Print Page | Close Window

Сончев Град

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Станбени
Forum Discription: Станбени згради, станбено-деловни комплекси, резиденцијални објекти и населби...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=60
Printed Date: 23-Oct-2018 at 08:30


Topic: Сончев Град
Posted By: Cloverstack
Subject: Сончев Град
Date Posted: 08-Oct-2007 at 14:03
За ваквите треба само оштро. Не е битно колку е замешама политика.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E7394538C3D6A54AB527C3FEB397D4DE - http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E7394538C3D6A54AB527C3FEB397D4DE


ПРОДОЛЖУВА БЛОКАДАТА НА ИЗВОРОТ ЗА СОНЧЕВ ГРАД

Жителите на Патишка Река се искараа со сите

Жителите на селото Патишка Река на неодамнешната трибина се искарале со општинските власти од Сопиште, со двајца пратеници и со другите дискутанти. На висок тон им рекле, „никогаш нема да дадеме вода за Сончев град“, по што демонстративно станале и ја напуштиле салата. Од Општината велат дека трибината била уште еден обид да најдат заеднички јазик со жителите, кои два месеца го блокираат изворот.

Тој треба да се стави во функција за водоснабдување на новата населба Сончев град и на 13 села во Општината Сопиште, но попусто, бидејќи жителите на Патишка Река се убедени дека истоимениот извор нема штедрост за сите. Поради тоа продолжуваат да ги блокираат градежните активности околу водоводот, а со тоа и проектот Сончев град, вреден 100 милиони евра. Од Општината изјавија дека не им е јасно зошто полицијата два пати не доаѓа да интервенира, имајќи предвид дека изворот не е на жителите, туку на државата.

Трибината, велат од Општината, била организирана од невладината организација „Мост“ на тема „Проблеми и потенцијални решенија за водоводот во Сопиште“. Биле присутни градоначалникот на Сопиште, Љупчо Кец Мицковски, како и пратениците Стојче Крстевски и Лилјана Поповска.

Израелските инвеститори „Индастриал билдингс корпорејшн“ денеска повторно доаѓаат во Македонија. Минатиот пат рекоа дека планираат градежните работи да ги почнат за три месеци. Градоначалникот Мицковски тогаш рече дека, доколку жителите и понатаму се инаетат, ќе побара помош од Владата.

Со проектот Сончев град се отвора можност за домување на околу 6.000 луѓе во 602 индивидуални куќи и во 11 станбени згради. Населбата е замислена како модерна, урбана и еколошка, градена според највисоки стандарди. Имајќи ја предвид местоположбата, на рид, народот местото веќе го нарекува „Нов Беверли Хилс“. Крајниот рок за завршување е четири години.

(Ј.И.)





Replies:
Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 08-Oct-2007 at 17:48
Dobro, pa du mu ebam majkata vajda nema investitorot da gradi 600 kukji ako nemoze so voda da se snabdat!!! Ebate toa seljacite i "nepartiskite" nevladini organizacii koi gi buckaat!!! ^%&^%&^%&^


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Oct-2007 at 17:58
Овие конкретно не верувам ни дека некоја невладина ги подржува. Единствена подршка од „надвор“ веројатно имаат директно од ДУИ, чисто ради саботерски побуди (во обратна ситуација ДПА би го правела истото - во тоа не се сомневам) и покрај тоа што голема бројка на Албанци од околните села се залагаат за изградба на водоводот кој и нив би ги снабдувал...

Ама мене не ми е јасно зашто во државава се тепаат новинари и сниматели, а ваквите деструктивци се чешлаат. Прати им Алфи и специјалци да ги смират малце, па да видиме што ќе прават и како ќе ја спречуваат изградбата.

Проект и инвестиција од вакви размери да се блокира од мала група заостанати силеџии е навистина надвор од паметот!


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 28-Oct-2007 at 18:04
Последна вест од Нетпрес во врска со Сончевиот Град:
 
Од транспорт и врски тврдат дека нема ништо спорно со тендерот за “Сончев град“

Министерството за транспорт и врски, во врска со денешната прес конференција на политичката партија ЛДП, на која беа презентирани наводни нерегуларности при постапката за јавно наддавање за проектот „Сончев град“, се огласи со својот веќе познат став, дека нема ништо спорно во врска со спроведеното јавно наддавање за „Сончев град“.

“Истовремено ја потсетуваме јавноста дека денешната прес конференција на политичката партија ЛДП е обид да лиферува информации од компанијата која не го доби земјиштето за „Сончев град“, кое што претходната Влада, во чиј состав беше и партијата ЛДП сакала да го продаде по пат на непосредна спогодба“, се вели во реакцијата од Министерството за транспорт и врски.

 ....



Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Oct-2007 at 19:44
Не ги сакам ваквите опозициски "поштењачки" прес конференции... Ама факт е дека помина околу пола година а не видовме С од Сончев град. Било какви подготвителни работи. Освен за водоводот и блокадата од локалците, нема ништо друго, не ги видовме Израелците да се појават и да објават барем нешто за проектот. Беше инаку најавено дека ќе дојде тим архитекти од таму да ја разгледа локацијата за да може да се издизајнираат типовите на куќи.
 
Од друга страна знаеме колку сегашнава гарнитура е склона на ПР и многу е веројатно дека ако имаше нешто конкретно околу тој проект ќе видевме нешто на телевизија.
 
Исто е загрижувачи што на интернет Industrial Buildings Corporation во контекст на Skopje или Macedonia враќа многу малку резултати и сите извори се Македонски владини или Македонски медиуми. Тука залутале и пар Бугарски портали за недвижнини и една објава од Израелското министерство за надворешни работи.
 
Би сакал паранојава да ми е неоснована, но премногу пати сме го виделе филмот....
 
Еве објава од 30.05 од А1. Видете каква помпа ни 24ч по потпишувањето на договорот.
 

Почнаа подготовките за изградба на Сончевиот град

http://a1.com.mk/vesti/novinar-email.asp?NovinarID=44&VestID=79905 - Наташа Стојановска  
30.05.2007

Почнаа подготовките на локацијата за изградба на Сончевиот град. Четири екипи на Катастарот на јужните падини на Водно го обележуваат земјиштето на кое треба да се гради елитната населба.

На површина од 64 хектари во општината Сопиште ги маркираа границите во чии рамки ќе се гради Сан сити. Договорот за купување на парцелата со израелската корпорација „Индустриал билдинг“ е потпишан доцна синоќа во Владата.

3,6 милиони евра легнаа на сметка на државата. Со парите што општината ќе ги добие за комуналии ќе ги решава проблемите со водоснабдување на оваа територија.

„Ги превземавме заеднички обврските околу изградбата на водоводот, бидејќи општината со свои средства ќе учествува во изградбата на водоводот од Патичка Река до Горно Соње, магистралниот вод, а од Горно Соње до Сончевиот град инвеститорот ќе ја гради таа делница со свои средства“, изјави Љупчо Мицковски, градоначалник на општина Сопиште.

Инвеститорите денеска си заминаа. За десетина дена најавиле дека ќе дојдат повторно, со израелски архитекти кои ќе излезат на терен и ќе почне реализацијата на проектот. Изградбата треба да заврши за четири години.

Предвидено е да има 603 куќи, 11 станбени згради и спортски објекти. Целата инвестиција чини околу 100 милиони евра. Локалните власти се надеваат дека тоа ќе значи и економски развој на овој дел.



Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Nov-2007 at 14:44
ДИРЕКТОРОТ НА ПРОЕКТОТ СОНЧЕВ ГРАД РОНЕН ЈАРДЕН ЗА КАПАЦИТЕТОТ НА ИНВЕСТИТОРОТ ОД ИЗРАЕЛ
Градиме згради од Њујорк до Санкт Петербург
Изградбата на Сончевиот град во Сопиште ќе почне напролет, до кога компанијата треба да ја добие сопственоста врз 636 илјади квадратни метри земја и да ги извади градежните дозволи за инфраструктурата, патиштата и за станбените згради

Вест: "Индустриал билдинг корпорејшн" е обврзана да изгради станбена населба со 604 домови, 11 згради и 2 спортски објекта во Сопиште, блиску до Скопје, до крајот на 2011 година. Дали го имате потребното искуство за еден ваков голем проект?
Јарден: ИБЦ е најголема израелска компанија за недвижности и голема градежна компанија во светски рамки. Основана е во 1961 година од израелската држава, и подоцна се приватизираше. Таа е јавно тргувана компанија и котира на берзата во Тел Авив, која е во сопственост на "Фишмен груп" која, пак, е една од најголемите и најраспространети израелски инвестициони групации. "Фишмен груп" е присутна во бизнисот со недвижности, малопродажба, медиуми и телекомуникации, високотехнолошки капитални вложувања, услуги и индустрија. Вработува повеќе од 10.000 луѓе и има консолидиран годишен промет од 1,8 милијарди американски долари.
ИБЦ изминатите 4 декади активно градеше проекти со недвижности во сите сегменти: станбени, деловни, малопродажни, индустриски и логистички проекти. Некои од овие проекти, во прв план станбените, се продаваат по изградбата, додека повеќето се најмуваат. Тоа е причината што главнината на приходот (140 милиони евра) се добива преку наемнина. Најголемиот дел од поседите во портфолиото на компанијата (површина од 1,9 милиони квадратни метри, со вкупна вредност од 1,3 милијарди евра) се изградени од компанијата.
Вест: Во кои други земји сте изградиле станбени населби?
Јарден: Станбените имоти на ИБЦ се наоѓаат низ целиот свет. Само во Израел, ИБЦ досега изгради повеќе од 50 населби, вклучувајќи и станбени висококатници. Вакви градежни потфати имаме насекаде низ светот: од Њујорк, преку Лисабон, Португалија, до Санкт Петербург во Русија. Понатаму компанијата поседува и управува со големи станбени објекти во Канада и во Германија. Само зоната во Санкт Петербург ќе вклучува приближно 9.000 станбени единици.
Вест. Кои се некои од вашите најпознати проекти и каде се наоѓаат зградите?
Јарден: Ќе набројам само неколку градежни потфати, и тоа станбени потфати - Тел Авив Тоњерс во Израел каде што првата фаза од изградбата е завршена и се гради втората фаза, Схохам во Израел - изградбата е завршена, во Санкт Петерсбург, Русија објектот е во изградба, на 225 5тх Аве., Њујорк, САД - објектот е завршен.
Деловен простор: Ацкерстеин Тоњерс, Херзлsиа, Израел (завршени згради 1-3, зграда 4 во изградба),Тоњер, Хаифа, Израел, малопродажни проекти: Сопинг Центар Вернисаге, Јарославл, Русија (завршен),Модиин Поњер Центер, Израел (завршен).
Вест: Дали имате доволно финансиски потенцијал да ја изградите населбата? Како ќе го финансирате проектот?
Јарден: ИБЦ досега го финансираше проектот Сончев град од сопствени извори. Бидејќи е јавна компанија и дел од "Фишмен груп", ИБЦ има поволен пристап до финансии, како преку капитал во акции така и од приватни извори. ИБЦ ужива долги и просперитетни односи со водечките светски банки, кои едвај чекаат да одобрат кредити за финансирање на најновиот успешен потфат на компанијата.
Вест: При првиот тендер, "Индустриа билдинг корпорејшн" не ги задоволи барањата за да учествува во тендерот. Како се јави вашиот интерес за Сончев Град?
Јарден: Меѓународниот оглас за јавното наддавање за Сончев град беше официјално објавен во "Фајненшл тајмс" на 5 април оваа година. Бидејќи дознавме дека Македонија не само што е прекрасна земја туку и многу атрактивен и брзорастечки пазар на капиталот, а ги задоволувавме сите предуслови од огласот, одлучивме да учествуваме во наддавањето. Ја следевме процедурата како што диктираа одговорните органи. Конечно, ја доставивме нашата понуда, која на крајот беше оценета како најдобра. Понудената цена беше целосно исплатена и го завршивме откупот на земјиштето.
Вест: Бидејќи тендерските услови се сменија и бидејќи само две понуди учествуваа на тендерот, "Транспарентност Македонија" и македонските политички партии обвинија дека целата процедура била наместена вие да бидете најдобриот понудувач. Како ги толкувате измените во тендерските услови и комплетната тендерска процедура?
Јарден: Свесен сум дека имаше тензија меѓу опозицијата и владејачката партија. Само можам да се надевам дека во контекст на македонските напори за придружување кон нејзините соседи, кои се членки на Европската унија, сите партии ќе се здружат за да ги промовираат странските инвестиции, а преку тоа да придонесат кон брз развој на локалната економија и инфраструктура.
ИБЦ е мултинационален деловен субјект со финансиски цели. Компанијата соработува со Владата и со општинските власти само онолку колку што е потребно да се завршат изградбите на недвижностите. Во овој случај јавниот оглас беше рекламиран меѓународно и учеството беше отворено за која било градежна компанија. Две компании се пријавија за повикот тој ден и една од нив, ИБЦ ја даде повисоката понуда. Не можам ниту да замислам поотворен и полегитимен процес.
Вест: До крајот на идниот месец би требало да почнете со изградбата на Сончевиот град. Дали ги обезбедивте сите потребни дозволи за да почнете со изградба? Која ќе биде динамиката на инфраструктурата и зградите?
Јарден: Преносот на сопственоста на 636.000 квадратни метри со повеќе парцели е долг и сложен процес. Одговорните од Катастарот не уверуваа дека овој процес наскоро ќе заврши. Кога ќе заврши, ИБЦ ќе започне да поднесува барања за градежни дозволи за инфраструктурата, патиштата и за станбените згради. Големи и сложени градежни потфати не треба да се избрзуваат; треба внимателно и прецизно да се испланираат и дизајнираат. Очекуваме да почнеме со изградба напролет во 2008 година.
Тања Јовановска

 
Извор: http://www.vest.com.mk/default.asp?id=142942&idg=7&idb=2211&rubrika=Makedonija - Вест


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Nov-2007 at 16:45
towers = тоњерс? Crazy


Posted By: dejan
Date Posted: 03-Nov-2007 at 02:56
Woow toa zvuchi interesno
hehe znam realek...poshti neli њ e 'w' bukvata na keyboard.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Dec-2007 at 04:18
Затишје во врска со проектов...  Unhappy

А нема ни информации што направија со сељаците што го блокираа водоводот Roll%20eyes

Ај постирајте ако сте налетале на било што...


Во меѓувреме да го ставиме планот на населбата




Многу подетален план (во PDF) можете да најдете овде:

http://www.build.com.mk/docs/soncevgrad.pdf - http://www.build.com.mk/docs/soncevgrad.pdf

Cheers


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Jan-2008 at 00:31
Зарем е можно една мала група неандерталци да блокираат ваква инвестиција? Барем да имаше некаква основа за нивното однесување, ама изгледа освен неразбраност и инает нема никаква реална основа... До кога ќе се толерира ова?!?

Ohno        Bash


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=06B6C21FF6C0F94E9B1842DFF385C4F5 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=06B6C21FF6C0F94E9B1842DFF385C4F5

Водоводот „Патишка Река“ тапка во место

И по напорите на надлежните од Општина Сопиште преку разговори со претставници на месните заедници да се променат ставовите на жителите од Патишка Река, повторно е доведена во прашање изградбата на водоводот „Патишка Река“, а со тоа и израелската инвестиција за изградба на Сончевград. Координативното тело од Месната заедница „Патишка Река“ по втор пат застана на страната на ставовите на жителите и не дозволува изградба на системот за водоснабдување. И овој пат тие упатуваат на зафаќање на други извори, посочувајќи ги месностите Три Реки или Езерце. Општина Сопиште, надлежните институции и државни органи, низ кои проектот е поминат со сите согласности и одобренија за градба, и натаму сметаат дека единствено изградбата на „Патишка Река“ е решение за подобро водоснабдување на жителите на Сопиште, но и за снабдувањето на Сончевград. (Сн.К.)


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 04-Jan-2008 at 13:27
Колку се надевав дека си постирал добра вест... Ohno. ШУПАЦИ! Добро бе, стварно не ми е јасно како можат да мислат дека се најпаметни... па да му се сневиди, нека пратат десет цајкани и нека тераат работа!!! Или можеби некој од страна саботира... Bash


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 04-Jan-2008 at 17:47
А дали некој знае во што е всушност проблемот? Дали е она стандардното македонско кочи само колку да се укочи некој процес или има реални проблеми? Сум возел точак во пределот на Патишка Река и знам дека е еден ретко убав и живописен предел на само 35 километри од Скопје, директно под Солунска Глава. Селото е доста отсечено и изолирано со претежно албанско население. Се прашувам дали е можеби повискоа политика во прашање (ДУИ-ДПА-СДСМ-ВМРО....)???


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Jan-2008 at 18:03


Изгледа се работи за инает помешан со политички мотиви. Реални проблеми нема... Планинците во суштина се бунат зашто ќе им ја „украделе“ водата. Претпоставувам главен политички инспиратор е ДУИ.

Инаку интересен е фактот што населението од другите села таму се сите за изградба на водоводот, без разлика на нивната национална припадност. Тој водовод ќе ги опслужува сите. Во суштина овие неандерталци од Патишка Река одат и против своите интереси...

Ама во бестрага веќе со нивните будалаштини... Ако не може мирно, тогаш нека се гради и со сила. Не смее толкава инвестиција да трпи или евентуално пропадне ради таков банален „проблем“.


Posted By: pbanks
Date Posted: 11-Jan-2008 at 23:30
Wallbash


ПРОДОЛЖУВА БЛОКАДАТА НА ИЗВОРОТ ПАТИШКА РЕКА ВО СОПИШТЕ

Изградбата на Сончев град закочена поради самоволие на жителите

Владата го продаде земјиштето за 3,6 милиони евра, а шест месеци потоа не презема конкретни мерки за да ја тргне блокадата и да му овозможи на инвеститорот да ја гради новата населба

Министерството за транспорт и врски најавува дека изградбата на населбата Сончев град во Сопиште по шест месеци одолговлекување конечно ќе почне, но ситуацијата на терен останува комплицирана. Жителите од селото Патишка Река продолжуваат со блокадата на изворот на кој треба да се приклучи водоводот за новата населба, но и за 13 села во општината Сопиште. Иако станува збор за државна вода, државни и општински претставници со месеци ги молат жителите да дозволат да се зафати изворот за водоснабдување на новата населба. Овие, пак, упорно го одбиваат тоа. Поради ваквиот однос на жителите, изградбата на модерната населба е неизвесна, бидејќи овој извор е единствениот што може да послужи за водоснабдување на Сончев град.

Од Министерството не го прецизираат точниот термин кога ќе почнат со градежните работи. Убедуваат дека изградбата е сигурна.

- Министерството за транспорт остварува континуирани контакти со Општина Сопиште и се очекува брзо да се надмине прашањето за водоводот „Патишка Река“. Со тоа ќе бидат исполнети сите предуслови за изградба на неопходната инфраструктура за идната населба, но и за неколку населени места во Сопиште - изјавија од Министерството.

Жителите на Патишка Река, со образложение дека изворот нема доволно штедрост за сите, неколкупати одбиле да разговараат со општинските власти, па дури и со министерот Миле Јанакиески. Сепак, пред неколку недели имале средба со претставници од власта и со Јанакиески, но демонстративно си заминале, повторувајќи дека не го даваат изворот.

Од Општина Сопиште велат дека изворот е во државна сопственост и дека државата си има механизми како да го реши овој проблем, но и тие помагаат, бидејќи од изградбата на населбата и Општината ќе има голем ќар. Објаснуваат дека одамна го завршиле својот дел, односно ги издале потребната техничка документација и дозволи, а предвиделе и 100 милиони денари во буџетот за изградбата на водоводот.

- Незамисливо е изградбата на населбата да почне без да се реши проблемот со водоснабдувањето - изјави градоначалникот на Сопиште, Љупчо Кец Мицковски.

Проектот за Сончев град предвидува изградба на 602 куќи и на 11 згради, во кои ќе можат да живеат 6.000 луѓе. Инвеститори се израелската фирма „Индастријал билдингс корпорејшн“.

Населбата е замислена како модерна, урбана и еколошка, градена според највисоки стандарди. Според најавите, крајниот рок за завршување е четири години. Израелците за земјиштето со површина од 636.459 квадратни метри, на државата и платија 3,6 милиони евра.

Јорданка Ивановска



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=FD404AC7958C92429550F19203A53709


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Jan-2008 at 01:04
Wallbash Wallbash Wallbash


У основа на ова лежи проблемот што секое село што има нешто вредно у близина, мисли дека тоа е нивни посед Nuts

Не беа далеку времињата кога од Рашче и околните села бараа да не плаќаат сметки за вода... Само се прашувам кога оние од Петровец и Чојлија ќе побараат бесплатни авионски билети Nuts


Абе не е нивни изворот па да го даваат или не го даваат! Мислам доволно време се потроши на молење... Веројатно имало и разноразни пазарења и понуди некако да се компензираат, што исто не ми се свиѓа... Ама еве, кога сепак уште нема позитивен резултат - се знае... Нема више со фино.


Posted By: волан
Date Posted: 23-Jan-2008 at 22:06

http://volanskopje.blog.com.mk/node/130855#comment-633150 - До “Сончевиот град“ преку средно Водно ...


Сликата%20“http://i108.photobucket.com/albums/n16/djurob/Picture001.jpg”%20не%20може%20да%20се%20прикаже%20бидејќи%20содржи%20грешки.

Најпрвин сакав  само да ја линкувам веста во мојот пост за http://volanskopje.blog.com.mk/comment/reply/78605#comment - СОНЧЕВ ГРАД
за ова бесмислица на Фондот за патишта - кој за оваа година ке пробива пат од Средно Водно до елитната населба Сончев град ...  сето ова било во овогодишната програма на Фондот за патишта ... http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=460&ArticleID=18180 - низ Водно ќе се гради пат во должина од 2,5 километри. Инвестицијата ќе чини 700.000 евра . Моментално геодети вршат снимање на теренот, а потоа ќе се прави проектот ...

Ова е втор “организиран напад“ на плуќата на Скопје, по оној со Проектот за изградба на http://volanskopje.blog.com.mk/node/124877 - Етно МК село ... на водно во близина на Пантелејмон ... ??! ... Да не зборуваме дека Водно се напаѓа и диво со сталното подигање на градежната линија ... случаевите на Шпанско село и http://volanskopje.blog.com.mk/node/122516 - Олимписко село ...

Зарем во време кога се прави акција за засадување на незнам колку нови милиони садници од Водно повторно ке правиме голо брдо какво беше по крајот на втората светска војна ... Екологистите мора да го дигнат гласот ... Ако треба и со жив штит да се брани Водно ...

Пат до другата страна на Водно е предвиден со тунел ... Ако нема пари за тоа ... нека се остави за некоја друга генерација ... а Водно нека остане како и досега Плуќа на Скопјани ...


Сликата%20“http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/233DEA9AAEF9254C8B4C039703F019ED.jpg”%20не%20може%20да%20се%20прикаже%20бидејќи%20содржи%20грешки. Image0404-1936%28A1%29.jpgImage0404-1937%28A1%29%5b4%5d.jpg

Ако не излезат фотките одете на ликот на мојот блог ... најгоре ...




-------------
волан


Posted By: pbanks
Date Posted: 23-Jan-2008 at 22:14


интересна тема зачнуваш волан. Не ја знам трасата на планираниот пат и доколку е од средно водно веројатно би бил против. Но колку што знам треба да почнува кај ИЗИС. Таква варијанта мислам дека не би ми сметала. Тој дел од градот (Припор, Сопиште, Соње итн) и онака немаат културна врска со градот и не гледам каде таа би се изградила (можеби може некаде позади цементарница?). Значи асален пат до таму мора да се направи и решението од кај ИЗИС па по границата на градежната линија над Пржино до Сончев град мислам дека не е лоша. Таму каде што би можело и би имало потреба би било фино да се направат тунели иако не верувам дека нешто такво е планирано.

Со другите работи во твојот коментар се сложувам. Мора да му се посвети поголемо внимание на Водно, градежната линија да се запечати. Во една друга нишка дискутиравме дека сообраќајот нагоре комплетно треба да се забрани (ете кај ИЗИС би било перфектно место за рампа) од таа линија па нагоре планината да биде само за рекреативци а они кои не можат/не сакаат да се качуваат би ја користеле хипотетичката жичница која треба да се изгради.

Cheers


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Jan-2008 at 22:23
Волан, која е точно трасата на овој пат?


Пат до другата страна на Водно е предвиден со тунел


Да, ретко кој знае дека е предвиден таков тунел, од ИЗИС, точно до Сончев град (мислам во должина од околу 2km). Реално да се инвестира во таков тунел во овој момент би било неодговорно затоа што имаме многу поголеми приоритети. Но дур стигне тунелот за реализација би било пожелно да се среди постоечкиот пат преку Припор и Сопиште. Со тоа, наместо да го уништуваат Водно, ќе имаат сепак солидна врска која ќе користи и за споментатите населби.


Posted By: pbanks
Date Posted: 23-Jan-2008 at 22:26
Originally posted by Cloverstack

Со тоа, наместо да го уништуваат Водно, ќе имаат сепак солидна врска која ќе користи и за споментатите населби.


Патот е тесен, нема простор за проширување освен ако не се фрлат големи пари за експропријација, успонот е голем, не е по никакви стандарди. Не верувам дека може којзнае што да се направи со тој пат. Инаку самиот коловоз е добар. Проблем таму се наносите од камчиња и песок при секој поголем дожд.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Jan-2008 at 22:43


Не го знам тој дел толку добро, веројатно си во право. Но еве во овој извадок од сообраќајниот ГУП, тој пат ионака е зацртан да биде од повисока категорија се до после Припор. А од друга страна не е предвиден онаков пат како што кажуваш. Патот што би продолжил полсе ИЗИС се спушта надолу и на крај треба да се спои со идниот продолжеток на Бул. Србија.

На планов исто така може да се види и дел од тунелот

http://imageshack.us">




Posted By: pbanks
Date Posted: 23-Jan-2008 at 22:49
Originally posted by Cloverstack



Не го знам тој дел толку добро, веројатно си во право. Но еве во овој извадок од сообраќајниот ГУП, тој пат ионака е зацртан да биде од повисока категорија се до после Припор. А од друга страна не е предвиден онаков пат како што кажуваш. Патот што би продолжил полсе ИЗИС се спушта надолу и на крај треба да се спои со идниот продолжеток на Бул. Србија.

На планов исто така може да се види и дел од тунелот


Јас само шпекулирав како може да биде, немам претстава како точно планираат да искочи тој пат до Сончев град. Стварно не ми е јасно како ќе го шират патот нагоре како што е прикажно на планов.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Jan-2008 at 22:52
Јас сум загрижен со ова да не го отпишуваат тунелот и место него да градат новозамислен, прилично интрузивен пат по падините на водно.


Posted By: волан
Date Posted: 23-Jan-2008 at 23:44
Тунелот е проектиран од главниот проектант на поземјотресно скопје Кензо Танге ... И под ниеден услов не го давам Водно за никаков пат ... или преку Припор времено или Тунел ... Нема пари нема музика ...

На некои стари фотографии на Водно (онака разголено) мислам дека и тука видов некоја ... водно е голо ... пронајдете такви слики ги има за да кажеме каво беше Водно пред да го пошумат четири генерации скопјани ... ставете ја тука ...


-------------
волан


Posted By: pbanks
Date Posted: 23-Jan-2008 at 23:53


сум ја видел сликата. Стварно е феноменална трансформацијата на Водно со пошумувањето. Генерално игнорантноста и непознавањето на многу Скопјани за својот град е толку голема што многумина незнаат дека Водно воопшто било пошумувано. Можеби затоа и се однесуваат така со него и го зимаат здраво за готово.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Jan-2008 at 03:23
Јас живеам во горниов десен агол од сликава па ако треба нешто за сликање кажете тука сум.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 24-Jan-2008 at 18:55
Се сложувам со Волан за Водно и големи патишта на него. Би прифатил идеја од ИЗИС под Марково Крувче (каде што и онака не е многу пошумено) да проаѓа тој пат. Нагоре никако. Дури мислам дека и овој тековен пат треба да се забрани за сообраќај како што веќе зборував. 100 пати ми се има случено кога возам точак на Водно по патот нагоре да бидам речиси прегазен од идиотите што со некои фризирани југовци вежбаат за трка-без одобрени, без таблици со по 100км/ч, и со бучава што све живо и диво ќе растера од Водно.


Posted By: волан
Date Posted: 24-Jan-2008 at 19:37
Сликата%20“http://i265.photobucket.com/albums/ii203/mitatos/9.jpg”%20не%20може%20да%20се%20прикаже%20бидејќи%20содржи%20грешки.
пгледнете на фоткава само колку било голо Скопје ... Ова ли сакаме пак да го имаме ...


-------------
волан


Posted By: волан
Date Posted: 24-Jan-2008 at 22:28
http://imageshack.us/">

Ова слика во позадина највеќе зборува какво било Водно ... голо ...


Еве уште една .... 


Или можеби оваа повеќе зборува ...


  можеби оваа ...


  или оваа ...

c="http://purl.org/dc/elements/1.1/" xmlns:trackback="http://madskills.com/public/xml/rss/module/trackback/"> escription rdf:about="http://volanskopje.blog.com.mk/node/130855" dc:identifier="http://volanskopje.blog.com.mk/node/130855" dc:title="До “Сончевиот град“ преку средно Водно ..." trackback:ping="http://volanskopje.blog.com.mk/trackback/130855" /> -->


-------------
волан


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Jan-2008 at 22:31


Нека го заборават тој пат и нека се посветат на рушење на шпанското село на пример!


Posted By: волан
Date Posted: 25-Jan-2008 at 20:57
Водно некогаш се именувало со име ГОЛО БРДО ... за да дојде до сегашна релативно задоволителна состојба ... Дрво за да порасне најпрвин треба да го посадиш - потоа неколку години интензивно да го негуваш ... дури по поминати дваесетина години заличува голото брдо на мекава ниска шума ... а за вистинска шума треба  период од 50 до 100 години години ... Како и приказната како се прави добра англиска трева ... ако не ја знаете ке Ви ја кажам ...

На темава пишува и денешен Шпиц.

http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=462&ArticleID=18237 - Патот ќе го бричи Водно
Дејан РИСТОВСКИ
Шпиц-петок, 25 јануари 2008

** Новиот пат на Водно ќе уништи некои од растенијата што се развиваат на планината во последните 70 години, откако почнало пошумувањето на „Голо Брдо“, како што претходно било познато Водно. Ова го тврди професор Љупчо Меловски од Македонското еколошко друштво.
** Планинарите и еколозите неколку пати со протести апелираа за постепеното загадување и уништување на природата на Водно, која е единствена поголема зелена површина во Скопје.



-------------
волан


Posted By: pbanks
Date Posted: 31-Jan-2008 at 09:37
Како може да не ја знаат трасата и сега да снимаат ако веќе постои план, оној за кој веќе дискутиравме Dunno

ГРАДОТ СЕ ПРОТИВи НА НАЈАВИте ЗА СООБРАЌАЈНИЦА ВО ПАРК-ШУМАТА

Новиот пат до Сончев град ќе го уништи Водно

Изградбата на овој пат, кој треба да ја поврзува идната населба Сончев град со Скопје, ќе ја зголеми опасноста од пожари, аерозагадување и од порои, а ќе се зголеми и бучавата

Градот Скопје и претпријатието „Паркови и зеленило“ жестоко се противат да се уништи дел од заштитениот појас на Водно за да се изгради нова сообраќајница што треба да ја поврзува идната населба Сончев град со градот. Ако во заштитениот појас на Водно се исечат дрвја за да се изгради нова улица, тоа ќе значи влошување на состојбата на парк-шумата и нејзино загадување, сметаат од јавното претпријатие. Улицата треба да биде долга 2,5 километра, ќе се надоврзе на постојниот пат на Водно, а ќе се гради со 700.000 евра од Фондот за патишта. Од Министерството за транспорт и врски велат дека теренот во шумата веќе се снима, по што се очекува да биде одредена точната траса што треба да ги спои северната и јужната падина на планината. Од Градот потенцираат дека градоначалникот Костовски својот став за заштитата на Водно од нови сообраќајници го потврдил на две работни средби, кои биле организирани по повод изградбата на патот.

- Со Одлука на Советот на Град Скопје, Водно е прогласено за парк-шума и заштитено подрачје, што е уште еден аргумент повеќе за негативниот став на Градот за  изградба на патот - велат во градското Одделение за односи со јавноста.Од „Паркови и зеленило“ се децидни дека изградбата на овој пат навлегува во заштитениот простор на парк-шумата Водно, која е од големо значење за граѓаните на Скопје.

- Со изградбата на овој пат ќе се влоши еколошката состојба на паркот Водно, а со тоа и во самото Скопје. Ќе се зголеми опасноста од шумски пожари и аерозагадувањето во парк-шумата, ќе порасне нивото на бучава и ќе се зголеми опасноста од порои од источната страна на Водно - велат во „Паркови“.Од Министерството за транспорт и врски информираат дека патот ќе се гради согласно со Годишната програма за изградба и реконструкција на магистралните и регионалните патишта во Македонија за 2008 година на Фондот за магистрални и регионални патишта.

- Станува збор за регионалниот патен правец Р-303 со вкупна должина од 2,5 километра, кој е предвиден да ги поврзува улицата Салвадоре Алјенде и регионалниот патен правец Р-302. Со тоа ќе се овозможи поврзување на градот Скопје со населените места Сопиште и Долно Соње - изјавија од Министерството.Населбата Сончев град треба да ја гради израелската компанија ИБЦ на површина од 640.000 квадратни метри. Предвидено е да се изградат 600 куќи и 11 згради за околу 6.000 луѓе. Нејзината изградба требаше да почне пред шест месеци, но се' уште е закочена, бидејќи жителите од Патишка Река не го даваат локалниот извор за изградба на водоводен систем за новата населба.

Јорданка Ивановска



Извор: http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=087BBFC218DB68439B18B391FE446938 - Дневник


Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-Jan-2008 at 11:19
Мрзам екологисти што побитно им е зеленилото од инфраструктурата. Ако му дошло јајцето на гзот (се избинувам) за зеленило нека иде у село. У град се знае, цименто и асфалт. Зеленило само расте, а улица не.


Posted By: La Linea
Date Posted: 31-Jan-2008 at 12:39
Lslcrew, мислам дека си премногу радикален. Сепак се работи за парк-шума, и не треба да се чепка, екологистиве не тропаат глупости. Воздухот во Скопје е доволно загаден, и се закануваат повторни пожари понатаму. Водно не беше пошумено за сега да се уништува. Нели имаше решение со тунел под Водно? 

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Jan-2008 at 12:44
Originally posted by lslcrew

Мрзам екологисти што побитно им е зеленилото од инфраструктурата. Ако му дошло јајцето на гзот (се избинувам) за зеленило нека иде у село. У град се знае, цименто и асфалт. Зеленило само расте, а улица не.


Јас не мрзам екологисти, туку мрзам саботери кои се бунат против све, користејќи се меѓудругото и со еколошки аргументи.

Ама во случајов сепак не се работи за улица во градот, туку за пат низ нешто што сме го прогласиле за заштитена зона... Која е улогата на таа „заштитена зона“ ако едноставно ја игнорираме кога ќе ни се види дека тоа е најлесниот начин да се справиме со некој проблем.


Posted By: Feniks_m
Date Posted: 31-Jan-2008 at 17:01
Нов сум на форумов така да нема шанси да сум во тек со работите за кои разговарате. Ме интересира дали патот до Сончев град е во суштина малото земјено патче од Средно Водно до Марково Крувче?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-Jan-2008 at 17:18
Не!!!

Патот до сончев град тргнува од денешна последна 24 к.вода. Види погоре има и слики.

Има најава деновиве за доизградба на бул Србија. од првомајска до последна 24, така да патот за сончев град, сава ковачевиќ и бул србија формираат раскрсница на последна 24.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 31-Jan-2008 at 20:43
Мислам дека грешиш lclcrew, ако добро прочитав од гониот текст
 

- Станува збор за регионалниот патен правец Р-303 со вкупна должина од 2,5 километра, кој е предвиден да ги поврзува улицата Салвадоре Алјенде и регионалниот патен правец Р-302. Со тоа ќе се овозможи поврзување на градот Скопје со населените места Сопиште и Долно Соње - изјавија од Министерството.Населбата Сончев град треба да ја гради израелската компанија ИБЦ на површина од 640.000 квадратни метри. Предвидено е да се изградат 600 куќи и 11 згради за околу 6.000 луѓе. Нејзината изградба требаше да почне пред шест месеци, но се' уште е закочена, бидејќи жителите од Патишка Река не го даваат локалниот извор за изградба на водоводен систем за новата населба.
 
Тоа значи ќе проаѓа над Олимписко Село покрај ИЗИС (тековниот пат за Средно Водно) и највероватно под Марково крувче како што спомна Феникс_М ќе го заобиколи Водно.


Posted By: pbanks
Date Posted: 31-Jan-2008 at 21:19
Викендов ќе се собираат потписи против изградбата на патот до Сончев град од некои екологисти. Многу ретко се приклонувам на нивна страна но Водно не смее да се чепка а волан веќе даде сосема аргументи за причините.

Clover или било кој поупатен, да не знаете случајно колкава треба да е должината на оној тунел кој е зацртан во планот? Има ли шанси нешто такво да се направи или повторне ќе идеме на привремено-трајно решение?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Jan-2008 at 21:28
Мене ми изгледа долг околу 2km, што би значело дека во моментов е научна фантастика, поготово со толку многу други приоритети.

Јас иако во принцип сум против патов, сепак би го дал мојот потпис само кога ќе ја видам точната траса и ќе знам за што точно се работи. Не може на невидено... Ако веќе институциите не се доволно транспарентни да објават мапа со трасата, тогаш барем собирачите на потписи треба да поседуваат таков аргумент.


Posted By: pbanks
Date Posted: 31-Jan-2008 at 21:31


Дефинитивно. Но ако е да му се верува на чланакон погоре дека веќе размислуваат на кое место да ја искасапат шумата тогаш............... Ohno

Како може да се волку неспремни за вакви сериозни проекти. Ајде на страна ирационалниот проблем со водоснабдувањето и сељаците ама ова? Продаваат земјиште, хушкаат големи инвеститори, заговараат огромни проекти, невидени во последниве 20на години....... А немаат воопшто претстава како да ги исполнат основните предуслови за реализација.


Posted By: skywings
Date Posted: 02-Feb-2008 at 00:33

Во текстот подолу, објавен во шпиц, има нови податоци за патот од средно Водно до Сончев град.... само не разбирам сега, е или не е дивоградба???????? 

http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=468&ArticleID=18427 - http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=468&ArticleID=18427

Патот низ Водно дивоградба

Маја МИХАЈЛОВСКА

Патот што ќе се гради од Средно Водно до Сончев град е дивоградба, затоа што го нема исцртано во урбанистичките планови. Ова го тврди професорот на Архитектонскиот факултет, Мирослав Грчев. Во Генералниот урбанистички план на општина Сопиште од 2001 година, каде што припаѓа локацијата на која треба да никне елитната населба Сончев град, е предвидено да има пат кој ќе излегува од оваа населба и ќе минува низ Водно за да го поврзе со Скопје. Таму е обележан само почетокот, односно излезот на патот.
- Не може да биде навестен само почетокот на патот, без да биде обележана целата траса и врз основа на тоа да се донесе одлука да се гради пат до Средно Водно. Мора да има планска одредба, инаку одлуката е произволна и незаконска. Од Водно ќе се направи р’шум - вели Грчев.
Агенцијата за планирање на просторот е со спротивни аргументи. Никола Бошку, заменик-раководител во Одделението за урбанизам, вели дека не мора целиот пат да биде исцртан во планот, затоа што овој дел се наоѓа надвор од урбаниот опфат.
- За вакви зони важи правилото во плановите да стои само насоката, а потоа се врши испитување на теренот и се одбира најоптималната траса каде што ќе поминува патот - вели Бошку.
Тој потенцира дека ова е единствено изводлив пат да се стигне до Сончев град, затоа што патот преку населбата Припор е тесно грло, тесен е и е премногу стрмен. Отпаднала и разгледуваната опција да се изгради тунел и два моста преку Припор, затоа што таа инвестиција била премногу скапа и неисплатлива.
Патот што ќе се гради треба да почнува од Средно Водно, на точката каде што се дели патот кон Нерези и црквата „Св. Пантелејмон“. Ќе биде во должина од 2,5 километри со ширина од шест метри.
Деновиве, Министерството за животна средина даде зелено светло за изградба на патот за Водно, иако еколозите предупредуваат дека со тоа скопјани ќе ги загубат „белите дробови“.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Feb-2008 at 00:47


Не знам дали е дивоградба или не, ама барем од текстов се добива впечаток дека тунелот е дефинитивно избришан и е заментет со овој пат.

Инаку не ми е јасно како средно водно се вклучи во збркава... Да не е некоја грешка?


Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Feb-2008 at 00:48
здраво skywings Cheers

очигледно сме сега во фазата каде наместо надлежните јасно и гласно да ги изнесат сите детали за овој проект, ќе читаме разни шпекулации од страна на новинарите и ќе нагаѓаме дали се точни, делумно точни или скроз неточни.

Ако објавата од Шпиц има некаква вистина тогаш сме на пат да зезнеме уште еден прекрасен проект со непотребна импровизација.


Posted By: skywings
Date Posted: 02-Feb-2008 at 00:54

шпиц ја отвори темата со патот на водно, таму јасно стои дека патот тргнува од средно Водно, нема зошто да се сомневаме во искажаните факти....мене само ме мачи мислата које е во право Грчев или Агенцијата за планирање на просторот, односно дали повторно се случува дивоградба?????



Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Feb-2008 at 00:56
Originally posted by skywings

шпиц ја отвори темата со патот на водно, таму јасно стои дека патот тргнува од средно Водно, нема зошто да се сомневаме во искажаните факти....мене само ме мачи мислата које е во право Грчев или Агенцијата за планирање на просторот, односно дали повторно се случува дивоградба?????



ууу верувај дека новинарите се склони да напишат комплетни дезинфомации. Немора тоа да биде нешто тенденциозно туку едноставно како резултат на нивната површност.

Но... според досегашните искуства во нашава држава, поверојатно би било да е дивоградба. Мислам Водно е заштитен појас и не гледам легален начин таму да се зацрта пат.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Feb-2008 at 01:03
Јас одма го едитирав постот во делот со новинарот. Засега имаме генерално лошо искуство со новинари, ама вистина е и дека ни стана рефлекс да ги напаѓаме. Тоа сигурно би му изгледало многу лошо на некој добар новинар, а сигурно има и такви. Додека не ја знам точната траса, не би сакал да коментирам, па дури ни ваква чудна информација како тоа дека ќе почнува од средно водно.


Posted By: skywings
Date Posted: 02-Feb-2008 at 01:03

сепак следејќи ја внимателно ова тема, немам дилема дека се работи за изградба на нов пат кој ќе почнува од средно Водно, со што отпаѓаат и двете варијанти - тунелот и јужната заобиколница.....

а она за новинарите имаш право, само што во последно време сите најавени скандали кои ги објавија медиумите се покажаа како основани и вистинити Dunno


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Feb-2008 at 01:07
Originally posted by skywings

јужната заобиколница.....

Овој термин е сосема погрешен, но за жал веќе раширен во јавноста. Тоа е всушност „јужната сообраќајница“, планирана на падините на водно и мислам дека со нејзе е дефинирана и заштитната зона или урбанистичкиот опфат (не сум сигурен). Во секој случај не се работи за обиколница во никој поглед.




Posted By: skywings
Date Posted: 02-Feb-2008 at 01:14

да, со јужната сообраќајница е дефиниран урбанистичкиот опфат, се што е над неа, е надвор од надлежностите на ТрифкоLaughLaugh



Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 05-Feb-2008 at 23:30

Патот ќе ја уништи парк-шумата


Изградбата на новиот пат на Водно до Сончев Град е ставен во годишната програма на Фондот за регионални и магистрални патишта и нема дилема дека ќе се гради. Тој ќе го поврзува Средно Водно со Сопиште и Долно Соње, односно Сончев Град, но точната траса се уште не е утврдена. Ова е неофицијална информација од Министерството за транспорт и врски, од каде велат дека досега до нив не е пристигната никаква реакција од ниту една институција или граѓанско здружение. Ако во меѓувреме пристигне некакво барање, велат, ќе биде разгледано и доколку е потребно ќе консултираат експерти од Министерството за екологија.

Против изградбата на новата трикилометарска сообраќајница се екологистите. Активистите на "Екомисија", викендов почнаа со собирање потписи за стопирање на секакви активности за узурпација на заштитената зона. За два дена, добија поддршка од околу 1000 граѓани. Потписи ќе се собираат и викендов, не само на Водно туку и во центарот на Градов.

- Никој не ја штити парк-шумата. Ја уништуваа несовесни поединци, ја узурпираше урбаната мафија, а сега еве и власта ја докусурува. Со оваа петиција бараме да не се реализира идејата на патот, но, бараме и да се редефинира категоризацијата на заштита, бидејќи во ниту една номенклатура не постои категорија "заштитена зона". Исто така, бараме заштитениот дел да биде исцртан на теренот. На тој начин сите ќе знаат дека влегле во заштитена зона - вели Петар Бошевски од Еко-мисија.
Против идејата за изградба на новата сообраќајница е и скопскиот градоначалник Трифун Костовски. Тој им порача на надлежните да најдат друга алтернатива, бидејќи на овој начин се нанесува ненадоместлива штета на шумата.

Од Општина Сопиште не сакаат да коментираат проблеми кои не се во нивна надлежност. Тие се фокусирани на решавање на проблемот со жителите на Патишка Река, кои со месеци ја стопираат изградбата на новата водоводна мрежа за потребите на Сончев Град.

 
Извор: Вечер
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=E2032516B4DEB34E99C0F5BAE85F724B - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=E2032516B4DEB34E99C0F5BAE85F724B


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Feb-2008 at 15:46
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1315&ArticleID=84574 - http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1315&ArticleID=84574

ФИРМАТА ЗА ИЗГРАДБА НА СОНЧЕВ ГРАД ЌЕ ПОЧНЕ ДА РАБОТИ
Израелците губат од Патишка Река

Роза Петкова

Израелската фирма што ќе го гради Сончев Град деновиве отвори претставништво во Скопје. „Индустријал билдингс корпорејшн“, како што дознаваме, решила, без разлика на противењето на граѓаните и на еколошките друштва, да почне со реализација на проектот, кој го доби на тендер минатата година, во мај. Забрзувањето се случува и поради притисокот на Владата, која сака да го реализира ветеното од пред неколку месеци. Како што беше најавено на свеченоста при изборот на Израелците, почнувањето на работите на елитната населба требаше да се случи во август, но до денес, не е закован ниту еден колец. По седум месеци се уште не е разрешен ни проблемот со жителите од селото Патишка Река, кои се против изградбата на нова водоводна мрежа. Тие мислат дека изворот што го користат сега нема доволно капацитет да покрие населба од шест илјади жители. Исто така, дознаваме дека претставници од „Индустријал билдингс корпорејшн“ деновиве ќе презентираат нови моменти за проектот со кои се надеваат дека ќе го решат проблемот со жителите на селото. Иако и Министерството за транспорт и врски најавува почеток на изградбата, од општината Сопиште не се согласуваат и тврдат дека работите се уште се статус кво. - Ние ги користиме сите демократски права и обврски што ги имаме за да го решиме проблемот. За него знаат и владините претставници, но тие не се ангажираа многу. Во секој случај, се обидуваме да најдеме компромис и решение и нема да дозволиме таков проект да пропадне. Сега е на потег Владата затоа што водата е во државна сопственост, па очекуваме тие да преземат нешто. Ќе се трудиме со сите сили да го одржиме проектот - вели Игор Трифуновски, портпарол на општината Сопиште. Освен со водоводната мрежа, новата населба уште не почната се соочува со проблемот на патот преку планината Водно, кој ќе ги поврзува Сончев Град, Долно Соње и Сопиште со Скопје. Еколошките друштва и планинари почнаа акција за собирање потписи против неговата изградба. - Минатиот викенд собравме околу илјада потписи, а акцијата ќе ја продолжиме и оваа недела. Освен на Водно, за време на викендите, потписи ќе се собираат и на плоштадот - вели Петар Бошевски од еколошкото друштво „Екомисија“. Од Фондот за регионални и магистрални патишта, кој во програмата за 2008 година ја предвиде изградбата на овој пат, велат дека пред да почнат со проектот ќе побараат стручно мислење. - Сега се снима теренот, се мери од каде до каде ќе биде патот, а потоа ќе се работи проектот. Програмата за изградба на патишта што ја донесовме се однесува само на финансискиот дел. Пред да се почне што било прво ќе се побара мислење од Министерството за животна средина - објасни Катерина Панова - Илиевска, портпаролка на Фондот за магистрални и регионални патишта. За идејата да се гради тунел под Водно, која беше актуелна пред една година, од Фондот велат дека тоа би било надлежност на градот затоа што тогаш патот би бил локален, а не регионален, како што е предвидено сега. Сончев Град е замислен како еколошка населба за домување на 6.000 луѓе, со 603 куќи и 11 згради. Државното земјиште со површина од 636.459 квадратни метри Израелците го купија за 3.640.000 евра. Треба да биде готов за четири години.



Posted By: ProMKD
Date Posted: 25-Feb-2008 at 23:02
Еден член на мојата фамлија е сериозен за купување локација за изградба на куќа во Сончев Град, и веќе 2-3 години чекаме информации за да се купи, но никако... За патот и сега за сега не е проблем (дека веќе има кај Соње итн) ќе издржиме преку таа траса додека не се среди све убаво... него да почнеа градежните зафати! Ова со водоводот е многу жална работа, да пропадна инвестиција вредна стотици милијони евра заради некои неписмени луѓе..

А не знам дали знаевте, дека претходно (пред 15 години) беше на истово место планирано да се гради слична населба, но од Германска фирма? Тогаш еден мој пријател од Холандија беше дел од бизнисмените кои беа спремни да инвестираат, заедно со моќната Германска компанија, но работите завршија како што завршија, и бидна "аферата" со Израелциве, и еве сме денес..


Posted By: pbanks
Date Posted: 25-Feb-2008 at 23:04
Па да Сончев град е постар проект, ако не се лажам од мандатот на ДПМНЕ 1998-2002. Се сеќавам дека имаше приказна со некои германци.

Да се надеваме дека овој пат ќе успее, Израелциве имаат добри референци.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Feb-2008 at 23:05
Originally posted by ProMKD

Еден член на мојата фамлија е сериозен за купување локација за изградба на куќа во Сончев Град


хмммм... мислиш куќа?

пошто локации нема да се продаваат, можес само да си купиш готова унифицирана куќа


Posted By: ProMKD
Date Posted: 25-Feb-2008 at 23:17
Епа најискрено не сме ни добро информирани околу тоа дали ќе бидат локации, дали ќе бидат готови куќи. Се збори за татко ми, а тој би сакал повеќе да купи готова куќа, значи Американски стил (фирма купува земјиште и гради, ти купуваш куќа). Проблемот е што ова како што изгледа нема никогаш да тргне, а и да тргне, нема да заврши. Најсигурно останува во Бардовци да се купи, или пак слушам позади зајчев рид ќе почнело нешто такво


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Mar-2008 at 01:11
Wallbash Wallbash Wallbash

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3DC2C17CDB9F904B819E27EB7A7E361D - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3DC2C17CDB9F904B819E27EB7A7E361D

Сончевград и водоводот Патишка Река тапкаат во место

Изградбата на водоводот Патишка Река тапка во место, а со тоа станува се' понеизвесна и израелската инвестиција за изградба на населбата Сончевград за околу 6.000 жители. Градоначалникот на Општина Сопиште Љупчо Кец Мицковски вели дека и покрај тоа што ја алармирале Владата, никој ништо не презема да се направи чекор напред. И екологистите се против изградбата на пат до населбата, чија траса треба да минува преку планината Водно. Израелците се' уште не се откажуваат, но покрај постојните, сега имаат и проблеми со Катастарот. Пред еден месец Мицковски побарал прием кај премиерот Никола Груевски, со цел заеднички да ги разгледаат состојбите околу изградбата на Сончевград, но бил примен од неговиот советник Кирил Божиновски, а оттогаш нема никаков одговор. Мицковски смета дека партиски интереси не треба да загрозат ваква голема инвестиција. Општина Сопиште во април ќе започне со нова рунда преговори со жителите на Патишка Река, со цел да се добие согласност за почнување на изградбата на водоводот. Градоначалникот вели дека селаните нема да останат без вода дури и во најсушниот период, бидејќи со изградбата на водоводот кој ќе снабдува 13 села и Сончевград ќе им останат 90 литри во секунда, што е сосема доволно.

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека Израелците ги подготвуваат проектите и тврдат дека наскоро ќе почне и изградбата на објектите, како и тоа дека се во постојана комуникација со Општина Сопиште. Додаваат дека многу брзо ќе се надмине прашањето со водоводот Патишка Река. (Сн.К.)



Posted By: blejdsk
Date Posted: 31-Mar-2008 at 01:12
Znaci toa e toa Makedonska rabota ,,,,dur resat sitni porblemi ke propagaat ogromni investicii--katastrofa


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Apr-2008 at 01:47

Три варијанти за патот до Сончев град

Крајниот исход ќе зависи од студијата за влијанието на патот врз парк- шумата

Три месеци по обелоденувањето на веста дека на Водно ќе се гради нова улица, се' уште не е позната конечната верзија на трасата на која таа би поминувала. Институциите, исто како и претходно, не даваат информации за кога е планиран почетокот на градежните работи, како и дали за новата улица што треба да го поврзува Скопје со идната населба Сончев град ќе се сече дел од шумата. На оваа можност веќе реагираа јавноста, Градот и еколошките друштва. Од Министерството за транспорт и врски велат дека Фондот за патишта на маса ставил три опции за трасата на новата улица. Крајниот исход ќе зависи од мислењата на експертите што ќе бидат дел од студијата за влијанието на патот врз парк-шумата. Фондот за магистрални и регионални патишта, во чија програма за 2008 година е предвидена изградба на пат до населбата Сончев град, во моментот врши мерење на теренот. Во опфат се три можни варијанти за пробивање на регионалниот пат. Истовремено, независни експерти подготвуваат студија за влијанието на животната средина и нивните препораки ќе бидат земени предвид - велат во одделението за односи со јавноста при Министерството. Според нив, улицата што ќе ги поврзува северната и јужната падина на Водно сигурно ќе се гради, како и новата населба Сончев град во Сопиште, иако нејзината изградба веќе доцни цела година. Лани, како што е познато, земјиштето за оваа населба, Владата го продаде на странскиот инвеститор, израелската компанија „Интернејшнал билдинг корпорејшн“. Изградбата на инфраструктурата требаше да почне веднаш, но работите се одолжија поради проблемот со жителите од блиското село Патишка Река. Тие го блокираа изворот што треба да ја снабдува новата населба со вода, со објаснување дека тој немал толкава штедрост, па изградбата на водоводот воопшто не почна. Според информации од инвеститорот, подготвките на градежните проекти што се неопходни за почеток на изградбата се при крај. Изградбата на населбата, според Израелците, ќе почне во текот на јуни -објаснуваат од Министерството.Градоначалникот на Сопиште, Љупчо Кец Мицковски беше на службен пат, па од Општината не можеа да потврдат дали навистина изградбата е планирана за во јуни, имајќи предвид дека жителите на Патишка Река се' уште не дозволуваат од тамошниот извор да се зема вода за населбата и за околните села. Само рекоа дека неколку пати во изминативе месеци претставници од власта и од владини институции преговарале со селаните, но досега не е најден заеднички јазик.

Јорданка Ивановска

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=81027B055C45D34680112EA829C63D48


Posted By: vardar
Date Posted: 05-Jun-2008 at 09:48
 
 

Општина Сопиште нема да дозволи да пропадне проектот „Сончевград“

Ќе се бара согласност од „Водовод“ и од Градот населбата да се приклучи кон градскиот водовод

Општина Сопиште нема да дозволи водоводот „Патишка Река“ и проектот „Сончевград“ да пропадне поради несогласувањето на жителите од истоименото село за изградба на водоводот. Ќе бара алтернативно решение, односно, согласност од ЈП „Водовод и канализација“ и Градот Скопје за приклучување кон градскиот водовод. Фирмата што ќе го гради Сончевград се' уште ги подготвувала проектите за инфраструктурата, а ДУП за Сончевград, откако е доработен во Општината, чека на мислење во Министерството за транспорт и врски.

Првиот човек на Сопиште, Љупчо Мицковски - Кец вчера нагласи дека општината презела одредени обврски во изградба на водоводот, но поради се' што се случуваше во изминатиот период, ќе се бара алтернативно решение. Според градоначалникот Мицковски, ова се прави со цел да не пропадне еден ваков капитален проект, за чија реализација се појавија низа проблеми, пред се', поради тоа што општината нема поддршка од државата.

„Фирма се' уште ги подготвува проектите за инфраструктурата на Сончевград, за патиштата и архитектурата на објектите што треба да се градат во населбата. Тие не и' се доставени на општината, бидејќи има проблеми и во катастарот. ДУП за Сончевград ни беше вратен на доработка и сега е во Министерството за транспорт и чека мислење. Најмногу забелешки имаше во врска со катастарот. Геодетските подлоги беа стари, а последниот премер на катастарот бил направен во 1963 година, па изработката на ДУП беше водена според тој премер. Затоа имаше разлики поради што мораше одново да се премери локацијата“, рече вчера Мицковски.

Сега на потег е Министерството да даде мислење, а деновиве во Советот на општината ќе започне постапката за донесување на планот. (Сн.К.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9F67740D371E26458CAF0D8BE0094773 - Utrinski
 


Posted By: vardar
Date Posted: 05-Jun-2008 at 09:50
Имаа еден куп непредвидливи проблеми, но некако добивам впечаток дека и инвеститоров се влечка малце.....


Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Jun-2008 at 10:08
И мене ми се чудни. На сајтот на ИБЦ упорно нема никаква најава за проект во Македонија. 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Jun-2008 at 12:26
Без разлика. ова со Патишка Река е жалосно и многу кажува за тоа какво општество и држава сме.

Ама кога веќе сме див запад и ништо не може да се реши нормално и цивилизирнао, ја бар би ги остаил тие од с. Патишка Река на цедило у наредните 20-30 години. Никаков проект за нив да не се реализира... Никаква инфраструктура. И патот до таму каков и да е, ја би го оставил да пропадне тотално и не би го реконструирал. Кога веќе инаетот ни е главна мотивација за спречување на градба на инфраструктура, дај бар да го применуваме доследно...

Wallbash


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Jun-2008 at 12:51
Кловер, кој е сега радикален.... Се слагам со тебе дека за вакви гомнари што попречуваат, треба да не видат денар државни пари за ништо. Да им укинат јавен превоз, засилени полициски контроли, си има санкции како се решава тоа. Истото и за оние у стајковци што сакаа по 100 евра за квадрат нива.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Jun-2008 at 17:19
Го кажав тоа само за да илуструирам како би изгледало да им се врати со инает. Дефинитивно не мислам дека треба да одиме во тој правец, туку ако не се најде „решение“, мислам дека треба да се гради и на сила.

А тоа со инаетот ваљда би можело да се искористи како закана дека би имало такви и слични последици, па можеби „преговорите“ ќе добијат друга динамика.



Posted By: vardar
Date Posted: 05-Jun-2008 at 17:55
Originally posted by Cloverstack

Го кажав тоа само за да илуструирам како би изгледало да им се врати со инает. Дефинитивно не мислам дека треба да одиме во тој правец, туку ако не се најде „решение“, мислам дека треба да се гради и на сила.

А тоа со инаетот ваљда би можело да се искористи како закана дека би имало такви и слични последици, па можеби „преговорите“ ќе добијат друга динамика.

 
За жал само вака се стигнува до резултати кај нас, изгледа надлежниве не ги научија лекциите од водњанска, мостот кај транспортен итн..... само што сега се работи за далеку поголема инвестиција
 
Изгледа треба и промена на закон (мада не сум запознат како е сега) треба да е можно доколку не се договорат, владата да може да откупи плац/куќа по пазарна цена (одредена од независна комисија) и точка.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Jun-2008 at 18:01
Originally posted by vardar

мада не сум запознат како е сега


И јас не сум запознат, ама на терен се гледа дека ова прашање не е добро решено, па ми останува да се сложам со тебе.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Jun-2008 at 21:11
Муабетов може да го сместиме у темата за екпропријација, имам отворено ваква пре дмногу време.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Jun-2008 at 22:06
Ова со Патишка Река колку што знам нема никаква врска со експропријација, едноставно тие таму сметаат дека реката е нивна и сега види богати не ја давале, пошто по нивна проценка имало вода доволно само за нив. Не знам у кој контекст го кажа тоа vardar, али би било глупо да се пребацува зашто тука има континуитет, а таму би било како паднато од марс.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Jun-2008 at 22:10
Ајдеее, ќе се реши и ова. Неможе сељаци да кочат вакви проекти од големо значење. Ќе ги фатат на кондиција.


Posted By: Raisinloaf
Date Posted: 06-Jun-2008 at 17:39
Абе во Кина и цели населби се иселуваат (еминентно подрачје) за да се реализира некој проект па сега некои селани би требало да бидат проблем.Ама во ваква држава се е можно.


Posted By: beTon
Date Posted: 03-Jul-2008 at 14:04
Еве како тврдокорни селани “ПРВИ“ во сфрј и кренаа глава на власта, воедно тоа беше и првата ветер што подоцна беше кураж за сите останати сограѓани од другите републики, но работата отиде наврат нанос кога национализмот доби на сила, па на крај сепак место реформатори Вевчанци станаа деформатори со селката буна што ја кренаа.
има една вистина кај Патишчани фрли рипче за да фатиш крапче, па така ако опстојат во инатот, владата или израелците  ќе мора да ги подмитат со некој проект, пр. обнова на мостот иако е веќе обновен или интернет кафе на средсело Cheers а зошто да не и бенифиции во шумарството...
http://www.vevcani.gov.mk/index.php?id=389 -

http://www.vevcani.gov.mk/index.php?id=389



"ВЕВЧАНСКИОТ СЛУЧАЈ"

- МЕТАФОРА ЗА НЕПОКОРОТ

"Вевчанскиот случај", кој во својата најдрастична форма се манифестираше со двете интервенции на полицијата на 26 мај и 7 август 1987 година, по изминат период од речиси една и пол деценија, а во историски контекст, своето место го наоѓа токму во континуираниот отпор на вевчанци, при посегањето во нивните права. Тој всушност стана најсилна метафора на нивната вечна борба за опстанок на овој простор и на непокорот, кој со векови, постојано ги иницира развојните процеси и размислувањата за проширување на слободите и демократијата.

Поавторитетните аналитичари на настаните од 1987 година и во годините што следуваа, кога на демонстрацијата на сила од страна на власта и на примената на различните форми на притисок се одговараша со разни форми на непослушност, протести и борба за зачувување на сопственото достоинство, оценуваат дека атакот врз Вевчани имаше повеќе причини. Тие на крајот сосема се вклопуваат во сценариото и намерата на власта за демонстрација на сила и обидот да го бранат тогашниот политички "систем", ако е потребно со употреба на сите видови на сила и со сите и најгруби форми на притисок врз граѓаните.

Оваа теза може да се поткрепи со повеќе клучни аргументи:

Партиско - полициските структури го очекуваа отпорот на вевчанци, но ни оддалеку во своето сценарио не можеа да ги предвидат формите на отпорот, неговите димензии, влијанието на медиумите, како и текот на политичките процеси и промени што ги зафатија некогашните социјалистички држави, а во кои Вевчани има доминантно и заслужено место.

Одбраната на "системот" и своите лични пресметки во партиско полициската и политичката номенклатура, власта ја креираше со создавање на еден догматски, застарен и страшен идеолошки стереотип, дека отпорот на вевчанци е инспириран однадвор и од политички и државни непријатели од најразлични видови - граѓанска десница, информбировци, верски шовинисти. Со тоа всушност на Вевчани му беше ставена колективна етикета на политичка неподобност и идеолошко непријателство на системот.

Идеолошка матрица на власта во медиумскиот настап и налагаше предимензионирање на формалната причина за спорот - водата, а во идеолошкиот настап, во не многу затскриена форма минимизирање на сопствената глупост, зад синтагмата "вевчански синдром", која како црв ја риеше и уриваше самодовербата на власта во релизацијата на кабинетските сценарија.

При атакот на Вевчани, власта ги имаше вкалкулирано постојаните повоени недоразбирања меѓу општинскиот центар во Струга, од една и Вевчани, од друга страна. Но во својот настап, оваа димензија, власта ја прикриваше, така што тој медиумски се претставуваше низ различни и контраверзни модели: власта, особено пред македонската јавност, се трудеше настаните да ги прикаже како судир на две села, а вевчанци, пошироката демократската јавност и водечките интелектуалци, го претставуваа како судир на народот со бирократијата и борба за човекови права и достоинство .

Излегувањето на специјалните полициски сили во Вевчани, на 26 мај и 7 август 1987, малтретирањето на жените, децата и старците, може да се означи како меѓник за отворен настап на силите на репресијата против напливот на демократски идеи и општествени промени. Оттогаш натаму, репресијата и примената на сила не престанаа на просторите на поголемиот дел од поранешна Југославија, туку добиваа се позастрашувачки димензии.

Силата на Вевчани произлегуваше пред се од длабоко вкоренетата традиција за непокор и отпор на наметнувањето на волјата на властодршците, што историски гледано е постојано присутно на овој простор: одбивање на исламизацијата за време на отоманската власт и организирањето на оружен отпор против неа, битката против качачките банди, учеството на вевчанци во Втората светска војна. Тој континуиран отпор претставуваше едукација на населението за организиран настап.

Во душите на генерациите вевчанци кои учествуваа и го носеа расплетот во драмата на "вевчанскиот случај", како жива незалечена рана и како запис во колективната меморија, беа сеќавањата на притисоците што во повоениот период, ги правеше, сега веќе македонската државно партиската олигархија, против се што со тешка мака, ентузијазам и труд е создавано во Вевчани: отварањето претпријатие со седиште во Вевчани, дом на култура, кино сала, хидроцентрала, печалбарска задруга, отварањето на здравствена станица по војната. Во 1968 година власта се обиде незаконито и со полициска интервенција да ја задуши работата на здравствената станица. Се што вевчанци иницираа да се направи за напредок на селото, дочекувано е на нож, со трагични последици за неговите жители. Тие во повоениот период при судирите со бирократијата, постојано беа жигосувани како политички непријатели. Таквите етикети најчесто им се прилепуваа на најучените, најупорните и најтрудољубивите вевчанци.

Колку што повеќе "Вевчанскиот случај" во јавноста добиваше на тежина, се множеа пријателите на Вевчани, од редот на истомисленици, врвни и неприкосновени интелектуалци. Вевчани стана "Мека" за сите што беа со слободумни идеи или трпеа некаков вид неправда, а сето тоа заедно со интелектуалната и вкупна сила на населението, печалбарите, граѓаните и вевчанците надвор од родното место, природно се вградуваше во еден силен демократски тек, кој поткрепен од силата на се поотворената јавност, ништо не можеше да го запре. Случајот Вевчани се трансформира во движење за отпор, демократија, човекови права и слободи.

Медиумите имаа значајна ролја во доведувањето на вевчанските настани до разрешница. Во упорниот пат на Вевчани до правдата, македонските медиуми, покажаа невидена инфериорност, карактеристична и за другите средини во поранешна Југославија, кога станува збор за анализи на настаните на "домашен" терен. Медиумите во Белград, Љубљана, Сараево, Титоград, преку критиката изречена на македонската политичко партиска номенклатура, ја опоменуваа и македонската, но и бирократијата во сопствените средини. Долготрајното и упорно опстојување на медиумите во Македонија во одбрана на ставовите на македонското политичко водство, само ја аргументираше неподготвеноста да се прифатат демократските промени кои ги налагаше крајот на осумдесеттите години. Отпорот и одбраната на сопствените права, придонесе темата Вевчани, како модел на критика на тогашниот општествен и политички систем, да не се симнува во јавноста и да го задржи интересот на јавното мислење и покрај такви настани како што беше - преземањето на власта од страна на Милошевиќ во Србија, порастот на национализмот, падот на Југославија и создавањето на национални држави и повеќепартиски систем. Вевчанските партиски организации делуваа како фракција во тогашниот СКМ и СКЈ и тие во разговорите со највисоките партиски функционери, изразувајќи го своето несогласување со неподготвеноста на комунистичката партија да се промени самата и да придонесе за пошироки општествени промени, најавија формирање на нова политичка партија, уште во времето кога на други места се зборуваше само за "ситно", "козметичко дотерување" на социјализмот. Очигледно беше дека политичките елити во Македонија и Југославија немаа сенс за времето и промените што доаѓаа.

Разрешницата на "Вевчанскиот случај", донесе извесна сатисфакција: Вевчани стана средиште околу кое се одвиваше вкупната битка за пробив на идеите за човекови права, слободи и демократија. На 5 мај 1989 година, речиси целокупното партиско и државно раководство беше принудено да излезе пред вевчанци на платото пред зградата на Централниот комитет во Скопје и да ја осуди полициската интервенција. Новото македонско партиското раководство, на крајот сепак најде сили и токму во Вевчани, летото, на 9 август 1990 година, се извини и ја промовираше Декларацијата за човекови права. Претходно Собранието на Македонија ја осуди интервенцијата на полицијата во Вевчани. Како значаен резултат на битката на Вевчани за одговорност, беше и симнувањето од власта на дел од државните и партиските функционери, креатори на "Вевчанскиот случај". Подоценежните упорни настојувања вродија со плод и дојде до обновување на самостојна општина со Законот за локална самоуправа во 1996 година.
* * *
Накусо кажано, со погрешниот чекор направен во Вевчани, власта неминовно се заглиби, во отворен фронт со народот и "лов на вештици", кој, во судир со демократските идеи, на овој или друг начин мораше да излезе на виделина. Вевчанските партиски организации делуваа како фракција во тогашниот СКМ и СКЈ. Очигледно беше дека политичките елити во Македонија и Југославија немаа сенс за времето и промените што беа на врата, а со тоа беше испуштена шансата за мирен расплет на југословенската криза.

Најслободното толкување на овие настани, во вевчанскиот отпор, демонстративниот и радикален настап, секако може и треба да ја пронајде тесната врска со напливот на демократските идеи и идеите за цивилното општество што се манифестираа во штрајкот со глад, секојдневните мирни протести, формирањето на одборот за човекови права, еколошкото здружение, славењето на годишнини од настаните, кампањата "со култура против некултурата", свеќите над сеуште "живото идеолошко ткиво на комунизмот", протестите пред Општинскиот комитет и Централниот на СКМ, одењето во сојузните институции - Собранието на СФРЈ, ЦК СКЈ. Вевчани, политички, медиумски и реално во животот беше македонската демократска пролет и настаните кореспондираа или беа претходница, на она што се случуваше на поширокиот простор во тогашна Југославија, но и во другите земји на реалсоцијализмот. Со иницирањето на формални и неформални институции на цивилното општество, немирењето со ситните отстапки, енергично се најавуваше повеќепартизмот, борбата за човекови права и цивилното општество.

За жал Вевчани беше почеток и крај на демократијата. Некако со стивнувањето на вевчанскиот случај, стивна борбата за слобода и демократија, а народот во Македонија, и во сопствената независна држава и во повеќепартискиот систем стана плен и предмет на нови манипулации.

Хронологија на поважните настани:
- Јануари 1987 - општинските раководители во Струга навестуваат дека ќе се употреби и сила за да се реши комуналниот проблем со водата.
- 15 мај 1987 година, во Струга, меѓу општинското раководство и претставниците на Вевчани е постигнат договор за решавање на проблемот на водоснабдувањето и изградба на резервоар за вода во Вевчани.
- 26 мај 1987, работите започнуваат ненајавено, без почитување на постигнатиот договор и со интервенција на специјалната полиција против народот. Медиумите - "Борба", "Новости", "Политика" и "Дело" објавија вести за интервенцијата
- Вевчанските печалбари и вевчанци што живеат на просторите на Југославија, организирано упатуваат телеграми со протести против насилството што власта го прави во Вевчани
- 12 јуни 1987 - Претседателството на ЦК СКМ донесува заклучоци со кои Вевчани се анатемисува како непријателско гнездо и со кои се охрабрува општинското раководство да ги засили притисоците.
- Информативниот молк силно е разбиен со писмата на вевчанци објавени во "Политика" (7 јуни) и "Борба" (22 јуни).
- Месната заедница, партиската и другите ограноци на политичките организации во Вевчани ги отфрлаат ставовите на ЦК СКМ.Thumbs%20Up
- 23 јуни 1987 Вевчанки, бараат прием кај Лазар Мојсов, тогаш претседател на претседателството на СФРЈ. Наместо Мојсов ги прими шефот на кабинетот.
- Летото 1987 година, постојано се вршат политички и полициски притисоци врз Вевчани - Претседателството на ЦК СКМ, Општинскиот комитет на СК на Струга, како и другите ограноци на политичките организации вршат притисок за диференцијација, а полицијата е постојано и премасовно присутна на сите јавни места.
- 6 август - најава за интервенција на водоводот и предупредувачко доаѓање на полицијата.
- 7 август - Започнување на градежните работи со силна полициска интервенција против народот - со тепање на жени, деца и со употреба на електрични палки.
- Младинците започнаа штрајк со глад.
- Започнува мирниот протест на Вевчанци ширум светот.
- Вевчанци се подготвуваат за барање на правда пред сојузните институции, пред се во Собранието на СФРЈ, а на 8 септември, група од 27 вевчанци е примена во Сојузниот собор на Собранието
- 25 септември - Организацијата на СКМ од Вевчани дефинитивно и официјално ја отфрла Информацијата на ЦК СКМ
- "Вевчанска вечер" во Белград
- 11 - 18 јануари 1988 година - Печалбарски денови, гости: Коле Чашуле, Гертруда Мунитиќ, поети од Словенија, Србија, Црна Гора, екипата на "Дунав- филм", се снима документарниот филм на Крсто Шканата "Благодариме на слободата". Хит е беџот на вајарот Воја Василијевиќ. Власта го запленува беџот кај ќе стигне, а на охридскиот аеродром му го одзема беџот на директорот на "Дунав - филм" Никола - Тоља Вучиниќ и му издава потврда за запленетиот "непријателски" беџ.
- 27 март 1988, Белград - Документарниот филм "Благодариме на слободата" на фестивалот на докуметарни филмови ја добива највисоката награда и е прикажан во преполната сала на Домот на синдикатите
- 25/26 мај 1988 Концерт на Бора Ѓорѓевиќ, на првата годишнина од интервенцијата на 26 мај 1987 година.
- Лето 1988 година, телеграма на вевчанската младинска организација со поддршка на словенечката младина
- 7 август 1988 - Августовски денови на културата, протестен марш, настап на Михаило Србакоски и Анастас Мукоски, претстава на Младинскиот алтернативен театар од Словенија, промоција на книгата "Вевчани кој ќе ги измие рацете" од Жарко Рајковиќ, изложба на фотографии со сцени од насилството врз Вевчани.
- Вевчани врие од новинари, голем број интелектуалци, некои и од Македонија, кои ја изразуваат својата поддршка, а на Струшкуте вечери на поезијата протести на интелектуалците против власта и репресијата.
- Јануари 1989 - Печалбарски денови, гости: Јадранка Јовановиќ, првенец на Белградската опера, филмска вечер посветена на Крсто Шканата, уметничка изложба, изведена е претставата "Лазарево писмо" од страна Факултетот за драмска уметност. Рецитал на Бора Ѓорѓевиќ.
- 17 јануари - општинското раководство се обидува да изнуди компромис
- 23 и 24 јануари - протестен митинг пред Општинскиот комитет на СК на Струга: се бара дефинитивно утврдување на одговорноста за полициските интервенции и симнување на етикетите фрлени врз Вевчани, како и сменување на одговорните функционери.
- 30 јануари - прием на делегација од Вевчани во Собранието на Македонија, кај претседателот Вулнет Старова. Се бара Собранието да ја утврди одговорноста
- 30 март 1989, вевчанска делегација кај тогашниот претседател на ЦК СКМ, Јаков Лазароски: се бара повлекување на оценките на ЦК СКМ и смена на инспираторите на случајот во Струга, како и на наредбодавците на полициската ингтервенција.
- 4 мај - Протестен митинг во Струга. По долги перипетии и притисоци да не се организира, митингот продолжи во Скопје на 5 мај. На народот од Вевчани, на кој му се придружија голем број на граѓани од Скопје, му се обрати Васил Радиноски и ги посочи барањата за утврдување на одговорноста и за симнување на партиските заклучоци против Вевчани. Највисокото државно партиско раководство, на чело со Јаков Лазароски, излезе пред народот и вербално го осуди насилството, најавувајќи смени на одговорните функционери.
- 9 мај - Седница на ЦК СКМ - осуда на примената на сила
- Августовски денови на културата - гости голем број писатели и интелектуалци. Македонските писатели се поприсутни во Вевчани.
- 26 август - Поетски митинг на учесниците на СВП
- Септември 1989 - вевчанските комунисти бараат во листите за нови функционери да не бидат вклучени - Јаков Лазаровски, Михаил Данев, Ленче Софрониевска, Димитар Трпеновски, Глигорие Гоговски, Милан Панчевски, Драгољуб Ставрев и други дотогашни функционери, вмешани во вевчанскиот случај.
- Надлежниот одбор на Собранието на Македонија, потврди дека интервенцијата на полицијата во Вевчани е незаконита, дека не се почитувани овластувањата, а градежните работи на водоводот започнати без соодветна документација.
- 9 август 1990 - откриена "Плочата на срамот". Одржан мирниот протест, а главен гостин беше Викторија Поточник, од Словенија, делегат кој го иницираше расчистувањето на вевчанскиот случај во Собранието на Југославија.
- 9 август 1990 - Новиот лидер на СКМ, Петар Гошев, на неформален начин во име на партијата, се извини на Вевчани, промовирајќи ја "Декларацијата за човекови права".Bash

...






Posted By: beTon
Date Posted: 03-Jul-2008 at 14:31

...
Расплет на "Вевчанскиот случај"

"...Крајот на 1989 година донесе конечен расплет на 'Вевчанскиот случај'. Под притисок на митинзите, извршените разговори со раководните републички структури и отпочнатите демократски процеси се реализираа нашите барања: јавно се осуди примената на сила, именувани се виновниците кои се земени на одговорност, отфрлени се дисквалификациите за Вевчани. Како директна последица на тоа претседателот на ОК СКМ Н. Ѓончески поднесе оставка, разрешени се од функција Александар Андоновски, републички секретар на СВР, Киро Коштанов, потсекретар, Уранија Попоска, претседател на Извршниот совет на Собранието на општина Струга, сменет е комплетниот Општински комитет на СКМ, а во новиот Централен комитет не се избрани никој од посредно или непосредно одговорните за 'Вевчанскиот случај'. Под вакви услови на се уште силната бирократска спрега, веројатно тоа беше максимум. Вевчанци ја добија битката за својата вистина и, тоа значи целосна морална сатисфакција. Но, дали е откреина правата вистина? Мислам не! И натаму останува скриена вистинската улога на Претседателот на ЦК СКМ и Јаков Лазароски, односно на РИС и Глигорие Гоговски, како претседатели. Личната вина на многумина се сокри во колективната одговорност, иако имаше елементи / и тоа доста/ и за кривично гонење. Поради тоа, задоволството на Вевчанци не е целосно. Сепак, Вевчани треба да се чувствува како победник. Сега, отпочнува новата битка за самостојна Општина Вевчани."
Applause



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Jul-2008 at 15:59
Не сум добро запознаен со тоа што се случувало, ама мислам дека vevcani.gov.mk не е добар и непристрасен извор, за сето ова да го земаме здраво за готово.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Jul-2008 at 05:17

ТРПЕНИЕТО НА ИЗРАЕЛЦИТЕ СЕ ТЕНЧИ

ВИСИ ИЗГРАДБАТА НА СОНЧЕВИОТ ГРАД

Неизвесна е изградбата на елитната населба Сончев град. Инвестицијата ја кочат голем број на адмистративни проблеми со земјиштето на сончевата страна на Водно, дознава Сител.

Како што изјавуваат извори вклучени во проектот, трпението на Израелците сериозно се истенчило, откако и по една година од најавата се уште не може да тргне изградбата на луксузниот комплекс.

Еден од главните проблеми бил во застарените геодетски податоци на земјиштето. Станувало збор за авионски снимки од далечната 1962 година.

Инвеститорите заклучиле дека тие не се совпаѓаат со актуелната состојба на теренот, односно дека границите на парцелите означени пред речиси половина век денеска се неточни и се преклопуваат со други парцели.

Заради спорниот детален урабинистички план, новите сопственици на околу 600 парцели кои влегуваат во земјиштето се уште не се впишани во катастарот.

Според нашите информации, вчера претставници на Индустриал Билдингс корпорацијата ги дискутирале овие проблеми во Министерството за транспорт.

Холдингот ИБЦ во мај минатата година лицитараше и плати 3,6 милиони евра за над 630 илјади квадратни метри земјиште во општината Сопиште.

Изградбата на модерна населба за домување на 6.000 луѓе требаше да стартува за шест месеци од добивањето на градежните дозволи, а да заврши во 2011-та. Временскиот рок за реализација на проектот беше еден од условите пропишани во јавниот оглас.

Меѓувреме, растот на цените на градежните материјали ја поскапел изградбата на Сончевиот град од 100 на 200 милиони евра.

http://sitel.com.mk/?ItemID=509FFCF610754C4498807871D4E388ED


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Jul-2008 at 08:16


strasno... a inaku za sonceviot grad se zboruva barem 8 godini. znaci 6-7 godini pred da se najde investitor. Imaa sansa 100 pati da ja sredat taa prokleta dokumntacija i site tehnicki prasanja.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Jul-2008 at 05:48
Доколку сепак приказнава за Сончев Град добие среќна завршица, би било можно да се реши и дилемата за проблематичниот пат што беше најавен. Како што повеќето од вас знаат, Македонија само што се задолжи кај ЕБРД и Светска Банка за цели 120 милиони евра, наменски за локалните и регионалните патишта. Мислам дека не би било проблем, туку дека би било баш логично 1 до 2 проценти од овие средства да се употребат за изградба на тунелот како што е планирано со ГУП-от, а не да се трасира нов пат по Водно, како што првично се најави од фондот за патишта. Проценката за 1 до 2 проценти се разбира е груба проценка, но логиката укажува дека цената би се движела отприлика во тој опсег. Од друга страна треба да се земе во предвид и дека беше најавено дека варијантата без тунел ќе чини 700 илјади евра, што не е сума за потценување и нормално треба да се вкалкулира во „големата слика“. Толкава сума за лошо решение според мене е тотално неприфатлива, особено сега кога со помош на земените кредити сме финансиски повеќе од способни да го реализираме тунелот.

Но се разбира, прво треба да се реши проблемот со Патишка Река и да се надминат проблемите во врска со земјиштето... Ако тоа не се реши, нема да ни треба никаков пат Roll%20eyes


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Jul-2008 at 08:11


Па добро резонот и планирањето не е секогаш најсилна страна кај нас. Дури и да се сите услови исполнети за тунел немора да значи дека ќе го прават иако е тоа најдоброто решение.

За Патишка река. Иако за жал тоа не треба да биде начинот на решавање на проблемите мислам дека влезот на ДУИ во власта носи шанса селаните таму да попуштат. Ако не се лажам ДУИ беше доминантна таму.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Sep-2008 at 22:17
Еве го урбанистичкиот план за Сончев Град во преголема резолуција, а башка има и можност за layer-и при разгледување.

http://www.4shared.com/file/63529656/61e131f4/6SG_SINTEZEN_F-6SG_SINTEZEN.html - http://www.4shared.com/file/63529656/61e131f4/6SG_SINTEZEN_F-6SG_SINTEZEN.html


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Sep-2008 at 22:29


Dunno

Originally posted by Cloverstack


Многу подетален план (во PDF) можете да најдете овде:

http://www.build.com.mk/docs/soncevgrad.pdf - http://www.build.com.mk/docs/soncevgrad.pdf

Cheers





Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Oct-2008 at 00:21
Прво геотехнички испитувања на Водно, па пат до Сончев град


Од Агенцијата за државни патишта велат дека геотехничките истражувања и испитување на теренот во Парк-шумата Водно треба да ги дадат најповолните можности за изградба на патот до Сончев град


Агенцијата за државни патишта вчера доби согласност од советот на Град Скопје да изврши геотехнички истражувања и испитување на теренот во Парк-шумата Водно, за изградба на патот до Сончев град. Согласноста сепак беше донесена по бурна расправа на советниците и барање аргументи плус за оправданост на овој потег. Додека дел од советниците сметаат дека се големи економските придобивки од изградба на регионален пат Р-303 од улицата Салвадор Аљенде преку Средно Водно до Сончев Град, кој би се градел во должина од 2,5 километри, другите бараа да се почитува одлуката со која во парк-шумата Водно се забранува изведување на било какви градежни зафати.

-Парк-шумата Водно е во надлежност на Град Скопје и од 1976 година со одлука е прогласен за заштитена зона. Од 1991 со сополнување на одлуката забранети се и било какви активности кои можат да доведат до нарушување на биодиверзитетот на Водно, велат и во секторот за животна средина. Против изградбата на патот во изминатиот период се огласија и еколошки организации.
Од Агенцијата, пак, велат дека, со овие испитувања ќе се согледаат можностите и ќе се бара најдобро решение за изградба на патот.

-Ние се уште немаме согледувања за тоа каде би бил изграден патот и затоа ни беше неопходна согласност од Градот под чија надлежност е парк-шумата Водно, за да ги започнеме испитувањата на самиот терен. Сеуште не се знае каде ќе поминува трасата и затоа е потребно да се направат тие исптувања за да се изнајде најдобро решение. Се надеваме дека нема да имаме никакви проблеми со еколошките друштва со оглед дека сме во постојана комуникација со нив, вели Катерина Панова-Илиевска, одговорна за односи со јавност во Агенцијата.
Од Министерството за животна средина пак, велат дека се направени сите анализи и испитувања со сите забелешки кои беа дадени за време на јавните расправи, при што е констатирано дека импликациите и влијанијата врз природата, биодиверзитетот врз воздухот и почвата се во рамките на дозволеното за зафати од ваков вид.

http://vecer.com.mk/?ItemID=E0296A2F61872C4681A1869256337077



Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Oct-2008 at 00:26

Опозицијата се плаши од сеча на Водно

Парк-шумата Водно ќе се копа со цел да се истражи дали и на кое место може да се изгради улица што ќе го поврзува Скопје со Сончев град во Сопиште, населба што допрва треба да никне на јужната страна на планината, обвини вчера опозицијата на седницата на Советот на Скопје.По жестоката дискусија со владејачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, салата во текот на седницата ја напуштија незадоволните советници од коалицијата на СДСМ и ЛДП, како и од ЛП. Опозицијата обвини дека мнозинството сака заклучокот да го протне на мала врата, со цел да почне уништувањето на Водно. Иако бараа да им се достават материјали, согласности од секторите во градот задолжени за парк-шумата, образложение која е целта на испитувањата, барањата не им беа исполнети.

- Ова е почеток на сечата на Водно. Не знаеме која е целта на испитувањата. Не е кажано дали ќе се бара нафта, вода или, пак, целта е изградба на улица. Точката треба да се одложи за да добиеме материјали и јавноста да увиди за што станува збор - смета Ивон Величковски од Либералната партија.

Софија Куновска од СДСМ изрази сомневање во законитоста на постапката, но потенцираше дека и овој заклучок веројатно ќе добие согласност од мнозинството, како и за останатите проекти за кои инсистираше владејачката партија како што беа споменикот на Скендербег, Генералниот план на Скопје, планот за Мал ринг...

Претставник од Секторот за екологија при Градот изјави дека шумата е во нивна надлежност, но дека согласност не дале ниту тие ниту „Паркови и зеленило“ за какви било истражувања.

- Има одлуки што се во сила за заштита на парк-шумата и со нив не е дозволена каква и да е изградба. Со нив се забранува каква била активност или сообраќај што може да ги уништи шумата и живиот свет во оваа заштитена зона. Дури имаме во план рампата на сегашната улица на Водно да ја спуштиме подолу, со цел да се ограничи и сегашниот сообраќај. Ставот на Градот е доставен и до сите државни институции, но досега одговор не сме добиле - објаснија од Секторот за екологија.Тие потенцираа дека од сопствениците на градбите што се наоѓаат на Водно постојано добиваат барања за изградба на пристапни улици до нивните објекти, но тие редовно ги одбиваат.

- Ако се усвои овој заклучок, не знам како утре ќе им објасниме зошто да не се гради улица и за нив - рече претставникот од Секторот за екологија.

Дискусијата кулминираше кога дојде на ред гласањето. Опозицијата, која ја напушти салата, тврдеше дека нема кворум за гласање, односно дека во салата се присутни 22 члена на Советот. Наспроти нив, службите и претседателката Ирена Мишева заклучокот го усвоија со тврдење дека за него гласале 24 советници. Опозицијата ќе побара од градоначалникот Трифун Костовски да не го потпишува заклучокот за геотехнички испитувања на Водно, со образложение дека Мишева го прекршила Деловникот.

Ребалансот на буџетот сепак помина

Иако во минатата недела градските советници го одложија усвојувањето на ребалансот на буџетот предложен од градоначалникот Трифун Костовски, и со тоа ги блокираа најавените проекти, вчера оваа точка беше ставена на дневен ред, а ребалансот на Буџетот за 2008 година беше усвоен. Со амандман, сумата дури беше дополнета за 10 милиони, па сега вкупно 150 милиони денари ќе се инвестираат за спас на ЈСП од колапс, за изградба на плоштад под црквата „Света Богородица“, за уредување на кејот Димитар „Влахов, за нови улици, осветление и за нов пешачки мост до пештерите на Матка. Околу 200.000 денари ќе им бидат доделени на спортистите што учествуваа на Олимпијадата во Пекинг.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=A2DF8BCD0DD0964EBD88D3B288444185




Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Oct-2008 at 00:38
Која е таа Агенција за државни патишта?! Сто пати сме ја прочитале, а нигде ја нема. Немаат ни интернет страна. Срамота, никави информации, ниту физибилити студии неможеме да најдеме.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Oct-2008 at 08:53
Советот одобри испитувања за изградба на пат низ Водно



Автор:  Гоце Трпковски

По иницијатива на 18 советници и без никакви образложенија, градскиот совет вчера ѝ одобри на Агенцијата за државни патишта, поранешен Фонд за магистрални и за регионални патишта, да врши геотехнички истражувања во парк-шумата Водно. Во одлуката не пишува зошто ќе се вршат тие истражувања, но советниците од опозицијата нагласија дека зад тоа се крие идејата да се сече дел од шумата на Водно за да се изгради пат до новата населба Сончев Град во општината Сопиште. Од агенцијата потврдија дека ќе се испитува дали може оттаму да се гради новата сообраќајница.

КОЛКУ СОВЕТНИЦИ ГЛАСАА?

Советничката Тања Томиќ побара подетални објаснувања за оваа одлука, пред да се гласа за неа.

- Отворањето на оваа постапка во парк-шумата Водно воопшто не е наивна работа, па одлуката треба да се одложи за некоја наредна седница. Тука нема ниту предлагач, ниту објаснување зошто ќе се прават истражувањата - рече Томиќ.

Ивон Величковски рече дека на него му е јасно која е вистинската причина, но дека некој треба да има доблест јавно да ја соопшти.

- Треба отворено да се каже дека со ова се бара сечење на шумите за изградба на пат, освен ако Агенцијата нема намера да бара нафта на Водно. Целата јавност треба да види за што станува збор. Затоа би повикал на совеста на советниците да го одбијат овој предлог - додаде Величковски.

Софија Куновска, пак, истакна дека одлуката е надвор од размислувањата на советот, кој во случајов е само продолжена рака на тие што го туркаат проектот.

- Овде треба само формално да се одобри тоа што е замислено. Слични беа случаите и со споменикот на Скендербег, деталниот план за Малиот ринг, новиот генерален урбанистички план и други - смета Куновска.

По неколку паузи и голем број расправии, повеќе советници ја напуштија салата. Стана неизвесно дали ќе има доволно советници, 23, за да се изгласа одлуката. На гласањето претседателката Ирена Мишева изброја 24 гласа за, а тие од опозицијата 22. Но, немаше кој да побара поединечно гласање, па тие најавија дека ќе побараат од градоначалникот Трифун Костовски да ја поништи таа одлука.

ТРАСАТА СЕ УШТЕ НЕПОЗНАТА

Катерина Панова Илиевска од Агенцијата за државни патишта вели дека им била потребна оваа одлука за да можат да почнат испитувања со кои ќе утврдат дали патот за Сончев Град може да се направи низ Водно.

- Не знаеме ниту од каде ќе поминува трасата, но оваа одлука ќе ни овозможи да испитаме. Целта на истражувањата е да се направи проект, а потоа ќе се испитува и какви влијанија би имал патот врз животната средина - објаснува Панова Илиевска.

Од градскиот сектор за заштита на животната средина истакнаа дека Водно е заштитена зона и во парк-шумата не треба да се дозволи да се градат патишта, па затоа одобрението би било беспредметно.

За идејата да се гради пат низ Водно до Сончев Град протестираа и екологистите, кои собраа неколку илјади потписи против оваа иницијатива. Тие сметаат дека со тоа ќе се зададе уште еден, можеби завршен удар во уништувањето на заштитената зона, затоа што ќе се создадат услови и за изградба на нови објекти по целата должина на патот.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabID=2&fCat=1&EditionID=207&top=1&ArticleID=9183



Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Oct-2008 at 08:55
Ми се расчистија дилемите!!!

По иницијатива на 18 советници и без никакви образложенија, градскиот совет вчера ѝ одобри на Агенцијата за државни патишта, поранешен Фонд за магистрални и за регионални патишта, да врши геотехнички истражувања во парк-шумата Водно.



Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Oct-2008 at 00:50

Екологистите не даваат да се гради пат за Сончевград преку Водно

Трасата не е дефинитивно утврдена, но би требало да биде долга околу три километри

Сања Наумовска

Еколошките невладини организации ќе ја бранат Парк-шумата „Водно“ и нема да дозволат да се сечат дрвјата, доколку треба низ неа да се гради пат до Сончевград. По завчерашната одлука на Советот на Скопје да и' се одобрат на Агенцијата за патишта геомеханички испитувања на теренот, зелените организации во главниот град, поддржани од планинарските друштва, започнале да ги разгледуваат опциите што им стојат на располагање за заштита на белите дробови на Скопје. Првенствено, тоа се законите и одлуките кои го штитат Водно како заштитена зона, но не се исклучува ниту радикалната мерка - протест со затворање на патот кон Средно Водно.

Според плановите за изградба на елитната населба Сончевград, патот треба да ги поврзува Средно Водно и селата Сопиште и Долно Соње. Трасата не е дефинитивно утврдена, но би требало приближно да биде долга околу три километри. Инвестицијата за изградба на овој пат, според првичните процени, треба да изнесува 700 илјади евра.

„Одлуката на Советот на Скопје се' уште е нова и не сме ја разгледале детаљно, но сепак, не се согласуваме и секако ќе реагираме. Градот Скопје беше последната институција која не' поддржуваше во нашите напори за заштита на Водно и се надеваме дека така ќе остане. Во текот на следните денови со другите организации и друштва ќе го подготвиме нашиот одговор на одлуката“, вели Петар Бошевски од „Екомисија“.

Во Агенцијата за патишта потврдуваат дека со одлуката на Советот на Скопје се отвора можност да се изработи проект за патот кон Сончевград. Геомеханичките испитувања се подготвителна фаза во која ќе се снима и испитува почвата каде што би поминувала трасата. Без испитувањата кои ќе започнат веднаш кога Агенцијата официјално ќе го добие одобрението од Советот, не може да се изготви идеен проект. За нив тоа е регуларна процедура, без разлика што се однесува за парк-шума.

„Во рамките на испитувањата треба да се утврди трасата на патот кон Сончевград, што не значи дека во текот на процедурата не може да се утврди и дека патот не треба да поминува таму. Затоа и е предвидена таа подготвителна фаза“, вели Катерина Панова-Илиевска, портпаролка на Агенцијата за патишта.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=0E35F7F93C372143AD8CB32D4EA80188




Posted By: La Linea
Date Posted: 16-Oct-2008 at 13:24
Лсл, навистина ме интересира твоето мислење. 

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Oct-2008 at 13:43
Не е страшно воопшто (со букви: воопшто) што ќе се исечат дрвата. Повеќе се сомневам во перење пари од страна на тие што се бунат одколку дека стварно им е дојдено до дрвата. Ионака еве сега на 23 има акција за засадување на 6 милиони садници. Моја потполна поддршка за изградба на патот.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Oct-2008 at 13:54
Originally posted by lslcrew

Повеќе се сомневам во перење пари од страна на тие што се бунат одколку дека стварно им е дојдено до дрвата.

Question

Хммммм.. Не ми текнува никакво можно сценарио каде противниците на овој пат би имале можност да исперат пари.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Oct-2008 at 14:04
Па сите тие маици и привезоци што се делат од страна на друштвата за заштина на природата коштаат по 100 €/маица. Еве јас на сите тие друштва им предлагам сите пари што ги трошат да се експонираат медиумски да ги потрошат на садници и еден сончев викенд да отидат до најблиското голо брдо и да ги засадат! Постои некоја статистика што укажува дека три нови дрва можат за краток период да надоместат едно старо исечено дрво. Мислам дека ова е преточено и во законска форма па доколку сакаш да исечеш дрво, макар се наоѓало и во сопствениот двор треба да засадиш три нови дрва. Како што се сеќавам инвеститорите на кинескиот ѕид досега имаат платено најголема такса на град Скопје за сечење дрва. Само што тие пари град Скопје ги потрошил за други намени. Гледате, дур и сечењето дрва е законско уредено и законот е јасно оформен постепено да ја унапредува и зголемува зелената површина. Така да нема потреба од никакви друштва и дигање паника околу секое гранче. Е сега колку е законот спроведен на дело, тоа е друга работа. Но еве како што кажав на 23-ти октомври има акција за 6 милиони задници, а тоа дава дискреционо правои да се исечат 2 милиони без покритие, што не значи дека треба да се исечат. Но зборот ми е тие друштва да си се смират малку и да престанат да кукаат за секое ќоше плевел.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Oct-2008 at 14:16
Originally posted by lslcrew

Па сите тие маици и привезоци што се делат од страна на друштвата за заштина на природата коштаат по 100 €/маица.


Доколку немаш поткрепа за ова тврдење, извини ама звучи на тие фамозните кафански муабети.

Инаку градењето на тој пат не се сведува само на сечење дрва (и нивно математичко надоместување на друго место), туку на сите ефекти што тој пат би ги имал врз парк-шумата. Атакот врз Водно мора да се стопира. Тука не спаѓаат само приватните инвеститори, туку и државата. Конкретно за патов уште не сум оформил конечно мислење - па побогу уште ни трасата ја немаат дефинирано. Но од информациите што ги имаме, претежнувам кон тоа да се бара друго решение. Еве на пример и предвидениот тунел до сега веќе можеше да почне да се гради, доколку сериозно му се пристапеше и доколку наместо во разноразни глупости средства се насочеа кон тој проект.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 16-Oct-2008 at 14:23
Незнам зошто тој пат да оди преку Водњанска па по патот за Водно и со тоа да завлегува во парк шумата. Знам еден пат (преку од Пржино преку Теферич) кој е доста пострмен, но воопшто не оди од таа страна на Водно и излегува веднаш кај Соње. Мислам дека тој би бил далеку посоодветен, но проблем би била малата проточност на улицата (незнам како се вика) што оди помеѓу Кисела Вода и Пржино, десно од крајот на Огњан Прица. Во секој случај сум голем противник било што да се прави во делот на Водно помеѓу Марково Крувче и Нерези. Источно или западно може.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Oct-2008 at 14:24
Кловер потполно би отстапил од градење пат доколку тоа се надомести со тунел. Таа опција со тунел ми е најприфатлива. Инаку еве вака до сега само за зеленилото зборев дај малце и за патот. Значи вака јас прво би почекал да се изгради тој сончев град па  сетне (што би рекол бетон) да видиме дали ќе има реална потреба од патот. Овој пат го ставам последен на листата за сообраќајно поврзување на сончев град со Скопје. Првенствено како приоритет ми е тунелот. Овој пат би требало да биде последната опција доколку стварно би нанел штета врз парк шумата водно. Но доколку стварно треба да се изгради, тогаш овдека последователно се надоврзува предходниот мој пост.


Posted By: davce99
Date Posted: 17-Oct-2008 at 18:59
Zdravo na site bi ve zamolil dokolku nekoj bi mozel na Google earth da iscrta kade se naogja sonceviot grad, zashto sakam da kupam vo toj del plac za kukja

Pozdrav


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Oct-2008 at 10:38
Здраво Давче Cheers

За жал точната локација никогаш не ја дознавме така да не верувам дека некој ќе може точно да го направи гугл рт цртежот. Можам само да ти помогнам со локацијата што од прилика знам дека е предвидена за оваа намена доколку ти е само за ориентир.


Posted By: davce99
Date Posted: 18-Oct-2008 at 11:14
Најнапред благодарам за одговорот, па ако можеш и од прилика би ми било од корист

поздрав


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Oct-2008 at 11:24
Колку што имам зборувано со мештаните обележаниот простор е од прилика Сончев град. Точката која ја имам забележано ти е границата помеѓу Припор и Сопиште, од прилика 300м под дуќанот Давидоф (познат ориентир во Сопиште) или веднаш до куќата што има авион во дворот (уште еден ориентир).

Значи првата улица десно после Давидоф и би требало да искочиш кај сончев град.




Posted By: davce99
Date Posted: 18-Oct-2008 at 14:49
pbanks Ти благодарам многу за брзиот одговор и за од прилика тоцхната локација, гледам дека си упатен доста во тој дел, па сакав да те прасхам реална цена во тој реон колку би било за плац, збориме за позади Давидоф во ридот на самата граница со сонцев град

Поздрав и фала за одговорите


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Oct-2008 at 15:01
Originally posted by davce99

pbanks Ти благодарам многу за брзиот одговор и за од прилика тоцхната локација, гледам дека си упатен доста во тој дел, па сакав да те прасхам реална цена во тој реон колку би било за плац, збориме за позади Давидоф во ридот на самата граница со сонцев град

Поздрав и фала за одговорите


ухх зависи тука од многу параметри.

- комуналии (водовод, канализација, струја). Не знам дали е тоа решено над Давидоф едно време градски водовод и канализација завршуваа баш тука кај Давидоф незнам дали се продолжени нагоре. Струја скоро донесоа и трофазна во тој реон така да тука не би требало да имаш проблем
- урбанизација. Овдека ретко што е попишано во катастар на недвижности и сите договори за земјиштето ретроактивно се правени на било какво парче хартија без заверување, малтене на жими мајка. Ако на тоа се додаде менталитетот на населението воопшто не е мала веројатноста да се завлечкаш по судови за ова
- сообраќаен пристап. Еднашка свртев по тие уличките да се обидам да стигнам до локацијата на сончев град но тие се прилично стрмни, тесни без никакви стандарди. Зимно време веројатно многу тешко би можел да стигнеш до својот плац

овие се три клучни прашања кои можат значително да влијаат на цената и тоа по моја слободна проценка во распон од 50-100ЕУР за квадрат земјиште (ова земи го со резерва бидејќи одавна немам гледано цени во тој дел но сепак).

Инаку забелешкиве ти ги давам повеќе да те преупредам отколку да те обесхрабрам. Се работи за многу убав дел од градот и за една од последните прилики човек да биде и на планина, и во перфирерија а многу блиску до центар (локацијата која си ја пикирал е на само 5км од плоштад Македонија) а сето тоа да биде финансиски достапно.


Posted By: davce99
Date Posted: 18-Oct-2008 at 15:14
Повеќе од доволно ми кажа, ти благодарам на информациите, ке ве консултирам кога ке дојде ред за градење

Поздрав ехтра форум сте направиле


Posted By: KraFT
Date Posted: 19-Oct-2008 at 15:34

Поздрав до сите.

Форумот е топ и е супер.
 Го следам од многу одамна но од пуста мрза никако да се зачленам.
 
Имено пред 3 ипол години,  купив 1850м2 плац во Сопиште за 18еур/м2, со намера да живеам таму.
Плацот е на јужната страна која според мене е многу поубава и е скроз друг филм.
Сончев град завршува на јужната страна а инаку се протега  на источната страна од Водно, на потегот над  Давидов - Гемиџии -  и завршува над новите вили на јужната падина. 
 
Источната страна е исто супер но малку е лош филмот денски со поглед и отворена воздушна линија кон УСЈЕ.  Мириса и до таму, проверено  на неколку пати а навецер имаш илузија дека гледаш на Скопје. ( Усје, Петровец, Аеродромот  итн)
Од јужната страна гледаш на Китка и Солунска глава и винови насади.
 
Мој совет ти е да бараш на  јужната страна. Инфраструктурно источната страна има све но јужната ке добие наскоро... Фали вода и канализација...(Ја има, но не доволно) 
 
Цени...
Источната страна почнува од 60е и расте до 120е како што се спушташ надоле.
На јужната страна која до пред 3 - 4 години никој не ја гледаше сега е скоро све е продадено... Тоа што не се продава има проблеми со имотно правните односи или нереално висока цена.
Мој пријател понуди 65евра/м2 за 2350м2(!!!) и беше одбиен на плац кој до лани се продаваше за 35еура.  Имај впредвид дека се работи за огромни плацови и под 1500 м2 никој не ти прави муабет.
Патем, ниту еден плац од јужната страна нема пат...  Освен ако не е до самиот пат...
Обавезно осигурај пат инаку поради добри меѓучовечко - комшиски  односи ќе паркираш во општина.  Bash
 
Комуналиите се сеуште симболични ...
Во текот на следниот месец ке знам детали при поднесувањето на дозвола за градба ...
 
Со среќа
 
 
Јужната страна ....
http://imageshack.us -
 
http://imageshack.us">
 
ПС
Подоцнна ке аплоудирам панорамски фотографии од пределот ...
Поздрав.
КраФТ



Print Page | Close Window