Author |
Topic Search Topic Options
|
theMac3donian
Senior Member
Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
|
Quote Reply
#201 Posted: 16-Oct-2010 at 14:21 |
НЕ СЕ РЕШАВА ПРОБЛЕМОТ СО ИСТА БОЈА И ТАБЛА |
|
|
Зошто да имаме
сите исти табли? Па, не дај боже да изгубите паричник нема шанси да си го најдете
доколку
сите коли се унифицирани.
Кога ќе почнеме
да учиме од туѓите
грешки? Во ред е да се среди состојбата со дивите таксисти, ама не на ваков начин.
Ако не, зошто
не стават налепници
на сите, или табличките
кои веќе ги имаме нека бидат, на пример,
во зелена боја, па
така ќе се знае кој е легален,
а кој не. Зошто не сакаат да се знае кој од која компанија е? Со тоа им се скратува
правото на муштериите
да знаат што производ и услуга добиваат,
вели Сашо Рајчиновски,
претседател на Групацијата на автотакси-превоз
при Стопанската
комора |
|
|
|
 |
|
Ако не знаеш што да работиш, најлесно е да станеш таксист - ова
беше една од омилените реченици на сите невработени и вработени,
односно на сите оние што сакаа чесно да си го заработат парчето леб
или, пак, да добијат некој денар плус за да ги покријат месечните
трошоци. Меѓутоа, со последната одлука за такси-превозот, ваквата
синтагма престанува да важи.
Со новите решенија на градските власти само им се нанесува штета на
скопјани и на такси-превозниците, е ставот на сите инволвирани во овој
бизнис.
Сашо Рајчиновски, претседател на Групацијата на автотакси-превоз при
Стопанската комора на Македонија, смета дека одлуката во одредена мера е
солидна, меѓутоа за цената, бојата и таблите на такси-возилата смета
дека се прави огромна грешка.
- Градот одлуката ја донесе во консултација со нас, ама во однос на
цената, бојата и таблите не бевме консултирани. Ние немавме шанса да
реагираме навреме зашто предлог-одлуката ја добивме пред неколку дена.
Зошто да имаме сите исти табли. Па, не дај боже да изгубите паричник
нема шанси да си го најдете доколку сите коли се унифицирани. Кога ќе
почнеме да учиме од туѓите грешки? Во ред е да се среди состојбата со
дивите таксисти, ама не на ваков начин. Ако не, зошто не стават
налепници на сите, или табличките кои веќе ги имаме нека бидат, на
пример, во зелена боја, па така ќе се знае кој е легален, а кој не.
Зошто не сакаат да се знае кој од која компанија е. Со тоа им се
скратува правото на муштериите да знаат што производ и услуга добиваат.
Не се решава проблемот со иста боја и табла. Само со една налепница на
градот може сé да се реши и готово. Па, има компании кои веќе 20 години
се со заштитена боја. И сега треба да ја менуваат. Тоа е исто како да
се донесе закон да се смени бојата на „кока-кола“. Па, луѓето веќе нема
да знаат каков сок пијат. Зошто да биде едноставно кога може да биде
комплицирано - прашува Рајчиновски.
Во моментов во градот има околу 30 такси-компании, а циркулираат околу
4.000 такси-возила, од кои само 700 ги имаат потребните документи за
работа и кај и да е треба да ги добијат официјалните лиценци. Од градот
планираат со соопштение да ги информираат и останатите
такси-превозници, околу 1.500 на број, и да ги повикаат да ги поднесат
потребните документи за добивање лиценца.
Сепак, што станува со останатите 1.800 таксисти кои веќе работат,
особено ако се земе предвид дека властите планираат низ градот да
циркулираат само 3.000 возила.
- Со ваквата одлука сакаат да ги мотивираат оние што работат без
дозвола, па да си извадат лиценци. Ама тоа нема да функционира како што
треба, па поголемиот број ќе се откажат и ќе останат помал број
таксисти. Ние поддржуваме да се раздвојат легалните од нелегалните,
меѓутоа има работи што не се во ред. Оваа цена што ја усвоија е
извадена од ракав - е ставот на Рајчиновски.
Од градот, пак, велат дека бројот од предвидените 3.000 такси-возила е
добиен врз основа на опсежни анализи од страна на надлежните служби,
како и врз основа на компаративни анализи за бројот на возила во однос
на жителите на земјите во регионов.
Таксистите незадоволни се жалат дека целиот товар ќе падне на нивниот
грб - најмногу во однос на паричните средства потребни за менување на
бојата, како и за останатите трошоци.
- Вака ќе имаме нови трошоци околу нагодувањето на таксиметрите, веќе
нема да важи старата цена и треба да се наместат по нова. Трошоците
околу бојосувањето, исто така, треба сами да ги сносиме. А и смешно е
што сите ќе имаме иста боја. Што не прошетаат во Швајцарија, Австрија,
да видат дека сите такси-возила се различни, секој си има боја на
возило каква што сака. Сакаме ред во еснафот, не се плашиме од новите
одлуки, само претходно да се спречат дивите таксисти - вели еден таксист
од компанијата „Вардар“.
Марјан Спасовски, претседател на Групацијата за автотакси-превозници
при Регионалната комора на градот, вели дека во просек пребојосувањето
на едно возило изнесува околу 500 евра.
- Оваа цена важи за повеќето возила, меѓутоа има и такви како што е
„мерцедес“, за чие пребојосување ќе треба да се платат 1.000 евра. Сé
зависи од квалитетот на бојата, а и други фактори се во прашање -
додава Спасовски.
Таксистите сметаат дека сето ова може да се реши со разговор и дека нема потреба од штрајкови и протести.
- Ќе чекаме одлуката да се објави во „Службен гласник“, па следната
недела ќе имаме прес-конференција и ќе го кажеме нашиот став. Се
залагаме за институционално решавање на проблемот и не ја поддржуваме
уличната демократија. Сепак, не можеме да им забраниме да излезат на
улица оние што сакаат да протестираат. А верувам дека ќе има такви,
зашто речиси сите кога ја видоа одлуката беа екстремно револтирани -
вели Сашо Рајчиновски.
Од градот велат дека доколку се јават проблеми, тие се расположени за
компромисна одлука, како и тоа дека при креирањето на предлог-одлуката
биле земени предвид предлозите на таксистите.
- Одлуката за такси-превозот во голема мера претставува компромисно
решение, а во нејзината изработка беа земени предвид предлозите и
сугестиите на сите засегнати страни поврзани со ова прашања. Одлуката
претставува значаен исчекор во насока на сеопфатно решавање на
проблемите во такси-превозот и справувањето со дивите таксисти.
Ефектите од одлуката најдобро ќе се видат со почетокот на нејзината
примена и доколку во тој случај се јават одредени проблеми или се
увидат недостатоци, имајќи предвид дека регулирањето на такси-превозот е
сложено прашање, секако дека градот би направил одредени модификации -
велат од градот.
Ваква одлука советот донесе и во 2008 година, кога градоначалник беше
Трифун Костовски, меѓутоа оваа последнава е во согласност со Законот за
јавен превоз донесен 2009 година.
|
|
|
|
Автор: Биљана Стојановска/Сања Јачевска | | Линк-------------------------------------------------------------------------------------------------- „Па, не дај боже да изгубите паричник нема шанси да си го најдете
доколку
сите коли се унифицирани.“  Исто така неможам да поднесам кога вика да се „да се рашетат во Австрија и Швајцарија да видат како е...“. Па добро ќе бидеме ли некогаш доволно способни да направиме нешто различно и сами? Зарем ако е од Швајцарија и злато е? Јас ја ценам Швајцарската напредност во однос на таа „култура“, но да не забравиме дека овие се истите што ги забранија и минарињата. Како и да е, ред треба да се има и барем во Скопје тоа може да се постигне. Како може во Гевгелија сите таксиња да се жолти а во Богданци Бело-Зелени... така може и во Скопје. Мислам дека најголем исход од ваков потег ќе биде или изумирање на некои такси компании или фузирање на други. BTW Ако гледаме „на запад“ тогаш може да кажам дека во Мелбурн сите таксиња се исти. Има неколку такси компании и истите се распознаваат по тоа дали на нив пишува 13CABS или SilverTop. Бојата им е жолта на сите и на кровот кај што пишува TAXI го пишува и името на компанијата со доста ситни букви. (само колку при влегување во таксито да ја видиш копманијата, која исто така ја пишува и на вратата). Единствена разлика помеѓу таксињата е бојата на кровот. На некои е жолта, на некои зелена. Но ова не е разлика во копмании, туку едноставо разлика во легалното ограничување на таксито. Односно „зелените“ кровови смеат да оперираат само во „peak-hour“ помеѓу 15 и 19 часот.
Edited by theMac3donian - 16-Oct-2010 at 14:29
|
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
|
 |
Дуле
Groupie
Joined: 17-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#202 Posted: 13-Oct-2010 at 19:56 |
Јас пример што сум видел во Будимпешта, таму таксистите сите во одела, стрикно Мерцедеси или Шкоди имаше, позади на стаклото огромна самолеплива лиценца, нешо жолта боја беше, и нормално стакло што го одделува возачот со патникот. Но, колку што знам, во појаките земји таксито е луксуз, односно се знае кој се вози у такси, а кој се вози по автобуси и трамваи и ред ствари... тоа е друга работа веќе. Но, да се знае мајко му кој те вози у такси а не вака влагаме кај кого стигаме, возат као нездрави ! и плус да се направи едно место кај што сите таксисти ќе се собираат ! во Бисер пример кај Прч, треба ли автобус да застане да остави/собере патници тоа е лудница значи !
|
 |
Supervisor
Senior Member
Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
|
Quote Reply
#203 Posted: 13-Oct-2010 at 19:26 |
Фала богу редно е да се унифицираат и да се воведе ред. Навистина со децении наназад во оваа сфера владееше и владее хаос диви возачи без лиценци. Со унификацијата такси превозот ќе добие еден препознатлив и модерен лик за Скопје. Во однос на поскапувањето полека доаѓаат времињата кога такси превозот ќе стане луксуз што повторно ја поддржувам оваа идеја пред се повеќе ќе се користи јавен превоз ќе има помалку такси возила и нормално помалку возила. Тука има многу придобивки али на крај све се сведува на свеста.
|
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#204 Posted: 13-Oct-2010 at 18:03 |
Пак кукање. Овдека мора инвазивно на мускули да се професионализира дејноста таксист. Мора да почне слој по слој да се средува транспортот во Македонија. До кога ќе биде сектор за купување социјален мир и учесник во сивата економија. Подобро 3000 нормални, одколку 10000 "шиткачи" и "тезгари". И во Охрид префарбувањето беше болна точка, и тука ќе биде, не е тоа ништо ново. Само да им биде јасно на таксистите и здруженијата, дека порано или подоцна ќе си легнат на брашното и ќе треба да ги спроведат одлуките, а што порано ги прифатат толку помалку "болно" за нив. Кога можеше оваа држава да протурка еден закон против пушење и овој народ како-така да го прифати, може 3000 таксисти да се средат без проблем. И да престанат да си играат инспекција и да поставуваат услови и да бараат гаранции дека ќе се запрат оние што нема да ја применуваат. Ги поддржувам во потребата да се почитува од сите, но нека ги остават градските власти да си вршат работа како сметаат дека треба. Нека не бидат како оној што држеше трафика на Илинденска па изиграваше инспекција и толкуваше урбанистички план му кажа на градот дека не треба улица да прави, туку паркинг, а него лично тоа не го тангира и така треба да се тргне. Така и тука. Вакво поставување услови во работата на градските власти само кочи, што побрзо ја применат одлуката, толку побрзо ќе придонесат и кај други да се примени.
|
 |
Дуле
Groupie
Joined: 17-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#205 Posted: 13-Oct-2010 at 17:37 |
Се е супер, али неможе ли да се убрза работава?
|
 |
Дуле
Groupie
Joined: 17-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#206 Posted: 13-Oct-2010 at 17:33 |
Таксистите на потстрижување
Градот одреди и дрес-код: такси-возачот мора да е чист, потстрижен, избричен, со чиста облека, културно да се однесува, не смее да пуши во возилото, а лете не може да вози со шортс или маичка без ракави
Од јануари 2012 година, такси-возилата во Скопје конечно ќе добијат унифициран изглед. Предлог-одлуката за автотакси-превозот, која конечно ќе се најде на дневен ред пред Советот на Град Скопје, предвидува сите да бидат во една боја. Исто така, сите таксисти ќе мора да издаваат фискални сметки, а во возилото на видно место треба да ја истакнат лиценцата, потпишана од градоначалникот Коце Трајановски. Мора да бидат уредни и културни.
- Такси-возачот кога работи мора да е чист, потстрижен, избричен или со негувана брада и мустаќи, со чиста облека, да се однесува културно и достоинствено кон патниците и не смее да пуши во возилото. Лете не може да вози облечен во куси пантолани, шортс, маичка без ракави. Не смее да вози гол до појасот и бос, Градот одреди т.н. дрес-код за таксистите.
На оваа одлука се чекаше долго, бидејќи такси-групациите постојано наоѓаа забелешки и протестираа. Градската власт очекува да воведе ред во хаосот кој владее со години и кој го создаваат нелегалните таксисти во Скопје, чија точна бројка никој не ја знае, но се претпоставува дека е околу 5.000, односно двојно од легалните.
Бојата на возилата ќе биде бела, освен предната или задната хауба, кои ќе бидат бојосани жолто. Ќе имаат и жолта табла, дадена од Градот, на која со црни букви ќе пишува „taxi“. Сите останати одредби ќе стапат во сила 60 дена од нејзиното објавување во „Службениот гласник на Град Скопје“.
Фиксно ќе бидат одредени и такси-стојалиштата, а не како досега, кога секој создаваше станица каде што ќе посака. Максималниот број лиценцирани таксисти е утврден на 3.000. Ќе поевтини т.н.старт - од 50 на 40 денари, а за секој изминат километар цената ќе се покачи од 20 на 25 денари.
- Во многу случаи цената за километар сега е флексибилна, некаде 20, на друго место 22 денара бидејќи многу такси-компании сами си ја одредуваат, а за тоа никој не ги казнува, што придонесува за уште поголем хаос - вели таксистот Иван Ј..
Дозволеното рекламирање ќе се ограничи само на предни и задни врати, на светлосна табла на покривот, како и на потпирките на предните седишта.
Дали правилата се почитуваат, ќе надгледува администрацијата на Градот, во чиј делокруг се работите од областа на автотакси-превозот. Инспекциски надзор ќе вршат овластени инспектори за патен сообраќај. За непочитување на оваа одлука, таксистите ќе се казнуваат според Законот за превозот во патниот сообраќај.
Јорданка Ивановска
Групациите против унифицирање на бојата на возилата
Претседателот на Групацијата за автотакси-превоз при Стопанската комора на Македонија, Сашо Рајчановски, е задоволен од првичните сознанија за предолг-одлуката за такси-превоз. Сепак, смета дека бојата и таблата не треба да бидат исти за сите компании заради препознатливост.
- Денес ќе имаме средба со членовите на Групацијата. Материјалот ќе им биде поделен, а нашиот официјален став ќе биде дополнително соопштен на јавноста. Од првичните информации што ги имам, некои наши предлози се прифатени. Јас предлогот го немам темелно прочитано, но не се сомневам дека е добар бидејќи долго се подготвуваше - изјави Рајчановски. Тој додаде дека како групација соработувале со Градот.
И Марјан Спасовски од Групацијата на автотакси-превоз при Регионалната комора на Град Скопје вели дека, главно, се задоволни.
- Вклучени бевме при подготовката на одлуката. Се' уште ја немам добиено конечната верзија, но поголем дел од нашите забелешки и предлози се прифатени - вели Спасовски. И од оваа групација не се согласуваат со исти боја и табла, која ќе ја издава Градот. Имаат забелешки и за новата цена.
- Ќе ја прифатиме само ако Градот гарантира дека ќе најде начин да се запрат оние што нема да ја применуваат - порача тој. (А.П.)
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#207 Posted: 13-Oct-2010 at 17:07 |
Унифициран изглед и поскап такси превоз
Повисоки цени и унифициран изглед на
такси возилата предвидува новиот Правилник кој денеска се најде пред
советниците на градската управа.
Сител пресмета дека ако една просечна такси релација од 4
километри, досега чинеше 95 денари, според новите услови за истата
патниците ќе треба да платат 120 денари.
Повисоката цена беше причина за реакција на советниците од опозицијата.
Освен новата цена, се менува и изгледот на возилата. Сите ќе мора да
бидат во бело жолта боја, со унифицирана табла на која освен такси
ознаката ќе стои грбот на Градот и единствениот број на секој од такси
превозниците.
Правилникот предвидува и таксистот да не му дозволи на патникот да
влезе во возилото доколку е во алкохолизирана состојба или пак со
нечиста облека. http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/unificiran-izgled-i-poskap-taksi-prevoz |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#208 Posted: 08-Oct-2010 at 18:58 |
Ќе поскапува такси-превозот

Лиценцираните возила ќе имаат унифицирани табли и бело-жолта боја
Сања Наумовска
Поскапува
такси-превозот. Според најновата одлука, која пред Советот на Скопје ќе
се најде идната недела, одделно ќе се наплатува стартот и секој нареден
изминат километар од возењето. Само за седнување во такси, во иднина
граѓаните ќе плаќаат 40 денари, а за секој километар по 25 денари.
Досега стартот заедно со 2 изминати километра чинеше 50 денари, а секој
нареден километар се плаќаше 20 денари. Така, за дестинација од 5
километри, ако досега се плаќаше 110 денари, во иднина цената ќе биде
165 денари, или приближно 10 денари повеќе за секој километар.
Поскапувањето,
образложуваат во градската администрација, се должи на долгогодишните
барања на такси-превозниците за зголемување на цената на превозот која
тие ја сметаат за прениска. Сепак, дел од превозниците се на став дека
на поскапувањето мора да му претходи обезбедување услови за одржување на
цената. Од синдикалната организација „Плава лагуна“ велат дека дел од
такси-компаниите за да привлечат повеќе патници нудат различни попусти и
не ја почитуваат ниту сегашната цена.
„Не смееме да дозволиме да
ги избркаме патниците, особено од компаниите кои ги почитуваат сите
одлуки на Советот на Скопје и да ги препуштиме на несериозни превозници
кои ќаруваат на нелегален начин. Сметаме дека иако е неопходно
поскапување, за него сега нема услови“, вели Марјан Спасовски од
синдикалната организација.
Новата одлука за такси-превоз
предвидува и унифицирање на таблите на сите лиценцирани превозници.
Идната година ќе ги набавува Градот, за што во буџетот за 2011 година ќе
се предвидат 4 милиони денари. Секој таксист ќе има налепници со грбот
на Градот и бројот на такси-возилото. Ќе се унифицира и бојата на
возилата, која треба да биде бела „талк“, освен багажникот и хаубата,
кои треба да се жолти. На овој начин, велат во Секторот за сообраќај, и
визуелно ќе се одвојат лиценцираните од дивите таксисти.
По
собирањето на предлозите од сите општини, со одлуката се утврдува и
новата бројка од 152 такси-стојалишта. Обврска на Градот ќе биде да ги
обележи такси-местата и да ги уреди со информативни табли и друга урбана
опрема. http://utrinski.com.mk/?ItemID=36F31E0A6DE6084A8C0FD155212CC8C4 |
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#209 Posted: 19-Jul-2010 at 05:50 |
|
|
| Проект за 40 нови такси-стојалишта
Градот Скопје подготвува проект за 40 нови такси-стојалишта кои како
предлози пристигнаа од осум општини. Со тоа во иднина бројот на
стојалишта ќе се зголеми на 700. Проектот треба да биде готов следниот
месец, по што ќе следува нивното средување. На секое стојалиште
поединечно ќе се обележи бројот на такси-места, а ќе се постават и
информативни табли.
Според одлуката на градската власт,
стојалиштата ќе бидат на слободно располагање на сите компании. Од нив,
практично, ќе зависи како ќе го уредат користењето, или како ќе може да
застане кое било такси-возило во кое било време. Единствено, велат во
Градот, санкции може да има доколку дивите таксисти се обидуваат да ги
узурпираат местата наменети за лиценцираните колеги.
„По
предвидениот рок за доставување предлози за нови такси-стојалишта,
бројот од 668 ќе се зголеми до 700 стојалишта. Моментно се работи на
проектот, а во текот на август точно ќе се дефинира бројот на
такси-локации“, велат во Градот Скопје.
Наесен, на седница на
Советот на Скопје ќе се најде и одлуката за такси-превоз, која сега е во
нацрт-верзија. Градоначалникот Коце Трајановски, информираат од Градот,
веќе одржал средби со сите такси-асоцијации, на кои ги запознал со
измените што ги предвидува новата одлука. Здруженијата на таксисти имаат
рок од 20 дена да ги соопштат своите предлози. (С.Н.) |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0C24B7BBD38D6D48B6A67DEBEE055462
Edited by Cloverstack - 19-Jul-2010 at 12:52
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#210 Posted: 12-May-2010 at 14:01 |
Јас ги поддржувам во сите нивни протести, ама не затоа што мислам дека не треба да се воведат сите овие стандарди, туку како смее некој да им налага да вадат лиценца на секои две години, да ги префарбаат сите возила, да отворат фирма и милијарда други работи, кога државата подеднакво ги третира и оние кои криминално ја работат истата работа!? Не може на исто стојалиште див таксист кој освен горивото и амортизација на возилото нема никаков друг трошок да му го зема прометот на некого кој си платил најуредно секакви трошоци!
Додека не се искоренат од корен дивите, ни унификација, ни систематизација. Таксито не е социјална служба да, ама во професионалните фирми нема социјалци, дивите таксисти се социјалци. Што се виновни бизнисмените што вложиле? Ако нема волја од властите да се борат против криминалците (дивите таксисти), тогаш зошто и легалните да не постанат диви. Така барем нема никој да ги гони ако не платат, за разлика од сега. Кој парадокс!
Edited by гитардемон - 12-May-2010 at 14:02
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#211 Posted: 12-May-2010 at 12:54 |
Идната недела штрајк на
таксистите |
|
|
Идната недела таксистите ќе го блокираат градот. Од групацијата
за автотакси-превоз објаснуваат дека планираат да штрајкуваат затоа што
од Министерството за финансии им бараат наеднаш да ги платат сите
давачки за пензиско и за здравствено и инвалидско осигурување стари 10
години, а згора на сето тоа треба да платат и камата |
|
|
|
 |
|
Таксистите бараат долгот да го намират на 36 рати, но иако уште
минатата недела побарале средба со министерот за финансии Зоран
Ставрески, одговор сé уште немаат. Тие додаваат дека повторно ќе
испратат писмо до Ставрески и дека ако не им одговори до крајот на
неделата, ќе излезат на протести и ќе го блокираат целиот град.
Скопските
таксисти штрајкуваат неколку години по ред. Прво протестираа против
воведувањето лиценци и унифицирани такси-возила. Минатата година, пак,
не се согласуваа со законските измени со кои се предвидува важноста на
лиценцата за такси-возачите наместо четири да трае две години, секое
такси-возило да има вградено клима-уред, воздушни перничиња,
АБС-сопирачки, а беа и против посебниот технички преглед за возилата
постари од 12 години. |
|
|
|
|
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=512101033202&id=14&prilog=0&setIzdanie=21981
Edited by Cloverstack - 12-May-2010 at 12:54
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#212 Posted: 06-May-2010 at 01:45 |
Јагма за
такси-стојалишта

Кога може да
обележуваат паркинг-места по тротоарите за зонско паркирање, зошто да не
се обезбедат повеќе стојалишта, реагираат таксистите, кои бараат
соодветен простор за да можат полесно и побезбедно да си ја вршат
работата
До крајот на март Градот Скопје ќе донесе нова одлука за регулирање
на такси-превозот во Скопје, со што градските власти очекуваат конечно
да стават ред во дејноста. Со оваа одлука ќе се зголеми бројот на
такси-стојалиштата, што е долгогодишно барање на самите таксисти, а тие
ќе почнат да се уредуваат во втората половина од годинава.
-
Комисијата за сообраќај и стручните служби активно работат речиси една
година за конечно да ставиме ред во такси-превозот. Одлуката нема до
крај да го реши проблемот, бидејќи се работи за чувствителна
проблематиката, а со дејноста се занимаваат голем број граѓани. Сепак
сметам дека со оваа одлука ќе се надминат многу проблеми во оваа област -
вели градоначалникот Коце Трајановски.
Стојалиштата се битен
сегмент од одлуката, а Градот се консултирал и со таксистите за начинот
на нивното користење.
- Дискутиравме дали такси-станиците ќе
функционираат по принципот на кружен тек, по принципот кој прв стигне
или ќе бидат закупувани. Тоа треба да го дефинираме до летово и во
втората половина на годината да ги уредиме сите - најави Трајановски.
Скопските
таксисти повеќе години бараат да се обележат и да уредат
такси-стојалиштата, но и да се зголеми нивниот капацитет и број. Тие
велат дека само половината од тие што се предвидени на хартија
функционираат во пракса. Другите ги нема или поради тоа што на нив е
изградено нешто или се поставени заштитни столпчиња.
- Потребни
се нови стојалишта на пофреквентните места. Се' повеќе се зголемува
бројот на таксистите, а градот се шири. Потребно е стојалиштата да се
распределат по општините, за да не се преоптоварува центарот. Исто така
треба да се зголеми и капацитет на постојните стојалишта, оти не е
доволно да може да се паркираат само пет возила - вели Марјан Спасовски,
претседател на Групацијата на автотакси-превоз при Регионалната комора
на Град Скопје.
Тој смета дека е потребен поголем простор за
паркирање такси-возила под Транспортниот центар, како и кај Клиничкиот
центар. Спасовски предлага да се направат џебови на секое пофреквентно
автобуско стојалиште, на пример на булеварот Партизански одреди, каде
што таксистите би можеле да чекаат патници.
- Кога може да
обележуваат паркинг-места по тротоарите за зонско паркирање, зошто да не
се обезбедат повеќе стојалишта? Нема оправдување дека не може да се
најде простор. Не може таксито да кружи и да чека патник со рака да го
запре, па потоа да застане на недозволено место и да се доведе во
опасност и себеси и патникот. Мора да постојат места каде што таксистите
ќе чекаат - реагира Стојановски.
Раководителот на Секторот за
сообраќај во Градот, Јани Христовски, вели дека се преземаат активности
за зголемување на бројот на станиците.
- До крајот на месецов
секоја од општините треба да достави предлози на локации за
такси-станици за да може Градот да ги утврди најповолните. За
такси-стојалиштата за кои имаме техничка документација обележувањето ќе
почне од средината на мај, кога почнува и редовното обележување на
улиците. Тоа ќе го реализираат екипи на јавното претпријатие „Улици и
патишта“. Ќе се започне од централното подрачје, а ќе се бележи во
ноќните часови, кога нема фреквенција на возила - најави Христовски.
Досега
свои предлози за стојалишта доставиле општините Бутел, Ѓорче Петров,
Аеродром, Чаир и Кисела Вода.
- Донесена е и одлука стојалиштата
што се наоѓаат на булеварите, како, на пример, пред ТЦ „Бисер“, да
бидат тргнати или да бидат вгнездени, за да не ја зафаќаат крајната
десна лента - вели Христовски.
Во Скопје има 104 такси-станици,
од кои според Христовски, 90 проценти се во функција.
Од
Одделението за односи со јавноста велат дека откако ќе бидат уредени,
стојалиштата и понатаму ќе ги одржува Градот.
- На стојалиштата,
во зависност од просторот, може да се постават евентуално клупи и канти
за отпадоци. Иако таксистите бараа и тоалети, тоа никаде во светот не се
практикува, па нема ниту во Скопје. Постојките не служат за долго
задржување на таксистите, туку за брзо преземање патници - велат оттаму.
Официјално
во Град Скопје се регистрирани 3.000 такси-превозници. Од нив, 1.000
имаат лиценци во согласност со новата уредба во законот, според која тие
важат четири години. На другите 2.000 рокот на важноста на дозволата им
истекува во текот на оваа година и ќе мора да поднесат барање за
продолжување. http://dnevnik.com.mk/?ItemID=0D8002C4EBFA274CB20D26F2BF2E5795 |
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#213 Posted: 29-Apr-2010 at 17:01 |
Скопје: До јуни ќе се регулира такси превозот
28 април 2010, 17:36
Извор: Макфакс
Градот Скопје до почетокот на јуни ќе ја донесе одлуката за регулирање на такси превозот во Градот Скопје, најави денеска Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
„Комисијата за сообраќај и стручните служби активно работат околу една година за до јуни конечно да ставиме некој ред во такси превозот во Градот Скопје,“ рече Трајановски по одржувањето на Деветтата седница на координативното тело на градоначалниците на Градот Скопје.
„Исто така донесена е одлука оние такси стојалишта што се кај булеварите, како на пример кај Бисер и слично, да бидат тргнати, за да не ја зафаќаат десната лента на булеварите и со тоа да го оневозможуваат сообраќајот,“ додаде Градоначалникот.
Според информациите од надлежните во Градот Скопје, Општините Ѓорче Петров, Кисела Вода, Чаир, Бутел и Аеродром веќе поднеле предлози за такси стојалишта, и сега стручните служби заедно со секторот за сообраќај на Градот Скопје и соодветните сектори на Општините ќе ги разгледуваат барањата.
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#214 Posted: 27-Apr-2010 at 11:44 |
Таксистите бараат стојалишта без диви
превозници

Дел од
општините веќе доставиле барања до Градот за обележување на нови локации
Сања Наумовска
Скопје има потреба од нови и уредени такси-стојалишта во сите
општини, велат во такси-групациите, кои од Градот Скопје бараат освен
обележувањето на локациите, да ги ослободи од дивите превозници.
Најголемиот
број од такси-стојалиштата се полудиво направени, без соодветни
сообраќајни решенија и знаци и со премалку паркинг-места за возилата.
Најголемиот дел од нив се создале спонтано во текот на годините, на
места каде што граѓаните имаат навика да побараат такси. Но, овие
локации не се ниту прописно обележани, ниту, пак, според капацитетот
одговараат да бидат стојалиште, негодуваат таксистите.
„Пред две
години, градските власти почнаа да обележуваат на терен нови локации што
одговараат да бидат стојалишта. Сугериравме на некои улици да се
направат џебови за две-три возила, како и за автобусите, а каде што има
простор, пак, да има стојалишта што ќе примаат и по дваесетина коли.
Сепак, проектот не се реализираше докрај, а се обележаа едвај неколку
стојалишта, претежно во центарот“, вели Марјан Спасовски, претседател на
Групацијата на таксисти, и објаснува дека во секоја општина има потреба
од повеќе уредени такси-стојалишта, а особено центарот на градот.
Градоначалникот
Коце Трајановски на последната седница на Координативното тело побара
од општините да предложат нови локации за такси-стојалишта, за кои
подоцна ќе се изготват проекти за обележување. Рокот за доставување на
предлозите е крајот на месецот, а дел од општините веќе го сториле тоа.
Гази
Баба ќе бара уредување на пет локации, од кои дел веќе се користат како
стојалишта, но не се воопшто обележани. Ѓорче Петров размислува за шест
нови локации во центарот и низ населбите. Најважни се стојалиштата кај
СП „Планет“, кај Геронтолошкиот завод во Дексион и градинката во Хром.
Во
општината Аеродром, пак, се задоволни од бројот на такси-стојалиштата,
за кои сметаат дека имаат доволен капацитет на возила со кои успешно се
опслужуваат потребите на граѓаните. Во Карпош нема да се бараат нови
локации за такси, додека, пак, во Центар, се' уште се разгледуваат
можните опции. Во Кисела Вода општинарите ги очекуваат предлозите од
месните заедници кои се најсоодветните локации каде што треба да се
направат нови стојалишта. Општина Бутел, покрај веќе постојните две
такси-стојалишта, од Градот бараат уредување на уште две. Предложените
локации се до пазарот во Бутел 1 и во Радишани.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=674FF30E91F03647A224F22DF8F7D508
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#215 Posted: 20-Apr-2010 at 11:30 |
Ниедна општина не доставила локации за такси-стојалиштаВо Скопје
има 3.000
лиценцирани таксисти, од кои само 1.000 ја имаат
обновено лиценцата
за
следните четири
години |
|
|
|
 |
|
Дваесетина години таксито е главно јавно градско превозно
средство. И за ова време, освен евтината такси-услуга, речиси ништо не е
направено на овој план. Секој скопски градоначалник ветува ред во
своевидниот хаос, но не и решенија. Таксистите сé уште се делат на
редовни и диви, бројот на такси-стојалишта е непроменет, условите за
работа никакви. Последната најава од градската управа е дека ќе се
унифицираат такси-стојалиштата. Но со локациите за новите такси-станици
нема да се подобрат условите за работа на такси-превозниците. На новите
станици нема да има ниту монтажен тоалет, ниту, пак, чешма за вода. Од
градската управа велат дека тие се задолжени само за нивно уредување со
знаци, обележување на просторот на такси-станицата, како и за внатрешно
обележување на точниот број на возила што може да се паркираат. Дел
таксисти со кои разговаравме велат дека треба да се направи нешто повеќе
на местата каде што ги чекаат патниците, а бараат и поголемо разбирање
од полицијата.
- Секојдневно се соочуваме со различни проблеми.
Работиме за на клиентите да им обезбедиме подобра услуга. Често се
случува крајната дестинација на нашиот патник да биде на булеварот
Партизански одреди и каде и да застанеме полицијата нé казнува. Исто е и
кога почетната станица е на некој од булеварите, нема каде да ги
пречекаме клиентите, а да не нé казнат. Потребно е и да се организираат
стојалишта што ќе собираат повеќе возила. На пример, стојалиштето на
улицата Никола Вапцаров, спроти „Мекдоналдс“ во строгиот центар на
градот, собира само 8-10 возила. Потребно е да се подобрат и условите за
работа. Никаде нема тоалет, ниту чешма за вода. Од друга страна,
добивањето лиценца за работа е прескапо. Самата лиценца и условите се
сосема неприфатливи. А што се однесува за дивите таксисти, знам дека ни
се конкуренција, но и тие имаат семејства - велат таксистите.
Во
Скопје има регистрирано 3.000 такси-превозници, од кои само 1.000 ја
имаат обновено својата лиценца, а на другите дозволата им важи до крајот
на годинава. Од Градската управа, пак, не ни одговорија колкав е бројот
на дивите превозници, ниту на кој начин планираат да ја спречат
нелојалната конкуренција.
- Се разгледуваат можните решенија за
консолидирање на такси-превозот од аспект на организација и веќе се во
тек консултации за зголемување на бројот на такси-станиците, за што се
очекуваат сугестии од општините до крајот на месецот. Но досега нема
пристигнато ниедна сугестија од општините. Такси-станиците и понатаму ќе
ги одржуваме, во смисла на нивно обележување, и ќе го регулираме
нивното користење од регистрираните такси-превозници - велат од
градската управа.
Оттаму додаваат дека унификацијата на боите на
такси-возилата не значи дека ќе се унифицира бројот на
такси-здруженијата, ниту дека се за тоа сите такси-здруженија да имаат
иста боја. Нивната цел е успешно да го регулираат и уредуваат
такси-превозот, според потребите на корисниците и на превозниците.
Градоначалникот
Коце Трајановски пред еден месец изјави дека земјиштето на кое се
наоѓаат такси-стојалиштата не сакаат да го дадат под закуп на едно
такси-здружение, туку сакаат тие да бидат отворени за сите да ги
користат. |
|
|
|
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=420101017226&id=14&prilog=0&setIzdanie=21963
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#216 Posted: 08-Apr-2010 at 23:36 |
Нема да има наплата за такси-стојалиштата Градските власти информираат дека немаат намера да воведат наплата за користење на такси-стојалиштата. Оттаму објаснуваат дека на последната седница на Координативното тело на градоначалници воопшто не станало збор за воведување наплата за такси-станиците. - На средбата со градоначалниците беше нагласена определбата на Градот Скопје и на градоначалникот Коце Трајановски да се воведе ред во такси-превозот и да се уредат стојалиштата со потребната урбана опрема. Комисијата за сообраќај во Градот Скопје долго работи на дефинирање на такси-стојалиштата, за што ќе се изјаснат и скопските општини. На седницата на Координативното тело беше нагласено дека на такси-стојалиштата ќе има место за сите заинтересирани лиценцирани таксисти и оти тие нема да функционираат по системот на ротирање - велат во Градот Скопје.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#217 Posted: 08-Apr-2010 at 16:13 |
Дивите
таксисти побројни од легалните

Лани биле
поднесени над 1.000 прекршочни пријави, но колку од нив добиле судски
епилог, не се знае
Сања Наумовска
Во Скопје има 3.000
таксисти со лиценци. Колкав е бројот на дивите превозници - не се знае, а
претпоставките одат дека ги има и повеќе од легалните. Градот Скопје
има вработено само тројца сообраќајни инспектори, кои мора да се справат
со оваа состојба. Тие имаат надлежност да напишат прекршочна пријава,
но не и да одземат возило. Минатата година биле напишани над илјада
пријави, но градските власти немаат податоци колку од нив добиле судски
епилог.
Новите лиценци за работа важат 4 години, а досега ги
извадиле околу 1.000 таксисти. На останатите им истекуваат дозволите
годинава, па бројот на дивите превозници може да биде и поголем.
„Лиценците
чинат 3.000 денари, токму колку и административните трошоци за нивно
издавање, но обновувањето е бесплатно“, велат во Градот.
Состојбата
со такси-превозот ќе се уредува со нова одлука, најави градоначалникот
Коце Трајановски, кој потенцираше дека на неа веќе работи Секторот за
сообраќај. Во меѓувреме, градската администрација ќе собира искуства од
тоа како соседните главни градови го решиле проблемот со бројноста и
организацијата на такси-превозот. Според најавите, средувањето ќе почне
од такси-стојалиштата. Постојните ќе им бидат еднакво достапни на сите
лиценцирани компании, што значи дека се напушта идејата за
концесионирање. До крајот на април сите општини ќе треба да предложат и
нови локации за стојалишта, ако сметаат дека има потреба од нив. Во
Градот велат дека ќе побараат совети и од такси-здруженијата што
егзистираат во главниот град.
„Одборот за сообраќај веќе започна
да разгледува можни решенија за конечно консолидирање на такси-превозот,
од аспект на организација. Веќе се во тек консултации за зголемување на
бројот на такси-постојките, за што се очекуваат сугестии од општините,
до крајот на април. Ќе се прифаќаат и идеи од сите такси-асоцијации,
како во однос на постојките, така и по сите други прашања поврзани со
подобрување на превозот“, информираат од Градот. |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=CF9C8DEAE282F94F9EE19A6AE8A95357
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#218 Posted: 07-Apr-2010 at 22:59 |
Кирија за такси-стојалиштата

Општините ќе му предложат на Градот прифатливи локации за такси-станици, по што ќе се дадат под закуп
Градоначалникот Коце Трајановски изрази сериозна намера да воведе ред во паркирањето на таксистите, односно нивното стоење на обележаните стојалишта, а нередот со лиценците е оставен за подобри времиња. Пред него средување на такси-стојалиштата најавуваа и неговите претходници Ристо Пенов и Трифун Костовски, но на улиците и натаму остана истиот хаос.
Прв чекор, најави Трајановски, е да се воведе наплата за користење такси-стојалиште. Ова било договорено на последната средба на Координативното тело со останатите скопски градоначалници. Втор чекор е справување со дивите стојалишта, кои со години опстануваат без проблем, а за кои од Градот ентузијастички најавија дека ќе ги отстранат за век и навек.
- Пред да се донесе и официјално одлука за стојалиштата, надлежните служби во Градот ќе преиспитаат како е тоа регулирано во европските метрополи, односно какви се стојалиштата, како се уредени и колку се наплатува за нив - објасни Трајановски.
Замислено е легалните станици да бидат фиксни, а допрва ќе се преиспита дали сегашните локации се добри. Од Градот рекоа дека последниот збор која станица каде ќе се наоѓа ќе го дадат општините, за што станало и збор на средбата на градоначалниците. Наплатувањето на користење на јавна површина за такси-стојалиште, не е идеја на оваа локална власт. Пред повеќе од една година, во времето на градоначалникот Трифун Костовски, беше донесен Правилник со кој меѓудругото беше одредено стојалиштата да бидат давани под долгорочни концесии на такси-компаниите, но тоа никогаш не заживеа. Сега од Градот се премислиле, односно дошле до заклучок дека е подобро да ги издаваат под кирија наместо под концесија.
Проблемот со дивите такси-станици, кои често го блокираат нормалниот тек на сообраќајот, Градот ќе го решава со строги казни.
- Инспекцијата ќе работи поажурно - велат оттаму.
Поради самоволието на таксистите, но и премолчаното одобрување од самата градска власт, со години атрактивни локации во Центар, Карпош и во Аеродром, поради дивите стојалишта, се претворени во тесни грла. На пример, таксистите на улиците Рузвелтова и Ленинова, како и оние на влезот кон паркингот на Трговскиот центар „Лептокарија“ се одамна одомаќинети.
- Едната лента од „Рузвелтова“ е буквално целата зафатена од таксисти. Постојано се расправаме, се караме, доаѓа до инциденти. Морам да ги молам да се тргнат за да се паркирам на обележаното место, а истото го правам и кога имам намера да излезам. Сега гледам дека и подолу, кај Министерството за економија, има ново диво стојалиште - вели Никола М. од Капиштец.
Од Градот цело време тврдат дека никому не дале дозвола да се паркира на овие места. Топката со години ја префрлаат на сообраќајната полиција бидејќи, според нив, таа требало да ги казнува возачите што непрописно се паркираат. Од МВР, пак, редовно го нудат одговорот дека ги казнуваат неправилно паркираните возила. И покрај сериозноста на институциите, низ годините излезе дека се работело за празни објаснувања, бидејќи од ден на ден се појавуваат се' повеќе диви такси-стојалишта, а самоволието на таксистите не престана.
Јорданка Ивановска
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#219 Posted: 07-Apr-2010 at 12:14 |
Скопските општини до
градската управа треба да достават точни локации на кои ќе може да се
постават новите такси-станици кои нема да го попречуваат сообраќајот,
решија првите луѓе на скопските општини на вчерашната средба на
Координативно тело на градоначалници. Градоначалникот на Скопје, Коце
Трајановски вели дека во наредниот месец и половина ќе се решава на кој
начин ќе се реализира проектот |
|
|
|
 |
|
- Земјиштето не сакаме да го дадеме под закуп, за да може таа
такси-станица да ја користи само една компанија, туку сите таксисти да
бидат еднакви. Во тек е тендерска постапка, а од општините чекаме да ги
одредат фиксните станици – вели Трајановски.
На средбата е
договорено и да се намали фирмарината за 2010 година, која за трговските
друштва наместо 8.000 ќе биде 7.000 денари, а за трговците поединци
наместо 2.700 да се намали на 2.400 денари. Градоначалникот Трајановски е
задоволен и од брзината со која се доставуваат решенијата за данок на
имот. |
|
|
|
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=47101037217&id=14&prilog=0&setIzdanie=21952
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#220 Posted: 12-Feb-2010 at 11:41 |
Лиценцираните таксисти имаат бесплатен влез на паркинзите

Некои превозници ја користат неинформираноста и наплатуваат екстра
Сања Наумовска
Лиценцираните таксисти
имаат право бесплатно да влезат на паркинзите на ЈП „Градски паркинг“.
Доколку патниците побараат таксистот да ги однесе на некоја локација
што се наоѓа внатре во кое било од паркиралиштата на јавното
претпријатие, влезот за такси-возилата е слободен.
Сепак, и
покрај оваа одлука на „Градски паркинг“, голем број од таксистите
дополнително им наплатуваат на своите патници за влегувањето во
паркинг. Откако Јавното претпријатие ја укина поволноста за бесплатно
паркирање во првиот половина час, поради злоупотреби голем број
скопјани останаа неинформирани дека, сепак, таксистите и натаму имаат
слична привилегија.
Најкарактеристичен е случајот со
паркиралиштето „Камен мост“ каде што рампата на „Градски паркинг“ го
ограничува пристапот кон повеќе јавни објекти, како хотелот „Стоун
бриџ“, Комерцијална банка, Министерството за транспорт и врски, црквата
„Свети Димитрија“ и уште неколку институции на овој потег.
Патници
се жалат дека такси-возилата речиси секогаш застануваат на улицата пред
наплатната рампа. Ако на инсистирање на патникот треба да продолжат за
да ги остават до крајната дестинација, веднаш им се бараат дополнителни
45 денари, колку што чини еден час паркирање на паркингот. На тој
начин, велат граѓаните, превозниците заработуваат на сметка на
неинформираноста на луѓето.
Во „Градски паркинг“, пак,
појаснуваат дека таксистите треба да покажат само важечка лиценца на
вработениот на наплатниот киоск и влезот нема да им се наплати. Се
разбира, влегувањето треба да биде само во функција на оставање на
патникот, а паркингот мора да го напуштат најмногу за петнаесетина
минути.
„Сите компании што имаат лиценци се информирани за
оваа можност за користење на нашите паркиралишта. Не само кај Камениот
мост, туку и кај Градска болница, Музејот на Скопје и секаде каде што
има потреба да се донесе патникот што поблиску до институцијата“,
информираат од јавното претпријатие и нагласуваат дека посочените
ситуации може да се случуваат само доколку превозникот нема важечка
лиценца со која ќе си обезбеди бесплатен влез.
Во дел од
такси-компаниите, пак, велат дека знаат за поволноста што ја нуди
„Градски паркинг“ и дека очекуваат возачите да ја применуваат. Сепак,
признаваат оти не можат постојано да контролираат дали некој од нивните
вработени ќе ја искористи неинформираноста на патникот и ќе наплати
екстра пари. |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3A6FC3437ADFC44D8AC3BC4D5F12233E
|
 |