Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2301 Posted: 24-Sep-2008 at 11:51 |
Потпишан е договор со ТАВ!!!  МИА бара логин па неможам да ја прехостирам веста!
Потпишување договор за превземање на македонските аеродроми

Министерството
за транспорт и врски денеска во Владата на Македонија ќе го потпише
договорот за давање на концесија на аеродромскиот систем во Македонија
на компанијата “ТАВ“ од Турција.
Турската компанија “ТАВ“ е новиот концесионер на аеродромскиот
систем во земјава согласно со предлогот на Комисијата за давање под
концесија и одлуката на Владата за избор на најповолен понудувач.
Аеродромите “Александар Велики“ во Скопје и “Свети Апостол Павле“ во
Охрид ќе и бидат дадени на оваа компанија под концесија на 20 години.
Владата очекува со спроведувањето на овој проект аеродромите да добијат
подобрување, според светски стандарди на аеродромската инфраструктура,
и зголемување на капацитетите и авиосообраќајот. Исто така “ТАВ“ ќе го
гради и новиот карго-аеродром во Штип. Во периодот додека се под
концесија се очекува инвеститорот “ТАВ“ на скопскиот аеродром да
изгради нова терминална зграда, паркинг за автомобили, да се продолжи
полетно-слетната патека што ќе овозможи полетување и слетување на сите
типови авиони, да се изгради пристапен пат, заедно со изградба на нова
клучка, да се изврши инсталирање на системите за земска навигација,
како и да се изгради нов карго терминал, нова противпожарна станица и
нов паркинг за воздухоплови. Турската компанијата ќе им обврска на
аеродромот во Охрид да го реконструира постоечкиот паркинг, да ги
реновира објектите во карго центарот како и да ја реконструира
постоечката административна зграда, да изгради ВИП објект, воедно и да
набави нова потребна опрема за аеродромот за да функционира согласно со
меѓународните стандарди. http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=40608&kategorija=2 |

Edited by lslcrew - 24-Sep-2008 at 12:30
|
 |
blejdsk
Senior Member
Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 320
|
Quote Reply
#2302 Posted: 21-Sep-2008 at 22:32 |
МИНИСТЕРОТ ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ Е УВЕРЕН
Договорот со ТАВ ќе го потпишеме до четврток
Нема да има промена во суштинските услови на договорот што се однесуваат на тоа што треба да се гради и во кои временски рокови, но можеме да разговараме за некои технички работи, рече Јанакиески на вчерашниот Форум на ВМРО-ДПМНЕ кој се однесува на политиките на Владата во областа на транспортот и врските
Договорот со турската компанија ТАВ, која го доби тендерот за концесионер на македонските аеродроми, треба да биде потпишан до 25 овој месец кога истекува законскиот рок за ставање параф на овој документ. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески очекува денеска или во текот на утрешниот ден да биде информиран од турската ТАВ дека формирале компанија во Македонија за оваа намена и кој ќе биде потписникот на договорот. Претходно, Јанакиески најави дека договорот со ТАВ ќе биде потпишан на 20 септември што доведе до одредени шпекулации во јавноста дека Турците, наводно, бараат да се модифицираат делови од договорот што се однесуваат особено на роковите за изградба на новиот карго-аеродром во Штип.
- Нема да има промена во суштинските услови на договорот што се однесуваат на тоа што треба да се гради и во кои временски рокови, но можеме да разговараме за некои технички работи. Тие го прифатија договорот како таков и нема простор за други дискусии - рече Јанакиески на вчерашниот Форум на ВМРО-ДПМНЕ, кој се однесуваше на политиките на Владата во областа на транспортот и врските.
Тој ги демантираше шпекулациите дека израелската Индастриал Билдинг Корпорејшн, која влезе во изградба на Сончев Град, се повлекла поради проблеми со земјиштето. - Проблеми имаше, но од пред три недели се надминати. Земјиштето за изградба на Сончев Град е впишано на нивно име во Катастар што беше услов за почнување на постапката за издавање на градежните дозволи. Израелците имаат рок од шест месеци да почнат со градење бидејќи, во спротивно, договорот ќе им биде автоматски раскинат - нагласи Јанакиески.
Претставувајќи го сработеното во своите области, на Форумот излагања имаа и Љупчо Димовски, Сашо Срцев, Наташа Валкановска, Љупчо Георгиевски, Сотир Костов, Косана Мазнова и Горан Петров.
Edited by pbanks - 21-Sep-2008 at 22:33
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#2303 Posted: 19-Sep-2008 at 13:55 |
А каков мислат дека ќе биде резултатот од некаков нов тендер??? Навистина е „тешко“ да се предвиди...  Од друга страна пак не ми е јасно како може тоа откога ќе се избере понудувач на тендер, отпосле да се менуваат условите, и тоа не ситници туку крупни работи. Значи како што рече вардар, останува да се надеваме дека е само тактизирање и дека тендерот не е под знак прашање.
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#2304 Posted: 19-Sep-2008 at 13:44 |
Дали турциве се премислија (читај освестија) или пак само тактизираат за штипскиот незнам, али како да ќе треба да почне овој долг процес одново 
Доколку навистина се случи ова......
Министерството најавува нов тендер ако до четврток не се потпише договорот со турската компанија
|
.....дали повторно ќе го стават штипскиот во пакет со скопје и охрид или барем ќе научат нешто од резултатот со првиот тендер???
Неизвесно дали ТАВ ќе ја потпише концесијата за македонските аеродроми

Министерството најавува нов тендер ако до четврток не се потпише договорот со турската компанија
Сања Наумовска
Ако до идниот четврток не се потпише договорот со турската компанија ТАВ, која е единствениот понудувач на тендерот за избор на концесионер на скопскиот и на охридскиот аеродром, со обврска да изгради нов аеродром во Штип, Министерството за транспорт и врски веќе следните неколку дена ќе распише нов јавен повик, најавуваат во Министерството. ТАВ доби рок од 14 дена да основа фирма за посебна намена во Македонија, со која ќе се потпише договорот за концесионирање, но до денеска ниту Министерството, ниту пак турската компанија не објавија датум кога ќе се случи тоа.
Со оглед на тоа дека крајниот рок е за помалку од една недела, во јавноста се се' погласни шпекулациите дека до потпишување нема ни да дојде, поради барањата на Турците да се модифицираат делови од договорот кои се однесуваат особено на роковите за изградба на новиот карго-аеродром во Штип. Од Министерството, пак, велат дека работат јавно и транспарентно и дека сите барања биле јавно презентирани во повикот.
Неодамна, министерот Миле Јанакиески најави дека за ТАВ ќе важат сите обврски што се предвидени во договорот, за чие исполнување ќе има и строги услови. Според Јанакиески, предвидено е одземање на концесијата, а во договорот ќе има клаузула според која ако не се изгради штипскиот аеродром во предвидениот рок од три години, тогаш ТАВ ќе мора да плаќа казна од 5.000 евра за секој ден задоцнување. Исто така, на товар на Турците, Владата ќе може да ангажира друг изведувач.
Поради строгите услови поставени во јавниот повик, наспроти, според европските стандарди, неатрактивноста на нашите аеродроми заради малиот број патници, ТАВ е единствениот заинтересиран концесионер. Другите три квалификувани фирми, „Виена интернационал ерпорт” од Австрија, „Хохтиф“ од Германија и ЕГИСод Франција и Велика Британија не доставија понуди, со образложение дека рокот бил прекраток.
Според проектот на Владата, концесионерот кој следните 20 години ќе управува со „Александар Велики“ во Скопје и „Св. апостол Павле“ во Охрид, на скопскиот аеродром треба да изгради нова терминална зграда, да ја продолжи полетно-слетната патека што ќе овозможи полетување и слетување на сите типови авиони, да изгради паркинг за автомобили, пристапен пат заедно со изградба на нова клучка, да изврши инсталирање на системите за земска навигација, да ја догради административната зграда и да инвестира во нов карго-терминал, противпожарна станица и паркинг за авиони. На аеродромот „Св.апостол Павле“ во Охрид ќе се реконструираат административна зграда и постојниот паркинг и ќе се градат ВИП-објект и пречистителна станица. Концесионерот ќе треба да изгради карго-аеродром во Штип, кој ќе функционира како алтернативен аеродром за потребите на цивилната авијација.
|
Edited by vardar - 19-Sep-2008 at 13:45
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#2305 Posted: 13-Sep-2008 at 09:54 |
Извадок од интервју со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески од Дневник
* Турската компанија ТАВ, како единствен кандидат на тендерот,
беше избрана за концесионер на скопскиот и на охридскиот аеродром со
обврска да изгради нов аеродром во Овчеполието. Останатите три
заинтересирани кандидати не доставија понуди на тендерот. Според нив,
роковите за подготовка на документацијата биле прекратки, а како
отежнувачка околност било и барањето за изградба на аеродромот во Штип.
Дали е точно дека ТАВ бара во договорот за концесија да се измени делот
за условите за изградба на овој нов аеродром или тој воопшто да не се
гради?
- Проектот за модернизација на аеродромите во
секој негов сегмент се спроведува транспарентно и со однапред
определени рокови. Тендерската постапка за модернизација на
македонските аеродроми преку издавање долгорочна концесија почна со
објавување меѓународен јавен повик за изразување интерес за учество во
оваа постапка.
Најповолниот понудувач на тендерот, турската
фирма ТАВ, го прифаќа првобитниот договор, испланиран со тендерската
документација и ние очекуваме до истекот на законскиот рок, најдоцна
пред крајот на месецов истиот да го потпишеме. Владата очекува со
спроведувањето на овој проект аеродромите „Александар Велики“ во Скопје
и „Св. апостол Павле“ во Охрид да добијат подобрување според светски
стандарди на аеродромската инфраструктура и зголемување на капацитетите
и авиосообраќајот. Интенцијата, пак, за изградба на новиот
карго-аеродром во Штип е да функционира и како алтернативен аеродром за
потребите на цивилната авијација, со можност во иднина да прерасне во
главен аеродром.На ТАВ во концесискиот договорот ќе му се постават
строги услови за целосно завршување на преземените обврски. Покрај
одземањето на концесијата, во договорот ќе има клаузула според која ако
не го изгради штипскиот аеродром во предвидениот рок од три години,
тогаш ќе плаќа парична казна од 5.000 евра за секој ден задоцнување.
Владата ќе може да ангажира друг изведувач што ќе ја заврши изградба на
аеродромот, а трошоците ќе биде должен да ги плати ТАВ. | http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=EDFC10E50231564A92308E46B17E9ACF
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2306 Posted: 09-Sep-2008 at 22:40 |
НА 20 СЕПТЕМВРИ
Турски ТАВ ќе стави параф на концесискиот договор
На 20 септември ќе биде потпишан договорот за концесија помеѓу
македонската Влада и турската компанија ТАВ, која беше избрана како
најповолен понудувач на тендерот за давање под концесии на македонските
аеродроми. Дали новите газди на аеродромите ќе го сменат раководниот
тим на аеродромите, од Министерството за транспорт не се информирани,
но неофицијално дознаваме дека турските газди планираат во следниве
седум години да ја реформираат аеродромската компанија.
Аеродромите ќе бидат дадени под концесија на 20 години. Во овој
период тие треба комплетно да се модернизираат со што на скопскиот
аеродром се планира во рок од 20 месеци да се изгради нова терминална
зграда, да се продолжи полетно-слетната патека, да се инсталира систем
за земска навигација, да се изгради и комунална инфраструктура, но и да
се догради административната зграда. На Охридскиот ареродром за една
година треба да се реновираат објектите на карго центарот, да се
изгради ВИП објект и да има реконструкција на постоечката
административна зграда. Новиот карго аеродром во Штип, турската
компанија треба да го изгради во рок од три години. Тој ќе биде
алтернативен и ќе биде наменет за потребите на цивилната авијација. http://vecer.com.mk/?ItemID=1385D7007733684E8E10170040B4A8FA
|
 |
mitatos
Senior Member
Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
|
Quote Reply
#2307 Posted: 08-Sep-2008 at 11:33 |
Па нема да одвои владата пари за Аеродромот , они гледаат да се отарасат од него затоа го дале под концесија , а како услов за Тав е да изгради нов терминал читај ги рендерите 100 милјони треба само за нов терминал и карго центар.
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
 |
maestro
Senior Member
Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
|
Quote Reply
#2308 Posted: 08-Sep-2008 at 09:44 |
Грузискиот аеродром е супер, ама тоа не значи дека ако ТАВ ќе гради и тука ќе испадне таков!
Прво, треба да видиме колку пари ќе одвои владата за Аеродромот па потоа да зборуваме.
Што би рекле? колку пари, толку музика.
П.С. таа скицата не ми се допаѓа!
|
 |
mitatos
Senior Member
Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
|
Quote Reply
#2309 Posted: 04-Sep-2008 at 12:42 |
Се надевам и нашиот ке личи на тој грузискиот ептен ми се допага eheheh :L)
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#2310 Posted: 04-Sep-2008 at 09:27 |
Originally posted by vardar
Види, лично не изреагирав затоа што ТАВ ја доби концесијата туку поради другите работи (да не се повторувам). ТАВ е озбилна и компетента фирма и ако се иде како што треба можеме да се надеваме на солиден аеродром за 2 години  .
|
Абе јас 100% се сложив со тебе. И јас ги дадов сличните забелешки со тоа што ти далеку подобро и подетално го елаборираше сето тоа. Само сакам да кажам ако веќе одлучија дека е дефинитивно ТАВ, нашето мислење околу тоа зошто само ТАВ даде понуда ги кажавме, да се фокусираме сега на идниот аеродром.
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#2311 Posted: 04-Sep-2008 at 09:19 |
Originally posted by pbanks
Еве го и сајтот на ТАВ. Да престанеме малце со негативизмот кога веќе победникот е тој сепак има изгледи аеродромот да излезе супер. Некои од аеродромите кои ги менаџира ТАВ се одлични.
http://www.tavairports.com/index_en.asp
|
Види, лично не изреагирав затоа што ТАВ ја доби концесијата туку поради другите работи (да не се повторувам). ТАВ е озбилна и компетента фирма и ако се иде како што треба можеме да се надеваме на солиден аеродром за 2 години  .
Иначе ТАВ ја доби концесијата за новиот аеродром во Грузија, изграден 2007
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2312 Posted: 03-Sep-2008 at 22:26 |
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#2313 Posted: 03-Sep-2008 at 21:03 |
Еве го и сајтот на ТАВ. Да престанеме малце со негативизмот кога веќе победникот е тој сепак има изгледи аеродромот да излезе супер. Некои од аеродромите кои ги менаџира ТАВ се одлични. http://www.tavairports.com/index_en.asp
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#2314 Posted: 03-Sep-2008 at 20:53 |
Ова е најдобро што може 
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#2315 Posted: 03-Sep-2008 at 20:17 |
Тоа беа само скици кои владата им ги дала на турците и на која основа треба да работат. Не се никакви рендери.
Презентацијата во која се сликите не можам да ја најдам на сајтот на МТЦ кое комплетно батали транспарентност која беше навистина на високо ниво на почетокот. Но ќе се обидам да ги изрипувам сликите од А1 вестите.
|
 |
maestro
Senior Member
Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
|
Quote Reply
#2316 Posted: 03-Sep-2008 at 19:35 |
Да, само мене и не ми се допаднаа многу! Личеше на сложувалка со бои... Ама ај, ќе почекаме еден поквалитетен рендер
Edited by maestro13 - 03-Sep-2008 at 19:36
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2317 Posted: 03-Sep-2008 at 18:17 |
На А1 веќе видов, ТАВ објавија веќе првични рендери за аеродромите!
|
 |
maestro
Senior Member
Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
|
Quote Reply
#2318 Posted: 03-Sep-2008 at 17:40 |
Ај да се надеваме дека конечно ќе имаме асален аеродром!
Овој веќе на ништо не личи!
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#2319 Posted: 03-Sep-2008 at 00:00 |
Ја постирам статијава заради болдираните делови пред се заради проекциите за сообраќај за време на концесијата.
Турски ТАV ќе ги обнови аеродромите
Вкупната
инвестиција на ТАV за сите три аеродроми изнесува 230 милиони евра, со
тоа што концесионерот за 20-годишно стопанисување со аеродромите ќе
плаќа надоместок на државата во висина од 40 милиони евра
Турската
компанија ТАV airports holding од Истанбул ќе ги модернизира скопскиот
и охридскиот аеродром и ќе го гради новиот карго аеродром во Штип.
Одлуката ја донесе Владата, откако Комисијата за давање под концесија
на трите аеродроми ја предложи ТАV за најповолен понудувач иако таа ја
достави единствената понуда.
Според портпаролот на Министерството за транспорт и врски, Драган
Симоновски ТАV е обврзана во рок од 14 дена од приемот на владината
одлука да формира македонска компанија за посебна намена, да ја
регистрира во Централниот регистар на Македонија и со министерот за
транспорт да го потпише договорот за концесионерство. - Идниот
концесионер ќе има голем број на обврски и градежни зафати кои треба да
ги исполни во предвидените рокови. На пример, полетно - следната патека
на Александар Велики треба во рок од 20 месеци да ја продолжи кон југ
за 500 метри а за истиот период треба да изградат нова терминална
зграда и комунална инфраструктура со пристапен пат и нова клучка -
појаснува Симоновски.
За реновирање на административната зграда и карго-центарот на
охридскиот аеродром како и изградба на вип објект и пречистителна
станица, на новиот концесионер му е оставен период од 12 месеци. Карго
аеродромот во Штип, турската ТАV треба да го изгради за три години и по
тој рок ако одлучи да не го стопанисува, според тендерските услови
концесионерот може да и го отстапи на Владата. Вкупната
инвестиција на ТАV за сите три аеродроми изнесува 230 милиони евра, со
тоа што концесионерот за 20-годишно стопанисување со аеродромите ќе
плаќа надоместок на државата во висина од 40 милиони евра. Проекцијата
на ТАV е дека до 2029 година ќе го подигне бројот на патници од
сегашните 680.000 на 4,9 милиони годишно, од кои половина милион на
охридскиот аеродром што е речиси 10 пати повеќе од сегашната бројка.
Покрај тоа што оператираат со истанбулскиот аеродром Кемал Ататурк,
ТАV е присутен и во Анкара и Израел на два аеродроми во Грузија и
Тунис, а ги градат и аеродромите во Каиро и Катар. | http://www.vecer.com.mk/?ItemID=88FDE96954C05048B4AB6C23DF71599B
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#2320 Posted: 02-Sep-2008 at 23:05 |
Originally posted by La Linea
Кога читам вакви коментари, се чуствувам како да сум на форумот на Миленко - полно нагаѓања, и дезинформации. |
па незнам што поголем доказ ти треба од официјално и јавно дискредитирање на ВАТ во Иран, изгледа човек доколку се потруди да направи некаква анализа или да проба да фрли почисто светло на нечии нервозни прашалници и недоумици веднаш делува како конспиратор и демагог, напротив би требало да е обратно но воопшто немам време за спамување во таков правец... доколку имаш појаки докази еве бујрум отепај ги моите нагаѓања
|
 |