![]() |
![]() |
![]() |
Скопје - отворен или затворен град |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234> |
Author | |
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
Тоа сто се слуцува не само со скопје туку и со другие градови е историски процес. Такви тенденции на миграција на населениот кон најголемиот град го имаат доѕивеано сите големи градови во Европа, мегу нив Лондон, Париѕ... Кај тие општества тој процес се одвивал пред 1 или 2 века. Тоа се вика економска густина на едно подрачје, пред некој ден зборував за тоа. Кај другите градови популацијата растела од 35 до 40% од целото население во дрзавата. Значи Скопје ке достигне ако веке нема достигнато 800000 или 900000 па потоа полека да опага.
Никаква административна пречка не мозе да го спречи овој процес. За зал нема врацанје, 250000 е идеал, но кој ке ги истера лугето, решение е инвестиции во инфрастгруктура и поврзување со приградските населби кои би примиле дел од мигрантите |
|
![]() |
|
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
Се согласувам до точка со Ненад. До нас зависи како ќе ни бидат оргнизирани работите. Јас искрено сум разочаран од ова што го имаме денес.
|
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
![]() |
|
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
Јас сум еден од оние кои се против тоа идеализирање на помало Скопје, напротив сум за (по)големо Скопје. Сум за рамноправен развој но најпрво треба да се размисли што ние очекуваме од него и колку нашите желби се реални.
На пример, доколку човек живее во Америка се знае дека доколку сака сериозно да се занимава со информатички технологии, врвна цел треба да му биде да си го најде местото во силиконската долина. Доколку чека силиконската долина да дојде кај него, во малото гратче во преријата во Канзас тоа нема да се случи и може цел живот да кука како Сан Франциско неприродно нараснал додека не се стимулирала канзашката провинција. Значи, мора да се идентификува кои развојни гранки се реални, природни и одржливи за македонските градови и подрачја. Во Струмица, тоа е очигледно земјоделието, во Охрид тоа е туризмот и така натаму. Тие гранки треба сериозно да се подржат и да се усмери и миграција Скопје => остаток на Македонија за секој кој сака да има иднина во дотичните гранки, но никако не смеат да се прават вратоломии за по секоја цена да се расели Скопје и насели Мариово на пример. Дополнителен, вештачки стимул може да се даде со релокација на дел до јавната администрација во некој град, но генерално не сум склон кон таа опција бидејќи мислам дека јавната администрација, особено за мала земја како Македонија треба да е ефикасна, концентрирана и ефтина. Друга работа е што Македонија сеуште се гледа себеси низ призмата на демографијата со која располагаме а не како држава која треба, може и мора да привлекува имиграција особено ако сме решени еден ден да бидеме дел од еден отворен систем како ЕУ. Скоро во Словенија беше избран првиот црн градоначелник (мислам дека беше на Копар) а во Полска само што беше избран првиот црн парламентарец. Нив ги давам само како примери, но Македонија треба да научи да привлекува луѓе да се доселуваат тука и да го стимулираат развојот и во малите градови но и во Скопје. Дали се работи за британски пензионери кои бараат ефитина и топла дестинација за да ја минат староста, луѓе од третиот свет кои бараат подобра шанса и за кои можеби и Македонија е прилика или нешто друго... Се треба да се биде на маса. Скопје пак треба од петни жили да се се труди да нарасне како економски центар, да ја консолидира позицијата на голем и битен град и да се се труди тоа да го надгради. Од таа причина ја отворив и темата за глобални градови, да ги дискутираме начините и можностите за такво нешто. Немојте да имате илузија дека големината нема значење. Љубљана можеби е статистички мал град, но реално нејзината метро регија привлекува огромна дневна миграција која ги храни сите тие силни компании лоцирани таму и го овозможува нејзиниот статус на битен глобален град и многу битен регионален град. За тоа треба да се има цели, стратегија и посветена работа. Во тој контекст секогаш ми паѓа Велес прв на памет. Велес е град што никако неможе да се оправи од распадот на СФРЈ и падот на градот како индустриски центар. До сега 100 пати требаше да се направи план да се надгради железницата до таму, да има достапен транспорт буквално на 15 минути во текот на целиот ден што ќе овозможи дневна миграција во двата правци, ќе стимулира вработување на Велешани во Скопје но и преселба на Скопјани во Велес (каде со скопскте примања сепак ќе ни биде доста поисплатливо да купиме стан, плац и да ги покриваме тековните трошоци). Edited by pbanks - 14-Dec-2010 at 17:30 |
|
![]() |
|
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
Прво да се извинам за фонтот во мојот претходен пост, постојано менувам компјутери па ми се поткрадна грешка при менувањето на истиот, а и пишував на пауза па не обратив внимание. Многу интересна е оваа тема, најдов време и да ги ѕирнам останатите постови, а вниманието ми го одвлече говорот на проф. Силјановска Професорката на Правниот факултет, Гордана Силјановска, рече дека им се лутиме на Грците што така не' нарекуваат, но факт е дека Скопје е Македонија, а Македонија е Скопје. Отвореноста подразбира градот да биде отворен за разни комуникации со други градови, регионот или со светот. Но, се случил парадокс. Откако кон метрополата биле припоени и други општини, со цел да се урбанизираат, се случило спротивното - Скопје се рурализирало. Какви глупости! Не личи на еден професор да тропа вакви работи од ракав! Барем може да се прочита нешто пред да дојде на трибина. Дали таа има намера да гради политика кариера, бидејки говорот на тоа ми упатува. Се сложувам со тоа дека не е проблемот што Скопје има толку жители. Многу градови во светот се борат да донесат луге. Проблемот е што тој не е подготвен да прими толку луге. Наместо да се крева галама дека градот е загушен, треба да се бара начин да им се овозможи на тие луге пристоен живот и работа. Како што реков тоа е еволуција на градовите, само проблем е што нас тоа предоцна ни се случи. Помина времето кога во социјализмот се градеа фабрики во внатрешноста. денес никој приватен инвеститор, (будејки државата се тргна од пазарот и не гради фабрики) нема да отвори погон некаде каде нема сообракајници, обучена работна сила, близина на пазарот итн. Тоа може да се случи само ако таксите и даноците во помал град значително се помали од големиот град. Исто така, мислам дека Љубљана не може да се споредува со СК, не мислам дека таа станала забранет град со декрет, туку паметните политичари и урбанисти во Словенија изградила инфраструктура која ја поврзува со околните помали места, таму ги намалила таксите, а ги зголемила во Љубљана, а тоа овозможило да не е проблем на пр од Птуј да се доага на работа во главниот град. Тоа е рецептот. Овде на форумот најдувам попаметни мисли и решенија од многу професори во Мак. |
|
![]() |
|
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
Ама, пбанкс. Македонија е 2 милиони. Скопје е ненормално да биде над милион. И да биде нормално, сепак прво треба да се обезбедат услови, па потоа да се зголеми. Вака ништо не правиме. Кога се шетам низ град... Не е тоа што треба да биде. Некако ми создава чуство на незадоволство. Не зборувам за луксузи. Зборувам за неопходни работи кои му се потребни на еден град. Па и немора да е град. Се работи за многу мали работи, кои дали ние навикнати не ги забележуваме, но во секој случај не е тоа што треба реално да биде.
|
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
![]() |
|
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
Да си жив и здрав, тоа е магичната тајна на Љубљана, ништо повеќе |
|
![]() |
|
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
Покажи ми каде постои тоа правило каде дефинира соодност на град:држава? Колкава е Атина спрема Грција. Уште подобро, бидејќи се работи за поголема земја, колку е (Атина+Солун+Патра) спрема Грција. Погледни ги балтичките главни градови. Особено Талин и Рига и спореди ги со Естонија и Латвија. Едноставно, не ја гледам населеноста на Скопје како клучен проблем, туку континуираната неодговорност на властите и неследењето на трендовите и потребите. И понатаму сакаме да глумиме мало градче составено од маала, но едноставно не сме тоа, голем град сме и треба да се однесуваме како таков. Затоа властите треба да престанат целиот градски развој да го туркаат низ призма на некакво идеализирано идилично Скопје од нивната младост, туку да се зафатат со реализација на крупни проекти кои ќе го доведат градот на место и ќе овозможат предуслови за развој. Доволно е да ги прочитаат постовите на Андреј ЛЈ и имаат полни раце работа за следните 20 години. |
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Теоријата на затворен град доаѓа од кругови кои се одговорни да одгоорат на потребите на своите граѓани во сообраќајници, во железница и својата немоќ ја пополнуваат со вакви теории. не се тие виновни што не одговориле на потребите, не се бара грешката кај себе, туку граѓаните се криви што се доселиле. Тоа не проаѓа, ниту па теоријата дека Скопје е проектирано на триста илјади. немам ли денеска урбанисти што ќе го препроектираат градот според потребите. И конечно веќе со Велес незнам сега како има возови и колку е статистиката на патници Скопје-Велес, но мора да се стимулира создавање некоја метрополитен зона, иако сме далеку од тоа со Велес, со изградбата на автопатот према Штип ја гледам како идеја во тој правец.
|
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
Добра идеја, тоа што рече за оддалеченоста на Велес нема толку голема врска, колку што има врска малиот број на населени места меѓу Скопје и Велес, и малиот број на жители во тие малку места. Единствен приближен пример на „метрополитенска зона“ во Македонија би рекол е Тетово-Гостивар, и сите селца покрај стариот пат. Но таму економскиот бенефит не бил причината, бидејќи економски бенефит од таа англомерација воопшто нема, и покрај тоа што селата имаат по барем 3000 жители, пак се зафрлени и закржлавени. Можеби во иднина.
А што се однесува до темава, најголем фактор за бројот на жители на Скопје се животните услови во остатокот на државата, колку и да е парадоксално. Edited by гитардемон - 14-Dec-2010 at 20:09 |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
Мене оваа теорија никогаш не ми била јасна и прилично сум убеден дека се работи за уште една чаршиска теорија. Како проектираш град за 200 или 300 илјади луѓе? Дали Токио некој го испроектирал за 35 милиони луѓе колку што е денеска? Град е динамична работа и динамиките околу неговиот развој со премногу комплексни за некој да му одреди точна бројка туку така. Не гледам каде отиде кон Штип сега, Скопје си има природна зона на гравитирање со Тетово, Куманово и Велес. Инфраструктурата е во голема мерка веќе тука, се што треба е користење на таа инфраструктура како што треба. |
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Па не го сместив јас, реков дека во тој правец го толкувфам патот до Штип, ппатно до Свети Николе. Ова практично и ќе го создаде првиот јазел посериозне на автопати во оној траголник околу Аеродромот и прво место во Македонија каде посериозно се чувствува она што на пример е цело околу големите градови, на пример околу Солун, некои сервисни и деловни центри, лесна и средна индустрија, а со јазелот Велес јасно читливо е каде е развојот на државата лоциран. Треба да се одговори и предвидат овие текови, а не да се толкуваат како нус појави. Нормално не викам дека никаде на друго место нема да има развој, но овој дел оваа област е веќе вопсоставена и го држи првото место.
|
|
![]() |
|
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
Точно, пбанкс. Јас немам ништо против Скопје да биде голем град. Но мислам дека сепак треба да се има некоја насока и стратегија за развој на самиот град, но и на државата. Неможам да правам споредба со други градови и држави, поради многу поразлични услови и критериуми, зошто е тоа така, можности, гео-социјални положби итн. Едноставно секој град си има своја приказна.
Јас сум да си ја зачуваме нашата. Нека расте Скопје, ама со мерка. |
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
![]() |
|
Supervisor ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Jan-2008 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 1220 |
![]() ![]() |
Значи вака Загреб е град со слична распространетост како Скопје поточно, запад исток и наместо север постои Нови Загреб или Југ. За Загреб можам да кажам дека не се слагам дека е каде каде поголем град пред се самиот центар на градот е претесен во споредба со центарот на Белград е нула тоа може добро да се види на Гугл земја. Во никој случај Загреб не е поглем од Скопје посебно не во површина туку некои 50.000 во жители но целта нека не биде компарација бидејќи Загреб со својата инфраструктура е европски и модерен град, град со кој Скопје ја губи битката. |
|
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
|
![]() |
|
alexgizh ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
![]() ![]() |
Прво, да нагласам дека споредбата на Скопје и Загреб ја сметам за
тотално непотребна и несоодветна, меѓутоа ги разбирам неколкуте наши
членови кои сметаат дека има потреба од некакво „докажување“,
предизвикано што од локалпатриотизам, што од сличната конфигурација (исток-запад), што од (до некаде, според мене малце) заедничката историја и развој.
Затоа седнав и направив една „инженерска“ споредба, за да нема шпекулации ![]() ![]() Скопје (лево) и Загреб (десно) Од сликата се гледа дека и двата града се поставени во правецот исток/запад (како што веќе спомнаа некои наши членови). И двата града имаат планина/рид, а од спротива обиколница. Ако ги земеме обиколниците како граници, може да се види дека Загреб е подолг (Ракитје-Сесвете во споредба со Сарај-Инџиково), и тоа доста е очигледно, додека Скопје е за нијанса поширок (Радишани-Сопиште во однос на Медвешчак-Нови Загреб Исток). Во површина, колку што можев да измерам, а ги мерев само населените места, Загреб е некаде околу 1,23 пати попростран од Скопје, а во население не завлегувам, иако ми се чинат точни оние податоци дека Загреб е за 50тина илјади поголем. Се на се, Загреб победува, а на Скопје му останува, како утеха, шансата за подобра патна инфраструктура (системот на рингови е далеку поурбан од чудната мрежа на Загреб, според мене). |
|
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Метрополата може да колабира од пренаселеност Сите во Скопје, Скопје за никаде Скопје с`
помалку може да ги опслужи своите жители и посетители - од година на
година станува с` потесен, а луѓето с` помногубројни. Инфраструктурата
колабира, сообраќајот е пред парализа, а метежот во институциите
како никогаш да не бил поголем. Центарот с` повеќе наликува на
мравјалник, небаре е средиште на повеќемилионски град. Се наметнува
прашањето колку точно жители има Скопје? Има ли периоди кога бројката го
достигнува фамозниот милион? За по колку жители нараснува годишно? |
|
![]() |
|
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
заклучот на alexgizh дека Загреб е попростран не е на место, бидејки за соодветен аршин не треба да го земе Инџиково него Петровец, единствено што Петровец не е поврзан желеѕнички ко Сесвете, а доколку ова се случи и заради ТИРЗовите и заради аеродромот сигурно цел овој простор и брѕо ќе се пополнува, таман ЛРТ да пуштат та и елитни населби ќе почнат да редат, впрочем цело скопско поле има потенцијал за ова односно ширејки се претежно кон Куманово односно евентуален иден мегалополис Ку'Ско'Те [1][2] затворањето на Скопје треба да се прави преку соодветно отварање на другите градови, а освен економски и инфраструктурно а во последно време и институционално ова може да се потикне и рурално евентуално со државни субвенции за рурални реемигранти а уште повеќе за нови емигранти [3][4][3] а ова дополнително би го стимулирало наталитетот, а ако ништо друго би имале подисперзирана демографија |
|
![]() |
|
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
http://gup.skopje.gov.mk/SkopjeGUP/map_full.jsf што вели pbanks кој очекувал дека Токио ќе крене така и дека тоа би можел да го спречи, но истото важи и за Балкан, затоа пак инфраструктурната недоносеност и економската успореност ова го регулираат, а бидејки реформски истите прилично се штимаат, прашање на време е кога Скопје ќе почне урбано и демографски да експлодира и во нишката за ГУПот и во оваа главниот акцент за скопскиот рзвој паѓа на инфраструктурата, та самото нејзино некомплетирање односно неажурноста на институциите индиректно ја запира скопската центрифуга, која пак доколку се е под конец и проточно ќе повлече со себе доста народ и од Србија односно би се отвориле и нови индустриски зони, особено доколку бидне кинеската иницијатива за брза балканска пруга [1] |
|
![]() |
|
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
дефинтивно со тоа најавата за финансиски центар Скопје ќе се отвори ко печурка по дожд [1] прашање е што потоа, кај ни е крајот, зошто воопшто да размислуваме ограничено, вака комотно можеме да очекуваме обединување со Тетово и Куманово и тоа во првата половина од овој век, ако до тогаш светската екоомија опстои а со тоа и ова нашиот финанските хаб |
|
![]() |
|
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |