![]() |
![]() |
![]() |
Автопат Кичево - Охрид |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1011121314 45> |
Author | |
The Wild Boy ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() |
Исто.
Џабе и да градиме автопатишта со 8 па и 10 ленти, кога имаме несовесни граѓани кои што фрлаат каде ќе најдат, од тоа повеќе природата се уништува реално. Да видите, пријателка на моите кажуваше маж и 90 и некоја бил во Австрија со пријатели негово, и фрлиле некој голем лист (плакат) на автопатот. Мислеле дека нема да ги пронајдат дека фрлиле ѓубре, арно ама за недела дена им тропнала полиција на врата, и одма казна да плаќаат. Оти тој плакатот они го искинале, мислеле дека нема да ги пронајдат, ама ете полицијата го доставила од ново плакатот и ги пронашле. После казна кркање. Во Унгарија постои поскапо решение, и побезбедно. 80 - 90% од автопатиштата таму се со ограда. Не ѓубре, туку ни животно не смее да помине, а и за животните мислам има мостови. Кај нас ова ќе се реши со поставување паркинг места, баш како оние во Европа, со тоалети, со корпи за ѓубре, и со редовно чистење и оддржување. Грција има, ама не им се сите чисти, почни се со графити и смрдат. Унгарија и така и така. Хрватска нема лоши паркинг места исто така. Германија според мене има нај оддржување на паркинг местата, тоалетите, и редовно го чистат отпадот. Како што може да местат 4 - 5 патарини на смешни ~150 km автопат, и да си лапаат пари за нив, можат и соодветни паркинг места, јавни тоалети, и корпи да наместат. После тоа може да збориме за колку тоа се штетни автопатиштата за природата. |
|
![]() |
|
mile_ohrid ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2015 Location: Ohrid Online Status: Offline Posts: 3 |
![]() ![]() |
Комплетно се сложувам со изјавата.
|
|
![]() |
|
Marxentric ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Apr-2020 Location: Paionia Online Status: Offline Posts: 334 |
![]() ![]() |
Не знам како ја штитиме природата и националните паркови со овие тесни и узурпирани патишта што ги имаме низ Маврово и околу Охридско Езеро? Реално, гнасен народ сме што фрла ѓубриште кај стигне, па според таа логика, ако експресниот пат е со ограничен пристап и поголема брзина, нема да има толкави застои, загадувањето, а и депониите ќе се помалку. Нашите природни убавини нема да ги уништи асфалтот, туку несовесните (и несанкционирани) граѓани.
|
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
Погрешно си ме сфатил, не ми е гајле за тој стар проект бидејќи знам дека нема да се реализира во таква форма. И не извлекувај заклучоци од ракав, исто и јас можам да кажам - не ти е гајле за равојот на туризмот во Охрид бидејќи не сакаш експресен пат - но знам дека не е тоа случај. |
|
![]() |
|
AmyntA ![]() Groupie ![]() Joined: 07-Nov-2011 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 91 |
![]() ![]() |
![]() ![]() Навистина ми се гади од лицемери и лажни душегрижници. |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Глуп поглед, значи у Маврово не треба да има ниеден пат, ај да ги струшиме сите. Националните паркови не се резервати опустошени и да не смее да припари човек. Напротив, паметно се стопанисуваат, а експресниот пат е токму во заштита на националниот парк. Кај нас политички мотивирани групи повремено кампањски се појавуваат со единствена намера на противничката партија да им ги срушат проектите, затоа падна Бошков Мост, затоа шпадна Луково Поле, затоа еве паѓа експресниот пат во подножјето на Галичица, затоа за малку ќе паднеше и булеварот низ Ќерамидница. Абре во свет 5Г ќе пропадне како технологија на иднината заради задкулисни геополитички игри на големите сетски сили и производители на опрема. Ама редовно ќе има вакви кусогледи кленови што ќе гризаат на сите фрлени јадици од било која страна. Патот во подножјето на Галичица драстично ќе намали загадувања, ќе стави граница некаква до каде е градењето која сега ја нема, ќе се стигнува побрзо, што повеќе? И после јас сум вреѓал, не бе сами се вреѓате со демонстирање на јавна сцена такво ниско ниво на сваќање на работите.
|
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Тоа е главната поента, луѓе на кои всушност и не им е гајле, но чувствуваат потреба сепак да кажат нешто.
|
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
Ти го спомна експресниот пат по проектот на претходната влада со цел да поентираш некако за автопатов, јас кажав мислење за експресен пат над постоечкиот како концепт. Не знам каде поминува и не ме интересира, бидејќи тој проект веројатно не ги вклучува еколошките стандарди за да го поддржам. Сепак, го немам видено, оставам можност и да е ок.
Низ годиниве добро го имам запознаено тој предел и вака лаички не гледам зашто би требало да биде многу над постоечкиот пат и да не е можно да биде безбедно направен за околината. Постоечката ситуација е неодржлива дури и за сегашниот број на туристи што е минорен во споредба со тој кон кој треба да се стремиме. |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Од кои причини е и тоа како потребен? Со оглед на тоа што зборуваш за коридор врзан со сите плажи ми делува дека воопшто не си го ни погледнал проектот за експресниот пат и да видиш на која висина е, но сепак даваш мислење. Посочи примери на развиени држави каде поминува експресен пат или автопат низ национален парк.
Обично тие што предлагаат инфраструктурни проекти од такви размери во заштитена природа се оние кои никогаш не ја ни посетиле истата туку само ја виделе на карта или ја гледале од далеку. |
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
Експресен пат е и тоа како потребен, нормално, што ќе ги задоволува сите стандарди со премини за животни, звучна изолација итн. Во развиена држава одамна ќе беше изграден, а постоечкиот ќе беше пренаменет за пешаци и велосипеди + некаков еко јавен превоз.
Не е проблемот ниту само во Пештани, ни кај полицијата. Треба добар сообраќаен коридор врзан со сите плажи и населени места барем до Градиште и обезбедени паркинг зони. |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Не знам какви комплекси имаш и од каде ти потекнува постојаната потреба за навреди на форумов во многу твои постови и како дојде до заклучок дека е душегрижништво тоа некој да го сака националниот парк или општо природата. Ако толку е дојден проблемот до гужвата во Пештани можеби како за почеток треба полицијата да си ја врши работата и да не се дозволи паркинг буквално на сред пат, што всушност претставува 95% од проблемот со сообраќајот таму. Според новиот план за крајбрежјето нема да се дозволи градба во појасот од 50 метри (што чисто се сомневам дека ќе се почитува). Тогаш нека се сруши целиот прв ред на куќи (кои никогаш не требало да се изградат), а исто така и оние кои влегоа директно во езеро со единствена цел да заработат, па не само што ќе има доволно простор за сообраќај туку ќе може и воз да поминува низ Пештани. |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Ај доста со душегрижништво за националниот парк, кога гужвите што се ствараат во Пештани ствараат поголемо загадување и штета на околината него било кој прокет со докажано и измерено влијание врз животна средина. Ајде решение дајте за гужвата у Пештани.
Edited by user8642 - 08-Jul-2020 at 12:30 |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Споредбава со Виена и Братислава (или која и да е друга високоразвиена држава) не е соодветна. Таму има уште 20 други споредни патишта што ги поврзуваат околните населени места, па затоа ја нема потребата од клучки (ти верувам дека се помалку бидејќи не сакам да пребарувам). Проблемот со селата во Дебрца е дека нема ниту еден друг пат освен излезите што ги имаат сите села директно на магистралниот, кој патем секоја зима за многу села е блокиран од снег и паднати дрва. Прашањето е дали ќе е поевтино да се изградат сите тие споредни патишта или клучките за чија одлука веројатно е потребна цела студија, а во мнозинството одлуки за нашава инфраструктура главен проблем е ниското ниво на едукација и стручност.
За коментарот погоре од Aleksandar Oh - истата власт што го проектира и смисли автопатот да влегува директно во градот имаше идеја и за експресен пат низ национален парк. Истата логика за уништување на непроценлива природа во името на парите и туризмот кој воопшто не е потребен на такво ниво. Според мене ниту на регионалниот пат за Струга местото не му е таму бидејќи го узурпира еден од најубавите предели кој во најдоброто сценарио треба да претставува една голема пешачка и велосипедска патека. Но, ако го нема патот ќе има ресторани, шанкови и платформи, така што горе-долу сеедно е. |
|
![]() |
|
Marxentric ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Apr-2020 Location: Paionia Online Status: Offline Posts: 334 |
![]() ![]() |
Се изнадрдореа за тие 9 клучки, но ајде да видиме зошто. Меѓу излезот на Виена и влезот на Братислава има околу 50 км (слично како и Охрид-Кичево). Тие 50 км иако поврзуваат две европски метрополи и уште неколку помали градчиња меѓу нив, имаат далеку повеќе сообраќај, сепак јас не избројав повеќе од 10 клучки. Па се поставува прашањето дали навистина е потребно да фрламе милиони за неколку села со 30 жители да имаат пристап до автопат, или во игра е огромна кражба на нашите пари? Цврсто сум убеден дека причината е проневера. На таа делница сметам дека повеќе од 4 клучки не се потребни, една на излез од Кичево, една кај аеродромот и максимум две меѓу нив. Се согласувам и со тоа да врти од Мешеишта кон Ресен, или евентуално да оди до аеродром и ако е изводливо од таму да се направат краци кон Струга и Косел.
Edited by Marxentric - 07-Jul-2020 at 23:02 |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Идејата е одлична дека треба автопатот за Охрид да заврти преку Косел и таман да го приближи и Ресен, а за Струга кракот да заврти некаде по права линија Мешеишта -Шум и да отиде од кај Драслајца некаде низ Полето. Сегашните патишта меѓу Охрид и Струга се сосема доволни за локалниот сообраќај.
|
|
![]() |
|
Aleksandar oh ![]() Newbiе ![]() Joined: 28-Jun-2020 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Овој автопат засекогаш ќе блокира 10 км од и онака малиот брег. Делот од автопатот од Оровник до Охрид е целосно непотребен и штетен. Без никаква економска оправданост т.е. ќе направи само економска штета. Селата Оровник и Подмоље кои излегуваат на езерото имаат огромен туристички потенцијал сега ќе "излегуваат" на автопат
![]() |
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
А дали некоја политичка партија спомна нешто за автопатот Гостивар-Кичево?
Јас ништо немам слушнато, ниту прочитано. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Шекеринска: Автопатот Кичево-Охрид во последна фаза, готов до крај на 2021
![]() Автопатот Кичево – Охрид со сите девет клучки, по сите можни грешки на минатата влада е во последна фаза, и до крајот на 2021 ќе биде комплетно функционален, порача вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска при денешниот увид на градежни работи на автопатот. Како што потенцираше, претходната Влада го оставила овој проект без документација, пресметки и план, како и без ниту една клучка, а сегашната ги надминала наследените проблеми, испланирала девет автопатски клучки што ќе овозможат комуникација на населението и работи на делниците. -Автопатот Кичево – Охрид е ветен, почнат, државата ни е задолжена веќе многу години, и после 4 – 5 години владеење на ВМРО ДПМНЕ видовме дека оставиле проект кој е започнат беа документација, без пресметки, без план, меѓутоа единственото нешто што го завршиле било она што го чувме во бомбите а тоа е договор за 15 до 18 милиони евра провизија. Провизијата ја зеле, ама проекти и проектна документација не оставиле. Како Влада наследивме обврска која што беше почната но беше почната и поставена на глава. Овој пример, автопатот Кичево – Охрид е доказ, колку е тешко од кал да извадиш нешто што е оставено без проект, без план, без документација и без ред, изјави Шекеринска. Откако е избрана новата Влада и ја добила одговорноста, како што рече, покажала како е да се работи плански. – Обезбедивме целосна документација, ги обезбедивме сите неопходни средства, обезбедивме повторно да се работи на делницата Кичево – Охрид. Ако ВМРО ДПМНЕ остави проект од Кичево до Охрид да е автопат без ниту една клучка, успеавме во проектот да се стават девет клучки кои ќе обезбедат комуникација на населението коешто живее помеѓу овие две општини и започнавме работа на неколку делници од кои само една можете да ја видите овде, рече Шекеринска. Според информациите на сите кои што се вклучени во проектот, укажа министерката, најголемиот дел од тунелските решенија е завршен и се завршени најголемиот дел од тешките точки што не биле проектирани како што треба. Откако ја обезбедиле и потребната механизација, работници и средства, повторно започнала изградбата на автопатот Кичево – Охрид. -Очекуваме овој автопат со целосна инфраструктура со девет клучки автопат како што личи во секоја нормална држава да биде завршен до крајот на 2021 година. Ние градиме со план, не градиме на збор, не градиме со провизии. Затоа граѓаните можат тоа да го видат со свои очи. Со свои очи не можеа да го видат она што го градеше ВМРО ДПМНЕ, но со свои очи можеа да видат како 15 до 18 милиони евра се дадени за провизија за Груевски и неговата група. Затоа, наместо да поставуваат прашања за автопатот Кичево – Охрид овие од ВМРО ДПМНЕ треба да го повикаат Груевски и да му побараат да и ги врати на државата 15-те до 18-те милиони евра коишто ги зема од овој автопат и го остави неизграден, без тунели и без клучки. На темава ВМРО ДПМНЕ треба и да молчи и да одговара, изјави Шекеринска. Шекеринска: Автопатот Кичево-Охрид во последна фаза, готов до крај на 2021 | https://opserver.mk/biznis/shekerinska-avtopatot-kichevo-ohrid-vo-posledna-faza-gotov-do-kraj-na-2021/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Od fb-NOCE DOOEL(15.06.2020)
![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
WolfLeader ![]() Senior Member ![]() Joined: 03-Aug-2015 Online Status: Offline Posts: 694 |
![]() ![]() |
Znaci seuste ima uste mnogu rabota!!!
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1011121314 45> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |