Скопскиот аеродром ќе биде број 1 не само на балканот
30.09.2008 15:14
Во
Истанбул може да се стаса на сите можни начини. Сепак, најголемиот број
туристи во турската економска престолнина патуваат со авион. Првата и
последната импресија за овој 12-милионски град ја добиваат на
аеродромот „Кемал Ататурк“.
Го изгради и го стопанисува
компанијата ТАВ, истата што ќе ги модернизира аеродромите во
Македонија. На аеродромот на кој во секоја минута слетуваат или
полетуваат по неколку авиони, не пречека првиот човек на оваа
компанија, една од најмоќните во Турција, Сани Шенер, истиот кој во
Скопје го стави потписот на концесискиот договор.
Не поведе на
прошетка по аеродромот која не можеше да биде куса бидејќи станува збор
за огромен простор. Истанбулскиот ќе биде само урнек за скопскиот.
„Ќе
направиме макета на овој во Македонија, но ќе биде помал. Помала
верзија на истанбулскиот аеродром, кој е најдобар во Европа“, изјави
Сани Шенер.
ТАВ во Скопје ќе гради нова терминална и
административна зграда и ќе ја продолжува пистата, Охридскиот ќе го
реконструира, а во Штип ќе прави нов аеродром.
Двесте милиони
евра се многу пари. Прометот на патници ќе мора да расте за
концесионерите во наредните 20 години да си ја повратат инвестицијата.
„Очекуваме
пет милиони патници во Македонија. Но за да се постигне оваа бројка, не
доволно само да направите аеродром. Хотелите и останатите придружни
бранши мораат да се подобрат во Македонија. Јас верувам во оваа земја.
На аеродромот „Ататурк“, во 2000, кога го зедовме аеродромов, бројот на
патници беше десет милиони. Сега таа бројка изнесува 24 милиони. “,
рече Сани Шенер.
Со пет милиони патници годишно, Скопскиот ќе
биде прв аеродром, не само на Балканот. На прашањето дали е ова
остварливо, Турчинот одговара уште поамбициозно.
„На
Балканот...Мислам дека е Виенскиот. Ви реков, ние сме многу амбициозни.
Виена ќе ни биде конкуренција. Нема да кажам Тирана, зошто треба да се
размислува во пошироки рамки. За Македонија ние имаме големи планови
Во
Истанбул летаат најпознатите светски авиокомпании на повеќе од сто
дестинации во светот. Турците планираат дел од големите имиња да ги
преселат во Скопје. Александар Велики да го направат концесиски
трансфер аеродром.
Главниот менаџер е строг, ама вработените на
македонските аеродроми не треба да се плашат за своите работни места.
Нема да биде отпуштен ниту еден, но од сите ќе се бара да работат
поефикасно.
Македонија ќе добие аеродром со кој ќе се гордее, а „Александар Велики“ ќе си го заслужи името, не уверува нашиот домаќин.
По една година нема да можете да го препознаете. Реконструкцијата почнува за деведесет дена.
Nego kako sto gledam Turcive ne se mnogu optimisti za kargo aerodromot vo Stip, ocigledno e deka nema da mislam deka ke napravat nekoja paricka tamu. Pa tuka se aerodromskite taksi ke lapnat nesto sigurno.
Clover, Ako si primetil ima i VIP aerodrom izgradeno glanc nov od levata strana na Aerodromot. I da ne se pomeshame ne mislam VIP za Mobiltel Austria mislam VIP za povazhni faci sto ke dojdat vo Aerodromot i da ne chekaat vo redici pravo tamu da gi odnesat i po brzo da pominat pasoshka kontrola. Sekoj Aerodrom ima takvo chudo.
E toa e nova zgrada izgradena ili renovirana dali ke ja rushat taa zgrada ili pa ke ja ostavat taka??
Туку каде точно ќе се гради новиот терминал? Изгледа ќе го зафаќа просторот на стариот плус проширување према север, со што плус би се овозможила фазна изградба и релативно нормално функционирање до целосно комплетирање на новиот и рушење на стариот. Друга можна опција е комплетно поместување кон север, од другата страна на контролната кула, а со тоа би се зафатила голема површина од постоечкиот воен дел на аеродромот. Мене лично првата варијанта ми изгледа поверојатна.
Исто ме копка и она околу новата клучка...
Ајде веќе еднаш нека постават материјали на сајтот на ТАВ
Pa kaj mozhe da bide Aerodrom promashena investicija? Tie si imaat monopol lugeto ke patuvaat sea ushte da gi skinat vizite vo Evropska Unija pa ke bide mnogu po lesno za site.
Супер изгледа замислата за скопскиот аеродром, иако се сомневам во тоа дека би можело да стане регионален центар. Да не заборавиме дек Косово си го форсира својот аеродром во Приштина, Србите оној во Ниш, па не знам како тоа нашиот аеродром ќе се стекне со толку многу патници! Се надевам дека нема да биде промашена инвестиција!
Во обилните дождови на крајот на минатата недела во Грузија, повторно
настрадал покривот на Меѓународниот аеродром во Тбилиси кој го градеше
турски ТАВ.
Интернет изданието на "Џорџија тудеј" од 22 септември пренесува:
"Немилосрдните врнежи го оштетија покривот на Меѓународниот аеродром во
Тбилиси и ја поплавија железницата во близина на Аеродромот". Теа
Табиџи, претставник на државната компанија за аероконтрола
"Тав-Грузија", изјави дека штом ќе се подобрат временските услови, во
рок од две недели компанијата ќе изврши поправки на покривот на
аеродромот, што ќе чини околу 1,2 милиони евра.
"Дождот го оштети покривот и секторот за пристигнувања. Подот беше
поплавен. Компанијата планираше да ја заврши изградбата на Аеродромот
во август, меѓутоа странските работници не сакаа да дојдат во земјата
поради војната, а и временските услови не беа погодни за изведување на
градежни работи", изјави Табиџи.
Аеродромот во Грузија е еден од аеродромите кои ги изградил турскиот
конзорциум ТАВ. Досега четири пати имал проблеми со покривот. Отворен е
на 7 февруари лани. Турската компанија "Тепе- Акфен-Вие" (ТАВ), во
соработка со градежната фирма "Урбан", го изградила аеродромот во кој
се вложени околу 62 милиона долари. Концесијата
е на 15 години. Конструиран е да опслужи 1.500 патници на саат.
Инцидентите со Аеродромот наскоро по отворањето ги поттикнале
прашањата дали Аеродромот е навистина добивка за
Грузија или, како што проценила опозицијата, скапа грешка. (А.С.)
Фала богу и ова конечно бидна. Новиот аеродром дефинитивно не ме разочара (како што до негде очекував со оглед на сите заебанции), напротив ми се допаѓа иако од сликите што ги имаме сега за сега и тоа краткото клипче на а1 не може баш убаво да се види и оцени, ај ќе почекам малце пред да го стаам овој смајли ( ) .
Него ај последен пат да го спомнам штипскиот, дека нема никаква логика (барем финансиска ) да се гради овој аеродром ни покажува фактот дека ТАВ ќе го изградат и одма ќе и го поклонат на државата значи не само што не гледаат шанса да си ја вратат инвестицијата, дури не го сметаат ни за рентабилен па одма се ослободуваат од него, значи нејќат ништо да имаат со штипскиот. Е сега дали ќе добиевме "подобар" скопски да не постоеше условот за аеродром во штип никогаш нема да дознаеме. Ај доста негативност се надевам дека на крај скопскиот во живо ќе биде и поубав од рендериве.
Турски „ТАВ“ ги презеде македонските аеродроми
Турската компанија нема да го стопанисува карго-аеродромот во Штип, туку само ќе го изгради, а потоа Владата ќе процени дали таа ќе оперира со него или ќе бара друг концесионер
Министерот Миле Јанакиески и директорот на „ТАВ“, Мустафа Сани Шенер (десно), најавија инвестиција од 200 милиони евра за модернизација и изградба на аеродромите
Турската компанија „ТАВ“ вчера потпиша договор со Владата со што ги доби под концесија аеродромите во Скопје и во Охрид, „Александар Велики“ и „Св. Апостол Павле“ во наредните 20 години и се обврза да изгради нов карго-аеродром во Штип.
Потписниците на договорот, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и главниот извршен директор на „ТАВ“, Мустафа Сани Шенер, најавија инвестиција од 200 милиони евра во модернизација и изградба на аеродромите и подобрување на аеродромските услуги.
- Македонија заслужува ваква инвестиција, која ќе овозможи подобрување на услугите за македонските граѓани и за сите што ќе доаѓаат во државава. Владата нема да биде флексибилна ако концесионерот не ги исполнува навреме условите од договорот. Нема да има простор за одложување, затоа што постојат точно определени рокови - истакна Јанакиески.Модернизацијата на аеродромите треба да почне најдоцна за три месеци, при што за реконструкција на скопскиот аеродром се предвидени 20 месеци, за аеродромот во Охрид 12 месеци и 3 години за изградба на карго-аеродромот во Штип. Турската компанија, според договорот, нема да го стопанисува карго-аеродромот, туку само ќе го изгради. Владата потоа ќе процени дали таа ќе оперира со него или ќе бара друг концесионер.
Министерот за транспорт објасни дека сите вработени од државното аеродромско претпријатие ќе бидат преземени од новоформираното претпријатие „ТАВ Македонија“, кое, покрај компанијата „ТАВ“, како негов стопроцентен сопственик, е потписник на договорот за концесија.
Според Јанакиески, државата во наредните 20 години може да очекува прилив меѓу 30 и 40 милиони евра во буџетот од издавањето под концесија на аеродромите. Надоместокот што ќе го плаќаат турските инвеститори секоја година ќе зависи од бројот на патниците на аеродромите. Сегашната бројка од 500.000 патници годишно, според министерот за транспорт, треба да се зголеми на два до три милиони.Главниот извршен директор на „ТАВ“ вети дека ќе изгради модерни и современи аеродроми, за што во наредните три години ќе инвестира 200 милиони евра, како и дополнителни инвестиции ако биде потребно за успешно оперирање со аеродромите.
- Аеродромите се порти при влез во секоја земја. Патниците што доаѓаат во една земја го добиваат првиот впечаток кога пристигнуваат, а последниот кога си заминуваат. Веруваме во иднината на земјата - рече Сани Шенер.Турски „ТАВ“ беше единствена компанија на јавниот оглас што го распиша Владата за издавање на аеродромите под концесија. „ТАВ“ на скопскиот аеродром треба да изгради нова терминална зграда, да ја продолжи полетно-слетната патека, да изгради паркинг за автомобили, пристапен пат со нова клучка, да инсталира системи за земска навигација, да воспостави комунална инфраструктура, да ја догради административната зграда и да изгради нов карго-терминал, противпожарна станица и нов паркинг за воздухоплови. На охридскиот аеродром за една година е предвидено реконструирање на постјниот паркинг, реновирање на објектите во карго-ентарот, изградба на ВИП-објект, реконструкција на административната зграда и набавка на нова опрема. Карго-аеродромот во близина на Штип треба да биде готов за три години. Намерата на Владата е во иднина да функционира како алтернативен за цивилната авијација.
„ТАВ“ оперира со три аеродроми во Турција, вклучувајќи го и најголемиот истанбулски аеродром „Ататурк“. Во Тунис, исто така, оперира со три аеродроми и со уште два во Грузија. Во тек е изградба и на аеродроми во Катар и во Каиро.
ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ СО КОНЦЕСИОНЕРОТ НА АВИОПРИСТАНИШТАТА
ТАВ Македонија ќе ги стокми аеродромите
Државата во наредните 20 години од наплата на надоместокот за концесија ќе собере до 40 милиони евра
ТАВ Македонија е компанијата која ќе ги модернизира и концесионира аеродромите во Скопје и во Охрид и ќе го гради карго-аеродромот кај Штип. Договорот вчера го потпишаа министерот за транспорт Миле Јанакиески и директорот на турски ТАВ, Мустафа Сани Шенер. Тој вети дека од скопскиот аеродром ќе направи модерно авиопристаниште со кое сите ќе се гордеат. - Ова е одличен проект за чија реализација македонската влада нема да вложи ниту денар. Аеродромите се сликата за една земја и преку нив патниците го добиваат првиот впечаток кога влегуваат или излегуваат од неа - рече Сани Шенер, по потпишувањето на договорот. Министерот Јанакиески нагласи дека ова е прва концесија од ваков тип што се дава во земјава. - Македонија заслужува ваква инвестиција која ќе овозможи подобрување на услугите за граѓаните и за сите што ќе доаѓаат во државата - истакна Јанакиески.
Според него, покрај модерни аеродроми, државата во наредните 20 години очекува од наплата на надоместокот за концесија прилив во буџетот од 30 до 40 милиони евра. - Износот на надоместокот што ќе го плаќаат турските инвеститори секоја година зависи од бројот на патниците на аеродромите. Од сегашната бројка од 500.000 патници на годишно ниво, проценките се дека за 20 години ќе има пораст од два до три милиони луѓе што ќе поминат низ аеродромите - објасни Јанакиески.
Во првите три години, турски ТАВ ќе инвестира над 200 милиони евра. Најголем дел од средствата ќе бидат вложени во изградба на карго-аеродромот во Штип, но со него турската компанија нема да стопанисува. - Во документацијата имаше опција со штипскиот аеродром да стопанисува Владата или идниот концесионер. Три години по изградбата на штипскиот аеродром ќе бараме друг концесионер, или пак државата ќе стопанисува со овој аеродром, кој на почетокот ќе биде во функција на слободната економска зона во Штип - појасни Јанакиески.
Акционерското друштво за аеродромски услуги продолжува да функционира, а сите вработени ќе бидат преземени од новото претпријатие ТАВ Македонија. - За незавршена работа во предвиден рок компанијата ќе плаќа дневни пенали од 5.000 евра и ако во тој рок не ја заврши работата, ќе се раскине договорот - увери Јанакиески.
Ставен
е потпис за старт на проектот што на аеродромите во Скопје и Охрид
треба да им донесе европски изглед. Двете авиопристаништа во земјава,
кои повеќе наликуваат на несредена автобуска станица во неразвиениот
свет и го даваат првиот впечаток за Македонија, за две години треба да
станат модерни регионални аеродроми кои ќе го поврзуваат Балканот со
останатиот дел на светот.
Бизнисот го презема турската
компанија ТАВ која има богато искуство во оваа дејност. Оперира со три
аеродроми во Турција, три во Тунис, два во Грузија.
На многумина
македонски граѓани можеби им е познат аеродромот во Истанбул. Ако
скопскиот барем малку наликува на него по реконструкцијата, „Александар
Велики“ ќе си го заслужи името.
„Ние веруваме во иднината на
Македонија и и ветуваме на Владата и на народот на Македонија дека ќе
изградиме врвен аеродром во Скопје со кој сите ќе се гордеат“, рече
Мустафа Сани Шенер, претседател на УО на ТАВ.
Освен
реконструкција на охридскиот и скопскиот, турските инвеститори се
обврзани да изградат и карго аеродром во Штип. Инвестицијата се
проценува на околу 200 милиони евра.
За возврат Турците ги преземаат аеродромите под концесија на 20 години.
„Сите вработени до еден ќе бидат преземени од новото претпријатие
што е формирано и што е потписник на концесијата“, изјави Миле
Јанакиески, министер за транспорт и врски.
Роковите за
реализација на проектот во Македонија се куси. За помалку од две
години, „Александар Велики“ во Скопје треба да добие нов терминал, нова
писта и нова административна зграда.
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum