Author |
Topic Search Topic Options
|
Macedonian
Groupie
Joined: 25-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 78
|
Quote Reply
#921 Posted: 05-Jul-2010 at 22:42 |
Originally posted by toasumjas
не кревам паника јас.Тоа најмал проблем е кај нас. Ама поминав тамо и ви кажувам многу повеќе боде очи него на сликава.јас ја имав видено сликава пред да го видам споменикот и не го загледав размакот. |
И јас ги имам видено во живо но и тогаш не го приметив размаков,го приметив ти кога го потенцираше
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#922 Posted: 06-Jul-2010 at 18:40 |
Дали се дозволени зивотни во кафичи
|
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#923 Posted: 06-Jul-2010 at 18:43 |
Уште прашуваш, во Македонија се е дозволено...
|
 |
Buliwyf
Senior Member
Joined: 27-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 473
|
Quote Reply
#924 Posted: 07-Jul-2010 at 18:10 |
Ако добро приметив на идивиди камерата кај Гоце и Даме имаат поставено осветлување.
|
 |
Baze
Senior Member
Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
|
Quote Reply
#925 Posted: 08-Jul-2010 at 13:51 |
Незнајниот војвода во Кисела Вода ќе чини 200 илјади евра Фигура на незнаен македонски војвода на коњ, кој ја симболизира македонската револуционерна борба во периодот од 19 кон 20 век е спомен-обележјето чие поставување беше најавено на последната седница на Советот на Општина Кисела Вода. Со ова, но и со уште неколку други беше дополнет предлог-програмата за поставување спомен-обележја на територијата на општината за периодот од 2008 до 2012 година. За изградбата на незнаениот македонски војвода, кој треба да биде лоциран на ротондата на улиците Народни херои и Првомајска, Владата веќе одобрила 12 милиони денари или околу 200 илјади евра. Постаментот за ова спомен-обележје ќе го гради Општината Кисела Вода, а ќе чини еден милион денари. Споменикот на незнаениот војвода треба да се подигне до крајот на 2011 година. Тој ќе биде висок пет метри и ќе биде во бронза, а мермерниот постамент ќе биде висок 3,5 метри. Предлог-одлуката треба да биде усвоена на денешната седница на Советот на Општината. Во општината ќе се поставуваат и споменик на паднатите борци-бранители во населбата Драчево, плоча на комитата Јане Павлески-Блажо во село Драчево, биста на Фредерик Шопен во Паркот на птиците и плакета на Шопен, која е веќе поставена. Бистата на Шопен официјално ќе биде поставена на 29 септември, а ќе биде донација од Амбасадата на Република Полска во Македонија. Општината Кисела Вода ќе го изгради постаментот, кој ќе чини околу 700.000 денари. (А.П.)
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2D776768E0ED6F4BB6B30D2390A46B7D
|
 |
Twoare
Newbiе
Joined: 28-Apr-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#926 Posted: 08-Jul-2010 at 18:14 |
I jas isto primetiv. Neka kaže nekoj ako gi imat videno voživo kako izgledaat. Mene mi ise čini deka se malce glomazni?
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#927 Posted: 09-Jul-2010 at 05:27 |
|
|
| Лавовите доаѓаат во блиндирани возила

Општина Центар бара магацин кој ќе биде обезбедуван 24 часа
Деспина Трајковска
Нова тура споменици од
„Скопје 2014“ ќе пристигне летово и тоа во блиндирани возила. Кои,
колку и кога ќе стаса пратката од Фиренца, општинарите од Центар, како и
досега, не откриваат. Неофицијално, овој пат, меѓу другите, ќе бидат
транспортирани и преостанатите два лава од четирите што треба да се
постават на мостот „Гоце Делчев“.
Иако од Општината и вчера
штуро информираа за активностите врзани за спомениците тешки десетици
милиони евра, дознаваме дека општинарите се во потрага по магацин во кој
би ги складирале спомениците, а бараат и услуги за да реализираат
меѓународен транспорт. Понудите, според процените, треба да финишираат
најдоцна до средината на идниот месец. Надлежните не појаснуваат зошто
им се потребни магацинот и услугата за транспорт, иако е повеќе од
очигледно. Единствено велат дека изнајмувањето на магацинот е за
складирање на моделите на скулптури. Во тајност ја држат и локацијата
каде ги чуваа веќе поставените и се' уште не промовирани споменици, а не
сакаат да ја откријат ни сумата која ја плаќаат за користење на
просторот.
„Во магацините се складираат вратените модели. Во
одредени случаи магацинот ќе се користи и за мали подготовки на
спомениците. Во повеќето земји локалната самоуправа или Владата кога
нарачуваат споменик, моделите ги чуваат во магацин. Како и досега, ќе
бидете навремено информирани за пристигнувањето на спомениците и нивното
поставување“, беше одговорот од кабинетот на градоначалникот Владимир
Тодоровиќ на прашањето за јавните набавки и предвидената динамика за
транспорт и поставување на преостанатите споменици од „Скопје 2014“.
Инаку,
еден од условите што ги бара Општината за најмување магацин е тој да е
оддалечен најмногу 5 километри од Скопје, да биде тврда градба,
сигурноста на објектот да е загарантирана 24 часа и да обезбедува
природна вентилација со заштитени отвори. Истовремено, еден од главните
критериуми е објектот да е со површина од 600 квадрати во еден или, пак,
поделен на два дела, широк 10, а висок 8 метри. Влезната врата на
магацинот треба да овозможи пристап на натоварен виљушкар, односно таа
да биде висока 7 метри и широка 3 метри. Параметри кои укажуваат дека,
дефинитивно, во магацинот ќе се складираат споменици. Во јавната
набавка, пак, за меѓународен транспорт, општинарите бараат транспорт по
копнен пат во блиндирани возила. |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=51EAED7A2F1D5946A5812B691CB0083B
Edited by Cloverstack - 09-Jul-2010 at 09:09
|
 |
Baze
Senior Member
Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
|
Quote Reply
#928 Posted: 09-Jul-2010 at 13:58 |
Какви блиндирани возила, па и од злато да беа спомениците немаше да ги носат во блиндирани возила, случајно да не биде ангажирана и некоја помала војска за обезбедување на конвојот со спомениците, па и од НБРМ парите не се транспортираат со блиндирани возила... ццц што е следно аларм во спомениците ако некој се обиде да се доближи до нив?
|
 |
Baze
Senior Member
Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
|
Quote Reply
#929 Posted: 09-Jul-2010 at 14:13 |
ИАКО ПОСТАМЕНТИТЕ НА МОСТОТ СЕ ПОСТАВЕНИ ПРЕД ШЕСТ МЕСЕЦИ„Гоце Делчев“ уште ги чека лавовите
Валентина Стојанчевска
Четирите лавови, вредни околу два милиона евра, се уште не се поставени на мостот „Гоце Делчев“, иако тоа беше најавено уште пред шест месеци. Најпрвин во јануари градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ истакна дека за еден месец ќе бидат поставени двата египетски лава, но постаментите останаа празни. Подоцна, при поставувањето на споменикот на Методија Андонов-Ченто од Општината повторно најавија дека за еден месец ќе се постават и лавовите. Помина и тој месец, но и понатаму немаат конкретен одговор кога скопјани ќе имаат чест да ги видат лавовите. - За поставувањето на четирите лава, пред и по мостот „Гоце Делчев“, ќе бидете навремено информирани за точниот временски период на поставување - кусо вчера ни одговори Јовица Ацковски, портпарол на Општина Центар. Сепак, неофицијално дознаваме дека лавовите нема да бидат поставени ниту во текот на овој месец. Ацковски не сакаше да одговори зошто е одложено нивното поставување, како и тоа дали лавовите се уште се наоѓаат на Царинската управа каде што беа сместени веднаш штом беа донесени во земјата. Иако лавовите доцнат, сепак, надлежните не запираат со реализирањето на останатите идеи од проектот „Скопје 2014“, а забрзано се работи и на градбите за кои Уставниот суд пред една недела се изјасни дека се неуставни и ја укина одлуката за нивна изградба. На терен се работи интензивно, а деновиве е распишан јавен повик за изведбен проект за подземно паркирање во тој реон, именуван како локалитет „Мал ринг“. Надлежните велат дека изградбите ќе продолжат бидејќи веќе имале градежни дозволи за градба, а од Уставниот суд, пак, се децидни дека и покрај дозволите, изградбата мора да запре бидејќи последните измени на ДУП „Мал ринг“ се неуставни, односно одлуката е донесена во скратена постапка, наместо во редовна, како што налага Законот за просторно и за урбанистичко планирање. Од Уставниот суд посочуваат дека најдоцна до понеделник одлуката ќе стане правосилна бидејќи дотогаш треба да излезе во „Службен весник“. И архитектот Мирослав Грчев, кој ја поднесе иницијативата до Уставниот суд, посочува дека градбите под итно треба да запрат. - Ова е уште еден обид на власта своето криминално и незаконско работење да го покрива со лажна псевдо-правничка формула, се со цел да изнајдат начин да продолжат да градат, иако е во спротивност на уставот и на законите. Кога уставната одлука за укинување се однесува за дел од урбанистички план кој уставно е оспорен, тоа значи дека сите активности треба да запрат. Владата вака се однесува бидејќи не чувствува одговорност и срам, и уште еднаш докажува дека работи незаконски - истакнува Грчев. Тој додава дека неодамна до Уставниот суд поднел уште една иницијатива која што, исто така, се однесува на проектот „Скопје 2014“. - Ја оспорив и одлуката на Општината за изградба на спомениците на плоштадот бидејќи, според Законот за спомен-одбележја, таква одлука не може да донесе Општината, туку само Собранието на Република Македонија и тоа за секој споменик одделно. И тука работата е чиста и очекувам и оваа одлука да падне на Уставен суд - вели Грчев. Според последната анкета на ИРИ, дури 66 проценти од граѓаните се изјаснија дека се против проектот „Скопје 2014“.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=2064&ArticleID=144209
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#930 Posted: 14-Jul-2010 at 15:38 |
ВТОР ДЕН РАСПРАВА ЗА РЕБАЛАНСОТ
Нови 6 милиони евра за
споменици
"Од буџетот на
Министерството за култура во буџетот на Општина Центар ќе бидат
префрлени 5 милиони евра повеќе за изработка на споменици и уште 1,5
милион евра за подготовка на проектна документација, со што износот за
споменици ќе достигне 12,5 милиони евра", рече вчера пратеникот Јани
Макрадули од СДСМ
Катастрофален ребаланс на Буџет, за кој и Владата знае
дека кратко ќе трае и ќе ја доведе државата во уште поголема криза,
оцени опозицијата вчера, на вториот ден од собраниската расправа за
првото прекројување на Буџетот. "Владата ја јакне економијата на
Италија и на Австрија. Од буџетот на Министерството за култура во
буџетот на Општина Центар ќе бидат префрлени 5 милиони евра повеќе за
изработка на споменици и уште 1,5 милион евра за подготовка на
проектна документација, со што износот за споменици ќе достигне 12,5
милиони евра", рече вчера пратеникот Јани Макрадули од СДСМ. И
неговиот сопартиец Владо Бучковски критикуваше: "Сега веќе не велите
'остваруваме' туку 'бележиме'. Е и ние ви бележиме дека имате проблеми
со исплата на платите, пензиите и на стипендиите, доцните со
враќањето на ДДВ, не плаќате за извршените услуги. Вашите луѓе
задолжени за носење странски инвестиции Веле Самак и Виктор Мизо велат
дека е потребно да се работи 2-3 години за да се донесе странска
инвестиција. Со тоа само признавате дека инвестициите кои се
реализирани во 2007 и во 2008 се на СДСМ", рече Бучковски. "Со сила
ме терате да се споредуваме, иако не сакам", врати Крсто Мукоски од
ВМРО-ДПМНЕ, наведувајќи дека бројките покажуваат оти Владата на ВМРО -
ДПМНЕ ги удвоила реализираните странски инвестиции, дека во време на
СДСМ просечната плата била 12.600 денари, а сега е 20.450 денари, оти
невработеноста тогаш била 38,7 отсто, а сега е симната на 32 отсто. Марјанчо
Николов од СДСМ рече дека Владата лаже кога тврди дека не ги
намалува платите. "Прашајте во 'Македонски пошти', 'Македонски
шуми' и во 'Македонија пат'. Во Пошта им рекле дека им ги намалуваат
платите сега за 10 отсто, а ќе им ги зголемат наредната година",
забележа Николов. (А.С.)
http://www.vest.com.mk/?ItemID=8584A4C05FB2C44781BD8999A7F61C1E
Edited by Cloverstack - 14-Jul-2010 at 17:10
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#931 Posted: 16-Jul-2010 at 05:21 |
|
И Јулија Тертила стаса за леење

Се бара леарница за 29 скулптури предвидени да го чуваат
мостот „Око“
Деспина Трајковска
Општина Центар на
дневен ред за леење ги стави скулптурите што се предвидени да се
постават на мостот „Око“ иако е очигледно дека тие ќе можат да го
„чуваат“ објектот дури за две години. Тогаш се очекува да биде изграден
пешачкиот премин на Вардар, а во меѓувреме ќе треба да стане и „легална“
последната верзија на урбанистичкиот план „Мал ринг“ за да не бидат
спорни скулптурите. Независно од тоа, Општината веќе бара леарница за
нивно леење.
Општинарите велат дека јавниот повик за избор на
леарница се однесува на 28 скулптури иако вкупно 29 се предвидени да се
распоредат на „Око“. Всушност, виси леењето на пајонската свештеничка,
која е предвидено да биде централната скулптура. Од Општината вчера не
знаеја да објаснат зошто и таа не е дел од јавната набавка.
„Тендерот
не се однесува на споменици, туку на уметнички скулптури, вкупно 28.
Мотивите ќе бидат тематски ликови, избрани според условите на конкурсот
за идејно решение. Скулптурите ќе бидат на историски личности за чие
постоење и дејствување на нашите простори постојат потврдени археолошки
наоди“, одговорија од Општината.
Избраната леарница ќе има
обврска сите скулптури да ги излее во бронза со висина по два метра. На
листата за леење се ликови од подалечната македонска историја,
благородници, свештеници, кралеви меѓу нив и борецот за права Јулија
Тертила, за која генерално пошироката јавност нема сознанија.
Распоредени од двете страни на мостот, по 14 скулптури ќе се наоѓаат и
ликовите на последниот македонски крал Персеј, на охридскиот архиепископ
Прохор Доротеј, на сликарите иконописци Михаил и Евгениј, зографот
Јован...
Инаку, неизвесно е дали леењето на оваа тура скулптури
ќе се финансира со парите коишто наскоро ќе се префрлат на општинската
сметка, трансферирани од Министерството за култура. Имено, нови 6,6
милиони евра Владата ќе и' префрли на Општината за намена „култура“ со
што автоматски досега речиси 13 милиони евра државни пари се дадени на
општинарите за да се реализира дел од „Скопје 2014“. |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4546384DF65D6742AC42A6D26323C3E7
Edited by pbanks - 16-Jul-2010 at 08:27
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#932 Posted: 16-Jul-2010 at 22:15 |
Општина
Центар распиша оглас за монументална фонтана и три споменици Општина
Центар распиша уште еден оглас за изработка на идејно решение за
подигање монументална фонтана со барелјефи за житијата на светите
апостоли Петар и Павле, света Богородица и свети Никола во кругот на
црквата „Пресвета Богородица“. Станува збор за специфична форма
на споменици оти, како што велат во Општина Центар, според некои правила
во православието на светците не им се граделе споменици, туку
барелјефи. Од Општината рекоа дека материјалот од кој ќе бидат
изработени овие споменици зависи од авторите и од идејните решенија. Плановите
или проектите, кандидатите треба да ги достават најдоцна до 20 август
2010 г. За најдобрите идејни решенија Општината планира да потроши околу
300.000 денари, и тоа 100.000 денари за првонаградениот, втората
награда е 75.000, а третата 50.000 денари. Фондот за обесштетување е
25.000 денари. Овие споменици ќе се градат од парите што
неодамна Владата ги префрли на сметка на Општината. За новата тура
споменици Центар ќе има на располагање нови 6,6 милиони евра. (М.Д.Т.)
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C1C5566D3E995B43A2ADC06B400FC9D0
|
 |
fichot
Senior Member
Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2602
|
Quote Reply
#933 Posted: 19-Jul-2010 at 11:09 |
како тоа не им се граделе споменици? а Кирил, Методиј, Наум, Климент?
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#934 Posted: 20-Jul-2010 at 16:09 |
dali prometivte deka kaj plostad makedonija kaj skalite(vednas do fontanite vo stranata na poranesnata banka)) e podgotvuva za spomenik Ako ne se lazam........
41°59'47.17"N 21°25'57.66"E
Edited by my Macedonia - 20-Jul-2010 at 16:13
|
 |
Baze
Senior Member
Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
|
Quote Reply
#935 Posted: 20-Jul-2010 at 20:49 |
Да, кај скалите кај плоштадот во близина на поранешната народна банка се прави постаментот за споменикот на Гемиџиите а денес се поставуваа и релјефите на постаментот, инаку постаментот е во кружна форма.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#936 Posted: 24-Jul-2010 at 20:24 |
Партизаните бавно
се враќаат во паркот

Десетина
години во Градскиот парк, поради вандализам и кражби, нема ниту една
биста од народните херои од Народноослободителната борба, како и
од македонските револуционери, поради што градоначалникот Коце
Трајановски најави дека годинава ќе ги врати обележјата на старите
места. За таа намена во буџетот беа издвоени 60.000 евра, но сега од
Одделението за односи со јавноста во Градот велат дека тие пари всушност
се однесувале на обнова на зеленилото, урбаната опрема и друго во
паркот.
Градоначалникот Коце Трајановски пред неколку месеци
изненади со изјавата дека „сака да го врати она што постоело пред 40-50
години“. Враќање на бистите на хероите, односно изградба на алеја на
великаните најавуваше и поранешната градоначалничката на Центар, Виолета
Аларова, но не стори ништо конкретно, а сите останати претходни
градоначалници наоѓаа илјадници изговори кога и да беа запрашани за
„исчезнувањето“ за овој дел од историјата.
Иако од Градот се'
уште нема ништо конкретно, оттаму велат дека не се откажуваат од идејата
за враќање на бистите на борците. Велат дека се во преговори
Министерството за култура, бидејќи како Град такво нешто не им
дозволувале законските услови.
- Средствата предвидени во
буџетот се за реконструкција на паркот, според идејното решение што Град
Скопје го обезбеди на јавен конкурс. Во тек е реализација на повеќе
проекти од ова решение. За сегментот на обновување и враќање на
спомениците, најнапред треба да се обезбедат законски услови за решавање
на ова прашање, кое долги години се провлекува. Градоначалникот
Трајановски е во комуникација со Министерството за култура и се очекува
да се создадат сите услови за уредување на бистите - изјавија од Градот.
Кога и како ќе почне поставувањето, надлежните не појаснија.
Исто така не одговорија и дали досега нивна комисија направила увид
колку бисти имало претходно во паркот и на кои личности биле посветени.
Јорданка Ивановска |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=B1DADB507267E34C940FB3600B4F30B8
|
 |
Baze
Senior Member
Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
|
Quote Reply
#937 Posted: 26-Jul-2010 at 22:27 |
Ова е дел од споменикот посветен на Гемиџиите, постаментот со релјефот. Сликата е направена пред три дена кога се монтираше релјефот.
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#938 Posted: 27-Jul-2010 at 09:35 |
spomenicite na gemciite se postavuvaat vo momentov(ne mozam da slikam od webcamot, ne znam sto mu e)
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#939 Posted: 27-Jul-2010 at 17:25 |
Почна поставувањето на скулптурата „Гемиџии“27 јули 2010, 13:44 Извор: Макфакс / фото: Филип Поповски
Скопје
Две фигури од вкупно седум колку што ќе ја сочинуваат скулптурата
„Гемиџии“, во вторник се поставени на градскиот кеј, во близина на
Камениот мост во Скопје.
Фигурите се изработени од бронза и се излеани во Фиренца, а
поставувањето го вршат стручни тимови од италијанскиот град.
Официјалното промовирање на скулптурата „Гемиџии“, која е дел од
проектот „Скопје 2014“, се очекува да биде во среда. /крај/кс http://www.makfax.com.mk/#112822
|
 |
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#940 Posted: 27-Jul-2010 at 18:14 |
Edited by Makedonij - 27-Jul-2010 at 18:17
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
 |