build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Кучиња скитници

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 910111213 15>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #201 Posted: 14-Jul-2009 at 11:26
Малку без врска текстов, ама ај...
Со секое убиено куче-скитник ќе ни се раѓаат по две нови

Нови прифатилишта, во кои кучињата-скитници ќе се згрижуваат и ќе се стерилизираат, па ќе се враќаат назад во својата заедница, е единственото решение што ќе донесе позитивни резултати за нивниот број да се намали по природен пат, препорачуваат стручњаците. Надлежните институции во градот мора да бидат објективни во одлуките за селекцијата на кучињата што ќе бидат подложени на еутаназија, што ќе се носат по тестирањето на агресивноста, се само дел од позитивните мерки што ги преземаат повеќето земји во светот за да се реши проблемот со кучињата-скитници. Сепак, во земјите од соседството најмногу се применува програмата „Фати, стерилизирај, врати“, која последниве неколку години во Скопје ја применува и градското јавно комунално претпријатие. Таа, според балканските експерти, се покажува како најпродуктивна, токму затоа што скитниците што се фатени, се стерилизираат и се враќаат во нивната природна заедница. Од друштвата за заштита на животните велат дека ваквата програма најмногу се користи во светот затоа што кучињата се животни кои живеат во заедници, познати како глутници, во кои секоја единка си има своја улога, а кои се приврзани за точно одредена животна средина. Своите заклучоци ги потврдуваат со искуството од Бугарија, каде што во десетгодишен период биле еутаназирани околу 75.000 кучиња, а проблемот со кучињата-скитници не бил решен. Оттаму, тие сметаат дека позитивни резултати и намалување на бројот на кучиња, кои што како бездомни животни шетале по бугарските улици, имало само кога била спроведена програмата „Фати, стерилизирај, врати“. По само неколку години од почетокот на новиот третман кон животните, бројот на кучињата-скитници драстично се намалил. Според Вангел Мичевски, претседател на Друштвото „Срце за животните“, бројот на кучињата-скитници во периодот кога тие се еутаназираат се зголемува поради нивната природна потреба од тоа сите членови да се движат во заедница. - Животните инстинктивно бараат нови членови во нивната заедница и на нивно место доаѓаат други кучиња, кои претходно можеби не живееле во градските средини “ објаснува Мичевски. Според него, за прецизно да се реализира програмата „Фати, стерилизирај, врати“, фатените и стерилизираните кучиња мора да се вратат на точното место на фаќање и повторно да се вклучат во нивната матична, стара заедница. Друштвата за заштита на животните сметаат дека состојбата ќе се реши ако и кај нас се отворат прифатилишта за животните на улица. Меѓу балканските земји, нив најмногу, дури 51, ги има на територијата на Република Хрватска. Во прифатилиштата се сместуваат фатените животни, односно мачки, кучиња и други домашни миленици, кои се чуваат подолг временски период и ниту едно од нив не се еутаназира. Надлежните институции во Хрватска, преку многубројните медиумски кампањи и летоци, ги повикуваат граѓаните кои имаат барем минимални услови да посвојат милениче, со што постепено сите бездомни животни ќе се згрижат.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1756&ArticleID=117701
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #202 Posted: 13-Jul-2009 at 15:06
Са­ка­ат ку­чи­ња, неј­ќат да во­лон­ти­ра­ат

Од нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции твр­дат де­ка ну­де­ле по­мош и ба­ра­ле да во­лон­ти­ра­ат, но оти над­леж­ни­те во ста­ци­о­на­рот не им доз­во­ли­ле да по­мог­нат во гри­жа­та за ку­чи­ња­та скит­ни­ци Ни­ту ед­на нев­ла­ди­на ор­га­ни­за­ци­ја не во­лон­ти­ра­ла во ста­ци­о­на­рот за ку­чи­ња "Вар­да­риш­те". Из­ми­на­та­та не­де­ла не­кол­ку нев­ла­ди­ни ора­га­ни­за­ции алар­ми­раа де­ка ЈП "Ко­му­нал­на хи­ги­е­на" не­ху­ма­но се од­не­су­ва кон ку­чи­ња­та скит­ни­ци, и де­ка во ста­ци­о­на­рот се вр­ши ма­сов­на еу­та­на­зи­ја на овие жи­вот­ни, но ни­ту на еден од нив­ни­те чле­но­ви не им тек­на­ло да им ја по­ну­дат сво­ја­та по­мош на град­ски­те влас­ти и доб­ро­вол­но да ра­бо­тат на ста­ци­о­на­рот. Во си­те свет­ски гра­до­ви ток­му нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции се тие што во­дат нај­го­ле­ма гри­жа за нез­гри­же­ни­те ку­чи­ња и мач­ки, но не са­мо пре­ку прес кон­фе­рен­ции, ту­ку во­лон­ти­рај­ќи во ста­ци­о­на­ри­те.
Од од­де­ле­ни­е­то за од­но­си со јав­ност на Гра­дот ве­лат де­ка не­кол­ку па­ти им по­ну­ди­ле на нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции да во­лон­ти­ра­ат во ста­ци­о­на­рот, за да мо­жат да ви­дат ка­ко се пос­та­пу­ва со ку­чи­ња­та, но де­ка до­се­га ни­кој не од­го­во­рил на по­ка­на­та. И ди­рек­то­рот на ЈП "Ко­му­нал­на хи­ги­е­на" Злат­ко Ди­мов­ски, ве­ли де­ка до­се­га ни­ту еден ак­ти­вист од здру­же­ни­ја­та за заш­ти­та на жи­вот­ни не до­шол во ста­ци­о­на­рот "Вар­да­риш­те" да во­лон­ти­ра или пак да да­де по­мош.
"Ги по­ви­ку­вам си­те нев­ла­ди­ни ор­га­ни­за­ции кои твр­дат де­ка ста­ци­о­на­рот е прет­во­рен во гас­на ко­мо­ра, да дој­дат и да ра­бо­тат за­ед­но со нас. От­во­ре­ни сме за­ед­но со нас да ги чис­тат ка­фе­зи­те, да ги хра­нат жи­вот­ни­те, да при­сус­тву­ва­ат на опе­ра­ци­и­те и про­це­сот на ус­пи­ва­ње, и да се уве­рат де­ка се ра­бо­ти спо­ред ев­роп­ски­те стан­дар­ди за ху­ма­но тре­ти­ра­ње на жи­вот­ни­те", ве­ли Ди­мов­ски.
Тој об­јас­ну­ва де­ка от­ка­ко пос­тои ста­ци­о­на­рот са­мо двај­ца гра­ѓа­ни се ја­ви­ле да во­лон­ти­ра­ат, но по не­кол­ку де­на се от­ка­жа­ле, би­деј­ќи им би­ла теш­ка ра­бо­та­та.
Ван­гел Ми­цев­ски, прет­се­да­тел на здру­же­ни­е­то "Ср­це за жи­вот­ни­те", твр­ди де­ка не са­мо нив­ни ак­ти­вис­ти ту­ку и обич­ни лу­ѓе ба­ра­ле да во­лон­ти­ра­ат, но оти би­ле од­би­е­ни од над­леж­ни­те во ста­ци­о­на­рот.
"Им по­ну­див­ме на наш тро­шок да ги со­би­ра­ме ку­чи­ња­та и да ги но­си­ме во ста­ци­о­на­рот на сте­ри­ли­за­ци­ја, а по­тоа да ги вра­ти­ме од ка­де што сме ги зе­ле. Пр­вич­но при­фа­ти­ја, а ко­га тре­ба­ше да им го од­не­се­ме ку­че­то ни ре­ко­да де­ка мо­же да се слу­чи да не ни го вра­тат. Спо­ред на­ши соз­на­ни­ја та­му се вр­ши ге­но­цид на здра­ви ку­чи­ња. Ние не са­ка­ме да им ги но­си­ме ку­чи­ња­та за да ги уби­ва­ат", ве­ли Ми­цев­ски.
Тој не од­го­во­ри зош­то ре­а­ги­ра­ат на ра­бо­та­та на ста­ци­о­на­рот ток­му се­га, и зош­то здру­же­ни­ја­та за заш­ти­та на жи­вот­ни во­оп­што не ре­а­ги­раа на слу­ча­и­те ко­га аг­ре­сив­ни ку­чи­ња сре­де бел ден во цен­та­рот на гра­дот на­па­ѓаа ма­ли де­ца. На ова пра­ша­ње Ми­цев­ски ре­че де­ка од 10 кас­ну­ва­ња од ку­че, во осум слу­чаи се ра­бо­те­ло за до­маш­ни ми­ле­ни­ци, а не за ку­чи­ња скит­ни­ци.
(Е.А.-А.А.)

"Ко­му­нал­на" ќе ја ту­жи "Ср­це за жи­вот­ни­те"

Ди­рек­то­рот на ЈП "Ко­му­нал­на хи­ги­е­на" Злат­ко Ди­мов­ски, ќе ја ту­жи нев­ла­ди­на­та ор­га­ни­за­ци­ја "Ср­це за жи­вот­ни­те" ко­ја спо­ред не­го ми­на­та­та не­де­ла во јав­нос­та из­не­ла куп не­вис­ти­ни.
"Ќе под­не­сам кри­вич­на при­ја­ва за кле­ве­та би­деј­ќи де­но­ви­ве се из­на­чи­тав и из­нас­лу­шав куп ла­ги и не­вис­ти­ни. Ду­ри про­чи­тав де­ка ста­ци­о­на­рот е прет­во­рен во гас­на ко­мо­ра. Не мо­жам да ос­та­нам имун на вак­ви­те об­ви­ну­ва­ња", ве­ли Ди­мов­ски.

За­ло­ве­ни 2.400 ку­чи­ња, а еу­та­на­зи­ра­ни 1.000

Во ста­ци­о­на­рот "Вар­да­риш­те" во мо­мен­тов има 34 ку­чи­ња, ме­ѓу кои и ед­на куч­ка ко­ја та­му се оку­чи­ла. Ка­те­ри­на Ла­о­ва, пор­тпа­рол на ЈП "Ко­му­нал­на хи­ги­е­на", ве­ли де­ка од 2007 од ко­га пос­тои ста­ци­о­на­рот вкуп­но се за­ло­ве­ни 2.400 ку­чи­ња, од кои на 1.000 им е из­вр­ше­на еу­та­на­зи­ја, око­лу 800 се кас­три­ра­ни, а ос­та­на­ти­те се са­мо ме­ди­цин­ски тре­ти­ра­ни. Ла­о­ва об­јас­ни де­ка овие ку­чи­ња по пру­же­на­та по­мош пов­тор­но се вра­те­ни од мес­то­то од ка­де се зе­ме­ни. Таа не­ги­ра де­ка ста­ци­о­на­рот е гас­на ко­мо­ра, и до­да­ва де­ка еу­та­на­зи­ја се вр­ши са­мо на аг­ре­сив­ни­те жи­вот­ни. 

"Вест" во ста­ци­о­на­рот Вар­да­риш­те

"Вест" по­ба­ра доз­во­ла од "Ко­му­нал­на хи­ги­е­на" за влез во ста­ци­о­на­рот и без проб­лем ја до­би. На­ша­та еки­па се уве­ри де­ка на "Вар­да­риш­те" не­ма гас­на ко­мо­ра, ка­ко што об­ви­ну­ваа нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции, ни­ту пак ку­чи­ња­та се прег­лад­не­ти. Вра­бо­те­ни­те во ста­ци­о­на­рот ни ги от­во­ри­ја ка­фе­зи­те, ма­га­ци­нот за хра­на, ам­бу­лан­та­та и бок­со­ви­те за ку­чи­ња­та. Се­ка­де бе­ше чис­то и уред­но.
Не­ма­ше ре­до­ви лу­ѓе што че­ка­ат да вле­зат, па не­ма­ше ни кој да би­де вра­тен на­зад. Вра­бо­те­ни­те об­ја­ни­ја де­ка се­кој што са­ка мо­же да дој­де во ста­ци­о­на­рот, да ги раз­гле­да ку­чи­ња­та и ако ре­ши и да си пос­вои ми­ле­ни­че до­кол­ку прет­ход­но се ја­ви. Се­кој пе­ток, пак, ста­ци­о­на­рот е от­во­рен за по­се­ти­те­ли. Ос­та­на­ти­те де­но­ви во не­де­ла­та ста­ци­о­на­рот е зат­во­рен за по­се­ти­те­ли би­деј­ќи не ра­бо­ти на прин­цип Зо­о­лош­ка гра­ди­на па це­ло вре­ме да би­де от­во­рен, ту­ку во не­го се из­ве­ду­ва­ат опе­ра­ции, се тре­ти­ра­ат бол­ни­те ку­чи­ња и ред дру­ги ра­бо­ти кои не доз­во­лу­ва­ат во тоа вре­ме низ ста­ци­о­на­рот да се ше­та­ат лу­ѓе. 


Во­лон­те­ри пред ком­пју­тер

Пос­лед­ни­ве две не­де­ли во на­ша­та ре­дак­ци­ја сти­га­наа по­ве­ќе од 100 меј­ло­ви со ба­ра­ње да прес­та­не ма­сак­рот на ку­чи­ња­та скит­ни­ци во "Вар­да­риш­те". Си­те имаа ис­та со­др­жи­на и се об­ра­ќаа на гра­до­на­чал­ни­кот на Скоп­је и на пре­ми­е­рот, но беа пра­те­ни од раз­лич­ни ад­ре­си и пот­пи­ша­ни од раз­лич­ни лу­ѓе ши­рум све­от. Пис­мо­то од раз­ни ад­ре­си стиг­ну­ва­ше и пре­ве­де­но на ан­гли­ски ја­зик.
Ми­на­та­та не­де­ла "Вест" од­гов­ри на дел од овие пис­ма. По­ба­рав­ме од ис­пра­ќа­чи­те мес­то са­мо да об­ви­ну­ва­ат да да­дат пред­лог за ре­ше­ние на проб­ле­мот со ку­чи­ња­та скит­ни­ци во Скоп­је, а ги пра­шав­ме и да­ли би во­лон­ти­ра­ле во ста­ци­о­на­рот.
Оче­ку­вав­ме да ни стиг­нат од­гов­ри од заг­ри­же­ни­те заш­тит­ни­ци на ку­чи­ња­та, но пис­ма­та прес­та­наа да стиг­ну­ва­ат. Не­ма ни­ту од­го­во­ри ни­ту об­ра­ќа­ња до гра­до­на­чал­ни­кот и пре­ми­е­рот. Стиг­на са­мо еден од­го­вор на на­ше­то пис­мо од гос­по­ѓа ко­ја ме­ѓу дру­го­то ве­ли де­ка не­ма да во­лон­ти­ра во ста­ци­о­на­рот би­деј­ќи се­га сос­тој­ба­та та­му би­ла мно­гу ло­ша. Ко­га ќе се по­доб­ре­ле ус­ло­ви­те ќе во­лон­ти­ра­ла.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=8FBAABFFDD80E14686631C4AF019E7E6
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #203 Posted: 09-Jul-2009 at 03:17

ЗДРУЖЕНИЕТО „НОВА НАДЕЖ“ ОБВИНУВА, ГРАДОТ СКОПЈЕ ДЕМАНТИРА

Нема гасна комора во Вардариште

Здружението на граѓани за заштита на животните „Нова надеж“ обвинува дека малите кученца во стационарот во Вардариште ќе се убиваат во гасна комора, која според нив веќе е набавена. Од Градот и од „Комунална хигиена“, во чија надлежност е стационарот, најостро ги демантираат овие обвинувања велејќи дека со нив им се нарушува угледот. Претседателот на „Нова надеж“, Драган Пешиќ, вели дека гасната комора наскоро ќе профункционира.

- Од наши извори, блиски до „Комунална“, дознавме дека гасната комора ќе служи за елиминирање на малите кучиња стари од три до четири месеци. Таму тие ќе се убиваат од 7 до 15 минути, во страшни маки. Тоа е уште една потврда за намерите за тивок геноцид на уличните кучиња - вели Пешиќ.

Тој додава дека завчера 10 активисти од Сојузот на здруженијата за заштита на животните и заинтересирани граѓани за посвојување на кучиња во стационарот биле дочекани со затворена врата. Притоа им било објаснето дека отсега можат да посвојуваат кучиња само во ден петок, во периодот од 9 до 12 часот.

- Станува очигледно дека стационарот работи зад затворени врати и без контрола. Животните најчесто не излегуваат живи оттаму - велат од „Нова надеж“.Од Градот Скопје го демантираат сето тоа и ја поканија екипата на „Дневник“ лично да се увери дека во стационарот нема гасна комора.

- Тоа е груба дезинформација и претставува класична хајка против градоначалникот Коце Трајановски. Како би се набавила таа гасна комора без одобрение и без дозвола од надлежните институции? Тоа е кривично дело - изјави Неделчо Крстевски, портпарол во Градот.Тој ги повика здруженијата да изнесат докази за тоа што го тврдат. Во стационарот вчера не можеше да се забележи ништо сомнително. Таму не' дочека директорот на „Комунална“, Златко Димовски и раководителот на стационарот Слободан Костевски.

- Постои Закон за заштитата и благосостојба на животните кој точно предвидува какви методи треба да се применуваат при третирањето на кучињата. Одговорна за да ја следи состојбата во стационарот е Ветеринарната управа, која досега немала никаква забелешка - вели Димовски.Тој додаде дека работат под закрила на Англиската асоцијација за заштита на животните и дека од нив добиваат највисоки оцени.

- Освен сараевскиот, нашиот стационар е најубав на овие простори. Со обвинувањата само се нарушува интегритетот на „Комунална“ и мојот личен интегритет. Ги повикувам Здруженијата да волонтираат во стационарот и да се уверат во вистинската состојба - вели Димовски.

Раководителот Костевски објасни дека ограничувањето на посетата е направена поради тоа што, сепак, се работи за вид болница.Тој додаде дека ако некој дојде и во другите денови нема вулгарно да биде вратен, како што тоа го опишуваат здруженијата. Како потврда дека се отворени за јавност Димовски рече дека студентите по ветерина таму ќе имаат практични часови за да следат како се извршуваат оперативните зафати. Сега во стационарот има 34 кучиња. За година и половина се заловени 2.425 кучиња, од кои евтаназирани се над 50 отсто, односно 1.386 кучиња, а се стерилизирани 829.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=638BF26DE8FE6445A30989998344F94C
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #204 Posted: 21-May-2009 at 20:00
За кучињата скитници
Четврток, 21 Мај 2009 17:16

STEVO%20kucinja%20sl%20002

По пријава на општинскиот инспекторат, шинтерската служба вчера собра речиси педесетина кучиња од една куќа во Битола.

„ Вчера зедовме 48 кучиња од едно место. Да дадеме еден апел до граѓаните кој сака, ете кучињата се навистина убава можност да си земат, да си посвојат кученца, ние нормално како од почетокот ги даваме кученцата бесплатно, ги поклонуваме, на сите оние што сакаат да си посвојат да си имаат миленичиња дома" вели Бранко Тасевски од шинтерската служба.

Вели дека немало отпор кај сопственикот или лицето кое се грижело до вчера за нив.

„ Со нас беше се супер. Мислам немаше проблеми никакви и тој беше самиот присутен тука и тој самиот ги носеше со нас во нашата кола кога ги носевме" вели Тасевски.

STEVO%20kucinja%20BRANKO

Тасевски вели дека градот е речиси чист од кучиња скитници. Ги има во раните утрински часови, но за разлика од порано глутници не се гледаат низ битолскиот улици.

„ Не јас колку што знам нема скитници, но одвреме на време можат да се појават кучиња домашни или избегани кучиња од домовите, нормално е тоа дека на сабајле е поготово попроблематично, луѓето кога одат на работа, ги оставаат портите отворени и кучињата излегуваат и некогаш ги следат нив до работа па се враќаат назад и така. Инаку мислам дека нема проблем. Сите можат да забележат дека градот е веќе скоро чист од куќиња" коментира тој.

Освен шинтерската должност и обврска тие се грижеле и за нивната состојба да ги одржат во форма.


„ Еве покрај онаа работа што ја имаме шинтерската, ние тука ги гледаме, ги храниме, му чистиме секојдневно, надвор од она што се вика шинтерска работа.
Шинтерската служба се знае што е, а ние се обидуваме со помош на нашите директори на претпријатието да купуваме храна, да ги гледаме, да ги храниме овие кученца, да му чистиме секојдневно" додаваат од шинтерската служба.

STEVO%20kucinja

Цели шест месеци битолчанка доаѓала во зоолошката оти вистински ги сакала животните.

„ Едноставно ги сакаше кучиата, доаѓаше колку што можеше, носеше храна, не само за кучињата, туку и за животните во зоолошката градина, тоа е вистински љубител на животните" вели Тасевски.

Денеска заминаа на друга интервенција, во битолската околина да го средат и тој терен, за безбедно и спокојно да се движиме по улиците.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=8056&Itemid=106
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #205 Posted: 21-May-2009 at 16:31

Нема решение за кучињата-скитници

Нападите од бездомните кучиња се постојана опасност за скопјани

Снежана Калабакова

Нападите од кучињата-скитници претставуваат постојана опасност за граѓаните. Повеќе од илјада бездомни кучиња деноноќно скитаат, како низ централното градско подрачје, така и низ скопските населби. Засега, нема решение на повидок. Конкретни чекори не нуди ниту новиот градоначалник, Коце Трајановски. Иако во неговата изборна програма се предвидени проекти за згрижување на бездомните кучиња, сепак, нема детали околу тоа каква е замислата, како ќе се спроведе, кога ќе почне и колку ќе чини. Изборната програма на Трајановски предвидува, завршно со 2011 година, да се реализираат проекти во кои ќе се имплементираат европските стандарди за заштита на животните, а ќе се применат и позитивните искуства од големите градови во регионот и од збратимените градови, со цел на хуман начин да се згрижат кучињата-скитници кои се скопските улици.

Според податоците од главната ветеринарна болница, од јануари до сега им биле издадени потврди на 139 граѓани гризнати од кучиња-скитници. Од болницата велат дека на оваа бројка треба да се додаде и бројот на граѓаните кои се обратиле во неколкуте нивни станици, но и во приватните ветеринарни амбуланти. Заокружената бројка што ќе се добие ќе биде алармантна, што е потврда дека на скопјани животот и здравјето им се во постојана опасност. Затоа проблемот бара сериозно решение.

Досега се сменија неколку градски гарнитури, но ниедна не го реши проблемот. Актуелниот хуман третман на кучињата очигледно не дава резултати. Познавачите на состојбите велат дека проблемот може едноставно да се реши, како што се прави во европските метрополи, но за тоа се потребни пари. Пред се', мора да се наменат средства во буџетот на Градот, а потоа и да се донесе закон со кој ќе можат да се казнуваат сопствениците на домашни миленичиња кои ги фрлаат на улица.

„Финансиите се главен проблем, бидејќи во третманот на кучињата-скитници не можат да се ангажираат само волонтери. Загреб има годишен буџет од 600.000 евра кој е наменет за третман на кучињата-скитници. Кога кај нас би се издвоиле барем 50.000 евра, проблемот би се решил за една до две години. Но, потребен е закон за домашни миленичиња. Тие треба да имаат чипови со податоци за нивните сопственици, кои доколку ги фрлат на улица, веднаш ќе бидат пронајдени. Против сопственикот ќе се поднесе прекршочна пријава, тој ќе мора да плати парична казна, а тие пари повторно ќе се користат за третман на кучињата-скитници“, вели Драган Алексовски, директор на Ветеринарната болница и појаснува дека ако едно исфрлено куче се окучи два пати годишно, тогаш на улица ќе се најдат уште десет нови кучиња-скитници.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2E3E4AD3330BF3408FEBB8B3E1483935
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #206 Posted: 07-Apr-2009 at 23:07

На „Дрисла“ ќе се гради гробница за кучиња

На депонијата „Дрисла“ наскоро ќе почне да се гради гробница за кучиња. Во неа е планирано да се закопуваат сите евтанизирани кучиња што ги лови ЈП „Комунална хигиена“, а гробницата ќе можат да ја користат и граѓаните за своите миленици. Таа ќе се наоѓа во рамките на депонијата и ќе се изведе со два вкопани бетонски прстена со капак и систем за вентилација.

Ова е заеднички проект на ЈП „Комунална хигиена“ и Градот Скопје за чија реализација се обезбедени три милиони денари од градската каса. Од Градот информираат дека веќе е потпишан договорот со фирмата-изведувач и очекуваат градежните работи да почнат пролетва.

„Градот Скопје испрати допис до ’Комунална‘ да ја одреди точната локација за изградба на јамата и веднаш штом ќе добие одговор, градежните работи на јамата ќе почнат“, велат градските власти.

Од „Комунална хигиена“, пак, уверуваат дека со изградбата на гробницата ќе се стави крај на опасностите што досега можеше да се предизвикаат заради палење на мршите во печката за медицински отпад на „Дрисла“. Велат дека сега, дефинитивно, ќе се елиминираат опасностите врз животната средина, особено на почвата.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=4D824AD30B3A0047BDFE6E7528338179
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #207 Posted: 25-Feb-2009 at 14:14
Кучињата ќе се бараат со микрочип ЈП „Комунална хигиена“ во соработка со Кралското здружение за заштита на животните од Велика Британија РСПЦА иницираат проект за поставување поткожни микро чипови на домашните кучиња. Иницијативата има цел да придонесе за намалување на бројот на домашни миленичиња чиишто несовесни сопственици ги оставаат на улица. Напуштените животни, подоцна како скитници се фаќаат од страна на надлежните служби од јавното комунално претпријатие и се носат во стационарот „Вардариште“. - Таквата практика во Англија се применува веќе подолго време, но кај нас досега не е спроведено ниедно поставување микрочип кај домашно животно. Како податоци во локаторот на животното би требало да стојат името и расата на кучето, како и името на сопственикот. Доколку сопственикот не сака повеќе да се грижи за животното и го остави на улица, би требало да сноси законски последици - вели Катерина Лаова, портпаролка на ЈП „Комунална хигиена“. Поради тоа што кај нас се уште нема ваков проект за хуман третман на животните, нема ни одредена надлежна институција која би ги вградувала микрочиповите. - Ова е само предлог со кој сакаме да влијаеме да се намали бројот на кучиња-скитници кои секојдневно ги фаќаме по скопските улици. Доколку биде усвоен, најверојатно работата околу вградувањето на чиповите ќе ја изведува Ветеринарната управа или ветеринарните станици кои ќе добијат дозвола за тоа - објаснува Лаова.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1633&ArticleID=108452
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #208 Posted: 23-Feb-2009 at 18:34
Не гледам поголема опасност отколку на пример стаорец од канализација да пренесе зараза
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #209 Posted: 23-Feb-2009 at 18:32
хм, викенд ова звучи хумано Smile бељата е од самата локација  која потенцијален ако не и сигурен извор на зарази, а доволно е глушец или некое животинче за да се пренесе зараза и во стационарот, чисто се сомневам дека ќе градат некој затворен стационар по европски стандарди, така да многу е реално животните да се изложени на опасности!   
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #210 Posted: 23-Feb-2009 at 18:25
Originally posted by beTon

разбирам да бидат лоцирани до затворена депонија како во СК што е случајот со стационарот кај вардариште, но да се носат кучињата до активна депонија тоа ми е некако опасна комбинација, не дека кочани има некоја опасна депонија на која се депонира   опасен отпад, но се сепак постои опасност доколку навистина е стационарот на депонија тогаш постои реална опасност од зарази, па така да прилично ќе биде  опасно посвојувањето на скитници


Па кучињата нормално е дека ќе бидат чувани затворени, сигурно нема да им се дава „излез за викенд“ каде тие би можеле да направат некаков излет низ депонијата и после тоа да се даваат на посвојување.


Edited by Cloverstack - 23-Feb-2009 at 18:25
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #211 Posted: 23-Feb-2009 at 18:21

Кочани гради прифатилиште за кучиња

Со цел да се намали проблемот со кучињата скитници, кои последниве месеци се се' помногубројни на улиците во Кочани, локалната самоуправа донесе одлука за изградба на прифатилиште за кучињата скитници. Прифатилиштето ќе биде лоцирано на просторот од градската депонија на патот Кочани - Пониква, над селото Бели. Досега се изградени 25 бокса, уредена е околината, се чека потпишување договор со КЈП „Водовод“ од Кочани, организација што ќе го врши заловувањето на кучињата скитници.

Дневник - 21.02.2009

разбирам да бидат лоцирани до затворена депонија како во СК што е случајот со стационарот кај вардариште, но да се носат кучињата до активна депонија тоа ми е некако опасна комбинација, не дека кочани има некоја опасна депонија на која се депонира   опасен отпад, но се сепак постои опасност доколку навистина е стационарот на депонија тогаш постои реална опасност од зарази, па така да прилично ќе биде  опасно посвојувањето на скитници. најверојатно за ваква можност околу посвојување не размислувале во општината,  повеќе ми личи дека се размислувало како да се заштеди на транспорт во случај на касапење.                        



Edited by beTon - 23-Feb-2009 at 18:21
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #212 Posted: 11-Feb-2009 at 10:24

Епа тоа не значи дека треба да се остави да биде дива лига. Дури и да е стимулативно тоа што до сега било оставено без вистинска евиденција и контрола, какво фајде од тоа доколку дел од нив дигнат раце од кучињата?

Инаку се слагам со тебе околу менталитетот и навиките, но кога се лоши тие треба да се менуваат.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #213 Posted: 11-Feb-2009 at 07:19
Ваквите мерки се само дестимулативни за посвојување кучиња. Знаеме каков сстрав во коски имаат нашите граќани кога се во прашање име и презиме! Дури вака кога се е слободно па само 8 кучиња биле згрижени, така па со евиденција нема да биде ни едно. Граќаните едноставно ако толку им дошло до џукела, ќе си соберат едно од улица и нема да бараат од стационар каде ќе им зема некој податоци и ќе им донесе потенцијална одговорност доколку кучето нападне некој. Добро и сега е таква одговорноста за домашните миленици, само што никој досега не регистрирал миленици па да се знае точно сопственикот.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #214 Posted: 11-Feb-2009 at 07:16
Построга евиденција на посвоените кучиња


Секој што ќе посвои куче од стационарот Вардариште ќе мора да се обврзе дека ќе го чува, негува и ќе ја преземе целосно одговорноста за него. Ова се новините на стационарот кои што се воведуваат во насока на поорганизирана евиденција на животните кои се даваат на посвојување.
-Тоа значи дека доколку кучето се однесува агресивно или во најлош случај нападне некого газдата одговара за него. Сите што сакаат да посвојат куче ги оставаат своите лични податоци во пишана форма. На овој начин освен евиденција на кучето се води и на нивните сопственици. Затоа се апелира до идните сопственици, доколку повеќе не можат да се грижат за нивните миленичиња да не ги оставаат на улица, тука да ги вратат повторно во стационарот за да може некој друг повторно да ги посвои-информираат од ЈП Комунална хигиена, кои пред две години ја презедоа обврската да се грижат за бездомните кучиња на улиците во градот.
Одговорните информираат дека во јануари заловиле 116 кучиња, од кои 15 биле истретирани, а 8 биле вдомени. Од почетокот на месецов па се до сега биле уловени 41 куче.

http://vecer.com.mk/?ItemID=11549756F9396847B963E9CA57E3F35D
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #215 Posted: 23-Jan-2009 at 00:18
Додатоци кои до некаде гарантираат одбрана во ситуација на случен евентуален напад: спреј солзавез ( кој е забранет за употреба, но дозволен за купување), храна за кучиња или парче месо со кое ќе го одвратите вниманието на пессот доколку ве нападне, како и подебела облека, како чорапи, шал, капа и ракавици помошен детал присутен во овј дел од годината.
Не се тачни овие, очекуваат луѓето навистина да носат парче месо у џеб за во случај на напад? LOL Nuts
Плус тоа со мирисот од месото ваљда би станале многу поверојатна мета...
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #216 Posted: 22-Jan-2009 at 23:59
Пред градежен има 3 кучиња кои цело време се таму, и пред неколку дена 3-те ми се с`снаа. Јас сум голем љубител на кучиња но во вакви моменти само гледам кое прво да го шутнам. За среќа се тргнаа на време.
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #217 Posted: 22-Jan-2009 at 23:53
Стравот ги тревожи кучињата


Во ситуација еден на еден најбитно е да бидете мирен и да не манифестирате агресија. Односно не почнувајте да бегате и да покажете страв, зошто кучињата го осеќаат покачувањето на адреалин во крвта, велат стручните лица од Стационарот за бездомни животни Вардариште


Само на улиците низ главниот град, според официјалните податоци, згрижени со жолта маркица денеска има околу 3000 кучиња скитници, но се претпоставува дека бројката е драстично поголема на, не евидентираните и според надлежните 10 000 кутриња моментално се шетаат низ скопските улици. Ни во останатите градови низ Македонија ситуацијата не е значително подобра.
-Се враќав од Веро со кеси заедно со мојата сопруга, наеднаш осетивме како ни се доближува нешто од позади нас, кога се свртевме веќе беше доцна. Десетна кучиња се обидоа да ни ги зграпчат кесите во кои имавме мелено месо купено од маркетот. Видно уплашен се снајдов извадив парче месо, и го фрлив на разбеснетите кучиња и успеавме да побегнеме заедно со сопругата. Блиската средба со глутницата кучиња во понеделникот вечерта ја имаше Глигор и неговата сопруга жители на населбата Тафталиџе.

- Во ситуација еден на еден најбитно е да бидете мирен и да не манифестирате агресија. Односно не почнувајте да бегате и да покажете страв, зошто кучињата го осеќаат покачувањето на адреалин во крвта, велат стручните лица од Стационарот за бездомни животни Вардариште.

Слободан Костевски раководител на стационарот за Вечер изјави дека не е запознает за немилиот настан во кој за малку ќе настрадале скопјаните.
- Досега не сме имале пријава за напад на минувачи во тој дел од градот. Нашите служби се 24 часови на терен и интервенираме на сите повици кај граѓаните, дали тоа се работело за напад, отруени или згазени кучиња нашата служба веднаш излегува на терен. Конкретно за случајов не сум запознает бидејки не бил пријавен. Верувам граѓаните се информирани за нашите контакт броеви на кој можат тоа даго пријават напад. Уште во текот на денешниов ден ќе испратиме екипа која ќе интервенира на лице место објасни Костевски.

Од Ј.П. Комнална Хигиена тврдат дека во моментов работат на отсртанување на агресивните кучиња во градското подрачје и нивно трансферирање понатаму на ветеринарски преглед во стационарот Вардариште. Од Комунална но и од Стационарот за бездомни животни информираат дека граѓаните доколку се најдат во ваква или слична ситуација слободно можат да се обратат на бесплатниот број за пријава на скитници на 3216-644 или директно во срационарот на бројот 820-1315.

МЕСО В ЏЕБ
Додатоци кои до некаде гарантираат одбрана во ситуација на случен евентуален напад: спреј солзавез ( кој е забранет за употреба, но дозволен за купување), храна за кучиња или парче месо со кое ќе го одвратите вниманието на пессот доколку ве нападне, како и подебела облека, како чорапи, шал, капа и ракавици помошен детал присутен во овј дел од годината.

http://vecer.com.mk/?ItemID=466545B3F9BDE34B87222F7A79A42C32


Текство му доаѓа како некое упатство како да шеташ безбедно низ Скопје!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #218 Posted: 17-Jan-2009 at 15:38
ај фората ова е добро, ова сигурно е од времето на Милан Талевски, со оглед дека тревникот пред собрание на сликава не е хортикултурно уреден! 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #219 Posted: 17-Jan-2009 at 15:30
Еве што ископав од длабочините на мојот хард диск... иако сликите се стари неколку години сепак да ги евидентираме за да се потсетиме до каде оди нашата негрижа и да се запрашаме дали со куполи и жардињери се станува „метропола“.

Македонското собрание:

Nuts

1


2




Edited by Cloverstack - 17-Jan-2009 at 15:33
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #220 Posted: 16-Jan-2009 at 05:23

Изгладнети кучиња напаѓаат луѓе

Снегот и ниските температури им го отежнуваат животот на бездомните кучиња, оставајќи ги без храна

Снежана Калабакова

Снегот и ниските температури им го отежнаа животот на кучињата-скитници и ги оставија без храна, така што прегладнетите животни повторно почнаа да ги напаѓаат луѓето. Стана редовна слика низ населбите, но и во централното градско подрачје, бездомни кучиња да шетаат по улиците и да трчаат по минувачите силно лаејќи и плашејќи ги луѓето.

Неодамна во населбата Скопје-Север пред влезот на станбената зграда куче нападнало возрасна жена која се враќала од пазарење. Кучето ѕверски и' се нафрлило и ја каснало за нога. Ја спасиле соседите, кои случајно се нашле на местото.

Според податоците од Ветеринарната болница, од почетокот на годинава шестмина скопјани каснати од кучиња дошле за потврди дека животните немале беснило. Граѓаните, пак, велат оти ова е потврда дека програмата што ја реализира Градот за третман на кучињата-скитници е несоодветна и не дава резултати. Не е доволно само да се спречи нивното размножување, зашто тие се гладни. Сега на снегот се појавуваат како глутница волци и напаѓаат минувачи.

Скопјани ги повикуваат друштвата за заштита на животните да не бидат само гласноговорници, туку да излезат на терен и да ги нахранат гладните животни. Познавачите на состојбите, кои сакаа да останат анонимни, велат дека овие друштва немаат ниту свои седишта, а камоли проекти со кои ќе обезбедат средства за третман на кучињата-скитници. А, и во Службата за информации нема телефонски броеви на ниту едно вакво друштво.

„Нешто мора да се направи со кучињата-скитници на ниво на секоја општина. Во решавање на проблемот мора да се вклучи и државата со конкретни програми и мерки, зашто ова што се прави сега не е доволно. Не е решение гладните животни да ги хранат поединци-ентузијасти од друштвата за заштита на животните, како на пример „Срна“ или „Паун“, кои се силни само на јазик, а не и на дело. Кучињата мора да се тргнат од улица. Очигледно не е решение само да се кастрираат и пак да се пуштат. Со глутници-кучиња не се влегува во Европа“, објаснува Илија Новевски, биолог во Зоолошката градина во Скопје.

Драган Алексовски, директор на Ветеринарната болница во Скопје, вели дека покрај конкретна и добра програма, потребни се и пари за кучињата- скитници да се тргнат од улица. Не можат тие да се заловат и една година да се чуваат во стационар. Додава дека порано се обидувале нешто да направат друштвата за заштита на животните. Но, според него, без финансиска поддршка и само со реакција на поединечни стрелци ништо нема да се постигне.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=4ED5A356FD74E040962CEFA3D89B9DBE

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 910111213 15>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.180 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.