колку што сум видел гајле нема. навистина. него не ги зедов грците за пример колку е тоа добро изведено, туку за пример колку едни дилетанти полоши и од нас сепак можат нешто да направат и да личи на тоа што треба. ако некогаш имаш прилика да дојдеш во солун ќе видиш колку добро функционираат патеките, навистина. и, нормално, секој ден има полиција која проверува дали некој има паркирано на велосипедска, пред некој ден баш начекав залепија 3 казни на бугари. нормално грците знаат веќе дека не треба таму да паркираат.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
па не гледам дека има голема разлика од патеките кај нас до оние во солун, единствена голема разлика се законите кои си функционираат правилно туку муабетот не ми беше за паркирањето, туку близината на велосипедистите со останатиот сообраќај, поарно дај му на коловоз да вози велосипед
колку што сум видел гајле нема. навистина. него не ги зедов грците за пример колку е тоа добро изведено, туку за пример колку едни дилетанти полоши и од нас сепак можат нешто да направат и да личи на тоа што треба. ако некогаш имаш прилика да дојдеш во солун ќе видиш колку добро функционираат патеките, навистина. и, нормално, секој ден има полиција која проверува дали некој има паркирано на велосипедска, пред некој ден баш начекав залепија 3 казни на бугари. нормално грците знаат веќе дека не треба таму да паркираат.
од моето скромно солунско искуство, Грците горе доле од поодамна се научени да не возат по автобуска лента каму ли да паркираат. Верувам дека исто би било и со велосипедскиве ленти така да не разбирам зошто поставиле бариери.
Сепак и мене не ми се допаѓа системов, мислам дека е поризично за велосипедистите. На велосипедски патеки трасирани на тротоар, често има по некое дрво, трафика, автобуска да го заштити човек од евентуална сообраќајна несреќа, тука е малку понезгодно.
ГРАЃАНИТЕ НЕЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ВОЗЕЊЕ ВЕЛОСИПЕДИ
Никој не ги рента велосипедите на Карпош
Триесетте
велосипеди стојат на пунктот пред општинските бараки,
граѓаните само ги гледаат на поминување, но не ги рентаат
Велосипедите
кои Општина Капрош ги набави за изнајмување, никој не ги
вози. Триесетте велосипеди стојат на пунктот пред
општинските бараки, граѓаните само ги гледаат на
поминување, но не ги рентаат. Досега не бил изнајмен ниту
еден велосипед, а главната причина за тоа, според
општинарите, е високата цена. За еден час возење,
граѓаните треба да платат 20 денари, што, според многумина,
е скапо. Градоначалникот Стевче Јакимовски вели дека
иако стартот на проектот е неуспешен, не се откажуваат од
него. "Можеби причина зошто никој не ги рента
велосипедите покрај високата цена е и тоа што сега времето
е ладно. Изминативе два месеца проектот го водевме заедно
со Здружението на граѓани 'Еко свест'. Сега е целосно под
наша надлежност и веруваме дека оваа идеја за употреба на
велосипедите како превозно средство ќе ја заживееме
напролет. Тогаш времето ќе дозволува да се оди на работа или
на пазар со велосипед, а ќе ја намалиме и цената, што во
голема мера ќе го зголеми интересот кај граѓаните", вели
градоначалникот Стевче Јакимовски. Јакимовски
најавува дека напролет ќе отворат пунктови за изнајмување
и на Кејот на реката Вардар, во населбите Козле и Влае. (А.А.)
Колку само има нелогика со точациве и опште има ли некој што знае да собира бројки тамо?! Како прво има една голема глупост што точациве треба да се вратат од кајшто се земани, што воопшто не држи вода дека може да се користи масовно како превозно средство од точка А до точка Б! Што ќе ми превоз од А до А, освен рекреативно. Како второ еве да речеме и да се изнајмат на 9 часа да се отиде до работа или слично. 9*20=180 денари што е рамно на такси превоз во два правци за и не такак блиски дистанци. И после граѓаните биле овакви онакви, незнаеле да корситат точаци, менталиутетот, стандардот и секакви муабети ќе прочитаме.
НАСКОРО ЌЕ ПОЧНЕ ДОЛГОНАЈАВУВАНИОТ ПРОЕКТ На велосипед и во зима
Роза Петкова
Најавуваните
педесет велосипеди, дел од проектот за нивно изнајмување, деновиве се
поставени на градскиот плоштад, до паркиралиштето пред зградата на
„Македонски телеком“. Идејата која повеќе од една година се најавува
прво ќе се тестира, со тоа што граѓаните ќе се привикнуваат да го
користат велосипедот што повеќе, во замена за другите превозни
средства. Според иницијаторите од невладината организација „Екосвест“,
за да изнајмат велосипед, граѓаните ќе треба да покажат лична карта и
да потпишат изјава дека во случај да го оштетат велосипедот мора да го
платат во целост. Еден час користење ќе чини десет денари. - Викендов
се поставени велосипедите, а наскоро ќе се стави и стреа на
паркиралиштето за да бидат заштитени. Во партнерство меѓу нас, Град
Скопје и „Градски паркинг“ договорено е граѓаните да плаќаат кај
вработените во јавното претпријатие, кои ќе бидат задолжени за
велосипедите. Се уште не сме утврдиле кога ќе почне изнајмувањето,
чекаме потврда од градоначалникот на Скопје - објасни Јулијана
Даскалов, координаторка на проектот од „Екосвест“. На прашањето дали
зимските услови ќе го попречат проектот затоа што велосипед обично се
вози кога времето е топло, Даскалов одговара дека претходно ќе
организираат едукација за граѓаните, на која ќе ги уверуваат дека и
зимата е погодна за ова превозно средство. - Ќе прикажуваме кратки
филмови преку кои ќе им го покажеме на граѓаните искуството од други
европски земји, каде што велосипедот без проблем се користи и во зима.
Таму луѓето возат 365 дена во годината. Сакаме постепено граѓаните да
пробуваат и самите да ја развијат свеста за велосипедот, не како
средство за рекреација, туку како алтернатива на јавниот превоз - вели
координаторката. Сличен пункт веќе е отворен во дворот на општина
Карпош, со капацитет од 30 велосипеди. Половина од нив се дадени на
месните заедници, а „Екосвест“ потоа треба да пресмета колку бензин се
заштедил со нивното користење. Другата половина е за вработените од
Општината, кои, исто така, ќе треба да се привикнуваат на возењето
велосипед. Следните пунктови ќе бидат отворени во Аеродром и во Ѓорче
Петров, а крајна цел на организаторите е во секоја скопска општина да
има по едно место за изнајмување. Велосипедите се донација од
Глобалниот еколошки фонд. Со нив треба да се намали загадувањето во
Скопје, луѓето помалку да ги користат возилата, а повеќе велосипедите.
Со тоа би се намалил метежот во градот, но и нервозата на возачите, а
времето поминато со велосипед од една до друга дестинација, во
сообраќајниот шпиц, би било речиси исто како и со автобус или со
автомобил.
НА ЛЕВИОТ БРЕГ НА ВАРДАР Ролерската патека заробена во градилиштеВелосипедската
и ролерската патека на левиот брег на Вардар, која почна да се гради
спроти хотелот „Холидеј ин“, веќе некое време чека до добие асфалт.
Град Скопје, кој е инвеститор на изградбата, пред три месеци ангажираше
фирма која ги почна работите, но првата фаза од патеката се уште не е
завршена. Според градежниците, патеката нема да биде готова ни во скоро
време, се додека не се покачи температурата. Дополнително работите ќе
ги забави и новото градилиште на кејот, во делот пред Македонската
опера и балет, наменето за зграда на МНР, кое зафаќа и дел од
велосипедската траса. Од Градот велат дека тоа нема да биде проблем и
дека се тече според предвиденото. - Нема никаков застој во изградбата
на велосипедско-ролерската патека, освен краткиот зимски одмор, поради
новогодишните и божикните празници на вработените кај изведувачот. Таа
ќе се гради онака како што беше и најавено, во првата фаза од фабриката
„Комуна“ до мостот „Близнак“, во втората од Камен мост кон „Александар
палас“ и финално ќе се работи поврзувањето во централниот дел. Покрај
изведбата, работиме и на проектот за осветлување на целата траса на
левиот брег на Вардар - објаснуваат градските власти. Тие тврдат дека
ги имаат предвид сите активности што треба да се реализираат на потегот
меѓу Камениот мост и мостот кај хотелот „Холидеј ин“, и уверуваат дека
патеката нема да заглави во градилиштето уште неколку години, додека не
се заврши новиот објект. Исто така, пречка за патеката нема да била
ниту новата градска плажа затоа што сите содржини ќе се вклопеле со
градбите кои се почнати или допрва ќе се почнат.
The Biking campaign was supposed to be embedded in the development of a master plan for biking in Skopje. Because of a lack of cooperation with the municipality officials the implementation the master plan could not be finalized. Accordingly the implementation of the activities of the campaign concept have been substantially reduced, resulting in a major and strongly promoted event during the car free day (September). The focus of that event was to improve the partnership between partners in traffic in particular car drivers and bikers and to increase and improve the visibility of the ministry (image). Some thousand people participated in the main event on the occasion of the Tour de Skopje. Wide media coverage was achieved through cooperation with private TV channels and the Macedonian National Television. The attempts to jointly finalize the Bicycle master plan for Skopje will be continued in the extension phase. Impacts of the campaign will be measured through an opinion research foreseen for the extension phase
Се асфалтира велосипедската патека на левиот брег на Вардар
Конечно
започна асфалтирањето на ролерско-велосипедската патека долж кејот на
левата страна на реката Вардар, на сегментот од фабриката „Комуна“ до
центарот на Скопје. Патеката долга 1.800 и широка 4 метри почна да се
гради во ноември минатата година, но потоа подолг период активностите
беа прекинати. Зад инвестицијата од 6 милиони денари стојат градските
власти, а работите ги врши „Маврово Инженеринг“. Овој сегмент е прва
фаза од изградбата на комплетна ролерско-велосипедска патека на левиот
брег, по теркот на патеката што Град Скопје од 2008 ја гради и
надградува на спротивниот кеј.
Екипи на Градот Скопје почнаа да ја асфалтираат ролерско-велосипедската патека на левата страна на реката Вардар, на потегот од фабриката "Комуна" до центарот на градот. - Патеката е долга 1.800 метри, а широка четири метри. Ова е прва фаза од изградбата на ролерско-велосипедската патека на левата страна на Вардар. По должината на патеката се поставени бетонски рабници. За изградба на подлогата се употребени слој тампон и асфалтнобетонска смеса. Ролерско-велосипедската патека ќе биде обележана со хоризонтална и вертикална сигнализација, информираат од Градот.
Тие додаваат дека за подготвителните работи и за изградба на патеката ќе се потрошат околу 6 милиони денари. Патеката почна да се гради во ноември минатата година, а на изградбата работат екипите на "Маврово инженеринг".
Фотките се од сајтот на град Скопје, но мислам они треба да прецизираат дали медиуми можат да ги користат ваквите материјали од соопштенијата. Вака штознам... дива лига
А инаку да, медиуми повеќепати превемале (краделе ) фотки што членови на билд ги постирале на форумов. А тек колку пати ги немаме забележано кога преземале...
СЕ УШТЕ СЕ ЧЕКА ДА ЗАЖИВЕЕ ДОЛГОНАЈАВУВАНИОТ ПРОЕКТ Велосипедите останаа на плоштад
Роза Петкова
Велосипедите што со месеци стојат пред зградата на „Македонски телеком“ ќе почне да ги изнајмува јавното претпријатие „Градски паркинг“, а проектот, конечно, би требало да почне од идниот месец. Оттаму велат дека деновиве, заедно со невладината организација „Екосвест“, која подолго време го најавува проектот, го разработуваат концептот како ќе функционира изнајмувањето. Намерата е велосипедите да можат да се подигаат од едно паркиралиште со кое стопанисува претпријатието и да се враќаат на друго. - На пример, еден граѓанин ќе може да си изнајми велосипед во Центар, па со него да стигне до Аеродром и таму да го врати во некое од нашите паркиралишта. Сметаме дека ние сме најадекватни во моментов за да стопанисуваме со паркиралиштата за велосипеди и затоа се вклучуваме во проектот - вели Панче Стојановски, директор на „Градски паркинг“. Тој објаснува дека работата ќе ја вршат сегашните вработени во претпријатието и затоа нема да имаат дополнителни трошоци. - По еден вработен од секое паркиралиште ќе се грижи за велосипедите, ќе внимава во каква состојба се земаат и како се враќаат. Инаку, ако проектот бараше нови вработувања, ќе беше прескап - смета Стојановски. Скопјани ќе можат да се повозат за десет денари од час, иако цената не е фиксна и може да се промени. Граѓаните ќе треба да покажат лична карта и да потпишат изјава дека ќе одговараат во случај да го оштетат велосипедот. Исто така, се разгледува и варијантата да се наплатува само паркирање автомобил, а потоа граѓанинот бесплатно да си изнајми велосипед, а со тоа во претпријатието очекуваат да го поттикнат користењето еколошки превозни средства. Од „Екосвест“ велат дека во разговорите е вклучена и фирмата „Некст сенс“, која го работеше зонското паркирање, па се разгледува можноста и за велосипедите да се плаќа преку СМС. За почеток, проектот ќе почне од пунктот кај „Македонски телеком“, каде што презимија педесетина велосипеди, донација од Глобалниот еколошки фонд. Иако невладината организација најавуваше дека ќе ги поттикнуваат скопјани велосипедите да ги користат и на снег, тоа не се случи. Велосипедите останаа на отворено цела зима, покриени само со стреа и со најлон. Од „Екосвест“ велат дека тоа не е по нивна вина затоа што договорот за донацијата од ГЕФ истекол лани, но тие како ентузијасти не се откажале од проектот и ќе го туркаат се додека не се оствари. - За жал, велосипедите останаа надвор затоа што проектот технички ни заврши во септември. Но, продолживме да работиме на него и преговараме со Град Скопје, како единствена институција која може да го организира јавниот превоз и со „Градски паркинг“ - вели Јулијана Даскалов, координаторка на проектот од невладината организација. Понатаму се планира да се продолжи со пунктови кај поранешна „Нова Македонија“ и кај „Треска“ и на два пункта во Аеродром.
Пумпата ги избрка велосипедите од Карпош
Од „Градски паркинг“ велат дека ќе го вклучат и пунктот во општина Карпош кој лани беше отворен во дворот на општинските бараки, а сега веќе не постои затоа што на неговото место се гради бензинска пумпа. Тој ќе се префрли кај „Лептокарија“, на паркиралиштето што претпријатието планира да го стопанисува. Од Општината не знаеја да ни кажат дали некој ги користи 30. велосипеди, а на прашањето што се случува сега со нив, ни рекоа дека најверојатно се сместени во месните заедници.
Многу ми се свиѓа идејава. Замисли од Аеродром да идеш до центар и треба такси да фатиш. Со ваков крш сообраќај и 100 семафори, 100 денари не ти бегаат. Вака си земеш точак за 10 денари си стигнал. Супер е и што можеш да го оставаш на друг паркинг. Само да има повеќе вакви "паркинг станици", а не еден во општина.
Треба да се оди на партнерство со институциите, на пример, со универзитетот, Скопски пазар, а не само со Градски паркинг.
Претходно, треба да се спроведе истражување која популација би го користела ова превозно средство. Искрено, мислам дека студентите, пензионерите и работниците би биле порасположени за алтернативен превоз отколку возачите на автомобили како што мислат овие организации.
Едноставно, овие пунктови треба да се направат на оние места каде што се забележливи и корисни за граѓаните. Мислам дека поставувањето по дворови на општини и паркинзи за автомобили нема да доведе до популаризација на овој вид на транспорт.
Конечно, можеби неколку пунктови на кејот на Вардар се најпогодни за почеток, да се согледа дали скопјани се расположени за изнајмување на велосипедите за спортски активности, па дури потоа да се почне со создавање на сериозна мрежа од пунктови за изнајмување на велосипеди.
Студентите на архитектура
проектираа велосипедски патеки
На работилниците што се одржаа во рамките на
„Велофест 2010“ идните архитекти изработуваа
туристички,
рекреативни и градски
велосипедски
патеки
Во рамките на креативниот фестивал за велосипеди „Велофест 2010“
изминативе денови се одржуваа и неколку работилници и предавања за
студентите од Архитектонскиот факултет. Работилниците имаа за цел
теоретски и практично да ги запознаат идните архитекти со проблематиката
на проектирање велосипедски патеки. Студентите што учествуваа во оваа
работилница беа поделени на три групи. Првите требаше да проектираат
велосипедска патека за туризам, односно да најдат начин да ги поврзат
значајните туристички атракции и знаменитости во нашиот град со
велосипедски патеки. Оваа група требаше да се фокусира на Старата
чаршија. Втората група требаше да изготви проект за рекреативно возење
велосипед. Велосипедски патеки кои поврзуваат рекреативни зони во градот
и кои може да се вклопат во системот на веќе постоечките вакви патеки.
Студентите кои работеа на овој тип велосипедски патеки требаше да се
фокусираат на рекреативните зони во околината на градот, односно на
парк-шумата Водно, рекреативниот центар „Кањон Матка“, Марков манастир,
Катлановска бања, парк-шумата Гази Баба.
Третата група, пак, требаше да изработи велосипедски патеки за градска
употреба, кои ќе овозможуваат квалитетен и сигурен велосипедски
сообраќај, а со тоа и подобрување на квалитетот на живеење на подрачјето
на градот. Овие патеки студентите можат да ги вклопат во системот на
веќе постоечките патеки, да се предвиди ревитализација на оние кои
повеќе не се употребуваат или, пак, да се предвидат нови онаму каде што е
потребно.
Во изработката на проектите, студентите од сите три групи требаа да
предвидат и содржини кои патувањето би го направиле побезбедно,
поинтересно и поедноставно за користење. Исто така, сите типови на
велосипедски патеки кои ќе се предложат во работилницата ќе треба да се
вклопат во веќе постоечката сообраќајна мрежа во градот и да го зголемат
нејзиниот квалитет. При изработката, студентите внимаваа и на цената на
чинење за изведба на проектот со што ќе се создаде труд со потенцијал
да биде реализиран.
Студентите велат дека кај нас нема услови за возење велосипед. Тие
додаваат дека би биле премногу среќни, ако се овозможи некој од
проектите кои ќе бидат изработени на работилницата, да бидат прифатени
од градот и по тој пример да се направат велосипедски патеки во градот.
Идните архитекти планираат своите проекти да му ги подарат на градот, со
што ќе имаат активна улога во подобрувањето на градскиот сообраќај.
Во рамките на оваа работилница неколку предавања и презентации одржа и
Вим ван дер Вијк, професор од Холандија, кој зборуваше за предностите на
велосипедизмот. Во неколкуте презентации одржани на Архитектонскиот
факултет Вијк појасни дека употребата на велосипедите е многу поевтина
од возилата, помалку загадува, побезбедна е, поздрава и помалку стресна
отколку возењето автомобил. Исто така, на презентациите беа прикажани и
решенија за велосипедски патеки во Холандија, на обични улици, булевари,
крстосници, кружни текови, како и мостови и тунели. Прикажани се и
неколку табели за да се види како се одвива велосипедскиот сообраќај
кога има добри услови за него, односно кога има велосипедски патеки и
кога нема, а велосипедистите мораат да возат заедно со автомобилите.
Работилниците ги организираше Одржливи иницијативи во партнерство со
Архитектонскиот факулетет, во соработка со Коалицијата за одржлив
развој, а поддржани од градот и од амбасадата на Кралството Холандија.
Јавниот велосипед како лек за метежот и за загадувањето, ама каде
Од градот
Скопје велат дека со соработниците
„Екосвест“ и „Градски паркинг“ ги разработуваат сите варијанти
за стратегиско и здржано поставување на
проектот за промоција
на велосипедот
како транспортно средство
И додека скопјани со нетрпение чекаат да дојде мај и да може да
изнајмуваат велосипеди на плоштадот „Македонија“, градските власти
тактизираат и официјално не соопштуваат дали и кога точно ќе почне
реализацијата на проектот „Рент-а-бајк“. Станува збор за проект што ќе
го реализираат центарот за истражување и информирање за животната
средина „Еко-свест“, градот Скопје и јавното претпријатие „Градски
паркинг“. Велосипедите паркирани на неколку места низ градот треба да се
изнајмуваат по цена од 10 денари за час. Првите велосипеди за
изнајмување се набавени во август 2008 година, додека втората тура во
почетокот на 2009 година. Станува збор за вкупно 100 велосипеди.
Проектот го финансира Глобалниот еколошки фонд, а чини 50.000 долари.
Од градот Скопје велат дека со соработниците ги разработуваат сите
варијанти за стратегиско и издржано поставување на проектот за промоција
на велосипедот како транспортно средство.
- За конкретниот проект со вклучување на повеќе невладини организации и
јавното претпријатие „Градски паркинг“, се работи на целосното
утврдување на правилата за работа, обележувањето, наплатата и
промоцијата на проектот за изнајмување велосипеди. Освен тоа, градот
Скопје работи и на кампањата што треба да се реализира за промоција на
проектот користење на велосипедот. Кога ќе се вклопат сите овие
активности, градот Скопје, „Екосвест“ и „Градски паркинг“ ќе го почнат
проектот - одговорија одговорните за проектот.
Градските власти се заинтересирани за помасовна употреба на велосипедот
како превозно средство, па затоа ја почнаа изградбата на нови
велосипедски патеки на кејот на Вардар, а се обележуваат и постојните на
тротоарите по должината на булеварите. Во градот се подготвува и
студија за комбинирање на јавниот транспорт со вклучување и на
велосипедот. Од друга страна, пак, педесетте велосипеди што презимија
под стреа на плоштадот “Македонија” сé повеќе го привлекуваат вниманието
на скопјани, кои едвај чекаат да се повозат со нив.
- Ова е одлична замисла. Со масовната употреба на велосипедите ќе се
намали загадувањето на воздухот, ќе се намали и бучавата, а секако ќе се
подобрат здравјето и физичката кондиција на рекреативците. На велосипед
не сум се качила 15 години, но со нетрпение чекам да почне нивното
изнајмување и да се потсетам на гимназиските денови, кога непрестано
возев велосипед - ни рече Христина Апостоловска.
Нејзиното мислење го делат повеќето минувачи што ги затекнавме во
центарот на градот. Весна Аврамовска, која живее на Водно, вели дека
мрежата на градските сообраќајници е добра за возење велосипед, но нејзе
и пречат моторизираните „колеги“, за кои вели дека и немаат некое
почитување кон велосипедистите.
Како и во секоја скопска приказна, и во оваа има и спротивни мислења.
- Иако сумата од 10 денари за час возење и не е висока, сепак, нашите
татковци требаше да се распрашаат како е организирано изнајмувањето во
Белград, Загреб. А и тактизирањето со почетокот на оваа кампања кога
сезоната на возење велосипед почнува не е во ред, иако идејата е добра -
вели Крсте Каровски.
Пред
официјалниот почеток на проектот „Рент-а-бајк“ велосипедите треба да се
подмачкаат и подготват. ЈП „Градски паркинг“, неофицијално дознаваме,
треба да изработи држачи за нив, а нивни вработени ќе бидат ангажирани и
за изнајмувањата. Фирмата „Некст сенс“ треба да изработи програм за
плаќање преку СМС-пораки за зонското паркирање. Велосипеди можат да
изнајмуваат само постари од 18 години и со валидна лична карта.
Од „Екосвест“ планираат да се отворат повеќе пунктови за изнајмување
велосипеди на велосипедската патека од Аеродром до Ѓорче Петров. Крајна
цел на проектот е секоја скопска општина да добие по еден ваков пункт,
односно секаде онаму каде што „Градски паркинг“ може да обезбеди услови
за тоа на своите паркиралишта. А за да се разработи целиот систем, треба
да се види каде е најголема заинтересираноста за изнајмување
велосипеди.
Велосипедот е најеколошко алтернативно превозно средство, а некои
испитувања велат дека доколку секоја општина отвори по два пункта за
изнајмување, бучавата во градот ќе се намали за 4,5 децибели.
Светски искуства
Јавни велосипеди се користат во многу
градови. Досегашната практика во светот покажа дека сите модерни
системи на јавни велосипеди успешно се применуваат. Во Копенхаген, на
пример, секојдневно ги употребуваат дури 35 отсто од жителите.Во
Париз
се поставени 21.000 велосипеди, а за една година се забележани дури
47.000.000 возења, додека во Барселона за првите три месеци од
лансирањето се регистрирани 75.000 корисници. Во нашето најблиско
соседство, градската управа на Белград работи на проектот
„Циклирање“,
кој е сличен нашиот. Загреб е чекор понапред. Главниот град на
Хрватска, со уште пет европски града, лани го почна проектот
„Престо“,
кој ја промовира секојдневната употреба на велосипедот како бесплатен
градски превоз. Овој проект е кофинансиран од структуралните фондови
на
Европската Унија. Кон средината на јуни во Загреб треба да се појави и
„педалек“-велосипед, кој има помошен погон во облик на електромотор,
со
кој се постигнува брзина од 25 километри на час.
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum