![]() |
![]() |
![]() |
Јавна чистота |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2425262728 34> |
Author | ||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
![]() https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/540976106708819/ Линк од видеото |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Вардар низ Гостивар(од фб)
![]() ![]() |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Незнам дали е баш најсоодветна нишка затоа го ставам тука...
------------------------------------------------------------------------------- ШИЛЕГОВ: НОВ КОНЦЕПТ ЗА ТРЕТМАН НА ОТПАДОТ ВО СКОПЈЕ Од денеска почнуваме целосно да го менуваме ликот на нашиот град. Дел по дел, чекор по чекор во Скопје ќе престанеме да ги гледаме глетките на незатворени и преполни контејнери со отпад, кои околу себе шират непријатна миризба и остават впечаток на нечист град. За таа цел, градот набави нови контејнери коишто се највисокиот технолошки стандард, познат и применет во Европа. Станува збор за 540 нови контејнери со капацитет од 3.200 литри со коишто ќе бидат заменети над 1.800 од вкупно 4.500 досегашни стари контејнери. Потоа, имаме и 30 контејнери за селектирање на отпад од 2.200 литри. Со оглед на тоа, што станува збор за сосема нов систем, градот набави четири нови комунални возила за третман на овие контејнери – рече градоначалникот Шилегов. Денеска беа промовирани и новите 950 корпи за џебен отпад што претставува зголемување за една половина од досегашните 1.750 корпи, како и новите 12 електрични машини за вакумско чистење и 10-те електрични возила за чистење и миење на јавните површини. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/CityofSkopje/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Иста е состојбата и околу новите контејнери...(од фб)
![]() |
||
![]() |
||
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
|
Pa sto ocekuvate koga se postaveni na javen prostor?
|
||
![]() |
||
Enzo ![]() Groupie ![]() Joined: 25-Jun-2019 Online Status: Offline Posts: 57 |
![]() ![]() |
|
Контејнериве се огромни,гломазни,неупотребливи и најјако од се ставени кај што не им е место.
Еден ме пресретна на сред велосипедска патека/тротоар пред Зоил прееска,какви само генијалци работат во град Скопје,чудо. Се надевам дека единствена цел била да се исперат пари и да се претстави дека ете придонесуваме нешто за градот,оти вакво нешто свесно да мислиш дека ќе ја подобри хигиената во градот,тогаш значи не си од Скопје и немаш допир со проблемот. Подземни контејнери беше решението ама ок....важно се сликаа за ФБ. |
||
![]() |
||
mirakuliks ![]() Senior Member ![]() Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
![]() ![]() |
|
Правото решение е да контејнерите да не бидат надвор туку затворени под клуч и секој да си плаќа колку што фрла ѓубре, како Германија, Швајцарија, Австралија и сите развиени држави.
Зошто во зависност колку брзо се полни контејнерот толку брзо треба да се празни. Тие што прават повеќе ѓубре и ќе си плаќаат повеќе за почесто празнење. Edited by mirakuliks - 09-Oct-2019 at 13:13 |
||
![]() |
||
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
|
Немањето на такви давачки како и прениските такси и комуналии за изградба на објекти кон инвеститори како и за сопственици,попратено со ниските давачки за сопственост на автомобил се нештата што просечниот македонец го држат во вода до гуша,ако се тргне со примена на нешта и методологии кои ги има во развиените земји...и економијата ќе колабира и македончето ќе се удави. |
||
![]() |
||
mirakuliks ![]() Senior Member ![]() Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
![]() ![]() |
|
Ти ја разбирам поентата, ама мојата поента е ако не му наметнеш ред ,македончето делува како несвесно ќе се удави во ѓубре.
|
||
![]() |
||
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Купишта ѓубре низ до скоро најчистата општина во градот - Аеродром
Ова е денешната слика од Општина Аеродром некогаш најчистата општина во Скопје. ![]() ![]() Жители на општината секојдневно објавуваат фотографии од нехигиената низ населбите на оваа општина и се жалат на нефункционалноста на локалната самоуправа. Тука секако се споменува и некултурата на одредени сожители кои и покрај тоа што живеат во урбана средина не се однесуваат според правилата на урбано и колективно живеење. https://skopjeinfo.mk/kupishta-gjubre-niz-do-skoro-najchistata-opshtina-vo-gradot-aerodrom |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
[Анализа] За ѓубреџиските работи
Диви депонии. Ниско ниво на примарна селекција на отпад. Отсуствува простор за поставување садови за отпад во планските документи. Не постои депонија за опасен отпад на национално ниво. Нема доволно средства на локално ниво за набавка на опрема за собирање и транспорт на отпадот. Ниска е свеста на граѓаните за проблемите со отпадот и потенцијалните ризици кон околината. Овие проблеми се утврдени во новиот Локален еколошки акциски план (ЛЕАП) на Центар за 2019-2025 за управувањето со отпадот во општината. Документот дава пошироки информации и за Скопје, но и за земјата. Ги актуелизира предизвиците со ѓубрето во еден од најзагадените градови во Европа, а Радио МОФ го зема како почетна точка за анализа на состојбата со системот за отпад во Скопје, за да се утврдат слабостите, но и да произлезат и решенија. – – – – – Тимот што го изработи Планот за Центар бара во ДУП-овите да се вградат постојните локации на садовите за отпад. Исто така, да се изготви мапа на контејнери со тип на отпад, капацитет и број на население по блокови. „Просторот за поставување собирни садови за комунален отпад не се зема предвид при подготовка на планска документација заради што се поставуваат садови за отпад на пешачки премини, пешачки и велосипедски патеки, сообраќајници, нивно блокирање или непристапност за граѓаните заради пречки од огради, жардињери итн. Исто така, не се зема предвид потребниот капацитет собирни садови за комунален отпад, според бројот на жители и дневното создавање на отпад по глава на жител, заради што честа е сликата на преполни садови и расфрлен отпад“, стои меѓу другото во ЛЕАП-от. Во Скопје во 2018 година собрани над 150.000 тони отпад Минувачите и туристите во Скопје тешко можат да избегаат од сликите со преполни контејнери што се „прелеваат“. Или со напластено ѓубре околу садовите, но и подалеку – расфрлано низ јавните површини. Исто така, запалени и демолирани се садови за отпад. Контејнери се блокирани и од паркирани коли на сопственици што „се враќаат за пет минути“. Во ваква ситуација, иницијативата #НеБидиЃубре реши да ја земе ситуацијата со јавните површини во свои раце, a истовремено на социјалните мрежи редовно се водат дискусии за културата на скопјани. За самата инфраструктура, за тоа дали „Комунална“ може да собере колку што луѓето можат да фрлат, но и за ажурноста на комуналните служби. Контејнерите се празнат еднаш дневно Согласно последниот извештај на „Комунална хигиена“ од 2019, низ градската територија има 4.152 контејнери со капацитет од 1.100 литри, поставени пред поголемите станбени објекти. Како и 64.577 пластични канти од 120 литри наменети за индивидуалните домаќинства. „Исто така на подрачјето на Град Скопје функционираат и подземни контејнери и тоа на 39 локации распоредени во пет општини. Согласно Годишната програма и Оперативниот план, празнењето односно подигањето на комуналниот отпад од поставените контејнери се врши 6 пати во неделата во 3 смени во текот на денот, додека од пластичните канти 2 пати неделно“, велат од Град Скопје за Радио МОФ. Од „Комунална хигиена“ велат дека отпадот од главните контејнери се празни само еднаш дневно, секој ден во неделата. „Имаме стандардна динамика, никогаш не се прескокнува. Kога зборуваме за подземните и надземните, тие секој ден се празнат. На самите контејнери има налепници кога е погодно за одлагање на отпадот, а тоа соодејствува кога поминуваат нашите возила. Пример, ако возилото помине во 10 часот, им сугерираме на граѓаните од 7 до 9 да го одложат отпадот. И веднаш кога ќе помине возилото – отпадот е фрлен, собран, па наредни 20-22 часа не би требало да биде полн контејнерот. Затоа, ние сугерираме, не може да казнуваме и ги натераме на сила, но убаво би било да се придржуваат до термините. Ако контејнерите се преполнат, мачки ќе поминат – ќе разнесат, неформални собирачи ќе поминат – ќе го разнесат итн. Така околината се загадува“, вели потпаролката на ЈП „Комунална хигиена“, Ана–Марија Бранѓолица за Радио МОФ. Има ли доволно возила „комуналец“ за да собираат отпад? Според градските власти, во континуитет се работи на подобрување на опременоста и механизацијата со која располага претпријатието. „Заклучно 30 јуни 2019 година, претпријатието располагало со 159 возила, каде има специјални возила за собирање на комунален смет од различни големини, цистерни за миење улици, цистерни за фекалии, електрични возила за метење и чистење и др. Дополнително, периодов беше промовирана нова опрема – 12 електрични машини за вакуумско чистење и 10 електрични возила за чистење и миење на јавните површини“, соопштува Градот. Во шестмесечниот извештај на „Комунална“ за 2019, стои дека од вкупно расположиви 159, просечно во функција биле 114 возила. Од друга страна, претпријатието не знаеше да ни даде конкретен одговор колку точно ѓубреџиски-возила моментално се пуштени „во промет“. Објаснуваат дека повеќето камиони се на терен, а дел се стари, се сервисираат и сл. „Релативна е бројката. Порано претежно купувавме помали камиончиња, бидејќи ни одговараа најмногу за уличките. Сега се’ ни е тесно во градот! Имаме паркирани возила, се’ повеќе се градат објекти, па, фактички, нашите големи камиони не можат да влегуваат во улиците. Сега се набавени четири нови камиони за новите поголеми контејнери. Имаат друг механизам, садот се зема од страна, се качува скроз горе, па се празни. А, тоа го прави еден човек, на копче. Се намалува работната рака, поефективно е, посовремено, поголема е зафатнината на садовите, дури три пати повеќе. Се надеваме ќе дадат подобри резултати“, вели Бранѓолица. Нови контејнери – нови проблеми Град Скопје периодов се пофали за 540 нови контејнери со капацитет од 3.200 литри, кои треба да заменетат над 1.800 од досегашните стари садови. Собираат повеќе ѓубре, па „Комунална“ тврди дека со нив ќе се оствари проектираниот капацитет за да се покрие Скопје со оптимален број садови. Односно, некогашна анализа покажала дека на главниот град му требаат 6.000 контејнери од 1,1 кубен метар, па со новата зафатнина тоа е испорачано. Новите поголеми контејнери донесоа и нови проблеми во периодот на т.н. адаптација. Пример, иницијативата НаТочак реагираше дека концептот „Скопје Велоград“ и „Нов концепт за третман на отпадот во Скопје“ си пречат меѓусебно. „Ако решението за поставување на новите контејнери е веднаш до коловозната лента за да може да бидат празнети од камионите, зошто мора жртви да бидат велосипедските патеки? Зошто не се постават на коловозните ленти. Или зошто не се постават зад зградите, низ резиденцијалните улички?“, реагираа вело-активистите. Целата анализа со табели графикони и сл.на следниов линк https://www.radiomof.mk/analiza-za-gjubredzhiskite-raboti/?fbclid=IwAR33rw4vgKNWMM-7lq8_z4JrBQEf-Bk-fJbdxIDkrlH-26QvabBhugBvpzY#prettyPhoto |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
https://www.slobodenpecat.mk/mrshi-od-umreni-zhivotni-i-dolna-obleka-rasfrleni-niz-skopje/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Низ Аеродром...
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/groups/vozduhsega/ |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Велес доби подземни контејнери. Извор: фејсбук страницата на Општина Велес.
![]() ![]() ![]() |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
|
Премногу сме назад со свеста за заштита на природата - односно не ни имаме таква свест. Патем, со скали ќе се качуваат луѓето на бетонсково чудовиште?
|
||
![]() |
||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
|
Цело време се расправам со ова, свест се моделира/гради согласно политиките, затоа е измислена државата. Ако немало потреба за држава, тогаш ќе сме си живееле во племенска заедница и ќе ни било убаво. Државата е таа која мисли на глобалните проблеми. Ако се сака, свеста може да се подигне одма. И цело време се зборува за свест, а истовремено на граѓаните не им се нудат решенија.
Еве и да сакам јас да селектирам отпад, дали е возможно тоа да го правам? НЕ Зашто не? Затоа што не постои системско решение. Дури во 2019 г., Град Скопје отпочна пилот-проект во населбата Влае за селектирање на отпад и тоа недоречен, односно ќе се селектира влажен и сув отпад. Се знае како се прави тоа, набавуваш канти за цел град по намена, им викаш на граѓаните, ако селектирате 500 денари за услугата, ако не селектирате 1000. Ставаш рок две години. После две години им викаш, вие што селектирате уште 500 денари, вие што не селектирате 2000. И за ред други работи, како загадувањето на воздухот... |
||
![]() |
||
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
|
Така делува дека проблемот е црно-бел и дека вината е само кај државните институции што не направиле ништо. Не велам дека нема вина во нив, но мислам дека и затоа не прават ништо институциите во држава како нашава. Бидејќи ние како народ се амнестираме од секаква одговорност. Сметаме дека нас секогаш треба да ни се сервира, а не да се избориме за такви вредности. Ако некој не ни го понуди решението или ако не ни воведе казни (кои се покажале дека воопшто не се ефикасно средство во Мк, не знам ни зошто ги предлагате) тогаш не вреди да се замараме.
Државите се создале од други причини (повеќе можеме да зборуваме за национална свест која нема конекција со оваа за која јас пишувам), а секоја индивидуа треба да преземе лична одговорност да ја развие сопствената свест. Еден од најголемите недостатоци на нашево општество е самокритика. А зошто не постои самокритика? Зарем може државата да ти каже да се погледнеш себе си и да си ги средиш проблемите во животот? Не - туку треба да изградиш сопствена свест за тоа. И да, фрлањето ѓубре е проблем што го имаме во животот иако никој не го гледа како таков, туку како нечија друга одговорност (пример градот, комуналното претпријатие, итн.) Нека си одговорат сите за себе читајќи го постов колкупати сте наишле на ѓубре одејќи по пат, околу сопствените дворови на куќи/згради, кога пешачите на планина? Колкупати сте го кренале ѓубрето? Колкупати сте си рекле дека не е ваша работа да го крените? Тоа е недостаток на свест. Зарем по таа логика тоа што нема корпа за ѓубре или за рециклирање ѓубре на Водно, Галичица, Шар Планина значи дека треба да го фрлиме ѓубрето во планина? На огромна жал луѓето токму тоа и го прават. Планините ни се дават во ѓубре (а со самото тоа и градовите) и ретки се хероите што се нафаќаат да земат кеса од дома и на симнување да го соберат. Нема корпа, не сум јас виновен што државата е таква, фрли го пред тебе. Затоа има комунално претпријатие, вработените ќе одат на 1.800 метри надморска височина на таа ливадата кај што правев скара и ќе ми го соберат ѓубрето. Немањето свест ѓубрето да заврши во корпа доведува до тоа да нема корпи за рециклирање. Свеста за којашто зборував во претходниот пост всушност воопшто и не беше насочена за ѓубрето. Туку за бетонското корито направено за контејнерите. Колкумина размислија дека бетонот е еден од најголемите загадувачи и причинител на глобално затоплување? Која е потребата да се стават контејнерите во толкаво бетонско корито наместо некое железно (челично)? Тоа е повторно недостаток на свест. Ако никој не размислува и не се грижи за вакви ситуации, тогаш нормално дека ниту во институциите ќе им текне некогаш за такво нешто.
Ако си искрен во намерата почни да збираш пластика, стакло и картон дома. Собери доволно во две недели и помини со колата намерно таму каде што знаеш дека има такви контејнери. Или со велосипедот. Или пешки. Ако навистина сакаме да рециклираме зарем ќе не спречи нешто во намерата? Или сепак ќе останиме во кругот на македонштината да паркирам директно пред врата? Ако не ми е корпата пред зграда тогаш не рециклирам. Се извинувам за долгиот пост ![]() ![]() |
||
![]() |
||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
|
![]() Не се согласувам со тебе, од проста причина што треба да ги гледаш ефектите од тоа рециклирање, едноставно нема систем за рециклирање. Па еве, ние како фирма фрламе многу хартија, и сме барале да го решиме тој проблем, ние самите вработени. Знаеш на какви отпори наидуваме. Затоа и не се согласувам, не е тука поединецот, туку треба да се обезбеди системско решение за кое зборував во мојот пост претходно. Јас сум велосипедист, кој поминува поголем дел од времето на планина и знам точно што зборуваш, но тоа е различно од тоа што јас сакам да го доловам тука. Не дека не се согласувам со тебе за искажаното, но е во друга насока. |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
На барање на Општина Кисела Вода, Град Скопје започна со чистење на големата депонија лоцирана позади зградата „Флетajрон“ (или позната како „Пегла“). Се работи за површина од околу 15 000 квадратни метри.
Од денес па во наредните денови, со механизација ќе се собира со години таложениот отпад на потегот од крстосницата "Жил Верн" со "Есенинова". После чистењето, отпадот ќе биде депониран во Дрисла, а на теренот ќе биде извршено рамнење. Ова е уште една од активностите на Општина Кисела Вода и Градот Скопје во насока на обезбедување на почиста животна средина за сите жители од овој дел на градот. Во наредниот период се планирани повеќе вакви и слични интервенции. Сепак, уште еднаш апелираме и до граѓаните за совесно однесување и почитување на Законот за јавна чистота. Дивите депонии ја уништуваат животната средина и го загрозуваат здравјето на луѓето. ![]() ![]() ![]() ![]() https://skopjeinfo.mk/se-chisti-ogromnata-deponija-pozadi-zgradata-fletajron |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2425262728 34> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |