички фатаморгани, бар да беа и блиску до реалноста ајде но ова веќе ја отераа во аут, како што тенденциозниот текст погоре каде преку ригидна месечна анализа се упатува на колективен пад во градежништвото! воопшто битно е да се биде реален и да се анализира вкупно а не парцијално, немора оптимизам но не и наметнат песимизам, смешно сите во криза се окуражуваат ние гледаме како да се потцениме што е можно повеќе, комплекс кој за жал го наметнува фабричката грешка во медиумскиот простор, каде одвреме навреме во некој ќош ќе проструи и некој оптимист за среќа! |
||
![]() |
||
krale
Senior Member
БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
Quote Reply
#34 Posted: 07-Mar-2010 at 11:40 |
|
Илустрацијава ти е... ептен не си ја разбрал поентата. Во време на криза, граѓанството троши многу помалце, односно потрошувачката се намалува (луѓето штедат и тоа што го имаат) и така дополнително ја нарушуваат и онака ранливата економија која сега има и намален обрт. Инвестицијата во градежништвото е поттик во потрошувачката, односно да се стимулира обрт, кога тој е намален од страна на граѓанството. Се купуваат материјали, услуги, работна сила, практично се пумпа данокот назад во економијата, наместо да оди за резерви, за администрација, здравство итн., каде буџетот се излева или во место или во извоз. Класичен економски пристап, по класичен здравје, дури е глупо што мора да го објаснуваме. |
||
![]() |
||
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
Quote Reply
#35 Posted: 07-Mar-2010 at 15:57 |
|
|
Крале, и ти си ја разбрал теоријата, ама очигледно од инает како да не сакаш да ја кажеш цела. Да, се трошат државни пари, не само за да се враќа данокот и да не се намалува со намалувањето на приходите на граѓаните, се прави и за да не се зголеми невработеноста. Ама не е тоа поентата. Знаеш и сам дека праксата говори дека таквите инвестиции секогаш, без исклучок, се во инфраструктурни проекти кои се многу потребни, бидејќи парите што се трошат во време на криза се поскапи од тие за време на плоден период. А зошто со овие пари ние да градиме споменици кои чинат 20 милиони евра и не се лијат во Македонија, и не ја придвижуваат македонската економија, наместо да почнеме некој проект од важност кој ќе има влијание врз БДП? Класичен економски пристап е да градиме патишта кога е криза, а глупо е што ти викаш дека класичен пристап биле споменици во време на криза. Тоа сакаше да ти каже Cloverstack, ама од перчење муабетот личи на глупости. Најглупаво е што знаеш и сам, ама упорно тврдиш обратно.
|
||
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||
![]() |
||
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply
#36 Posted: 08-Mar-2010 at 04:13 |
|
|
||
![]() |
||
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply
#37 Posted: 09-Mar-2010 at 00:21 |
|
Не е точно, еве ги сите антикризни мерки, првата половина се однесува директно на ликвидноста што индиректно, што директно, особено втората.
|
||
![]() |
||
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply
#38 Posted: 16-Apr-2010 at 23:59 |
|
|
Груевски најави
можност ДДВ од 5 отсто за градежништвото да остане и по 2011
- Кога започна кризата во Македонија Владата одреди стратегија за ублажување на таа криза бидејќи увидовме дека нашите градежни компании ги губат пазарите надвор и работите внатре во државата затоа што сите почнаа да ги одложуваат инвестициите. Во тој момент излеговме со стратешка одлука за изградба на што повеќе инфраструктурни проекти. Како резултат на тоа минатата година во градежништвото имавме одлични резултати, а воедно градежништвото оствари раст од 20 проценти и тоа ја повлече економијата затоа што тоа секогаш дава работа на уште 21 сектор, рече Груевски. Тој додаде дека тоа минатата година и помогна на државата да ја заврши со мал пад на економијата од само 0,7 проценти што, вели, е трет најмал пад во Европа. - Градежништвото во кое ние инвестиравме беше онаа гранка која придонесе да имаме подобар економски резултат, да задржиме повеќе градежни работници на работа и да изградиме објекти кои ќе останат како трајно добро за граѓаните и за подобрување на квалитетот на нивниот живот, посочи Груевски најавувајќи дека постои расположение ДДВ од пет проценти за изградба на станови да се задржи и по 2011 година, но тоа ќе се знае по согледување на ситуацијата во следниот период. Намалувањето на каматите на одредени банки тој го оцени како добро придвижување во банкарскиот сектор со оглед и на регистрираниот прилив на свеж капитал во банките, а посебно охрабрувачки е големиот интерес на компаниите за кредити по најавата на Владата дека се подготвува загарантирање на каматната стапка од 6 проценти на кредитната линија од Европската инвестициона банка. - Голем број од компаниите веќе почнаа да бараат средства од банките затоа што сега имаат гаранција дека каматата во иднина нема да поскапува, рече Груевски. Отворањето на фабриката на „Џонсон Мети“, светски лидер во производство на катализатори тој ја смета за добра можност за младите дипломирани инжинери да ја запознаат врвната технологија која се применува во тој капацитет со оглед дека покрај постојните 70 постои можност во иднина на вработување на нови инжинери од технолошките и од електротехничките науки. - Владините политики се насочуваат токму кон тоа да охрабриме што поголем број млади луѓе да се запишат на технолошките и природните науки, рече Груевски запрашан дали постои координираност на владината образовна политика со потребата за кадри за вакви модерни капацитети.ва/са/16:05 |
||
![]() |
||
SkyBoy
Senior Member
Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
Quote Reply
#39 Posted: 21-Apr-2010 at 22:33 |
|
|
Тајмаут за хотелот кај „Рамстор“
Нов криминален проект, тежок 500 милиони евра. Вака вчера опозицијата ги оквалификува измените во Законот за градежното земјиште што експресно поминаа во Собранието. Со измените се пролонгираат роковите од три на шест години, во кои инвеститорите треба да ги изградат објектите што ги откупиле од државата или што ги зеле под долготраен закуп. Власта ги оправда измените како нова антикризна мерка, бидејќи голем број инвеститори се обратиле до ресорот транспорт со барање за пролонгирање на роковите поради кризата. Александра Филиповска |
||
![]() |
||
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply
#40 Posted: 10-May-2010 at 10:31 |
|
|
Годинава може да очекуваме поголема градежна активност и поголемо ангажирање на градежните фирми, бидејќи договорените градежни работи бележат тренд на зголемување од околу 47 насто, покажуваат статистичките податоци. Во странство веќе се најавени или договорени ангажирања на градежни претпријатија на нови проекти, од кои најголем број се во нискоградбата. Од Стопанската комора на Македонија сметаат дека годинава градежништвото подобро ќе се позиционира од лани, не само во земјава, туку и во ангажманите во странство. И градежните компании, исто така, очекуваат подобра година и поголема ангажираност на градежните капацитети. Така, само во првите три месеци од годинава, вредноста на договорените градежни работи бележат зголемување од околу 27 насто. “Градежништвото, како една од приоритетните гранки во земјава, е во постојана стагнација, но сепак, и покрај светската криза, успеа да го задржи континуитетот во изградбата. Минатата година, и покрај светската криза, речиси ниту еден градежен работник не останал без своето работно место“, вели Јадранка Ризанкова, директор на Стопанската комора на Македонија. Минатата година е реализирана градба од 8,5 милијарди денари или околу 138,2 милиони евра, а во активностите биле вклучени околу 850 градежни објекти. Градежните работи и покрај кризата лани се зголемени за 13 насто во споредба со претходната година, а најголемо учество имаат работите во делот на санација и реконструкција во инфраструктурата со 47 отсто, потоа во нискоградбата со38 отсто и високоградба со 15 отсто. Според анализите на градежниците, изградбата на станови од 2000 година па наваму го има постојаниот тренд на опаѓање и не може да се спореди со активностите од 90-тите години на минатиот век, кога имаше градежен бум и годишно во земјава се изведуваа и по 10.000 станови. Така, според анализите и планските документи, во станбената област се градат по околу 5.000 до 5.500 станови годишно, што е далеку под реалните потреби на граѓаните кои се двојно поголеми. Од Здружението за градежништво, градежна и неметална индустрија при Стопанската комора на Македонија укажуваат дека вредноста на изведуваните работи во станбените објекти учествува од 17 до 21 отсто од сите изведувачки работи што се прават во високоградбата. Анализите што ги подготвило Здружението на градежништво, покажуваат дека лани градежниците во земјава и покрај кризата, не поминале толку лошо. Според податоците од Министерството за транспорт и врски, до февруари годинава се издадени вкупно 1.557 лиценци на правни лица, а од Комората се издадени 4.123 овластувања на инженери. Покрај овие овластувања кои се задолжителни, според законските прописи, фирмите мора да поседуваат и соодветни лиценци. Градежниот сектор е еден од позначајните во земјава. Во него се вработени околу 40.000 лица и во однос на бројот на вкупно вработени во земјава, достигнува до седум проценти. Најголем број од градежни фирми се со помалку од девет вработени, а само 10 отсто се со над 10 работници. Според структурата на образованието, од вкупно вработени лица во градежништвото на инженерскиот кадар отпаѓаат околу 10 отсто, а останатите се квалификувани и неквалификувани работници. http://www.biznis24.com.mk/node/7732 Edited by Cloverstack - 10-May-2010 at 11:29 |
||
![]() |
||
Post Reply
|
Page <1234 6> |
| Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |