![]() |
![]() |
![]() |
Урбана мафија и дивоградби (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 89101112 27> |
Author | |
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Зависи и тоа во сосема погрешна насока. Граѓаните албанци во Македонија намерно поддржуваат штетни политики по јавното добро мислејќи дека тоа нив им носи нешто добро и дека ја ослабувата повеќе Македонија. Многу губат со тоа, а не сваќаат дека тој пат најмалку ги води кон голема албанија или било која друга осакувана цел. Тотално погрешен избор! Лично здравје си уништија со коронава само за да пркосат на мерките од македонската влада, сите до еден!
|
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
![]() Меѓу другото, од дивоградбава зависи дали поголемиот коалиционен партнер на владејачката ДУИ на следните избори ќе изгуби уште 100к гласа, или нема да изгуби уште 100к гласа (може и во плус да оди). |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Фантомскиот инвеститор го приватизираше и државното земјиште кај Мавровка
Сите знаат кој гради дивоградба кај Мавровка, која требало да израсне во трикатница, но никој не смее да го изговори името на инвеститорот. Сопственоста на парцелата е позната, истиот сопственик не пријавил дека некој му го узурпирал земјиштето, но и понатаму сите се чудат кој е мистериозниот лик. Но, се чини, ова и не е толку голем проблем! Вистинското прашање се крие во тоа на кој му текна да дозволи приватизација на државна парцела на таква локација? Од тука тргнуваат сите проблеми! очно една недела им беше потребна на градските власти да откријат кој успеа ноќта на 30 март да го исече дрвото пред трговскиот центар „Мавровка“, односно пред кафулето „Фонтана“. Дивиот сечач беше уловен на камерите поставени на најблиската раскрсницата, по што доби казна од 5.000 евра. Но, за разлика од овој експресно решен случај, веќе два месеца надлежните не можат да откријат кој гради бетонски објект на неколку ката, на истата локација, на површина од над 300 квадратни метри. Најпрвин сите се правеа дека не гледаат што се случува во центарот на градот, а откако беа приморани да видат-занемеа. Не смеат по никоја цена да го изустат името на инвеститорот. Најповиканиот, градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, откако најпрвин тврдеше дека не знае кој се дрзнал да гради без одобрение за градба, подоцна призна дека го дознал градителот по приватни канали, и му пратил абер да дојде во општината, но тој не го удостоил со своето присуство. Но, ниту тој не се осмели да го изусти името на мистериозниот инвеститор. Топката ја префрли во МВР, коментирајќи дека тие се задолжени за идентификација на лица! Или во превод, тој не бил полицаец, туку градоначалник, па што му е гајле што некој си замислил на „диво“, без одобрение за градба, да изгради зграда во негова општина! КАКО ГАНИУ ЈА СМЕНИ ПРИКАЗНАТА? Градбата почна кон крајот на јуни, кога беше видливо дека се креваат бетонски столбови. На истото место, пак, претходно се наоѓаше кафулето „Фонтана“, кој целосно изгоре во пожар ноќта на 1 мај. Првичните неофицијални информации од МВР беа дека пожарот можеби бил и подметнат, како дел од пресметка на две криминални банди, бидејќи не беше првпат кафулето да е нечија цел на напади. Во февруари 2019 година беа поставени две експлозивни направи кај објектот, од кои едната експлодираше и предизвика материјална штета. Бомбашите не беа најдени, а не добивме информација и како се затворил случајот со пожарот. Дали бил несреќа или подметнат? Како и да е, како што неофицијално дознаваме, на крајот сопственикот на кафулето си добил обесштетување од осигурителна компанија. Откако се расчисти јагленосаното кафуле, набргу почна да се надѕира и бетонската конструкција. Градоначалникот Ганиу смируваше дека ништо не е спорно, дека „тази дупка, не е дупка“, односно дека не се гради објект, туку се враќа кафулето во првобитна состојба како пред пожарот и за тоа е издадена дозвола. – Ве уверувам дека нема да се гради никаков објект, кафуле ќе си биде како што беше. Нашите инспектори беа на терен и се постапува соодветно, изјави Ганиу за порталот „Сакам да кажам“. Но, откако градбата доби на интензитет, а веќе се подготвуваше и плочата, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, информираше дека уште на 9 јуни реагирал до надлежните инспекторати, со коментар дека „На градежното дивеење кај Мавровка мора да се стави крај“. Но, потоа, топката повторно се префрли во општина Чаир, бидејќи Градот Скопје нема ингеренции за да руши ваков тип дивоградби. – Град Скопје нема никакви ингеренции во градежната инспекција. Оние малку ингеренции што ги имаме за надзор на градилиште и тој тип на надлежности ги искористивме со цел да направиме записник за тоа градилиште, да изречеме казна на несовесниот градител и за тоа соодветно да ги известиме надлежните институции. Тоа се Општина Чаир, дека станува збор за дивоградба со оглед на тоа што нашиот Инспекторат не најде валидна документација, Инспекцискиот совет како надзорен орган кој врши надзор врз градежната инспекција на Општина Чаир и МВР, Сектор за економски криминал, изјави градоначалникот Шилегов. И Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам реагираше дека дивоградбата е објект од втора категорија и поради тоа е под надлежност на општината. Директорот Локман Љимани потенцираше дека биле во општината за да видат зошто никој не реагира, ама не наишле на соработка. НЕМА КОЈ ДА ЈА СРУШИ ДИВОГРАДБАТА Набргу на прес-конференција се појави градоначалникот Ганиу, кој откри дека на 10 јули Градежниот инспекторат утврдил дека објектот нема дозвола за градба и издал решение за уривање. Но, бидејќи не можеле да утврдат кој е инвеститорот, ниту изведувачот, објавиле оглас непознатиот сопственик сам да си го урне објектот! Бидејќи сопственикот мудро си молчеше, општината, како што налага процедурата, објави тендер на кој бараше фирма за уривање на бесправно изградени објекти. Но, ниту на првиот, ниту на вториот, не се јави ниту една заинтересирана фирма, по што општината најави дека ќе оди на трета мајка. Сега со зголемување на вредноста на тендерот за кој беа предвидени еден милион денари, ќе се стимулираат фирмите – „мечка страв, мене не страв“, да се охрабрат и да ја урнат дивоградбата на мистериозниот инвеститор. Од општината појаснија дека во тендерот нема да има никакви ограничувања или критериуми и дека ќе го распишат до крајот на неделата. –Согласно извршените консултации и врз основа на Законот за јавните набавки, Општина Чаир пристапува кон зголемување на процентната вредност на јавната набавка како единствен можен механизам поради непредвидените настанати околности за поттикнување на учеството на економските оператори во постапката. Ќе се отвори нова постапка за јавна набавка без никакви ограничувачки критериуми, истакнаа од општината. Она што е нејасно е што доколку никој не се охрабри да се пријави, ниту на третиот тендер? Дали ќе се оди во недоглед со барање на други фирми или, пак, постои и некое друго решение? Упатените велат дека едно од решенијата е да и се одземат ингеренциите на инспекцијата од општина Чаир и да му се препушти на Државниот инспекторат да ја руши дивоградбата. ИМОТНИОТ ЛИСТ Е НА ИМЕ НА СОПСТВЕНИКОТ НА „ФОНТАНА“ И додека се бара јунакот за рушење, од МВР и обвинителството, под дрво и камен, го бараат фантомот кој се дрзна на диво, во најтесното градско јадро и пред очите на целата македонска јавност – да гради. Од МВР информираа дека го известиле обвинителството за превземаните активности, срамежливо признавајќи дека имаат „основи на сомнение за можниот сторител“. Од скопското обвинителство, засега, не откриваат детали, посочувајќи дека се дадени дополнителни насоки за постапување на инспекторите од Единицата за економски криминал. По мало пребарување на сајтот на Катастар, се доаѓа до податок дека сопственик на катастарската парцела 8891/27, на која што е распослана дивоградбата е Мевлуди Алити. Истата личност е сопственикот и на кафулето „Фонтана“ кое изгоре. „Фокус“ не успеа да стапи во контакт со 34-годишниот Алити, а засега е непознато дали со него веќе контактирале од МВР. Со оглед на тоа дека парцелата е негова, логичен заклучок би бил и дека е тој мистериозниот инвеститор. Сепак, постои можноста некој друг да гради на неговата парцела, но во таков случај се очекуваше Алити да излезе во јавноста или да пријави дека на неговата парцела некој бесправно гради. Бидејќи јавноста побрза да го пронајде инвеститорот, низ социјалните мрежи, но и дел од медиумите кружеше информацијата дека инвеститор е сопственикот на „Моно трејд“, повикувајќи се на имотен лист од Катастар. „Фокус“ стапи во контакт со сопственикот Неби Аљими, кој истакнува дека тој нема никаква врска со дивоградбата, а тоа се заклучува и по анализа на имотните листови кои тој ги поседува. Односно тој има имотен лист за подземната парцела. – Јас имам имотен лист за подземната парцела, односно за паркингот во „Мавровка“ и немам никаква врска со парцелата на која се гради. Сето ова е лесно докажливо само ако се погледне документацијата од Катастар, ни изјави Алими. Алими е долгогодишен успешен бизнисмен, кој вели дека не му било сеедно неговото име да се валка, а претходно никој не го прашал за коментар. СПОРНА Е И САМАТА ПРИВАТИЗАЦИЈА НА ПАРЦЕЛАТА? И додека надлежните го бараат фантомот, прашањето што се наметнува, е како воопшто е можно ваков тип на парцела да биде приватизирана? Колку за споредба, упатените велат дека приватизацијата на оваа парцела е исто како некој да си присвои парче од Градскиот плоштад или од булевар. Токму затоа испративме неколку прашања во општина Чаир, поточно го прашавме градоначалникот: -Кога, како и врз кој основ е приватизирана парцелата кај ТЦ Мавровка, а на која во моментот се наоѓа дивоградба? -По која цена е откупена парцелата? -Во чија сопственост е парцелата, на која во моментот има дивоградба? Но до затворање на неделникот не добивме одговор на нашите прашања, а градоначалникот Ганиу не одговараше на нашите телефонски повици. Во недостиг од официјални информации, „Фокус“ неофицијално дознава дека минатата година општината му издала имотен лист на сопственикот на „Фонтана“, Алити. Од лице место дознавме дека за терасата на поранешна „Фонтана“ била формирана катастарска парцела под број 27, односно ако дотогаш постоеле парцелите 8891/2, 8891/3 и така натаму, била создадена и 8891/27. Од обвинителството за „Фокус“ велат дека најпрвин се работи на точно утврдување на идентитетот на инвеститорот, а потоа ќе се разгледа и делот околу начинот на приватизацијата на парцелата. И додека сите „истражуваат“ на терен ситуацијата е мирна. Веќе подолго време ги нема работниците, кои според неофицијалните информации на „Фокус“, требало да изградат трикатница. Шпекулациите се дека во новата градба било предвидено кафуле, а за останатите два ката биле замислени како деловни простории во кои требало да се всели некоја банка, но тука била идејата и за хотел. „Рекла –казала“ муабетите одат дотаму што се тврди дека инвеститорот имал поддршка за градбата од политичката партија ДУИ. Рака на срце, не видовме дека од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои исто така имаат советници во општина Чаир, нешто се потресоа околу овој случај. Излегува дека сите знаат, ама молчат! Нашите соговорници од терен уверуваат дека дивоградбата нема да се урне. Велат дека се убедени дека ќе се најде начин да се оствари првото сценарио, односно, откако ќе спласне прашината (и ќе се состави владата), објектот ќе продолжи да се гради и ќе се легализира. Од друга страна, пак, останува и да се држи за збор градоначалникот на Чаир, кој ја уверуваше јавноста дека објектот ќе се сруши. -Нормално дека ќе го урнеме објектот, изјави неодамна Ганиу. Многу бргу ќе се види дали ова биле само празни зборови и дали ќе продолжи градежното дивеење во Чаир! И УПРАВАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА ИСТРАЖУВА Освен МВР, случајот го истражува и Управата за финансиска полиција. Како што неофицијално дознаваме, тие преку патот на парите се обиделе да дознаат кој гради, но засега, сите обиди се безуспешни. Имено на работниците, односно на фирмата која била ангажирана да гради, досега не и биле исплатени пари на сметка од страна на инвеститорот. https://fokus.mk/arhiva-fantomskiot-investitor-go-privatizirashe-i-drzhavnoto-zemjishte-kaj-mavrovka/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Неверојатната потрага по Мевлудин Алити
![]() Мевлудин Алити е човекот кој што не може да добие покана за разговор од институциите. Тој е сопственик на парцелата на која што се гради дивоградбата. Но, ИРЛ открива дека неверојатната приказна за создавањето на бетонското чудовиште пред трговскиот центар „Мавровка“ почнува многу порано од дивата сеча на дрва и пожарот во кафулето „Фонтана“ кога овој човек пред 8 месеци успева да легализира времен објект. Сечење Кон крајот на март годинава Мевлудин Алити ќе го паркира своето возило пред скопскиот трговски центар „Мавровка“, ќе извади пила и ќе ја исече старата липа којашто ја создаваше сенката врз терасата на популарното кафуле „Фонтана“. Времето е квечерина, а освен полицијата и новинарите, речиси и да нема луѓе низ градот кој што во тоа време е во строг карантин. Престапникот ќе стане познат по три дена откако Комуналната инспекција на Град Скопје ќе побара од скопската полиција да и ги даде снимките од камерите на булеварот. Мевлудин Алити со адреса во Чаир е човекот чијшто идентитет ќе го оддадат безбедносните снимки. Според кажувањата на еснафот во трговскиот центар, Алити живее во Сингелиќ, а не во Чаир. Според дописот на Град Скопје до ИРЛ, и тие имале проблем да му ја достават казната на сторителот оти нивната покана била вратена од адресата којашто на Алити полицијата му ја води како постојано живеалиште. Палење Се запали кафулето „Фонтана“ во Мавровка. Ноќта по пожарот, на први мај, оваа вест ќе ја соопшти полицијата. Пожарот не ги оштетил околните дуќани, но бил толку силен, што неколку часа го гаселе 20 пожарникари. Сопственикот на кафулето „Фонтана“ е истиот човек којшто го сече и дрвото – Мевлудин Алити. „Рано е да се даваат било какви коментари, ќе има истрага“, ова е кусиот одговор на министерот Наќе Чулев на новинарско прашање на телевизијата „Алсат“ која што ќе праша како се случил пожарот среде строг карантин. Медиумите известуваат детално за пожарот, а случајот ќе добие уште поголемо внимание откако по еден ден ќе се објави првиот наод од увидот. Пожарот се случил поради спој на компјутерот и фискалната каса. Тука не е крајот со овој случај. По три недели од пожарот, на местото на изгореното кафуле се појавуваат огромни бетонски столбови. Градење Медиумите известуваат дека на местото на старото кафуле „Фонтана“ се гради голем бетонски објект. Надлежни да испитаат што е гради пред трговскиот центар Мавровка се градежните инспектори на општина Чаир. Првите денови откако ќе започне изградбата, првиот човек на општината, градоначалникот Висар Ганиу тврди дека не се гради никаков објект, туку сопственикот на кафулето си го обновува локалот и за тоа има дозвола. „Ве уверувам дека нема да гради никаков објект, кафуле ќе си биде како што беше. Нашите инспектори беа на терен и се постапува соодветно“, вели за порталот „Сакамдакажам.мк“ градоначалникот Ганиу. Изградбата на објектот не престанува, а медиумите и граѓаните се погласни дека не смее да се дозволи на таа локација да се изгради објект. По ова на терен ќе излезат и инспекторите на Градот Скопје, но нивната надлежност се терасите, не дивоградбите. Според документите од инспекцијата кои што ги доби ИРЛ, Градот веднаш ја известил општината Чаир, Државниот Градежен Инспекторат и Инспекцискиот Совет. Во расветлувањето на овој случај се вклучува и полицијата. И додека сите го бараат анонимниот градител, градбата од столбови стаса до два ката. Во средината на август градењето ќе прекине откако новиот наратив на институциите е дека не можат да го најдат градителот. Два месеци институциите го бараат инвеститорот на градбата којшто во речиси сите медиумски известувања е посочуван како анонимен. Се чини дека никој не сака да се замери со оној кој што гради. Но и дека сите знаат кој е, но никој не би го кажал прв. Барем не додека осомничениот не ја добие поштата. Потрагата по Мевлудин Алити На сегашната локација каде што се прави нелегалниот објект еден човек ја поседува и фирмата која што го оперира кафулето “Фонтана” – ТП со угостителска дејност бифе АМ Фонтана Алити Бајрам Мевлудин Скопје и имотниот лист за објектот. Објектот каде што се наоѓаше кафулето „Фонтана“ имотен лист добил пред нешто повеќе од половина година откако Мевлудин Алити поднесува барање за легализација. Кафулето „Фонтана“ отворено во 1998 година во катастарот се водело како времен објект затоа што е на јавна површина. Во последните пет години, кафулето се промени во обем и од летна тераса се прошири кон скалите. Но, според јавните документи, општина Чаир го одобрила барањето за легализација на времениот објект во декември 2019 година. Сите институции на Мевлјдин Алити му доставуваат покана за разговор во врска со информациите за градењето на неговата парцела служејќи се со адресата во Чаир. Од општина Чаир вели дека без доказ кој е вистинскиот инвеститор, се што можат тие да сторат е да одат на лице место на локацијата каде што се гради за да му врачат решение за инспекциски надзор за рушење на дивоградбата, но велат дека немало кој да го прими. Инспекторите оделе напати, но велат дека не затекнале никој на лице место. Од општината велат дека го исконтактирале сопственикот на „Фонтана“, но тој им кажал дека не го гради новиот објект, па од таа причина решението за рушење се води на непознат сторител. Во меѓувреме од општина Чаир се уште чекаат да заврши вториот тендер за компанија за рушење, за да можат самите да ја отстранат дивоградбата кај Мавровка. Премислениот инвеститор ИРЛ телефонски разговараше со сопственикот на некогашното кафуле „Фонтана“ Мевлјудин Алити на кого се води и имотниот лист за објектот. „Не сакам да зборувам за тоа“ брзо се претвори во „Грешка сте“, за на крај да ни спушти тврдејќи дека не е во Македонија и не може да разговара. Но, во изјава за телевизијата „Алфа“ Алити на 2 јули годинава од местото на градењето, додека мајсторите уште работат, ќе изјави дека ќе се градел објект ист како претходниот, само бетонските столбови ќе биле подебели. Тој тврди дека има дозвола за реконструкција на објектот. Финансиската полиција отвори случај Од полицијата случајот е предаден во Јавното обвинителство, а од таму бараат Финансиска полиција да се вклучи во истрагата. „Ние отворивме финансиска истрага за сите кои што се инволвирани во овој случај. Јас нема да го оставам овој случај додека не го решиме“, вели директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми за ИРЛ. Според информации од истражните органи, две фирми биле најмени од инвеститорот за да ја градат градбата кај Мавровка. Тоа се градежните компании „Антика Визион“ и „Ерман Инк Дооел“, двете од Сарај. ИРЛ се јави во Антика Визион, додека Ерман Инк нема регистрирано никаков контакт. „Нашата компанија не го гради објектот кај Мавровка. Ние немаме никаква врска со тој објект“, одговорија од компанијата. На социјалните мрежи можат да се забележат дузина фотографии од градилиштето кај Мавровка каде што лицата кои работеле на изградбата ја тагнувале во постови фирмата Антика Визион. Додека општина Чаир не заврши, Државниот градежен инспекторат не можел да почне Додека на цела јавност и се чини дека случајот со дивоградбата кај Мавровка тапка во место, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам (ДИГУ) смета дека општина Чаир добро го води случајот. ИРЛ се јави кај раководителката на одделението за инспекциски надзор од областа на градежништвото за да прашаме какви се нивните надлежности во овој случај. Од таму ни одговорија дека ова е објект од локално значење и се додека општинските инспектори добро си ја вршат работата, ДИГУ нема никакви ингеренции. „Ние немаме надлежност во овој случај. Инспекторот од општина си го води предметот и додека се работи на случајот ние не можеме да преземеме ништо“, ни одговорија од ДИГУ Од таму додаваат дека надлежност за да и се одземат ингеренциите на општината има ДИГУ, но се додека се преземаат активности за отстранување на дивоградбата, општината ќе си ги има сите ингеренции. „Не се занимавајте со ова“ За изработката на оваа сторија ИРЛ се користеше со официјални информации и документи од Републичкиот Катастар и Централниот регистар, други документи и брифинзи од надлежните општини и институции, а разговаравме со најмалку 15 лица од институциите и други лица кои што го познаваат инвеститорот. Никој од нив не сакаше да говори јавно и во детали за овој случај поради страв од притисоци и последици по нивните животи и кариери. Репортерите на ИРЛ добија идентични совети од сите луѓе со кои што разговарававме: „Не се занимавајте со ова“. https://irl.mk/neveroatnata-potraga-po-mevludin-aliti/ Edited by stef4o - 27-Aug-2020 at 10:55 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Незнаев каков објект е,што се гради немав инфо околу објектот затоа постирав тука.Слободно може да се префрли ако има соодветна нишка.
Инаку над 80% од постовите по твитер и фејсбук се со невиден отпор и критика под ист удар ги ставаат и легалното и нелегалното градење,дискурсот за жал е таков каков е и треба време тоа да се искорени и секако треба брзо и ефикасно да одговорат институциите на сите нелегални работи кои бодат очи во јавност и да се стави некое разграничување на работите низ каква призма ќе се гледаат. |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Зашто секогаш кога јавноста е љубоморна на други што градат тоа мора да е у класификација урбана мафија?? Не зборам за тебе, зборам генерално кој јавен дискурс се промовира. Ова колку што знам е сосема легално низ поцедура сроведено и нема врска со мафија.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ова е зданието што е изградено на Козјак(од твитер)
![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ШИЛЕГОВ: ОПШТИНА ЧАИР ДА НАЈДЕ НАЧИН ЗА РУШЕЊЕ НА ДИВОГРАДБАТА КАЈ МАВРОВКА
https://www.24.mk/details/shilegov-opshtina-chair-da-najde-nachin-za-rushenje-na-divogradbata-kaj-mavrovka |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
А сендвичарата Мерлин, од другата страна на мостот на иста ваква позиција? Човеци Кавадарчани, Тиквешани, има ли некој да не чита?
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
По налог на градежниот инспектор на Општина Кавадарци денес се врши рушење на дивоградба лоцирана на кејот на реката Луда Мара. По 15 години соочување со проблем , сега ова место ќе им биде достапно на пешаците со оспособување на тротоарот.
![]() ![]() https://www.facebook.com/opshtinakavadarci |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ОПШТИНА ЧАИР ЌЕ ДАДЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА УРИВАЊЕ НА ДИВОГРАДБАТА КАЈ „МАВРОВКА“ ЗА ДА ГИ ПОТТИКНЕ ФИРМИТЕ ДА СЕ ЈАВАТ НА ТРЕТИОТ ТЕНДЕР
Откако на двата тендера за уривање на дивоградбата кај ТЦ „Мавровка“ во строгиот центар на Скопје не се јави ниту една фирма, Општина Чаир ќе ги стимулира фирмите преку зголемување на вредноста на договорот. На првите два тендера се уривање на дивоградби во Општината беа предвидени еден милион денари. Од Општина Чаир велат дека таа сума била предвидена на почетокот на годината кога се усвојувал годишниот план за јавни набавки. „Согласно извршените консултации и врз основа на Законот за јавните набавки, Општина Чаир пристапува кон зголемување на проценетата вредноста на јавната набавка, како единствен можен механизам поради непредвидените настанати околности за поттикнување на учеството на економските оператори во постапката“, велат од Општина Чаир. Новиот трет тендер ќе биде објавен во текот на оваа недела, а колку пари ќе се предвидат со кои треба да се поттикнат фирмите да конкурираат уште не е одлучено. Кој ја гради дивоградбата кај „Мавровка“ сѐ уште не се знае. Бидејќи Општина Чаир не може да го открие инвеститорот, во случајот се вклучи и Министерството за внатрешни работи, од каде пред две недели соопштија дека имале основни сомневања кој гради на диво во центарот на Скопје и доказите ги предале на Основното обвинителство. Од МВР не кажуваат кој е инвеститорот за кого имаат сомневања. Од Обвинителството досега нема покрената постапка за овој предмет. Дивоградбата пред „Мавровка“ се гради на местото на кафулето „Фонтана“, кое изгоре во пожар на 1 мај годинава. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-chair-ke-dade-poveke-pari-za-urivane-na-divogradbata-kaj-mavrovka-za-da-gi-pottikne-firmite-da-se-javat-na-tretiot-tender/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Како Општина Чаир ќе ја урива дивоградбата кај Мавровка?
https://telma.com.mk/2020/08/17/како-општина-чаир-ќе-ја-урива-дивоград/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Урбани атентатори: Случај Тафталиџе
https://irl.mk/urbani-atentatori-kako-eden-posrednik-eden-gradonachalnik-i-nekolku-biznismeni-go-promenia-taftalie/ |
|
![]() |
|
PlctEtr93 ![]() Newbiе ![]() Joined: 28-Jul-2020 Online Status: Offline Posts: 2 |
![]() ![]() |
Имаат право да повикаат помош од државата да ги искористи своите ресурси, т.е. армијата да дојде да ја сруши дивоградбата за беспари.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ПАК НЕ СЕ ЈАВИ НИТУ ЕДНА ФИРМА НА ТЕНДЕРОТ ЗА УРИВАЊЕ НА ДИВОГРАДБАТА КАЈ „МАВРОВКА“
И на вториот тендер распишан од Општина Чаир за уривање на дивоградби не се јави ниту една фирма. На тендерот кој траеше до вчера не стигнала ниту една понуда, па Комисијата за јавни набавки во Општината го поништила тендерот и со тоа пак не е избрана фирма која треба да ја отстрани дивоградбата пред ТЦ „Мавровка“. „В понеделник со одделението за јавни набавки на Општината ќе имаме состанок за да видиме како според Законот за јавни набавки да постапиме, за да можеме да избереме фирма за уривање, а да не ни се случуваат и во иднина неуспешни тендери“, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК од Општина Чаир. Кој ја гради дивоградбата кај „Мавровка“ сѐ уште не се знае. Бидејќи Општина Чаир не може да го открие инвеститорот во случајот се вклучи и Министерството за внатрешни работи од каде пред една недела соопштија дека имале основни сомневања кој гради на диво во центарот на Скопје и доказите ги предале на Основното обвинителство. Од МВР не кажуваат кој е инвеститорот за кои имаат сомневања. Од Обвинителството до сега нема покрената постапка за овој предмет. Дивоградбата пред „Мавровка“ се гради на местото на кафулето „Фонтана“, кое изгоре во пожар на 1 мај годинава. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/pak-ne-se-javi-nitu-edna-firma-na-tenderot-za-urivane-na-divogradbata-kaj-mavrovka/ |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Општината Струга го удри меракот на 50 илјади квадрати од крајбрежниот
струшки „Еуротел“ За четири парцели со вкупна површина од над 50 илјади квадратни метри на кои се протега огромниот објект – познатиот крајбрежен струшки хотел „Еуротел“, неодамна општината Струга односно градоначалникот Рамиз Мерко покрeнале постапка за експропријација. Сопствениците на апартманите во хотелот „Еуротел“ стравуваат дека општината ќе им го одземе вредното земјиште за кое тие веќе имаат судска пресуда дека е нивно, а од општината одбиваат да дадат подетални информации за тоа што е планирано да се гради на овој дел од струшкото крајбрежје. Автор: Мери Јордановска целата приказна на линкот, на пдф документ http://mediumcenter.mk/wp-content/uploads/2020/03/%D0%9E%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%A1%D1%82%D1%80%D1%83%D0%B3%D0%B0-%D0%B3%D0%BE-%D1%83%D0%B4%D1%80%D0%B8-%D0%BC%D0%B5%D1%80%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-50-%D0%B8%D0%BB%D1%98%D0%B0%D0%B4%D0%B8-%D0%BA%D0%B2%D0%B0%D0%B4%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B8-%D0%BE%D0%B4-%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%98%D0%B1%D1%80%D0%B5%D0%B6%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D1%81%D1%82%D1%80%D1%83%D1%88%D0%BA%D0%B8-%E2%80%9E%D0%95%D1%83%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BB%E2%80%9C-.pdf?fbclid=IwAR2yRVPPnEHsQGzL0Zv2nwtwClFkgTcE_a3PWcb_39cZ7GTmf4xGhyrVA9Y |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Skopje1981 ![]() Newbie ![]() Joined: 02-Nov-2019 Online Status: Offline Posts: 25 |
![]() ![]() |
Велелепна архитектура.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Во Охрид(твитер)
![]() ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
МВР ГО ИЗВЕСТИ ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДЕКА ИМА ОСНОВ ДА СЕ СОМНЕВА КОЈ ГРАДИ НА ДИВО КАЈ МАВРОВКА
Министерството за внатрешни работи има основани сомневања кој е можниот градител на дивоградбата пред ТЦ „Мавровка“. Од МВР испратиле известување до Основното јавно обвинителство во кое ги известуваат што сѐ презеле до сега во врска со овој случај и соодветните докази кои ги прибавиле и упатувале на тоа кој може да ја го гради објектот. „Единица за економски и компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност, изминатиов период применувајќи ги неопходните мерки и активности од делокругот на својата надлежност, интензивно работеше во насока на утврдување на постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘бесправно градење‘ во реонот на ТЦ ‚Мавровка‘ кое што се гони по службена должност по чл. 244-а од Кривичниот законик. Поднесено е известување како компилација или извештај од сѐ што е превземено од наша страна и со соодветни докази кои што упатуваат на постоење на основи на сомнение за можниот сторител на кривичното дело ‚бесправно градење‘“, велат од МВР. Од МВР не кажуваат кој е инвеститорот и фирмата за која од нивната истрага постојат докази и сомневање дека ја гради дивоградбата кај „Мавровка“. Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу под чија надлежност е издавање на градежни дозволи и уривање на дивоградби исто така не знае кој гради на диво пред ТЦ „Мавровка“. Кога ги испратил градежните инспектори на градилиштето имало само работници и никој од нив не кажувал кој е инвеститор. Затоа тој решението за уривање за непознат сторител го објави во Службен весник. Дивоградбата за која Ганиу вели дека ќе се урива, не може да се урне бидејќи Општината не може да избере фирма за уривање. Првиот тендер пропадна бидејќи не се јави ниту една фирма, а вчера беше објавен нов, втор повик. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/mvr-go-izvesti-obvinitelstvoto-koj-e-mozhniot-storitel-na-divogradbata-kaj-mavrovka/ |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Физичка претстава на поимите „заробена држава“, „хибриден режим“, „неуспешна држава“, „држава со висок степен на корупција“, „дуинг бизнис“...
|
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 89101112 27> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |