Author |
Topic Search Topic Options
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#2141 Posted: 03-Sep-2009 at 23:59 |
ТАВ останува во Македонија
03.09.2009 20:00
 | ТАВ со сопствени средства целосно ќе ги модернизира авиопристаништа |
| |
Августовското
одложување на реконструкцијата на македонските аеродроми е последно,
ветува Сани Шенер, првиот човек на турската компанија, кој денеска
допатува во еднодневна посета на Македонија. Во ексклузивното
интервју за А1 тој вели дека ако не се најдат кредити од меѓународните
институции, ТАВ со сопствени средства целосно ќе ги модернизира
домашните авиопристаништа. „Владата не извести дека ова е
последно пролонгирање на тендерот за аеродромот, и ние се согласивме.
Јас, како генерален директор на ТАВ Холдинг, можам да ветам дека на
први март следната година ќе почнеме да работиме од постоечкиот
аеродром, а и ќе започнеме со изградба на уште еден. Проблемот не беше
во немањето финансии. Финансиите се тука, но условите во светот сосема
се изменија. Како ТАВ, ние сме во состојба да финансираме, но ни треба
малку време“, изјави Сани Шенер, генерален менаџер на ТАВ. По
проблемите со експропријацијата на земјиштето кои сега биле решени
главниот менаџер на ТАВ, вели дека останува отворено и прашањето за
карго аеродромот во Штип. Овој аеродром ќе се гради, но дури откако ќе
се направат потребните анализи на терен, кои траат и по неколку години.
„Нема да се случи да не градиме во Штип. Карго аеродромот во
Штип ќе биде изграден. Така стои во договорот. Но, се јавуваат
инженерски проблеми, проблеми во авио-инженерингот. Мораме да ја
провериме климата барем за пет години. На крај, можеби владата ќе го
дислоцира аеродромот лево или десно, па затоа главниот план за Штип не
е направен“, вели Шенер.  | Македонија ја чувствуваме како братска земја на Турција |
| |
Македонија ја чувствуваме како братска земја на Турција и затоа ќе
останеме овде вели Шерен, демантирајќи ги информациите дека ТАВ се
вклучува во трката за концесионерство на приштинскиот аеродром. „Ние
нема да учествуваме на тендерот во Косово, зашто на Балканот дојдовме
за Македонија, го одбравме и го добивме Скопје“, рече Шенер. Турски
ТАВ ги доби македонските аеродроми под концесија во траење од 20 години
и од нив треба модерни европски авиопристаништа. Лани во октомври со
владата ставија потпис на документот за реализација на оваа клучна
инвестиција во авиосекторот тешка 200 милиони евра, но сепак поради
финансиски проблеми, стартот на модернизацијата беше одложуван два
пати. Првиот човек на ТАВ денеска сигурен во тврдењата дека
повеќе нема одлагања. Убеден е дека скопскиот аеродром под нивно
раководство ќе стане балкански авиоцентар, чиј најголем конкурент ќе
биде виенскиот аеродром. |
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=113328
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#2142 Posted: 27-Aug-2009 at 08:11 |
И консултантот - холандската компанија "Нако", која Владата ја одбра на тендер за да ја посоветува што да прави со аеродромите, укажала на проблематичноста на штипскиот аеродром. Во Студијата за развој на аеродромите со концесиски модел којс ја изработи "Нако" стои дека изградбата на карго-аеродром во Штип е нерационално решение, иако идејата е технички изводлива.
|
Enough said....
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#2143 Posted: 27-Aug-2009 at 08:07 |
ПО ОДЛОЖУВАЊЕТО НА НАЈГОЛЕМАТА ИНВЕСТИЦИЈА ЗА ГОДИНАВА
Штипскиот аеродром ќе го изгради Приштинскиот
Упорното инсистирање на Владата да се гради штипскиот аеродром ја компликува реконструкцијата на другите два аеродрома - Скопскиот и Охридскиот, со што ќарот ќе го извлече Приштинскиот аеродром, чија реконструкција треба да почне од наредната година
Додека македонската Влада го чека турски ТАВ да најде пари за изградба на спорниот штипски аеродром, косовските власти планираат од почетокот на наредната година да ја почнат реконструкцијата на Аеродромот во Приштина, со што, дефинитивно, Скопскиот аеродром ќе ја изгуби битката за патници со Приштинскиот. Одлагањето на изградбата на македонските аеродроми оди во прилог на развојот на Приштинскиот аеродром, што го покажуваат и споредбените податоци за двата аеродрома. Косовската влада на 9 август распиша меѓународен тендер на кој бара приватен инвеститор кој ќе изгради нов терминал, контролна кула, хангар и паркинг-простор на Приштинскиот аеродром, во замена за концесија на Аеродромот на 20 години. Се очекува инвестиција од најмалку 100 милиони евра. Проектираниот профит од 20-годишната концесија се проценува на 400 милиони евра. "Планираме да го потпишеме договорот за концесија во декември", изјави министерот за транспорт на Косово Фатмир Лимај, објавувајќи го распишувањето на тендерот. "Приштинскиот меѓународен аеродром ќе биде пример во регионот", додаде премиерот Хашим Тачи. Бројот на патници на Приштинскиот аеродром во последниве години постојано расте. Во 2008 година бележи 17.000 летови и превезени околу 1,2 милиони патници, што е за 11 проценти повеќе отколку претходната година. Од Приштина оперираат 35 авиокомпании на 30 дестинации - за Тирана, Будимпешта, Цирих, Виена, Лондон, Љубљана, Загреб, Женева, Хамбург, Франкфурт, Берлин, Рим, Софија, за Истанбул. Летово имаше директен лет за Њујорк. Дневно има по околу 20 летови. Аеродромот лани остварил 7 милиони евра добивка. На Скопскиот аеродром, пак, лани имало околу 13.000 летови со 650.000 патници. Од Скопје оперираат 13 авиокомпании кои сообраќаат на редовни линии и уште неколку кои реализираат чартер-летови. Неофицијално, работите околу реконструкцијата на македонските аеродроми се компликуваат поради инсистирањето на Владата по секоја цена да се гради штипскиот аеродром. И консултантот - холандската компанија "Нако", која Владата ја одбра на тендер за да ја посоветува што да прави со аеродромите, укажала на проблематичноста на штипскиот аеродром. Во Студијата за развој на аеродромите со концесиски модел којс ја изработи "Нако" стои дека изградбата на карго-аеродром во Штип е нерационално решение, иако идејата е технички изводлива. Сега ТАВ мора да го изгради и штипскиот аеродром, во пакет со реконструкцијата на другите два аеродрома, но има проблеми да обезбеди пари за нив. Според концесискиот договор, ТАВ, откако ќе го изгради, ќе $ го даде штипскиот аеродром на управување на Владата. За изградбата на штипскиот аеродром и домашните експерти укажаа дека не е исплатливо решение. (А.С.)
***
АКО ОБНОВАТА НА АЕРОДРОМИТЕ НЕ ПОЧНЕ НА 1 МАРТ 2010
Владата ќе ја активира гаранцијата на ТАВ од 6 милиони евра
Владата по втор пат му одобри на турски ТАВ да го пролонгира почетокот на работите за модернизација и изградба на македонските аеродроми. На завчерашната владина седница турскиот инвеститор добил рок да ја почне инвестицијата најдоцна до 1 март идната година, потврди вчера министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Според Јанакиески, 200-милионската инвестиција во македонските аеродроми се пролонгира поради неможноста ТАВ да обезбеди пари за нејзина реализација, како последица на светската економска криза. Првпат реализацијата на договорот со ТАВ со истото образложение беше одложена лани во декември, со обврска работите на аеродромите да почнат на почетокот на септември годинава. Според Јанакиески, тековната гаранција од 6 милиони евра од турскиот инвеститор важи до 1 март. "Договорот ќе стапи во сила на 1 март, и тоа е последниот рок даден од Владата. Доколку од 1 март не почне инвестицијата, тогаш гаранцијата ќе се ефектуира", тврди министерот за транспорт. Прашан зошто Владата не го раскинува договорот и не побара друг инвеститор за аеродромите, Јанакиески рече дека треба да се има предвид оти поради економската криза, ниту една меѓународна финансиска институција не дава толкав обем на финансии. "Голем број концесии во близина на Македонија и низ Европа пропаѓаат, така што мислам оти е разумно ова ново пролонгирање од шест месеци, по што инвестицијата автоматски ќе почне. Очекувам по 1 март, а можеби и порано, сите да бидеме сведоци на инвестиција која се очекува во Македонија во последните 15 години", нагласи Јанакиески. Според договорот меѓу Владата и ТАВ, турската компанија треба да ги обнови Скопскиот и Охридскиот аеродром и за три години од активирањето на договорот да изгради нов карго-аеродром во близина на Штип.
|
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#2144 Posted: 26-Aug-2009 at 02:32 |
Ајде бе Миле, завчера што кажуваше, денеска што кажуваш... Колку кратка мислиш дека е нашата меморија?
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#2145 Posted: 26-Aug-2009 at 01:44 |
Аеродромите ќе ја чекаат идната пролет
Турскиот инвеститор ТАВ доби ново продолжување до 1 март 2010 година да почне со модернизација на скопскиот и на охридскиот аеродром и со изградба на карго-аеродром во Штип

Владата втор пат му одобри на турски ТАВ да го одложи почетокот на работите за модернизација и изградба на македонските аеродроми. Турскиот инвеститор на завчерашната владина седница доби рок најдоцна до 1 март 2010 година да ја почне инвестицијата, изјави вчера министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.Според Јанакиески, 200-милионската инвестиција во македонските аеродроми се одложи поради неможноста ТАВ да обезбеди пари за нејзина реализација, како последица на светската економска криза.
- Светските аналитичари очекуваат економската криза да заврши или да биде ублажена до крајот на годинава и се очекува ТАВ во март да нема проблеми да ги обезбеди парите. Претставниците на турската компанија ТАВ повеќепати ја искажаа својата волја и тоа е дел од договорот. Ќе инвестираат и во скопскиот и во охридскиот аеродром, а ќе го изградат и карго-аеродромот во Штип - рече Јанакиески.
Првото одложување на стапувањето во сила на Договорот со ТАВ беше во декември лани, кога турската компанија се обврза да почне со инвестицијата во почетокот на септември годинава. Причина за одложување на инвестицијата и тогаш беше неможноста да обезбеди кредити за инвестицијата поради светската економска криза.Според Јанакиески, тековната гаранција од 6 милиони евра од турскиот инвеститор важи до 1 март, за кога се очекува да стапи во сила Договорот за реализација на инвестицијата.
- Договорот ќе стапи во сила на 1 март и тоа е последниот рок даден од Владата. Ако од 1 март не почне инвестицијата, гаранцијата ќе се ефектуира - тврди министерот за транспорт.
Прашан зошто Владата не го раскинува договорот поради одложувањата и да побара друг инвеститор за аеродромите, Јанакиески рече дека треба да се има предвид оти поради економската криза ниту една меѓународна финансиска институција не дава толкав обем на финансии.
- Гледаме дека голем број концесии во близина на Македонија и ширум Европа пропаѓаат, така што мислам оти е разумно ова пролонгирање од шест месеци. Очекувам дека по 1 март, а можеби и порано, сите да бидеме сведоци на инвестиција која се очекува во Македонија во последните 15 години- нагласи Јанакиески.
Најавата од ТАВ дека не се повлекува, но оти ги одлага работите на проектот за модернизација и изградба на македонските аеродроми за почетокот на идната година, вчера ја потврди Рифат Хисарџиклиоклу, претседател на Унијата на индустриските и трговските комори и берзи на Турција (ТОББ), кој престојува во посета на Македонија.
„Дневник“ неодамна објави дека турскиот инвеститор бара кредит од 125 милиони евра од две банки. Од Европската банка за обнова и развој бара 45 милиони евра и уште 80 милиони евра од Европската инвестициска банка.Атрактивноста на концесионерство на македонските аеродроми ја загрозува најавата на косовската влада дека за една недела ќе распише повик за концесија на приштинскиот аеродром, кој последнава година го презеде приматот на најфреквентен регионален аеродром.
Марјан Блажевски
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=6456DE80D3598F479969F4904AE7A659
|
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#2146 Posted: 24-Aug-2009 at 14:04 |
Назад пишува мислам во нишкава дека аеродромите беа строго врзани како приврзок за влегувањето на Македонија во нато, бидејќи ова не се случи повеќе од јасно е дека ТАВ во вакви услови нема да инвестира, имајќи предвид дека ЕБРД е исто така нато ќерка фирма, одмрзнувањето т.е. одобрувањето на заемот за ТАВ повторно е условено со полноправно членство на Македонија во нато... Министерот ниту имал ниту ќе има абер што се и како се во европа се редат лончињата, тој само пренесува што му кажуваат, ниту има легитимитет ниту има можност да даде своја проценка!
Edited by Max - 24-Aug-2009 at 14:14
|
 |
Andrej_LJ
Senior Member
Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
|
Quote Reply
#2147 Posted: 24-Aug-2009 at 13:32 |
Е сега според ова што го читам во последниве две страни на нишкава се прави извод на две причиснко-последични нешта: 1) Раскинување на договорот со ТАВ и давање на аеродромите на тендер, под други услови за да се привлечат навистина сериозни компании. ФраПорт е една од нив и прави одлична работа со Варна и Бургас на пример. 2) Министерчето (кое патем е отприлика на моја возраст  ) да си даде ВЕДНАШ оставка, пошто ова лажење, ветување и празно уверување нема крај, аеродромите тонат, туѓите грабат напред а МАТ (што се води како национален превозник, а не приватна компанија) пропаѓа! Причини за оставката може да видиме и во патната мрежа, колку сакаш!
|
 |
Dragan
Senior Member
Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
|
Quote Reply
#2148 Posted: 24-Aug-2009 at 12:30 |
poarno ke bese na nekoja druga kompanija da gi dadea aerodromite otkolku na ovaa TAV
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#2149 Posted: 24-Aug-2009 at 12:27 |
ај бе нека се одлучат веќе, ај сега ќе почнеме, не чекај, не сега, за некое време, ама сега сигурни сме дека ќе почнеме, ај уште една година нема да боли
|
 |
Dragan
Senior Member
Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
|
Quote Reply
#2150 Posted: 24-Aug-2009 at 12:25 |
ТАВ ќе почне со реконструкција на аеродромите на почетокот на идната година
24.08.2009 12:18
Турски
ТАВ ќе почне со реконструкција на аеродромите на почетокот на идната
година. Турските инвеститори не се откажуваат од инвестирање, но сепак
реализацијата на терен ќе биде пролонгирана. Ова денеска во
Скопје го изјави претседателот на унијата на индустриски и трговски
комори. Денеска овде во Скопје беа сумирани и показателите за
трговската размена меѓу двете земји. Сега во оваа година на економска
криза, во првите 6 месеци споредено со истиот период лани, трговската
размена е намалена за 13, 4 проценти, и изнесува 136 милиони долари. Во
оваа трговска позиција извозот е зголемен за нешто повеќе од 8
проценти, а увозот од Турција е со пад од 16,5 проценти. Според
проекциите и прогнозите на гостите од Турција се очекува тренд на
зголемување на увозот на репроматеријали и суровини од Турција. Дека
одредени, политички и бизнис структури ги замешале прстите и
манипулираат со штрајкувачите, преку соопштение обвинуваат и од
Владата, искажувајќи спремност да изберат државен довереник по мерка на
вработените. Работниците сметаат дека така, многу работи ќе се решат, а
ги отфрлаат обвинувањата дека некој стои зад нив.
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#2151 Posted: 21-Aug-2009 at 15:45 |
ТАВ пак го одлага презема-њето на аеродромите
Од централата на ТАВ во Истанбул потврдуваат дека почетокот на модерниза-цијата на аеродромите повторно ќе биде одложен и посочија дека причините се технички, а инвестицијата со сигурност ќе се реализира

Модернизацијата на македонските аеродроми, „Александар Велики“ во Скопје и охридскиот „Св. Апостол Павле“, како и изградбата на нов карго-аеродром во Штип, нема да почне на 1 септември како што најави турскиот инвеститор ТАВ во договор со Владата. ТАВ требаше да ги преземе македонските аеродроми со уплата на парите до 1 септември годинава откако веќе еднаш инвестицијата беше одложена. Неофицијалната причина за новото одложување е времето потребно за меѓународните финансиски институции да донесат одлука да и' одобрат заем на турската компанија за инвестицијата во Македонија.
ТАВ, поради светската економска криза и неможноста да земе кредит, во декември лани ја одложи инвестицијата вредна 200 милиони евра. Во меѓувреме, компанијата за проектот во Македонија побара заеми од 125 милиони евра, од кои 45 милиони евра од Европската банка за обнова и развој и уште 80 милиони евра од Европската инвестициска банка. Дека почетокот на инвестицијата ќе биде повторно одложен потврдија и од централата на ТАВ во Истанбул, каде што само посочија дека причините за новото одложување се технички и дека инвестицијата со сигурност ќе се реализира.
Наспроти тоа, десетина дена пред истекот на рокот, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески изјави дека очекува ТАВ навреме да ги обезбеди парите за инвестицијата во Македонија. На прашањето до каде се подготовките за целиот проект, од Министерството вчера одговорија дека не очекуваат одложување, но ако такво нешто се случи, „јавноста ќе биде благовремено информирана“.
Од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) велат дека барањето за кредит на ТАВ се' уште се разгледува и наскоро Одборот на директори ќе одлучи дали ќе се одобри заемот од 45 милиони евра. Општите информации за барањето за кредит на ТАВ од ЕБОР од неодамна не се достапни на интернет-страницата на банката.
Упатените велат дека второто одложување на инвестицијата е поради несреќно избраниот датум за одложување - 1 септември. Според правните експерти, меѓународните финансиски институции како ЕБРД и ЕИС вообичаено свикуваат состанок на Одборот на директорите по истекот на септември. Токму затоа за одлуката дали ќе се одобри барањето на ТАВ, ќе мора да се почека уште најмалку 30 дена по 1 септември.
ТАВ досега зела неколку вакви повеќемилионски заеми од ЕБРД, ЕИС и ИФЦ за слични проекти за модернизација на аеродромите во Грузија и во Тунис. „ТАВ Хавалиманлари холдинг“ пред една година победи на тендерот за концесија над македонските аеродроми „Александар Велики“ и „Св. Апостол Павле“ во траење од 20 години, како и изградба на нов карго-аеродром во Штип. Турците беа единствен понудувач на тендерот, иако заинтересирани беа четири компании. Откако изби светската финансиска криза, кон крајот на јануари годинава, ТАВ продаде една третина од акциите во профитабилниот бизнис со аеродромски услуги за да ги плати доспеаните долгови.
При неодамнешната посета на Македонија, претседателот на Сојузот на стопанските комори на Турција, Рифат Хисарџиколу, изјави дека „и покрај светскиот проблем со обезбедување готовина, ТАВ ќе го направи тоа успешно“.Турскиот гигант ТАВ има 11.000 вработени и целосно управува со четири аеродроми во Турција и по два аеродрома во Грузија и во Тунис. Неодамна компанијата конкурира и за концесија врз аеродромот во Рига, Литванија.
Турците на скопскиот „Александар Велики“ треба да изградат нова терминална зграда, да ја продолжат пистата, паркинг за автомобили, пристапен пат со нова клучка, да инсталираат системи за земска навигација, да воспостават комунална инфраструктура, да ја доградат административната зграда и да изградат нов карго-терминал, противпожарна станица и нов паркинг за воздухоплови. На охридскиот „Св. Апостол Павле“ за една година од почетокот на проектот е предвидена реконструкција на постојниот паркинг, реновирање на објектите во карго-центарот, изградба на ВИП-објект, реконструкција на административната зграда и набавка на нова опрема. Карго-аеродромот во близина на Штип треба да биде готов за три години од почнувањето. Намерата на Владата е тој да функционира како алтернативен аеродром за цивилната авијација, со можност во иднина да стане главен аеродром во Македонија
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#2152 Posted: 20-Aug-2009 at 20:24 |
Штипскиот градоначалник
Зоран Алексов вели дека ова прашање, од стручен и од секаков друг
аспект, одамна е елаборирано и затворено. |
 Да да, и после мрморецот ја виткаше чоколадата во фолија... Дај да видиме каква-таква студија или анализа на хартија, зошто вакво произволно коментирање и вадење на „аргументи“ од газот сигурно нема да го направат аеродромот економски или поинаку исплатлив.
Карго-аеродромот е само дел од еден комплексен проект битен за развојот
на овој дел од државата во кој како главна алка е предвидена изградбата
на модерен автопат од Скопје до Штип преку Миладиновци, со што оваа
релација се скусува за триесет километри. | Лага!Во однос на планираниот автопат Отовица-Штип, вкупното кратење помеѓу Скопје и Штип со автопат Миладиновци-Штип се сведува на нешто повеќе од 1km, а со значително понеповолна топографија: http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=22&PID=18023#18023Зошто ни е потребна изградба на скап автопат кој во 95% ќе го дуплира предвидениот и многу пологичниот автопат Отовица-Штип, не знам и не е место да разглабам, но апсурдно е како аргумент за неисплатлив аеродром да се наведува изградба на неисплатлив автопат!
Тоа говори дека во сиот овој
проект од големо значење е и близината до главниот град на државата“,
вели Алексов. |
Главниот град веќе има аеродром, кој аеродром е на локација каде што се сечат два пан-европски коридори. Во било каква догледна иднина на Македонија не и треба нов аеродром на раздалеченост од само 40km воздушна линија од постоечкиот во Петровец.
Како и да
е, до почетокот на градбата, макар кога и да биде, мора да се одговори
и на едно друго суштинско прашање. Тоа е изјавата на претставникот на
турски ТАВ, кој ќе ги гради трите аеродроми во Македонија, дека во
пакет ќе го изградат и карго-аеродромот кај Штип, но не сакаат да го
управуваат, туку ќе и' го подарат на државата. |
Ова прилично многу кажува за оправданоста и исплатливоста на тој аеродром во Штип.
Edited by Cloverstack - 20-Aug-2009 at 20:26
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2153 Posted: 20-Aug-2009 at 06:04 |
На истокот битка и за карго-аеродромот

Одново се постави прашањето за местото на инвестицијата, во Овчеполието или во Струмичко
Иван Бојаџиски
Штип - Неодамнешната посета на министерот за транспорт и врски, Миле
Јанакиевски, на Штип, од каде што тој потврди дека карго-аеродромот ќе
започнел да се гради веќе од 1 септември на локација која ги опфаќа
општините Штип и Свети Николе, одново ги зовре страстите на истокот од
државата. На јавна дебата одново се постави прашањето каде и' е
вистинското место на една вака голема и значајна инвестиција, во
Овчеполието или во струмичкиот крај.
Штипскиот градоначалник
Зоран Алексов вели дека ова прашање, од стручен и од секаков друг
аспект, одамна е елаборирано и затворено.
„Сегашнава локација
е избрана од стручен тим како централна точка на еден регион кој има
свои потенцијали, а ја има и сета друга потребна инфраструктура, како
што се магистрален пат и железница, во својата близина.
Карго-аеродромот е само дел од еден комплексен проект битен за развојот
на овој дел од државата во кој како главна алка е предвидена изградбата
на модерен автопат од Скопје до Штип преку Миладиновци, со што оваа
релација се скусува за триесет километри. Тоа говори дека во сиот овој
проект од големо значење е и близината до главниот град на државата“,
вели Алексов. Тој смета дека и Штип, како и целиот регион, својата
енергија ќе ја насочи кон реализација на идејата модерниот автопат да
продолжи и кон Радовиш и Струмица заради сигурен транспорт на
раноградинарските производи од тој дел на државата до аеродромот.
Од
друга страна, струмичкиот градоначалник Зоран Заев тврди дека не верува
оти карго-аеродромот ќе се гради кај Штип. Тој е убеден дека во блиска
иднина Струмица ќе добие ваков објект.
„Светското искуство
говори дека вакви објекти се градат откако сите калкулации ќе ја
докажат нивната профитабилност. Во таа смисла, Струмица е во огромна
предност поради огромното производство на раноградинарски производи на
кои им е неопходен брз транспорт до светските потрошувачки центри.
Минатата година само преку струмичкиот терминал кон светот е извршен
извоз на раноградинарски производи за 150 милиони евра.
Карго-аеродромот изграден на наша локација ќе има многу работа, бидејќи
ќе транспортира градинарски производи од Струмичко,
валандовско-гевгелиското подрачје, од околината на Петрич во Бугарија и
од регионот на северна Грција. Тој факт ја прави целата инвестиција
исплатлива, профитабилна“, потенцира Заев.
Градоначалникот на
Струмица е категоричен дека кога ќе се донесат наредните фази од
Законот за децентрализација, Струмица ќе најде инвеститор за изградба
на карго-аеродром. Засега општините немаат право да располагаат со
државното земјиште и тоа е кочницата поради која, според Заев, тие не
можат да работат на реализација на својата идеја. Тој тврди дека
интерес за раноградинарските производи од Македонија пројавуваат сите
држави настанати од поранешниот СССР, вклучително и големата Русија, а
државата треба да размисли зошто овие производи за тој пазар одат со 15
отсто царина, додека Турција ги извезува без царина.
Како и да
е, до почетокот на градбата, макар кога и да биде, мора да се одговори
и на едно друго суштинско прашање. Тоа е изјавата на претставникот на
турски ТАВ, кој ќе ги гради трите аеродроми во Македонија, дека во
пакет ќе го изградат и карго-аеродромот кај Штип, но не сакаат да го
управуваат, туку ќе и' го подарат на државата. http://utrinski.com.mk/?ItemID=88A32BBC1EFD8C41AC440BA1003E3849 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2154 Posted: 16-Aug-2009 at 17:29 |
„ТАВ“ не ја одлага инвестицијата во Македонија
16.08.2009 16:28
 | Миле Јанакиески |
| |
Турски
„ТАВ“ засега не ја одлага инвестицијата во Македонија. Со
реконструкција на аеродромите во Скопје и Охрид и изградбата на карго
аеродромот во Штип треба да стартува за 15 дена, засега од компанијата
не побарале второ одложување тврди министерот за транспорт и врски,
Миле Јанакиески. „Доколку има било какви промени благовремено
ќе ве информираме. Сега за сега анекс на договорот стои дека од први
септември треба да започне со изградба. Како пакет одат заедно
скопскиот аеродром, охридскиот аеродром и изградбата на карго
аеродромот во близина на Штип. -Значи тоа се шпекулации што
долго време се пуштаат во јавноста. Дефинитивно, дел од пакетот, дел од
концесискиот договор е карго аеродромот во близина на Штип“, вели
Јанакиески. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=112650 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#2155 Posted: 12-Aug-2009 at 03:58 |
Originally posted by brynner
Заемот кој за реконструкцијата во МК ТАВ го очекуваат од ЕБРД, Одборот на директори на банката планира да го разгледува дури в година (види под "Board date").
Иначе, претходниот датум беше 20 октомври... |
Да не знаеш кога настанала оваа промена?
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#2156 Posted: 12-Aug-2009 at 03:25 |
Што да заклучи човек кога гаранциите стално ги дава владата а инвеститорот ќути ли ќути 
|
 |
brynner
Newbiе
Joined: 24-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#2157 Posted: 12-Aug-2009 at 01:55 |
Заемот кој за реконструкцијата во МК ТАВ го очекуваат од ЕБРД, Одборот на директори на банката планира да го разгледува дури в година (види под "Board date").
Иначе, претходниот датум беше 20 октомври...
|
I am not afraid of crashing, my secret is... just before we hit the ground, I jump as high as I can.
— Bill Cosby
|
 |
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#2158 Posted: 11-Aug-2009 at 22:29 |
Турски ТАВ на 30 август ги презема аеродромите
Засега нема никакви најави од турска страна за ново продолжување на рокот за влегување во сила на договорот со ТАВ кој треба да ги модернизира двата аеродроми и да изгради нов во Штип
Турски ТАВ на 30 август треба да го преземе управувањето со двете македонски авиопристаништа и да ги започне активностите за изградба на нов карго аеродром во Штип. Од Министерството за транспорт и врски велат дека досега од турската компанија не добиле никакво известување или барање за ново пролонгирање на рокот за преземање на аеродромите. -Засега согласно договорот, се очекува TAV Havalimanlar Holding A.S. и ТАВ Македонија да стартуваат на 30 август. Доколку има било какви промени, јавноста ќе биде благовремена информирана - соопштуваат од Министерството за траснспорт.
Неодамна и првиот човек на Министерството, Миле Јанакиески, изјави дека нема никакви најави од турска страна за ново одложување или продолжување на рокот за влегување во сила на Договорот за концесија за развој, финансирање, користење и одржување на аеродромите Александар Велики и Св. Апостол Павле, како и новиот карго-аеродром во Штип, кој инаку требаше да почне да се применува од средината на декември минатата година. Но, по барање на ТАВ, Владата го пролонгираше стартот за крајот на август годинава, при што беше појаснето дека тоа е резултат на глобалната економска криза.
Гаранции дека ТАВ не се повлекува од Македонија летово дадоа и министерот за економија, Фатмир Бесими и претседателот на Сојузот на стопанските комори и берзи на Турција, Рифат Хисарџиклиоглу, кои ги негираа шпекулациите дека турската компанија ќе ја повлече договорената инвестиција во земјава. -Во светски рамки постои проблем за обезбедување готовина, но бидете убедени дека ТАВ ќе го стори тоа успешно - тогаш уверуваше Хисарџиклиоглу Менаџери на ТАВ во неколку наврати ги посетија двата аеродроми, а последниот пат беа со претставници на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), при што на меѓународните финансиери им ги презентирале своите инвестициони планови за модернизација на македонските аеродроми. Се разговарало и за техничките детали околу можното кредитирање на овие инфраструктурни проекти. Сепак, Турците досега не биле подиректно вклучени во водењето и менаџирањето на македонските аеродроми.
По преземањето на аеродромите, ТАВ треба да стопанисува со нив во наредните 20 години. Според договорот, во првите три години ТАВ треба да инвестира околу 260 милиони евра, а најголем дел од средствата се за изградба на карго-аеродромот во Штип. Модернизацијата на аеродромите треба да започне најдоцна за три месеци, при што за реконструкција на скопскиот аеродром се предвидени 20 месеци, за аеродромот во Охрид - 12 месеци, а за изградба на карго-аеродромот во Штип - три години.
Инаку, косовската влада го дава пристинскиот аеродром под 20-годишна концесија на приватен инвеститор кој во замена ќе се се задолжи да изгради нов терминал и друга инфраструктура. Потенцијалните инвеститори треба да вложат најмалку 100 милиони евра, а прогнозираната заработувачка од 20-годишната концесија би требало да изнесува 400 милиони евра.
Светлана БЛАЖЕВСКА
|
|
 |
brynner
Newbiе
Joined: 24-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#2159 Posted: 25-Jul-2009 at 01:13 |
Originally posted by micko_v
... може да биде прикривање на воен аеродром што би се дал на НАТО коалицијата кога би влегле во неа, имаше такви шпекулации. |
??? Не би рекол. Разликите помеѓу цивилен и воен аеродром како системи - и од техничка, и од технолошка смисла, итн. итн. итн. ... - се преголеми за да поминат незабележано или неискоментирани ем од консултантите кои ја сработија студијата за развој, ем од наддавачите кои се откажаа од трката за концесијата, ем од мониторингот на НАТО, ем (и особено битно!) од ТАВ. Особено не ми се верува дека ТАВ би прифатиле таков нешто, а сигурен сум дека барањето за кредит од ЕБРД секунда подоцна ќе им беше одбиено.
|
I am not afraid of crashing, my secret is... just before we hit the ground, I jump as high as I can.
— Bill Cosby
|
 |
micko_v
Senior Member
Joined: 19-Jun-2009
Location: Firenze, Italia
Online Status: Offline
Posts: 123
|
Quote Reply
#2160 Posted: 24-Jul-2009 at 22:48 |
Би било многу нелогично ако дозволат ТАВ да ја задржи концесијата а да не го гради аеродромот во Штип, бидејќи тоа беше главната причина поради која се откажаа другите.
Не знам која е намерата на владата со аеродромот во Штип, но може да биде прикривање на воен аеродром што би се дал на НАТО коалицијата кога би влегле во неа, имаше такви шпекулации.
|
 |