![]() |
![]() |
![]() |
Св. Константин и Елена |
![]() |
Post Reply ![]() |
Author | |||
волан ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Dec-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 192 |
![]() ![]() Posted: 24-Jan-2008 at 13:51 |
||
Св. Константин и Елена ... повторно во центар ...
(за поголема кликните тука ...) На оваа фотка најдобро се гледа местоположбата на Храмот „Цар Константин и Елена“ ... непосредно пред земјотресот ... верувам дека ке побуди многу спомени ... за поголема кликните на неа и изберете ја првата опција ...
ВМРО-ДПМНЕ сака да има имиџ на одржувач и подржувач на сите религии и особено на МПЦ. Често донира и помага манастири и цркви ... Го изгради милениумскиот крст на Водно. Читам сега ке ја гради црквата „Цар Константин и Елена“ во единствената слободна маркичка во најстрогиот центар меѓу Стоковната куќа и ресторанот „Дал-мет-фу“ (пред објектот „Лумикс“), а ќе зафаќа и дел од улицата што води кон Собранието на Македонија. Црквата ќе се гради со пари од буџетот, но не се исклучуваат и донации од верници. Целиот проект му е доверен на Министерството за култура. Да се подсетиме старата црква „Цар Константин и Елена“ беше истотака во строгиот центар многу близу до оваа локација и се наоѓаше во празнот простор (плочникот) во трговски центар оние кружните скали ... пред влезот во Стопанска банка ... Дел од темелите на црквата уште стојат и до нив може да се дојде преку подрумот на трговскиот ... Една врата води до темелите ... Самата црква беше двокополна а во нејзиниот двор имаше неколку високи дрвја (чинари ...) кои имаа прекрасни сенки ... Блиску до црквата била и родната куќа на Гонџа Бојаџиу - Мајка тереза ... Црквата беше падната во скопскиот земјотрес ... и МПЦ долго време бара соодветна локација да ја реизгради ... Имаше и неколку иницијативи да се изгради барем мала црквичка на истото место со ист лик ... но локација за ова беше “Жена парк“ ... еден од инвеститорите ми се има јавувано за да му дадам слики од црквата - бидејки тие се навистина ретки ... И самиот се залагав дека оваа црква треба повторно да се реизгради или барем во некаква мала форма да се обнови на старото место ... Овој предлог на Владата кој за реализација е даден на Министерството за Култура ке наиде на контраверзни реакции ... На оние кои ке го одобруваат ова со што на Скопје ке му се врати уште еден објект кој ке врати дел од душата на старо Скопје и на оние кои ке речат ок е - но зошто мора од буџетски пари (мои пари ...) - Црквата меѓу скопјани позната како „Елена Константин”, според записите, е изградена во 1927 година. Славата на храмот била на трети јуни кога се одржувала свечена литургија. По земјотресот, кога почнала урбанизацијата на Скопје, на ова место според урбанистичкиот план за градот се предвидувал трговски центар. Неговата изградба, пак, почнала во 1971 година. Иконостасот, светите книги и другите богослужбени предмети, според прота Драги Костадиновски, се наоѓаат во другите цркви. - за храмот, запишано е и тоа дека е осветен во 1926 година,
иако изградбата почнала многу порано. Бидејќи има и тврдења дека тој
бил изграден на темелите на друг храм и дека, наводно, датирал неколку
века порано, историчарите на уметноста кои ги консултиравме се децидни
- црквата „Цар Константин и царица Елена“ не можела да биде изградена
пред 20 век, бидејќи од десната страна на Вардар во тоа време не
постоел средновековен храм. Првите градби на десниот брег започнале
дури по изградбата на Камен мост, кој бил завршен во 1480 година. За Храмот „Цар Константин и Елена“ имав неколку поста во минатите години: - Св. Константин и Елена ... - Св. Константин и Елена ... Арвена-Археолошки дневник - православен календар Денеска е и Св. Константин и Елена ... Дневник ...
Еве успеав да пронајдам од мојата архива една слика каде може да се види црквата св.Константин и Елена. Црквата се наоѓа во десниата страна од сликата. Ставена е во круг - поголемиот најдесно. По мои пресметки таа е на некои 60 до 70 метри одалечена од Зградата на Дистрибувија на РМ. Во линија со стоковната куќа Нама и улицата што води према скалите од трговскиот.
![]() ![]() Edited by волан - 25-Jan-2008 at 11:49 |
|||
волан
|
|||
![]() |
|||
волан ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Dec-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 192 |
![]() ![]() |
||
Неколку слики не се пренесоа ... затоа одете на линкот од написот од блогот ...
Св. Константин и Елена ... повторно во центар ... |
|||
волан
|
|||
![]() |
|||
dejan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Australia Online Status: Offline Posts: 672 |
![]() ![]() |
||
Fala Volan, pak odlichen blog
![]() |
|||
![]() |
|||
волан ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Dec-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 192 |
![]() ![]() |
||
НОВА ЦРКВА НА ПЛОШТАДОТ МАКЕДОНИЈА ВО СКОПЈЕ ** До 1964 година токму на овој простор постоела црквата "Свети
Константин и Елена". За време на катастрофалниот земјотрес црквата
опстојала и од нејасни прични била урната ** Новата Црква ќе се гради со пари од буџетот. На кој светец ќе
биде посветена, официјално се уште нема одговор. Од црковни кругови за
Сител велат дека повеќе од сигурно е дека таа ќе го носи името на
"Свети Никола", светецот кој е најзастапен кај православните Македонци. *** Навистина изградбата на оваа црква (со буџетски пари) ке предизвика многу контраверзни расправи ... - Една таква аргументирана расправа се води на блогот на Мирјана 56 (почитуваната Најчевска) ЈАС ГЛАСАМ ПРОТИВ ... *** Понатака не е точен наводот на новинарот на Вечер дека токму тука имало Црква ... Да имало Црква но на локацијата која ја покажуваат сликите од овбој пост(стотина метри подалеку ...) *** Околу името на самата црква - веројатно за тоа ке одлучат верниците и самата црква - ако се изгради и кога ке се изгради ... - Со останување на истото име ке покажеме дека сме и продолжувачи на иста традиција ... *** Оваа црква Св.Константин и Елена носи во себе и приказна дека
Мајка Тереза која растела во дворот на оваа црква - од тука ја понела
со себе љубовта кон бога и милосрдието со која таа и самата стана
светец ... Сосема за на крај, на ова место каде сега се предвидува да
се гради Црква е родната куќа на Гонџа Бојаџиу - Мајка Тереза ... и ако
баш некој сака да се смени името на оваа црква тогаш нека се вика Мајка
Тереза ... со што ке стане и туристичка атракција во центарот на светот
... *** Ке заборавев ... за да се реализира идејата за градење на Црква на оваа локација ке треба да се смени и ГУП-от и ДУП-от ... а тоа е сигурно најмалку година дена процедура ... така да почеток на градба за оваа година е невозможен ... |
|||
волан
|
|||
![]() |
|||
волан ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Dec-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 192 |
![]() ![]() |
||
Да прашам - гледам дека сте информирани ... ако го имате Гупот и Дупот за строгиот центар ... ајде едит тука по една фотка за да видиме што предвидува маркицата за сегашната црква ... и какви се габаритите на маркицата ...
Ке Ви бидам благодарен. Башка што никако не можам да простам на сите досегашни градски и државни власти што не се реизгради хотел Македонија - чија локација е сеуште празна ... во име на сеќавање на многуте странси жртви кои тука останаа закопани во темелите ... |
|||
волан
|
|||
![]() |
|||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||
волан еве ти линк до ДУП Мал Ринг.
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=171&PID=3926#3926 Мал Ринг скоро претпре некои промени но на локацијата каде што треба да се гради црквата ситуацијата е непроменета. А ситуацијата е дека не постои никаква маркичка градба на тоа место. Владата бутка дивоградба се става над ДУПот кој има правна тежина и планира објект со претпоставка дека лесно ќе го извитопери ДУПот за да ја вклопи својата идеја. Со ова владата акитвно го промовира непочитувањето на законите и прописите и подигањето на дивоградби. Би ти препорачал дискусијава за реконструкцијата на црквава да ја продолжиме на линкот кој ти го дадов. Оваа нишка може да остане за оригиналната црква Св. Константин и Елена како дел од културното наследство. |
|||
![]() |
|||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
||
се си мислев дека оваа Црква е подигната со помош на тогашната власт, но се испостави дека е подигната со средства од самите Верници
најверојатно тоа било случај и со Црквата Свети Мина која е подигната во 1902
|
|||
![]() |
Post Reply ![]() |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |