![]() |
![]() |
![]() |
Разно |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2122232425 34> |
Author | ||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Денеска забележав дека почнато е со рушење на дел од онаа напуштена зграда спроти ВИП хотел.Не забележав багери туку рачно се рушешеа дел од придружните објекти околу објектот.Незнам дали има најава за градба на некаков објект?? Но во секој случај подобро е да го срушат бидејќи објектот веќе речиси целосно се распаѓа.
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
![]() Во врска со претходниот пост еве вчерашни фотки од состојбата на првата фотка лево(со zoom) може да се види дека се врши рушење на еден дел,денес не забележав никаква активност. ![]() ![]() |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Ако не грешам, на форумов се сврти еден рендер од станбен комплекс што тука требаше да се гради, ми се чини на Адора беше.
|
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
|
Не одговара никако макетава за маркичката на ова место. Мислам дека е правена за парцелата од спротивната страна на „Гоце Делчев“. ![]() ![]() ![]() |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Ako dobro go sfakam planot toa znaci deka zgradata na Adora ke bide na parkingot pred Vip hotel?
|
||
![]() |
||
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
|
Да. |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
![]() На кој дел се однесува планот прикажан на втората фотка? |
||
![]() |
||
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
|
Првиот план е од четврт ЦС 8, од јужната страна на бул. „Гоце Делчев“, на крстосницата со „Беласица“ кај саемот. Вториот е од четврт ЦС 7, северната страна на истиот булевар, истата крстосница.
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Дали тие две маркици Б4 се оденесуваат на местото каде сега се наоѓа стариот објект за кој зборував деновиве?
|
||
![]() |
||
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
|
Да, старата зграда што можеби се руши е опфатена со десната од двете Б4 маркички.
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Златко Марин: Општина Аеродром ќе биде зелена оаза
Првиот човек на општина Аеродром, Златко Марин за 24 инфо вели дека откако е на функција целосно се посветил на реализација на сите проекти кои ги најавил. Затекнал општина која била целосно затворена за граѓаните со многу диви депонии и запоставена животна средина. Приватно вели дека се труди да воспостави баланс меѓу работата и семејството. Наоѓа време за сопругата и за двата сина, но и за пријателите онолку колку што му дозволува времето. Две години откако сте на функцијата градоначалник. Што беше планирано за овој период, а што е остварено? Откако стапив на функцијата градоначалник на Општина Аеродром, целосно се посветив на реализација на сите проекти што ги најавив во програмата. Затекнав општина затворена за граѓаните, со уништено урбано јадро поради лошото урбанистичко планирање, запоставена инфраструктура, недостаток на детски градинки, паркинг-места, многу нерешени легализации, голем број диви депонии и запоставена животна средина. Во текот на двегодишниот мандат успеавме да реализираме голем дел од најавените предизборни проекти преку транспарентна, чесна и посветена работа. Наш приоритет беше да создадеме чиста и одржлива средина што ќе овозможи квалитетни услови за живот за сите граѓани. Во поглед на инфраструктурата, реконструиравме и саниравме голем број улици во Горно и Долно Лисиче, населба Лисиче, Мичурин, Стар Аеродром, Реонски центар и во други делови од Општината. Изградивме над 50 нови паркинг-места во Ново Лисиче и Мичурин, а ги реконструиравме постојните. Ја обновивме урбаната опрема на целата територија на Општината, како и осветлувањето, а за првпат поставивме сосема ново осветлување во трговскиот центар во населбата Лисиче. Во овие две години посебно се залагавме за чист воздух и за чиста животна средина. Токму затоа и презедовме конкретни мерки што имаа позитивен ефект. За 2018 година го зголемивме буџетот за 20 пати и издвоивме 300.000 евра за таа намена. Исчистивме над 62 мини депонии, уредивме 22 локации со зеленило, организиравме и се вклучивме во многу екоакции, ангажиравме и фирма за одржување на јавната чистота, а го зголемивме и бројот на сезонските работници. Го почнавме проектот „Аеродром нека блеска. Чиста околина за секого“. Само во 2018 година засадивме 1800 дрвја, за што од буџетот издвоивме 8 милиони денари, а засадивме и 500 нови садници во соработка со Град Скопје. Поставивме прочистувач на воздух „Сити три“ пред Бисер. За сите градинки обезбедивме 83 прочистувачи на воздух. Собравме 50 кубни метри кабаст отпад во соработка со јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Издвоивме 500 илјади денари за субвенционирање домаќинства за промена кон еколошки систем за загревање. Ги зголемивме згрижувачките капацитети во градинките. Изработивме три нови проекти за доградба на веќе постојните градинки. Доградба на „Црвенкапа“ и доградба и надградба на „Изворче“ во Стар Аеродром, како и реконструкција на објектот „Пчелка 1“ во населбата Лисиче. Изградивме сосема нов објект на градинката „Буба Мара“ во Ново Лисиче со капацитет од 200 деца. Исто така, ги олеснуваме трошоците на родителите. Веќе две години по ред доделуваме по 3.500 денари за секое прваче и 5.000 денари за секое новороденче. Како општина, посебно ги поддржуваме младите и спортот, па во тој правец обезбедивме еднократна финансиска помош за талентирани спортисти од 10 илјади денари, со што ја зголемуваме нивната мотивација за остварување на уште подобри резултати. Каква е соработката со централната власт? Соработката со централната власт е важна и неопходна заради навремено и целосно реализирање на проектите што се од особено значење за Аеродром и за граѓаните. Владата е наш голем поддржувач за сите капитални проекти. Исто така, имаме одлична соработка и со Град Скопје за сите проекти што ни се од заеднички интерес. Колку новите обврски ви оставаат простор за приватниот живот? Со стапувањето на градоначалничката функција, секако дека обемот на работни обврски драстично се зголеми, а со тоа и одговорноста. Се трудам да воспоставам баланс меѓу работата и семејството, со цел да не ги запоставам двете. Секогаш е потребна добра организација. Секако дека наоѓам време за семејството, за сопругата и за двата сина. Наоѓам време и за пријателите онолку колку што ми дозволува времето. -Што им ветувате на граѓаните за следниот период и дали ќе се кандидирате на следните избори? И во наредниот период Општина Аеродром ќе се фокусира кон заштита на животната средина и ќе презема мерки за намалување на аерозагадувањето. Предвидовме субвенции за печки на пелети, за чистење оџаци, велосипеди и инвертер-клими, набавка на мерачи за испитување на квалитетот на воздухот, проект за собирање отпад. Планирана е и набавка на прочистувачи на воздух во основните училишта за училниците во кои се одвива целодневна настава. Имаме проект за подигнување нови површини со зеленило преку изградба на 4 нови парка, три во Стар Аеродром, а еден на булевар „Трета македонска бригада“, како и реконструкција на два постојни. Ќе продолжиме и со натамошно садење на нови високостеблести дрвја. Една од главните цели ќе биде подобрување на условите во образованието, зголемување на грижата за младите и за ранливите категории. Во таа насока, во две основни училишта е планирана изградба на лифтови за деца со посебни потреби, а во неколку училишта ќе се постават и пристапни рампи. Конечно, ќе го решиме деценискиот проблем во ОУ „Лазо Ангеловски“ со немањето простор и учењето на децата во три смени. Имено, проектот за доградба на четири училници е во завршна фаза и наскоро ќе почне неговата реализација. Ќе продолжиме исто така и со доделување парични награди за најдобрите ученици и спортисти. На нашата територија ќе се гради мултифункционален спортски и културен центар „Дом на спортовите“, со поддршка на Владата и Олимписки комитет, во чии рамки ќе бидат олимписки дом, базен, отворени игралишта и фитнес-зона. Значи, во иднина наша цел е да создадеме современа, развиена европска општина со висок стандард на урбано живеење во сите нејзини делови и со висок степен на безбедност на граѓаните. Што се однесува до мојата наредна кандидатура, сметам дека е сè уште рано да се размислува за тоа. Фокусиран сум на реализација на проектите што ги ветив во предизборната програма. Пред мене претстои период во кој активно ќе работам на приближување и усовршување на услугите на граѓаните. https://24info.mk/златко-марин-општина-аеродром-ќе-биде/?fbclid=IwAR2OVqtmvAA1aYGx2lnINPePVgK-KWoTdy8Bes9YrrOCRcCfpXPytdvD9Mg |
||
![]() |
||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
|
![]() Edited by Staro Skopje - 23-Oct-2019 at 15:46 |
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
ФОТО: Аеродром пред и после Златко Марин
![]() ![]() http://javno.mk/foto-aerodrom-pred-posle-zlatko-marin/?fbclid=IwAR36jdqqcMt-jXLZJy9sxeMv2fOayCo8Rbks1pcRkResH9jHsjusx5EXbdE |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Сепак нема да се руши објектов но денес интервенирале во врска со бездомните лица кои создаваа смет и беа диво вселени во него и притоа ќе биде извршено оградување на објектот... Инспекторатот на Град Скопје ја задолжи фирмата Вато ДОО Скопје сопственик на објектот кој се наоѓа на булевар Гоце Делчев во близина на поранешниот саем. Правниот субјект постапи по решение на инспектор за животна средина на град Скопје и објектот се чисти и заградува. Внатре во просториите на објектот диво населени се преку 30 лица. Спречен е напад врз инспекторот за животна средина. ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/inspektoratgradskopje/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
![]() Според написите од Инспекторатот објектов е значи во сопственост на Вато Доо Скопје,патем ако има веќе маркица Б4 за деловен објект зарем до толку ли не е атрактивен просторот за изведба на деловен објект??Да беше маркицата А2 веројатно досега ќе никнеше некоја голема станбена зграда... |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Некој случајно да не има инфо што се гради близу Министерство за земјоделство?
![]() |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
|
Само што не се гради ништо, бидејќи е поставена само плочата што се гледа, а арматурата е веќе ’рѓосана.
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
![]() Имаш ли инфо за тоа кој е инвеститор/изведувач бидејќи јас пред 20-тина дена кога поминав со кола сосем случајно го приметив градилиштето видов дека има и некаква табла но не бев во можност да сликам. |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Бетонски барикади низ Скопје – градот се гуши, властите велат добро е што се градело
Скопје се гуши, а метрополата и натаму се ѕида на големо. На речиси сите локации низ главниот град се градат згради и нови станбени единци. Најатрактивна во моментов е онаа во Кисела Вода, која се подготвува за бетонирање. Општината планира да изгради 100 нови згради во Расадник, три пати повеќе од веќе изградените, на единствениот слободен простор во Кисела Вода. Автомобили на тротоарите, градежни работи и малку зеленило е сликата која може да се види во Расадник, но не за долго. Жителите на Кисела Вода се против изградбата на висококатници, но велат дека кога урбанистичкиот план е веќе изготвен, не може ништо да се направи. На големо се гради и на местото кај поранешен „Саем“. Тука треба да никнат трговски центар, станбен комплекс и канцелариски парк, распослани на површина од над 250.000 метри квадратни. Инвестицијата се проценува да тежи 300 милиони евра и би се реализирала во наредните пет до седум години. Трговски и стамбен комплекс од 4 дваесеткатници ќе „никне“ зад „Рамстор“, инвестиција од 250 милиони евра. Заградено и спремно за градба е и на местото кај поранешна „Алумина“, но градоначалникот на Карпош Стефан Богоев, рече дека таму, ништо не градело, зашто земјиштето било спорно. Но дали на ова место ќе се гради периодов, градоначалникот не кажа. Од Скопскиот плански регион велат дека Скопје е метропола и заслужува да се гради. Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски го спореди Скопје со Виена, иако разликата е неспоредлива. И додека главниот град на големо се ѕида и се гуши во смог, се гради и кај поранешната фабрика „Треска“ во Капиштец, во Автокоманда, во Центар и Карпош, а згради ќе никнат и речиси на сите зелени површини во скопски Аеродром, што ќе претставува директна пречка на и онака слабите ветрови во скопската котлина. https://alfa.mk/betonski-barikadi-niz-skopje-gradot-se-gushi-vlastite-velat-dobro-e-shto-se-gradelo/?fbclid=IwAR1qfIIKPfc8wYWtKg9SZgr97jbKuyCGTWltNQ_lgGlrWQ0mdvc2bNSx17U |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2122232425 34> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |