![]() |
![]() |
![]() |
Од регионот - Софија |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 89101112 26> |
Author | ||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
Ако ги споредиме првата и сегашната т.е. актуелната генерална схема за развој на метрото во Софија ќе видиме доста промени. Тие пред се се диктирани поради паѓањето на комунизмот и менувањето на транспортните потреби на Софија. Прво би сакал да ја искоментирам ген.схемата од 1970: ![]() Најострата разлика е што внатре во тој Советски триаглоник има планирано уште по една станица на секоја линија, како што е во Прага да речеме. Но (и ова е едно големо но) оваа схема не е техничка, туку развојна. Со други зборови не се базира на технички пресметки туку на проучувања за најголемите транспортни потоци. Ако ги коментираме секоја од линиите во однос на денешната реалност: М1 - по станицата Сердика не оди под бул. Цар Освобдител туку по сегашниот Кнјаз Ал. Дондуков каде има станица, за потоа да заврти кон СУ Св. Кл. Охридски. Тука настанува втората разлика: метрото било планирано под денешниот бул. Цариградско шосе (тогашен бул Ленин), за разлика од денеска кога тоа оди под паралелниот на него бул. Драган Цанков. Ова е заради три причини: а) бул Цариградско шосе е бесконфликтна градска магистрала за 80 км/час и него можат брзо и ефикасно да го опслужат тролејбуси. б) долж бул. Цариградско шосе нем густо населени региони, туку пред се административни и бизнис згради в) најважната причина е дека уште во комунизмот под бул. Драган Цанков е изграден околу 2 км долг тунел за трамваи кој беше конзервиран. Затоа метрото можеше да го користи овој тунел и брзо да стигне до кв. Изгрев или на пола пат до Младост без многу додатна работа или финансиски сретства. М2 - Најважната промена во однос на денешната линија е нејзиниот северен дел. Како што се гледа на сликата, тогаш се давало приоритет на отклонението кон Илијанци, за разлика од сега изграденото отклонениена М2 кон Надежда и Обелја. Тоа е бидејќи кон Илијанци и Софија Север се наоѓала најголемата градска индустриска зона и целта на метрото била да ги извози илјадниците работници од спалните комплекси на работа и обратно. Затоа по падот на комунизмот се има дадено приоритет на отклонението кон Надежда, а Илијанци останува веројатно по 2020. М3 - Од денешен аспект трасата е целосно променета, доста е дискутирано и нема нужда да ја коментирам. Е сега да ти одговорам на прашањата: 1) Навистина незнам конкретно причина зошто нема една а има две станици (СУ и Нац. Стадион). Прво станицата СУ е по накај Собранието отколку што си ја претставил. Моја претпоставка е дека се работи за две исклучително натоварени места на Софија и затоа се одлучиле за правење на две посебни станици. 2) Како што кажав план за развој и технички проект не е исто. Затоа нема техничка можност да има станица на ул. Солунска (пресечка на Витоша). Имено станицата НДК била изградена доста плитко, додека Сердика 2 се наоѓа на околу 30 метри под земја. Растојанието помеѓу овие две станици не дозволува доволно благ наклон за искачување за да биде можна изградба на станица кај Солунска. Така би се загубиле помеѓу 160 и 200 метра од просторот за овладување на наклонот, бидејќи техничкиот дел на станиците е многу поголем од патничките платформи. Слична е причината зошто нема меѓу станица на М1 помеѓу Сердика и СУ. Станица Раковска на пресечката на ул. Раковска и бул. Цар Освободител е земена во предвид, но не е реализирана ниту планирана. 3) Јас (и не само де) сметам дека станица Патриарх Евтимиј/Граф Игнатиев е многу потребна. Има многу причини - голем транспортен јазол за трамваи и тролејбуси, важен плоштад во многу густо населен регион на централна Софија полн со значајни административни објекти. Така што апсолутно се радувам што станицата ќе ја има, а ова беше една од 5те главни точки во агендата на Спаси метрото а имено градење на станица на ова место. Можеби Софија направила грешка што не ги изградила станиците Солунска и Раковска, но сепак центарот не е голем и покрај трамвајските и тролејбуските коридори мислам дека ќе биде одлично покриен. Во иднина (демек по изградбата на М3) мислам дека ќе се работи повеќе на периферното поврзување на регионите меѓусебно без поминување во центарот, а најголем чекор кон тоа е изградба на полукружниот ЛРТ прстен по булеварите Тодор Каблешков, ГМ Димитров и Асен Јорданов. Веќе на ССЦ на големо се зборува дека следната цел на Спаси метрото ќе биде овој рингов трамвај да се гради по параметрите на лесно метро, со што ќе биде М4 во Софија. Првиот чекор ќе биде да се внесе во ваква генерална схема за развој, колку да се има во предвид, а неговата реализација тешко дека ќе започне пред 2020. |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
||
Supervisor ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Jan-2008 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 1220 |
![]() ![]() |
|
Скопје територијално е далеку помало од Софија повеќе од два пати. Што можело да биде е хипотеза јас мислам дека за разлика од Софија во Скопје пред се фалат сообраќајни проекти, нашите улици и булевари не се во целосен предвиден профил, подземни раскрсници без семафори, урбани автопати кои Софија ги има. Назад ни е нас зимата за таков проект. |
||
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
||
![]() |
||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
Објавен тендерот за продолжување на линијата М2 кон Хладилника!
Јужното продолжување на линијата М2 од станицата Джејмс Баучер до станицата Хладилника во должина од 1,3 километри беше објавен денеска од страна на Метрополитен. Тунелот ќе се гради по НАТМ (Нов Австриски Тунелен Метод), а самата станица во откриен и укрепен коп. Станицата ќе има странични перони и 8 излеза групирани во јужен и северен вестибјул. Еден од овие излези ќе оди директно во новиот Парадајс Мол со што ќе биде првиот мол во Софија со топла врска со метро системот. На крајот на станицата ќе има мини депо за ноќување и сервис на возовите како и за чување на топла резерва бидејќи на долг рок не се планира проширување на линијата јужно од оваа станица (каде во иднина линијата М2 ќе се разгранува на две). Изградбата треба да започне есенва, а рокот за изведба е 24 месеци. Оваа станица ќе биде 8 која во моментов се гради во Софија, со што до вкл. 2015 година метрото треба да има 36 станици (37 ако успеат да најдат сретства и за станицата-призрак Модерното предградие). План на станица II-12 Хладилника ![]() ![]() Еве го самиот тендер: http://www.aop.bg/case2.php?mode=show_doc&doc_id=542069&newver=2 Edited by Andrej_LJ - 21-May-2013 at 12:13 |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
Ова се три секциони трамваи за Калининград и порачката е само за три трамваја. Во Софија нарачаа 22 возила по 5 секции и цената е по 1,65 милиони евра по парче. Така што што поголема нарачка тоа пониска цена по парче. Со други зборови во Скопје ќе градат трамвјаска мрежа од една линија по цена од 280 милиони евра, од кои само 36 милиона ќе отидат за возилата, а останатите 250 за инфраструктура!? А таа инфраструктура се состои од разбивање на асфалт на трета лента, поставување на шини и повторно асфалтирање! Значи ова е криминал на векот, за кој на Коце буквално треба главата од раменици да му падне! |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
||
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
|
Со парите од Скопје 2014 можевме и ние да имаме нешто налик на ова,барем делче од ова...една линија метро од Влае до Аеродром,ама...добро е кога човек си ги знае приоритетите.
Edited by kiriOK - 18-May-2013 at 02:04 |
||
![]() |
||
kire85 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2007 Location: Düsseldorf Online Status: Offline Posts: 400 |
![]() ![]() |
|
Еве најдов нешто на интернет за испорака на вакви во Русија... RUSSIA: Polish rolling stock supplier Pesa has won its first order to supply trams to Russia, a €4·5m contract to deliver three three-section Swing trams for the metre-gauge network in Kaliningrad. Значи излагува околу 1,5 милиони евра по трамвај... |
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Колку што разбрав, Бугарија бидејќи е стабилна држава која нема национални и етнички проблеми гради инфраструктура и развојно орјентирани проекти, а доколку беше нестабилна држава која има национални и етнички проблеми ќе градеа непродуктивни комични објекти на трагични градежни маркички, ќе градеа триумфални капии и „неокласицистички“ катни гаражи, ќе пикаа мостови каде што не им е местото а на други ќе им ставаа огради од 2 милиони евра или панорамски тркала, ќе редеа споменици и склуптури како опседнати, ќе преслекуваа современи фасади во „барок“, ќе ставаа гусарски галеони и врби во саксии во реките итн итн итн... И сето тоа ќе го платеа многу повеќе од реалната финансиска вредност. |
||
![]() |
||
Dragan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2009 Location: Tetovo Online Status: Offline Posts: 1172 |
![]() ![]() |
|
Скоро и јас, многу ми е криво што нема барем малце вакваа инвестиција кај нас ![]() |
||
![]() |
||
Supervisor ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Jan-2008 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 1220 |
![]() ![]() |
|
Софија уште од времето на комунизмот имаше планови за метро системов. Сега со ова што го изгради прерасна во велеград. И непотребни се споредби со други градови сепак Софија е огромна и е главен град на една стабилна држава која нема национални и етнички проблеми. Такашто не гледам простор да нема страшен напредок.
|
||
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
||
![]() |
||
Macedonicus ![]() Senior Member ![]() ![]() Google Maps: Regional Expert Joined: 29-May-2011 Location: Czech Republic Online Status: Offline Posts: 398 |
![]() ![]() |
|
Преjако. Пукам од љубомора
![]() |
||
ಠ_ಠ
|
||
![]() |
||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
Новините поврзани со изградбата на Софијското метро.
Urbanrail веќе го одбележа почетокот на работата на изградбата на линијата М1 кон Малдост 4. Исто така линијата М3 е корегирана, да соодветствува со новиот план: ![]() Рендер на вестибјулот за станицата МС I-16, односно крајната станица на линијата М1-југ онаа кај Бизнес парк Софија и Младост 4. ![]() Изградбата на крајната станица на М1-север, до Терминал 2 на Аеродромот во Софија: Трасата се приближува кон станицата, при што истата е во отворен ров, кој веќе е конструктивно завршен: ![]() Потоа трасата полека се издигнува на ескада, за да ја достигне висината на станицата МС I-23 кај Т2, при што ќе биде на исто ниво со самиот терминал. Веќе се започнати фундаментите на ескадата, кои се прилично масивни: ![]() ![]() ![]() ![]() Исто така скоро завршени се самите основи на станицата, веројатно многу скоро ќе се започне со надземната конструкција: ![]() ![]() И малку слики од опкружувањето на станицата: ![]() Дирекцијата за цивилно воздухопловство: ![]() Терминал 2: ![]() ![]() |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
||
Tiveriopol ![]() Newbiе ![]() Joined: 18-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
- Ова е еден од најголемите проекти во градот Скопје што досега е преземен. Проценката на изработувачите на проектот е дека ќе чини помеѓу 40 и 45 милиони евра. Досега 20-тина фирми имаат подигнато документација, но има време уште да подигнат, има и домашни и странски фирми. Очигледно проектот е интересен за сите, вели премиерот. Edited by Tiveriopol - 07-May-2013 at 15:59 |
||
![]() |
||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
Изградбата на северниот крак на линијата М1 кон Аеродромот напредува одлично (сликите се околу месец-дена стари):
![]() ![]() ![]() Метро и АЕРОФЛОТ авион во позадина (ќе биде одлично место за спотинг кога ќе се заврши изградбата): ![]() ![]() Еве мапа и табела на проектите во Софија во наредниов период. Целите се следните: 2012 - 27 станици 2015 - 36 станици 2017/8 - 55 станици ![]() ![]() Трансферната станица Сердика 2 е доказ колку јавниот превоз/метрото помага за подигање на квалитетот на живот во даден град: ![]() ![]() Edited by Andrej_LJ - 06-May-2013 at 14:23 |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
Започна изградбата на линијата М1 кон Младост 4!
Изградбата на јужниот крак на линијата М1 во Софија од станицата Младост 1 до Младост 4 започна на 25 Април. Овој сегмент содржи 2,7 километри двопатни тунели и три подземни станици со странични перони. На последната станица Младост 4/Бизнес Парк Софија ќе има и голем буферен терминал за паркирање и каде се планира да завршуваат дел од јужните приградски линии, наместо да навлегуваат во градот. Заедно со изградбата на метрото ќе се прошири и реконструира булеварот Александар Малинов, под кого ќе поминува булеварот. Интересно е што уште во времето на комунизмот овој булевар во еден дел е скоро целосно изграден, но никогаш пуштен во употреба. Заедно со него се изградени и подземни премини (исто така никогаш пуштени), кои ќе бидат дел од последната станица Младост 4 и ќе имаат функција на излези. Еве дел од трасата каде неодамна започна изградбата: ![]() ![]() ![]() Локација на излези на станицата 1-16 (Младост 4): ![]() ![]() И никогаш пуштениот подземен премин, кој ќе биде дел од станицата 1-16: ![]() ![]() ![]() ЕДИТ: И пазете сега: цената за изградба на скоро 3 километри подземно метро со три станици и подземен паркинг за стотици возила, како и целосна реконструкција и проширување на постоечкиот булевар чинат вкупно 45 милиони евра. Скопје сака да гради трамвај на трета лента за 260 милиони евра! Е ако ова не е корупција и некомпетентност, тогаш незнам што е! Edited by Andrej_LJ - 06-May-2013 at 14:16 |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
Бојане, веќе можам да ти одговорам од официјален извор и со сигурни информации. Значи полската ПЕСА навистина го спечели договорот за доставка на 20 (+2) трамвајски возила за Софија. Еве некои параметри на порачката: Должина: 31 820 mm Секции: 5 Распоред на врати: 1-2-2-2-2-1 Колосек: 1009 mm Цена: 34 милиони евра без ДДВ или 41 милион со ДДВ Цена на трамвај: 1,65 милиони евра Еве ја веројатната колор шема за Софија: ![]() Што се однесува до другите тендери во сферата на јавниот транспорт за оваа година, еве ја ситуацијата: * набавка на 20+2 нови трамваи - ЗАВРШЕНО (победник ПЕСА) * набавка на 10 нови метро возови - ЗАВРШЕНО (победник МВМ МетроВагонМаш) * набавка на 50 нови двојни тролејбус - ВО ТЕНДЕРСКА ПРОЦЕДУРА (фаворит Соларис) * набавка на 126 нископодни двојни автобуси на метан - ПРЕД ОБЈАВА НА ТЕНДЕР = ВКУПНА ВРЕДНОСТ НА ПРОЕКТИТЕ - 295 милиони лева или околу 150 милиони евра И за крај да напоменам дека Софија ги очекува и 30те трамваи од Базел кои се подарок за градот, откако ќе почне замената на тамошниот состав со нови Бомбардие-ровци. Edited by Andrej_LJ - 06-Apr-2013 at 20:21 |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
Еве ги плановите на Софија за обнова на трамвајските траси и линии во следните неколку години, поделени во две фази. Опфаќаат како темелна реконструкција на постоечките траси и нивно автономизирање (во портокалово), така и изградба на неви траси и линии (во лилаво), пред се со цел за подобра поврзаност на трамвајскит систем со метрото.
ФАЗА 1: ![]() Оваа фаза треба да се споведе во следите две години, т.е. заклучно со 2014 година. Следиве проекти се вклучени: -продолжување на трасата на трамвај 23 од нас. Дружба до метро станицата Младост 3, со цел поврзување на оваа населба со метрото, преку изградба на нов бул. Копенхаген. Трамвајот ќе биде во средишното зеленило на булеварот, со што се постигнува поголема автономност. -изградба на нова трамвајска линија од Семинаријата, преку квартот Изгрев и Студентски град се до Дрвеница, со попатна станица на метро станицата Героги Димитров. Повторно целта е да се сврзат повеќе населби како со метрото, така и со центарот на градот. -реконструкција на трамвајните траси долж бул. Кнјаз Дондуков во самиот центар на градот, каде поминуваат линиите 20, 22 и 23. Реконструкцијата подразбира и подигнување и одвојување на трамвајската траса (која се наоѓа во централниот дел на булеварот) од коловозите. -реконструкција и модернизација на трамвајската траса долж бул. Булгарија, каде поминува линијата 7. Ова е една од најважните лнии во градот, која ги поврзува јужните населби со центарот и метрото М2 кај НДК. Целта е да се постигне ЛРТ линија во должина од 5 километри. Ќе се реконструираат шините, мрежата, коловозите, станиците и подземните премини кои водат до нив, а паралелно се работи и на две раскрсници на две нива каде трамвајот ќе минува без конфликти. ФАЗА 2: ![]() Оваа фаза ќе се спроведува по 2014 година и носи многу важни промени и проширување на мрежата кон квартови кои до сега немаа трамвајски транспорт. -продолжување на трамвајската линија од Дрвеница до целиот Студентски град, со цел поврзување на овој голем, младо населен и мобилен кварт со метрото на Г.М. Димитров. -изградба на 1435мм трамвај од депото Красна полјана до Овча Купел и негово врзување со станиците на метрото на новата линија М3. Ова е многу важен проект бидејќи Овча Купел е еден од најголемите квратови, а единствен кој нема друг транспорт освен автобуси. -изградба на трамвајска линија од Лјулин преку нас. Модерното предградие до нас. Захарна фабрика. Повторно нови квартови се врзуваат во мрежата, а се бара и интермодалност со метрото. Оваа линија е паралелна на М1, но оди 1-2 километри северно од истата. -реконструкција на повеќе трамвајски делници како што се онаа во Иван Вазов (Тр. 1), по ул. Граф Игнатиев (Тр. 10, 12, 18), крај Западен парк (Тр. 10), околу Централна гара (Тр. 2, 4, 12) и по бул. Никола Мушанов (Тр. 11, 19, 22). |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
Изградбата на М1 кон Аеродромот почнува да зема залет:
Во Дружба: ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Кон Аеродромот: ![]() ![]() |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
||
JloKyM ![]() Newbiе ![]() Joined: 21-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
Още рендъри
![]()
|
||
![]() |
||
JloKyM ![]() Newbiе ![]() Joined: 21-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
Sofia Airport Metro Station
![]() |
||
![]() |
||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
Софија објави тендер за 126 нови двојни автобуси на гас
Вкупната вредност на порачката е нешто над 50 милион евра, или по 403 000 евра по парче. Се бараат 126 нископодни двојни автобус на гас со по 4 двојни врати, CNG уредби, Евро 6 стандард на мотори и се разбира климатизирани. Понудите ќе се отвараат на 3 Април, а доставувачот има рок од 6 месеци за доставка на првите 20 возила, а сите останати треба да стигнат до крајот на година дена од потпишување на договорот, значи кој средината на идната година доколку нема притужби. http://www.kamioni.bg/menu/10/post/7128/126-novi-sychl%D0%B5n%D0%B5ni-gazovi-avtobusi-kupuva-Sofiq ЕДИТ: Моја грешка, сум ја пренел сумата без ДДВ, така што порачката е за 100 милиона лева или околу 50 милиона евра, што прави по 403 000 евра по автобус максимална цена! Edited by Andrej_LJ - 16-Feb-2013 at 23:45 |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 89101112 26> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |