build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ГУП - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 891011>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 19-Sep-2008 at 19:56

Нов град ќе никне во Скопје

Нов град на површина од 300 хектари со 60.000 жители ќе никне во Скопје. Ова е предвидено со измените и дополнувањата на генералниот урбанистички план на градот, кои се однесуваат исклучиво на касарните.

Воените објекти ќе станат зони за живеење.

„Измените и дополнувањата не генералниот урбанистички план се однесуваат на начинот на планирање на т.н. сиви зони или пак, на простори на Министерството за одбрана, кои се отстапени на Министерството за транспорт и врски. Сега тие се во интерес на градот, изјави проф. Андреј Токарев од партиципативното тело на град Скопје.

Касарната „Илинден“ ќе се пренамени во урбанизирана населба, Бардовци ќе стане елитна населба, дел од касарната во Аеродром ќе биде со станбени згради, а останатиот ќе има комерцијални намени.

Но, стручната расправа која ја организираа изведувачите на планот наиде на низа критики. Повеќето од експертите сметаат дека измените и дополнувањата на ГУП-от имаат недостатоци, од кои ќе произлезат многу пропусти.

„Специјалните зони кои ќе станат елитни, или други современи населби за домување, нема да имаат исправни инфраструктури. Нема да имаат правилно димензионирани, планирани и изведени патна мрежа, водовод, канализација и електрификација“, изјави Мирослав Грчев, универзитетски професор.

„Едноставно, немавме информација што се предвидува, кој дел ќе се зафати, каков ќе биде интензитетот на изградбата, какви ќе бидат реперкусиите врз просторот“, вели Влатко Коробар, универзитетски професор.

Сите забелешки на стручната јавност во врска со планот треба да поминат на Советот на град Скопје. Намената на овие површини е според одредбите на Владата, која и ќе ги издвои средствата за изработката на ГУП-от за главниот град.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=97858
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 30-Aug-2008 at 00:34
Кале може да биде добра дипломатска ареа. Дипломатската ареа е нешто што е карактеристично за многу главни градови. Во Скопје амбасадите и резиденциите се разштркани по цел град по несоодветни објекти, односно преадаптирани куќи. Кале има предиспозиции за такво нешто, поготово со новата амбасада на САД. Патем тоа ќе значи многу за реинтеграција на целата таа лева страна на вардар. А ќе се отвори и голема потреба за довршување на булеварот климент охридски, којшто пак ќе биде директна конекција со владата и делумно собраниет!

Edited by lslcrew - 30-Aug-2008 at 00:41
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 29-Aug-2008 at 22:06
Originally posted by beTon

претседателската резиденција да се смести во Музејот на современа уметност - 2001

ѕшто стана со оваа иницијатива, немам видено што е сега во ГУП и што планираат да се вметне на кале со новите измени, мислам дека ова ќе држи вода но нешто малку потака некаде кај француски гробишта бидејќи ионака тој дел заради штабот на циа за балкан кој го градат на калето сето тоа таму ќе биде под специјален режим на движење, а кај мсу најдобро е да ја направат фамозната филхармонија или пак да го дислоцираат таму музеј на македонија а воедно и да го прошират но и ќе имаат доста бришан простор за инсалации и манифестации, а вака е музејот најнекорисниот објект што постои во скопје после зградата на мтв, ниту на народов му е до современа уметност ниту пак современата уметност е наменета за мецени па да е издвоена од центарот и да се лоцира каде нема никаков јавен транспорт до неа, а за тоа дека локацијата е нај топ во градов тоа е точно само што на секој можен начин е заборавена и одсечена од градот, она со монореилот кој го превидуваат за кале може би го заживеало мсу но без јсп ништо, па затоа дефинитивно “мсу“ би било подобро да се дислоцира пример некаде под нова железница до најсовремениот и нај уникатен мост во светот со кривина на излез (искривен во право време) - местото е измислено за такво нешто а плус ќе биде во опкружување на постмодерни архитектонски дела како нова железничка и телевизија па и саемот како појава, а најинтересен момент ќе биде тоа што сите уметнички експонати колку и да бидат тие гломазни ќе се истовараат директно од воз во галериите на музејот...


До некаде се сложувам со ова што го збориш (за МСУ). Сепак не би влегувал во такви комбинации, зградата (според мене) е една од подобрите таму. Спрема мене и МСУ е жртва на прекинатата врска помеѓу центар и турска чаршија. Незнам што ќе излезе од наглава урбанизација на потегот околу карпошово востание но искрено се надевам дека новите објекти (Музеј на ВМРО и стар театар) независно што сум категорично против нив малку ќе го дигнат нивото во тој дел (го заборавив и центарот на холокаустот) и ќе се создадат услови за евентуална изградба на плоштадот Карпошово востание кое е сега руина. Ако таа празнина се исполни и заживее како што треба мислам дека реинтеграцијата на турската чаршија, кале и МСУ во градот е неминовна само ќе биде потребно време.

Во делот после француски гробишта се сложува, тоа е интересна локација за претседателска палата или пак за уште некоја амбасада.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 14-Aug-2008 at 16:43

Претседателската резиденција да се смести во Музејот на современа уметност - Вест 12.10.2001

Во новиот Генерален урбанистички план на Скопје предвидени се нови резиденции за државната управа во околината на Калето, кај Француските гробишта и на улица Илинденска, кај Електротехничкиот и Машинскиот факултет.
Новиот Генерален урбанистички план на град Скопје-ГУП предвидува да се градат нови објекти за државната управа во околината на старата скопска тврдина-Кале, во близина на Француските гробишта. Ваков тип на резиденции се предвидени и на улица Илинденска, кај Машинскиот и Електротехничкиот факултет. Претходно, во околината на Калето, каде сега се предвидуваат јавни функции, било замислено да се градат дипломатски претставништва, но бидејќи странските мисии сместувањето си го решиле на друг начин, идејата е преименувана. Иницијативата за ширење на работниот простор на државната управа е на Владата. Како идеја е стара неколку години, неофицијално од 1991 година, веднаш по осамостојувањето на Македонија, кога во државава почнале да доаѓаат многу дипломатски мисии. По неколку години, некаде во 1998 година, се провлече идејата таму да се изградат резиденции за претседателот на државата, бидејќи само тој нема ваков вид простор. Тогашниот претседател на парламентот, алтернативецот Саво Климовски дури сугерираше претседателската резиденција да се смести во Музејот на современа уметност. Подоцна Министерството за урбанизам се обиде да го заокружи резиденцијалното прашање, нудејќи неколку солуции, но сето тоа остана без завршница.
Замислата за резиденции на Кале, на неодамна одржаната стручна расправа за новиот ГУП, наиде на големо негодување кај присутните архитекти и кај други стручњаци што зедоа збор. Нивните забелешки беа дека во новиот ГУП, Калето воопшто не е добро третирано, имајќи предвид дека станува збор за едно од најатрактивните места во главниот град. Доминираа мислења дека Калето е стратешки објект и дека неговата околина треба на поинаков начин да се осмисли, а исто и да се посвети внимание на разните археолошки истражувања. Беше наведено дека на Калето треба да се предвиди културен туризам, паркови, споменични места, да се уреди Музејот, и да се земе предвид улицата Климент Охридски која треба да поминува под Калето. Никола Бошку, еден од членовите на тимот од Јавното претрпијатие за просторни и урбанистички планови, објаснува дека предлогот за резиденции се уште не е усвоен, и дека тоа ќе се знае за неколку дена. Според него, старата тврдина-Кале воопшто не е засегната од оваа идеја, затоа што резиденциите не се на површина на делот што е заштитен. Тој објаснува дека типот и намената на државните резиденции, доколку се усвои предлогот, ќе бидат утврдени отпосле, на јавен конкурс.

што стана со оваа иницијатива, немам видено што е сега во ГУП и што планираат да се вметне на кале со новите измени, мислам дека ова ќе држи вода но нешто малку потака некаде кај француски гробишта бидејќи ионака тој дел заради штабот на циа за балкан кој го градат на калето сето тоа таму ќе биде под специјален режим на движење, а кај мсу најдобро е да ја направат фамозната филхармонија или пак да го дислоцираат таму музеј на македонија а воедно и да го прошират но и ќе имаат доста бришан простор за инсалации и манифестации, а вака е музејот најнекорисниот објект што постои во скопје после зградата на мтв, ниту на народов му е до современа уметност ниту пак современата уметност е наменета за мецени па да е издвоена од центарот и да се лоцира каде нема никаков јавен транспорт до неа, а за тоа дека локацијата е нај топ во градов тоа е точно само што на секој можен начин е заборавена и одсечена од градот, она со монореилот кој го превидуваат за кале може би го заживеало мсу но без јсп ништо, па затоа дефинитивно “мсу“ би било подобро да се дислоцира пример некаде под нова железница до најсовремениот и нај уникатен мост во светот со кривина на излез (искривен во право време) - местото е измислено за такво нешто а плус ќе биде во опкружување на постмодерни архитектонски дела како нова железничка и телевизија па и саемот како појава, а најинтересен момент ќе биде тоа што сите уметнички експонати колку и да бидат тие гломазни ќе се истовараат директно од воз во галериите на музејот...

____________________________________________________________

разбрав што биднало со иницијативата ... 

Дневник 18 март 2003

Претседателска палата на Кале може да никне за една година

СДСМ, како што дознаваме, има сериозна намера да обезбеди ново седиште за шефот на државата, не толку за актуелниот Трајковски, колку за идниот, што ќе биде избран на претседателските избори во 2004 година

Несекојдневни "новогодишни" честитки, со скица на претседателска палата на скопското Кале, биле испратени до шефот на државата Борис Трајковски, претседателот на Собранието Никола Поповски, премиерот Бранко Црвенковски и до скопскиот градоначалник Ристо Пенов. Честитките ги испратил угледниот архитект Живко Поповски, со намера да ја актуализира неговата стара идеја за изградба на претседателска резиденција во внатрешноста на скопската тврдина, веднаш до кулата што се издига над бараките на скопски "Водовод". 

Потврда за тоа дека станува збор за сериозна идеја е и најавата на претседателот на Парламентот, Поповски, дека наскоро ќе побара Владата да најде решение за ново седиште на шефот на државата, бидејќи собраниската зграда станала претесна за двете институции. Тој притоа не прецизираше каде би можело да биде идното седиште на шефот на државата, оставајќи ги еднакво отворени можностите за изградба на сосема нов објект и за приспособување на некој од постојните резиденцијални објекти што се во сопственост на државата.

Архитектот Поповски коментира:

- Да, направив цртеж и им го испратив како честитка за Нова година. Очигледно е дека сакаат, по секоја цена, да го издвојат седиштето на претседателот од зградата на Парламентот и притоа се споменуваат крајно срамни решенија, какви што се Клубот на пратениците или зградата на "Македонија табак". Го сугерирав најдоброто можно решение, за чија изградба веќе имам и првични проекции. Се уште немам повратна информација од ниту еден од кабинетите, но се надевам дека тие ќе ја разберат семантиката на мојот предлог.

Објектот, според него, би можел да биде изграден за помалку од една година и не би чинел повеќе од 750 евра по квадратен метар.

- Најбитно во сето ова е значењето што преместувањето на седиштето на претседателот на Кале би го имало за Скопје и за државата - вели архитектот Поповски.

Тој очекува да ги заинтересира надлежните за овој проект. Евентуален отпор, според него, би можело да има од археолозите, кои, со претпоставката дека станува збор за потенцијално наоѓалиште, со години се противат на какви било градежни зафати на локацијата.

Во Кабинетот на Трајковски вчера немаа никаков коментар за идејата на Поповски.

- Освен за приспособување на некоја од резиденцијалните вили на Водно, не сме разговарале за други опции. Но, ако Владата смета дека може да издвојат пари од буџетот за таа намена, ние во основа се согласуваме со кое било решение. Условот е тоа сепак да биде репрезентативен објект што ќе ги исполнува безбедносните и други критериуми неопходни претседателот на државата - изјави портпаролот на Трајковски, Борјан Јовановски.

Без оглед на иницијативата на архитектот Поповски, СДСМ, како што дознаваме, има сериозна намера да обезбеди ново седиште за шефот на државата, не толку за актуелниот Трајковски, колку за идниот, што ќе биде избран на претседателските избори во 2004 година.

____________________________________________________________

Американците ќе градат амбасада на Кале - А1 - 22.12.2003

Трифун сака Градска куќа кај Кале - Вест - 06.07.2005

Претседателскиот Кабинет На Нова Локација -  Бранко се сели! - Вечер - 05.09.2006 

Доцни резиденцијата на Водно - Вечер - 21.06.2007

____________________________________________________________

LOL

Museum of Contemporary Art

The building of the Museum of Contemporary Art, as one of most monumental in Skopje, was designed (Czech architect Viktor J. Hudak) and constructed in the course of 1930 - 1938. The object is conceived in modern architectural language for that time, with specific massive and playful dimensions and clear façade elements in the shape of a pentagon with an inner court.
The building is in use since 1939 as Museum of the Vardar Banovina of the Kingdom of Yugoslavia, when part of the modern painting collection of prince Pavle was stored in it.
After the liberation of Skopje in 1944 the museum building is renamed as Art Museum of the People Republic of Macedonia.
The earthquake that Skopje experienced in 1963 significantly damaged the Museum building. Works for its repair and reconstruction were undertaken. In this year the museum is renamed to Museum of Contemporary Art and the collection was significantly enriched with presents from artist from all over the world.. The fund of donated works has exceeded 4000 art works by around thousand artists from all over the world
The museum has several exhibition rooms, a big exhibition hall, drawing and print cabinets, depots, library, offices etc.

Presidential Palace

In 1970, after several decades of activity in various residential objects, the President of the Socialistic Republic of Macedonia, finally gets adequate working space when the new Presidential Palace is built on the Kale fortress - the old heart of the city of Skopje.
The project of the Presidential Palace building was solidarity present from the People Republic of Poland after the catastrophic earthquake in 1963. The architects of the building are the renounced Polish architects Waclaw Klyszewski, Jerzy Mokrzynski and Eugeniush Wiezbicki.
Along with the Presidential cabinet, in the Presidential Palace, which is an exceptional example of the late modernistic architecture (5428m²), several meeting halls, a gala salon and offices of the presidential administration are located. The residence (living quarters) of the President are situated in the south wing of the palace.
For the purpose of protocol activities that take place in the palace, after the independence of the Republic of Macedonia in 1991, several major renovations of the palace have been undertaken. For the future, a creation of a Presidential Library in the north wing of the palace is planned.

www.e-cart.ro/7/oliver/uk/g/oliver-musovik_uk.html

Претседателот Трајковски во историјата на македонската уметност
Човек со чувство за уметничката креација - 01.03.2004

Учествувајќи и посредно и непосредно во проектот „Претседателска палата“ на младиот уметник Оливер Мусовиќ, претседателот Борис Трајковски покажа исклучително чувство и почит за уметноста што не е честа, ниту, пак, вообичаена карактеристика на актуелните политичари.

Сите типови уметност, без исклучок, ја имаат идејата како заеднички именител, но за концептуалата идејата е праисходиште, но и основна цел. Поради тоа, второто име на концептуалата е идеја-уметност. Таа ги користи телото, говорот, јазикот, зборовите, летристичките и нумеричките форми како материјал, а нејзините дела често не постојат како објекти, туку опстојуваат во колективната меморија како идеи. Тоа што физички останува зад нив е документот.

И проектот „Претседателска палата“ на Мусовиќ, претставен во ноември на изложбата Концептуалниот дискурс во македонската ликовна уметност, во МСУ, е идеја – уметност. Мусовиќ си поигра со размислата за пренамена на Музејот на современата уметност во претседателска палата, која пред неколку години почна да се тркала низ јавноста.

Меѓутоа, таа ноемвриска вечер, со согласност на претседателот Трајковски, Музејот навистина стана претседателска палата, а претседателот на државава - дел од македонската концептуала.

- Проектот беше замислен како концептуална реакција на идејата Музејот да биде пренаменет во претседателска палата. Мусовиќ претстави фотографии на Музејот на современата уметност и на зградата на Собранието на Македонија, под кои со инверзија на податоци беа променети легендите. Така, под фотографијата на Собранието стоеја податоци за МСУ, а под фотографијата на Музејот – податоците за Собранието – си спомнува Соња Абаџиева, куратор на изложбата за македонската концептуала.

Двајцата гардисти од почесната претседателска гарда во своите свечени униформи што стоеја на влезот во Музејот околу црвената патека само ја дополнија идејата на авторот. Плочата со натписот „претседател на Република Македонија“ на влезот во Музејот ја зачини целата ситуација со неопходната зачуденост, а присуството на претседателот Трајковски на отворањето на изложбата му даде нова, неочекувана димензија на проектот.

- Многу посетители мислеа дека гардистите се присутни поради претседателот, но тие, всушност, беа дел од проектот на Мусовиќ - вели Абаџиева.

- Претседателот беше запознаен со целиот овој проект и целосно ја почитуваше желбата на авторот, поради што без збор го обезбеди присуството на гардистите за време на отворањето на изложбата. Доаѓањето на претседателот му даде сосема поинаква димензија на целиот проект и ја овозможи неговата комплетна реализација. Со тоа проектот на Мусовиќ, во ваква форма, беше изведен прв и единствен пат само на отворањето на изложбата. Тоа е неоконцептуала во духот на концептуализмот - вели Абаџиева.

- Сметам дека гестот на претседателот да ги отстапи гардистите во функција на еден перформанс беше во духот на целиот проект „Македонска концептуала“, а тоа е дух на слободата на творештвото, на слободата на изразот и на мислењето, на слободата на изразувањето на мислењето и на творештвото. Контекстот беше персифлажа на една стара идеја, потекната од некои политички кругови за пренамена на Музејот во претседателска палата. Ние се обидовме да се пошегуваме со таа идеја и драго ми е што претседателот тоа го прифати, што зборуваше за неговата интелектуална широчина – вели Емил Алексиев, директор на Музејот за современа уметност.

Овој запис за изложбата на македонската концептуала, една од повпечатливите манифестации во минатата сезона, е потсетување на проектот што ги тестираше отвореноста и сензитивноста на политичкиот врв за уметничка креација и на претседателот Трајковски што повеќе од успешно го помина тој тест.

Време - Јасна Франговска - 01.03.2004



Edited by beTon - 27-Jan-2009 at 21:22
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 10-Jul-2008 at 08:59
Јас сум дефинитивно за. Но не да се направи некој ДУП ради реда туку да го направат како што треба. Не ми се допаѓа локацијата за индустриски објекти во секој случај. Сосема се доволни качанички пат и идната обиколница за таква намена. 

ЖИТЕЛИТЕ НА ВИЗБЕГОВО ДВЕ ГОДИНИ ЧЕКААТ ИЗМЕНА НА ГУП
Урбанизацијата заглавена во бирократските процедури

Жителите на Визбегово веќе две години ги чекаат измените во Генералниот урбанистички план на градот, со кој зелениот појас од двете страни на булеварот Словенија треба да се пренамени во градежна зона. Тие бараат овој простор да се урбанизира бидејќи со изградбата на новиот булевар очекуваат нивното населено место да се развие и да привлече инвеститори. - Кога градските власти се договараа со нас за пробивање на булеварот, беше ветено дека околното земјиште ќе се изгради и ќе се предвиди дел за домување и дел за индустриски објекти. Идејата беше земјата да се култивизира, а со отворање на производствените капацитети би имало и нови вработувања. Но оттогаш немаме никаква информација до каде се работите - велат жители од месната заедница на Визбегово. Во Општината Бутел потврдија дека пред две години поднеле иницијатива до Градот со истите барања. - Целиот појас низ кој минува булеварот според сегашниот ГУП не е наменет за градба, а само еден потег од десната страна за кој немаше законски пречки е урбанизиран. Во продолжение очекуваме да се прошири индустриската зона Визбегово, додека од левата страна ќе бидат лоцирани станбените објекти. Исто така, како општина подолго време имаме идеја за уредување на просторот околу аквадуктот. Дадовме предлог да учествуваме и финансиски во донесувањето на ГУП, но идејата пропадна откако другите општини не се согласија да партиципираат “ вели Снежана Клинчарова од Службата за односи со јавност на Општина Бутел. Надлежните од Градот посочија дека за сите измени во новиот Генерален план што ги предложиле општините, ќе одлучува заедничко тело формирано за таа намена. - Изработката на нов ГУП подразбира формирање стручно координативно тело во кое ќе учествуваат претставници од сите скопски општини. Предлозите за измени ќе бидат разгледани од страна на ова тело, кое исто така ќе има задача да одлучува за нив. Со оглед на тоа што изработката на ГУП е сложена постапка, сите измени кои ќе бидат направени ќе се вклопат во новиот документ, како една целина, затоа што станува збор за носење нов план, а не за измени и дополнувања на постојниот “ велат одговорните од Службата за односи со јавност на Градот. Во градскиот буџет за 2008 година се предвидени 12 милиони денари за новиот ГУП. Овој стратегиски документ за развојот на градот подразбира изработка на планови во две фази “ нацрт и предлог-план. Годинава е предвидено да се направи нацрт-планот, откако и Владата ќе учествува со дел од потребните средства, а потоа ќе почне активниот дел за изработка на генералниот план.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1446&ArticleID=93989
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 27-Jun-2008 at 08:39
Originally posted by Cloverstack


Не е кај касарната, туку во просторот на сегашната касарна. За ова веќе имаме дискутирано... Се плашам дека ова значи крај за најголемата и главната касарна во Македонија, која патем има одлична стратешка поставеност во однос на Скопје и скопскиот регион.


Крајот на касарната сепак не е поврзан со градските власти туку со нешто друго. Градските власти само ќе го структуираат просторот кој им е отстапен. Единствена друга опција (ако е толку стратешка позицијата) е на тој простор да се зачува каков е за да може лесно да се пренамени за првобитната функција.

Мене лично ми се допаѓа овој дел да се урбанизира. Не сум сигурен дека големи касарни или војска ќе ни послужат во било кој контекст.


А овој дел од текстот, знаејќи ги некои од иницијативите, е крајно загрижувачки...

ГУП-от на поинаков начин ќе ја уредува и сообраќајната мрежа


Ни останува само да се надеваме дека здравиот разум и долгорочното планирање ќе провладаат...


Да... овој дел треба навистина да не плаши Ohno


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 27-Jun-2008 at 05:21
За ова мора да има издржани јавни дебати, со сообраќајни инженери архитекти и све што има малку поврзаност со градот. Пак ќе кажам, страв ми е од вангел,жан компанија да не ја усерат работава. Мене ме плаши кај владава да не умеша прсти, а како што гледам веќе умешала, па после да треба да го воскреснуваме Скопје од пред 19363 со примеси на 2063, пошто некоја таква тенденција е на повидок.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 27-Jun-2008 at 04:16


Не е кај касарната, туку во просторот на сегашната касарна. За ова веќе имаме дискутирано... Се плашам дека ова значи крај за најголемата и главната касарна во Македонија, која патем има одлична стратешка поставеност во однос на Скопје и скопскиот регион.


А овој дел од текстот, знаејќи ги некои од иницијативите, е крајно загрижувачки...

ГУП-от на поинаков начин ќе ја уредува и сообраќајната мрежа


Ни останува само да се надеваме дека здравиот разум и долгорочното планирање ќе провладаат...




Edited by Cloverstack - 27-Jun-2008 at 04:21
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 27-Jun-2008 at 03:38
1. Труфка ѓе си ги убаци дивоградибте да му бидат легални.
2. Сарај како слепо црево ќе се закачи за Скопје.
3. Погоре видов пишуваше 10 Стручњаци вероватно Вангел, Жан, Грчев и компанија.
4. Конечно АРМ нема да биде дивоградба у сред центар
5. Ми се свиѓа идејата станбена населба кај касарната. И конечно да не го гледаме руглото топаана.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 27-Jun-2008 at 03:32

Започнува изработката на новиот ГУП за Скопје

Во скратена постапка ќе бидат внесени локации на АРМ кои ќе бидат станбени комплекси

Сања Наумовска

Внесувањето на зоните на кои денеска се наоѓаат објекти на АРМ во Генералниот урбанистички план и започнување на изработката на новиот ГУП се два приоритета на Градот Скопје во областа на урбанистичкото планирање. На локациијата на касарната „Илинден“, која досега не фигуриршево ниеден план, според проектите на Владата, најверојатно ќе се гради станбена населба. Постапката за внесување во ГУП ќе биде скратена заради итноста на реализицијата.

Во новиот ГУП, кој официјално ќе почне да се работи по изгласувањето на одлуката во Советот на Скопје на следната седница, ќе влезе и Општина Сарај, бидејќи по донесувањето на новиот закон за територијална поделба стана дел од Градот Скопје. Во новиот ГУП ќе се вметнат и голем број измени по барање на граѓаните, или општините. ГУП-от на поинаков начин ќе ја уредува и сообраќајната мрежа, што практично е ’рбет при развојот на еден град. Од 2002 година, кога е донесен актуелниот план, па досега се сменети и голем број закони кои ја регулираат оваа материја, вклучувајќи ја и најновата промена на Законот за просторно и урбанистичко планирање пред неколку месеци.

Новиот ГУП, според прогнозите во Градот, ќе се работи две до три години, ќе го финансира Владата, а ќе го изработи државната Агенција за просторно и урбанистичко планирање. Советот на Градот, во текот на постапката ќе ги разгледува и усвојува нацрт-материјалите. Во Градот веќе функционира Партиципативното тело за урбанизам, составено од 10 стручњаци кои ги разгледуваат предлозите од граѓани и општини за измени на ГУП. Освен тоа тело, наскоро со Владата треба да се оформи и Координативно тело кое ќе работи на изработка на новиот план.

„Актуелниот ГУП има недоречености, кои ако почнеме да ги менуваме, ќе зафатат обем од 80 проценти од планот, заради што и е иницијативата за негова промена. Неопходно е внесување на Општина Сарај која неколку години е дел од Скопје, а се' уште има посебен ГУП, како и голем број други измени. Првенствено тука се мисли на сообраќајот кој, ако не е правилно решен, нема правилен развој ниту планирање на што било друго“, вели Алјоша Шопар, раководител на Секторот за урбанизам, најавувајќи во новиот план сообраќајни студии или модели кои ќе претставуваат своевиден софтвер за планирање на идните потези во сообраќајот.


http://utrinski.com.mk/?ItemID=9C72C89C60C1F743A8ACBEA5AF14BED2

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 27-Mar-2008 at 14:21
Теоретски ова е во ред, ама во пракса досегашното искуство со слични интерванции во урбанистички планови е застрашувачко. Особено од она за сообраќајната мрежа ме фаќаат морници.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1918A07B7B8DEF459119B056DDAAE3C8

Новиот ГУП ќе го редефинира сообраќајот во Скопје

Постапката за нов план ќе трае околу две години, а изработката ќе чини околу милион евра

Сања Наумовска

Скопје има потреба од нов Генерален урбанистички план заради вметнување на Општина Сарај во границите на главниот град, но и заради големиот број измени кои по барање на граѓаните или на општините треба да се вметнат во новиот план. Новиот ГУП на поинаков начин ќе ја уредува и сообраќајната мрежа, што практично е ’рбет во развојот на еден град. Од 2002 година, кога е донесен актуелниот план, па досега се сменети голем број закони што ја регулираат оваа материја, вклучувајќи ја и најновата промена на Законот за просторно и урбанистичко планирање пред неколку месеци. Заради тоа, по одлуката на Советот на Скопје за предвремено донесување нов ГУП, Градот започна постапка која веројатно ќе трае околу две години. Изработката на новиот план ќе чини околу еден милион евра, а најголемиот дел од парите ќе ги обезбеди Владата. Моментно, во Градот очекуваат да се потпише договор со кој и официјално ќе бидат уредени обврските околу изработката на ГУП-от, кој ќе го изготвува државната Агенција за просторно и урбанистичко планирање.

„Актуелниот ГУП има недоречености кои, ако почнеме да ги менуваме, ќе зафатат обем од 80 проценти од планот, поради што и е иницијативата за негова замена со нов. Тука првенствено се мисли на сообраќајот кој, ако не е правилно решен, нема правилен развој ниту планирање на што било друго“, вели Алјоша Шопар, раководител на Секторот за урбанизам, најавувајќи во новиот план сообраќајни модели кои ќе претставуваат своевиден софтвер за планирање на идните потези во сообраќајот. Сега, вели Шопар, имаме само зацртани сообраќајници, кои не знаеме кога ќе се реализираат ниту, пак, имаме алатка да направиме симулација што би се случувало во одредени моменти од развојот на Градот без нив или со нив.

Тој најавува новини во урбанистичкото планирање кое ќе се сведе на урбанистички блокови што се помали форми и од месните заедници. Блоковите ќе бидат нумерирани, со што во планирањето ќе има и поголем ред и прегледност. Можно е, вели Шопар, во иднина деталните урбанистички планови да се ограничат, еден план за еден блок. „Во Градот веќе функционира Партиципативното тело за урбанизам составено од десетмина стручњаци кои ги разгледуваат предлозите на граѓани и општини за измени на ГУП. Покрај тоа тело, наскоро со Владата ќе се оформи и Координативно тело кое ќе работи на изработка на новиот план, на дефинирање на границите на Скопје и ќе ги собира сите извештаи потребни за изработката на ГУП-от“, вели Шопар.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 25-Mar-2008 at 12:42
Сигурно има оправданост за некои измени, ама се плашам дека ќе испадне како со измените на „Мал Ринг“, то ест дека слабостите ќе си останат, а новост ќе бидат некои штетни решенија од којзнае какви побуди...

Како и секогаш, највеќе ме плашат обидите да се избрише/измести трасата на Бул. Крушевска Република. Тоа е тотално неприфатливо!

Исто така ме буни и она со касарната Илинден... Зарем целата касарна се планира да се напушти?!? Таа е сепак „срцето“ на АРМ и армијата сигурно има потреба од нејзините капацитети, па макар и во некаква редуцирана форма. Не знам баш колку е во државен интерес таа касарна едноставно да се збрише. Можеби е во интерес на некој што сака да прави дебели профити со разноразни сомнителни зделки, ама сигурно не е во општ интерес.
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 25-Mar-2008 at 12:09
Od Dnevnik (i ovaa slika ja sakam)

ОПОЗИЦИЈАТА во градскиот совет ПРОТЕСТИРА ПРОТИВ ОДЛУКАТА ЗА ИЗМЕНА НА ГУП

СДСМ: Новиот генерален план ќе биде незаконски

Куновска потенцираше дека е бесмислено да се бара само измена на текстуалниот дел од планот, а притоа графичкиот и нумеричкиот дел да останат несменети

Генералниот урбанистички план на Скопје (ГУП) ќе претрпи драстични измени во урбанистичките решенија. Тој беше усвоен во 2002 година, со рок на траење до 2020 година, но ќе се носи нов за да се вметне Сарај во градските граници. Советниците од мнозинството во Советот на Град Скопје на вчерашната седница објаснија дека мора да се донесе нов ГУП, бидејќи постојниот не може да се справи со новите замисли за развој на градот и за привлекување странски инвестиции. За побрзо да се усвои новиот ГУП, вчера Советот изгласа Предлог-одлука за пристапување кон измени и дополнување на текстуалниот дел на ГУП. Претходеше жестока расправа и обвинувања од опозицијата дека одлуката и гласањето се незаконски, а дел од советниците од коалицијата „За Македонија заедно“ ја напуштија седницата.Советничката од СДСМ, Софија Куновска, постапката ја нарече недозволена импровизација. Никој нема право да прави упад во ГУП. Донесувањето на планот во незаконска постапка е силување на Скопје и противприроден блуд. Бесмислено е да се бара само измена на текстуалниот дел од планот, а притоа графичкиот и нумеричкиот дел да останат несменети, како што е во случајот - рече Куневска. Нејзината сопартијка Тања Томиќ, која е претседател на Комисијата за урбанизам, рече дека законот не познава измени на ГУП без претходно Градот да донесе годишна програма. 

- Исто така, потребна е и студија. Не знам дали владејачкото мнозинство работи во интерес на урбаната мафија кога сака во скратена постапка да го измени планот. Не сакаат да слушаат аргументи, туку агресивно ги спроведуваат само своите интереси - рече Томиќ. Александар Бичиклиски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека доколку има нешто незаконско во постапката, Уставниот суд потоа ќе ја поништи. Денеска бев сведок на класична политичка конструкција што ја создаде опозицијата. Зар не сакате ред во државава? - праша Бичиклиски. ГУП претставува највисок урбанистички документ за развој на градот, а општините при носењето на детаљни урбанистички планови се раководат според неговите решенија. За изработката на нов генерален план на Скопје, Владата на Градот ќе му префрли 250.000 евра, а за да тече беспрекорно постапката, градските власти треба да обезбедат уште 750.000 евра.  Иако потребата од нов ГУП произлегува од вметнувањето на Сарај во неговите граници, ќе има и други измени во урбанистичките и сообраќајните решенија, зашто владејачката коалиција во Советот смета дека сегашните не соодветствуваат со реалните потреби на градот.  И општините имаат свои желби, кои со години ги доставуваат до Градот. Барањата се однесуваат на пренамена на земјишта, односно акцент е ставен кон профитабилни дејности како изградба на станови. Со цел легализација на седум до десет илјади дивоградби, Општина Кисела Вода смета дека во ГУП треба да се вметнат дивите населби Усје, Пинтија, Припор, како и дел во Драчево. Карпош, пак, бара проширување на градежниот реон на Водно во заштитениот појас, со цел легализација на дивоградбите во таканареченото „шпанско село“. Општина Бутел бара можност да го уреди просторот околу Акведуктот, а Центар се залага за бришење или поместување на булеварот Крушевска Република од Маџир Маало.

Станови на местото на касарните

Во Предлог-одлуката за измена на ГУП се вели дека и Владата имала иницијатива за редифинирање на намените и содржините во планот за да се обезбедат услови за инвестиции за развој на Скопје. Како основни причини за измените се наведени влегувањето на Сарај во градски граници, но и искористувањето на слободното државно градежно земјиште. За таа цел, Министерството за транспорт и врски доставило барање до Градот Скопје за утврдување на намената на комплексите и објектите на Министерството за одбрана. Од Градот објаснија дека се работи за делот во кој се наоѓа касарната „Илинден“, каде што би требало да биде зацртна намена домување и деловни објекти. Поради овие измени Министерството за транспорт е подготвено финансиски да ги помогне измените на ГУП.




Edited by dejan - 25-Mar-2008 at 12:09
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 25-Mar-2008 at 12:07
Eve vo vrska za noviot GUP od Utrinski
Inace slikata od centarot mnogu ja sakam

Советот на Скопје даде зелено светло за изработка на нов ГУП

Опозицијата во Советот смета дека постапката е спротивна на законите

Сања Наумовска

Мнозинството советници од Советот на Скопје, на вчерашната седница ја поддржаа Предлог-одлуката за пристапување кон изработка на нов Генерален урбанистички план на Скопје. На донесувањето на одлуката и' претходеше долга расправа меѓу мнозинството и опозициските партии во Советот околу законитоста на постапката. Додека мнозинството ја оправдуваше итноста на постапката со новата територијална поделба и растот на градот по донесувањето на последниот ГУП, советниците на СДСМ и на ЛДП овој начин на почнување постапка за менување на ГУП без поткрепа од потребната документација, годишна програма и студија за оправданоста на донесување нов план, го оценија како незаконски. Тие нагласија дека доколку биде оваа одлука обжалена пред Уставниот суд, може да биде поништена или укината. Дека постапката е противзаконска, на говорницата образложи и раководителот на Секторот за правни работи, Бранко Трајчевски, за што од некои советници беше обвинет дека како член на градската администрација ја саботира работата на Советот, бидејќи е член на СДСМ.

Опозициските советници неколку пати излегуваа на говорницата и цитираа законски услови според кои се поведува ваква постапка. Според советничката Софија Куновска, потребна е годишна програма која треба да се донесе врз основа на стручна и јавна расправа и ревизија на постојниот план. „Никој нема право да прави упад во Генералниот урбанистички план на ваков начин. Според законот, пред истекот на планскиот период може да има само измени на ГУП, а овој период истекува во 2012 година. Значи, за да се скрати овој период треба да бидат изнесени стручни и силни аргументи и докази“, нагласи Куновска.

Мнозинството во Советот, пак, застана на ставот дека со оваа Предлог-одлука само се поведува иницијатива за започнување на процесот за донесување нов план, кој може да трае со години. Според советникот Игор Гиевски од ВМРО-НП, на овој начин ќе се даде иницијатива на Секторот за урбанизам да започне да ги подготвува сите потребни документи и постапки.

Дел од актуелните измени на ГУП што се бараат, се однесуваат и на поранешните „сиви зони“ на кои се наоѓаат воени објекти, кои од неодамна Министерството за одбрана му ги додели на Министерството за транспорт и врски. Локации на кои се наоѓаат касарни треба да се впишат како градежно земјиште, што е услов да започне реализацијата на владината Програма во која се вклучени и странски инвестиции.


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 22-Mar-2008 at 15:36
Па што ќе ни е Крушевска? Нам ни требаат 80-тонски лавови на мостот Гоце Делчев Roll%20eyes
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 22-Mar-2008 at 15:12
Погледнете ја последната реченица. Eeek2.. Не дека прв пат вакво нешто се спомнува но во последно време ја немам затекната оваа информација па мислев дека идејата умрела сама од себа. Има ли граници штетата што Аларова е способна да ја направи на градот Wallbash

АРХИТЕКТИТЕ СТРАВУВААТ ОД УРБАНИСТИЧКИОТ ПЛАН НА ГРАДОТ
Новиот ГУП опасен за Скопје

Роза Петкова

Промената на Генералниот урбанистички план ја посакуваат и планерите и урбанистите, но архитектите предупредуваат дека некои градби се опасни за градот. Градските власти неколку години најавуваат корекција на овој плански документ кој има големо значење. Советот на Град Скопје, пак, на седница в понеделник ќе гласа за предлог-одлуката за изработка на нов ГУП. - Добро би било некои работи што се согледале како пропуст да се предвидат со новиот план. Во секојдневното искуство честопати се судруваме со планираното во ГУП. Од една страна мораме да го почитуваме бидејќи е главен документ за градот, но, од друга страна, има доста работи кои во него не се предвидени и се сметаат за пропусти. Затоа се што е регистрирано како превид во овој план, треба да се вклучи - сметаат група архитекти. Слично е мислењето и на дел планери и урбанисти кои велат дека веќе подолго време очекуваат да почне промената на ГУП. Но сметаат дека проблем ќе се појави онаму каде што се градело, а локациите биле наменети за нешто друго. - Има повеќе случаи каде на пример во ГУП е предвидена сообраќајница, а во меѓувреме таму веќе се изградиле објекти. Слични случаи се шпанското село кое се наоѓа во зона каде што не е планирана градба, а истото е случај и со други места. Затоа сметам дека за потребите на градот треба да се промени главниот план - велат урбанистите. Од друга страна, архитектите предупредуваат дека изработката на ваков план е доста сериозна работа и треба да се внимава што ќе се предвиди со него. - Особено центарот на градот може да биде проблематичен. На пример, подигнувањето на венецот на зградите на плоштад со доградба на поткровје или стокатниците кои се планираат се критични моменти. Не знам како се планира во ГУП да се вклучат екстремно високи објекти и со која намена - смета еден архитект. Градските власти неодамна од Владата добија дополнителни 15 милиони денари за да го почнат процесот на промена на Генералниот план. Последната ревизија на овој документ беше направена во 2002 година, а има важност 20 години. Во меѓувреме, скопските општини доставија повеќе барања до градот. Општината Карпош е заинтересирана да ги вклучи во ГУП шпанското село на Водно, Нерези и Бардовци, Кисела Вода ќе побара да се внесат Усје, Пинтија, Припор и дел од Драчево, Бутел сака да го уреди просторот околу аквадуктот, а Центар сака да се избрише булеварот Крушевска Република од Маџир Маало.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1350&ArticleID=87377
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 10-Mar-2008 at 02:43


Ако се суди според искуството што го имаме, ова прекројување може да донесе само лоши работи.

После сите криминали и обични глупости што ни се случуваа на полето на урбанистичкото планирање во последните 15-тина години, сега како круна на деструктивното „планирање“ може да ни се случи и бришење на Бул. Крушевска Република. Tој никако не и е по мерак на урбаната мафија, иако за градот ќе биде од најголема важност.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 10-Mar-2008 at 00:06
240,000 eвра?! Аман бе, зарем толку чини?

Градот ќе врши корекција на ГУП со 240.000 евра владини средства

За измените на ГУП требаше да се разговара на последната координација на градоначалниците

Деспина Трајковска

Град Скопје од државата ќе добие 15 милиони денари за измена и дополнување на Генералниот урбанистички план. Оваа владина одлука е донесена по барање на Градот, кој конкурирал за влез во програмата за приоритетна изработка на урбанистички планови за годинава коишто ги финансира државата. Градските власти велат дека работат на документот кој е дел од постапката за измени и дополнување на ГУП, за што одлука има донесено и Советот на Град Скопје. Корекцијата на урбанистичката рамка на Градот е неопходна не само поради промената на територијалната организација, туку, велат надлежните, и поради потребите на побрзиот економски урбанистички и еколошки развој на општините. Единиците на локалната самоуправа уште во текот на мината година до Градот ги доставија забелешките за ревизија на ГУП. За таа проблематика, која е од особена важност за развој на општините и градот од повеќе аспекти, требаше да се разговара на последната координација на градоначалниците, која не се одржа. На дневен ред точката за измена на ГУП беше ставена по претходно доставен предлог на Општина Кисела Вода.

„Градот покажа слух за ова прашање кое е и од негово значење, но поради немање кворум, состанокот не се одржа. Се надевам дека веќе на средбата идниот месец колегите ќе го разберат значењето на состанокот и ќе дискутираме за ГУП, чиишто измени се во интерес на сите општини“, вели градоначалникот на Кисела Вода, Џорџе Арсов. Тој бара да се изврши проширување на границите на ГУП во зоните на Усје, Пинтија, Припор и дел во Драчево. Прифаќањето на предлогот за поместување на границите, автоматски, смета Арсов, ќе значи регулирање на статусот на нелегалните индивидуални објекти во овие населби, кои во просек егзистираат повеќе од 15 години.

„Од опфатот на новиот ГУП ќе зависи дали од 7.000 до 10.000 индивидуални објекти ќе добијат можност за легализација“, додава градоначалникот. Покрај оваа забелешка, општинарите од Кисела Вода бараат и да се редуцира површината за здравствени објекти во зоната на Расадник, а сугестии имаат и во однос на сообраќајот. Сепак, општинарите се најгласни во барањето за вцртување на неколку катни гаражи и тоа во делот на МЗ „Цветан Димов“, во близина на општината, како и во реонот од Рампа до улицата „Народни херои“.
Утрински весник


Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 30-Jan-2008 at 14:49
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by Junkie

Брзите сообраќајници Скопје ги нема. Тоа се Крушевска, Јужен Булевар, Србија која што треба да се прошири, па и Александар Македонски, да се тргнат сите тие пешачки премини и да се постават надвозници.


Брзите сообраќајници (ваљда двајцата мислиме на урбаните автопати), не го опфаќаат бул србија, кој и понатака ќе има крстосници и пешачки премини.

Урбаните автопати се три и јасно ти се исцртани на мапата. Тие се тие што треба да бидат комплетно денивелирани.
 
Мислев на Александар Македонски во делот од кај циганите до Момин Поток. Грешка!
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 30-Jan-2008 at 14:40
Originally posted by Junkie

Брзите сообраќајници Скопје ги нема. Тоа се Крушевска, Јужен Булевар, Србија која што треба да се прошири, па и Александар Македонски, да се тргнат сите тие пешачки премини и да се постават надвозници.


Брзите сообраќајници (ваљда двајцата мислиме на урбаните автопати), не го опфаќаат бул србија, кој и понатака ќе има крстосници и пешачки премини.

Урбаните автопати се три и јасно ти се исцртани на мапата. Тие се тие што треба да бидат комплетно денивелирани.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 891011>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.734 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.