Author |
Topic Search Topic Options
|
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#201 Posted: 16-Oct-2008 at 13:24 |
Лсл, навистина ме интересира твоето мислење.
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#202 Posted: 15-Oct-2008 at 00:50 |
Екологистите не даваат да се гради пат за Сончевград преку Водно

Трасата не е дефинитивно утврдена, но би требало да биде долга околу три километри
Сања Наумовска
Еколошките невладини организации ќе ја бранат Парк-шумата „Водно“ и
нема да дозволат да се сечат дрвјата, доколку треба низ неа да се гради
пат до Сончевград. По завчерашната одлука на Советот на Скопје да и' се
одобрат на Агенцијата за патишта геомеханички испитувања на теренот,
зелените организации во главниот град, поддржани од планинарските
друштва, започнале да ги разгледуваат опциите што им стојат на
располагање за заштита на белите дробови на Скопје. Првенствено, тоа се
законите и одлуките кои го штитат Водно како заштитена зона, но не се
исклучува ниту радикалната мерка - протест со затворање на патот кон
Средно Водно.
Според плановите за изградба на елитната населба
Сончевград, патот треба да ги поврзува Средно Водно и селата Сопиште и
Долно Соње. Трасата не е дефинитивно утврдена, но би требало приближно
да биде долга околу три километри. Инвестицијата за изградба на овој
пат, според првичните процени, треба да изнесува 700 илјади евра.
„Одлуката
на Советот на Скопје се' уште е нова и не сме ја разгледале детаљно, но
сепак, не се согласуваме и секако ќе реагираме. Градот Скопје беше
последната институција која не' поддржуваше во нашите напори за заштита
на Водно и се надеваме дека така ќе остане. Во текот на следните денови
со другите организации и друштва ќе го подготвиме нашиот одговор на
одлуката“, вели Петар Бошевски од „Екомисија“.
Во Агенцијата
за патишта потврдуваат дека со одлуката на Советот на Скопје се отвора
можност да се изработи проект за патот кон Сончевград. Геомеханичките
испитувања се подготвителна фаза во која ќе се снима и испитува почвата
каде што би поминувала трасата. Без испитувањата кои ќе започнат веднаш
кога Агенцијата официјално ќе го добие одобрението од Советот, не може
да се изготви идеен проект. За нив тоа е регуларна процедура, без
разлика што се однесува за парк-шума.
„Во рамките на
испитувањата треба да се утврди трасата на патот кон Сончевград, што не
значи дека во текот на процедурата не може да се утврди и дека патот не
треба да поминува таму. Затоа и е предвидена таа подготвителна фаза“,
вели Катерина Панова-Илиевска, портпаролка на Агенцијата за патишта.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=0E35F7F93C372143AD8CB32D4EA80188 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#203 Posted: 14-Oct-2008 at 08:55 |
Ми се расчистија дилемите!!!
По
иницијатива на 18 советници и без никакви образложенија, градскиот
совет вчера ѝ одобри на Агенцијата за државни патишта, поранешен Фонд
за магистрални и за регионални патишта, да врши геотехнички истражувања
во парк-шумата Водно. |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#204 Posted: 14-Oct-2008 at 08:53 |
Советот одобри испитувања за изградба на пат низ Водно |
|
|
|
Автор: Гоце Трпковски |
|
По
иницијатива на 18 советници и без никакви образложенија, градскиот
совет вчера ѝ одобри на Агенцијата за државни патишта, поранешен Фонд
за магистрални и за регионални патишта, да врши геотехнички истражувања
во парк-шумата Водно. Во одлуката не пишува зошто ќе се вршат тие
истражувања, но советниците од опозицијата нагласија дека зад тоа се
крие идејата да се сече дел од шумата на Водно за да се изгради пат до
новата населба Сончев Град во општината Сопиште. Од агенцијата
потврдија дека ќе се испитува дали може оттаму да се гради новата
сообраќајница.
КОЛКУ СОВЕТНИЦИ ГЛАСАА?
Советничката Тања Томиќ побара подетални објаснувања за оваа одлука, пред да се гласа за неа.
-
Отворањето на оваа постапка во парк-шумата Водно воопшто не е наивна
работа, па одлуката треба да се одложи за некоја наредна седница. Тука
нема ниту предлагач, ниту објаснување зошто ќе се прават истражувањата
- рече Томиќ.
Ивон
Величковски рече дека на него му е јасно која е вистинската причина, но
дека некој треба да има доблест јавно да ја соопшти.
-
Треба отворено да се каже дека со ова се бара сечење на шумите за
изградба на пат, освен ако Агенцијата нема намера да бара нафта на
Водно. Целата јавност треба да види за што станува збор. Затоа би
повикал на совеста на советниците да го одбијат овој предлог - додаде
Величковски.
Софија
Куновска, пак, истакна дека одлуката е надвор од размислувањата на
советот, кој во случајов е само продолжена рака на тие што го туркаат
проектот.
-
Овде треба само формално да се одобри тоа што е замислено. Слични беа
случаите и со споменикот на Скендербег, деталниот план за Малиот ринг,
новиот генерален урбанистички план и други - смета Куновска.
По
неколку паузи и голем број расправии, повеќе советници ја напуштија
салата. Стана неизвесно дали ќе има доволно советници, 23, за да се
изгласа одлуката. На гласањето претседателката Ирена Мишева изброја 24
гласа за, а тие од опозицијата 22. Но, немаше кој да побара поединечно
гласање, па тие најавија дека ќе побараат од градоначалникот Трифун
Костовски да ја поништи таа одлука.
ТРАСАТА СЕ УШТЕ НЕПОЗНАТА
Катерина
Панова Илиевска од Агенцијата за државни патишта вели дека им била
потребна оваа одлука за да можат да почнат испитувања со кои ќе утврдат
дали патот за Сончев Град може да се направи низ Водно.
-
Не знаеме ниту од каде ќе поминува трасата, но оваа одлука ќе ни
овозможи да испитаме. Целта на истражувањата е да се направи проект, а
потоа ќе се испитува и какви влијанија би имал патот врз животната
средина - објаснува Панова Илиевска.
Од
градскиот сектор за заштита на животната средина истакнаа дека Водно е
заштитена зона и во парк-шумата не треба да се дозволи да се градат
патишта, па затоа одобрението би било беспредметно.
За
идејата да се гради пат низ Водно до Сончев Град протестираа и
екологистите, кои собраа неколку илјади потписи против оваа
иницијатива. Тие сметаат дека со тоа ќе се зададе уште еден, можеби
завршен удар во уништувањето на заштитената зона, затоа што ќе се
создадат услови и за изградба на нови објекти по целата должина на
патот. | http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabID=2&fCat=1&EditionID=207&top=1&ArticleID=9183 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#205 Posted: 14-Oct-2008 at 00:38 |
Која е таа Агенција за државни патишта?! Сто пати сме ја прочитале, а нигде ја нема. Немаат ни интернет страна. Срамота, никави информации, ниту физибилити студии неможеме да најдеме.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#206 Posted: 14-Oct-2008 at 00:26 |
Опозицијата се плаши од сеча на Водно

Парк-шумата
Водно ќе се копа со цел да се истражи дали и на кое место може да се
изгради улица што ќе го поврзува Скопје со Сончев град во
Сопиште, населба што допрва треба да никне на јужната страна на
планината, обвини вчера опозицијата на седницата на Советот на
Скопје.По жестоката дискусија со владејачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ,
салата во текот на седницата ја напуштија незадоволните советници од
коалицијата на СДСМ и ЛДП, како и од ЛП. Опозицијата обвини дека
мнозинството сака заклучокот да го протне на мала врата, со цел да
почне уништувањето на Водно. Иако бараа да им се достават материјали,
согласности од секторите во градот задолжени за парк-шумата,
образложение која е целта на испитувањата, барањата не им беа
исполнети.
- Ова е почеток на сечата на Водно. Не знаеме која
е целта на испитувањата. Не е кажано дали ќе се бара нафта, вода или,
пак, целта е изградба на улица. Точката треба да се одложи за да
добиеме материјали и јавноста да увиди за што станува збор - смета Ивон
Величковски од Либералната партија.
Софија Куновска од СДСМ
изрази сомневање во законитоста на постапката, но потенцираше дека и
овој заклучок веројатно ќе добие согласност од мнозинството, како и за
останатите проекти за кои инсистираше владејачката партија како што беа
споменикот на Скендербег, Генералниот план на Скопје, планот за Мал
ринг...
Претставник од Секторот за екологија при Градот изјави
дека шумата е во нивна надлежност, но дека согласност не дале ниту тие
ниту „Паркови и зеленило“ за какви било истражувања.
- Има
одлуки што се во сила за заштита на парк-шумата и со нив не е дозволена
каква и да е изградба. Со нив се забранува каква била активност или
сообраќај што може да ги уништи шумата и живиот свет во оваа заштитена
зона. Дури имаме во план рампата на сегашната улица на Водно да ја
спуштиме подолу, со цел да се ограничи и сегашниот сообраќај. Ставот на
Градот е доставен и до сите државни институции, но досега одговор не
сме добиле - објаснија од Секторот за екологија.Тие потенцираа дека од
сопствениците на градбите што се наоѓаат на Водно постојано добиваат
барања за изградба на пристапни улици до нивните објекти, но тие
редовно ги одбиваат.
- Ако се усвои овој заклучок, не знам
како утре ќе им објасниме зошто да не се гради улица и за нив - рече
претставникот од Секторот за екологија.
Дискусијата кулминираше
кога дојде на ред гласањето. Опозицијата, која ја напушти салата,
тврдеше дека нема кворум за гласање, односно дека во салата се присутни
22 члена на Советот. Наспроти нив, службите и претседателката Ирена
Мишева заклучокот го усвоија со тврдење дека за него гласале 24
советници. Опозицијата ќе побара од градоначалникот Трифун Костовски да
не го потпишува заклучокот за геотехнички испитувања на Водно, со
образложение дека Мишева го прекршила Деловникот.
Ребалансот на буџетот сепак помина
Иако во минатата недела градските советници го одложија усвојувањето
на ребалансот на буџетот предложен од градоначалникот Трифун Костовски,
и со тоа ги блокираа најавените проекти, вчера оваа точка беше ставена
на дневен ред, а ребалансот на Буџетот за 2008 година беше усвоен. Со
амандман, сумата дури беше дополнета за 10 милиони, па сега вкупно 150
милиони денари ќе се инвестираат за спас на ЈСП од колапс, за изградба
на плоштад под црквата „Света Богородица“, за уредување на кејот
Димитар „Влахов, за нови улици, осветление и за нов пешачки мост до
пештерите на Матка. Околу 200.000 денари ќе им бидат доделени на
спортистите што учествуваа на Олимпијадата во Пекинг.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=A2DF8BCD0DD0964EBD88D3B288444185 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#207 Posted: 14-Oct-2008 at 00:21 |
Прво геотехнички испитувања на Водно, па пат до Сончев град
Од Агенцијата за
државни патишта велат дека геотехничките истражувања и испитување на
теренот во Парк-шумата Водно треба да ги дадат најповолните можности за
изградба на патот до Сончев град
Агенцијата
за државни патишта вчера доби согласност од советот на Град Скопје да
изврши геотехнички истражувања и испитување на теренот во Парк-шумата
Водно, за изградба на патот до Сончев град. Согласноста сепак беше
донесена по бурна расправа на советниците и барање аргументи плус за
оправданост на овој потег. Додека дел од советниците сметаат дека се
големи економските придобивки од изградба на регионален пат Р-303 од
улицата Салвадор Аљенде преку Средно Водно до Сончев Град, кој би се
градел во должина од 2,5 километри, другите бараа да се почитува
одлуката со која во парк-шумата Водно се забранува изведување на било
какви градежни зафати.
-Парк-шумата Водно е во надлежност на Град Скопје и од 1976 година
со одлука е прогласен за заштитена зона. Од 1991 со сополнување на
одлуката забранети се и било какви активности кои можат да доведат до
нарушување на биодиверзитетот на Водно, велат и во секторот за животна
средина. Против изградбата на патот во изминатиот период се огласија и
еколошки организации. Од Агенцијата, пак, велат дека, со овие
испитувања ќе се согледаат можностите и ќе се бара најдобро решение за
изградба на патот.
-Ние се уште немаме согледувања за тоа каде би бил изграден патот и
затоа ни беше неопходна согласност од Градот под чија надлежност е
парк-шумата Водно, за да ги започнеме испитувањата на самиот терен.
Сеуште не се знае каде ќе поминува трасата и затоа е потребно да се
направат тие исптувања за да се изнајде најдобро решение. Се надеваме
дека нема да имаме никакви проблеми со еколошките друштва со оглед дека
сме во постојана комуникација со нив, вели Катерина Панова-Илиевска,
одговорна за односи со јавност во Агенцијата. Од Министерството за
животна средина пак, велат дека се направени сите анализи и испитувања
со сите забелешки кои беа дадени за време на јавните расправи, при што
е констатирано дека импликациите и влијанијата врз природата,
биодиверзитетот врз воздухот и почвата се во рамките на дозволеното за
зафати од ваков вид.
http://vecer.com.mk/?ItemID=E0296A2F61872C4681A1869256337077 |
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#208 Posted: 18-Sep-2008 at 22:29 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#209 Posted: 18-Sep-2008 at 22:17 |
Еве го урбанистичкиот план за Сончев Град во преголема резолуција, а башка има и можност за layer-и при разгледување. http://www.4shared.com/file/63529656/61e131f4/6SG_SINTEZEN_F-6SG_SINTEZEN.html
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#210 Posted: 10-Jul-2008 at 08:11 |
 Па добро резонот и планирањето не е секогаш најсилна страна кај нас. Дури и да се сите услови исполнети за тунел немора да значи дека ќе го прават иако е тоа најдоброто решение. За Патишка река. Иако за жал тоа не треба да биде начинот на решавање на проблемите мислам дека влезот на ДУИ во власта носи шанса селаните таму да попуштат. Ако не се лажам ДУИ беше доминантна таму.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#211 Posted: 10-Jul-2008 at 05:48 |
Доколку сепак приказнава за Сончев Град добие среќна завршица, би било можно да се реши и дилемата за проблематичниот пат што беше најавен. Како што повеќето од вас знаат, Македонија само што се задолжи кај ЕБРД и Светска Банка за цели 120 милиони евра, наменски за локалните и регионалните патишта. Мислам дека не би било проблем, туку дека би било баш логично 1 до 2 проценти од овие средства да се употребат за изградба на тунелот како што е планирано со ГУП-от, а не да се трасира нов пат по Водно, како што првично се најави од фондот за патишта. Проценката за 1 до 2 проценти се разбира е груба проценка, но логиката укажува дека цената би се движела отприлика во тој опсег. Од друга страна треба да се земе во предвид и дека беше најавено дека варијантата без тунел ќе чини 700 илјади евра, што не е сума за потценување и нормално треба да се вкалкулира во „големата слика“. Толкава сума за лошо решение според мене е тотално неприфатлива, особено сега кога со помош на земените кредити сме финансиски повеќе од способни да го реализираме тунелот. Но се разбира, прво треба да се реши проблемот со Патишка Река и да се надминат проблемите во врска со земјиштето... Ако тоа не се реши, нема да ни треба никаков пат
Edited by Cloverstack - 10-Jul-2008 at 05:56
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#212 Posted: 04-Jul-2008 at 08:16 |
 strasno... a inaku za sonceviot grad se zboruva barem 8 godini. znaci 6-7 godini pred da se najde investitor. Imaa sansa 100 pati da ja sredat taa prokleta dokumntacija i site tehnicki prasanja.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#213 Posted: 04-Jul-2008 at 05:17 |
ТРПЕНИЕТО НА ИЗРАЕЛЦИТЕ СЕ ТЕНЧИ
ВИСИ ИЗГРАДБАТА НА СОНЧЕВИОТ ГРАД
Неизвесна е
изградбата на елитната населба Сончев град. Инвестицијата ја кочат
голем број на адмистративни проблеми со земјиштето на сончевата страна
на Водно, дознава Сител.

Како што изјавуваат извори вклучени во проектот,
трпението на Израелците сериозно се истенчило, откако и по една година
од најавата се уште не може да тргне изградбата на луксузниот комплекс. Еден
од главните проблеми бил во застарените геодетски податоци на
земјиштето. Станувало збор за авионски снимки од далечната 1962 година. Инвеститорите
заклучиле дека тие не се совпаѓаат со актуелната состојба на теренот,
односно дека границите на парцелите означени пред речиси половина век
денеска се неточни и се преклопуваат со други парцели. Заради
спорниот детален урабинистички план, новите сопственици на околу 600
парцели кои влегуваат во земјиштето се уште не се впишани во катастарот. Според
нашите информации, вчера претставници на Индустриал Билдингс
корпорацијата ги дискутирале овие проблеми во Министерството за
транспорт. Холдингот ИБЦ во мај минатата година лицитараше и
плати 3,6 милиони евра за над 630 илјади квадратни метри земјиште во
општината Сопиште. Изградбата на модерна населба за домување на
6.000 луѓе требаше да стартува за шест месеци од добивањето на
градежните дозволи, а да заврши во 2011-та. Временскиот рок за
реализација на проектот беше еден од условите пропишани во јавниот
оглас. Меѓувреме, растот на цените на градежните материјали ја поскапел изградбата на Сончевиот град од 100 на 200 милиони евра. http://sitel.com.mk/?ItemID=509FFCF610754C4498807871D4E388ED
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#214 Posted: 03-Jul-2008 at 15:59 |
Не сум добро запознаен со тоа што се случувало, ама мислам дека vevcani.gov.mk не е добар и непристрасен извор, за сето ова да го земаме здраво за готово.
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#215 Posted: 03-Jul-2008 at 14:31 |
... Расплет на "Вевчанскиот случај"
"...Крајот на 1989 година донесе конечен расплет на 'Вевчанскиот случај'. Под притисок на митинзите, извршените разговори со раководните републички структури и отпочнатите демократски процеси се реализираа нашите барања: јавно се осуди примената на сила, именувани се виновниците кои се земени на одговорност, отфрлени се дисквалификациите за Вевчани. Како директна последица на тоа претседателот на ОК СКМ Н. Ѓончески поднесе оставка, разрешени се од функција Александар Андоновски, републички секретар на СВР, Киро Коштанов, потсекретар, Уранија Попоска, претседател на Извршниот совет на Собранието на општина Струга, сменет е комплетниот Општински комитет на СКМ, а во новиот Централен комитет не се избрани никој од посредно или непосредно одговорните за 'Вевчанскиот случај'. Под вакви услови на се уште силната бирократска спрега, веројатно тоа беше максимум. Вевчанци ја добија битката за својата вистина и, тоа значи целосна морална сатисфакција. Но, дали е откреина правата вистина? Мислам не! И натаму останува скриена вистинската улога на Претседателот на ЦК СКМ и Јаков Лазароски, односно на РИС и Глигорие Гоговски, како претседатели. Личната вина на многумина се сокри во колективната одговорност, иако имаше елементи / и тоа доста/ и за кривично гонење. Поради тоа, задоволството на Вевчанци не е целосно. Сепак, Вевчани треба да се чувствува како победник. Сега, отпочнува новата битка за самостојна Општина Вевчани." 
|
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#216 Posted: 03-Jul-2008 at 14:04 |
Еве како тврдокорни селани “ПРВИ“ во сфрј и кренаа глава на власта, воедно тоа беше и првата ветер што подоцна беше кураж за сите останати сограѓани од другите републики, но работата отиде наврат нанос кога национализмот доби на сила, па на крај сепак место реформатори Вевчанци станаа деформатори со селката буна што ја кренаа. има една вистина кај Патишчани фрли рипче за да фатиш крапче, па така ако опстојат во инатот, владата или израелците ќе мора да ги подмитат со некој проект, пр. обнова на мостот иако е веќе обновен или интернет кафе на средсело  а зошто да не и бенифиции во шумарството...
http://www.vevcani.gov.mk/index.php?id=389
"ВЕВЧАНСКИОТ СЛУЧАЈ" - МЕТАФОРА ЗА НЕПОКОРОТ
"Вевчанскиот случај", кој во својата најдрастична форма се манифестираше со двете интервенции на полицијата на 26 мај и 7 август 1987 година, по изминат период од речиси една и пол деценија, а во историски контекст, своето место го наоѓа токму во континуираниот отпор на вевчанци, при посегањето во нивните права. Тој всушност стана најсилна метафора на нивната вечна борба за опстанок на овој простор и на непокорот, кој со векови, постојано ги иницира развојните процеси и размислувањата за проширување на слободите и демократијата.
Поавторитетните аналитичари на настаните од 1987 година и во годините што следуваа, кога на демонстрацијата на сила од страна на власта и на примената на различните форми на притисок се одговараша со разни форми на непослушност, протести и борба за зачувување на сопственото достоинство, оценуваат дека атакот врз Вевчани имаше повеќе причини. Тие на крајот сосема се вклопуваат во сценариото и намерата на власта за демонстрација на сила и обидот да го бранат тогашниот политички "систем", ако е потребно со употреба на сите видови на сила и со сите и најгруби форми на притисок врз граѓаните.
Оваа теза може да се поткрепи со повеќе клучни аргументи:
Партиско - полициските структури го очекуваа отпорот на вевчанци, но ни оддалеку во своето сценарио не можеа да ги предвидат формите на отпорот, неговите димензии, влијанието на медиумите, како и текот на политичките процеси и промени што ги зафатија некогашните социјалистички држави, а во кои Вевчани има доминантно и заслужено место.
Одбраната на "системот" и своите лични пресметки во партиско полициската и политичката номенклатура, власта ја креираше со создавање на еден догматски, застарен и страшен идеолошки стереотип, дека отпорот на вевчанци е инспириран однадвор и од политички и државни непријатели од најразлични видови - граѓанска десница, информбировци, верски шовинисти. Со тоа всушност на Вевчани му беше ставена колективна етикета на политичка неподобност и идеолошко непријателство на системот.
Идеолошка матрица на власта во медиумскиот настап и налагаше предимензионирање на формалната причина за спорот - водата, а во идеолошкиот настап, во не многу затскриена форма минимизирање на сопствената глупост, зад синтагмата "вевчански синдром", која како црв ја риеше и уриваше самодовербата на власта во релизацијата на кабинетските сценарија.
При атакот на Вевчани, власта ги имаше вкалкулирано постојаните повоени недоразбирања меѓу општинскиот центар во Струга, од една и Вевчани, од друга страна. Но во својот настап, оваа димензија, власта ја прикриваше, така што тој медиумски се претставуваше низ различни и контраверзни модели: власта, особено пред македонската јавност, се трудеше настаните да ги прикаже како судир на две села, а вевчанци, пошироката демократската јавност и водечките интелектуалци, го претставуваа како судир на народот со бирократијата и борба за човекови права и достоинство .
Излегувањето на специјалните полициски сили во Вевчани, на 26 мај и 7 август 1987, малтретирањето на жените, децата и старците, може да се означи како меѓник за отворен настап на силите на репресијата против напливот на демократски идеи и општествени промени. Оттогаш натаму, репресијата и примената на сила не престанаа на просторите на поголемиот дел од поранешна Југославија, туку добиваа се позастрашувачки димензии.
Силата на Вевчани произлегуваше пред се од длабоко вкоренетата традиција за непокор и отпор на наметнувањето на волјата на властодршците, што историски гледано е постојано присутно на овој простор: одбивање на исламизацијата за време на отоманската власт и организирањето на оружен отпор против неа, битката против качачките банди, учеството на вевчанци во Втората светска војна. Тој континуиран отпор претставуваше едукација на населението за организиран настап.
Во душите на генерациите вевчанци кои учествуваа и го носеа расплетот во драмата на "вевчанскиот случај", како жива незалечена рана и како запис во колективната меморија, беа сеќавањата на притисоците што во повоениот период, ги правеше, сега веќе македонската државно партиската олигархија, против се што со тешка мака, ентузијазам и труд е создавано во Вевчани: отварањето претпријатие со седиште во Вевчани, дом на култура, кино сала, хидроцентрала, печалбарска задруга, отварањето на здравствена станица по војната. Во 1968 година власта се обиде незаконито и со полициска интервенција да ја задуши работата на здравствената станица. Се што вевчанци иницираа да се направи за напредок на селото, дочекувано е на нож, со трагични последици за неговите жители. Тие во повоениот период при судирите со бирократијата, постојано беа жигосувани како политички непријатели. Таквите етикети најчесто им се прилепуваа на најучените, најупорните и најтрудољубивите вевчанци.
Колку што повеќе "Вевчанскиот случај" во јавноста добиваше на тежина, се множеа пријателите на Вевчани, од редот на истомисленици, врвни и неприкосновени интелектуалци. Вевчани стана "Мека" за сите што беа со слободумни идеи или трпеа некаков вид неправда, а сето тоа заедно со интелектуалната и вкупна сила на населението, печалбарите, граѓаните и вевчанците надвор од родното место, природно се вградуваше во еден силен демократски тек, кој поткрепен од силата на се поотворената јавност, ништо не можеше да го запре. Случајот Вевчани се трансформира во движење за отпор, демократија, човекови права и слободи.
Медиумите имаа значајна ролја во доведувањето на вевчанските настани до разрешница. Во упорниот пат на Вевчани до правдата, македонските медиуми, покажаа невидена инфериорност, карактеристична и за другите средини во поранешна Југославија, кога станува збор за анализи на настаните на "домашен" терен. Медиумите во Белград, Љубљана, Сараево, Титоград, преку критиката изречена на македонската политичко партиска номенклатура, ја опоменуваа и македонската, но и бирократијата во сопствените средини. Долготрајното и упорно опстојување на медиумите во Македонија во одбрана на ставовите на македонското политичко водство, само ја аргументираше неподготвеноста да се прифатат демократските промени кои ги налагаше крајот на осумдесеттите години. Отпорот и одбраната на сопствените права, придонесе темата Вевчани, како модел на критика на тогашниот општествен и политички систем, да не се симнува во јавноста и да го задржи интересот на јавното мислење и покрај такви настани како што беше - преземањето на власта од страна на Милошевиќ во Србија, порастот на национализмот, падот на Југославија и создавањето на национални држави и повеќепартиски систем. Вевчанските партиски организации делуваа како фракција во тогашниот СКМ и СКЈ и тие во разговорите со највисоките партиски функционери, изразувајќи го своето несогласување со неподготвеноста на комунистичката партија да се промени самата и да придонесе за пошироки општествени промени, најавија формирање на нова политичка партија, уште во времето кога на други места се зборуваше само за "ситно", "козметичко дотерување" на социјализмот. Очигледно беше дека политичките елити во Македонија и Југославија немаа сенс за времето и промените што доаѓаа.
Разрешницата на "Вевчанскиот случај", донесе извесна сатисфакција: Вевчани стана средиште околу кое се одвиваше вкупната битка за пробив на идеите за човекови права, слободи и демократија. На 5 мај 1989 година, речиси целокупното партиско и државно раководство беше принудено да излезе пред вевчанци на платото пред зградата на Централниот комитет во Скопје и да ја осуди полициската интервенција. Новото македонско партиското раководство, на крајот сепак најде сили и токму во Вевчани, летото, на 9 август 1990 година, се извини и ја промовираше Декларацијата за човекови права. Претходно Собранието на Македонија ја осуди интервенцијата на полицијата во Вевчани. Како значаен резултат на битката на Вевчани за одговорност, беше и симнувањето од власта на дел од државните и партиските функционери, креатори на "Вевчанскиот случај". Подоценежните упорни настојувања вродија со плод и дојде до обновување на самостојна општина со Законот за локална самоуправа во 1996 година. * * * Накусо кажано, со погрешниот чекор направен во Вевчани, власта неминовно се заглиби, во отворен фронт со народот и "лов на вештици", кој, во судир со демократските идеи, на овој или друг начин мораше да излезе на виделина. Вевчанските партиски организации делуваа како фракција во тогашниот СКМ и СКЈ. Очигледно беше дека политичките елити во Македонија и Југославија немаа сенс за времето и промените што беа на врата, а со тоа беше испуштена шансата за мирен расплет на југословенската криза.
Најслободното толкување на овие настани, во вевчанскиот отпор, демонстративниот и радикален настап, секако може и треба да ја пронајде тесната врска со напливот на демократските идеи и идеите за цивилното општество што се манифестираа во штрајкот со глад, секојдневните мирни протести, формирањето на одборот за човекови права, еколошкото здружение, славењето на годишнини од настаните, кампањата "со култура против некултурата", свеќите над сеуште "живото идеолошко ткиво на комунизмот", протестите пред Општинскиот комитет и Централниот на СКМ, одењето во сојузните институции - Собранието на СФРЈ, ЦК СКЈ. Вевчани, политички, медиумски и реално во животот беше македонската демократска пролет и настаните кореспондираа или беа претходница, на она што се случуваше на поширокиот простор во тогашна Југославија, но и во другите земји на реалсоцијализмот. Со иницирањето на формални и неформални институции на цивилното општество, немирењето со ситните отстапки, енергично се најавуваше повеќепартизмот, борбата за човекови права и цивилното општество.
За жал Вевчани беше почеток и крај на демократијата. Некако со стивнувањето на вевчанскиот случај, стивна борбата за слобода и демократија, а народот во Македонија, и во сопствената независна држава и во повеќепартискиот систем стана плен и предмет на нови манипулации.
Хронологија на поважните настани: - Јануари 1987 - општинските раководители во Струга навестуваат дека ќе се употреби и сила за да се реши комуналниот проблем со водата. - 15 мај 1987 година, во Струга, меѓу општинското раководство и претставниците на Вевчани е постигнат договор за решавање на проблемот на водоснабдувањето и изградба на резервоар за вода во Вевчани. - 26 мај 1987, работите започнуваат ненајавено, без почитување на постигнатиот договор и со интервенција на специјалната полиција против народот. Медиумите - "Борба", "Новости", "Политика" и "Дело" објавија вести за интервенцијата - Вевчанските печалбари и вевчанци што живеат на просторите на Југославија, организирано упатуваат телеграми со протести против насилството што власта го прави во Вевчани - 12 јуни 1987 - Претседателството на ЦК СКМ донесува заклучоци со кои Вевчани се анатемисува како непријателско гнездо и со кои се охрабрува општинското раководство да ги засили притисоците. - Информативниот молк силно е разбиен со писмата на вевчанци објавени во "Политика" (7 јуни) и "Борба" (22 јуни). - Месната заедница, партиската и другите ограноци на политичките организации во Вевчани ги отфрлаат ставовите на ЦК СКМ. - 23 јуни 1987 Вевчанки, бараат прием кај Лазар Мојсов, тогаш претседател на претседателството на СФРЈ. Наместо Мојсов ги прими шефот на кабинетот. - Летото 1987 година, постојано се вршат политички и полициски притисоци врз Вевчани - Претседателството на ЦК СКМ, Општинскиот комитет на СК на Струга, како и другите ограноци на политичките организации вршат притисок за диференцијација, а полицијата е постојано и премасовно присутна на сите јавни места. - 6 август - најава за интервенција на водоводот и предупредувачко доаѓање на полицијата. - 7 август - Започнување на градежните работи со силна полициска интервенција против народот - со тепање на жени, деца и со употреба на електрични палки. - Младинците започнаа штрајк со глад. - Започнува мирниот протест на Вевчанци ширум светот. - Вевчанци се подготвуваат за барање на правда пред сојузните институции, пред се во Собранието на СФРЈ, а на 8 септември, група од 27 вевчанци е примена во Сојузниот собор на Собранието - 25 септември - Организацијата на СКМ од Вевчани дефинитивно и официјално ја отфрла Информацијата на ЦК СКМ - "Вевчанска вечер" во Белград - 11 - 18 јануари 1988 година - Печалбарски денови, гости: Коле Чашуле, Гертруда Мунитиќ, поети од Словенија, Србија, Црна Гора, екипата на "Дунав- филм", се снима документарниот филм на Крсто Шканата "Благодариме на слободата". Хит е беџот на вајарот Воја Василијевиќ. Власта го запленува беџот кај ќе стигне, а на охридскиот аеродром му го одзема беџот на директорот на "Дунав - филм" Никола - Тоља Вучиниќ и му издава потврда за запленетиот "непријателски" беџ. - 27 март 1988, Белград - Документарниот филм "Благодариме на слободата" на фестивалот на докуметарни филмови ја добива највисоката награда и е прикажан во преполната сала на Домот на синдикатите - 25/26 мај 1988 Концерт на Бора Ѓорѓевиќ, на првата годишнина од интервенцијата на 26 мај 1987 година. - Лето 1988 година, телеграма на вевчанската младинска организација со поддршка на словенечката младина - 7 август 1988 - Августовски денови на културата, протестен марш, настап на Михаило Србакоски и Анастас Мукоски, претстава на Младинскиот алтернативен театар од Словенија, промоција на книгата "Вевчани кој ќе ги измие рацете" од Жарко Рајковиќ, изложба на фотографии со сцени од насилството врз Вевчани. - Вевчани врие од новинари, голем број интелектуалци, некои и од Македонија, кои ја изразуваат својата поддршка, а на Струшкуте вечери на поезијата протести на интелектуалците против власта и репресијата. - Јануари 1989 - Печалбарски денови, гости: Јадранка Јовановиќ, првенец на Белградската опера, филмска вечер посветена на Крсто Шканата, уметничка изложба, изведена е претставата "Лазарево писмо" од страна Факултетот за драмска уметност. Рецитал на Бора Ѓорѓевиќ. - 17 јануари - општинското раководство се обидува да изнуди компромис - 23 и 24 јануари - протестен митинг пред Општинскиот комитет на СК на Струга: се бара дефинитивно утврдување на одговорноста за полициските интервенции и симнување на етикетите фрлени врз Вевчани, како и сменување на одговорните функционери. - 30 јануари - прием на делегација од Вевчани во Собранието на Македонија, кај претседателот Вулнет Старова. Се бара Собранието да ја утврди одговорноста - 30 март 1989, вевчанска делегација кај тогашниот претседател на ЦК СКМ, Јаков Лазароски: се бара повлекување на оценките на ЦК СКМ и смена на инспираторите на случајот во Струга, како и на наредбодавците на полициската ингтервенција. - 4 мај - Протестен митинг во Струга. По долги перипетии и притисоци да не се организира, митингот продолжи во Скопје на 5 мај. На народот од Вевчани, на кој му се придружија голем број на граѓани од Скопје, му се обрати Васил Радиноски и ги посочи барањата за утврдување на одговорноста и за симнување на партиските заклучоци против Вевчани. Највисокото државно партиско раководство, на чело со Јаков Лазароски, излезе пред народот и вербално го осуди насилството, најавувајќи смени на одговорните функционери. - 9 мај - Седница на ЦК СКМ - осуда на примената на сила - Августовски денови на културата - гости голем број писатели и интелектуалци. Македонските писатели се поприсутни во Вевчани. - 26 август - Поетски митинг на учесниците на СВП - Септември 1989 - вевчанските комунисти бараат во листите за нови функционери да не бидат вклучени - Јаков Лазаровски, Михаил Данев, Ленче Софрониевска, Димитар Трпеновски, Глигорие Гоговски, Милан Панчевски, Драгољуб Ставрев и други дотогашни функционери, вмешани во вевчанскиот случај. - Надлежниот одбор на Собранието на Македонија, потврди дека интервенцијата на полицијата во Вевчани е незаконита, дека не се почитувани овластувањата, а градежните работи на водоводот започнати без соодветна документација. - 9 август 1990 - откриена "Плочата на срамот". Одржан мирниот протест, а главен гостин беше Викторија Поточник, од Словенија, делегат кој го иницираше расчистувањето на вевчанскиот случај во Собранието на Југославија. - 9 август 1990 - Новиот лидер на СКМ, Петар Гошев, на неформален начин во име на партијата, се извини на Вевчани, промовирајќи ја "Декларацијата за човекови права".
... |
Edited by beTon - 03-Jul-2008 at 14:26
|
 |
Raisinloaf
Senior Member
Joined: 31-May-2008
Location: Gevgelija
Online Status: Offline
Posts: 227
|
Quote Reply
#217 Posted: 06-Jun-2008 at 17:39 |
Абе во Кина и цели населби се иселуваат (еминентно подрачје) за да се реализира некој проект па сега некои селани би требало да бидат проблем.Ама во ваква држава се е можно.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#218 Posted: 05-Jun-2008 at 22:10 |
Ајдеее, ќе се реши и ова. Неможе сељаци да кочат вакви проекти од големо значење. Ќе ги фатат на кондиција.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#219 Posted: 05-Jun-2008 at 22:06 |
Ова со Патишка Река колку што знам нема никаква врска со експропријација, едноставно тие таму сметаат дека реката е нивна и сега види богати не ја давале, пошто по нивна проценка имало вода доволно само за нив. Не знам у кој контекст го кажа тоа vardar, али би било глупо да се пребацува зашто тука има континуитет, а таму би било како паднато од марс.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#220 Posted: 05-Jun-2008 at 21:11 |
Муабетов може да го сместиме у темата за екпропријација, имам отворено ваква пре дмногу време.
|
 |