![]() |
![]() |
![]() |
Метробус Скопје (Bus rapid transit / BRT) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 678910 22> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
На која станица застана брзиот трамвај на тркала во Скопје
![]() Наредната недела се очекува предлог-законот за заем од ЕБОР да помине во Комисијата за финансирање и буџет, а откако ќе се усвои и на пленарна седница следен чекор би бил потпишување на договор за заем за изведба на двете линии кои би го поврзале источниот со западниот односно јужниот со северниот дел на Скопје Идејниот проект за трамвајот на тркала од Ѓорче Петров до Ново Лисиче во моментов е во фаза на изработка и наскоро Град Скопје очекува да го добие. Во тендерската документација беше наведено дека трамвајот на тркала би се движел по крајната лева сообраќајна лента, а оваа рута би се поминувала за 35 минути Најавуваниот трамвај на тркала во Скопје неколку месеци е паркиран на „станица“ во Собранието, од каде се чека зелено светло за заемот со кој треба да се финансира овој проект. Во сите обвинувања за кочење закони изминатиот период и маки на власта да обезбеди кворум за да ги изгласа, ова законското решение беше споменувано во групата важни закони кои треба да се донесат. Еден ден откако парламентарното мнозинство од 62 пратеници се собра на број во собраниските клупи и ѝ изгласа доверба на владата, премиерот Зоран Заев во четвртокот (4 март) порача дека изгласаната доверба носи и одговорност да се одблокира работата на Собранието, а законот кој се однесува на трамвајот на тркала го наброја како еден од клучните. Наредната недела предлог-законот треба да го помине филтерот во собраниската комисија Предлог-законот предвидува задолжување со заем од 70 000 000 евра кај Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за финансирање на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“. Тој помина на владина седница на 17 ноември лани, по што беше испратен во Собранието за усвојување по скратена постапка. Во моментов се наоѓа на расправа во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Како последна – осма точка, од дневниот ред на седницата број 13 е единствениот кој не го поминал филтерот во ова собраниско тело. Рокот за отплата на првата транша од заемот е 15 години со вклучен грејс период од четири години. Првата транша од заемот ќе се отплаќа во 22 полугодишни рати на 20 април и на 20 октомври секоја година, започнувајќи од првиот датум од навршување на четвртата година од склучување на Договорот за заем. Рокот за отплата на втората транша од заемот е 15 години со вклучен грејс период од четири години. Втората транша од заемот ќе се отплаќа во 22 полугодишни рати на 20 април и на 20 октомври секоја година, започнувајќи од првиот датум од навршување на четвртата година од денот на достапноста за користење на втората транша“, Проектот за брз автобуски превоз опфаќа две линии, а првата транша би се користела за финансирање на линија 1 со која трамвајот на тркала треба да биде во патен правец исток-центар-запад Ново Лисиче – Ѓорче Петров), додека втората транша за линија 2 односно југ-центар-север (Кисела Вода – Бутел). Што понатаму? Откако ќе се донесе предлог-законот, од Град Скопје велат следен чекор е потпишување на договор за заем на кредитот за ЕБОР за изведба на двете линии. Градските власти засега не прецизираат рокови и нагласуваат дека динамиката на постапката понатаму ќе зависи од Европската банка. Целата понатамошна постапка, поточно распишувањето на огласот за избор на проектант за изработката на основниот проект и целокупната пропратна документација за првата линија од БРТ Скопје, ќе го спроведува ЕБОР. Земајќи го предвид претходното, распишувањето на огласот, тендерската документација евалуација и понатамошната постапка, пред сè зависи од динамиката која ќе ја предложи и спроведе ЕБОР“, Од Ѓорче Петров до Ново Лисиче за 35 минути Во меѓувреме, Градот во јули лани објави тендер за изработка на идеен проект за линијата 1 – трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче за брзиот автобуски превоз (БРТ). Есента 2020, пак, го потпиша Договорот за изработка на идејниот проект, и во моментов, велат оттаму, Градот наскоро треба да ја добие документацијата. Проектот сè уште се изработува, но според тендерската документација, просечната должина на трасата треба да биде 12,81 километри, а проценките се дека приближниот број на патници кои ќе ја користат на дневно ниво е 65 000. ![]() Проектантот треба да предвиди дека сообраќајната лента за движење на возилата на БРТ во однос на останатиот моторизиран сообраќај треба да биде одвоена со посебни разграничувачи, со исклучок на крстосниците каде што треба да остане можност за мешање со останатиот моторен сообраќај. Да се направи анализа што ќе се случи зимно време при чистење на снег и во зависност од резултатите да се даде мислење дали поставувањето на разграничувачи е неопходно или ќе биде доволно да се постави хоризонтална сигнализација. Ако се постават разграничувачи, истите по потреба да можат да се дислоцираат“, Исто така, трамвајот на тркала би требало да се движи во третата односно крајната лева сообраќајна лента, а доколку тоа не е можно, од проектантот кој во моментов го изработува проектот, се бара да одреди како тоа е најизводливо. Во случај да е изводливо крајната лева лента од булеварите да биде наменета за БРТ, на средниот дел кој ги раздвојува двата правци би се поставиле и станиците за чекање. „Предлогот на Градот Скопје е автобуските настрешници да се постават на средишното зеленило и истите да се користат за двете насоки на движење. Во зависност од водењето на трасата на БРТ, проектантот да има предвид отворен и/или затворен систем на организација на автобуските настрешници“, поред анализите на Секторот за сообраќај на Град Скопје, кои беа наведени во документите, оддалеченоста помеѓу автобуските би била помеѓу 500 и 900 метри, би имало 21 станица и 2 терминали, а вкупното време кое би било потребно да се помине трасата Ѓорче Петров-Ново Лисиче е 35 минути. ![]() https://360stepeni.mk/na-koja-stanitsa-zastana-brziot-tramvaj-na-trkala-vo-skopje/ |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Еве едно интересно видео од Софија направено од watchdog НГО организацијата Спаси Софија https://www.facebook.com/spasisofia/, воеднои најпопуларно видео на нивниот канал. Не очекувам да биде ништо поразлично и во Скопје. Можеби делумно со бетонски бариери да биде одвоена лентата за автобуси за да неможе коли и комбиња да возат по резервираната лента, ама знам дека веспи и скутери има да растураат по БРТ лентата.
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
На скутерџии и веспаџии им е поедноставно да се бутаат меѓу сообраќајни ленти, по тротоари и по велосипедски патеки/ленти (сето тоа се исто така прекршоци) отколку да се бутаат на физички одвоена БРТ лента. Сигурно ќе се најде по некој морон да се напика и на БРТ лента, ама решението за таквите е казнена политика. И ЛРТ да направиме, нема да биде имуно на такви идиоти. |
|
![]() |
|
Urbanista ![]() Newbie ![]() ![]() Joined: 28-Dec-2020 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 36 |
![]() ![]() |
Prvata lenta e sekogas zafatena so parkirani koli na Partizanska so 4 zmigavci. Koga ke dojde policija ke im kazat dve recenici i si ostanuvaat taka. Sto znaci ke ostane protocna edna lenta i po nekoj od ovie sto na divo vleguvaat vo brt lentata. Inaku vo Rusija, a i vo Istanbul iako e fizicki odvoena lentata za (tramvaj ili metrobus) sum gledal koloni od koli. E sega kaj nas znaeme koja e kulturata i sposobnosta na policijata i me plasi deka so edna slobodna lenta ke ima koloni i svirenje kako vo Kairo, daj boze da gresam. Ama bar neka pokazat deka mozat (kako vo Belgrad) da gi reshat tie sto parkiraat na bulevar pa posle da pravat fizicki barieri. Vo Belgrad proaga kola so kamera postojano i avtomatski izdava kkazni, eve ne e tolku tesko neka go napravat toa inaku pred broz kafe i od fakultet za turizam do bunjakovec po prva lenta nikogas nemozes da vozis od parkirani koli...
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Власта и опозицијата не се согласуваат околу изградбата на „трамвајот на тркала“ во Скопје
По речиси четири месеци лутање низ собраниските лавиринти, низ филтерот на Комисијата за финансирање и буџет денеска помина владиниот предлог-закон за задолжување на земјава кај Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за изградба на две линии од „трамвајот на тркала“ во Скопје. Владата го утврди текстот на предлог-законот за брзиот автобуски превоз-БРТ уште кон средината на ноември минатата година, но тој допрва ќе треба да се изгласа од пратениците на една од наредните собраниски седници. На денешната расправа во собраниската Комисија за финансирање и буџет пратениците од опозицијата се изјаснија против задолжување на државата за финансирање на „трамвајот на тркала“ во Скопје. Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека Македонија има други приоритети кои треба да се покријат со задолжување на целата земја во сред економска криза. „Брз автобуски превоз е само за повеќемилионски градови, не е за Скопје. Дали скопските булевари се доволни за ваков превоз? Како што реков, пет до шест од булеварите и улиците коишто ќе бидат зафатени со овој проект веќе се реновираа од страна на Шилегов и за тоа се потрошија милионски суми. Значи, сето ова било за џабе. Повторно Скопје ќе има раскопани улици и зголемено загадување“, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска. За разлика од опозиционерите, пратеничката од СДСМ Даниела Маркоска го поддржа задолжувањето на државата за изградба на двете БРТ-линии во главниот град. За разлика од задолжувањето за споменици во минатото, пратеничката Маркоска рече дека од овој проект бенефит ќе имаат граѓаните. За неа, нејасно е зошто опозиционерите блокираат и се против изградбата на „трамвајот на тркала“ во Скопје. Бидејќи предложениот закон се наоѓа во второ читање, неговото финално донесување од Собранието на РСМ треба допрва да се случи. Засега е непознато на која собраниска седница ќе се постави овој закон пред пратениците, но и кога истиот ќе се усвои поради тенкото парламентарно мнозинство на власта и противењето на опозицијата за „трамвајот на тркала“. За да почне било што да се прави во однос на изградбата на првата БРТ-линија од Ново Лисиче до Ѓорче Петров, најпрво предложениот закон за задолжување треба да помине во Собранието на РСМ, потоа да се потпише договорот за заемот со ЕБОР. „Мета.мк“ веќе пишуваше дека со заемот треба да се покрие и изработката на основниот проект со пропратната документација за „трамвајот на тркала“, којшто треба да го распише ЕБОР. Дури откога ќе се изработи целокупната проектна документација, ќе може да се пристапи кон распишување на тендерот за избор на изведувач што ќе ја гради првата БРТ-линија и на додатниот тендер за избор на компанија од каде ќе се набави возниот парк. https://meta.mk/vlasta-i-opoziczijata-ne-se-soglasuvaat-okolu-izgradbata-na-tramvajot-na-trkala-vo-skopje/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Дали собранието ќе одобри заем за изградба на трамвај во Скопје?
https://kanal5.com.mk/dali-sobranieto-kje-odobri-zaem-za-izgradba-na-tramvaj-vo-skopje/a465499 |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
![]() 0:31 ДАФИНА СТОЈАНОСКА: „Брз автобуски превоз е само за повеќемилионски градови, не е за Скопје“. Колку треба да си ретардиран за да кажеш нешто вакво од собраниска говорница, и колку треба да си лајно од човек за да блокираш ваков проект затскривајќи се зад ваква „аргументација“. |
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
На страна неспособната опозиција, власта нема оправдување за неизгласувањето на вакви работи, особено што за помпа се собраа и изгласаа некаква си доверба за Владата, наместо да ги изгласаат ваквите работи.
|
|
![]() |
|
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
Прашањето што има најмногу тежина тука е дали скопските булевари се доволни за ваков превоз? Со изградба на метробусот, булеварите по неговата траса ќе станат булевари од понизок ранг, а алтернативи нема. Затоа се плашам дека на крај може да има и негативен ефект кон целокупниот градски сообраќај. Во најдобар случај треба паралелно да се започнат неколку проекти за докомплетирање на сообраќајната мрежа, а следејќи го темпото со кое се работи на тековните проекти, за такво нешто можеме само да сонуваме.
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
![]() БРТ лента има капацитет да транспортира неколкукратно повеќе луѓе отколку сегашна обична лента. И тоа да го прави многу поевтино. А во шпицовите, БРТ лентата е и побрза опција. Овие три фактори треба да се искористат како основа за тоа БРТ да отстрани што повеќе индивидуални патнички возила од булеварите. Исто така да не губиме од предвид дека булеварите што ги имаме во моментов се едно во теорија а друго во пракса (крајната десна лента на многу локации е хронично узурпирана за застанување, па и за подолго паркирање), па доколку се пренамени една лента за БРТ, а се стави точка на каубојштината на крајната десна лента, на некои места ќе имаме дури и подобрување на состојбата. Мислам дека клучни фактори за тоа БРТ да не креира сериозни нови проблеми, односно придобивките да бидат многу поголеми од жртвата што треба да се даде во форма на дедицирана лента се: 1. Добро проектирање на крстосниците кадешто ќе поминува БРТ и беспрекорно "real time" управување со тие крстосници. Гужвите и сега многу повеќе се создаваат на крстосниците, отколку поради недостаток на сообраќајни ленти на обичните сегменти. 2. Безкомпромисно наметнување на сообраќајна дисциплина, особено долж коридорите на БРТ. Не смее да се помисли да се толерира паркирање на булевар, а камо ли компромитирање на лентата за БРТ од страна на разноразни дивјаци и безмозочници. Освен ова, би додал дека на Линијата 1 има една критична точка која мислам дека мора да се реши инфраструктурно, тоа е мостот Обединети Нации: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3669&PID=249153#249153 Инаку целосно се согласувам дека треба паралелно да се започнат неколку проекти за докомплетирање на сообраќајната мрежа. Тоа воопшто не го спорам. Неколку такви проекти се многу потребни дури и без БРТ, а со БРТ стануваат итно неопходни. Во прв ред, како најприоритетни би ги издвоил: - Да се пробие булеварот АСНОМ низ Ќерамидница (заради Линија 1). Патем, знае ли некој како напредува експропријацијата долж трасата? - Да се пробие булеварот Климент Охридски до Топаанско Поле (заради Линија 2). - Да се поврзат Аеродром и Кисела Вода со најдиректна сообраќајна врска (заради Линија 2): http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1061&PID=249713#249713 Edited by Cloverstack - 15-Mar-2021 at 23:35 |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Е ова е интересен параметар кој треба мислам и јавно да се комуницира, барем по некои брошури за да се оправда затворањето на 30% од булеварот за БРТ. Мислам на капацитетот број на превезени патници по лента, што го спомена во првата реченица. Пошто секако треба да биде нели и целиот концепт оправдан. За споредба може и од други градови со постоечки овакви системи да се земат за пример.
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Незнаев дека бројките се од редот на 10-кратна разлика, сум очекувал 2 3 4 пати, ама не толку. нема зашто да не се верува на бројките.
Имам уште едно прашање за оние кои се поупатени во темата, а и гледам оддамна ја следите. Дали БРТ, кое ќе биде во Скопје на гас вероватно, дали може постепено да се се електризираат трасите? И постепено да преминат во ЛРТ систем? Некој процес пандан на железницата каде постепено се ектрифицираат трасите и се заменуваат дизел со електрични локомотиви? Ако се покаже како успешно, тоа и требало да биде следен логичен чекор. |
|
![]() |
|
stratus ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 755 |
![]() ![]() |
Претпоставувам дека од погорната анализа за БРТ е на дводелни (хармоника) автобуси со еден зглоб. Во денешно време има често три делни, а дури и четири делни автобуси за БРТ тип на транспорт, што значи имаат сериозен капацитет. Со тоа не гледам зошто бројките би биле поразлични од LRT, или од класичен транвај (овај е веројатно и полош).
Во однос на погонот мислам дека дискусијата е за некакво решение хибрид (струја со гас), шо е прилично модерно и чисто решение. Со сетоа тоа од аспект на возило нема никаков ќар од ставање на бандери за електрификација и копање за пруги. Класичен метро систем имаат и градови помали од Скопје, но тоа иако најдолгорочно добро решение, за жал, е премногу скапо за нас. Ние имаме толку многу други проблеми, влегување во приказна со Метро би било нешто со кое што со децении би се занимавале и не би виделе брз и реален бенифит. Може да е полошо и од пругата кон Бугарија. Подземно БРТ на одредени локации (како пример под мал ринг) би можела да биде некоја следна фаза после 10 или 20 години. Според мене, дефинитивно БРТ е тоа што му треба на Скопје. Зошто? - брзо за имплементација со однос на сегашната конфигурација на теренот. Замислете ја Партизанска да е раскопана со години за имплементација на dig&cover метро, што ќе се случи со сообраќајот во Скопје. - значително побрз проток и поголем капацитет од досегашниот. - најефтино решение по превезен патник - доколку е направено како што треба. Може да зборуваме за целосно чист и современ кавен транспорт, што ќе помогне значително во намалување на загадувањето. - постоечка навика за движење во автобуси за јавен транспорт. - компанијата Ван Хоол (која има фабрика во Ск) е еден од лидерите за производство на БРТ тип на автобуси. Би се произвеле кај нас, и би се продолжил континуитетот со јавен транспорт произведен во Скопје. Бидејќи се покажа дека опциице со кинеските и украинските автобуси беа невидена пропаст. Дискусијата треба да е повеќе не дали треба БРТ, туку како да се спорведе. - сериозно добро осмислена регулација на крстосниците, со што нормално би имале предност возилата на јавниот транспорт. времетраењето на црвено и зелено на семафорите може да се регулира спрема времето кога се движи БРТ автобусот. Единствено застанување да е на постојките за симнување и качуање на патници. А се останато да е регулирано спрема него. - физички одделување на крајна лева или крајна десна лента од остатокот на коловозот. Значи и ограда ако треба, или барем доста висок бетон, жардињера... мене лично крајна лева ми изгледа на подобро решение, со што би можеле да бидат заеднички постојките. - целосен монопол на јавниот сообраќај од страна на ЈСП. Да се забрани постоење на дополнителни компании како Слобода превоз и слични. Монополизацијата на јавниот сообраќај би ја издигнал и на национално ниво. Со што би се додале и неколкуте поголеми градови што веќе имаат јавен транспорт или треба да имаат. Има доста такви примери на национални и единствени компании за јавен транспорт низ ЕУ. Пример, Lijn во Белгија. Не може само Скопје да има привилегија при модернизирање на Јавниот транспорт. ТОј треба да се третира како национално прашање. Се разбира дека во Ск треба најмногу да се направи. Не треба еден ваков проект а се најавува како транвај на тркала во Ск, туку како револуција на јавниот транспорт во Македонија. - многу стратегии за поттикнување на користење на "новиот" јавен транспорт. Мора да има простор за велосипеди во возилата. Бесплатни карти за студенти и средношколци не за пензионери, тие сепак имаат каков таков приход за разлика од претходниве. промена на законот за вршење такси услуги. Такси превоз треба да е луксузна и инцидентна верзија на јавен транспорт, а не алтернативна. - можност за целосно преуредување на булеварите каде што би вревел БРТ. На пример, дел од лентата може да е и со трева, или бехатон плочки со отвори, каде расте трева. Двете останати ленти за возила да се потесни (како тие на булевар Кирил и Методиј) и да се изведе една лента за паралелно паркирање. Факт е дека е невозможно да се искорени навиката од 4 жмигавци кај му текне за да претрча до дуќанче, а притоа заглавил цела една лента, т.е. пола капацитет од коловозот. Затоа мора да се овозможи паралелно паркирање. Подобро осмислување на велосипедские патеки, да се една до друга двете насоки, а не како што е сега и секој се движи во насока како му дојде. Ставање на инсталациите под тротоарите, за полесно сервисирање итн.. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Пратениците ја завршија расправата за заемот за проектот за брз автобуски превоз во Скопје
Во Собранието заврши расправата по Предлогот на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“, по скратена постапка, а пратениците ќе гласаат по него кога ќе се создадат услови. Пленумот продолжи со работа по точки од дневениот ред од 30. седница. Пратениците за време на расправата дебатираа за тоа дали на Скопје му е потребен ваков превоз, за што ќе биде земен заем од 70 милиони евра, а ќе го плаќаат граѓаните на целата држава, зошто проектот до Собранието се доставува на крајот на мандатот на градоначалникот, а не на почетокот… Опозициските пратеници од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека проектот не е добар за главниот град, додека за претставниците на владејачките партии вакво нешто му е потребно на Скопје. Пратеничката Гордана Силјановска Давкова зборувајќи за проектот рече дека вакви проекти не се предлагаат на крај на мандатот и тие не треба да бидат на товар на сите граѓани во државата. Како пример ја посочи Софија, која метрото го изградила со заем, што го исплаќале само жителите на градот. Таа исто така смета дека треба да се преиспита организацијата на Скопје, кој има десет општини и излегува дека е „еден од најдолгите градови“. Давкова Силјановска забележа исто така дека иако тие кои се денеска на седница дебатираат за законот, него ќе го носат други пратеници кои не се присутни и нема да зборуваат за него. На ова претседателот на Собранието Талат Џафери одговори дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не сакаат „да прават кворум“ и затоа законот не може да се донесе и оти причина за тоа не се отсутните пратеници. Диме Велковски од СДСМ и реплицираше на неговата колешка од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека проектот не се поднесува на крајот на мандатот, бидејќи на него се работи неколку години и е влезен во Буџетот. – Дали граѓаните заслужуваат брз автобуски превоз? Треба да бидете коректни и да кажете дека се прават добри работи, а вие зборувате само за задолжувања-истакна Велковски. Давкова Силјановска одговори дека во Собранието проектот е пристигнат во ноември 2020 година и оти кога закоот би се носел во редовна постапка, а не во скратена, би можеле во Собранието да се поканат и експерти кои ќе зборуваат за неговата оправданост и од стручен аспект. Пратениците од опозицијата од другите градови зборуваа за состојбата со автобускиот превоз во нивните општини, а тема беше и пандемијата со Ковид-19, задолжувањето, како и работата на сегашните и поранешните градоначалници во контекст на локалните избори на есен https://www.vecer.press/пратениците-ја-завршија-расправата-з/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Зошто на Скопје како метропола му треба брз автобуски транспорт?
На Скопје одамна му треба итен стратешки одговор на проблемот со бавниот и нееколошки градски транспорт. Нашиот стратешки одговор, по примерот на стотици успешни градови ширум светот, е брз автобуски транспорт, популарно нареченото „автобуско метро“ или „трамвај на тркала“. Зошто на градот Скопје му е потребен брз градски превоз? И скопјани и сите други кои го посетуваат главниот град многу добро знаат зошто му треба. Сегашниот градски превоз е пребавен, неекономичен и недоволно безбеден. Двокатните автобуси се покажаа неадекватни за потребите на скопјани и како аерозагадувачи и зголемувачи на метежот. На Скопје одамна му треба итен стратешки одговор на проблемот со бавниот и нееколошки градски транспорт. Нашиот стратешки одговор, по примерот на стотици успешни градови ширум светот, е брз автобуски транспорт (Bus Rapid Transport – БРТ) или популарно нареченото „автобуско метро“ или „трамвај на тркала“. Со БРТ овозможуваме посебна траса за брзи автобуси, која ќе биде физички издвоена од останатиот сообраќај. Проектот БРТ е дел од нашата визија за Скопје како „Зелен град“, зашто значително придонесува за намалување на аерозагадувањето во главниот град, каде што е концентрирана околу една третина од популацијата на државата и секојдневно транзитираат над 100.000 лица од другите места. Зошто стотици градови во светот се одлучуваат за БРТ? Зошто еден развиен десетмилионски град како Џакарта, се одлучил да гради коридори за БРТ во должина над 250 километри? Зошто над 50 градови во Европа, над 40 градови во САД, 30-ина градови во Кина и други развиени светски градови како Отава, Мексико Сити, Истанбул, Ерусалим, Јоханесбург, Сиднеј и, најново, Токио имаат БРТ коридори? Одговорот на овие прашања е едноставен. Поради успешноста на БРТ проектите. Успешноста се мери со брзината на автобускиот превоз по засебните ленти, со пристапноста на автобуските станици на кои се врши брза наплата, со зголемената фреквентност и безбедност на автобусите практично изземени од градскиот сообраќаен метеж. Град Скопје планира да се придружи на друштвото од успешни градови со БРТ коридори, со имплементација на две линии за брз автобуски транспорт – линијата 1 (исток-запад, од Ѓорче Петров преку Центар до Ново Лисиче) од 12,81 км и 21 автобуска станица, а планираме и линија 2 (север-југ од железничката станица на булевар БиХ до бул. Борис Трајковски) во должина од 10,4 километри со 20 автобуски станици. Што постигнуваме со проектот за брз автобуски транспорт? Брзиот автобуски транспорт двојно го намалува времето на патување, а фреквентноста на автобусите од 3-4 минути за време на шпицот оневозможува градски гужви. Станиците на исто ниво со автобусите со рамен под овозможуваат брзо и лесно качување и слегување и целосна пристапност за патници со колички и со попреченост. Сообраќајната предност на автобусите им овозможува лесно и брзо движење низ градските сообраќајници и крстосници. Честотата, пристапноста, безбедноста, удобноста и брзината се показатели за квалитетни транспортни услуги кои ги охрабруваат граѓаните да го користат системот за јавен превоз наместо приватните возила. Зголемениот број луѓе што користат јавен превоз значи намалување на загадувањето на воздухот и подобрување на здравјето на граѓаните зашто брзиот автобуски превоз со ефикасни горива доведува до намалување на емисиите на стакленички гасови, емисиите на честички и нивото на бучава. Накусо, БРТ значи ем побрз, поефикасен и побезбеден автобуски превоз, ем почиста средина и поквалитетен живот во Скопје. Колку ќе чини воведувањето БРТ во Скопје? Во договорот за заем со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) се наведени трошоците за секоја категорија од двете транши за двете линии на БРТ. Финансирањето на градежни работи, стоки и проектантски услуги за реконструкција на булеварите во градот, автобуските постојки и две депоа и административна зграда за линија 1 ќе чинат 31,2 милиони евра. Или, споредено со т.н. проект „Скопје 2014“, 5-6 милиони евра помалку од партискиот музеј со восочни фигури (околу 17 милиони евра) и „Панорамското тркало“ (19,75 милиони евра). Набавката на нови нископодни автобуси за линија 1 кои работат на компримиран природен гас (CNG)/хибрид CNG, ќе чини 9,8 милиони евра, еден милион помалку од двете фонтани на плоштад Македонија и „Воинот на коњ“ кои заедно чинат над 10,8 милиони евра. Набавката на системски компоненти во возилата и автобуските постојки и интегрирање на крстосниците во Центарот за управување со сообраќај за линија 1 ќе чини околу 6,1 милиони евра или помалку од „Порта Македонија“, која чини над 6,3 милиони евра. За линијата 2 финансирањето на градежни работи, стоки и проектантски услуги ќе чини 11,1 милиони евра или 6,5 милиони евра помалку од фасадата на Владата за која Груевски потроши околу 17,7 милиони евра. Набавката на нови нископодни автобуси за линија 2 и набавката на системски компоненти во возилата и автобуските постојки ќе чинат околу 11 милиони евра или околу 3 милиони евра помалку од парите што ги потроши град Скопје за префасадирање на предниот дел од постојните згради во центарот на градот, во рамките на проектот „Скопје 2014“. Накусо, проектот за воведување брз, ефикасен, економичен и еколошки транспорт во Скопје ќе чини околу 70 милиони евра за двете линии или речиси 10 пати помалку од т.н. проект „Скопје 2014“. Со проектот за брз автобуски транспорт (БРТ) Скопје станува светска метропола и една поинаква приказна. Чекор по чекор. https://www.slobodenpecat.mk/zoshto-na-skopje-kako-metropola-mu-treba-brz-avtobuski-transport/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Шилегов го најави „трамвајот на тркала“, но не кажа кога ќе се реализира
Град Скопје планира да имплементира две линии за брз автобуски транспорт. Првата од Ѓорче Петров преку Центар до Ново Лисиче со вкупно 12,8 километри и 21 автобуска станица и втората од железничката станица на булулеварот БИХ до булеварот Борис Трајковски во должина од 10.4 километри со 20 автобуски станици. Оваа информација на сподели градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, во колумната „Зошто на Скопје како метропола му треба брз автобуски транспорт?“ во која ги објаснува придобивките од проектот за брз автобуски транспорт (Bus Rapid Transport – БРТ) во Скопје или популарно нареченото „автобуско метро“ или „трамвај на тркала“: „Брзиот автобуски транспорт двојно го намалува времето на патување, а фреквентноста на автобусите од 3-4 минути за време на шпицот оневозможува градски гужви. Станиците на исто ниво со автобусите со рамен под овозможуваат брзо и лесно качување и слегување и целосна пристапност за патници со колички и со попреченост. Сообраќајната предност на автобусите им овозможува лесно и брзо движење низ градските сообраќајници и крстосници. Честотата, пристапноста, безбедноста, удобноста и брзината се показатели за квалитетни транспортни услуги кои ги охрабруваат граѓаните да го користат системот за јавен превоз наместо приватните возила“, пишува Шилегов. Тој укажува дека зголемениот број луѓе кои користат јавен превоз значи намалување на загадувањето на воздухот и подобрување на здравјето на граѓаните зашто брзиот автобуски превоз со ефикасни горива доведува до намалување на емисиите на стакленички гасови, емисиите на честички и нивото на бучава. Брзиот автобуски превоз (БРТ) овозможува посебна траса за брзи автобуси која ќе биде физички издвоена од останатиот сообраќај и е воведен во стотици градови ширум светот. Според Шилегов, „БРТ значи ем побрз, поефикасен и побезбеден автобуски превоз, ем почиста средина и поквалитетен живот во Скопје“. https://plusinfo.mk/shilegov-go-na-avi-tramva-ot-na-trkala-no-ne-kazha-koga-e-se-realizira/ |
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
Напна со проектов...
|
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() ![]() https://www.facebook.com/groups/787942044967923 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
За брз и квалитетен јавен превоз, на #Скопје му се потребни итни инвестиции
https://meta.mk/za-brz-i-kvaliteten-javen-prevoz-na-skopje-mu-se-potrebni-itni-investiczii-video-foto/ |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 678910 22> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |