Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#181 Posted: 11-Nov-2010 at 21:16 |
Македонија доби четврти мобилен оператор
Македонија доби четврти мобилен оператор.
Агенцијата за електронски комуникациии денеска соопшти дека компанијата
„WTI Macedonia“ е првата која се нотифицирала на македонскиот
пазар како виртуелен мобилен оператор.
Тоа значи дека компанијата има право да ги користи мрежите на
останатите оператори во земјава за да дава телефонски услуги на
македонските граѓани.
За таа намена АЕК на WTI и доделила 100 илјади броеви кои компанијата ќе може да ги продава на СИМ картички.
Според првичните информации компанијата базирана во Холандија ќе
почне со работа во земјава за два до три месеци и прво ќе нуди
меѓународни разговори. Главниот извршен директор за Сител најави дека
операторот до крајот на месецот ќе се претстави пред јавноста на прес
конференција.
Властите сметаат дека четвртиот оператор во мобилниот бизнис
допонително ќе ја засили конкуренцијата, ќе ги намали цените и ќе ја
подобри понудата за потрошувачите заради што и беше распишан меѓународен
повик.
Трите компании кои веќе работат на нашиот пазар во повеќе наврати коментираа дека тој е премал за нови учесници.
Од друга страна, во Словенија, со прибилжно ист број корисници како
Македонија, мобилна телефонија нудат пет оператори од кои два виртуелни.
Според податоците на нивниот веб сајт, ВТИ работи во Холандија,
Германија, САД, а отсега и во Македонија. Компанијата нуди услуги во
фиксна и мобилна телефонијата на големо и мало. http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/makedonija-dobi-chetvrti-mobilen-operator |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#182 Posted: 15-Sep-2010 at 17:42 |
Телекомуникацискиот пазар се отвори и за виртуелни оператори15 септември 2010, 13:23 Извор: Макфакс
Скопје
Министерството за транспорт и врски овозможи влез на виртуелен
мобилен оператор кој ќе понуди поповолни цени и подобар квалитет за
услугите.
„Ова практично значи дека секоја заинтересирана компанија може да ги
користи услугите од веќе постојните оператори, односно да не гради
сопствена мрежа туку да се приклучи на веќе поставена мрежа мобилна
мрежа со склучување на договор за пристап и користење на мрежните
ресурси, како и договори за интерконекција со мобилните мрежни
оператори“, рече министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, на
денешната прес конференција.
Според најавите, мобилниот виртуелен оператор може да издава свои
сопствени SIM картички, да поседува свој сопствен мобилен мрежен код
(MNC), да поседува мобилен центар (MSC), да склучува договори за
користење на услугата на интернационален роаминг за неговите
претплатници, да менаџира со доделени серија на броеви, како и да
обезбедува услуги кои ќе се продаваат под негов сопствен бренд.
„Со воведувањето на мобилен виртуелен мрежен оператор се очекува да
се оствари поголема искористеност на мрежните капацитети што треба да
резултира со намалување на трошокот за нудење на услугата по единица
производ од страна на операторите“, рече Јанакиески.
Тој додаде дека можеби никој нема да влезе на овој пазар, но сепак се
овозможуваат услови за поефикасна конкуренција на пазарот, што од друга
страна, ќе придонесе за намалување на цените.
http://makfax.com.mk/_tools/article/116139/view |
|
 |
Swimmer
Senior Member
Suspended
Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
|
Quote Reply
#183 Posted: 15-Sep-2010 at 13:03 |
Ја прочитав веста уште завчера и се мислам што да правам.. имам чувство дека Вип имаат најдобра понуда моментално, 1000 минути бесплатни во мрежата, што му доаѓа по околу поласаат бесплатен разговор во денот, што никако не е за потценување, арно ама проблемот е што малку луѓе се претплатници на ВИП.
Во однос на ОНЕ, договорот за пост-пејдот ми истекува во Ноември и во однос на промоцијата истата директно ме засега и веќе добив некое писмо со промотивна понуда од 3000 денари (или да земам производ од нивните салони или 6 месеци по 500 денари да добивам на сметка гратис разговори).
И ја би некако повише за ВИП. Од Оне и немам што посебно да купам, а во однос на нивниве промоции сум голем скептик. Не дека нема да се реализираат, ама ќе ви пукне џигер додека тоа се случи.
Сличен случај имав со интернетот со Оне, го утнаа износот на промотивниот бесплатен период, наместо 4 излезе 2 месеци, ама пошто ги држев за муда (по грешка ми дале документ, потпишан, со печат све, за 4 наместо за 2, а ако беше за 2 немаше да го продолжам), па им искочи интерен проблем, и додека они тоа го решат пројдоа 4-5 месеци, а во меѓувреме ништо од бесплатниот интернет, све си платив. Ај тоа, ама ради нивнава грешка ме убедуваа да не ги плаќам доспеаните сметки (пошто нереално е да плаќам сметки у фаза на бесплатен промотвен интернет), демек тоа ќе се покриело, и не ги плаќав, оти така ми рекоа. И ме исклучија  . Е после ми рекоа дека можам да се жалам колку сакам, пошто истото не го одложува плаќањето на сметките (во период на бесплатен интернет). И си ги платив хитно сметките сите заедно (не ми беше за парите, ама ако се договараме, да се придржуваме, не секој ден нови правила), и ги мољакав хитно да ми го пуштат интернетот (уште и ме оштетија  ).
И после 5-6 месеци конечно ми одобрија износ од 4 месеци, и ми кажаа дека по грешка ми дале 4, требало 2, а јас им реков дека го чекам денот на истекување на договорот, пошто налет нивните промоции на сето малтретирање и нервози.  Иначе отворете очи за се во врска со фактури и документација со нив пошто често појма немаат ни самите што пишуваат, ќе си платите по грешка.
Е да, ќе заборавев, требаше да ми вратат некои 500 денари, нов/стар договор, поклопување на неколку дена и двојно плаќање од мене. Ми побараа трансакциска за да ми ги вратат средствата и ми рекоа за недела дена ке се среди. После месеципол се јавувам, не за 500 денари дека немаше да преживеам, ама ми е на ум дали се заврши и тоа, кога сум у град да претрчам и за тоа у банка/банкомат. Ништо. Пак по 2 месеца, ме фати инат, абе викам нели за недела дена беше работава, пак ништо, и на крај им реков, ви ги поклонувам, неморате да се трудите да ми ги исплаќате. И така не сум ги ни добил. Очигледно им се нашле. 
Така да, визави новава промоција (во однос на продолжување на договор за постпејд), со задоволство ќе ја поклонев на lslcrew на пример, да можеше.   Секое гледање на билборд или на реклама на Оне, морници ме лазат. 
Има ли некој слично искуство и баш би сакал да чујам за ВИП.
Ако ништо друго кој припеј кој постпејд бар со најблискиве ќе се исповрземе преку ВИП и ќе збориме малтене гратис. А забележувам се повеќе броеви на луѓе со кои контактирам на ВИП. Порано ми беше чудно, мислев никад нема да се пробие операторов, ама од лански 11 на сегашни 17 % пазарен удел, со силна конкуренција, воопшто не е малку.
Друга интересна ствар ми е што, сеуште важи она.. " ме боли .. ако си заминеш", демек еден корисник, помалце или повеќе ништо не мења. Арно ама јас ако се тргнам од Оне кон Вип, Вип автоматски ќе добие минимум + 3 претплатника кои ги носам со себе. Тоа е - 1 за Оне и + 3 за Вип. Па нека се замислат како се понашааат. Инаку операторите/ките во кол центарот, незнаат што е емпатија и повремено се "понашаат".
ете изјадов гомна за сите пари, нејќев да критикувам, ми беше повише за размена на искуства во однос на ВИП.
~~~
ТРИ ГОДИНИ НА МАКЕДОНСКИОТ МОБИЛЕН ПАЗАР
Вип оператор со пазарен удел од 17 проценти
Довербата што ја стекнавме во изминатиот период е само дополнителен мотив за нас да продолжиме да работиме во интерес на корисниците, вели главниот извршен директор на Вип оператор, Никола Љушев
Целосна либерализација, раздвижување на пазарот на мобилна телефонија и драстичен пад на цените на услугите се главните придобивки од тригодишното работење на Вип оператор на македонскиот пазар на мобилна телефонија. Менаџментот на компанијата тоа го потврди преку бројки - пазарен удел од 17 проценти и раст на приходите од 70 отсто на годишно ниво, а растот на пост-пејд корисничката база бележи раст од над 65 проценти. -Во изминатите три години преку уникатните понуди на пазарот Вип оператор беше препознаен од корисниците како доверлив партнер, кој нуди висок квалитет за пониска цена, извонредна корисничка грижа и нови иновативни комуникациски услуги. Довербата што ја стекнавме во изминатиот период е само дополнителен мотив за нас да продолжиме да работиме во интерес на корисниците - рече главниот извршен директор на Вип оператор, Никола Љушев.
Тој нагласи дека трендот на зголемување на довербата во Вип оператор на домашниот пазар е потврден и преку искористувањето на услугата преносливост на броеви, во којашто Вип е апсолутен лидер. Имено, од почетокот на услугата, што стартуваше од септември 2008 година, дури 72 проценти од вкупниот број на пренесени броеви, мигрирале во мрежата на Вип оператор. Преку инвестициите во изградба на сопствена мрежа Вип оператор обезбеди покриеност на 98,5 отсто од територијата и населението во земјава. Како резултат на зголемувањето на бројот на роаминг-партнери во повеќе земји, кој споредено со претходната година е зголемен за 79 насто, корисниците на Вип оператор добија можност да разговараат по пониски цени и надвор од националната мрежа. -И покрај тоа што сме најмлади на пазарот, успеавме да креираме услуги што беа иновативни и прилагодени во согласност со реалните потреби на корисниците. Нашата иновативност, висок квалитет и ценовна достапност и понатаму ќе бидат главни одлики на нашите понуди - додаде Марио Цвитковиќ, главен маркетинг-директор на Вип оператор.
Тој нагласи дека во фокусот на компанијата остануваат услугите во мобилната телефонија. -И понатаму сметаме дека на македонскиот пазар има неадресиран потенцијал само во мобилната телефонија и тоа ќе остане во нашиот примарен фокус и на краток И на среден план - рече Цвитковиќ.
За раководството на Вип одлуката на Агенцијата за електронски комуникации за намалување на големопродажните цени меѓу операторите што стапи во сила од почетокот на месецов, е за поздравување. -Таа овозможува повеќе простор за дизајнирање и прилагодување на малопродажните цени во согласност со потребите на корисниците. Сметаме дека понудите дополнително може ценовно да се оптимизираат, а ние тоа го правиме континуирано во изминативе три години - рече Љушев, одговарајќи на новинарски прашања.
|
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#184 Posted: 14-Sep-2010 at 01:11 |
Две интересни понуди на телекомуникацискиот пазар. Особено оваа на VIP. Исклучително добар начин за привлекување корисници. Веќе неколку месеци се спремам да киднам одкако е воведен Number Portability, а и онака на VIP е комплетно бесплатно.
ВИП ПРИ-ПЕЈД
Бонус за секој
примен повик од друга мрежа
Во пресрет на третиот роденден, Вип оператор со уникатна услуга
на македонскиот пазар. Станува збор за услуга за сите нови и постоечки
при-пејд корисници која им овозможува да добиваат бонус од 2,5 денари за
примен повик од мрежите на другите национални мобилни и фиксни мрежи.
За користење на бонусот корисниците треба да ја надополнат својата
при-пејд сметка со кој било износ и автоматски ќе почнат да го
генерираат својот бонус, а кумулираниот износ од бонусот ќе можат да го
користат при секое следно надополнување на Вип при-пејд сметката. -Вип
е првиот мобилен оператор во земјава кој за своите корисници ги носи
светските практики кои им обезбедуваат повеќе придобивки и бонуси. Оваа
понуда е само уште една во низата на иновативни понуди со повеќе
вредност, нешта за кои ние напорно и посветено работиме веќе три години -
изјави Марио Цвитковиќ, главен маркетинг директор на Вип оператор. Бонусот
се добива за секој примен повик од други национални мрежи чие
времетраење е повеќе од 60 секунди. Износот на бонусот не е ограничен,
што значи колку повеќе дојдовни повици корисниците примаат, толку повеќе
бонус добиваат.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=6C73128FD9CBD14689850839DAF34207 |
ОNЕ
Во сопствената
мрежа 0 денари
На сите нови пост-пејд корисници на мобилната телефонија и сите
оние кои ќе го обноват својот договор за мобилна телефонија на нови 24
месеци мобилниот оператор ОНЕ им нуди можност да зборуваат за нула
денари со сите корисници во сопствената мрежа. Промотивната понуда за
бесплатни разговори во мрежата на ОНЕ вклучува 400 минути, секој месец
за целото времетраење на договорот на корисникот, без дополнителна
претплата и без надоместок за воспоставување на повик. Останува можноста
шест месеци корисниците да не плаќаат претплата, а притоа вклучениот
бесплатен износ за разговори и услуги кон сите мрежи да го користат во
промотивниот период.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=A44EF6E617A521489BD70AE9B0BF1F80 |
Edited by lslcrew - 14-Sep-2010 at 01:12
|
 |
Radioamater
Newbiе
Joined: 06-May-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#185 Posted: 21-Aug-2010 at 21:49 |
гледам на пазар3 продаваат ресивери од ОНЕ. Па како може тоа, тие ресивери ги должат и тие не се нивни туку ги имаат само на користење, на некој му е јасно?
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#186 Posted: 13-May-2010 at 18:33 |
да недореченоста и двосмисленоста во законите кај нас е императив, сепак доколку пресече власта и конечно го укине терестријалниот сигнал, ќе ги прашам што клечки ќе кршат телевизииве, ама сега им се може, но мислам дека со нив не е иста ситуацијата како со а1, а1 мислам немаше склучено договор па затоа и бум мораа да ја прекинат, додека овие сега сакаат склучените договори под уцена да ги раскинат небаре не биле претпоставувам исполнети одредени услови од истите...
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#187 Posted: 13-May-2010 at 18:28 |
Не сум детално запознаен со случајов но она што до сега знам мислам дека има некој аномалија во законот или можеби сум во грешка.Од една страна законот пропишува дека операторот е должен да ги обезбеди како дел од пакетот сите канали кои и онака се фаќаат со терестријална антена, а од друга страна се бара операторот да склучи договор со телевизиите да ги пренесува. Така да има оставено простор за уцена. Или нека се обезбеди законски сите оператори да имаат непречен пристап до сигналот на сите локални и национални канали и бесплатно да го редистрибуираат или нека не се бара од нив од ги пренесуваат задолжително. Вака се ставени во нерамноправна положба. И сега додека другиве не играа на таа карта, една телевизија изигра, другите се осетија измамени и сосема легитимно постапија. Правилата и лошиот систем го уништија бум.
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#188 Posted: 13-May-2010 at 17:52 |
Сител, Алсат М, Канал 5 и Телма се исклучуваат од Бум ТВ http://daily.mk/arhiva/makedonija_20765_1406_0 |
СРД ги бара договорите на Бум ТВ со Сител, Телма, Канал 5 и Алсат http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/srd-gi-bara-dogovorite-na-bum-tv-so-sitel-telma-kanal-5-i-alsat |
јасно ми е дека се чувствуваат изиграно откако бум се договори со а1, но незнам што бараат сега овие за возврат, велат нерасчистени деловно-техничките услови се посреди, но ми изгледа на чист рекет! ај ако има некој абер нека ми ги појасни кои се тие нерасчистени деловно-технички односи!? ако е за сигналот мислам тоа лесно и брзо може да се надмине, но ова дефинитивно е завист, она зошто бум да дистрибуира пакети преку гранапчињата на хедис...
Edited by Max - 13-May-2010 at 17:57
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#189 Posted: 03-May-2010 at 01:30 |
Ќе се укине
надоместокот за преносливост на броеви
Укинување на надоместокот за преносливост на броеви што го
плаќаат корисниците кога сакаат да преминат од еден кај друг телефонски
оператор при тоа задржувајќи го префиксот, или само подмирување на
административните трошоци ако префиксот на бројот се менува. Ова се
предвидува со измените на Законот за електронски комуникации, што ги
предлага Министерството за транспорт и врски, а со кои ресорниот
министер, Миле Јанакиески, очекува на граѓаните да им се овозможи да
добијат нови и иновативни услуги и пониски цени. - Со измените ќе се
направи подобрување на регулацијата во делот на електронските
комуникации, повисок степен на транспарентност кон операторите на
пазарот и повисок степен на заштита на правата на крајните корисници -
оценува Јанакиески.
Со измените се предвидува операторите на увид во Агенцијата за
електронски комуникации (АЕК) да ги доставуваат претплатничките договори
и во рок од 15 дена да одговарат на сите приговори што ќе стасаат до
нив. Во спротивно ќе бидат казнети од 2 до 4 проценти од приходот
остварен во претходната година. Новина е и што со предложените измени се
предвидува инвеститорите кои градат станбени или деловни згради им се
наложува обврската да воспостават и обезбедат пристап за електронска
комуникациска мрежа која ќе им овозможи на станарите на зградата
слободен избор на оператор.
Предвидено е и обезбедување на јавни говорници, потоа воспоставување
на целосен именик кој ќе ги опфаќа броевите од сите оператори, а за што
изборот на давателот на оваа услуга ќе се направи на транспарентен начин
од страна на АЕК по донесувањето на измените на Законот за електронски
комуникации. - Со Законот се наметнуваат и обврските за
транспарентност при интерконекција и пристап, избор и предизбор на
оператор, регулација на малопродажните цени, водењето на посебно
сметководство со што ќе се придонесе да се обезбеди и поголема заштита
на конкуренцијата на пазарот на електронски комуникации.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=D870A89490E6CE4EA8E56E0A685693DE |
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#190 Posted: 17-Apr-2010 at 00:21 |
Јасно кај нив е проблемот (во Лептокарија и во нивниот салон стои укочена слика или со дроп)
А другиве играчи сега пробуват нешто да играат но кајмакот отиде кај Велија
|
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#191 Posted: 17-Apr-2010 at 00:13 |
да слаб сигнал но од нивна страна верувам, и иако користам собна антена KN-DVBT-IN70 http://www.logingelectronics.com.mk/products/product.aspx?id=63064 сепак вакво нешто не смее да има во скопје! а за ова кавгата сега топката се стркала на друга страна
Edited by Max - 17-Apr-2010 at 00:13
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#192 Posted: 17-Apr-2010 at 00:02 |
Слаб сигнал - затоа имаш дропови, а за А1 и Оne се е средено (ако на тоа мислиш), Велиа шаховски изигра, си го убаци Хедис во игра и сите среќни  сега не смета Оne на неговата А1 по Македонија
|
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#193 Posted: 16-Apr-2010 at 23:00 |
ај некој нека објасни зошто сеуште има дропови во изобилие на сигналот на бумтв, зар сеуште не ја наштимаа фреквенцијата/ите, смешно но ако глумат европа бар основните услуги да ги обезбедат целосно! исто дали можам за неквалитетната услуга да се жалам во агенцијата а за тоа бум да бидат истегнати за уши!? уште побитно кој и дали ќе сноси последици доколку основниот пакет на национални телевизии се повлечат заради компромисот помеѓу бум и а1, со што операторот веќе нема да биде во можност да ги пласира нивните пограми!?! ова колку што знам во договорот не е покриено и не ми е јасно во кој случај на неисполнување на услугата имам право да го раскинам договорот без никакви понатамошни обврски кон словенците!
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#194 Posted: 19-Mar-2010 at 23:13 |
Како ХЕСИС стана дистрибутер на BoomTV
- Прво „сметњи“ на програмата на А1 во секој дневник се труби
- Не се дозволува во пакетот на БоомТВ да идат А1 и А2
- Потоа понуда за превземање
- На крај Хедис дистрибутер
Одлично изиграно
Хаосот со дигиталната телевизија продолжува
Мишко Иванов
24.11.2009 17:45
Некомплетно средената регулатива во секторот дигитална телевизија за кои А1 одамна алармираше, ги исфрли на површина проблемите.
Веќе цела недела на две локации во Македонија има пречки во сигналот на А1, предизвикан од упад во нашата фреквенција од страна на новата дигитална телевизија „Бум“ од словенечки Телеком.
Вие доставивте допис, ние ќе ви одговориме - ова е краткиот одговор од агенцијата за електронски комуникации на прашањето на А1 што се случува и до каде е решавањето на проблемот.
Со сегашните нецелосни закони има голема опасност од ограничување на слободата на говор, блокади во медиумскиот простор, злоупотреби и манипулација од страна на дигиталните оператори.
„Оваа држава мора под итно да се зафати со носење на здрава регулатива, којашто сите можни понатамошни проблеми ќе ги отстрани, и сето тоа во интерес на медиумите и на слободата на изразувањето, бидејќи телевизиите ќе станат зависни од преносот на нивните сопствени сигнали од оператори.
-Тоа отвора огромни можности за нечесни заткулисни игри, доколку не се затвори законската регулатива како што треба“, изјави во септември Роберто Беличанец, центар за развој на медиуми.
Словенечки Телеком требаше да почне да нуди дигитална ТВ програма за 430 илјади семејства уште пред два месеци. Компанијата тогаш ги проби роковите, задоцни со комерцијалниот старт и грубо ги прекрши условите од одобрението со кое ја доби лиценцата. |
|
|
 |
The Man
Senior Member
Joined: 06-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 135
|
Quote Reply
#195 Posted: 12-Mar-2010 at 09:53 |
http://t-home.mk/Upload/File/Copy%20of%20dostapnost_na_optic_paketi.xls
Ова е моменталната покриеност на Скопје. Како што може да видите, не е некоја голема површина опфатена. Можете да ја пријавите вашата заинтересираност за FTTH тука: http://t-home.mk/mk/146/Internet/Optic/Optic_dostapnost.html Ги има и потребните формулари доколку живеете во зграда.
|
 |
DiKej
Newbiе
Joined: 04-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#196 Posted: 11-Mar-2010 at 21:51 |
Jas sum vo Kapistec na Vasil Gjorgov i sega mojot kuken sovet odluci da se stavi optika. Vo sosednite zgradi veke ima..
|
 |
The Man
Senior Member
Joined: 06-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 135
|
Quote Reply
#197 Posted: 11-Mar-2010 at 21:29 |
 Многу елегантно г-динот избегна да го одговори последното прашање.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#198 Posted: 11-Mar-2010 at 13:01 |
Лигата на шампиони во High Definiton
Многу скоро,
корисниците на MaxTV ќе имаат можност да гледаат и содржини со висока
резолуција. Очекуваме, до крајот на овој месец, во соработка со една
национална телевизија да почнеме да ги прикажуваме натпреварите од
Лигата на шампиони во висока резолуција, попозната како HD (High
Definition). Дополнително ќе се вклучат уште еден ТВ-канал и содржини
во видеотеката со висока резолуција, вели Фирфов
Неодамна
ги објавивте финансиските резултати за 2009-та. Како директор на
продажба колку сте задоволни од остварените компаниски цели и како
зголемената конкуренција се одрази врз продажбата на Т-Home? -
Минатата година се покажа како исклучително тешка во светски рамки,
како последица на рецесијата. Телекомуникацискиот бизнис не беше
директно погоден, но сепак влијанието од кризата се почувствува во
одредени сегменти и на нашето работење. Како компанија секогаш се
стремиме да бидеме во тек со светските технолошки трендови и да ги
примениме на македонскиот пазар. Конкуренцијата, всушност, е таа која
не прави подинамични и придонесува уште повеќе да се фокусираме на
корисничките потреби и на креирање на врвни услуги. Наспроти кризата и
во услови на зголемена конкуренција на пазарот, успеавме да ги
оствариме и надминеме зацртаните проекции и цели за 2009-та, а со тоа и
да одговориме на очекувањата на акционерите, вработените и на
корисниците. Од продажен аспект би нагласил дека очекуваните резултати
за сите поважни услуги беа постигнати и надминати. Квалитетот на
услугите, а особено грижата кон нашите корисници, ни помогнаа Т-Home да
ја задржи лидерската позиција на пазарот. Кои сегменти покажаа позитивни резултати во рамките на планираното, а кои потфрлија? -
Со MaxTV како вистински телекомуникациски хит на пазарот, направивме
револуција во сегментот на дигиталната телевизија. Воведовме нови
стандарди, но истовремено и ги зголемивме критериумите на македонските
граѓани за квалитетот на телекомуникациските решенија. За една година
од воведувањето на 3 Max услугата имаме над 16.000 корисници, бројка
која сама по себе зборува дека на пазарот понудивме производ кој
совршено ги погоди и ги задоволи потребите и барањата на граѓаните.
Создадовме и таргетирани пакети и услуги како што се: Call & Surf ,
т.н. дабл-плеј пакет за корисниците на интернет и телефонија со
поволност за бесплатни разговори помеѓу себе, потоа 2 Max пакетите, за
корисници кои не се заинтересирани за интернет, но истовремено се
заинтересирани за нашата ТВ-понуда и фиксна телефонија, со кои
привлековме завидна бројка на корисници, кои не можеа да се пронајдат
во понудите на нашата конкуренција. Основниот фокус секако се
Интернетот и дигиталната телевизија, телекомуникациски решенија кои
поради интересот и потребите на корисниците придонесуваат за
остварување на позитивни резултати. Овде ќе напоменам дека фиксната
телефонија е во опаѓање, но тоа е нормален тренд кај фиксните оператори
насекаде во светот. Со оглед на појавата на понапредните
телекомуникациски решенија, зголемените кориснички барања и денешниот
динамичен живот, приматот го зазема мобилната телефонија и го налага
начинот на комуникација.
Каков е пазарниот удел на Т-Home телевизијата? Колкав дел од колачот им зедовте на кабелските телевизии? -
Секојдневно работиме на збогатување на содржината на 3 Max пакетите.
Освен оригиналните карактеристики по кои MaxTV е различна од
телевизиите на останатите провајдери (премотување, снимање, закажување
однапред, вртење напред назад, слушање радио и сл.), интерактивноста и
забавните содржини е она кое дополнително влијае за преземање на
корисници од нашата конкуренција. Кабелските оператори нудат интернет и
говорни услуги, покрај нивниот основен ТВ-бизнис. Пакетите 3 Max во
себе ги вклучуваат сите овие понуди, но со таа разлика што нудат
целосно легализирано портфолио на ТВ-програми, кои не ги исфрлуваме или
заменуваме, туку напротив програмските содржини постојано ги
збогатуваме. Токму поради тоа, околу 40 отсто од нашите постоечки 3 Маx
корисници се дојдени од кабелските оператори. Оваа бројка е доказ за
супериорната понуда која ја нуди Т-Home на пазарот.
Зборувајќи за дигиталната телевизија на Т-Home, какви новитети се подготвуваат во тој сегмент? -
Од воведувањето на услугата па до денес, МаxТV содржината ја збогативме
со радио, игри, телефонски именик, речник, мојата сметка на МаxТV, а од
неодмна го воведовме и популарниот HBO филмски пакет (два ТВ-канала и
HBО видеотека). Многу скоро, корисниците на МаxТV ќе имаат можност да
гледаат и содржини со висока резолуција. Очекуваме до крајот на овој
месец во соработка со една национална телевизија да почнеме да ги
прикажуваме натпреварите од Лигата на шампиони во висока резолуција,
попозната како HD (High Definition). Дополнително ќе се вклучат уште
еден ТВ-канал и содржини во видеотеката со висока резолуција. Во тек е
и функционално проширување на МаxТV платформата. Новата верзија ќе
донесе многу нови можности за интеракција, нови интерактивни апликации
и содржини. Една од поинтересните функционалности е можноста со МаxТV
да се вратите наназад во времето. Замислете ситуација: вклучувате
МаxТV, менувате по каналите и наоѓате интересен филм кој е пред самиот
крај. Притискајте на копчето за враќање наназад и филмот само за вас
започнува од почеток!
Дали се работи на тоа секаде кајшто е можно, каналите да бидат со македонски превод? -
Секаде каде што е можно да се дистрибуира македонската локализирана
верзија, МаxТV ги преведува каналите. Локализираната верзија е дел и
зависи директно и од самиот ТV-канал кој одлучува дали ќе обезбеди
македонски превод. Деновиве Т-Hоmе ќе обезбеди уште еден многу
интересен новитет. Сите корисници, ќе имаат можност голем број канали
од MaxTV понудата да ги следат преведени на повеќе јазици. Покрај
македонскиот превод, ќе бидат достапни албански, српски, хрватски или
други опции. Притоа, сега корисникот сам ќе може да го одбере јазикот
на кој ќе го гледа каналот.
Ако минатата година помина во знакот на 3 Маx пакетите, кој е главниот адут на Т-Home годинава? -
Годинава ја започнавме со одлична понуда за македонските граѓани.
Воведовме комплетно ново и иновативно решение на македонскиот пазар -
Оптика до секој дом или канцеларија. Станува збор за проект на којшто
целосно му се посветуваме во текот на оваа година, но тоа не значи дека
3 Маx пакетите, кои во моментов се вистински хит кај корисниците, се во
втор план. Нашите корисници на ADSL-от, Call & Surf, 2 Маx или 3
Маx, можат да ги почувствуваат бенефитите на оптичкиот сигнал. А
особено корисниците на 3 Маx пакетите, познати како 3 МаxОптиц во
реоните каде имаме инсталирано оптика, уживаат во различните програми и
содржини базирани на т.н. HD или висока резолуција, како и во кристално
чистата слика која нема прекини или шумови. Оптиката создава можности
за екстремно брзо пребарување на интернет, примање и испраќање, како и
симнување големи содржини: музички фајлови, ДВД-филмови и сл. Ова е
мултимилионска инвестиција која ќе послужи како основа за подобрување
на постоечките услуги, но особено за воведување на новитети кои значат
иднина во светот на телекомуникациите.
Колкава е покриеноста на Македонија со оптичко влакно во моментов? -
Инвестиравме милиони евра за создавање на можности за почеток на овој
проект и направивме многу надградби на нашата инфраструктура бидејќи во
иднина комуникацијата ќе се заснова на оптичкото влакно. Технологијата
оптика до домот практично не застарува и има скоро неограничени
можности. Треба да се напомене и тоа дека при пренос на податоци преку
оптика, квалитетот на сигналот е максимален, а загубите се сведени на
минимум. Брзината и сигурноста при преносот на огромни количини
податоци, на кои дури и надворешните услови и температури немаат
никакво влијание, се само дел од предностите на оптиката. Што се
однесува до мрежата во Скопје веќе ја имаме инсталирано во неколку
реони, а се планира да ја прошириме не само во главниот град, туку и
ширум државата.
http://vecer.com.mk/?ItemID=2830FCDDF236354EAEAA9F2F8E1E7E21 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#199 Posted: 05-Mar-2010 at 22:39 |
Поевтин Интернет и до 42 отсто
Женева - Цените на широкопојасниот пристап до Инетрнет минатата
година во глобални рамки во просек се намалиле за 42 отсто, покажуваат
резултатите од истражување на Меѓународната телекомуникациска унија
(ИТУ). Истражувањето спроведено во 161 држава покажало и дека цените на
мобилната телефонија паднале за 25 проценти, а на фиксната за 20 отсто.
Според ИТУ, главна причина за ваквото намалување на цените на
Интернетот и на телефонијата е нивното обединувањето и понудите на овие
услуги во пакет. ИТУ прогнозира дека оваа година низ светот ќе има над
пет милијарди претплатници на мобилни телефони.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=C8C05D535553EB4E82C49A289B0F0C6D |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#200 Posted: 03-Mar-2010 at 01:01 |
Urban провери го приемникот кај што е статистиката, обично повеќето имаат статистика и види колку пишува кај BER. Треба да се движи максимум до вредност 200, што се рачуна за добар прием.
|
 |