![]() |
![]() |
![]() |
Градска инфраструктура (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 56789 30> |
Author | |||
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
||
Не би рекол дека заштедите ќе бидат големи. Точно е дека ќе се намали потрошувачката, за некое мало ниво, но со очекуваниот пораст на бројот на автомобили во Македонија, тоа нема да се случи, туку напротив, ќе продолжиме да увезуваме се повеќе нафта.
Затоа реков едиснтвено решение што штеди (на сите нивоа) е развој на градски јавен превоз кој ќе ги обесхрабрува луѓето да возат коли во центар на град. Ова не го измислив јас, ова е филозофија во сите развиени градови во светот. |
|||
![]() |
|||
Supervisor ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Jan-2008 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 1220 |
![]() ![]() |
||
![]() Мислиш дека Скопје лежи само на таа раскрсница? Тој проект е би рекол смешен и не може да се спореди со клучни проекти посебно тунелот и Јужен Булевар. |
|||
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
|||
![]() |
|||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||
Види не се ова работи кои ги кажуваме од ѓутуре па сега да мерима јас и ти некои перцепции, јас ти ги пренесувам пресметките од анализите кои струеја по медиумите низ годиниве. Тоа што ќе имаме повеќе возила нема врска, тие возила и онака ќе ги имаме и тоа само повеќе ќе не гуши а потрошувачката за нафта избегнувањето вистински зафати во сообраќајната мрежа ќе се зголемува непропорционално повеќе со бројот на нови коли. Инаку генералнмо се сложувам со она што го говориш за јавниот превоз за тоа имаме доста говорено во соодветните нишки. |
|||
![]() |
|||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||
Јас ти дадов логички приказ на текот на сообраќајот кој го дава одговорот зошто таа крстосница е најфрекфентна. Не сум априори против клучка на тој потег, но сметам дека тоа е сепак прилично централно подрачје за да го труеме со некоја грдосија бидејќи со оглед на комплексноста на вкрстувањето ќе треба да се завземе доста простор доколку сакаме квалитетна клучка. Да резимирам. Гужвата на таа крстосница е причинско-последична а не сама по себе. |
|||
![]() |
|||
alexgizh ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
![]() ![]() |
||
Мојата листа на приоритет:
1. Булевар под плоштадот - спојување на Партизанска и Кузман Јосифовски - Питу. 2. Спојување на Гоце Делчев и АСНОМ 3. Комплетирање на прстенот Југославија 4. Проширување и продолжување на Првомајска 5. Проширување и продолжување на Илинденска (ова вклучува тунел после Владата, до Паркот, а не импровизации) 6. ТЕК СЕГА изградба на Јужен Булевар (т.е. булевар Македонија) од Ѓорче до Драчево, и притоа: - кај Ѓорче да поминува јужно од игралиштето на ФК Македонија, да помине преку Вардар, да се сруши/дислоцира Реплек бидејќи очигледно смета ептен, и да си продолжи накај центар при што со него паралелно со по 4 ленти ќе одат Митрополит Теодосиј Гологанов и Миле Поп Јорданов-Јуриј Гагарин-Народен Фронт споени. - Народен фронт да излегува на раскрсница со Водњанска, а не Васил Ѓоргов, која би станала слепа тука (или нешто друго да се изведе). - Пред паркот на новинарите да понира под земја, да не се чепка паркот. - Да нема никакви импровизации со кружни токови, бидејќи со денивелизација мислам дека ќе се избегне потребата од ова. - Кај Рамстор ќе си фура подземно, над земја нека градат што сакаат. А јас би рекол да си остане таа уличка како сервисна или пешачка. - Да излегува над земја кај Нико Компјутери некаде, и од таму да продолжи кон Драчево. Тука да се исправи на 11ти Октомври кривината, и да се направи клучка со бул.Македонија. Во клучкава не би ја ставал директно бул.Крушевска Република, туку таа нека се исправи (да се срушат бараките кај тутунски) и да си направи крстосница со 11ти Октомври) - Да не се спојува со Првомајска туку да оди директно до северната страна на Драчево. 7. Тунел под Кале и спојување на Св.Климент Охридски и Македонско-Косовска Бригада 8. Претходно споменатиот бул.Крушевска Република да го згази Маџир Маало и преку Вардар да помине западно од МТВ каде би имало клучка со бул.Гоце Делчев (овде Гоце Делчев би бил над земја а бул.Крушевска Република да понира под земја). Потоа да помине меѓу Универзитетот и Крњево и да направи евентуално клучка со бул.Александар Македонски. 9. Иако мене лично најмногу ме засега, сепак објективно ставам низок приоритет на проширувањето на бул.Христијан Тодоровски - Карпош кон источната страна на Бутел 1 и спојување со веќе направената клучка со обиколницата. Edited by alexgizh - 16-Feb-2010 at 19:05 |
|||
![]() |
|||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
||
а што се однесува до изградбата на клучки и проширување на биулевари, тоа не би било потребно доколку би биле изградени капиталните сообраќајници и останата инфраструктура, бидејќи главна причина што сегашните улици и раскрсници се крцати е непостоењето на таа развиена инфраструктура која е испланирана уште одамна дури и јас го разбрав тоа! |
|||
![]() |
|||
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
||
Колку што знам, тунелот под плоштадот (освен паркинг итн.) има само една инфраструктурна предност - ја заобиколува раскрсницата кај мавровка за онеи што одат од аеродром-партизанска и обратно. Тотална глупост да се трошат толку пари, кога истото може да се направи со клучка кај мавровка.
и не ми спомнувајте заобиколување на центар, зашто во тој случај никој што оди во овој правец, нема да има потреба да оди од кај рекорд. |
|||
![]() |
|||
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
||
Има ли некој направено скица како евентуална клучка тука би изгледала? Некој проект мислам. Бидејќи не знам колкаво место би завземала, со оглед на тоа дека таа сега е огромна, односно 9 ленти во правез Бит-Пазар-АЕРОДРОМ, и 8 ленти во правец САЕМ-Центар. Во клучка без семафори, веројатно некои од овие правци е доволно да имаат 4 ленти (2 за секој смер), што значи ќе се направи место за клучката. |
|||
![]() |
|||
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
||
Значи целосно сум на линија со ПБанкс за неопходноста на подземниот коридор, кој од повеќе аспекти значително би ја намалил гужвата на оваа раскрсница. Да не го забораваме и огромниот ефект врз идниот јавен транспорт, што овој подземен коридор би ја имал, доколку го направат саглам, со планирани димензии за ЛРТ, доволно излези нкај плоштад и можност за вклучување кај фамозната Триумфална Капија од Ск-2014
|
|||
![]() |
|||
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
||
Фино е да се сонува. Јас не сум против тунел ако ги имаме парите. Но во време на општа немаштија, мора да се биде рационален. Еден проект кој чини колку цел проект Скопје 2014 и што се финансира 8 години, е тешко издржан ако користа од него може да се постигне на сличен начин за многу поефтино. А еве ја таа варијанта. Клучката кај Мавровка мора да ја опфати и раскрсницата пред СЌ Илинден, инаку целиот проект е бесполезен. Ако е така, тогаш од Соборна до Аеродром (во споредба со тунелот до Народна Банка) ќе има само два дополнителни семафори (кај новото Веро што се гради и кај УПА). Семафорите кај Веро исто се решеваат со клучка. Останува само УПА. Значи во најдобар случај, целиот проект во споредба со клучка кај Мавровка-Илинден и новото Веро, заштедува 1 семафор (УПА) а градбата на клучкиве е ненормално поевтина од тунел. |
|||
![]() |
|||
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
||
Само да рапортирам... на Владата има знаме.
|
|||
![]() |
|||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||
|
|||
![]() |
|||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||
|
|||
![]() |
|||
SkyBoy ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
![]() ![]() |
||
Трајановски: Приоритет за Градот се сообраќајните проблеми
Решавање сообраќајни проблеми и подобрување на хигиената во градот, се дел од остварените проекти на градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски во првата година од неговиот мандат.
- Минатава година ја посветивме на решавање на сообраќајните проблеми во градот. Првпат по десет години, во центарот на Скопје почна да се гради и проширува улица од витално значење, булеварот „Илинден“, рече Трајановски на денешната прес-конференција и додаде оти сообраќајницата на есен ќе добие по две коловозни ленти во секоја насока, средишно зеленило и штедливо осветлување.
Нови коловозни ленти, како што додаде, ќе добие и булеварот „Србија“, а проширен е и булеварот „Видое Смилевски-Бато“. Минатата година изграден е пристапниот пат од Волково кон обиколницата, а селата Копаница и Рашче, општина Сарај се поврзани со асфалтен пат.
- За поголема безбедност на пешаците ги обновивме пешачките патеки на мостовите „Обединети нации“ и „8 Септември“. Целосно беше реконструиран и подвозникот на булеварот „8 Септември“. Го обновивме и патот кој води од Средно Водно до манастирот „Свети Пантелејмон“, рече Трајановски.
За подобрување на хигиената во градот спроведена е акција за чистење на сите скопски општини, за расчистување на дивите депонии и за уредување на зеленилото. За поефикасно собирање на отпадот од контејнерите, како што рече Трајановски, набавивме шест нови возила за потребите на ЈП „Комунална хигиена“, а пристигнаа и нови возила и машини за ЈП „Паркови и зеленило“ за поткастрување на високите гранки и за корнење на пенушките. Исчистено е коритото на реката Вардар и Водњанскиот и Усјанскиот канал.
- Ја воведовме практиката преку непосредни контакти со граѓаните да ги слушнеме нивните проблеми и да најдеме начин како поефикасно да ги решиме. Средбите со граѓаните во месните заедници ќе ги организираме и натаму, нагласи градоначалникот Трајановски.
Тој потсети дека минатата година Градскиот парк доби нова урбана опрема, клупи и корпи за отпадоци, а целосно е обновено платото пред споменикот на Гоце Делчев. - Град Скопје минатава година изгради и хортикултурно уреди средишни жардиниери со вкупна површина од 28.376 квадратни метри, а во должина од 6.469 метри. Беа воведени нови содржини и во парк-шумата Гази Баба, а целосно се реновирани и двата видиковци на Водно, рече Трајановски.
Минатата година почнати се и завршени неколку водоводни и канализациски мрежи, изградена е и пуштена во употреба фекалната канализација од реката Вардар до населеното место Инџиково. Се гради и новата водоводна мрежа за населбата Маџари, а се менуваат водоводните цевки и во Горно и Долно Лисиче. - Населбите Камник, Виниче и Раштак добија квалитетно водоснабдување. За да се намалат загубите на вода во системот воведовме и водомери на далечинско отчитување, според најновите европски стандарди, рече Трајановски.
Скопскиот градоначалник информира дека се набавени ново возило за заловување кучиња-скитници, 10 нови кафези кои ќе се користат при заловувањето, 10 нови јамки за заловување, три силиконски јамки за заловување, три мрежи со обрач и три мрежи со рачки. Зголемен е бројот на персоналот во стационарот Вардариште, а во тек се подготовки за негово двојно проширување на капацитетот.
- Обновата на Зоолошката градина не застанува, се градат нови живеалишта, а некои од старите се реновираат. Зоолошката градина ќе биде дом на нови, егзотични животни, рече Трајановски и потсети дека езерото Матка е порибено со ендемична пастрмка.
Минатата година почна со работа киното „Милениум“, реновиран е Детскиот културен центар „Карпош“, а во Градскиот парк и во паркот „Жена борец“ е воведен бесплатен интернет.
За наведеново само зоолошка признавам, другово треба да биде секојдневие, а не предмет за собирање поени и фалење. Камо мостови, тунели, железници, трамваи, булевари. Ќе ни мачкаат очи со илинденска сеа цел мандат. Ја мислев приоритети се барокна архитектура, а оно било сообраќај.
![]() Edited by pbanks - 15-Apr-2010 at 01:37 |
|||
![]() |
|||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||
Имав поголеми очекувања од Коце, пред се заради sync-от со централната власт. За една година се случи премалку, Илинденска, Првомајска не се проекти кои треба да не импресионираат, до сега требаше да има поконкретни чекори за барем еден проект од типот на трамвајот, подземниот коридор и сл.
|
|||
![]() |
|||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||
eve i podetalno koi proekti gi zavrsil koce trajanovski i so planira..vi kratki crti ima i za tramvajot
http://www.skopje.gov.mk/userfiles/GRAD%20SKOPJE%20br_13%20MAK.pdf |
|||
![]() |
|||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||
ВО ЃОРЧЕ
ПЕТРОВ
Наскоро кружен тек кај црквата Изградбата на кружниот тек кај црквата „Св.Петар и Павле“ ќе почне наскоро, најавуваат од општина Ѓорче Петров. Портпаролот Момо Николовски вели дека сите подготвителни работи се завршени и се чека само на подобрување на времето. - Општината и Град Скопје ќе почнат со реализација на договорот за изградба на кружен тек меѓу улиците 4Јули, Лука Геров, Партизанска и Македонска војска. Ова е договорено на последната средба меѓу градоначалниците Сокол Митровски и Коце Трајановски. Досега движењето по улиците беше вистинска вештина и за возачите и за пешаците, но со кружниот тек проблемите ќе се надминат - вели Николовски и додава дека се очекува изградбата да заврши до јуни. Општината учествува во изработка на проектите и во завршните работи, а Градот ќе ја финансира изградбата. Крстосницата каде што се сечат четирите улици е голем проблем за жителите на Ѓорче Петров, кој тие одамна бараат да се реши. http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2000&ArticleID=138913 |
|||
![]() |
|||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||
Почна асфалтирањето на улиците „Горноврановска“ и
„Божин Николов“ во Горно Лисиче -
27.4.2010
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и
градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Конески денеска го означија
почетокот на асфалтирањето на улиците „Горноврановска“ и „Божин Николов“
во скопската населба Горно Лисиче. Ќе се асфалтирааат двете улици во должина од над
еден километар, а градежните работи треба да завршат за околу 60-тина
дена. Претходно, завршена е реконструкцијата на водоводната и
канализационата мрежа. - Ова е еден мал сегмент од целокупниот проект
на градоначалникот на општина Аеродром. Целта на глобалниот проект е да
нема септички јами во Аеродром и заедно со овие потпроекти и изградбата
на колекторскиот систем, кој веќе е во тек, очекувам еднаш засекогаш
да се реши проблемот со фекалната канализација во општина Аеродром,
изјави министерот Јанакиески. http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=2488 |
|||
![]() |
|||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||
Берово ја обновува „Маршал Тито“ Реконструкција на главната беровска улица Маршал Тито почна деновиве. Покрај асфалтирањето на сообраќајницата, трајно ќе се решаваат проблемите со атмосферската канализација, ќе се поплочуваат тротоарите, а ќе се направи и ново хортикултурно уредување на просторот околу улицата. Се очекува работите да завршат за еден месец, односно до почетокот на летната туристичка сезона во Малеш.Вредноста на проектот, кој беше изгласан во Првиот форум на заедниците, е 13 милиони денари, од кои шест се обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка, а седум милиони од општинскиот буџет. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=FD61A8069F36F24CBD53E6A07AEC24E0 |
|||
![]() |
|||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||
Долно Нерези ќе добие
канализација
Општина Карпош почна со изградба на атмосферската и фекалната канализација на улицата Демир Трајко во населбата Долно Нерези. По завршувањето на работите за изградба на канализацијата, улицата ќе добие нов асфалт. За овој проект од буџетот на Општината одвоени се 2,6 милиони денари. http://www.vest.com.mk/?ItemID=5CBF1F2772B7E74AB8102B3C587A2CA3 |
|||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 56789 30> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |