![]() |
![]() |
![]() |
Св.Пантелејмон - Пантелеј, Кочани |
![]() |
Post Reply ![]() |
Author | |
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() Posted: 03-Apr-2011 at 20:01 |
Ногу убав манастир, кој не е ногу познат по Македонија но е прекрасен, сам го тражив веќе да го посетам но не успеах, патот секогаш ме носеше околу тоа место, но не и таму.
![]() Изграден е во 1864 година. Возобновен е во 1885 година од игуменот Мартинија. По својата архитектура претставува трокорабна базилика, со три куполи. Фрескоживописот е од зографот Димитар Андонов Папрадишки од 1888-1892 година, од кој зограф се и иконите на иконостасот. Во 1988 година, по интервенција на Митрополиотот Брегалнички Стефан, од страна на Заводот за заштита на спомениците е извршена детална реставрација на кровната конструкција, кубињата и фреските. ![]() елото Пантелеј, сместено на падините на Осоговските планини, се наоѓа на идеална надморска височина од 766 метри што го прави своевидна воздушна бања и локалитет за одмор и рекреација во кој било период од годината. ![]() Манастирскиот комплекс во негова непосредна близина го прави уште поатрактивно и заедно со асфалтниот пат достапно за секој што би сакал да има духовен спокој и прекрасни мигови во питомата природа. Манастирот и селото постоеле уште во периодот на владеењето на српскиот жупан Стефан Немања (1166-1196 г.), со поинаква местоположба од денешната. Старото село Пантелеј веројатно се наоѓало северозападно од денешната населба, во месноста Трештеник, а во негова близина била изградена и црква посветена на великомаченикот и добродетел Свети Пантелејмон. Подоцна, во периодот на владеењето на султанот Мехмед IV (1648-1687 г.) оваа црква е срушена. ![]() Во 1519 година султанот Селим I наредил попис во Османлиската империја и според тогашните податоци во Пантелеј живееле 11 семејства со околу 50 жители, а во втората половина на 16 век бројот се зголемил на 160-180. Кон крајот на 18 и почетокот на 19 век во селото живеело само едно семејство во месноста Колибиште, а подоцна се доселиле жители од поблиските и подалечните населби, образувајќи го денешното село. За неговото создавање придонеле и блиските злетовски рудари во кои работеле селаните од Нивичани, Бели, Тркање, Бање и други, а неговата местоположба нудела блискост и посигурност. Според пописот од 2002 година селото брои 64 жители, пред се население во поодминати години. ![]() Во 1872 година била изградена малата црква "Успение на Пресвета Богородица", а во 1885 год. и прекрасниот манастир "Свети Пантелејмон". Според преданието за изградбата на манастирот, на една триесетгодишна слепа девојка, по име Нејтана, на сон и се сонило да појде близу местото каде се уште постоеле урнатини од некоја постара црква, да копа и да пронајде вода со која ќе се излекува. Утредента отишла на местото и почнала да копа, иако селаните и зборувале да престане. Таа не ги послушала и продолжила да копа со раце, криејќи ја причината за својата упорност. Откако се изморила од долгото копање, легнала болна и по извесен период умрела, без да ја пронајде сонуваната вода. На претсмртниот час ги собрала селаните и им кажала за сонот и нејзината желба да прогледне, задолжувајќи ги да копаат се додека не ја пронајдат водата. По нејзината смрт, за кратко време тие ја пронашле сонуваната вода и таа брзо се прочула по својата лековитост. Местото станало собиралиште на луѓето кои барале здравје од секакви болести, а подоцна овде е подигнат и сегашниот манастир. Во неговата внатрешност и денеска има извор со вода за која селаните веруваат дека има лековити својства. ![]() Големината на селото и повеќето извори со планинска вода во близина на манастирот, па и самиот негов двор со конаците, нуделе сигурен престој за секој патник што ќе поминел или ќе се задржел во овие предели. По осамостојувањето на МПЦ (1958 г.) манастирот потпаѓа под Злетовско-струмичката епархија (подоцна Брегалничка), а по посетата на владиката Наум започнува неговата обнова и претворање во туристичко-религиозен центар на регионот. Со реконструкцијата на црквата, манастирот и околните конаци, како и изградбата на асфалтниот пат во 80-те години на минатиот век, Пантелеј не е заборавено село. Во неговата околина се појавуваат новоградби, викенд куќи, а за верскиот празник во август доаѓаат повеќе илјади посетители. ![]() ![]() http://www.kocani.gov.mk |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |