build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Такси превоз

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 16>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 21-Jan-2010 at 01:18
И управителите на такси компаниите со сертификат
СРЕДА, 20 ЈАНУАРИ 2010 18:40



Од 1 јануари оваа година стапија на сила новите услови за добивање автотакси лиценца. Во Битола според новиот закон и новите услови со жолта боја и фискален таксиметар се издадени вкупно 190 лиценци. Покрај стандардните документи кои досега се доставуваа за добивање лиценца, новина е тоа што и управителот на фирмата треба да поднесе сертификат за професионална компатибилност.



-Тој сертификат значи дека управителот на фирмата е подобен и има познавања за работењето на таа такси фирма. Значи ги знае деталите околу работата, законските регулативи, изјави Владимир Прчков, сообраќаен инспектор во Општинскиот инспекторат.

А токму непоседувањето лиценца е најголемиот проблем при контролите на општинскиот инспекторат.

-Немање фискален таксиметар, необележаност на возилото, вели Прчков.



Инаку казните за ваквите недоследности се движат од 10.000 до 100.000 денари за правното лице, а од 4000 до 40.000 денари физичко лице.


http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=16930&Itemid=106
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 15-Dec-2009 at 21:07
ТАКСИСТИТЕ СТОЈАТ КАЈ ЌЕ ИМ ТЕКНЕ

Дивите стојалишта никој не ги чепка

Во борба за патници, таксисите не избираат каде ќе застанат- стојат на улици, по тротоари, пред крстосници, на автобуски постојки,па не ретко се случува возила на Итна медицинска помош да не можат да влезат на потребниот паркинг или пред болница

Таксистите се паркираат кој кај ќе стигне, па не ретко се случува возила на Итна медицинска помош да не можат да влезат на потребниот паркинг или пред болница. Во борба за патници, таксисите не избираат каде ќе застанат- стојат на улиците, по тротоарите, пред крстосници, на автобуски постојки... Возилата ги блокираат улиците и приодите кон зградите, поради што станарите не можат да ги паркираат сопствените автомобили.Иако во градот точно се знае бројот на легални такси-станици и бројот на возила кои смеат да стојат таму.Диви станици никнуваат насекаде.И во центарот на Скопје и во населбите.
"Живеам во Тафталиџе, веднаш до пазарот и секој ден мака мачам да се паркирам на паркингот пред зградата. Не можам да си влезам на паркингот, бидејќи, иако тука нема такси-станица, постојано има испаркирано по неколку возила.Само неколку метри подолу има обележана станица за таксистите, но тие не го почитуваат тоа", вели револтирано жител на оваа населба.
Од Градот се правдаат дека немаат ингеренции да ги казнуваат и да ги растеруваат, бидејќи тоа е во надлежност на Министерството за внатрешни работи.
"Со Одлуката за такси-превоз, Град Скопје има определено 103 стојалишта за такси- превозниците. До сега обележени се повеќе од 40 отсто од стојалиштата со соодветна сигнализација и со број на возила кои можат да се паркираат на стојалиштето. Сообраќајната полиција треба да ја спроведува Одлуката и да го одржува редот на постојките, за да не доаѓа до прекубројно паркирање и нарушување на сообраќајниот режим околу нив", велат од Град Скопје.
Тие не објаснуваат зошто досега не се поставени сите табли за означувањена на такси станица.
Од МВР пак велат дека тие постојано ги казнуваат таксистите кои ги прекршуваат сообраќајните правила, но откако тие ќе си заминеле иста локација или улица повторно се узурпирала од нив.
Најдраматичен е примерот со паркирањето на такситите пред Државна болница, каде што возилата на Брза помош или возила со болни пациенти чекаат и по 10-тина минути за влез поради метежот што се создава пред болниците. Во моменти кога секоја секунда е важна, ваквото чекање може да чини живот.
Неколкупати досега раководството на Клиничкиот центар реагирало до полицијата, но резултатите биле краткотрајни, по неколку дена, додека стоеле полицајци. Откако ќе заминеле метежот продолжувал.
"Зар треба да ставаме редари и пред болница. Мислевме дека ако еднаш ги казнат и ако им се укаже дека тука на некои луѓе животот им виси на конец,тоа нема повторно да го направат.Но, попусто се продолжува по старо", коментираат од Државна болница. (А.А.)

http://vest.com.mk/?ItemID=87022C2F90C70F4EAD24D0FF688D4F0F
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 01-Dec-2009 at 23:05
Повторно текст на оваа тема. Не знам што фајде доколку властите би го знаеле бројот.

Убеден сум дека проблемот со дивите таксисти може да се реши многу брзо, само доколку се има политичка воља. Не велам дека е лош овој новиов закон кој се спомнува, но проблемот требало да се решава и без него.

СЕ УШТЕ НЕМА РЕД ВО ТАКСИ-ПРЕВОЗОТ ВО ГРАДОТ
Бројот на дивите таксисти загатка за градските власти

Елена Мачевска

Ниедна од надлежните институции не знае колку диви таксисти возат низ Скопје. Според нив, лиценца поседуваат околу 3.000 превозници, но дали бројот на тие што возат нелегално е поголем од таа бројка, никој нема евиденција. Од Министерството за транспорт и врски и од Град Скопје очекуваат дека со новиот Закон за превоз на патници, кој стапи во сила во септември годинава, значително ќе се намалат таксистите што превезуваат патници без соодветна дозвола. Скопјани се скептични дека ќе се реши долгогодишниот проблем со пренатрупаноста во градот со такси-возила. - Обично се качувам во тоа такси што прво ќе го забележам без притоа да гледам дали е од некоја компанија или, пак, можеби станува збор за див таксист. Сепак, неколку пати имам забележано дека во зависност од тоа со кого се возам, цената што ја плаќам за една иста дестинација се разликува - вели Лидија од Аеродром. Лиценцираните такси-компании, пак, се жалат дека низ улиците на Скопје имаат многу конкуренција од тие што не се овластени да превезуваат патници. Според нив, секојдневно се случува дивите таксисти да им ги крадат патниците и покрај тоа што нив не им е дозволено да работат. Сашо Рајчановски, претседател на Групацијата на автотакси-превоз при Стопанската комора на Македонија, вели дека за да се реши проблемот со нелиценцирани превозници, тие вршат интензивни преговори со Град Скопје и со Министерството за транспорт и врски. - Се надеваме дека новиот Закон за патен сообраќај во голема мера ќе го реши проблемот со дивите таксисти. Според новиот Закон, место една година, како што беше случај досега, лиценцата ќе важи четири години, што можеби ќе влијае повеќето таксисти да ја извадат и“8211;вели Рајчановски. Тој тврди дека во моментов голем број превозници ја имаат подготвено потребната документација, која е предадена во Градот, па се очекува наскоро да ги добијат и лиценците за работа. - Ние како здружение постојано бараме од градските власти да не им издава дозвола за работа на таксистите што не поседуваат радиостаници. Така доколку некој направи каков било пропуст во работата, односно патникот да се жали од односот на возачот или, пак, од наплатената цена, превозникот многу лесно може да се најде - смета Рајчановски. Од Град Скопје велат дека до нив досега се поднесени 300 барања за нови лиценци, кои се веќе процесуирани и се во завршна фаза за издавање. - Бројот на таксисти без лиценца не може да се утврди точно. Инспекторите за патен сообракај од Градскиот инспекторат во текот на изминатите единаесет месеци имаат поднесено околу 800 прекршочни пријави за таксисти кои илегално ја вршат дејноста - објаснуваат од Град Скопје. Дури и во СВР Скопје не располагаат со конкретна бројка. Оттаму велат дека од почетокот на годината досега полицијата изрекла вкупно 353 прекршочни пријави за нелиценцирани таксисти.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1881&ArticleID=127973
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 09-Oct-2009 at 13:07

Такси-групацијата чека одлука за автотакси-превоз





 

Групацијата за автотакси-превоз при Стопанската комора на Македонија очекува до крајот на неделава да се подготви предлог-одлука за оваа дејност и таа да се стави на дневниот ред на наредната седница на градскиот совет.

 
 
%20  
Сашо Рајчановски, претседателот на оваа групација, вели дека веќе имале средби со градоначалникот Коце Трајановски, како и со раководителот на градскиот сектор за сообраќај и со претседателот на советничката комисија за оваа област, со кои ги посочиле проблемите и разговарале за да се надмине оваа состојба. Таксистите им доставиле на градските власти барања за конкретни измени и дополнувања на постојната одлука за автотакси-превоз.

Се бара рамноправно и наизменично да се користат сите такси-станици во Скопје по принципот на кружен тек, преку формирани групи што ќе мораат да имаат радиофреквенција. При издавањето лиценци треба да им се даде предност на тие што веќе имале, но им истекла важноста во меѓувреме, за да влезат во ограничениот број од 3.000 такси-возила. Бојата на автомобилите, пак, треба да биде или по слободен избор или единствена, освен за такси-групите што веќе ја имаат заштитено својата комбинација на бои.

- Веруваме и очекуваме дека градот ќе ја напушти старата политика на штитење интереси на поединци и ќе дозволи сите такси-форми, компании или здруженија, да градат подобра иднина, како и дека ќе овозможи таксистите како кооперанти или здружени во такси-формите заеднички да вложуваат во помодерен, поквалитетен и посигурен автотакси-превоз - вели Рајчановски.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1099103329&id=14&prilog=0&setIzdanie=21808
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 15-Sep-2009 at 17:47

Тротоарот пред „Тифани“ е станица за диви таксисти





 

Граѓаните што живеат во околните згради и куќи постојано се жалат дека немаат мир од паркираните возила, од кои се слуша гласна музика, како и дека поднеле пријави до сообраќајната полиција, но сé било без успех

 
 
%20  
Дивите таксисти барајќи место каде да се скријат од сообраќајната полиција, изминатата половина година имаат ново стојалиште во близината на познатата зграда „Тифани“ во центарот на градот, од каде што почнува булеварот Партизански одреди. Најмногу паркирани возила има во попладневните часови, кога таму има голема фреквенција на луѓе. Граѓаните што живеат во околните згради и куќи постојано се жалат дека немаат мир од паркираните возила, од кои ечи гласна музика, како и дека поднеле пријави до сообраќајната полиција, но сé било без успех. Најчесто возат за Шуто Оризари и за Топаана, но и по договор застануваат по пат.

- На тротоарот пред мојата куќа постојано се паркираат автомобили што превезуваат патници, но без табла дека се такси-превозници. Веднаш до нивното стојалиште има и автобуска станица, каде што застануваат броевите 19, 2, 12, 35, но граѓаните секогаш се решаваат да си одат со автомобил, наместо да чекаат автобус. Превезуваат и до шест патници, а наплаќаат вкупно 250 денари од центар до Шуто Оризари. Во текот на денот тука се прави голем метеж, бидејќи таксистите чекаат да се соберат до пет патници за да тргнат. Покрај тоа што прават бучава, тие додека чекаат фрлаат отпадоци од храна и шишиња. Се жалевме до сообраќајната полиција и до инспекциските служби, но откако ќе добијат опомена, ги нема неколку дена и потоа пак по старо - објаснува една жителка во околните згради.

Таа додава дека нема против луѓето да си го заработуваат лебот, ама треба да се има ред во градот и не може кој каде и како сака да се паркира.

Од сообраќајната полиција велат дека не можат да дадат извештај за тоа дали ги казниле дивите таксисти кај зградата „Тифани“, бидејќи евиденција се води на ниво на целиот град.

- Од почетокот на годината досега сообраќајната полиција изрекла околу 345 прекршочни пријави каде што бил увиден превоз на патници без лиценца. Пријавите понатаму ги доставуваме до секторот за сообраќај во градот, а тие до судот, кој и ја одредува казната. Глобата е различна, па затоа не можеме да кажеме една сума која ќе важи за сите - објаснуваат од СВР-Скопје.

Оттаму додаваат дека на терен излегуваат и по пријава на граѓани, но дека откако ќе изречат прекршочна пријава, тоа не значи дека дивите таксисти нема повторно да вршат превоз на патници.

Градските инспектори немаат право да ги казнуваат дивите таксисти, нивна надлежност е само да постапуваат по прекршочната пријава од сообраќајната полиција.

Оние такси-превозници што се лиценцирани велат дека дивите превозници им прават проблеми, им преземаат патници, како и дека никој не е одговорен за тоа.

- Тие не плаќаат ниту лиценца, возат со стари коли и имаат помалку трошоци од нас. Нормално е дека кај нив цената за превоз ќе биде пониска. Имам забележано дека во последно време има сé повеќе диви превозници на тротоарот пред познатата зграда „Тифани“. Местото е во центарот на градот и не е можно некој од надлежните да не го видел тоа и во старт да ја смени нивната навика за тоа стојалиште - смета Игор Поповски, возач во компанијата „Вардар“.
 
   
Автор: Р.З.


http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=91591032117&id=14&prilog=0&setIzdanie=21788
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 03-Sep-2009 at 10:39
ХАОС СО ТАКСИ-ПРЕВОЗОТ ВО ГРАДОТ
Никој не знае колку диви таксисти има по улиците

Никоја од надлежните институции не знае колку диви таксисти има на територија на град Скопје. Според нив, лиценца имаат околу 2.800 превозници, но дали бројот на дивите таксисти што возат е поголем од оваа бројка, никој нема евиденција. Сепак и од Министерството за транспорт и врски и од Град Скопје велат дека со донесувањето на новиот Закон за превоз на патници, кој во моментот е во собраниска процедура, значително ќе се намали бројот на оние таксисти кои превезуваат патници, а немаат дозвола да го работат тоа. Граѓаните, пак, кои секојдневно користат такси-превоз, се скептични околу решавањето на долгогодишниот проблем со пренатрупаноста во градот со такси-возила. - Обично се качувам во тоа такси што прво ќе го забележам без притоа да гледам дали е од некоја компанија или, пак, можеби станува збор за див таксист. Сепак, неколку пати имам забележано дека во зависност од тоа со кого се возам, цената што ја плаќам за една иста дестинација се разликува и“вели Каролина од Аеродром. Лиценцираните такси-компании, пак, се жалат дека низ улиците на Скопје имаат многу конкуренција од страна на тие што не се овластени да превезуваат патници. Според нив, секојдневно се случува дивите таксисти да им ги крадат патниците, и покрај тоа што нив не им е дозволено да работат. Сашо Рајчановски, претседател на групацијата на автотакси-превоз при стопанската комора на Македонија, вели дека за да се реши долгогодишниот проблем со нивните нелиценцирани конкуренти, тие вршат интензивни преговори со Град Скопје и со Министерството за транспорт и врски. - Во моментот во собраниска процедура е новиот Закон за патен сообраќај, кој се надеваме дека во голема мера ќе го реши проблемот со дивите таксисти. Според новиот закон, место една година, како што беше случај до сега, лиценцата ќе важи четири години, што можеби ќе влијае повеќето таксисти да си извадат лиценца и - вели Рајчановски. Тој вели дека во моментот голем број превозници ја имаат изработено потребната документација, која е предадена во Градот за нејзино разгледување, по што најверојатно голем дел од доставената документација ќе финализира со издавање на лиценци за работа на подносителите. Дури и во СВР Скопје, немаат конкретна бројка, колку вкупно диви таксисти, возат низ улиците на главниот град. - Од почетокот на оваа година до сега сообраќајната полиција има одредено прекршочни пријави за вкупно 345 таксисти. Сепак во врска со тоа колкав е конкретниот број на таксисти кои возат патници без дозвола, немаме конкретна бројка и“вели Лиза Бендевска, портпаролот на СВР Скопје.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1803&ArticleID=121032
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 20-Jul-2009 at 22:18
По стоти пат, Добро бе до кога такси превозот ќе има треман на алтернативна дејност како замена за социјално осигурување?! Озбилно ова треба да ни го сервеираат како "бенчмарк" од ЕУ, односно средување на такси превозот, па и сите други начини на организиран јавен превоз, збирање од пред дрводекор, стара автобуска и пред бристол наместо од нова автобуска станица и слични глупирања. Назад на такси превозов. Да не збориме за диви стојалишта, све и сешто вози такси, секое ѓубре коа вози такси, катастрофа. Неможе да ги натераме таксистиве да унифицираат боја, а камо ли па да не збориме за останати стандарди, професионални коли или па жолти таблици за коли кои ќе бидат регистрирани специјално за вршење такси дејност!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 20-Jul-2009 at 22:12
Велешките таксисти ќе станат жолти


До крајот на годинава велешките таксисти ќе треба да ги бојосаат возилата во жолта боја. Тие овој дополнителен рок од шест месеци го добија од градоначалникот Горан Петров, кој дозволи да им се продолжи рокот кој истекуваше на први јули годинава. Според Петров до вакво решение е дојдено поради лошата економска состојба во која што се наоѓаат градските таксисти, поради што не се во можност да ги покријат и овие давачки.

Јадранка Стефкова, портпарол во Општина Велес, вели дека сепак одложувањето не значи откажување на идејата за воведување единствена боја во такси превозот.
-Градоначалникот им го продолжи за да им излезе во пресрет на барањата на граѓаните, но Општината се откажува од примена на законот, вели Стефкова. Според неа таксистите ќе имаат поддршка од општинскиот совет и оптштина.

Ваквата одлука на градоначалникот ги подели мислењата на велешките таксистите. Едни ја поздравуваат, други пак и понатаму се жалат дека тоа сепак им е дополнителен трошок.
-За да префарбаш едно возило минимум се потребни од 500-600, се жалат таксистите. Тие укажаа и на други проблеми како што е нелојалната конуренција од страна на нелиценцираните таксисти, како проблемот со недоволните паркинг простори. Тие реагираат и на слабата контрола на полицијата и сообраќајниот инспектор.

Одлуката на градоначалникот се чека да биде потврдена и од страна на советниците.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=D74BFD25E7958B408E2C2FDC34BA5BFB
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 28-May-2009 at 17:26
Господ да чува, ајде сега тетовирани и жигосани да бидат шоферите за да се знае во кое такси се возиш.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 28-May-2009 at 14:19

Пак одложенa одлуката за една боја на такси-возилата

Скопските таксисти се' уште нема да мора да ја унифицираат бојата на возилата и покрај одлуката на Градот Скопје донесена уште минатата година. Рокот за оваа обврска на превозниците, доколку наиде на поддршка од советниците на градскиот Совет, ќе се одложи вторпат, сега до октомври. Образложението, според градските власти, е лошата економска состојба во која се наоѓа оваа дејност, поради што таксистите немаат доволно средства за инвестиции во своите возила.

Во Градот велат дека одлуката, покрај финансиската компонента, пролонгирана е и со цел новиот Совет на Скопје подобро да се запознае со состојбите во такси-превозот. Веројатно е советниците да направат измени и во самиот документ и да ја избришат оваа обврска.

Според одлуката за автотакси-превоз на патници, бојата на такси-возилата е бела, освен бојата на предниот капак на моторот и задниот капак на багажниот простор, која е жолта. Унифицирањето на бојата на такси-возилата во жолто-бели требаше да почне во јануари годинава, но и тогаш беше одложена за 6 месеци, односно до јуни. Сега, по барање на таксистите, градските власти повторно бараат одложување, овој пат за четири месеци.

Превозниците и пред донесувањето на одлуката имаа забелешки на делот со унифицирањето на бојата, но не од финансиски причини. Тие сметаат дека препознатливоста на бојата на одредени компании е дел од нивниот бренд, заради што и сакаат да ја задржат. Од друга страна, пак, градските власти сметаат дека единствената боја на такси-возилата што имаат лиценца за работа е еден од начините да се спречи нелојалната конкуренција и да се намали бројот на дивите таксисти. (С.Н.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=983FEE509E660F469A323124D7D42D46
Back to Top
kire85 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 26-Feb-2009 at 14:34
Originally posted by гитардемон


Тоа е ист идиотизам од типот на нисан микра такси во Битола. Има компанија, не знам која точно, имаат микри купено. Нешто како со тико на почетокот на такси еуфоријата во Битола. Значи такси=голема кола, со доволно простор за багаж, сепак Скопје има аеродром, и тоа такси може ќе треба да носи некој до аеродром. Ако ништо друго до автобуска треба куфер да носи. Јас ова лето имав искуство со микра и со куфери, и повеќе од 1 и пол куфер нема шанса да собери. За голфот давам максимум 2. А сите стандарди кои (некогаш) ќе се пропишат за таксијата, голфот ги исполнува, само што не е кола за такси.


Epa toa mi bese i mene muabetot, taksi treba da bide sedan za da lici na nesto.....heachback ednostavno ne e za taksi.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 25-Feb-2009 at 18:11

Тоа е ист идиотизам од типот на нисан микра такси во Битола. Има компанија, не знам која точно, имаат микри купено. Нешто како со тико на почетокот на такси еуфоријата во Битола. Значи такси=голема кола, со доволно простор за багаж, сепак Скопје има аеродром, и тоа такси може ќе треба да носи некој до аеродром. Ако ништо друго до автобуска треба куфер да носи. Јас ова лето имав искуство со микра и со куфери, и повеќе од 1 и пол куфер нема шанса да собери. За голфот давам максимум 2. А сите стандарди кои (некогаш) ќе се пропишат за таксијата, голфот ги исполнува, само што не е кола за такси.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
kire85 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 25-Feb-2009 at 16:57
Originally posted by beTon

Originally posted by beTon

туку пред некој ден начув нешто но нема од каде да го потврдам Наше Такси ајде било на Трифун тоа е некако веќе зафурано иако ова сега со НашаТВ малку ми ги ремети ови шпекулации, но сега и ова новава постандардизирана компанија Лотус демек била на скопскиот соперник на сегашниов градоначалник стопнанот на улкер лиценцата во нас А1џијата Велија,

мало дополнување;

„Повеќето така кажуваат, дека е на Трифун. Или е Трифун или е „Промес“ или се партнери. Или се заедно партнери или сега стои некој како фигура пред него“, рекоа таксистите...

А1 - Емилија Јовановска - 04.03.2008

 

а за она со Лотус дека можеби е на Велија, на крај излезе дека станува збор за сопствениците на  Бохемија-Зенон импортерите на шкода, додека пак Велија допрва спремал нова такси компанија. повторно ќе побарам потврда и за овие информации од останатите чисто за да се разбистрат сите шпекулации. инаку ова сега и со наше такси и со лотус ми делува исто како и со ривите, мислам дека шкодите неможат долго да преживејат по скопскиве улици, а уште помалку ако не се во сопственост на самите таксисти. 



Jas isto slusnav koga bev vo skopje deka velija spremal nova taksi kompanija so golf 5ki...
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 24-Feb-2009 at 21:12

Originally posted by beTon

туку пред некој ден начув нешто но нема од каде да го потврдам Наше Такси ајде било на Трифун тоа е некако веќе зафурано иако ова сега со НашаТВ малку ми ги ремети ови шпекулации, но сега и ова новава постандардизирана компанија Лотус демек била на скопскиот соперник на сегашниов градоначалник стопнанот на улкер лиценцата во нас А1џијата Велија,

мало дополнување;

„Повеќето така кажуваат, дека е на Трифун. Или е Трифун или е „Промес“ или се партнери. Или се заедно партнери или сега стои некој како фигура пред него“, рекоа таксистите...

А1 - Емилија Јовановска - 04.03.2008

 

а за она со Лотус дека можеби е на Велија, на крај излезе дека станува збор за сопствениците на  Бохемија-Зенон импортерите на шкода, додека пак Велија допрва спремал нова такси компанија. повторно ќе побарам потврда и за овие информации од останатите чисто за да се разбистрат сите шпекулации. инаку ова сега и со наше такси и со лотус ми делува исто како и со ривите, мислам дека шкодите неможат долго да преживејат по скопскиве улици, а уште помалку ако не се во сопственост на самите таксисти. 

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 18-Feb-2009 at 00:33
Донекаде се осеќа третирање на јавниот превоз како социјална установа, но што да се прави во оваа безработица! Сепак такси превозот и не ни е толку субстандарден иако има и такви!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 18-Feb-2009 at 00:31
Специјален Закон по изборите


Групацијата од 26 радио-такси компании од Скопје ја смирува топката. Нема простор за паника или протест, специјален Закон за траен договор ќе ги реши проблемите на мнозинството професионални возачи низ главниот град, но после изборите рече Сашо Рајчановски, претседателот на најголемата групацијата на авто-такси превоз од Скопје на вчерашната прес конференција.
- Градот Скопје преку секторот за сообраќај продолжува намерно да прави паника кај таксистите со барањето на потврда за подмирен данок од вршење дејност како услов за продолжување на лиценцата, потврда, која според нас, точно е неоснована и законски неиздржана, вели Рајчановски. Според него, новите пресметки за бруто-платите кои изминативе денови ги уплашија и збунија таксистите, се несогласувањата и барањата кои ќе им се стави дефинитивно крај по изборите.
- Деновиве остваривме средба со министерот за финансии Трајко Славевски и министерот за труд и социјала Џељаљ Бајрами, кои ни излегоа во пресрет на нашите барања околу заостанатите давачки, целата плата, и ни ветија итен Закон за трајно решение на нашата проблематика. Во него ќе бидат ставени и таксистите Трговци поединци, најзагрозени од сите нас кои, веруваме дека ќе бидат праведно опфатени со Законот тврдат од групацијата на такси превозници.

Станува збор за предлог-закон на Владата, со кој ќе бидат прифатени дел од барањата на таксисите, меѓу кои и пролонгирање на правилникот за унифицирање, набавка на нови возила со АБС, клима итн. до 1.1. 2011 година, датум до кога ќе се преговара и за укинување на Административна такса од 3000 денари како и и враќање на старата тарифа за месечни придонеси и персонален данок. Инаку, спротивниот табор од одборот на групацијата на таксисти при регионалната комора се уште стојат на штрајкот во понеделник закажан на последниот нивен одбор.

http://vecer.com.mk/?ItemID=5C65CCDED2FE6743AD158F591DD7D487

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 13-Feb-2009 at 18:06

абе и вие како сте тргнале со стандардиве, па ние основна работа како унификација на боја не можеме да истераме а не па нешто посложено! пример знам дека германија секој таксист има право со себе да вози пиштол, незнам само дали е ова задолжително или по избор, но тргнете прво од безбедноста на таксистите, најпрво не смее да се вози патник напред, сетне да е преграден просторот помеѓу клупите, па дури после виша школа или тестирања.

туку пред некој ден начув нешто но нема од каде да го потврдам Наше Такси ајде било на Трифун тоа е некако веќе зафурано иако ова сега со НашаТВ малку ми ги ремети ови шпекулации, но сега и ова новава постандардизирана компанија Лотус демек била на скопскиот соперник на сегашниов градоначалник стопнанот на улкер лиценцата во нас А1џијата Велија, изгледа според импровизациите околу маркетингот и инвестициите ова можеби и навистина е точно, но бидејќи не сум сигурен затоа и прашувам знае ли некој кој стои односно кој е сопственикот на Лотус Такси www.lotustransport.com инаку веќе имаат и диспечер па еве го и бројот на новата такси компанија 15 15 7

патем за наше такси (исто шпекулација) разбрав дека на ангро ги раздрмале шкодите досега, а ТВто сеуште им е заглавено околу лиценцирањето па сега наместода тераат и на gps сеуште му се замараат на стариот почнат а незавршен муабет...

Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 16-Jan-2009 at 20:05
Таксистите куртулија од „фарбање“!

Велешките таксисти добија дополнителни 6 месеци за да ги префарбаат возилата во жолта боја. Крајниот рок е 30 јуни годинава.

 Ваква одлука, по иницијатива на здружението на авто таксипревозниците, донесе Советот на општина Велес.

Здружението имало сознанија дека државата подготвува нов закон за превоз во патниот сообраќај, со кој се регулира и такси превозот.

Инаку во Велес се регистрирани над 250 такси возила. Сите имаат лиценци издадени од општината. Според законот за патен сообраќај секое такси возило мора да има лиценца и фискален таксиметар. За непочитување на овие одредби следуваат казни и најниската е 500 евра.

Но и покрај високите казни, во градов се уште има таксисти кои возат на диво. Неофицијално по велешките улици стотина такси возила превезуваат патници кои немаат дозвола за тоа. Од друга страна, тие наплатуваат различни цени за одредени дестинации.

Такси превозниците пак се жалат дека давачките се многу поголеми од она што го заработуваат. Велат дека голем проблем им претставува и недостигот на паркинг простор, кој честопати им го узурпирале останатите учесници во сообраќајот.

Од одлуката на Советот незадоволни се авто лакерите. Тие ќе чекаат уште шест месеци  за да им процвета бизнисот со фарбање на возилата на велешките таксисти.

Преземено од: http://www.lisica.mk/?statija=2566

Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 07-Jan-2009 at 18:09
Originally posted by гитардемон

Нека бидат колите крш и во разни бои и возачите да не знаат каде те носат, ама барем нека се фини со луѓето а не како јас сега

Културата на возачот е важна, но не знам како може тоа да ти е прво на листата. Кога ќе се качиш во такси, тоа го правиш за да отидеш до некоја дестинација, а за тоа пред се возачот треба да знае каде да вози и автомобилот да не е некој небезбеден крш.
А за културата, во оваа фаза би се задоволил и со општа култура, а не некој изнасилен бон-тон и церемонии како влажни марамици и слично.

Плус тоа се имам доста возено со такси и немам наидено на таков екстремен пример на некултура и нељубезност како што спомна. Не викам дека не ти се случило, но такви поединечни случаи сепак не се општа слика. Од раширените појави највеќе ми пречи што многу таксисти пушат додека превезуваат патници (додуша некои пред да запалат прашуваат дали ти пречи, ама сепак тоа не е тоа)


Edited by Cloverstack - 07-Jan-2009 at 18:10
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 07-Jan-2009 at 17:36
Прво и основно треба возачот да биде цивилизиран и културен, и да не пуши бидејќи некому тоа и му смета. Нека бидат колите крш и во разни бои и возачите да не знаат каде те носат, ама барем нека се фини со луѓето а не како јас сега (прв пат по 3 години) бев Скопје за НГ, и еден шофер си мислеше дека е на рели седиштето навалено како да спие на седиште вози со една рака и кога му кажав каде да ме носи ми рече: „ако си мислиш ти ја да улагам у таа улица си се излажал“... и ајде на крајот требаше да му речам „ако си мислиш дека ќе ти платам епа јанглаш си батец“? Ама тоа со шоферите истото важи и за автобусите, сè додека никој не ги контролира, тоа е тоа. Ако не тест, барем секоја компанија нека има телефон за поплаки (истакнат на видно место во колата) па да видат колку повици ќе добиваат секој ден, тогаш можеби шоферите ќе возат поцивилизирано и ќе се однесуваат како што доликува.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 16>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.328 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.