![]() |
![]() |
![]() |
Св. Николај Чудотворец - Псача |
![]() |
Post Reply ![]() |
Author | |
perdiak ![]() Senior Member ![]() Joined: 08-Mar-2014 Online Status: Offline Posts: 106 |
![]() ![]() Posted: 09-Aug-2016 at 11:25 |
На 3 км. од магистралниот пат што води од Куманово до Крива Паланка, високо во селото Псача, во живописната дабова и багремова шума сместена е црквата посветена на свети Николај Чудотворец. Историските податоци се оскудни, но се смета дека е изградена во 1354 година. Црквата, како и нејзиниот ктитор – властелинот Влатко – се спомнуваат во една повелба издадена на 25 март 1358 г. Врз основа на зачуваните портрети на јужниот ѕид може да се заклучи дека севастократорот Влатко и неговиот татко кнезот Паскач се ктитори на црквата. За време на конзерваторските работи на оваа црква е утврдено дека натписот што се наоѓал над западната влезна врата е уништен во 1876 г. бидејќи во него се спомнувале кралот Урош и Волкашин. Уништени се и натписите на овие владетели на нивните портрети на северниот ѕид. ![]() Црквата е во форма на впишан крст во правоаголно пространство со купола што се издига на четири столба и припрата, исто така со купола. Куполата над централниот дел била срушена, а црквата долго време била наполно откриена. На исток завршува со тристрана апсида. Изградена е од блокови со клепан камен, кршен камен и тули. Живописот е од времето кога е градена црквата и спаѓа во редот на најдобрите зографски остварувања од македонското средновековно сликарство. Висока вредност имаат реалистичките портрети на ктиторите, севастократорот Влатко, татко му, кнезот Паскач и на нивните сопруги. Зачувани се и фрески од св. Јоаким Осоговски (од 1371 г), св. Меркуриј (со сигнатура на мечот), св. Климент Охридски (од 1366 г), како и св. Ахил, св. Дионисиј, св. Рамноапостолни Константин и Елена и св. Спиридон Чудотворец. Во олтарната апсида во цел раст се претставени патријарсите – св. Атанасиј Велики, св. Јован Златоуст, св. Григориј Богослов и св. Василиј Велики. |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |