![]() |
![]() |
![]() |
Скопски сообраќај (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 89101112 159> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Булеварот „Киро Глигоров“ се прави како патот за Охрид
![]() ![]() Булеварот „Киро Глигоров“ од мостот „Близнак“ до крстосницата со улицата „Перо Наков“ почна да се реконструира во јули минатата година и никако да заврши. Оние што возат секојдневно по овој булевар велат дека ги испокршиле своите автомобили, а и движењето на пешаците и велосипедистите е крајно небезбедно. – Алооо, имаа ли некој, до кога ќе се прави оваа улица!? Најголемата гужва е тука и абер нема никој. Ни со велосипед не можеш асално да стигнеш. Два пати на пешачки ќе ме удреше кола. Да се прекрстиш кога ќе тргнеш и да се молиш да стигнеш – вели Јулијана Петковска. Магдалена Стојановска надополнува дека движејќи се по улицата, партал го направила браникот на автомобилот. Возачи коментираат дека булеварот „Киро Глигоров“ се прави како патот кон Охрид и нема крај. Освен што коловозот беше во многу лоша состојба и треба да се реконструира, според плановите на Град Скопје, на оваа сообраќајница се поставува фекална канализација, која ќе биде првата канализација што директно ќе се влева во колекторскиот систем. Канализацијата ќе биде со должина од над еден километар. Покрај тоа, се поставува и атмосферска канализација на истиот потег, со што целосно ќе се реши проблемот кој е повеќедецениски со непостоење на атмосферска и на фекална канализација во овој дел, кој е сериозно индустриски развиен дел во нашиот град. https://www.vecer.press/булеварот-киро-глигоров-се-прави-к/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
3 години празни ветувања! 500 метри улица во Козле се уште не неасфалтирана
Пред три години за ТВ21 ветија реконструкција на овој пат поранешниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев, потоа поранешниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов и поранешниот директор на компанијата „Улици и патишта“ Сенад Смајловиќ, но како што се гледа патот и понатаму е во лоша состојба, а никој не си го одржа зборот. Ова е првото ветување на поранешниот градоначалник на Карпош за ТВ21. Во неколку наврати се зборуваше дека откако ќе се подобри времето, патот ќе биде саниран, но тоа не се случи. Во Институтот за белодробни заболувања Козле на ден доаѓаат околу 100 деца на преглед од цела Македонија. Родителите кои ги носат овде своите деца на преглед постојано се жалат. „Катастрофа е, што да кажам друго. Дали мислите дека треба да се реконструира? Секако, и улицата со коцка не чини. Да, треба да се реконструира улицата“, велат граѓаните. Загриженост за оваа улица изразува и директорот на болницата Бесник Зеќири, бидејќи оваа болница во пандемијата функционира и како центар за ковид каде се хоспитализирани заразените деца. Тој вели дека актуелниот градоначалник на Скопје му рекол дека работите ќе почнат во јуни. -Точно е дека и претходно не прашувавте, претходно сте правеле стории за овој пат и целата оваа приказна само се одложува и нема крај. Ние со претходната власт на Град Скопје и општина Карпош имавме договор со кој требаше да го направат патот пред Нова година, но потоа искомунициравме и ни кажаа, од општина Карпош велат дека ако не го направи тоа до јуни Град Скопје, ќе почнат тие да ја прават улицата, но колку ќе биде ова точно и дали ќе заврши во јуни, останува да видиме, вели Зеќири. Од Град Скопје за ТВ21 велат: Природни капки кои луѓето ги користат за лекување на дијабетес? Болницата Козле е изградена во 2015 година, додека патот што води таму е околу 500 метри, но во лоша состојба и за автомобили и за пешаци. https://mk.tv21.tv/3-godini-prazni-vetuvana-500-metri-ulitsa-vo-kozle-se-ushte-ne-neasfaltirana/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() Денес поминав оттука. Катастрофа, што да кажам, башка има некакви пропаднати крпеници поради кои мора да го сопреш возилото и да поминеш во прва брзина, а со тоа и го закочуваш целиот сообраќај. |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
бул.Киро Глигоров сеуште се реновира.Делот кон Бриколаж горе-долу го средија но овој дел кон Аеродром премногу се развлече а се чини дека нема ни активности на терен
![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/groups/145337166272043 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЦЕЛОСНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА ВАРШАВСКА
Општина Карпош денеска ја започна завршната фаза од реконструкција на коловозот на ул. Варшавска (од ул. Париска до ул. Лондонска), во населбата Тафталиџе 1. За оваа намена, локалната самоуправа ја ангажираше фирмата „БИТЕМ“ која поставува нов асфалт на коловозот во вкупна должина од 720 метри, широчина од 9, 5 метри, а исто така изврши делумна промена на рабниците во должина од 300 метри. ![]() ![]() https://www.facebook.com/OpstinaKarpos/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
За улицата во Капиштец буквално се знаеше, изведбата беше полоша отколку пред реконструкцијата. Битно тендер се направи.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Град Скопје во соработка со општина Кисела Вода целосно ја реконструира ул. „Славка Динкова“ во Драчево
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/1OrceGj |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ете колку издржа реновираната улица Васил Ѓоргов во Капиштец(од твитер)
![]() |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Арсовска: По 12 години реконструкција на Бутелска - Градот Скопје ги финансира градежните работи
Денеска сме тука во Бутел да извршиме увид во состојбата на дел од потегот кој Градот Скопје ќе го реконструира на улицата „Бутелска“, за чија намена имаме издвоено над 26 милиони денари од Буџетот на Град Скопје. Реконструкцијата на коловозот е во должина од 850 метри, ова е најпрометната улица во општина Бутел, во следниот период ќе биде извршено тендерирање за истата, а се предвидува истата да заврши во рок од 60 дена од започнувањето на реконструкцијата. Целосно ќе се заменат оштетените тротоари и автобуски постојки по должина на автобуската, изјави градоначалничката Арсовска. ![]() https://www.facebook.com/CityofSkopje/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ќе се реконструира улицата „Перо Наков” во Гази Баба
Целосна реконструкција на коловозот, тампонирање и поставување три слоја асфалт и замена на оштетените рабници е предвидено со проектот за реконструкција на улицата „Перо Наков”, со која се опфаќа потегот од крстосницата со улицата „Маџари” до улицата „Индустриска” 2, најави денеска градоначалникот на Општината Гази Баба, Бобан Стефковски. Тој заедно со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска направија увид на состојбата на улицата „Перо Наков”, каде треба да почнат градежните работи за реконструкција. – Проектите треба да бидат одраз на потребите, но и на барањата на граѓаните. Ние работиме во нивен интерес. Со меѓуопштинската соработка со Град Скопје ќе започнеме со реализација на голем број проекти во Општината Гази Баба кои ги бараат граѓаните, додаде Стефковски. Градоначалничката на Град Скопје, Арсовска рече дека предлог за реконструкцијата на улицата „Перо Наков” дале три месни заедници на овој потег, како и голем број правни субјекти. Таа посочи дека месните заедници опфаќаат околу 10.000 граѓани кои континуирано циркулираат на тој потег. – Ова е еден децениски проблем кој сега се решава. Градот Скопје со потпишаниот договор за меѓуопштинска соработка го разрешува овој децениски проблем, децениски предизвик со тоа што ќе инвестира во реконструкција вредна над 55 милиони денари. Верувам дека со редовните средби, комуникацијата која ја имаме меѓу Градот Скопје, општината, месните, урбаните заедници навистина ќе постигне многу во следниот период. Го охрабрувам граѓаните кои работат тука и живеат тука да ги даваат континуирано своите предлози со цел разрешување на предизвиците со кои се соочуваат, додаде Арсовска. https://www.slobodenpecat.mk/kje-se-rekonstruira-ulicata-pero-nakov-vo-gazi-baba/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Со градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски потпишавме договор за меѓуопштинска соработка со што Градот Скопје целосно ја финансира реконструкцијата на улицата „Перо Наков“ во Гази Баба.
На барање на граѓаните од заедниците Кирил Петрушевски, Триангла и Маџари 1, кои застапуваат повеќе од 10.000 жители, Град Скопје ќе ја финансира реконструкцијата што претставува значаен проект за жителите на Гази Баба затоа што улицата не била реконструирана со децении, а станува збор за најфрекфентната улица во општината. Реконструкцијата во должина од 2.000 метри опфаќа и целосна замена на оштетените и изградба на нови тротоари и поставување нови автобуски стојалишта долж улицата. ![]() https://www.facebook.com/ArsovskaDanela |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Во Маџир маало кај Астера
![]() https://www.facebook.com/104621114742728 |
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Ако се прави директно продолжување, тогаш треба да ја премине Ранжирната станица „Трубарево“ и кратко потоа Вардар, што за наши услови пиши „нема шанси“.
Друга прилика би било постоечкиот мост и пат преку Јурумлери и Драчево, кој е регионален некако да се прилагоди и поврзе со автопатот А4 кај самото Јурумлери. |
|
![]() |
|
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
Разговарано е на оваа тема и порано на форумов и мислам дека нема човек кому не му се допаѓа таа идеа. Еден корисник предложи и едно крајно елегантно решение за надградба на клучката кај Хиподром и продолжување на обиколницата кон Пинтија: ![]() |
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Интересно размислување.
|
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
Дали некој размислувал за тоа колку ќе влијае на намалување на гратскиот метеж продолжување на скопската обиколница до Пинтија/кружен тек Драчево?
Факт е дека потенцијалот на обиколницата е неискористен, а оние што живеат во Ѓорче/Волково/Бардовци и околните места повторно возат низ цел град за да стигнат до Драчево/Пинтија/Лисиче... Иако е обиколница, сепак не ги поврзува околните населби и населени места соодветно. Плус би се отворил уште еден влез на градот кој многу би го растеретил бул.Александар Македонски и бул.Србија знајеќи дека во Пинтија имаме индустриска зона во која секојдневно гравитираат возила од внатрешноста. Логично е сите приградски населби да се поврзани со обиколница. Многу пати изминатиов период имав потреба да возам до Стопански двор, а од таму за Пинтија и гледам дека најголем дел од жителите како најкраток пат го бидаат возењето низ Центар (20+ семафори)... Пробав многу пати да возам преку обиколница и иако е подалеку целата обиколница се вози за само 10 минути, а потоа нелогични 8км од источен влез на Скопје до Пинтија уште +25мин... Дури и да не биде класичен автопат, сепак убаво е некој компетентен да ги израчуна сите бенефити кои би ди имало градот, како и возачите, не само како време на патување и нервози по градски улици туку и издувни гасови... Со 6км инфраструктура на празен терен Истокот и Западот на градот би биле одалечени само 15 мин. |
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
16.02.2022 ништо не е почнато.Барем не она што беше пишано дека ќе се почне на 20.01.2022,ај тогаш беше поладно но еве веќе две-три недели е сосем добро за такви активности. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Чаир, секој ден хаос на улицата „Кемал Сејфула“ – Ганиу се оградува од одговорност, Арсовска не дава одговор
Ова е улицата Кемал Сејфула во Чаир. Паркирани автомобили насекаде од двете страни. Велосипедската патека е блокирана, а белите линии не се гледаат никаде, поради што граѓаните се чувствуваат загрозени. Тие велат дека хаосот во овој дел се создава поради недостиг од паркинзи. „Многу пати кога некој влегува да купи килограм домати, му го креваат автомобилот, има проблеми. Нема паркинг“. За ваквата состојба на улицата го прашавме градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. Тој вели дека оваа улица е под надлежност на Град Скопје, но вети дека нема да седи со скрстени раце. „Знаете дека улицата “Кемал Сејфула“ е под надлежност на Град Скопје, значи дека за повеќе одговори треба таму да барате. Ова не значи дека сум амнестиран и дека ќе седам со скрстени раце“, посочи Висар Ганиу. Од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска не добивме одговор дали ќе преземат нешто за решавање на овој проблем на граѓаните од овој дел на Чаир. Таа пред локалните избори ветуваше дека ќе го решат хаосот во сообраќајот и паркинг местата. https://mk.tv21.tv/chair-sekoj-den-haos-na-ulitsata-kemal-sejfula-ganiu-se-ograduva-od-odgovornost-arsovska-ne-dava-odgovor/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Од понеделник времен сообраќаен режим на улицата „Варшавска“
![]() Од понеделник започнува реконструкција на улицата „Варшавска’, (од улица „Лондонска“ до улица „Париска“). Како што извесуваат од Општина Карпош, поради изведување на градежните активности, ќе биде воспоставен нов привремен режим на сообраќај. Изведувачот на работите ДГПТУ „Битем“, во понеделник ќе постави и вертикална сообраќајна сигнализација, која ќе важи до завршување на реконструкцијата на улицата. https://www.vecer.press/од-понеделник-времен-сообраќаен-режи/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Дупките на улицата во Градски парк се уште непоправени
Дупки како кратери го попречуваат нормалното движење на улицата околу арената во градски парк. Возачите едвај се разминуваат бидејќи секој гледа да ги избегне дупките кои им ги оштетуваат автомобилите. Граѓаните се жалат дека состојбата со улиците генерално е лоша во главниот град. Револтирани се бидејќи ваквите улици можат скапо да ги чинат. Од општина Центар велат овие дупки биле санирани летото. До сега кај нив не пристигнала ниту една пријава за оштетен автомобил. Докоолку возачите ги оштетат автомобилите можат да бараат надомест од локалните власти. За да имаат потврда дека штетата настанала од дупка на патот, треба да повикаат полиција која ќе ја констатира состојбата. https://sitel.com.mk/dupkite-na-ulicata-vo-gradski-park-se-ushte-nepopraveni |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 89101112 159> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |