![]() |
![]() |
![]() |
Железници (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 4041424344 69> |
Author | |
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Во втората вест директорот на МЖ го најави почетокот на работите во јуни, во првата вест зборот „влада“ е употребен сто пати. Кога ќе ги синтетизираш работите излегува дека за да почне реконструкцијата на железничките делници треба да се најде свечен ден на кој ќе може да присуствува државниот врв!
|
|
![]() |
|
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
СЖ (Словенски Железници) најавуваат по петти пат годинава дека се пушта туристички воз за Охрид (?) во склоп на неколку дневен аранжман во овој град. Не сум сигурен за што точно се работи но еве го објаснувањето:
Izlet v Makedonijo Oglejte si najlepše Makedonsko mesto in biser Balkana in se nam med 18. in 23. 9. pridružite na 6 dnevnem vodenem nostalgičnem potovanju z vlakom v Makedonijo, na Ohrid. Čakajo nas lokalni ogledi, samostani, vožnja z ladjico do sv. Nauma, zabava, kulinarika, obujanje spominov… www.slo-zeleznice.si/sl/potniki/tujina/na-izlet-tujina/izlet-makedonija. Prijave za še zadnja prosta mesta zbiramo v Infocentru Ljubljana, po e-pošti na: info.potnik@slo-zeleznice.si in na številki 01 29 12 391. http://www.slo-zeleznice.si/sl/potniki/tujina/na-izlet-tujina/izlet-makedonija |
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|
![]() |
|
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
Веројатно ако ова воопшто е вистина.... планираат од Љубљана до Скопје со воз и натаму до Охрид со автобуси... друга варијанта не гледам... пруга до Охрид нема...
|
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
![]() |
|
mr bombastic ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 420 |
![]() ![]() |
WTF?!?! Не ми се верува каков FAIL е ова од словенски железници, изгледа одамна не ја погледнале железничката мапа на Македонија ![]() Како и да е оваа вест уште еднаш ни докажува колку би било добро да се има пруга до Охрид, едноставно тоа мора да биде приоритет...само кога ќе ми текне колку години отидоа за ништо а можевме до сега цела држава да ја поврземе железнички ![]() Колку е убаво чувството кога ќе прочиташ дека има пруга до Охрид, макар било и тоа лажно ![]() |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
јас гласам ЗА,одма да се започне прво со експропријација на земјиштето(трасата ми фаќа на најмалку 2-3 ниви)
![]() |
|
![]() |
|
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
хххххх.... за општественото добро, поштеди ја државата од неколку милиони... xD
|
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
![]() |
|
mr bombastic ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 420 |
![]() ![]() |
Владата почнува инвестиции за модернизација на железницата
03.09.2012
Инвестициите во инфраструктурата заземаат значајно место во програмата на Владата. Оваа политика го има полното внимание на Владата и активностите во оваа област во идниот период ќе продолжат и ќе се интензивираат. Сакаме да информираме дека Владата на Република Македонија одлучи да стартува инвестициски циклус во модернизација на железничката мрежа во земјата и модернизација на возниот парк на железницата. Целта на модернизацијата е зголемување на квалитетот на превозот на граѓаните, да се унапредат можностите за остварување на комуникација, и да се даде поддршка на бизнис заедницата во врска на транспортот на стоки. Прво, изработен е акциски план, согласно кој за дел од железничките линии и делници ќе се отпочне со непосредно извршување на градежни работи, за дел ќе следува постапка за избор на изведувач на градежни работи, а за некои ќе се отпочне, или пак ќе се финализира постапката околу заокружување на финансиската конструкција и обезбедувањето на средства. Дозволете да се задржам на дел од акцискиот план. Во текот на првата половина на месец септември ќе се отпочне со градежни работи за модернизација и ремонт на железничката делница од Коридорот 10, Табановце- Куманово. Вкупната должина која ќе биде модернизирана е 13,3 километри. Обезбедени се и ќе бидат ангажирани средства во висина од 4 милиони евра. Исто така, во текот на првата половина на септември ќе се отпочне со градежни работи за модернизација и ремонт на железничката делница Миравци- Смоквица, која е исто така дел од Коридорот 10. Оваа делница која е предмет на работа е во должина од 13,1 километар и за неа ќе бидат исплатени 3 милиони евра. За двете делници избран е изведувач на градежни работи за модернизација и ремонт, и тоа конзорциум од реномирани компании од Австрија и Германија, што дава гаранција за квалитетот на изведбата. Подготвителните работи се во полн ек, и наскоро се очекува почеток на работата. Согласно договорот, целата активност за модернизацијата на овие две железнички делници, во вкупна должина од 26 километри треба да биде завршена во 2013 година. Владата обезбеди и средства за реконструкција на железничката делница Згрополци- Ногаевци, која е исто така дел од Коридорот 10, во висина од 10 милиони евра. Во текот на септември ќе биде распишана постапка за избор на изведувач на градежни работи на модернизација и ремонт и на оваа делница, која е во вкупна должина од 28 километри. По завршување на постапката ќе се склучи договор со економскиот оператор, и согласно законите се очекува почетокот на градежните работи да започне најдоцна во првиот квартал од 2013 година. Градежните работи кои се предмет на модернизацијата и ремонтот ќе опфаќаат санација на долниот строј на пругата, подобрување на техничките карактеристики на горниот строј на пругата преку замена на трулите дрвени прагови со нови армирано бетонски, како и замена на шините и положување на нов толчаник. Исто така, со Проектот е предвидено обнова на горниот строј на 9 патни премини во ниво и истовремено ќе се врши замена на постојаните стојалиштата со нови бетонски елементи. Со овие активности ќе бидат модернизирани и ремонтирани 54 километри од железничката пруга на Коридорот 10, за што Владата, во соработка со ЕБОР, обезбеди средства во висина од околу 20 милиони евра кои ќе ги лоцира за оваа намена. Очекуваме со овие, но и со другите активности значително да се подобри квалитетот на пругата, да се зголемат можностите и квалитетот на транспорт, и да се подобрат условите за превоз и за граѓаните и за бизнис заедницата. Остануваме посветени и фокусирани и на изградба на нова пруга, согласно проекциите, како и за модернизација на железничкиот возен парк, за што се прават финалните подготовки за што ќе информираме дополнително. Второ, многу значаен дел од железничкиот транспорт претставува возниот парк кој го поседува државата. Во оваа сфера досега се преземале малку инвестиции, а денешните возни средства на железницата се амортизирани и со просечна старост од околу 40 години, што создава сериозни предизвици. Владата на Република Македонија одлучи да започне проект за обезбедување на нови и современи возни средства за железницата во нашата земја. Процесот е комплексен и обемен поради децениското неинвестирање во оваа област, но тој почнува и ќе донесе квалитет, резултати и голема корист и за граѓаните и за компаниите. Ќе биде потребно време, ангажман на средства и енергија, многу мерки и активности но тој ќе заврши со успех. За реализација на проектот Владата обезбеди и одлучи да ангажира 50 милиони евра, во соработка со ЕБОР Со овој проект планирано е да се набават нови:
Ова ќе значи сериозно и големо осовременување на нашата железница, за таа да биде компатибилна со новите текови и движења и да претставува удобен сервис за граѓаните и компаниите. Владата усвои и прецизен акционен план за реализација на оваа дејност. Веќе е во тек постапка за избор на консултант кој ќе и помага на МЖ Транспорт АД во целокупниот процес, на кој 12 фирми доставија понуди и во тек е евалуацијата на понудите. Во октомври треба да се избере економски оператор и да се склучи договор. Потоа МЖ Транспорт АД во соработка со консултантите треба да ја спремат документацијата за постапката за избор на производител на патничките гарнитури и товарните вагони. Во 2013 треба најпрвин да се распише постапка за избор на производител, а потоа и да се склучи договор со производител кој ќе ги изработи и предаде средствата од возниот парк. Производителот ќе има обврска во фази, и
согласно точна динамика која ќе биде предвидена во договорот, да ги
испорачува патничките гарнитури, товарните вагоните, и да прави
реконструкција на дел од локомотивите, и комплетно со сите меѓуфази
процесот да заврши до 2015-16 годинa Со оваа модернизација граѓаните и компаниите ќе добијат модерни превозни железнички возни средства, удобни, ефикасни и ефективни, и на овој начин значително ќе се подобри квалитетот и можностите на железницата и општо на овој вид превоз во Македонија, со што ќе се создадат услови за квалитетна работа на компаниите кои работат во овој сектор, од што корист ќе имаат и нивните вработени, а ќе се зголеми и можноста за зголемување на доходовноста и рентабилноста на овие компании. Мислам дека овде има грешка, нема шанса делницата Згрополци-Ногаевци да е долга 28км, најверојатно се мисли на Неготино место Ногаевци..... |
|
![]() |
|
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
Железницата во последно време ми станува се поинтересна тема за размислување. Во тој ред на мисли ме интересира вашето мнение за следниве неколку прашања:
-која е најприоритетна линија на која има многу патници, а малку возови, т.е. која линија би требало приоритетно да има почест возен ред? -што мислите, парите во патничкиот превоз доаѓаат повеќе од локалните или од експресните возови? Кои се порентабилни со оглед на тоа дека кај нас имаме мал дел на рурална популација, а голем дел од населението живее во урбаните средини? -зошто не се пуштаат повеќе возови кон линиите кои и сега, односно без големи зафати се временски конкурентни на јавниот автобуски па и автомобилски прево, како Кичево и релацијата Велес-Прилеп-Битола? -која е најпрофитабилната линија на МЖ во моментов? Дали се тоа локалните или експресните возови? -дали не треба да биде приоритет локалниот сообраќај околу Скопје и дали тоа би било профитабилно за МЖ (и дали воопшто МЖ треба да го држи евентуалниот приградски превоз на Скопје)? -не е ли одлична идеа веднаш да се започне со изградба на делот до Аеродромот (идната година е многу веројатно да имаме 1 милион патници), при што мислам дека е сосема реално линијата само до Аеродромот да превезува над 1000 патници дневно, без ОИлинден, Бунарџик и Хиподром. Потоа, мислам дека треба да се работи на комплетна реконструкција и удвојување на трасата од главната железничка станица до Ѓорче Петров, што би овозможило пуштање на градска железница, која мислам дека и по сегашниот возен ред е многу конкурентна, а камо ли по нејзината реконструкција. -зошто не се размислува за поштање на многу повеќе возови на релација Куманово-Скопје-Тетово-(Гостивар), каде живеат околу 1 милион луѓе? Мислам дека ова ќе биде полн погодок, доколку има чест возен ред (да речеме на секој саат). -се размислува ли за изградба на интермодални терминали? Каде би можело да ги има освен во Скопје? Како логични локации ми се наметнуваат Куманово (К8 и К10), Велес (раскрсница на МЖ во Македонија) или Битола (заради близината на Грција). -имало ли некогаш друго депо освен во Скопје? Мене логично ми е такво да има и во Велес да речеме. -колку вкупно гарнитури имало МЖ во своите златни денови (а) во рамките на ЈЖ и (б) во периодот на независноста? -за крај што бидна со возот Битола-Прилеп? Прво го воведоа и веднаш потоа го укинаа? Знае ли некој дали линијава беше полна и дали беше профитабилна? Однапред благодарам доколку некој даде одговори барем на дел од прашањава. Секако секој е добредојден да даде свое мислење. |
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Андреј, убаво што се заинтересира на железницата. Најпрво, возот Битола-Прилеп е дефинитивно укинат, од она што можев да го видам тој сообраќаше со 1 вагон и имаше многу малку патници. На вака кратки релации, железницата дефинитивно не е конкурентна. Најбитното е што дивите таксисти треба да се искоренат.
Покрај депо Скопје, знам дека во бивша Југославија имало и депо Битола, а не сум сигурен за депо Велес. И јас сметам дека гаражирање на барем една електрична и дизел локомотива и една маневарка во Велес, во кругот на Колска е вистинската работа потребна за патничкиот и товарниот сообраќај. Расипувањата на возовите и доцнењата би се амортизирале. Во врска со возниот ред, во моментов постои воз кој секојдневно сообраќа на релација Табановце-Гевгелија преку Скопје. Мое мислење е одлична идеја да се воведе врска Тетово-Куманово, но само кога Куманово ќе добие адекватна станица во самиот град. Мислам дека железница треба сериозно да размислува на линија Битола-Кочани-Битола, сега ќе имаме Шпанци за вакво решение. Покрај тоа што ќе се поврзе истокот и западот на земјава, би можело да се оствари нормална врска од Скопје до Кочани, преку преседнување на патниците во Велес. Локалниот сообраќај од Скопје може да профункционира само доколку Град Скопје се реши да инвестира во МЖ-Транспорт во нови гарнитури, јас барав информации за оваа идеја од Град Скопје, но оттаму ниту еднаш не беа расположени за разговор на темата. Искрено, многу пари се во прашање, така што тука мора да има помош од странските фондови. За почесто сообраќање на возовите мора најпрвин да се реконструираат уште 1-2 Шпанци. Тоа е мое лично мислење. МЖ-Транспорт има недостиг од возен парк, а и натрупани долгови. Ако правилно се осмисли возниот ред, тогаш на утринскиот и вечерниот воз помеѓу Скопје и Битола може да сообраќа еден ДМГ. Најголеми приходи сигурно има од возот Скопје-Битола (ако не ја сметаме врската Скопје-Велес), но и тука расходите се убедливо најголеми. Патничките возови треба да се укинат, на жителите на селските средини треба да им се остави по еден воз дневно за да ја одржуваат врска со Скопје, а сите други возови треба да постанат брзи или експресни. Побрзо ќе се вози, помали ќе бидат трошоците, а ќе се зголеми бројот на патници. |
|
![]() |
|
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
Два пати дневно (утрински и попладневен) директен воз Кичево - Гевгелија и друг Битола - Кочани со опција префрлање за /од Кичево / Битола за / од Кочани / Гевгелија, во Велес.
БИТ 06:10 16:36 ПРИ 06:45 17:11 БОГ 07:22 17:48 --------------- КИЧ 05:43 16:09 ГЕВ 06:05 16:15 ГОС 06:16 16:42 ДКА 06:40 16:50 ТЕТ 06:32 16:58 НЕГ 06:52 17:02 ЃПЕ 07:12 17:38 =============== СКП 07:28 17:54 КОЧ 06:00 16:10 =============== ШТИ 06:40 16:50 ВЕЛ 08:10 18:36 =============== =============== ВЕЛ 07:34 17:44 НЕГ 08:48 19:14 =============== ДКА 09:02 19:28 СКП 08:16 18:26 ГЕВ 09:37 20:03 ЃПЕ 08:32 18:42 =============== ТЕТ 09:12 19:22 ШТИ 09:05 19:30 ГОС 09:28 19:38 КОЧ 09:45 20:10 КИЧ 10:02 20:12 --------------- БОГ 08:22 18:32 ПРИ 08:59 19:09 БИТ 09:33 19:43 Другите линии до и од Скопје да одат од и до Куманово, така би се обезбедило и поголема фрекфенција на (Табановце) - Куманово - Скопје и обратно без користење засебни гарнитури. Куманово - Маџари - Скопје ТЦ - ЃП - Тетово - Гостивар - Кичево (Шпанец, за да не е потрошено џабе време во префрлање локомотиви во Скопје од едниот на другиот крај на композицијата) Куманово - Маџари - Скопје ТЦ - Велес - Прилеп - Битола (Кенеди за почеток, во некоја иднина и нови ДМ гарнитури) Куманово - Маџари - Скопје ТЦ - Велес - Неготино - Демир Капија - Гевгелија (ел. локомотиви, понатака ЕМ гарнитури) Возот Скопје - Велес да го продолжат до Волково преку Ѓорче Петров, барем во работнички и школски шпиц.Горбачовите ќе се најдат за оваа релација. Регионалниот Битола - Прилеп да е ранг на патнички воз со застанување на сите места меѓу двете станици и врска од Бакарно Гумно кон Демир Хисар и Сопотница во утринскиот и попладневен шпиц(ако е целосно реновирана пругата за потребите на филмот кој го снимаа). Одеше пред 12-15 години една маневарка со 2 помали стари вагони од Бакарно Гумно до Сопотница како врска со БТ-СК, а и директно од Битола, дали понеделник и петок или така нешто... Според надворешен изглед беше баш ваква МЖ 734 и стоеше долго време во станица Битола, сега исчезната ![]() ![]() За загревањето на моторите во Шпанците според машиновозачите веќе не е проблем: Патувањето го продолживме во кабината на машиновозачот, каде што имавме прилика да поразговараме за техничките перформанси на Шпанецот. На смена беше Борче Насковски, кој работи како машиновозач од 1983 година. Пред да го оставиме да работи на мир, го замоливме да ни каже за техничките проблеми при искачувањето на стрмнините, за кои некогаш многу често се жалеа патниците. "Денес веќе го немаме тој проблем. Порано моторите беа поставени многу блиску еден до друг, па потешко се ладеа кога ќе се загрееа на стрмнините. Гарнитурите што ги користиме денес, во 1999 и во 2001 година беа реконструирани, при што им беа раздвоени моторите, така што веќе немаме таков проблем", ни рече. Извор Edited by Тркало - 22-Sep-2012 at 02:21 |
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Верувам дека одлични комбинации би можеле да се направат за железничко поврзување на земјава во насока исток-запад и север-југ со што и би се зголемил бројот на патници. Сепак, не треба да го заборавиме главниот факт, а тоа е дека имаме само едно депо во Скопје. Тука е сместен целокупниот сервис на возовите, намирување со гориво и локацијата за гаражирање на возниот парк.
Да речеме дека Битола има можност за намирување гориво, но што правиме со Гевгелија-Кичево? Тука би требало да се менува локомотива во Скопје, а и би требало некаде да се гарираат возовите. Сепак, тоа не е најголем проблем. Хипотетички, доколку се расипе Шпанецот кој во иднина би сообраќал на релација Битола-Кочани, тогаш треба од Скопје да се прати резервна композиција, плус до Скопје да се довлечка истиот и да се врати назад во Битола по поправката. Ако земеме колку ни е стар возниот парк, тогаш изводливо би било единствено поуздана ДМГ да ја врши ваквата врска. |
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
http://www.24vesti.com.mk/mashinovozachite-od-petok-na-protest
Машиновозачите од петок на протест
|
|
![]() |
|
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
За Битола - Кочани, Шпанец.Мислам дека уште се функционални пумпи за гориво, поради маневарката 734 која долго време беше во Битола и некогашното депо. Гевгелија - Кичево. Електрична локомотива од Ѓорче Петров/Скопје ТЦ/Велес (таму Кенеди би останала во меѓувреме ‘за секој случај‘). Друга опција Кенеди цел пат - лоша опција, многу гориво и немање пумпи за гориво во Кичево. Трета опција е Шпанец.Проблем гориво. (Уште е активна една 734 во Гевгелија, веројатно таму не е проблем со горивото за дизел, па да е дом.ст. Гевгелија ако би издржал одење и враќање со 1 полнење). Четврта опција возот да е Табановце - Гевгелија (како сега) и спојување на кичевските вагони во/од Скопје. Ама тешко остварливо во денешни услови и поради технички причини и поради немање финансии, идеи и волја на раководствата со години.Па моментално имаме ситуација со можност за карти од Неготино за Тетово, а би дошло цел ден патување... Со добивање нови гарнитури реална е оваа замисла, во меѓувреме можат после (или паралелно со) обновата на Транспортен Центар да поработат на покриени колосеци и реновирање во Гевгелија, Битола, Прилеп, Куманово, Гостивар, Кочани, Штип, Тетово, Кичево (првиот колосек и платформата пред него се покриени уште од изградбата )...и најмногу во Велес како најголема раскрсница.Би требало со доста помали средства од набавката на возила да можат да ги средат. И за да немаме ситуации со каснење не една туку 3 локомотиви во Велес (се согласуваме во тој дел ![]() - Кенеди за делот кон Битола - Електрична за делот кон Гевгелија/Скопје и товарни - Маневарка за работа во станицата и во случај за влечење на Макоса од Кочани, поради проблематичната пруга за 661 Мислам дека и стоеше едно време 661-219 во Велес како помошна ![]() После набавката на нови локомотиви, една електрична во Гевгелија една барем маневарка во Бт (или 661)за теренот до Богомила, да се ограничат далечините од заглавениот воз до најблиската локомотива на некој максимум од приближно 90 мин. Edited by Тркало - 22-Sep-2012 at 03:03 |
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
МРТВ сериозно ме изненадува изминативе 3 дена со новото студио за вестите.
Последно нешто што очекував беше македонскиот национален јавен телевизиски сервис да објави критики кон македонската железница. Погледнете го клипчето на веб сајтот кон кој води линкот, интересно е. http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/ticker.css/62158/makedonskite_vozovi_zaglaveni_vo_minatoto.aspx Македонските возови заглавени во минатото
|
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
http://www.sitel.com.mk/posle-35-godini-makedonskite-zheleznici-kje-se-podnovat-so-novi-vagoni
После 35 години, македонските железници ќе се подноват со нови вагони
|
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
Се надевам дека навистина планираат да градат железничка пруга од Кичево
и кон Охрид, како што пишува во статијата, а не само до Струга и кон
граничниот премин Ќафасан.
Понатаму пругата може во иднина да продолжува и од Охрид кон Ресен и кон Битола, а во меѓувреме да се премине и кон железничко поврзување на Кичево и Сопотница, а со тоа речиси цела југозападна Македонија ќе биде железнички поврзана. http://www.sitel.com.mk/stavreski-so-50-milioni-evra-od-ebor-kje-se-obnovuva-vozniot-park-na-mzh-transport Ставрески: Со 50 милиони евра од ЕБОР ќе се обновува возниот парк на МЖ Транспорт
|
|
![]() |
|
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
Денес изгледа немало ништо друго на агендата, па по кој знае кој пат се повторува истата приказна, само да се замајува јавноста. Да, сите знаеме дека ќе се купуваат нови вагони и гарнитури, ама до сега требаше тендерот да биде распишан, како што првично беше најавено, а не дури сега да се потпишува договорот со ЕБОР, а тендерот да се распише догодина, што автоматски значи дека уште најмалку 1 и пол изгубена железничка година со постоечкиот возен парк.
|
|
23ka.wordpress.com
|
|
![]() |
|
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
Za falbata da dobie smek investicijata t.e. na sumata treba da i' dodadat uste edna nula!
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
најбитно е да се најдат пари за еден проект.а кој какви програми и планови направил ,тоа е само мртво слово на хартија.и за коридорот 8 се кажува се и сешто ама ја нема најглавната информација-дали се најдено пари,а до сега нема пари освен за правење на проекти како ќе се градело кога ќе се најдат пари
|
|
![]() |
|
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
Иако вакви исти вести ги читам секој ден, пак мислам дека е добар чекор, се знае тука се работи за чиста рекламација. Е сега, како и да е мислам дека треба да сме задоволни. Доста е колку за почеток. Ако се инвестира во ист начин секоја година или секој 4 години тогаш добро ќе беше. Па знаете точно дека до сега скоро 20 години ништо не се инвестирало! Малку оптимизам, можеби наскоро ќе излезе некој проект за реконструкција на жел. станици низ Македонија? Да државата има потенциал за набавка на дури 30 вагони/ локомотиви итн. но во моментов толку е!
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 4041424344 69> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |