![]() |
![]() |
![]() |
Скопје 2020 / Skopje 2020 |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 567 |
Author | |
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
Хаха, јас се мислев да го прашам истото и за Автокоманда. ![]() Пешачките патеки на булевар Александар Македонски во Автокоманда се проширени, така што наједноставно стеснување за една третина би било повеќе од доволно за трамвај, а истовремено пешачките патеки би останале доволно широки, а и дрворедите нема да мораат да ги вадат, несомнено булевар Александар Македонски во Автокоманда е најсовршена локација за трамвај, таму не би требало да имаат многу маки со градежни работи и подготовка на теренот. Според првичниот план имаше предвидено тролејбус, но според најновиов план предвидува метро / трамвај со линија 2. Можеби во идната ревизија ќе ги земе во предвид и твоите коментари, па истите ќе влезат во идниот план. |
|
![]() |
|
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
Со задоволство ќе одговорам на сите ваши прашања. Всушност главната побуда за изработка на овој проект ми беше да поттикнам сеопширна расправа и подигната јавна свест и граѓанска позиција околу јавниот превоз на град Скопје (кој како во секој голем град едноставно мора да биде носечкиот столб на мобилноста на населението), за сите заедно да дојдеме до оптималното решение, а не да се држам слепо за моите идеи. Морам да признаам дека овој план е околу 3 години стар, време во кое мите идеи и замисли еволуираа и се надоградија. Сметам дека би било исклучително полезно да пројавиме граѓанска свест, изградиме заедно еден добар план и константно вршиме притисок врз одговорните за нивно остварување. Факт е дека засега немоќно гледаме како ни се наметнуваат безумни и длабоко контра-продуктивни проекти од страна на надлежните. Тоа мислам дека е нужно да се смени, ако сакаме одржлив и надежен градски превоз во Скопје, како предуслов за генерален развој и висок стандард и квалитет на живот во градот и Македонија.
Пак би нагласил дека моите идеи меѓувремено се изменети да се прилагодат на нашите можности, потреби и нужди. Мислам дека на Скопје му требаат минимум 2 ЛРТ линии со скоро целосно автономни траси, кои градот би го сечеле во насоките исток-запа и север-југ. Таа мрежа би била рбетот на Скопје, а сите други врсти транспорт (дали ќе биде само автобус или ќе воведеме тролејбус и трамвај (класичен)) би требало да му се подчинат и да ја превземат функцијата на транспорт кој би ги довозувал масите кон ЛРТ мрежата. ЛРТ мрежата би била со голем капацитет и долги линии, додека воглавно (не сите) линии на останати форми на јавен транспорт би биле пократки и би правеле бројни конекции со станиците на ЛРТ. Така, сите населби кои не се квалифицираат за ЛРТ мрежа со голем капацитет (дали заради ниската градба, малата гуситна на населението, оддалеченоста или други проблеми), би добиле чест, брз и краток транспорт до најблиската ЛРТ станица, од каде би стигнувале брзо до центарот или некоја оддалечена населба. Се разбира ЛРТ мрежата би морала да биде надополнета се приградска железница по 3те коридора кои и денеска постојат. Што се однесува до северните населби (Бутел, гробиштата, Радишани), мислам дека ЛРТ мрежата треба да стигнува најмалку до станицата Скопје Север, каде што би се изградил голем терминал. Таму треба да има врска со приградската железница, П+Р паркинг за приградксите населби и возилата кои влегуваат во градот од Обиколницата на север. Одговорот односно решението на прашањето што со Бутел или Радишани јас го гледам во транспорт (автобус или тролејбус) кој би имал форма на U со два крака кои се сретнуваат на Скопје Север и имаат функција на довозување патници за трансфер на ЛРТ. Што се однесува пак до Автокоманда, јас решението долж бул. Аледсандар Македонски не го гледам во изградба на трамвај. Знам дека јас сам ова сум го предложил, но сега ги гледам своите грешки и проблеми. Изградба на класичен трамвај долж булевар кој има функција на урбан автопат (кој доколку е правилно исграден) би требало да биде со ограничение 80+км/час е доста опасно, затоа што возилата возат брзо, а трамвајот особено ако е поставен во крајната десна лента нема да биде одвоен од останатите учесници во сообраќајот. Исто така дрвата би создавале сериозни проблеми на самата контактна мрежа, проблем кој исчезнува доколку трамвајот е псотавен во средината. НО, после се ова речено, мислам дека е непотребно волкава инвестиција за трамвај долж булевар кој веќе е брз и без семафори. Идеалното решение за мене на оваа локација е тролејбус кој ионака би бил брз заради можностите кои ги нуди самиот булевар, би возел од Хиподром (каде повторно би можело да има голем П+Р паркинг, станица на приградската железница и локалните приградски автобуси, кои не би возеле повеќе до Транспортниот центар и го оптоваруваат самиот центар, туку до ваквите терминали на покрајнините на градот, а имено Сарај, Скопје Север, Хиподром и Драчево), долж бул. Александар Македонси и би завршувал на станицата Бит Пазар на ЛРТ линијата север-југ. |
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
Класичен трамвај на средина на булевар Александар Македонски е невозможно, бидејќи има надвозници чиишто столбови се поставени на средината на булеварот, само будала би трошела пари на реконструкција на надвозници со цел на средината на булеварот да поминува трамвај, такво нешто единствено ако трамвајот стане потреба поради големиот број на жители и сообраќајниот метеж, а во такви околности, трамвајот само ќе биде предвесник на метро, поради што најисплатливо е, ако веќе се преминува на шински сообраќај на булевар Александар Македонски, подобро е веднаш да се премине на метро, наместо класичен трамвај само за да ни влезе во памет фактот дека мораме да преминеме на метро после првите неколку месеци возење со трамвајот.
Идејата за тролејбус е супер, поевтина за одржување во споредба со трамвајот и метрото, но сепак метро по трасата на булевар Александар Македонски е најдоброто решение за поврзување со аеродромот Александар Велики. Единствената причина зошто со толкав инает ја туркам идејата за трамвај или метро по трасата на булевар Александар Македонски е поради аеродромот Александар Велики, тој аеродром е сообраќајно изолиран од централното градско подрачје, организираниот автобуски и такси превоз е прашање на интерес кај превозниците, потребен е постојан, непрекинат, брз и редовен превоз од аеродромот до централното градско подрачје и назад. И се разбира, за да има постојан, непрекинат, брз и редовен превоз и северно од Вардар. Edited by Dexter26 - 11-Nov-2011 at 00:55 |
|
![]() |
|
mladen_s ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-May-2010 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 407 |
![]() ![]() |
@ Andrej
Вака редефиниран планот веќе звучи подобро. Од тоа што јас го гледам, проблемот со густината и како последица исплатливоста сериозно го загрозува правецот север-југ, така што Скопје Север веројатно би бил траен терминал на ЛРТ, дури и кога би останал трамвај, а и кога би преминал во метро. Од друга страна, на терминалите треба и да се гледа како можност, а не ограничување. Но Автокоманда е навистина проблематична за поврзување заради своето опкружување, па можеби автобусите би останале трајно решение - и исплатливо со оглед на депото. Сепак, постојат и други решенија, кои би сакал да ги презентирам, но не би сакал само преку текст - во оваа нишка би било несериозно ![]() Но, еве една идеја: мислам дека ЛРТ би можел да продолжи од депото Ново Лисиче на север, преку Вардар и да стигне до ЖС Маџари како крајна станица каде би се формирал терминал за реонските (Ченто, Инџиково, Хиподром) и приградските автобуси од тие насоки, плус станица на приградската железница. Понатаму, трасата би овозможила зголемување на атрактивноста на празните простори околу Вардар кои сега стануваат интересни за градба и би го проработила реонскиот центар во Маџари, а можеби и П+Р би се сместил некаде. Ваков крак од 2-3 станици е во принцип лесен да се одржува. Единствено отпаѓа ротацијата околу Ново Лисиче. Повеќе кога ќе имам време да го исцртам цел план, но мислам дека концептот е јасен.. @ Dexter26 Ајде што само по себе е неисплатливо да се движи низ тој дел на градот, но ниту метро, а уште помалку трамвај би се градел на толку долга релација. Би можел да провериш некаде на Интернет или во било која стручна литература за тоа кој вид на транспорт се користи за какви случаи - или пак да ги разгледаш постоечките системи низ светот.. Edited by mladen_s - 11-Nov-2011 at 01:51 |
|
![]() |
|
mirakuliks ![]() Senior Member ![]() Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
![]() ![]() |
Некако се мислев во однос на целиот концепт и капацитетот на дадените шински превозни средства, и еве да речеме скопје да нема капацитет на патници за да го прави моментално исплатлив метро или ЛРТ концептот, иако со очекување дека во иднина ќе има доволно потреба за транспортен систем со тој капацитет. Наместо да се инвестира директно во целокупната железничка инфраструктура, зошто како преодно решение не се воведе концептот на Busway. Така што подземните и надземните коридори одделени од улиците и независни од раскрсниците ќе се изградат и само се постават со асфалт,со што де факто првично ќе се обезбедат коридорите со димензии соодветни за ЛРТ без да се има потреба од истовремено инвестирање во железничката инфраструктура во форма на шини, елетрично напојување и возила, а кои коридори ќе бидат резервирани за автобусите. Со тоа ќе стане автобускиот транспорт на тие делници многу поефикасен и поточен а и по проточен што реално ќе му го знголеми капацитетот на патници на час. Од друга страна деловите од коридорите каде има погоелми пречки каде е потребна поголема инвестиција, како на пример премостување на вардар кај влае може да се остави за другпат, додека во овој дел овтобусите со едноставни рампи или приклучоци ќе ја користата постоечката патн инфраструктура.
Идејава за постепено градење на основа за ЛРТ преку Busway ми дојде од користење на јавниот транспорт во Бризбејн каде доста ацтобуски линии користат три Busway коридори, што ми го отвори прашањето зошто не е поставен ЛРТ по дадените коридори. Од Wiki може да се види дека во непосредна близина тој концепт е застапен и во истанбул под името Metrobus. http://en.wikipedia.org/wiki/Bus_rapid_transit http://en.wikipedia.org/wiki/South-East_Busway,_Brisbane http://en.wikipedia.org/wiki/Northern_Busway,_Brisbane http://en.wikipedia.org/wiki/Boggo_Road_Busway,_Brisbane |
|
![]() |
|
kara ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 19-May-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
поздрав до сите.
Иако доста касно се вклучувам во дискусијата.... веќе е 2012, но морам да признаам и да бидам искрен БРАВО за ![]() Но мислам дека со овие наши градски татковци и политичари ова ќе е само утопија, и најмногу поради тоа ми е жал, ќе остане една многу добра идеа нестварена ни малку. ![]() Значи генерално мислам дека многу добро ти е испланирано и доста добро би функционирало и пред се би било исплатливо! поздрав! Edited by N23 - 09-Apr-2012 at 21:31 |
|
@LEK$
|
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Оваа тема ја сретнав прв пат вчера листајќи по форумот за инфраструктура и бидејќи ја отворил андреј се решив да ја исчитам цела во еден здив (потрошив цела вечер но целта беше задоволена).
Исцрпното решение на Андреј доколку се започнело во периодот кој тој го наведол денес би имале одличен инфраструктурен проект и еден модерен и функционален ЛРТ систем во Скопје. Штета што властите најверојатно никогаш не го разгледале ова решение бидејќи мислам дека со добри инфраструктурни планери би се решиле забелешките од пбанкс, гиж и кловер па би добиле уште посовремено решение. Денес поголемиот дел од ова решение е невозможен да се оствари поради големи пречки а и поради непланското работење на нашите власти, но сепак постои можност да се воведат железничките поврзувања, тролејбусите и дел од линиите на ЛРТ то. Земниот коп кој го наведува Андреј без претходно решени Илинденска и Јужен па и Климент Охридски е невозможен бидејќи Скопје би било комплетно блокирано. Ми се допаѓа идејата за подземните станици, особено кај Соборна и Плоштад ,тие би биле совршено решение за Скопје и со мали измени би можеле да бидат уште подобри. Штета што ни ги натопорија Воин на коњ и Мериот тука па сега тој подземен тунел би бил скоро невозможен дури и да се сруши Тифани. Браво за трудот Андреј и за одличното решение. Во претходните години имам забележано други одлични решенија од твоја страна за автопатите/ експресните патишта низ МК и се е на задоволително ниво. Штета што во нашава влада нема некој како тебе кој би ги раздвижувал овие работи. |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
![]() затоа периодов, место да се занимаваа со проширување на булевари кои траат по година дена и се фалат со нив уште по година дена, требаше да се позанимаваат со изградба на нови булеварски поврзувања онаму каде што е возможно и поевтино толку многу години по изградбата на булеварите кои ги имаме денес и без кои Скопје не би функционирало, имаме една шака булевари и други улици кои завршуваат слепи, немаме воведено нови решенија за разни проблематични вкрстувања и чворови ...секоја чест за потезите кои досега се направени, не може да се жалам дека не е направено ништо, ама па можеше да се направи многу повеќе во овие два мандати како градов го води истата гарнитура исто така можеше да се реши и ЈСП со било каква реформација на линии и разноврстност на возниот парк, ама не добивме ништо од тоа... можеше и сеуште може и да се воведе железничка линија за приградските населби предлозиве на Андреј се одлични, затоа што решаваат повеќе проблеми одеднаш, и стално ги давам како пример во темата за ЛРТ, штета што ќе заглават тука на форумов, еве пет години како висат |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Таму проблемот е што овие булевари не се затвораат за време на проширувањето и по брза постапка во рок од неколку месеци да се прекопа и направи ,друг проблем е што нашите службеници не ставаат услови во договорите и рокови па самите фирми прават што сакаат. Од друго лично искуство во работата, главните надзори никогаш не знаат што сакаат ниту пак знаат што се крие под земјата додека да почнат да копаат па потоа излегуваат милион компликации кој треба да ги решат други фирми кој ниту имаат желба ниту пак ќе ги решат за брзо време (конкретно ЕВН, Т-Хоме и останати).
Ние имаме проблем што сеуште ги немаме ни почнато главните инфраструктурни проекти во Скопје околу булеварите и градските автопати. Па еден АСНОМ неможат да го прошират (кој го ветуваат веќе 3 пат) кој се наоѓа на државно земјиште и немаат експропријација ,ниту пак се заложиле да го спојат со Гоце Делчев со мост. Не тврдам дека немаат добри проекти: Теодосиј гологанов, Илинденска, Првомајска , Бато (делумното проширување), Словенија (делумната градба), Србија (која сеуште не е завршена и покрај ветувањето дадено пред две години дека ќе се заврши), климент охридски (иако мислам дека додека не се направи тунелот под кале не вреди) се добри проекти но не го решаваат најголемиот проблем ,брз транзит помеѓу Исток- Запад односно Јужниот булевар кој сеуште тапка во место. ЈСП доби автобуси но остана калакурница, нема никаква организација ,бар ти како аеродромец знаеш како одат автобусите 3,3а,3б,5,15,15а ,35, сите поаѓаат во скоро исто време и се редат еден позади друг а после ти чекај. Железницата сеуште не им текна да ја поврзат со Бунарџик ниту со Аеродромот кој требаше да им бидат врвен приоритет особено на МЖИ и МЖТ . 5 години се огромен период за кој се прават чуда но не во Македонија... |
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
Тоа што ги проширија булеварите е одлично! Навистина уживав изминативе години гледајќи како го вршат тоа и би било претенциозно ако кажам дека не вреди.
Сепак факт е дека во 9 години не е изграден ниту км булевар од 0 и на целосно нова траса. Ниту пак е направен напор да се изградат нови сообраќајни мостови кои ќе ја преполоват гужвата која се јавува на одредени места и ќе го скратат патувањето. Скопје без нови сообраќајни мостови и брзи сообраќајници не може да напредува. Многу ми е криво што јужен е мртов проект. Мостот кај кале и МЗТ-Саем се неопходни. А да не зборам за некакво си железничко поврзување со аеродром или LRT. |
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Мостовите се најслабата страна на Коце
|
|
![]() |
|
Glava ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 08-Sep-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 78 |
![]() ![]() |
Залудно ги прошируваат булеварите кога на крајот се дозволува будали да се паркираат во последната лента од булеварите.
Погледнете на што личи булеварот од Митрополит Теодосиј Гологанов на потегот од Рузвелтова накај Веро 2 - редовно има паркиран автомобил (најмалку еден) на 50-тина метра по раскрсницата со Рузвелтова. Чуму тогаш го прошируваа булеварот. Слична е ситуацијата и со сите други булевари. Се додека не стекнеме собраќајна култура најдобро решение за воведување на ред е долж сите поголеми улици/булевари да се постават високи огради (од типот на онаа кај кружниот тек кај Католичка) со прекини само на местата каде има пешачки премини. Решението е едноставно, но очигледно и тука недостасува волја за решавање на работите |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
![]() дури и да имавме возачка култура и одговорни служби, проблемот е друг... проширувањето на улици е многу краткотрајно и привремено решение, и е џабе, кога генерачлната мрежа, поврзувањата и вкрстувањата сеуште не се решени ...сепак улица има крајност колку може да се прошири, а бројот на возила се зголемува |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 567 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |