![]() |
![]() |
![]() |
Од регионот - Софија |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 910111213 26> |
Author | ||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
Информацијава не е потврдена од Софија, туку ја пренесоа софорумците од Полска. Добиена е од ново интервју на директорот на ПЕСА кој се фали дека го добиле тендерот во Софија. Не се знае колку чинат, ниту кога ќе се заврши доставката.
Инаку се предвидува да возат на линиите 5, 7 (претстои реконструкција) и 18 (претстои 4 километарско продолжување кон Дрвеница). |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Овие трамваи изгледаат супер. Колку чини едно парче од полјациве?
|
||
![]() |
||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
Полската фирма PESA го доби тендерот за нови 25 трамваи за Софија! Засега не се познати други детали, но возилата ќе пристигнуваат до крајот на следната година: ![]() ![]() ![]() |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
||
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
|
Огромни проекти! ![]() Не престанувам да се изненадувам која е разликата во плановите и размислувањето на тие што ја водат Софија и челниците на Скопје. Продолжувањата ќе имаат надземен дел?
![]() Edited by kiriOK - 07-Feb-2013 at 03:25 |
||
![]() |
||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
Софија гради 9 нови метро станици до 2015
Многу добри вести се обзнанија вчера. Имено тендерот за проширување на линијата М1 до Младост 4 заврши и цените повторно се далеку под прогнозните вредности. Наместо предвидените 60+ милиони евра за овој 3 километарски подземен отсек, кој содржи 3 станици и подземен буферен П+Р Паркинг на крајната станица во Младост 4, победникот бара само околу 45, така што со заштедените околу 20 милиони евра ќе се гради едно продолжување на линијата М2 на југ кон Хладилника и Парадајз Мол. Еве ги приоритетите за градење до 2015 година: М1 (Цариградско шосе - Аеродром Софија, 4 станици, 5 километри) е веќе неколку месеци во изградба, при што се очекува да заврши кон крајот на 2014 година. Предивдена е и изградба на железничка станица Искар, акде што ќе биде првиот трансфер на метрото за патниците кои доаѓаат од источна насока (источните предградија, Пловдив, Бургас). Проценките се дека отсеков ќе привлече додатни 60 000 патници на ден во мрежата. М1 (Младост 1 - Малдост 4, 3 станици, 2,7 километри), како што напоменав тендерот заврши, а изградбата би требало да започне на пролет и да заврши во почетокот на 2015 година. Буферниот паркинг ќе биде оддалечен од Обиколницата само неколку стотини метри, при што ќе биде многу полезен за регионот. Околу 90 000 патници на ден се очекува да го користат овој нов сегмент. М2 (Джејмс Баучер - Хладилника, 1,5 километри и 1 станица). Ова е многу важно продолжување бидејќи ја поврзува Хладилника и новиот најголем за Софија Парадајз Мол. Ќе биде изградено и подземно странично мини депо за поправка и чување на возила. После оваа станица во иднина линијата ќе се разгранува на југ кон Драгалевци и исток кон Студентскиот град. М1 (додавање на станицата призрак Модерното предградие). Сум пишувал и порано - оваа станица е зависна од изградбата на надземна железничка станица од страна на БДЖ, за да се прави најблиска врска помеѓу метрото и возовите од западна насока (Грција/Перник/Србија и да се надеваме во догледна иднина Скопје). Двете станици (железничката и метро) треба да се пуштат следната година. ![]() Со овие 9 нови станици вкупната мрежа на метрото во Софија до 2015 година ќе има 36 станици и ќе вози по помеѓу 600 и 700 илјади патници на ден. Ќе има директен трансфер со железницата на 3 станици и директна врска со Аеродромот. Секако се работи и на мега-проектот за линијата М3. Проектот во последниве денови се ревидираше и линијата се измести во еден свој мал дел за да направи врска со обиколницата близу влезот на автопатот Лјулин (од Перник/Солун/Скопје), како и со друга железничка станица. Тука ќе се гради огромен буферен паркинг за неколку илјади возила, така што овој сегмент на М3 беше ставен под земја, наместо досегашната надземна траса. Измената на трасата, при што со зелено се обележани подземните делови: ![]() Линијата треба да почне да се гради следната година и да биде пуштана помеѓу 2017/8 и 2020 година во зависност од сегментите. Таа ќе биде долга околу 18 километри и ќе има исто толку станици (10 подземни и 8 надземни и наземни). |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
||
Nemorosus ![]() Newbie ![]() ![]() Joined: 25-Oct-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 24 |
![]() ![]() |
|
Опа бато... Многу добри автобуси се Соларис, штета што нема кај нас ни еден ![]() |
||
![]() |
||
pavche ![]() Senior Member ![]() Joined: 17-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 431 |
![]() ![]() |
|
Во Бургас пристигнаха првите 6 двоjни автобуси Соларис(oд общо 28) со дизелови мотори. До месец се очекува да пристигнат и првите броjки од 39-те единични Соларис автобуси, со двигатели на метан, кои са исто дел од европскиот проект за обнова на градскиот транспорт.
|
||
![]() |
||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
Денеска се избраа конечните проекти за две од новите метро станици во Софија. Се работи за станици од линијата М1. Станицата 1-20 Дружба, ќе се работи според бугарски проект. Оваа станица е во изградба и се очекува да се заврши до крајот на 2014 година. Втората станица е станицата 1-20 Софијски Ринг, која се наоѓа во населбата Лјулин. Таа ќе биде дел од проширувањето на линијата М1 во насеелбата со цел подобар опфат на истата и ќе биде исполнето со разгранување на линијата. Освен покривање на најмногубројната населба на Софија, оваа станоица ќе има и голем P+R центар каде ќе можат комутерите од предградијата и градовите (Перник, Радомир, Дупница. Ќустендил) да го користат метрото. Се наоѓа близу новиот влез на Софија од насока Скопје. Инаку проектот е британски.
Мапа со локација на новите станици: ![]() Станица 1-20 Дружба: ![]() ![]() ![]() ![]() Станица 1-17 Софијски Ринг: ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
Дојдов до една многу интересна статија од весникот Работническо дело од почетокот на 70тите години на минатиот век каде се коментира престојната изградба на метрото во Софија. Многу е интересно како во времето се промениле погледите врз можностите и потребите на јавниот транспорт во еден град.
![]() Ќе ги извадам најважните поенти од текстов: *Вкупната должина на системот е планирана да е над 100 километри (сега во првата голема фаза се околу 70). *Првата отсечка од Лјулин од Центарот требало да почне да се гради во 1976 и да се пушти во експолатација уште во 1980 година (реалната работа по неа почнува во 1979 и трае се до 1998 со многу прекини и недостаток на сретства). *Советска технологија, експертиза, машини и експерти биле обезбедеини како поддрша за започнување на првата фаза на метрото. Затоа и во почетокот на 1970тите години бил потпишан меморандум за соработка (тогаш кога овој текст е пишуван). *Системот би имал 3 главни линии и разгранувања кон краиштата на линиите (сличен на денешниот систем), но и две рингови линии во форма на целосен или полу-прстени под главните кружни булевари на градот. * Планирано било и тотално исфрлање на трамваите и трамвајската мрежа во градот штом се изградела метро мрежата (колку се сменети погледите во таа насока до денес, кога никому не му текнува да исфрла трамваи што ја покажува нивната се поважна улога и популарност во јавниот транспорт). * Што се однесува пак до првиот сегмент на линијата А (Лјулин-Центар) било планирано на 10.5км да има дури 12 станици (а всушност се изградени доста помалку со многу поголемо меѓу-станично растојание). * Биле планирани како подземни (плитки и длабоки, така и надземни станици. На сликата е надземната станица Суходолска). Во другите вести поврзани со изградбата на метрото ги издвојувам следниве: * Еврпската Комисија ја потврди апликационата форма на Метрополитен, со што дефакто беа обезбедени 136 милиони евра за изградбата на 8 километри со 7 станици. Кон ова ќе се додадат и 60 милиони евра градски и државни пари. * Изградбата на отсекот на М1 кон Бизнис Паркот/Младост 4 (2,7 километри и 3 подземни станици) започнува на пролет, неделиве се очекува избор на изведувач. * Скоро сигурно е дека тендерот за набавка на нови 10 воза за Метрополитен ќе го добие Метровагонмаш, со што вкупниот број на возови ќе се искачи на 60 во текот на 2014. Сепак се шпекулира дека нема да има доволно возови за сите линии и ќе мора да се оди на интерветна набавка на уште неколку. Ова е бидејќи уште сега само 3 месеци по пуштањето на М2 бројот на патници ги натфрли долгорочните очекувања на Метрополитен. Кон 2015 се оечекуваат околу 500 000 патувања дневно во мрежата. Edited by Andrej_LJ - 15-Dec-2012 at 16:28 |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
![]() Вчера започна изградбата на нов сегмент на линијата М1 во Софија. Се работи за продолжувањето на линијата од станицата Цариградско шосе до Аеродромот во должина од 5 километри со 4 станици (две подземни и две надземни) и изградба на една железничка станица (жп гара Искар) за трансфер кон БДЖ и возовите кон Пловдив, Бургас и Истанбул. Ова продолжување се финансира имено од оперативната програма за интермодалност, бидејќи се овозможува комбинирање на три типа превози: метро, железница и воздушен транспорт. За овој сегмент се најавува изградба на многу модерна станица во Дружба избрана на меѓународен конкурс, како и голема станица на Аеродромот прекриена со стаклен кров. Патувањето од Аеродромот до центарот ќе одзема околу 20 минути (13 станици), а до централната железничка станица околу 25 (15 станици). Проектов чини над 70 милиони евра, а рокот е 28 месеци, иако од сега се зборува дека ќе се потрудат сегментов да биде готов до крајот на 2014 година. Станица 20 во жк Дружба: ![]() ![]() ![]() ![]() Тендерот пак за продолжувањето на линијата М1 кон Младост (квартови Младост II, III, IV, V) и Бизнис Парк Софија веќе е затворен и се очекува избор на изведувач. Изградбата треба да тргне во првиот квартал на 2013 година со макс. рок од 24 месеци. Овој сегмент долг 2,8 километри со 3 подземни станици чини 76 милиони евра. Значи околу 8 километра со 7 нови станици, кои чинат 146 милиони евра (110 од ЕУ и 36 од Градот), треба да се пуштат во функција кон крајот на 2014 или почетокот на 2015 година. Во системот се предвидува да привлечат дополнителни нови 90 000 патници дневно. За потребите на овој сегмент беше распишан тендер за набавка на 10 нови воза (сега Метрополитен располага со 50), тендер кој најверојатно повторно ќе го добие Метровагонмаш заради ниската максимална цена која е прениска за западните производители. Што се однесува до продолжувањето на линијата М2 за околу 1,5 километри и една станица кон квартот Хладилника, тоа сеуште е неизвесно дали ќе почне следната година, односно со финансирање од овој програмски период. Во моментов се изработува целосен проект и доколку има време за изведба на сите тендерски процедури, изградбата би завршила до крајот на 2015 година. Исто така МЕТРОПРОЈЕКТ Прага е кон рајот на изработката на целосен проект за линијата М3, кој треба да биде презентиран следната година. Линијата ќе биде долга 18 километри со 19 метро станици. Се очекува да привлече околу 200 000 нови патници дневно (само по М3 не сметајќи го севкупниот поток на патници по другите две линии заради ширењето на мрежата) и дека ќе чини помеѓу 700 милиони и 1 милјарда евра. Изградбата треба да започне во 2014 и да заврши во 2018 година, при што ќе биде изградено и депо, како и две железнички станици за трансфер кон националната железничка мрежа: Сите моментални проекти на Метрополитен Софија; ![]() Edited by Andrej_LJ - 22-Nov-2012 at 20:22 |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
станица Надежда:
![]() станица Ломско шосе: ![]() ![]() ескадата помеѓу Ломско шосе и Обелја: ![]() Малку слики од депо Обелја: ![]() ![]() поглед од кабината на машинистот: ![]() дел од параметрите и контролните опции: ![]() |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
станица Джејмс Баучер (Лозенец):
![]() станица Европејски Сајуз (Хемус): ![]() станица Лавов мост: ![]() ![]() станица Бели Дунав: ![]() ![]() |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
Станица Сердика 2:
Влезот од страната на Централните хали и Софијската синагога: ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
||
ink ![]() Senior Member ![]() Joined: 01-Dec-2010 Location: Bulgaria Online Status: Offline Posts: 530 |
![]() ![]() |
|
После 10-те состава за метрото и 20-те трамваи, се наjaви и набавката на 120 автобуси за Софиja и уште 130 тролеjбуси за други 4 града во Бугариja.
http://btvnews.bg/bulgaria/pari-prednaznacheni-za-okolnata-sreda-otivat-za-gradski-transport-i-mvr.html Edited by ink - 27-Oct-2012 at 01:41 |
||
![]() |
||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
Софија со уште една метро станица - Модерното предградие готова до крајот на 2013! Одлична вест беше објавена денеска - до крајот на 2013 година, БДЖ ќе ја изгради надземната железничка станица во западниот софијски кварт Модерното предградие*, под која се наоѓа пред деценија завршената подземна метро станица Модерното предградие. Со ова, се овозможува врска кон сите западни предградија и градчиња на Софија (Драгоман, Сливница, Вокулјак...) и се прави уште еден трансфер кон националната железница, БДЖ. Така до почетокот на 2015 година, Софија треба да има уште 9 нови станици (8 нови на линијата М1 и една нова на линијата М2), со што вкупниот број на станици ќе стигне до 36. *На картата станицата Модерното предградие е означена во горниот лев агол. ![]() |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
||
pavche ![]() Senior Member ![]() Joined: 17-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 431 |
![]() ![]() |
|
Станица Сeрдика II во малко по-различнa ситуациjа
![]() |
||
![]() |
||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
Не се разбира! Тоа е станица-призрак, која е изградена но не е во функција. Се чека изградба на железничка станица од страна на БДЖ на тоа место, па да се пушти и метро станицата. Без железничката станица оваа станица нема смисла бидејќи не се наоѓа во густо населен регион.Се наоѓа во квартот Модерното предградие.
Edited by Andrej_LJ - 20-Sep-2012 at 13:24 |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
||
Delyno ![]() Newbiе ![]() Joined: 15-Mar-2012 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
Андреј, видов метрото пред околу еден месец, но тука гледам една станица која ја немаше - "Модерна п.". Ова грешка ли е?
![]() |
||
![]() |
||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
Денеска беше објавен тендерот за изградба на метрото во делот помеѓу станиците Младост 1 и Младост 4 (Бизнес парк Софија), односно јужниот крак на линијата М1. Продолжувањето ќе биде долго 2700 метри и ќе биде целосно подземно, вклучувајќи и 3 подземни станици.
Изградбата е разделена на два лота, офертите се отвараат на почетокот на ноември годинава, при што се очекува изградбата да започне кон крајот на оваа или почетокот на следната година. Рокот за изведба е 24 месеци. Најверојатно паралелно со изградбата на метрото, ќе се работи на комплетна реконструкција на главниот булевар во Младост, наречен Александар Малинов, при што се предвидуваат неколку раскрсници на две нива, со цел целосно бесконфликтно движење помеѓу Обиколницата на Софија и бул. Цариградско шосе. ![]() Edited by Andrej_LJ - 17-Sep-2012 at 13:42 |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
Денешното интервју со заменик градоначалникот на Софија задолжен за транспорт фрла светлина на проектите кои во Софија ќе се остваруваат во следните две години. За сите овие проекти е обезбедено финансирањето, дел од нив се во фаза завршени тендери, дел се во распишани тендери, а за дел се подготвуваат тендери. Еве кратка листа на приоритетите и големите проекти:
- набавка на 100 нови нископодни автобуси (состојба: објава на тендер околу Нова година, доставка за 2 години) -набавка на 20 нови нископодни трамваи за 50 милиони евра ( состојба: тендерот е распишан, доставка за околу 2 години) -набавка на 50 нови зглобни тролејбуси (состојба: тендерот е завршен, деновиве се потпишува договор со победникот Шкода. Целосна доставка во рамките на следните 2 години) -изградба и реконструкција на трамвајски траси во должина од околу 8 километри двоен колосек (состојба: распишани тендери. Рок на изведба; крајот на 2013 година) -изградба на метро линијата М1 до аеродромот на Софија (состојба: потпишани договори, почеток на изградбата на 1 Октомври) -изградба на метро линијата М1 до Младост 4 (состојба: распишување на тендер. Почеток на раота во Јануари 2013 година) -набавка на 10 нови метро воза за потребите на споменатите две проширувања (состојба: распишан тендер, доставка до крајот на 2014 година) -изградба на метро линијата М2 до квартот Хладилника (состојба: тендер за технички проект на продолжувањето во тек) -изградба на метро линијата М3 (состојба: при крај е изведбата на целосниот технички проект, кој треба да се заврши брзо, за да се обезбеди финансирање во следниот програмен период и да започне изградбата на почетокот на 2014 година) -воведување на смарт систем во целиот градски транспорт, изградба на автономни бус-ленти, воведување на ГПС систем во сите возила на градскиот транспорт и изградба на 20 интелигентни раскрсници, кои предносно ќе ги пропуштаат возилата на јавниот транспорт, изградба на 700 нови станици, опремени со систем за следење на возилата во реално време и аудио-визуелно инфомирање на патниците (состојба: тендерите се во тек). Догодина в София ще има 100 нови автобуса, 20 трамвая и 10 метровлака - Искате да стимулирате софиянци да оставят колите си и да пътуват с градския транспорт. Повечето автобуси обаче са стари и без климатик. Същото е и с трамваите. - Предстои Министерството на околната среда и водите да обяви покана към Столична община и други градове да кандидатстват за средства по оперативна програма "Околна среда" за закупуване на превозни средства за обществен транспорт. "Столичен електротранспорт" вече пусна обществена поръчка за 20 нови трамвая. Искаме те да се финансират с европейски средства. Проектът предвижда и 10 нови влака за метрото, които ще обслужват бъдещото продължение до летището и Бизнес парка. Освен тях ще се купят и автобуси. Намерението ни е за поне 100 нови автобуса. До края на месеца, когато сме готови с всички документи, ще мога да кажа точната бройка. До Нова година ще обявим обществената поръчка за доставка, за да може до 1,5 г. да обновим и автобусния парк. Той е в най-тежко състояние заради голямата диспропорция във възрастта на превозните средства - имаме такива, които са на 2 г., и други - на по 30 г. Изпуснат е един жизнен цикъл на обновяване, който сега трябва да наваксваме. Всички нови превозни средства ще бъдат нископодови, с климатик и екологични. Надявам се, че ще финализираме успешно проекта и още догодина в София ще има сериозно обновяване на превозните средства на градския транспорт. - За каква сума кандидатствате? - До края на месеца ще сме готови с разчетите. Със сигурност ще надвишим стойността на проекта по оперативна програма "Регионално развитие", който е за 63 млн. евро и част от него е доставката на 50 нови тролея. - Кога ще започнат да пристигат новите тролеи? - До дни ще бъде подписан договорът с изпълнителя. Тогава ще имаме ясен график. Вероятно първите нови тролеи ще пристигнат напролет или най-късно в началото на лятото. - Какво стана с тикет системата в автобусите? - Подготвя се процедурата. Ще стартира до края на месеца. Паралелно с нея след месец ще започне работа и консултантът, избран от ЕБВР, за тарифната политика на градския транспорт. Целта е с довършването на тикет системата в автобусите и обвързването й с тези на метрото и електротранспорта да има предложения за евентуални промени в тарифната политика. Тогава ще знаем дали се налага да я променяме, или трябва да оставим сегашната, при която всички плащат, без значение колко пътуват. Или трябва да я сменим със зониране, таксуване на време или на брой пътувания. Засега цената на билетчето няма да се променя въпреки ръста на горивата. Разчетите показват, че можем да се справим с вътрешни резерви. - А идеята ви за довеждащ транспорт до метрото и премахване на маршрутките? - На дневен ред е. Темата е част от общия анализ за ефекта от пускането на втората линия на метрото и промяната в трафика. До Нова година ще сме готови с предложенията за промени в основната схема на градския и довозващия транспорт. - Какви големи ремонти планирате за догодина? Например бул. "Цариградско шосе"? - Амбицията ни е да ремонтираме основно "Цариградско шосе" догодина. До Нова година ще приключат ремонтите при тв кулата, бул. "Драган Цанков" и бул. "Черни връх". Те са успоредни на "Цариградско". Със сигурност не могат да поемат целия му трафик, защото това е основната пътна артерия на София, но са алтернативи. Вече текат процедурите за избор на изпълнител на ремонтите на мостовете по "Цариградско", за да сме готови за следващия строителен сезон. Тепърва започва обсъждането на бюджета за догодина и ще търсим решение за финансирането. Така че, ако всичко бъде наред, ремонтът може да стартира напролет. По съвсем груби сметки той ще струва около 20 млн. лв. Догодина ще стартира и кръстовището на 2 нива на булевардите "България" и "Гешов", както и ремонтът на трамвайното трасе по бул. "България". http://www.24chasa.bg/Article.asp?ArticleId=1539169 |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 910111213 26> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |