Print Page | Close Window

Дом на спортови и Олимписки Дом - Аеродром

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Спортски
Forum Discription: Стадиони, сали, спортско-рекреативни објекти...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3593
Printed Date: 05-May-2025 at 13:10


Topic: Дом на спортови и Олимписки Дом - Аеродром
Posted By: stef4o
Subject: Дом на спортови и Олимписки Дом - Аеродром
Date Posted: 11-Mar-2019 at 08:15
Според најавите летово би требало да почнат,сметам дека е добро да издвоиме посебна нишка.

Дом на спортови и олимписки дом ќе никнат до 2020-та


Во скопската населба Јане Сандански наскоро треба да почне да се гради повеќенаменскиот дом на спортовите со бесплатни канцеларии за 35 спортски федерации, како и олимпискиот дом, како седиште на МОК, во чии рамки ќе има и Олимписки музеј

Во скопската населба Јане Сандански, на просторот помеѓу спортскиот центар (СЦ) „Јане Сандански“ и новоотворениот хотел „Хилтон дабл три“, на површина од 23.000 квадратни метри, наскоро треба да почне да се градат домот на спортовите и олимпискиот дом.

За првиот дел од работите на домот на спортовите од буџетот на Република Македонија веќе се обезбедени 75 милиони денари (околу 1,25 милион евра), по што за следната фаза ќе се обезбедат уште толку.

Парите за изградбата на олимпискиот дом, пак, се на товар на Македонскиот олимписки комитет (МОК), кој за таа намена од Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) и од други национални олимписки комитети има обезбедено околу 800.000 долари.

Според информациите, идејниот проект за домот на спортовите веќе е изработен, а во наредните два-три месеца би требало да се завршат формалноправните работи, по што би почнале и градежните работи. Ако сѐ оди според предвидувањата, објектот би требало да биде готов до средината на 2020 година.

– Станува збор за повеќенаменска зграда на четири ката, во која ќе бидат сместени македонските олимписки спортски федерации и уште неколку други федерации, вкупно 35, кои со години мака мачат со лошите услови за работа. Во зависност од обемот на работата и од бројот на вработените ќе зависи и просторот што ќе го добијат на трајно користење, без да плаќаат наемнина, од 30 до 300 квадратни метри, на пример. Во домот ќе има и неколку помали сали за состаноци, како и поголеми простории за одржување собранија и други поголеми средби, но и подрумски простории во кои би се чувала опремата што ја поседуваат федерациите – објаснува Даниел Димевски, советникот за спорт на примерот Зоран Заев.

Од спортските содржини, во домот на спортовите ќе има мала сала за боречките спортови, 25-метарски базен, фитнес-зона, мало игралиште со терен за баскет (3х3), како и отворена сцена со амфитеатар кон реката Вардар, која е во непосредна близина, каде што би се одвивале спортско-културни случувања, концерти и слично.
На истата локација, како посебен објект, треба да никне и долгонајавуваниот олимписки дом на Македонскиот олимписки комитет.

– Двата објекта ќе бидат одделни, но меѓу себе поврзани со отворен парк. Ние како МОК не сме за некаква голема градба, доволни ни се неколку канцеларии, сали за состаноци, за приеми и за друго, како и олимписки музеј во кој би се изложила и би можела да се види историјата на македонскиот и на светскиот олимпизам. Планиран е и олимписки парк со најразлични содржини, можеби некои од пријателските олимписки комитети ќе ни подарат некоја статуа или нешто слично. Ние од поодамна имаме идејно решение за ваков објект, тоа на некој начин е одобрено, но ќе треба да се споредат двата проекта, за да видиме како би се вклопиле заедно, па ако биде потребно, ќе направиме некои помали измени – ни изјави Владимир Богоевски, спортскиот директор на МОК.

ДОМ НА СПОРТОВИТЕ
– повеќенаменска зграда на четири ката
– бесплатни канцеларии за 35 федерации, на трајно користење
– сали за состаноци
– простории за собранија и други поголеми средби
– подрумски простории за опрема на федерациите
– мала сала за боречките спортови
– 25-метарски базен
– фитнес-зона
– игралиште за баскет
– отворена сцена со амфитеатар

ОЛИМПИСКИ ДОМ
– неколку канцеларии на МОК
– сали за состаноци, за приеми и за друго
– олимписки музеј
– олимписки парк со најразлични содржини

https://www.novamakedonija.com.mk/sport/дом-на-спортови-и-олимписки-дом-ќе-никн/?fbclid=IwAR0u_YrNn1R9BTx0-RiW5PODWzPPPz2d7ZXhcFBaPc2bHtwyIseuZiDzouQ

Еве и еден рендер,незнам колку е веродостоен



Локација(зеленилото меѓу Хотел Русија и новоотворениот хотел Хилтон)





Replies:
Posted By: Џоле
Date Posted: 11-Mar-2019 at 08:35


Па, таму нема баш зеленило, туку има огромна дупка Но, мило ми е што тој запуштен простор ќе се пополни со нешто, вака на рендеров зградиве не изгледаат лошо, а се најавува и мал парк меѓу двете згради, како и „отворена сцена со амфитеатар кон реката Вардар, која е во непосредна близина, каде што би се одвивале спортско-културни случувања, концерти и слично“.

Вака на хартија звучи фино. Да видиме што ќе испадне.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Mar-2019 at 06:22

Според позадината што се гледа на рендерот, локацијата не е во Аеродром, туку под Кале:

42° 0'9.54"N 21°25'48.20"E




Posted By: stef4o
Date Posted: 21-Aug-2019 at 16:19
Овој проект сеуште не почна да се реализира еве рендери за изгледот на она што треба да се гради(од фб)









Posted By: stef4o
Date Posted: 21-Aug-2019 at 16:23
Уште неколку....











Posted By: Enzo
Date Posted: 21-Aug-2019 at 16:33
Originally posted by stef4o



Еве и еден рендер,незнам колку е веродостоен





Знаев дека ова е преамбициозно за наши услови



Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Apr-2020 at 12:29
Веста е од 25.11.2019г,но сеуште нема ништо на повидок од проектов,моментално парцелите на потегот од Хотел Русија до Хилтон се натрупани со некаков шут и земја...

----------------------------------------------------------------------
Објавен тендер за изработка на документација за објект на Дом на спортови во Аеродром

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор, на електронскиот систем за јавни набавки на Бирото за јавни набавки објави тендер за изработка на архитектонско урбанистичка планска документација за објект Дом на спортови во Скопје на ГП 1.7 локалитет И14 во општина Аеродром.

Како што се наведува, право на учество имаат сите странски и домашни правни или физички лица или група такви лица-понудувач кои се регистрирани за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот. Рангирањето на понудувачите ќе се врши според квалитетот на понуденото решение и цената на понудените цени.

Изградбата на Домот на спортови е клучен проект во делот на спортската инфраструктура со цел обезбедување услови за непречена работа, функционирање на спортските федерации и подигнување на спортскиот стандард и условите за работа на спортските субјекти во државата.

Домот на спортовите ќе се гради на територија на општина Аеродром и за таа намена во првата фаза се обезбедени 75 милиони денари од Буџетот, а останатите средства ќе се обезбедуваат етапно.

https://vecer.mk/node/461900?fbclid=IwAR2ZuOKWx752R36vy-Rqa0pCgVTuk_Ev4t0WO1ztc8S2jW8p7m4cI-AzWPw


Posted By: stef4o
Date Posted: 21-Jun-2020 at 14:49
Едно од идејните решенија од 2016 година но очигледно избраниот проект е оној горепостираниот на почетокот од нишкава

ИДЕЈНО АРХИТЕКТОНСКО РЕШЕНИЕ
ЗА АДМИНИСТРАТИВНО ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ СО МУЗЕЈ И РЕСТОРАН
МАКЕДОНСКИ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ ВО СКОПЈЕ











https://www.facebook.com/arhitektonika/


Posted By: zabegan
Date Posted: 21-Jun-2020 at 21:07

ова личи на нешто што требало да се изгради пред 60 години


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: stef4o
Date Posted: 30-Nov-2020 at 09:07
од 2017-та











https://www.facebook.com/syndicate.studio


Posted By: zabegan
Date Posted: 01-Dec-2020 at 03:30

ме буни локацијава, ова не е на кеј?

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: stef4o
Date Posted: 01-Dec-2020 at 07:36
Па ова се некои разни конкурси и идејни решенија кои очигледно не биле прифатени а најверојатно за објектов се меркале повеќе локации но сеуште нема активности.Последна локација е онаа на кеј во Аеродром но нема никакви активности ниту пак најава дека наскоро ќе започнат.


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-Jan-2021 at 07:59
Од Општина Аеродром велат дека годинава интензивно ќе работат на подигање нови зелени површини, сѐ со цел подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во Скопје.

– Приоритет на работата на Општина Аеродром и во 2021 година ќе биде заштитата на животната средина, со цел создавање чиста и одржлива средина што ќе овозможи квалитетни услови за живот за сите граѓани. Оваа година ќе ја реализираме доградбата на 4 нови училници во ООУ „Лазо Ангеловски“, со што конечно ќе се укине третата смена за учениците, а ќе биде доградена и детската градинка „Црвенкапа“ во стар Аеродром, со што ќе се зголеми капацитетот на згрижување деца – информираат од Општина Аеродром.

Оттаму велат и дека ја започнале постапката за изградба на нова општинска административна зграда.

– Наскоро ќе почне реконструкцијата на амбулантата во населбата Лисиче и изградбата на Домот на спортовите со помош на Владата, а во напредна фаза е и изградбата на новиот објект на училиштето „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче, кој ќе биде готов наесен – информираат од оваа скопска општина.

%20 - https://www.slobodenpecat.mk/godinava-skopjani-ke-dobijat-novi-parkovi-gradinki-i-detski-igralishta/


Posted By: stef4o
Date Posted: 25-May-2021 at 08:02
Просторов сеуште е џунгла ќе видиме дали годинава ќе го почнат проектот.Првично во 2018г било планирано да се гради спроти Арената Филип Втори(Тодор Проески) а од 2019г е сменето и посочена е оваа локација во Аеродром.
Фоткиве се од твитер од моменталната ситуација






Posted By: stef4o
Date Posted: 17-Jun-2021 at 11:46
Огромен плац но сеуште нема никаква активност







Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Jun-2021 at 12:03
Можеби летово ќе почнат,само незнам дали проектот ја опфаќа целата површина или само некој дел,бидејќи еден период со тараби беше ограден делот до хотел Русија и требаше да се прават некои тениски комплекси но ништо не бидна од тој проект...
Ова е поглед од Космос кон парцелите



https://www.facebook.com/FineCosmos/videos/1130426234108641


Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Jul-2021 at 15:53
Macedonian Olympic Committee entry design







https://www.facebook.com/profile.php?id=100054243620184



Print Page | Close Window