![]() |
![]() |
![]() |
Железници (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 5455565758 69> |
Author | |
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
Може ли некој да ја објасни следнава мапа?
![]() Зошто главните станици се вака проектирани? Главната станица за Куманово треба да е во Перо Чичо, а не кај Ново Куманово. Станицата кај Ново Куманово е оддалечена 2 километра од Центар, а од Перо Чичо е оддалечена 1 километар од центар. Плус во околината на станицата Перо Чичо има голема концентрација на население, додека во околината на Ново Куманово има многу малку куќи. Со самото тоа што е на периферија, станицата Ново Куманово, ем е далеку, ем не е безбедна и евентуалните патници би биле изложени на напад од кучиња зашто тој дел таму е безмалку село, бидејќи околните жители чуваат домашни животни. Ставена станица кај Шупљи Камен, село кое нема ни 80 житела и кое постојано се намалува, наместо кај Доброшане, село со 1655 жители во 2002 година и со константен пораст на население. Плус станицата во Доброшане е поблиска до регионалниот пат Куманово-Св. Николе што значи дека би ја користеле и жителите од селата што се наоѓаат покрај овој пат, зашто низ Доброшане поминуваат комбиња за нивните села. И наместо да ја направат станицата оддалечена 1 километар од регионалниот пат, тие ја проектирале на 3 километра од регионалниот пат. Ставена станица кај Бељаковце, маалско село со одвај 64 житела во 2002 година, наместо кај Клечовце кое е село од збиен тип и во 2002 имало 573 житела. Што ли мислеле проектантите кога ги проектирале станиците? Или нивната цел била што помалку патници да ги користат услугите на возовите што ќе сообраќаат на Коридор 8. Edited by phenomenon - 17-Feb-2015 at 15:29 |
|
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|
![]() |
|
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
Немам некој посебен коментар, само ќе дополнам дека на делот од Битола кон Прилеп поголем дел од постојките/станиците се на километар или два,три од селата, а не до нив.
Прилепски дел: Бакарно Гумно (најблиските села Загорани/Веселчани по 3 км) Битолски дел: Пример, постојката Даме Груев е на 3 километри од с. Вашарејца, на 3,2 од Српци и 3,5 од Беранци како најблиски околни населби. Стојалиште Новоселани на километар од селото.Лознани на 2,5 км. Станица Никола Карев на 4+ км. од Могила и 3 км. од Кукуречани. Па така пред неколку години веројатно најнаселеното село по трасата е без желензичка станица, поради незастанување на возот тука поради немањето веројатно интерес од жителите и ваквиот начин на планирање како во случајот на Куманово. Единствени две села со пругата до нив или блиску се Галичани и Тројкрсти во прилепскиот дел. |
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Мене живо ме интересира што се случи со укинатите возови поради снеговите на почеток на јануари. Два месеци поминаа, цвеќиња се разбудија, снегот во Русија се топи, а назад овие возови ги нема.
|
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Мислам дека е јавна тајна дека возовите не се укинаа поради снег и студ, туку поради многу едноставна и проста причина, немање асални локомотиви
![]() |
|
![]() |
|
Daniel1122 ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 26-Dec-2014 Online Status: Offline Posts: 44 |
![]() ![]() |
кои се тие возови ?
|
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Кон Битола експресниот што сообраќаше и кон Кичево утринскиот воз. |
|
![]() |
|
Daniel1122 ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 26-Dec-2014 Online Status: Offline Posts: 44 |
![]() ![]() |
Битола тој 17 10 што е ?
|
|
![]() |
|
zookisk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Dec-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 334 |
![]() ![]() |
Не...тој во 16:55 ![]() |
|
![]() |
|
Daniel1122 ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 26-Dec-2014 Online Status: Offline Posts: 44 |
![]() ![]() |
не знам кога точно е никогаш не сум одел со него
![]() ![]() |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Почнува проектот за обнова на 10 железнички станици на Коридор 10
![]() Со градежни активности за обнова на железничката станица во Прилеп следната недела ќе почне реализација на проектот за обнова на 10 вакви објекти во Македонија долж железничкиот дел од Коридорот 10 и кракот 10 Д. Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, кој вчера го потпиша одобрението за градење за станицата во Прилеп, очекува активностите во Прилеп да почнат следната недела. Покрј во овој град комплетно нов изглед треба да добијат и железничките станици во Велес, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и Неготино - Вардар. повеќе на линкот: http://mia.mk/mk/Inside/RenderSingleNews/134/132695570# |
|
![]() |
|
geny ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 16-Mar-2013 Location: Bulgarya Online Status: Offline Posts: 306 |
![]() ![]() |
А коридор 8 нали в средата на годината искахте да стартирате фаза 2 Беляковци-Крива Паланка ????
![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
http://www.24vesti.com.mk/makedonija-od-kina-kupi-shest-novi-moderni-voza-%E2%80%93-dali-prugite-se-podgotveni
Македонија од Кина купи шест нови модерни воза – дали пругите се подготвени?
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Еве некои статистики..
Со новите возови до Гевгелија за 2 часа ![]() Новиот ултрамодерен воз, кој идниот месец ќе пристигне од Kина во Македонија, ќе овозможи сигурно и удобено возење, но иако може да развие брзина до 160 километри на час, сепак нема многу да го скрати времетраењето на патувањето затоа што нашите железнички пруги се уште дозволуваат максимална брзина од 100 километри на час. А поради дотраеноста на шините и оваа брзина се достигнува само на кратки прави делници. Според податоците од „Македонски железници - Инфраструктура“, просечната брзина со која се движат возовите по пругите изнесува 70 километри на час, а во кривините од 35 до 40 километри на час. На некои делови од пругите, на пример, од Велес до Битола возовите може да се движат само до 50 километри на час. Се очекува оваа состојба да се надмине со проектот за реконструкција и ремонт на пругата по стратешките коридори 8 и 10 и со обновата и модернизацијата на десетина железнички станици во целата држава. - И сегашните локомотиви може да развијат брзини до 120 и 160 километри на час, но поради состојбата на пругата не смееме да ги возиме брзо. Брзината е ограничена на 100 километри на час. Покрај тоа, самиот терен некаде не дозволува поголема брзина, поради острите кривини и нагорнини на некои места каде што поминува пругата. Kога ќе заврши ремонтот на пругите ќе се види вистинската сила на новите возови. Според достапните податоци, станува збор за моќни машини, со кои нема да се грижиме дали ќе прегреат кога го искачуваме Богомилскиот премин, како што се случува со сегашните стари локомотиви. Новите возови се добри за сите, и за патниците и за нас, машиновозачите, кои ќе имаме добри услови за работа во климатизирани и компјутеризирани кабини - вели Латко Јовановски, машиновозач. Обоен, однадвор и однатре, во боите на Македонија, со климатизирани вагони, удобни седишта и информативни лед- табли, новиот воз ги исполнува највисоките европски стандарди за безбедност. Според официјалните податоци од „МЖ - Инфраструктура“, македонските пруги се конструирани главно за брзина од 80 до 120 километри на час. Моментната максимално дозволена брзина на отворените пруги е 100 километри на час за патниот сообраќај и 80 километри на час за товарниот сообраќај, посочуваат од „МЖ - Инфраструктура“. - Со 80 до 100 километри на час може да се движат само возовите кои сообраќаат по Kоридорот 10, односно од границата со Србија кај Табановце до излезот кон Грција и на дел од пругите што се дел од недовршениот Kоридор 8 - кон Kрива Паланка и кон Гостивар. На остатокот од пругите, возовите ја приспособуваат брзината според конфигурацијата на теренот. На делот од Kоридорот 8 односно Скопје - Гостивар пропишаната брзина е 100 километри на час, додека од Гостивар до Kичево е 80 километри на час. Од Велес до Битола возовите може да се движат само до 50 километри на час- вели Невзат Мамути, портпарол во „МЖ - Инфраструктура“. Ремонт на пругите „Македонски железници - Инфраструктура“ со кредит во вредност од 50 милиони евра од Европската банка за обнова и развој почна инвестицискиот циклус за обнова на делови од пругата на железничките коридори север- југ и исток - запад и десет железнички станици. Нов лик ќе добијат станици во Велес, Прилеп, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Kапија, Градско и во Неготино. На овие станици ќе се обновува фасадата на старите запуштени згради, кои ќе добијат нови чекалници, тоалети, перони и табли за возен ред. Во тек е и ремонтот на трасата од Kуманово до Бељаковци, а почна и постапката за изградба на делниците Бељаковце-Kрива Паланка и Kичево- албанска граница, со кои ќе се заокружи железничкиот Kоридор 8. Со ремонотот ќе се опфатат и делниците Табановце-Kарпош-Kуманово, Ногаевци - Неготино и Миравци-Смоквица, кои се дел од Kоридорот 10. Со ремонтот се предвидува замена на 30 сантиметри од лошиот земјан материјал и вградување нов квалитетен камен- толчаник. Исто така, ќе се изврши комплетна земена на дотраените дрвени прагови со армирано-бетонски, а ќе бидат поставени и нови шини. По реконструкцијата на овие делници пругата по целиот Kоридор 10 ќе може да се користи со проектираната брзина од 120 километри на час. Последниот ремонт на овие делници, преку кој се транспортира товар од 230 милиони бруто-тони годишно, е извршен пред повеќе од 40 години. Оваа пруга има големо значење за економскиот живот бидејќи најголемиот дел дури 90 отсто од транспортот на стоките се одвива преку овој коридор. Во Македонија има 1.000 километри пруги, од кои 699 километри се отворени пруги, 226 км странични колосеци и 102 км индустриски колосеци. http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=323E6DFDD24BFC489EDD6B37DC2FAC78 |
|
![]() |
|
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
Сигурно не е цела линија од Велес до Битола ограничен до 50 км/ч.
Битола Прилеп (58km пруга) е 36-40 минути со Пелагонија, би дало скоро просечни 100 км/ч. |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Што запнале со тој смешен збор "ултрамодерни", да му се невиди! Па, не сме ретардирани, имаме пристап до интернет, можеме да провериме! Мизерија!
|
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
![]() ![]() |
Го пратам форумов (железници) од време на време, и се повеќе запазувам дека дневно се појавуват „ЕКСПЕРТИ“ - „АНАЛИТИЧАРИ“ кое очито во Македонија стана престижна титула со која секој во се се разбира. |
|
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Поздрав и помини кај нас на западот ![]() |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
|
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Еден тип од Женева, на форумот ЅЅС, ми постави неколку прашања, па ако има поупатени во овие работи, одговорете ги тука, па јас ќе му ги преведам. Веќе му одговорив на првото прашање, но потврдете ми дали уште локомотивата стои во дворот на средното училиште во Лисиче...
|
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Ova samo Vladimir go znae najtočno, ama da mu se piši nekako po mail ilj mob
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 5455565758 69> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |