![]() |
![]() |
![]() |
Проширување на бул. Даме Груев |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <123 |
Author | ||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Затоа што е катастрофално испланирано. Затоа што ако ставиш 4 ленти на проблематичниот сегмент од 170 метри, таму треба се друго да се сотре. И пак на најтесниот дел (кај Министерство за Финансии) ќе има тротоари само про форма, широки по 1 метар. И сето тоа, со оглед на неопходноста да се откупува и руши Макотекс, пак ќе биде финансиски многу скапо. А како капак, тоа решение со исклучок за автомобилскиот сообраќај е ужасно по сите други можни критериуми и прашање е колку би било одржлива ситуацијата подолгорочно. Па голема би била веројатноста дека во не така далечна иднина ќе мора да вложуваме во исправање на грешката и барање на пристојно и одржливо решение. Не ми е воопшто симпатично ни ова што го најавува Шилегов. Стојам на став дека толку голем дел од Мал Ринг да биде еднонасочен, а воедно да се затвори Димитрија Чуповски, е реален сообраќаен проблем. Зошто воопшто не се размислува за тунел кај тесното грло на Даме Груев? Со оглед дека Градот беше спремен да фрла пари за Макотекс, дали и колку поскапо би било две од четирите ленти да се сместат под земја? Скопје нема да банкротира поради тунелче од 200 метри. А со такво тунелче решението ќе биде одлично и долгорочно.
Систем кадешто Даме Груев ќе носи две ленти еднонасочен сообраќај кон исток, а Димитрија Чуповски ќе носи БРТ двосмерно и две ленти еднонасочен сообраќај кон запад ми изгледа дека нема некои сериозни фалинки од сообраќаен аспект. За жал вака ќе отпадне континуираната пешачка зона, ама кога ќе се стави на кантар тука има многу повеќе аргументи за да се размислува за ваков компромис. И секако во вакво сценарио има (најпожелна) опција коловозот на Димитрија Чуповски да понира под улица Македонија. Така нема сериозно да се искомпромитира централната пешачка зона. По квалитет вака нема да заостанува многу зад варијантата што е најавена (затворање на Димитрија Чуповски освен за БРТ), дури и ќе има придобивка што автобуси нема да ја пресекуваат улица Македонија! За такво понирање потребен е уште поскромен тунел отколку за Даме Груев. Тука 100 метри должина се сосема доволни за да се постигнат овие работи: - Улица Македонија да не испадне како обичен мост/надвозник - Бидејќи БРТ станицата (односно станичното проширување) би било точно под улица Македонија, ќе има доволно простор за коридорот повторно да се стесни до отворите на тунелот. Значи Димитрија Чуповски во надземниот дел да не мора да се шири на сметка на тротоарите или дрвјата. Со оглед на просторот потребен за сегментите за спуштање, ако се држиме до пристојни нагиби, подолг тунел од ~100 метри всушност не ни може да се изведе, ама ете и таков е сосема доволен. Edited by Cloverstack - 07-Sep-2021 at 23:05 |
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Ботом лајн, треба да се направи еден тунел. Или ~200 метри на Даме Груев, или ~100 метри на Димитрија Чуповски. Може ваљда до толку да се смогне сили! |
||
![]() |
||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
|
Друго решение е копај-покриј тунел со две сообраќајни ленти од Градска до Палома Бјанка во должина од 550 метри, како еднонасочна сообраќајница комплементарна на Даме Груев. На Рекорд има околу 23 метри - доволно за пешачка зона од 5 метри, спор БРТ од 3.35 и сообраќајница од 3.25 од двете страни; 5 метри е малку за да се нарече пешачка зона па сепак потребен би бил тунел, наместо улица на земја или пак непокриена понирана сообраќајница. До реализација на БРТ ќе биде АСНОМ и има доволно време за пуштање во употреба на булеварот под Лимак со кружните, веројатно и за клучка кај Мавровка кои значително ќе го дисперзираат сообраќајот. Плус продолжувањето на Љубљанска и Словенечка до Бардовци, како проекти кои е возможно да се реализираат, со тоа што може да има сообраќаен застој 2-3 години додека се работат и улициве и БРТ. Со овие булевари прашање е дали воопшто има потреба од улица на Рекорд, згора на тоа целта на БРТ е токму да ја намали таа потреба. Тунел под Плоштад е единствено директно решение ама реални изгледи во скора иднина нема. Многу поголем, но краткорочен сообраќаен хаос може да направи рушењето на Обединети Нации. Рушење и нов мост во полн профил е најдобро решение, но тие 2-3 години додека се гради новиот, а сообраќајот се одвива на 1 или 2 сообраќајни ленти во правец на едниот сегмент од стариот, па на изградениот сегмент од новиот мост, ќе има гужви. Ќе мора прво да се пушти мостот на Љубљанска, а по можност и Словенечка од Бардовци до Ѓорче, но за тоа не знам колкави се шансите.
Edited by Staro Skopje - 07-Sep-2021 at 23:17 |
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
![]() |
||
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
|
Не знам каков е распоредот на приземјето на Макотекс (веројатно неколку носечки столбови правилно распоредени), но решение за добивање широк пешачки и велосипедски коридор може да е отварање на дел од зградата.
На пример, обележаниов дел + уште еден до него. ![]() Edited by <Fresno> - 08-Sep-2021 at 08:00 |
||
![]() |
||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
|
Во секој случај автоцентричноста поставена во 60-тите треба да биде надмината. При целосно реализирана примарна сообраќајна мрежа, а тука релевантни се тунелите под Лимак, тунелот под Плоштад, тунелите под Кале, АСНОМ и внатрешната обиколница, Даме Груев не треба да биде ништо повеќе од станбена улица, во никој случај булевар. Всушност неверојатно е колку е слабо реализиран сообраќајот во центарот. Има само 1 (!) булевар кој ги поврзува запад и исток јужно од Вардар, а нему му се надоврзуваат 3 од запад и 2 од исток, некои од нив скршнувајќи. Има и 2 комплементарни еднонасочни булевара кои ги поврзуваат двете страни, кои скршнуваат од главната сообраќајна мрежа. Тунелите под Лимак, АСНОМ и внатрешната обиколница во целост (како проекти во реализација или со реални можности за реализација) се нужни за подобро поврзување на градот, но сепак тунелот под Плоштад треба да биде сообраќаен столб на Скопје кој ќе ги поврзува главната западна и главната источна сообраќајница и приоритет за реализација.
|
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <123 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |