![]() |
![]() |
![]() |
Урбанистички планови и парцели (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 63646566> |
Author | |
Lgoran ![]() Newbiе ![]() Joined: 07-Dec-2023 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 1 |
![]() ![]() |
me interesira DUP za lokalitet okolu ambulanta Kozle, opstina Karpos, nemozam da go najdam na nivniot sajt
|
|
lg
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
(ВИДЕО) Ја доби на суд, но сега државата не брза и реално да си врати голема парцела од спорна денационализација
Пред околу дваесет години, на неколку семејства во Скопје им доаѓаат луѓе на врата кои им велат дека набрзо мора да се иселат од домовите во кои живеат со децении претходно. Иако имаат куќи на конкретна локација, земјата под нив некако е вратена со денационализација како нивните домови да не постојат. А наследниците од денационализацијата веднаш ја продаваат земјата на инвеститор По дваесет години поминати по судови, денационализацијата конечно е поништена. Земјиштето би требало да се врати на Република Северна Македонија, за да може да се уредат односите и со жителите, но и за да се направи евентуална нова денационализација на делот од парцелата кој реално може да се врати. Но, сега државата не брза да си го врати земјиштето во своја сопственост. Зошто? Погледнете го видеото ![]() https://360stepeni.mk/video-go-dobi-na-sud-no-sega-drzhavata-ne-brza-i-realno-da-si-vrati-golema-partsela-od-sporna-denatsionalizatsija/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ВМРО ДПМНЕ во Карпош не дозволува изгласување на ДУП, а во Ѓорче итно донесен ДУП за 26-катница
![]() Ретко кога Совет на било која општина закажува седница во сабота, освен ако не се работи за итна, вонредна седница. Советот на Општина Ѓорче Петров очигледно го смета за итно донесувањето на деталниот урбанистички план со кој се предвидува изградба на зграда со висина од 65 метри, односно согласно прописите за градба тоа би била 26-катница. Зградата треба да се наоѓа во близина на кружниот тек на булеварот „Партизански одреди“ со улицата „Ацо Шопов“. https://gradska.mk/vmro-dpmne-vo-karposh-ne-dozvoluva-izglasuv%d1%9ae-na-dup-a-vo-%d1%93orche-itno-donesen-dup-za-26-katnicza/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Урбанизација или бетонизација: Во ДУП-от на Ѓорче Петров зацртана дури 21 зграда, највисоката на 20 ката
![]() радоначалникот Александар Стојкоски на Фејсбук, веднаш по седницата се пофали дека со изгласувањето на овој план овој дел од општината ќе стане модерно и урбано место за живеење, дека ќе се изгради и ново училиште и градинка и парк, но заборави да спомене колку нови згради се планираат со планот и дали со него ќе се изврши бетонизација на населбата, како што пред неколку години предупредуваа граѓаните. На вонредна седница, која се одржа вчера, во сабота, советниците во Советот на Општина Ѓорче Петров гласаа Детален урбанистички план и го донесоа со ниту еден глас против, иако во него се вцртани дури 21 зграда со висина од 7 до 20 ката. Станува збор за ДУП за Градска четврт С3 16 кој го опфаќа и делот кај кружниот тек на булевар Партизански одреди пред пазарчето во Ѓорче Петров. Но, градоначалникот информирајќи за донесениот ДУП заборави да спомене колку нови згради се планираат со планот и дали со него ќе се изврши бетонизација на населбата, како што пред неколку години предупредуваа граѓаните. Со новиот ДУП веднаш до кружниот тек на влез во општината ќе никне бетонски блок од 42.000 метри квадратни станбен и деловен простор со висина од 65 метри, предупредуваат граѓаните од фејсбук групата „Наше Ѓорче“. Според нив, тоа се 4000 нови станови, односно 12 илјади нови жители. Според она што може да се види на планот од кружниот тек ќе се пробива нов булевар од десната страна на Партизанска. Покрај вкрстувањето на двата булевари се предвидени два станбени блока, едниот покрај Партизанска со височина од 65 метри каде треба да се гради зграда со приземје и 20 ката, а другиот висок 56 метри на почетокот на новиот булевар, каде се дозволени 18 ката, поточно приземје и 17 ката. По должина на булеварот што ќе се пробива, по целата негова лева страна тргнувајќи од кружниот тек се наредени висококатници. Најпрво е споменатата п+17 ката, потоа две 14-катници, па две на 12 ката односно п+12+Пк, па една десеткатница, по неа следуваат уште две 14-катници и на крајот уште една зграда на 10 ката или како што стои во планот П+9+Пк. Во внатрешниот дел има и седум згради на седум ката, уште пет на 9 ката. Пред три години граѓаните здружени во Иницијативата против урбано дивеење во Ѓорче Петров, во времето кога градоначалник беше Александар Наумовски, реагираа и протестираа против ДУП-овите со кои се предвидуваа изградба на згради во населбите Дексион, Хром, кај пазарот. Тогаш предупредија дека во ДУП СЗ 16 се предвидени 10-катници и 20-катници спроти пазарот во Ѓорче, на паркингот и покрај кружниот тек, дијагонално од Порта Влае. https://www.slobodenpecat.mk/urbanizacija-ili-betonizacija-vo-dup-ot-na-gjorche-petrov-zacrtana-duri-21-zgrada-najvisokata-na-20-kata/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ НА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА ДОНЕСЕ ПЛАН ЗА ГРАДЕЊЕ 31 ЗГРАДА ЗА 7.000 ЖИТЕЛИ И ИНДУСТРИСКИ КАПАЦИТЕТИ СПРОТИ ПАЗАРОТ
![]() Спроти пазарот во населбата Ѓорче Петров ќе се гради 31 зграда, а највисоката ќе биде на 21 кат. Овие нови згради за над 7.000 нови жители се предвидени со Деталниот урбанистички план (ДУП) за градска четврт C3 16, кој Општина Ѓорче Петров го донесе на 15 февруари на вонредна седница. Со планот се предвидува една 21-катница, една 18-катница, четири 16-катници, две 14-катници, шест 11-катници, седум 9-катници, една 6-катница и девет згради на пет ката. Зградите ќе се градат на просторот од кружниот тек кај Порта Влае кон гаражите на ЈСП „Скопје“, на границата на Општина Ѓорче Петров со Општина Карпош. Како што велат од граѓанската иницијатива О2, за згради предвидена е вкупно изградена површина од 214 илјади метри квадратни, за големи трговски единици планирани се скоро 93 илјади метри квадратни, а скоро 64 илјади метри квадратни се предвидени за намена Г2 – лесна и незагадувачка индустрија. ДУП-от како што велат од О2, е во спротивност на Генералниот урбанистички план (ГУП). „ГУП-от предвидува 3.750 максимален број на жители, а ДУП-от 7.244. Со ГУП-от максимално дозволена нето густина на населеност од 335 жители на хектар, додека со овој ДУП е 648 жители на хектар. Целиот опфат на ДУП-от е во втора заштитна зона на бунарското подрачје Нерези-Лепенец, каде меѓу другото е забранета изградба на нови индустриски комплекси кои во технолошките процеси користат опасни и штетни материи. Забранета е изградба на лесна индустрија, на згради и сè што може да ги загади подземните води, освен ако стручна експертиза докаже дека нема да има штетно влијание врз подземните води, со посебни услови, строги мерки на заштита. Наместо да се дислоцира постоечката индустрија во овој дел, да нема градби, да се заштити просторот, се планира и нова индустрија и еден тон згради“, велат од граѓанската иницијатива О2. За ДУП-от одобрение дало и Министерство за животна средина и просторно планирање. Како што велат од О2, заменичката-министерка од ДОМ Христина Оџаклиеска го потпишува одобрението. Првата јавна анкета за овој ДУП е во ноември 2020, кога градоначалник е Александар Наумоски од СДСМ. Потоа повторна има во ек на годишните одмори во август 2021, па веднаш потоа уште една во септември 2021, пред локалните избори, но ДУП-от не успева да го донесе пред да си замине. Последната, четврта јавна анкета е крај на ноември и почеток на декември 2022, кога градоначалник е сегашниот Александар Стојкоски од ВМРО-ДПМНЕ. „За ДУП-от и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се залагаа да се донесе. Додека беа во опозиција ВМРО-ДПМНЕ беа против носење на ДУП-от, против бетонизација, а сега си го изгласаа без око да им трепне на вонредна седница. СДСМ тогаш беа за носење на ДУП-от, а сега не знаеме како гласале“, додаваат од О2. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-gorche-petrov-na-vonredna-sednitsa-donese-plan-za-gradene-na-31-zgrada-za-7-000-zhiteli-i-industriski-kapatsiteti-sproti-pazarot/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Добија ли понуда што не се одбива? Кој дава 7 милиони евра за 7.600 квадрати двор во скопски Аеродром!
Понудата на градежната компанија „Голден арт“ кон акционерите на „Раде Кончар – апаратна техника“ порасна од 5,8 на 7 милиони евра за два месеци! Станува збор за купување на вкупно 8.500 квадратни метри дворно земјиште и деловна зграда на Раде Кончар – заеднички дејности ДОО за што одлучувачки збор имаат акционерите на „Раде Кончар апаратна техника“ Реномираната градежна компанија „Голден арт“, специјализирана за изградба на објекти за колективно домување, ја зголеми за 20% понудата за откуп на земјиште кое припаѓа на „Раде Кончар – Заеднички дејности“ (РК ЗД). За 7.620 квадратни метри дворно земјиште и 878 квадратни метри деловен објект сопствениците на РК ЗД добија понуда вредна 7 милиони евра! Понудата порасна за 20 отсто за помалку од три месеци. Кон крајот на декември лани понудата на „Голден арт“ изнесуваше 5,8 милиони евра. Информацијата е официјално потврдена и достапна на СЕИ НЕТ информативниот сервис на Македонската берза за хартии од вредност и целосно е достапна на следниот линк https://www.seinet.com.mk/?docID=66910 Во официјалното соопштение пишува дека собирот на содружници на РК ЗД ДОО донел одлука ја да прифати изменетата понуда и условите за продажба на недвижниот имот. За да се реализира таа трансакција неопходно е акционерите на „Раде Кончар – Апаратна техника“ на вонредно акционерско собрание да гласаат за тој предлог и да го одобрат. „Раде Кончар – Апаратна техника“ поседува 40% од сите удели во РК ЗР ДОО и е неопходно да ја прифати понудата за да може да се реализира таа трансакција. Доколку биде одобрено „Раде Кончар Апаратна техника“ ќе добие 2,8 милиони евра од продажбата на земјиштето кое е сопственост на РК ЗД ДОО – друштво кое е регистрирано за издавање деловен простор. Голема е веројатноста дека одлуката ќе помине односно ќе биде прифатена затоа што четири физички лица кои се содружници во РК ЗД ДОО истовремено поседуваат и 28 отсто од акциите во „Раде Кончар Апаратна техника“. Според најнови официјални податоци од Централниот депозитар „Раде Кончар Апаратна техника“ има над 600 домашни физички лица – акционери. Најголем поединечен акционер во „Раде Кончар – Апаратна техника“ е Горан Антевски со 8,8 отсто од сите акции со право на глас. Јана Каневче поседува 7,55 отсто, Дарио Стојков поседува 7,35 отсто од акциите, а „Раде Кончар Сервис“ ДОО поседува 7,3 отсто од акциите во таа компанија. Други поголеми поединечни акционери се Велибор Киријас со 6,16 отсто и Владанка Трајкоска со 6,1 отсто од сите акции со право на глас. https://www.faktor.mk/dobija-li-ponuda-shto-ne-se-odbiva-koj-dava-7-milioni-evra-za-7600-kvadrati-dvor-vo-skopski-aerodrom |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
УСТАВНИОТ СУД УКИНА ДУП ЗА ВЕЛЕС КОЈ ПРЕДВИДУВА 9-КАТНИЦА НА МЕСТОТО НА СТАРИОТ ТЕАТАР, ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ТАМУ ДА СЕ ИЗГРАДИ ПАРК
![]() Уставниот суд ја укина Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за дел Општина Велес на левата страна од Велес. Со ова е прифатена иницијативата поднесена од страна на граѓани, кои живеат во тој дел на градот. Со промената на ДУП-от, помеѓу другото се предвидуваше изградба на покриен градски пазар, но и изградба на зграда за домување на просторот од некогашниот стар театар, која би била деветокатница. Во образоложението за одлуката, Уставниот суд објасни дека не е почитувана постапката. „Во конкретниот случај од увидот во доставената документација неспорно произлегува дека заинтересиран граѓанин учествувал на јавната анкета во постапката за донесување на оспорената одлука на начин што поднел анкетен лист во кој истакнува забелешки по однос на предлог ДУП за дел од УБ 32 во УЕ IV и дел од УБ 47 во УЕ IX, Општина Велес. Од доставениот Извештај УП бр.1310-01 од 02.03.2020 година произлегува дека забелешката по анкетниот лист не е прифатена, но доказ за писмено известување на лицето чии забелешки биле прифатени или пак одбиени по анкетниот лист во смисла на член 35 став 12 од Законот од страна на доносителот не е доставен. Оттаму, цениме дека е направена повреда на наведената одредба, како и на член 8 став 1 алинеи 3, 9 и 10 и член 51 од Уставот“, пишува во одлуката на Уставен суд. Граѓаните кои живеат во околината на стариот театар, по најавите за започнувањето на уривањето на објектот од стариот театар, реагираа дека тука нема не треба да се гради зграда на 9 ката, туку е потребен парк и зеленило. Токму тоа го пишале и при постапката на донесувањето на ДУП која е започната зимата 2020 година а донесен е на 12 јуни 2020 година. Доставената забелешка од граѓани, по анкетниот лист до локалната власт Општина Велес не ја прифатила, но за истата нема документација дека е вратена до засегнатата странка, граѓанинот кој реагирал. Постапката за промена на ДУП започнала со јавна анкета по Предлог ДУП за дел од УБ 32 ВО УЕ 4 и ДЕЛ ОД УБ 47 ВО УЕ 9 како и јавна презентација одржана на ден 05.02.2020 година, во просториите на Општина Велес. Во овој период доставен бил еден анкетен лист со забелешки, кои не биле прифатени од страна на Комисијата за изготвување на извештај. Забелешките по организираните две јавни презентации и јавни анкети, локалната власт објаснува дека не биле прифатени бидејќи не биле поткрепени со доволно аргументи. Претходно била организирана првата јавна презентација одржана на 16.05.2016 година во просториите на Општина Велес и јавна анкета по Предлог ДУП организирана во периодот од 06.05 до 20.05 2016 година. По истекот на рокот за неа, до Комисијата не бил доставен ниту еден анкетен лист со писмена забелешка. Отфрлањето на ДУП-от поради непочитување на законската регулатива, отвори жестока расправа на седницата на Советот на Општина Велес. Советничката од СДСМ Пандорка Прличкова побара одговорност, со име и презиме, за трошоците од 550 илјади денари за рушењето на зградата на стариот театар, за архитектите и градежните инженери вклучени во донесувањето на ДУП. На ова реплицираше Драган Димевски од ПОДЕМ, од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, кој констатираше дека ДУП-от е донесен 2020 година, кога токму советничката Прличкова, заедно со нејзините колеги од тогашната власт на локaлно ниво СДСМ го донеле планот. Во дискусијата се јави и градоначалникот Марко Колев, кој изнесе податок кој беше малку познат. „Фактите за овој предмет се дека овој ДУП е донесен врз основа на ГУП донесен во периодот 2007-2009, кога градоначалник бил Аце Коцевски, избришана е зградата на театарот и впишана е висококатница“, кажа Колев. Одлуката на Уставен суд е конечна. Доколку сака да се промени ДУП, потребно е да се смени ГУП. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ustavniot-sud-ukina-dup-za-veles-koj-predviduva-9-katnitsa-na-mestoto-na-stariot-teatar-graganite-baraat-tamu-da-se-izgradi-park/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ќе се гради само една зграда, а предвидени се и два парка
Оттука, целосно неточни се тврдењата за наводна бетонизација на општината и тие единствено одат во прилог на дневно-политичките интереси на одредени политички структури, чија деструктивност, неодговорност и несериозност веќе е потврдена во неколку наврати – велат од општина Аеродром Изградба на само една зграда и два парка предвидува деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче што Советот на Општина Аеродром го усвои на вчерашната седница. Од Општина Аеродром соопштија дека овој ДУП решава важни урбанистички и комунални прашања на граѓаните кои живеат во овој дел од општината. – Финалната верзија на урбанистички план е изработена да го унапреди урбаното живеење и да го подобри квалитетот на живот во Аеродром и во истата се инкорпорирани забелешките и мислењата на сите засегнати страни – потенцираат од локалната самоуправа. Притоа додаваат дека со донесувањето на урбанистичкиот план, Општина Аеродром уште еднаш покажала отвореност, транспарентност и грижа за проблемите на граѓаните и истиот отвора можност за понатамошен економски развој на општината. Според општината, изработката на деталниот урбанистички план се реализирала транспарентно и во неколку фази, со вклученост на граѓаните и експертската јавност. – Дополнително, ДУП-от за дел од населбата Лисиче доби позитивно мислење од сите надлежни институции, вклучително и од Министерството за транспорт и врски, Министерство за животна средина, Градот Скопје и сите надлежни институции – наведуваат од Општина Аеродром и потенцираат дека станува збор за Детален урбанистички план кој решава важни, децениски прашања на граѓаните и отвора простор за развој и ново зеленило во општината. – Оттука, целосно неточни се тврдењата за наводна бетонизација на општината и тие единствено одат во прилог на дневно-политичките интереси на одредени политички структури, чија деструктивност, неодговорност и несериозност веќе е потврдена во неколку наврати – велат од општина Аеродром. https://www.vecer.press/ke-se-gradi-samo-edna-zgrada/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Дали урбанистичките планови со новиот закон ќе се откочат или ќе дојде до градежно дивеење?
Околу 600 урбанистички планови се заглавени во постапка со што е доведено во прашање нивното донесување и реализацијата на капитални инвестиции, соопшти денеска Министерството за транспорт. Токму измените на Законот за урбанистичко планирање, како што информира, се предлагаат за надминување на ваквата состојба. Измените, наведува Министерството за транспорт, се исклучиво во интерес на граѓаните и општините – за поефикасна реализација на капитални проекти и придвижување на економијата во целина. Ќе ја олеснат изградбата на училишта, градинки, болници, амбуланти и катни гаражи преку поедноставување на постапките за донесување урбанистички планови. „Поради бројните проблеми со кои се соочуваа граѓаните и општините при носењето урбанистички планови каде што јавниот интерес беше подеднакво третиран со приватниот интерес и често пати беше заложник на приватните интереси, со измените на Законот за прв пат во државава, јавниот интерес го ставаме во прв план. Основна цел на измените е да се поедностават постапките во однос на донесување на урбанистичките планови наменети за изградба на објекти од јавен интерес односно за изградба на градинки, училишта, болници и останати објекти од социјална и здравствена заштита, како и катни гаражи со цел решавање на сообраќајниот хаос. Со донесувањето на овој закон ќе се поедностави постапката за реализација на капиталните проекти во државата, а општините ќе можат во целост да ги реализираат планираните развојни буџети, со што директно ќе се влијае врз локалниот економски развој“, истакнува Министерството. „Исто така би сакале да потенцирме дека сосема погрешно во јавноста се интерпретира одредбата каде се вели дека се брише можноста да се донесе урбанистички план без согласност од Министерството за транспорт. Вистината е обратна. Се укинува правото ‘молчењето е одобрување’, а секое дивеење подлежи на најголеми казни за злоупотреба на службена должност“, нагласува Министерството. Со измените ќе биде невозможно да се донесе план без согласност на Министерството за транспорт, исто така Министерството може да го враќа на доработка секој план се додека е потребно во секоја фаза од постапката. „Така се спречува дивеење“, потенцира Министерството. Претходно, од O2 Иницијативата обвинија дека повторно со исто сценарио се прави обид да се изгласаат штетни измени во Законот за урбанистичко планирање. „Закон со толкав импакт се менува фреквентно поради актуелната потреба, а не се става на здрава основа, осмислен и усогласен со сите други актуелни, па и планирани закони со кои се преклопува. Еве ги издвоените измени во Предлог-законот, па проценете самите: ▪️ Се предлага БРИШЕЊЕ на одредбата со која јасно е утврдено дека урбанистичките планови кои започнале по старите закони и не успеале да се завршат во рок од 4 години од стапување на сила на законот (18.02.2020), истите да продолжат по новиот закон. Со бришење на овој дел, ќе се овозможи стариот закон неограничено да се користи, наместо ДУПовите конечно да тераат по сегашниот закон. ▪️ Се планира да се ИЗБРИШЕ делот кој уредува ако нема согласнот од Министерство за транспорт, одлуката за носење на урбанистичкиот план да е ништовна и министерот за транспорт да донесе решение за забрана на применувањето на планот. Со бришење на овој дел ќе се овозможи носење на ДУП без согласност и потоа оди докажувај се пред Уставен суд со годинии, а во меѓувреме ќе си се гради и ќе си се гради по тој ДУП. ▪️ Се предлага БРИШЕЊЕ на одредбите поврзани со обврската за обезбедување на потврда за урбанистичка усогласеност, со објаснување дека во пракса оваа одредба не се применува поради неусогласност со актуелниот Закон за градење. Зошто тогаш Законот за градење не се измени, за да може да се спроведе оваа одредба?! ▪️ Се планира САМО со урбанистички проект да се реализираат катни гаражи за кои не е донесен детален урбанистички план“, наведувата од O2 Иницијатива. Измените се ставени по скратена постапка на собраниска седница в понеделник, 12 август. https://nezavisen.mk/ministerstvo-za-transport-i-o2-inicijativata-vo-klinch-za-urbanistichkite-planovi-kje-se-otkochat-ili-kje-nashtetat/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Екологистиве у суштина ништо добро не и донеле на Македонија. Само едни обични гомца кои чекаат да се испазарат што ќе преќутат, а што не. Никогаш и ништо не кажале добро, ништо не поздравиле кога се нашло компромисно решение за некое прашање. Само дремат во своите радикални максималиситчки ставови. Да потсетиме само на Бошков Мост и рисот Марко. Би ги прегазил во процедури, дури и тоа што овде онде нивна изјава ќе допре до медиум, им е многу.
Така да секоја либерализација на легислативата може само добро да донесе. Што повеќе фактори во ланецот на носење еден ДУП, толку повеќе лапачи на мито. Доста со бескрајни процедури кои само се злоупотребуваат за политичка борба. Само напред, нека чепнат малку и накај експропријацијата, и тамо има многу што за правење и подобрување. Edited by user8642 - 13-Aug-2024 at 18:06 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
АКО СЕ ЗАБРАНУВА ГРАДЕЊЕ, ТРЕБА ТОА ДА ВАЖИ ЗА ЦЕЛО СКОПЈЕ, ВЕЛИ ГЕРАСИМОВСКИ ОТКАКО МИНИСТЕРОТ НИКОЛОСКИ ПРЕДЛОЖИ ВО ЦЕНТАР И КАРПОШ ДА НЕ СЕ ГРАДИ 20 ГОДИНИ
Ако се забранува градење, тоа треба да се направи во цело Скопје, а не само во Центар и Карпош, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК од кабинетот на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Откако министерот за транспорт и врски Александар Николоски предложи да се донесат специјални закони за овие две општини со забрана за градење во следните 20 години, Герасимовски смета дека оваа идеја е лоша и неиздржана. Како што велат од Општина Центар, според официјалните податоци од Државниот завод за статистика, Општина Центар не е прва, туку четврта општина по број на издадени дозволи за изминатите три години, што значи дека посочување на само две општини каде треба да се решава проблемот е погрешно и неиздржано. „Какво било решение само за Центар или пак за две општини, како што сугерира министерот Николоски, не е добро решение. Ако се преземаат какви било мерки и нови решенија, треба да важат за сите општини на ниво на Град Скопје. Сметаме дека е потребно да се отвори дебата за тоа како да се унапреди урбанистичкото планирање и да се решат проблемите со кои се соочуваме. Како општина ќе дадеме поддршка само на издржано и сеопфатно решение кое вистински ќе ги реши проблемите. Но, тоа мора да оди преку јавна дебата, во која ќе ги вклучиме здруженијата кои се инволвирани во процесите и кои можат да бидат од помош, Архитектонскиот факултет и други“, велат од кабинетот на Герасимовски. Оттаму додаваат дека мораториумот кој беше на сила во Општина Центар во мандатот на ексградоначалникот Саша Богдановиќ не даде решение, туку дополнително ги отежна работите. По неговото укинување од Уставниот суд, Општината се соочи со огромен наплив на барања за градење, што ги парализираше службите. И градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, не се согласува со идејата на Николоски. Тој ни изјави дека побарал средба со Николоски за да се разговара за ова прашање и дека во однос на урбанизмот во Скопје, потребна е јавна дебата, во која ќе се вклучат сите страни за да се најдат решенија. На комисиската расправа за Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за урбанистичко планирање, Николоски кажа дека во општините Центар и Карпош се случуваше и се случува урбанистички хаос. „Стојам на располагање да донесеме специјални закони за двете општини на ист начин како што направивме за Охрид, да ставиме јасни критериуми по кои ќе се развиваат и да ставиме забрана за градење, да речеме, во следните 20 години. Но, тоа да не биде лабилен мораториум, како што направи Општина Центар, па имаше мораториум секаде освен за улицата Козара и за ‘Дајмонд’. Не гледам дека некој во јавноста реагираше што се кренаа четири кули од по 25 ката од страна на ‘Лимак‘, но се реагира за многу други работи. Со овие специјални закони ќе го ограничиме развојот таму, но не може поради две општини во кои се случувал хаос во изминатиот период да ја казнуваме целата држава. Остатокот од државата мора да се развива, народот ни се исели и не смееме да продолжиме да функционираме на тој начин“, рече Николоски на 13 август. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ako-se-zabranuva-gradene-treba-toa-da-vazhi-za-tselo-skopje-veli-gerasimovski-otkako-ministerot-nikoloski-predlozhi-vo-tsentar-i-karposh-da-ne-se-gradi-20-godini/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ДПМНЕ шверцерски протна две нови висококатници во Аеродром
На последната седница на Советот на Општина Аеродром градоначалникот Дејан Митевски, по веќе востановената пракса на неговиот претходник Тимчо Муцунски, шверцерски протна изградба на две нови висококатници во Аеродром. Имено, на само пет минути пред почетокот на седницата на дневен ред беа додадени ДУП И-09 и ДУП И–12 со кои е предвидена изградба на две нови станбени чудовишта, од 12 по ката, на потегот на булеварот Трета Македонска Бригада, кај населбата наречена „Табак Сити“. Овие бетонски ѕидови ќе го спречат струењето на воздухот, што дополнително ќе го зголеми веќе алармантното загадување. Овие згради не само што ќе го уништат малку останатиот неизграден простор, туку ќе го задушат и онака загадениот воздух што секојдневно го вдишуваме. ДУП-от И-09 и ДУП-от И-12 кои беа подметнати пред почетокот на седницата, не оставија простор истите да бидат разгледани од страна на советниците во општина Аеродром. Меѓу другото, Општината Аеродром успеала во рекорден рок само за еден ден да добие одобрување од Министерството за транспорт и врски, што највероватно е најбрзо одобреното барање во историјата на државата!!! https://antropol.mk/2024/10/01/dpmne-protna-visokokatnici-vo-aerodrom/#:~:text=%D0%94%D0%A3%D0%9F-%D0%BE%D1%82%20%D0%98-09%20%D0%B8%20%D0%94%D0%A3%D0%9F-%D0%BE%D1%82%20%D0%98-12%20%D0%BA%D0%BE%D0%B8%20%D0%B1%D0%B5%D0%B0 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Граѓаните против ДУП на Општина Гази Баба: Не сакаат во Ченто да се градат згради врз зеленило
![]() Планот во изминатиот период беше на повторна јавна презентација и јавна анкета, а граѓаните преку социјалните мрежи се мобилизираа да поднесат што повеќе анкетни листови со забелешки, во обид да го спречат усвојувањето и спроведувањето на овој ДУП. Три згради треба да се изградат во населбата Ченто, од кои едната на место на зеленило каде во моментов се наоѓа детско игралиште, доколку се усвои предложениот Детален урбанистички план Градска четврт С19, блок 7, на Општина Гази Баба. Планот во изминатиот период беше на повторна јавна презентација и јавна анкета, а граѓаните преку социјалните мрежи се мобилизираа до крајниот рок, кој измина во петокот, да поднесат што повеќе анкетни листови со забелешки, во обид да го спречат спроведувањето на овој план. Граѓаните се револтирани затоа што ДУП-от предвидува една маркичка за зграда на местото на „Дим маркет“ , втората зграда пак треба да се гради на зеленото тревно детско игралиште наспроти белата зграда каде што се наоѓа „Комерцијална банка“ и третата на ридот спроти најстарата зграда заобиколена со 40-тина дрвја и зеленило, до новото детско игралиште. Тие во објава на групата „Ѕид на општина Гази Баба“ апелираат до градоначалникот Бобан Стефковски да го спречи и да го тргне овој Детален урнбанистички план. Засегната е целата населба, тука ќе биде хаос невиден, избришани се паркинг места за веќе постоечката зграда до најновото игралиште – реагира жителка на населбата и додава дека сите жители се вознемирани и револтирани и нема да дозволат негово спроведување. Тие тврдат дека измената на ДУПот е наменска заради остварување на лични бизнис интереси, а дека дел од маркиците каде се нацртани нови згради, според јавно достапните информации на Агенцијата за катастар на недвижности, се сопственост на градежната фирма „Два брата градители”. Станува збор за Предлог Детален урбанистички план кoj oпфаќа простор од 6.065 хектари што се простира во границите на четири улици и тоа северозападно по сервисната улица С1 (улица Среќко Пужалка), источно по собирна улица Маџари, југоисточно по градската магистрала улица Антон Попов или улица Методија Андонов Ченто и западно по сервисната улица С7. Во планот се предвидени објекти за домување, комерцијални и деловни намени, како и објекти со намена за јавни институции, зеленило и рекреација и инфраструктура, но и сообраќајници. ![]() Граѓаните на социјалните мрежи добија поддршка од активисти кои постојано се борат против прекумерната изградба и урбанистичкиот хаос во Скопје. Еве ја познатата тактика, Анкети и Презентација на ДУП, овој пат во Гази Баба, во мирен дел од населбата се вцртале згради, две од нив на зелена површина, место Општина Гази Баба да се зафати со носење ДУП за Вардариште, решила да бетонизира детски игралишта. Замислете на место на мини шума од 40-тина дрвја зацртале зграда од П+5, на 200 метри уште една, а станови непродадени има и повеќе од доволно ама вака најлесно е. Срамота – реагира Невена Георгиевска од „Независни за Карпош – За заштита на Карпош“. Во изминативе неколку години јавноста беше сведок на „битката“ на граѓани од повеќе делови на Скопје, кои со пополнување анкетни листови и со протести се обидуваа да си го зачуваат мирот во населбите наспроти обидите на локалните власти на тие простори да изградат згради зацртани во ДУП-ови. Граѓаните здружени во фејсбук групата „Борба за Влае“ засега успеваат да не се донесе ДУП-от за ова населба и да се спречи изградбата на нови објекти. Протестираа и жителите на Личисче, против планот кој предвидуваше изградба на повеќе висококатници во населбата во која има индивидуални куќи. Донесувањето на планот не го спречија, но со своите заложби успеаја значително да го намалат бројот на маркички за згради во планот, откако тој повеќепати беше врачќан на јавна анкета, а Општина Аеродром направи напори да излезе во пресрет на дел од барањата на жителите. Неизвесно е како ќе постапат советниците во Советот на Општина Гази Баба и градоначалникот Стефковски. https://www.slobodenpecat.mk/gragjanite-protiv-dup-na-opshtina-gazi-baba-ne-sakaat-vo-chento-da-se-gradat-zgradi-vrz-zelenilo/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
Знае некој како се пристапува до веб страната на катастар? Или само привремено им е падната?
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Звукот на Дебар Маало: Врева и бес(помош)
Металниот звук на чеканот како студен ветер продира низ ушите на минувачите, додека механичката дупчалка ја тресе земјата под нивните нозе. Масивната цевка од дупчалката се издигнува до балконите на соседната зграда, па продира низ влажната земја. По неколку мига, повторно се крева за да земе замав за следниот удар. Вибрациите се пренесуваат на асфалтот и го мамат случајниот минувач дека телефонот му вибрира во џебот. Неколку години откако се укина мораториумот за градба во скопски Центар, на радиус од половина километар во Дебар Маало избројавме 14 активни градилишта. Прекумерната врева е една од еколошките причини за здравствени проблеми. Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека долготрајната изложеност на преголема врева може да предизвика стрес или анксиозност, кардиоваскуларни заболувања, да го наруши спиењето и дури трајно да го оштети слухот. „Многу е потценета бучавата и не се гледа како сериозен проблем“, коментира за БИРН, Сара Марковска, од невладината Центар за правни истражувања и анализи (ЦПИА), која го истражува проблемот со вревата од системски аспект. „Додека за загадувањето на воздухот постои зголемена јавна свест, проблемот со бучавата останува на маргините.“ Некаде во Дебар Маало веќе се кренати карабини, а на други места зјаат дупки во исчекување на темели. Има и урнати стари куќи пред кои инвеститорите на табла го најавуваат новото здание. Секако, тоа е уште една зграда. „Ова е лудило, на олку мал простор се градат толку многу згради во исто време. Снимајте, кажувајте оти ова е ненормално“, револтирано ни кажа постара скопјанка, која веќе 55 години живее во оваа населба. Нејзината семејна куќа е веднаш крај кружниот тек во Дебар Маало. Покрај неколку градилишта, таму се сконцентрирани и поголем број кафулиња, во кои често нивните муштерии се забавуваат на гласна музика во ноќните часови. ![]() Првично надлежни за бучавата, вели Марковска, се општинските инспектори за животна средина, вклучително и инспекторите на градот. Иако според законот, општините треба да ја мониторираат бучавата и од градењето, без разлика дали некој пријавил, Општина Центар за приоритет ја смета вревата од угостителските објекти. Барем таков впечаток добивме од нивните општи одговори на нашите конкретни прашања. „Општината мери бучава од стационарни извори на врева, како што е бучава од угостителска дејност, кафулиња и ресторани со гласна музика, како и од уреди за климатизација.“ „Прекршителите се казнуваат доколку измерените вредности ги надминуваат максимално дозволените вредности“, велат за БИРН. Врева и прав од утринските часови Наутро кога родителите ги оставаат децата во градинката „13 Ноември“ во Дебар Маало, улицата кај оваа установа често е веќе блокирана од камион или од друга машинерија. Речиси секој работен ден, улицата е одвај проодна и непријатни звуци ечат кај градинката до моментот кога нивните родители ги земаат. „Почнуваат со работа уште во 8 часот наутро. Нè мрднаа“, ни се пожали келнер од кафуле во близина на градинката. Оваа врева не прекинува дури и во периодот кога децата би требало да спијат. Според Законот за заштита од бучава, образовните и здравствените установи се сметаат за објекти од прв степен и се третираат како поприоритетни од резидентните згради. „Околу болници, училишта и градинки, степенот на заштита треба да е уште поголем и треба да има понизок степен на бучава. Ама факт е дека кај нас тоа не се гледа така“, вели Марковска. Општина Центар информира дека кај градинката „нема вршено мерење бидејќи за неа нема иницијатива за вршење инспекциски надзор Меѓутоа, инспекторите не мора да чекаат пријава за да излезат на терен, туку тие имаат службена должност постојано да мониторираат. Општината има двајца овластени инспектори за заштита на животната средина. Освен како пешаци, градилиштето спроти градинката го набљудувавме и од балконите на две староседелки. Едната од нив сега е пензионирана професорка, која слободното време го поминува плетејќи. Од нејзината работна соба, која има поглед кон градилштето, за некоја година најверојатно ќе гледа директно во нечиј стан. Наместо жуборите од некогашниот маалски живот, таа слуша хилти, мешалки за бетон и довикувања на градежни работници. Истата судбина ја има и 76-годишната Цвета, уште една староседелка, која во Дебар Маало живее уште од времето кога имала 22 години. Освен континуираната бучава, најмногу ја вознемирува тоа што зградата некогаш се тресе од копањето, а на ова посебно е чувствително нејзиното куче. „Само куќи беа и сите се знаевме. Во дворовите растеше овошје, беревме грозје и се делеше низ цело маало. Имаше вегетација, а сега е бетонска џунгла“, се потсети таа. Пасивна општина, ниска свест кај граѓаните Според Државниот завод за статистика, минатата година, Општина Центар издала вкупно 92 одобренија за градење. А, според законот, општините, за да ги заштитат граѓаните од бучава, треба да внимават градилиштата да не се сконцентрирани на едно место. Во критериумите за добивање дозвола за градење, фирмите треба да достават и план како ќе ги заштитат граѓаните од бучавата. А, доколку некоја фирма не се придржува до стандардите, може да интервенираат општинските инспектори. „Инспекторите може да им наложат на градежниците да ги изменат часовите на работа, да набават нова опрема, да постават некаков пластичен ѕид што ќе ја апсорбира бучавата“, објасни правничката Марковска. Иако општината предвидела буџет од 400.000 денари, од 2019 до 2025 година, за информирање на граѓаните за здравствените ефекти од зголеменото ниво на бучава, сепак во локалниот акциски еколошки план не се споменува бучавата од градењето. Така што, свеста на граѓаните е сè уште ниска за овој проблем. Бучавата им пречи, но многумина не знаат дали и каде би можело да пријават. Од Општина Центар велат дека во последниве години добиле само две пријави за прекумерна врева поврзана со градежни активности. Поплаките се однесувале на врева од градилишта во раните утрински часови. Марковска од ЦСПИ смета дека лесно би можела да се подигне свеста со кампања, преку која општината би ги информирала граѓаните за своите права преку флаери, социјалните мрежи или медиумите. Но, не е само неинформираноста. Марковска смета дека во некои случаи, проблем е и менталитетот. „Ние сме таков народ што ќе зборуваме, ќе се жалиме, ама никој не пријавува. Попрво комшиите ќе реагираат кога соседот им дупчи со бормашина во зграда, тогаш ќе отидат да се караат.“ „Ама кога треба со инвеститор да се караме или кога треба да пријавуваме во општината, тогаш не го правиме тоа“, заклучи таа. Враќајќи се од канцеларијата на невладината организација, каде што го водевме разговорот со Марковска, патот повторно нè водеше низ Дебар Маало. Беше доцна попладне. По маалските улички сè уште се слушаше ехото на камионите и на багерите, кои баботеа во место, а пешаците ги заобиколуваа од црвените ознаки што предупредуваат дека се гради. https://prizma.mk/zvukot-na-debar-maalo-vreva-i-bes-pomosh |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Парк во Аеродром – мета на градежни амбиции
Среде парк во скопската населба Аеродром, на место каде што родителите ги шетаат своите деца, пензионерите седнуваат да одморат, а сопствениците на домашни миленици доаѓаат за да ги истрчаат, има приватна парцела на фирми што се занимаваат со градежништво. Се наоѓа во Аеродром, на површина од речиси 3.700 квадратни метри, во близина на училиштето „Ѓоргија Пулевски“, во едно од оние маала каде што урбанистите уште во 1980-тите, покрај згради, предвиделе простор и за училиште и градинка, за детски игралишта и спортски терени, но и за парковско зеленило. Пред 20 години била купена од две фирми што се занимаваат со градежништво, за неодамна, една од нив да се повлече, а нејзиниот дел да го докупат дотогашните бизнис-партнери. Затоа сега, како нејзини сопственици, фигурираат три фирми на иста фамилија, кои во парцелата гледаат „мртов капитал“ и сакаат обесштетување. Првичниот мотив зад купувањето бил – да градат. ![]() Приватен парк што го одржува општината ![]() Со оглед на тоа што парцелата е дел од парк што го одржува општината, а на неа се поставени општински клупи, светилки и патека на средината, ретко кој од локалците знае дека таа е во приватна сопственост. На оваа информација реагираат со изненадување, кое бргу преминува во загриженост. „Ме плаши. Тука има училиште, градинка… Ова (зеленило н.з.) треба да се зачува, ништо не треба да се гради, доста е веќе“, вели Киро Милановски, кој живее во непосредна близина на паркот. Сите соседи со кои разговараше БИРН, се согласуваат дека местото мора да остане парк, независно од мотивот со кој сегашните сопственици купиле дел од него. Меѓу ретките што не беа изненадени за постоење на парцелата, беа луѓето што во 2018 година протестираа против градење деветкатница во паркот кај Мајчин дом, од страна на бизнисменот Фатмир Етеми и неговата компанија „ЗСФ КОМ“. Јавноста тогаш за првпат дозна дека Етеми, заедно со неговите бизнис-партнери од фирмата „Еуро актива“, купиле земјиште и во соседниот парк, кај училиштето „Ѓоргија Пулевски“. Шест години подоцна, деветкатницата кај Мајчин дом е изградена, становите се продадени и одамна вселени, а Етеми веќе не фигурира како газда на парцелата кај училиштето. Податоците пак, кои на барање на БИРН ги достави Катастарот, покажуваат дека тој почнал да се повлекува од сопствеништвото уште во екот на протестите во 2018 година, за лани во март, преостанатиот дел да го продаде на бизнис-партнерите. Како сопственици сега фигурираат трите фирми на семејството Алиу, „Еуро актива“, „Промет стеел холдинг“ и „ПСХ билдинг“, која, исто како и „ЗСФ КОМ“, се занимава со градење згради. Како што појаснува Абедин Алиу, еден од сопствениците на овие фирми, парцелата ја купиле за да градат на неа. Проблемот, за кој е многу свесен, е тоа што иако се наоѓа на одлична локација, нема маркичка за градба. Во сегашниот ДУП, донесен уште во 2009 година, местото е впишано како парк. „Јас не сакам никого да оштетам, но јас сум оштетен во моментов. Јас сум фирма што гради во Скопје“, нагласува тој за БИРН. Една парцела, многу желби За тоа што требало да се прави со оваа парцела, постојат различни верзии. Според верзијата на Алиу, кога ја купиле парцелата, на неа имало маркичка за градба. Истото во 2022 година, за БИРН, го тврдеше и нејзиниот неодамнешен сопственик, Етеми. Со таа разлика што Етеми тогаш се жалеше дека му била избришана маркичка за хотел, а Адеми вели дека во ДУП-от била вцртана спортска сала. Податоците од Катастарот, пак, покажуваат дека парцелата, за првпат во сегашните рамки од 3.687 квадратни метри, е издвоена од паркот и вцртана во 2002 година. Две години подоцна, Катастарот го забележал нејзиниот прв сопственик, архитектка од Скопје. „ЗСФ КОМ“ и „Еуро актива“, во 2006 година, од неа го купуваат ова земјиште. Според документацијата што ја поседува Општина Аеродром, во тогашниот ДУП, на оваа локација немало вцртано ниту хотел, ниту спортска сала, туку била предвидена како зона за рекреација и спорт од 3120 м2, без простор за градба. Адеми сега смета дека нивните фирми се оштетени, бидејќи „вложиле неколку стотици илјади евра“ за купување на парцелата. Затоа тврди дека од општината побарал да му го замени имотот за друго земјиште, на кое ќе може да гради. Дејан Митевски, в.д. градоначалникот на Аеродром, пак, вели дека вакво барање немаат добиено. Од општината уверуваат и дека местото ќе остане парк. „Во овој момент, во Општина Аеродром не се води постапка за изменување на постоечкиот ДУП, ниту, пак, до општината е доставена иницијатива согласно Законот за урбанистичко планирање за изработка на нов ДУП. Имајќи предвид дека на наведеното земјиште постои реализирано парковско зеленило, истото не може да биде пренаменето во друга намена“, стои во одговорот од Општина Аеродром. Старо-новите сопственици, пак, инсистираат на обесштетување. „Во спротивно, ќе го заградам имотот“, вели Алиу. https://prizma.mk/park-vo-aerodrom-meta-na-gradezhni-ambitsii |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
Faxmf ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 30-Mar-2025 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2 |
![]() ![]() |
Да не има некој информација за урбанистички план за Маџари? Ме интересира дали на местото на канта пазар/кванташки, е предвидено да се прават згради.
|
|
![]() |
|
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
![]() Не, за Кванташки сите маркички се со намена трговија: ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Carpe diem
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 63646566> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |